Wikisource mkwikisource https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0 MediaWiki 1.47.0-wmf.8 first-letter Медиум Специјална Разговор Корисник Разговор со корисник Wikisource Разговор за Wikisource Податотека Разговор за податотека МедијаВики Разговор за МедијаВики Предлошка Разговор за предлошка Помош Разговор за помош Категорија Разговор за категорија Автор Разговор за автор Page Page talk Index Index talk TimedText TimedText talk Модул Разговор за модул Event Event talk Одговорите на папа Никола на прашањата на Бугарите 0 10231 22401 22400 2026-06-25T22:46:57Z Buli 1762 22401 wikitext text/x-wiki На вашите прашања не треба да се одговара опширно, ниту сметавме дека е потребно да се задржуваме на поединости, бидејќи по Божја волја сме испратени во вашата земја и кај вашиот славен кнез, нашиот возљубен син, не само со книгите на Божјиот закон, туку и со наши погодни пратеници, кои, според времето и околностите, ќе ве поучуваат за поединечни работи. Ним им ги доверивме и книгите што проценивме дека сега им се неопходни. '''Глава 1.''' И навистина многу добро и пофално е тоа што на прво место во своите прашања изјавувате дека вашиот кнез сака христијански закон. Но ако се обидеме подетално да го изложиме, би требало да напишеме безброј книги; а за накратко да ви покажеме во што главно се состои христијанскиот закон, треба да знаете дека тој почива на верата и на добрите дела. Имено, верата е прва меѓу сите добродетели во заедницата на верниците. Затоа се вели дека постои светлина и во првиот ден, кога, како што се пренесува, Бог рекол: „Нека биде светлина!“, односно да се појави осветлување на верата, а токму поради неа Христос слезе на земјата. Но сепак од христијанинот се бара и добро дело. Како што е напишано во нашиот закон: „Без вера е невозможно да Му се угоди на Бога“, исто така е напишано: „Како што телото без дух е мртво, така и верата без дела е мртва“. Тоа е христијанскиот закон, тоа е законот кој целосно ќе го спаси секого, ако верно го почитува. '''Глава 2.''' Човекот е должен да го љуби оној што го прима на светиот извор (крштението) како татко; и уште многу повеќе – духовниот отец, бидејќи духовното е повозвишено од телесното. Затоа духовниот отец треба многу повеќе да се љуби од духовниот син во сите нешта. Така, Марко, евангелистот, бил ученик на Петар и негов син во светото крштевање. Кој не би го љубел таткото, не би можел ниту синот да го почитува како што треба во сите работи. Меѓу нив и нивните (духовни) синови нема телесно сродство, бидејќи тие се соединети по дух, а не по крв; зашто она што е од крв е телесно, а она што е од дух е духовно. „Оти, телото сака противни работи на духот, а духот – противни на телото; тие се еден против друг“, според апостолот. Сепак, постои друга, благодатна и света заедница меѓу нив, која не произлегува од телесно сродство, туку од духовна блискост. Затоа не се смета дека меѓу нив е можно какво и да било брачно соединение, иако по природа тие се посвоени деца; ниту пак римските закони дозволуваат брак меѓу такви лица. Така, ако некој го чита Првата книга од Институциите, таму меѓу другото стои: „Меѓу оние лица“, вели тој, „кои стојат едни кон други како родители и деца...“ – тие утврдуваат дека брак не може да се склучи, како меѓу татко и ќерка, или дедо и внука, или мајка и син, или баба и внук, и така до бесконечност. И ако такви лица имаат телесен однос меѓу себе, се вели дека сториле безбожен и инцестуозен брак. Ова важи и за посвоените: иако преку посвојување станале на местото на родители или деца, не можат меѓусебно да стапат во брак. Затоа, онаа која преку посвојување ми станала ќерка или внука, не можам да ја земам за жена; исто така: „Ако некоја преку посвојување ми стане сестра, додека посвојувањето важи, сигурно не може да постои брак меѓу мене и неа“. Ако, значи, меѓу оние што ги поврзува посвојувањето не се склучува брак, колку повеќе треба да се воздржат од телесно сожителство оние што се обединети преку небесната тајна и преродбата на Светиот Дух? Затоа многу посоодветно е да се вели дека некој е син на мојот татко или мој брат – кого божествената благодат, а не човечката волја, го избрала да биде мој син или брат. И ние сме многу помудро одделени од мешање на телата, бидејќи Светиот Дух нè соедини со својата љубов, отколку ако нè поврзала телесна нужда или променлива волја на некој распадлив човек. '''Глава 3.''' Обичајот што Грците, како што се вели, го имаат во брачните обреди, поради должината на изложувањето го изоставаме; наместо тоа ќе се потрудиме да ви го прикажеме древниот обичај што Светата Римска црква го примила и до денес го задржува во ваквите брачни соединувања. Нашите мажи и жени, кога склучуваат брачен сојуз, не носат на главите злато или сребро, ниту пак нешто составено од каков било метал; туку по свршувачката, која претставува ветување на идниот брачен сојуз и која се склучува со согласност на оние што стапуваат во брак и на оние под чија власт се наоѓаат, откако ќе биде даден залогот, младоженецот ја свршува својата невеста со прстен на верноста, ставајќи ѝ го на прстот. А кога ќе биде утврдено дека тоа им е по волја и на двете страни, и кога договорот ќе биде составен во писмена форма пред поканети сведоци, тогаш, во согласност со законската одредба, се определува времето кога треба да се изврши бракот и кога двајцата ќе бидат доведени до брачниот сојуз. И најнапред тие се воведуваат во Господовата црква со приносите што треба да Му бидат принесени на Бога, а од рацете на свештеникот примаат благослов и небесен превез, по примерот на она за што се вели дека Господ ги благословил првите луѓе во рајот, говорејќи: „Плодете се и множете се“ и така натаму. Исто така, се раскажува дека Товија, пред да стапи во брачна заедница, го благословил Господа со молитва. Но тој превез не го прима оној што стапува во втор брак. Потоа излегуваат од црквата со круни на главите, кои постојано се чуваат во црквата и обично се чуваат за свадбените свечености. И така, по прославувањето на свадбените свечености, тие се воведуваат во заедничкиот живот, кој Господ го определил да трае до крајот на животот. Ова се, значи, брачните обреди. Постојат и други, кои овде ги изоставаме бидејќи не се општопознати. Ако, пак, сите овие нешта не бидат исполнети при склучувањето на бракот, не велиме дека поради тоа се греши, како што тврдат некои од вас; особено затоа што во наше време има толку многу пречки што едвај може да се обезбеди помош за исполнување и на најнеопходните подготовки. Затоа, според законите, доволна е единствено согласноста на оние што се соединуваат. Таа согласност сама по себе е доволна за бракот; останатите работи, па и самиот телесен однос, служат само за да го потврдат веќе склучениот брак. За тоа сведочи големиот учител Јован Златоуст, кој вели: „Бракот не го создава телесниот однос, туку волјата.“ Ако, пак, се постави прашањето дали мажот, по смртта на својата жена, може да земе друга, за тоа насекаде пишува Павле, славниот проповедник и учител, кој вели: „На неженетите и на вдовиците им велам: добро е за нив ако останат како мене. Но ако не можат да се воздржат, нека стапат во брак.“ И повторно: „Жената е врзана со законот сè додека е жив нејзиниот маж; но ако нејзиниот маж умре, таа е слободна и може да се омажи за кого сака, само во Господа.“ А она што Светото писмо го кажува за мажот треба да се разбира и за жената, бидејќи она што се кажува за едниот пол не помалку се подразбира и за другиот. Зашто се вели: „Блажен е човекот кој не оди по советот на нечестивите“ и повторно: „Блажен е човекот кој се бои од Господа.“ Под зборот „човек“ овде се подразбираат и мажот и жената; затоа со право веруваме дека блажена е и жената која се бои од Господа. kuivx0gi33yz9t90nswxeg6i3ewfa8o 22402 22401 2026-06-25T22:55:33Z Buli 1762 22402 wikitext text/x-wiki На вашите прашања не треба да се одговара опширно, ниту сметавме дека е потребно да се задржуваме на поединости, бидејќи по Божја волја сме испратени во вашата земја и кај вашиот славен кнез, нашиот возљубен син, не само со книгите на Божјиот закон, туку и со наши погодни пратеници, кои, според времето и околностите, ќе ве поучуваат за поединечни работи. Ним им ги доверивме и книгите што проценивме дека сега им се неопходни. '''Глава 1.''' И навистина многу добро и пофално е тоа што на прво место во своите прашања изјавувате дека вашиот кнез сака христијански закон. Но ако се обидеме подетално да го изложиме, би требало да напишеме безброј книги; а за накратко да ви покажеме во што главно се состои христијанскиот закон, треба да знаете дека тој почива на верата и на добрите дела. Имено, верата е прва меѓу сите добродетели во заедницата на верниците. Затоа се вели дека постои светлина и во првиот ден, кога, како што се пренесува, Бог рекол: „Нека биде светлина!“, односно да се појави осветлување на верата, а токму поради неа Христос слезе на земјата. Но сепак од христијанинот се бара и добро дело. Како што е напишано во нашиот закон: „Без вера е невозможно да Му се угоди на Бога“, исто така е напишано: „Како што телото без дух е мртво, така и верата без дела е мртва“. Тоа е христијанскиот закон, тоа е законот кој целосно ќе го спаси секого, ако верно го почитува. '''Глава 2.''' Човекот е должен да го љуби оној што го прима на светиот извор (крштението) како татко; и уште многу повеќе – духовниот отец, бидејќи духовното е повозвишено од телесното. Затоа духовниот отец треба многу повеќе да се љуби од духовниот син во сите нешта. Така, Марко, евангелистот, бил ученик на Петар и негов син во светото крштевање. Кој не би го љубел таткото, не би можел ниту синот да го почитува како што треба во сите работи. Меѓу нив и нивните (духовни) синови нема телесно сродство, бидејќи тие се соединети по дух, а не по крв; зашто она што е од крв е телесно, а она што е од дух е духовно. „Оти, телото сака противни работи на духот, а духот – противни на телото; тие се еден против друг“, според апостолот. Сепак, постои друга, благодатна и света заедница меѓу нив, која не произлегува од телесно сродство, туку од духовна блискост. Затоа не се смета дека меѓу нив е можно какво и да било брачно соединение, иако по природа тие се посвоени деца; ниту пак римските закони дозволуваат брак меѓу такви лица. Така, ако некој го чита Првата книга од Институциите, таму меѓу другото стои: „Меѓу оние лица“, вели тој, „кои стојат едни кон други како родители и деца...“ – тие утврдуваат дека брак не може да се склучи, како меѓу татко и ќерка, или дедо и внука, или мајка и син, или баба и внук, и така до бесконечност. И ако такви лица имаат телесен однос меѓу себе, се вели дека сториле безбожен и инцестуозен брак. Ова важи и за посвоените: иако преку посвојување станале на местото на родители или деца, не можат меѓусебно да стапат во брак. Затоа, онаа која преку посвојување ми станала ќерка или внука, не можам да ја земам за жена; исто така: „Ако некоја преку посвојување ми стане сестра, додека посвојувањето важи, сигурно не може да постои брак меѓу мене и неа“. Ако, значи, меѓу оние што ги поврзува посвојувањето не се склучува брак, колку повеќе треба да се воздржат од телесно сожителство оние што се обединети преку небесната тајна и преродбата на Светиот Дух? Затоа многу посоодветно е да се вели дека некој е син на мојот татко или мој брат – кого божествената благодат, а не човечката волја, го избрала да биде мој син или брат. И ние сме многу помудро одделени од мешање на телата, бидејќи Светиот Дух нè соедини со својата љубов, отколку ако нè поврзала телесна нужда или променлива волја на некој распадлив човек. '''Глава 3.''' Обичајот што Грците, како што велите, го имаат во брачните заедници, поради должината на излагањето го изоставаме; наместо тоа, ќе се потрудиме да ви го претставиме древниот обичај што Светата Римска црква го примила и до денес го задржува во ваквите брачни соединувања. Нашите мажи и жени, кога стапуваат во брак, не носат на главите злато или сребро, ниту пак нешто составено од метал; туку, по свршувањето — кое претставува ветување и договор за идниот брак, склучен со согласност на оние што стапуваат во брак и на оние под чија власт се наоѓаат — откако ќе биде даден залогот, младоженецот ја свршува својата невеста со прстен на верноста, ставајќи ѝ го на прстот. А кога ќе биде утврдено дека тоа им е по волја и на двете страни, и кога договорот ќе биде составен во писмена форма пред поканети сведоци, тогаш, согласно законската одредба, се определува времето кога треба да се изврши бракот и кога двајцата ќе бидат доведени до брачниот сојуз. И најпрвин тие се воведуваат во црквата Господова, принесувајќи дарови што треба да Му бидат принесени на Бога, а од рацете на свештеникот примаат благослов и небесен превез, по примерот на она што се вели дека Господ ги благословил првите луѓе во Рајот, говорејќи: „Плодете се и множете се“ и така натаму. Исто така, се раскажува дека Товија, пред да влезе во брачна заедница, го благословил Господа со молитва. Но тој превез не го прима оној што стапува во втор брак. Потоа, излегувајќи од црквата, носат круни на главите, кои постојано се чуваат во црквата и обично се користат за свадбените свечености. И така, по прославувањето на свадбените свечености, тие се воведуваат во заедничкиот живот, кој Господ го определил да трае до крајот на нивниот живот. Ова се, значи, брачните обреди. Постојат и други, кои овде ги изоставаме бидејќи не се општопознати. Ако, пак, сите овие нешта не бидат исполнети при склучувањето на бракот, не велиме дека поради тоа се греши, како што тврдат некои од вас; особено затоа што во наше време има толку многу пречки што едвај може да се обезбеди помош за исполнување и на најнеопходните подготовки. Затоа, според законите, доволна е единствено согласноста на оние што се соединуваат. Таа согласност сама по себе е доволна за бракот; останатите работи, па и самиот телесен однос, служат само за потврда на веќе склучениот брак. За тоа сведочи големиот учител Јован Златоуст, кој вели: „Бракот не го создава телесниот однос, туку волјата.“ Ако, пак, некој праша дали мажот, по смртта на својата жена, може да земе друга, за тоа насекаде пишува Павле, славниот проповедник и учител, кој вели: „На неженетите и на вдовиците им велам: добро е за нив ако останат како мене. Но ако не можат да се воздржат, нека стапат во брак.“ И повторно: „Жената е врзана со законот сè додека е жив нејзиниот маж; но ако нејзиниот маж умре, таа е слободна и може да се омажи за кого сака, само во Господа.“ А она што Светото Писмо го кажува за мажот, треба да се разбира и за жената, бидејќи она што се вели за едниот пол не помалку важи и за другиот. Зашто се вели: „Блажен е човекот кој не оди по советот на нечестивите“ и повторно: „Блажен е човекот кој се бои од Господа.“ Под зборот „човек“ овде се подразбираат и мажот и жената; затоа со право веруваме дека блажена е и жената која се бои од Господа. meqptrqgem68r5s9xzsw4hhppvpq7up 22403 22402 2026-06-26T10:31:00Z Buli 1762 22403 wikitext text/x-wiki На вашите прашања не треба да се одговара опширно, ниту сметавме дека е потребно да се задржуваме на поединости, бидејќи по Божја волја сме испратени во вашата земја и кај вашиот славен кнез, нашиот возљубен син, не само со книгите на Божјиот закон, туку и со наши погодни пратеници, кои, според времето и околностите, ќе ве поучуваат за поединечни работи. Ним им ги доверивме и книгите што проценивме дека сега им се неопходни. '''Глава 1.''' И навистина многу добро и пофално е тоа што на прво место во своите прашања изјавувате дека вашиот кнез сака христијански закон. Но ако се обидеме подетално да го изложиме, би требало да напишеме безброј книги; а за накратко да ви покажеме во што главно се состои христијанскиот закон, треба да знаете дека тој почива на верата и на добрите дела. Имено, верата е прва меѓу сите добродетели во заедницата на верниците. Затоа се вели дека постои светлина и во првиот ден, кога, како што се пренесува, Бог рекол: „Нека биде светлина!“, односно да се појави осветлување на верата, а токму поради неа Христос слезе на земјата. Но сепак од христијанинот се бара и добро дело. Како што е напишано во нашиот закон: „Без вера е невозможно да Му се угоди на Бога“, исто така е напишано: „Како што телото без дух е мртво, така и верата без дела е мртва“. Тоа е христијанскиот закон, тоа е законот кој целосно ќе го спаси секого, ако верно го почитува. '''Глава 2.''' Човекот е должен да го љуби оној што го прима на светиот извор (крштението) како татко; и уште многу повеќе – духовниот отец, бидејќи духовното е повозвишено од телесното. Затоа духовниот отец треба многу повеќе да се љуби од духовниот син во сите нешта. Така, Марко, евангелистот, бил ученик на Петар и негов син во светото крштевање. Кој не би го љубел таткото, не би можел ниту синот да го почитува како што треба во сите работи. Меѓу нив и нивните (духовни) синови нема телесно сродство, бидејќи тие се соединети по дух, а не по крв; зашто она што е од крв е телесно, а она што е од дух е духовно. „Оти, телото сака противни работи на духот, а духот – противни на телото; тие се еден против друг“, според апостолот. Сепак, постои друга, благодатна и света заедница меѓу нив, која не произлегува од телесно сродство, туку од духовна блискост. Затоа не се смета дека меѓу нив е можно какво и да било брачно соединение, иако по природа тие се посвоени деца; ниту пак римските закони дозволуваат брак меѓу такви лица. Така, ако некој го чита Првата книга од Институциите, таму меѓу другото стои: „Меѓу оние лица“, вели тој, „кои стојат едни кон други како родители и деца...“ – тие утврдуваат дека брак не може да се склучи, како меѓу татко и ќерка, или дедо и внука, или мајка и син, или баба и внук, и така до бесконечност. И ако такви лица имаат телесен однос меѓу себе, се вели дека сториле безбожен и инцестуозен брак. Ова важи и за посвоените: иако преку посвојување станале на местото на родители или деца, не можат меѓусебно да стапат во брак. Затоа, онаа која преку посвојување ми станала ќерка или внука, не можам да ја земам за жена; исто така: „Ако некоја преку посвојување ми стане сестра, додека посвојувањето важи, сигурно не може да постои брак меѓу мене и неа“. Ако, значи, меѓу оние што ги поврзува посвојувањето не се склучува брак, колку повеќе треба да се воздржат од телесно сожителство оние што се обединети преку небесната тајна и преродбата на Светиот Дух? Затоа многу посоодветно е да се вели дека некој е син на мојот татко или мој брат – кого божествената благодат, а не човечката волја, го избрала да биде мој син или брат. И ние сме многу помудро одделени од мешање на телата, бидејќи Светиот Дух нè соедини со својата љубов, отколку ако нè поврзала телесна нужда или променлива волја на некој распадлив човек. '''Глава 3.''' Обичајот што Грците, како што велите, го имаат во брачните заедници, поради должината на излагањето го изоставаме; наместо тоа, ќе се потрудиме да ви го претставиме древниот обичај што Светата Римска црква го примила и до денес го задржува во ваквите брачни соединувања. Нашите мажи и жени, кога стапуваат во брак, не носат на главите злато или сребро, ниту пак нешто составено од метал; туку, по свршувањето — кое претставува ветување и договор за идниот брак, склучен со согласност на оние што стапуваат во брак и на оние под чија власт се наоѓаат — откако ќе биде даден залогот, младоженецот ја свршува својата невеста со прстен на верноста, ставајќи ѝ го на прстот. А кога ќе биде утврдено дека тоа им е по волја и на двете страни, и кога договорот ќе биде составен во писмена форма пред поканети сведоци, тогаш, согласно законската одредба, се определува времето кога треба да се изврши бракот и кога двајцата ќе бидат доведени до брачниот сојуз. И најпрвин тие се воведуваат во црквата Господова, принесувајќи дарови што треба да Му бидат принесени на Бога, а од рацете на свештеникот примаат благослов и небесен превез, по примерот на она што се вели дека Господ ги благословил првите луѓе во Рајот, говорејќи: „Плодете се и множете се“ и така натаму. Исто така, се раскажува дека Товија, пред да влезе во брачна заедница, го благословил Господа со молитва. Но тој превез не го прима оној што стапува во втор брак. Потоа, излегувајќи од црквата, носат круни на главите, кои постојано се чуваат во црквата и обично се користат за свадбените свечености. И така, по прославувањето на свадбените свечености, тие се воведуваат во заедничкиот живот, кој Господ го определил да трае до крајот на нивниот живот. Ова се, значи, брачните обреди. Постојат и други, кои овде ги изоставаме бидејќи не се општопознати. Ако, пак, сите овие нешта не бидат исполнети при склучувањето на бракот, не велиме дека поради тоа се греши, како што тврдат некои од вас; особено затоа што во наше време има толку многу пречки што едвај може да се обезбеди помош за исполнување и на најнеопходните подготовки. Затоа, според законите, доволна е единствено согласноста на оние што се соединуваат. Таа согласност сама по себе е доволна за бракот; останатите работи, па и самиот телесен однос, служат само за потврда на веќе склучениот брак. За тоа сведочи големиот учител Јован Златоуст, кој вели: „Бракот не го создава телесниот однос, туку волјата.“ Ако, пак, некој праша дали мажот, по смртта на својата жена, може да земе друга, за тоа насекаде пишува Павле, славниот проповедник и учител, кој вели: „На неженетите и на вдовиците им велам: добро е за нив ако останат како мене. Но ако не можат да се воздржат, нека стапат во брак.“ И повторно: „Жената е врзана со законот сè додека е жив нејзиниот маж; но ако нејзиниот маж умре, таа е слободна и може да се омажи за кого сака, само во Господа.“ А она што Светото Писмо го кажува за мажот, треба да се разбира и за жената, бидејќи она што се вели за едниот пол не помалку важи и за другиот. Зашто се вели: „Блажен е човекот кој не оди по советот на нечестивите“ и повторно: „Блажен е човекот кој се бои од Господа.“ Под зборот „човек“ овде се подразбираат и мажот и жената; затоа со право веруваме дека блажена е и жената која се бои од Господа. '''Глава 4.''' За тоа во кои времиња и денови во текот на годината треба да се воздржува од месо. Сега, вам, кои сте уште неупатени и како деца во верата, би било излишно да ви наметнуваме потешки правила. Но, во деновите на постот, во кои особено треба да му се принесуваат на Господа молитви и покајание, на сите им се наложува воздржување од месо. Иако во деновите на постот е дозволено да се моли и да се воздржува, сепак во тие времиња треба уште повеќе да се покажува воздржаност, особено од оние што се сеќаваат дека извршиле недозволени дела, бидејќи според светите одредби и во дозволените работи треба да се практикува воздржување. Така, во времето на Четириесетницата, односно во постот пред Велигден, во постот по Педесетница, во постот пред празникот на Успението на Светата Богородица и Секогашдева Марија, како и во постот пред празникот на Рождеството на нашиот Господ Исус Христос — пости што древната Римска црква ги примила и ги запазува — треба да се воздржува од месо. Исто така, секој петок во седмицата, освен ако се падне некој особено свечен празник, треба да се прекине со јадењето месо и да се држи пост. Навистина, како што вели псалмопејачот: „Навечер доаѓа плачот, а наутро радоста.“ А оние што сакаат и во други денови да се воздржуваат од месо не треба да бидат спречувани, зашто колку повеќе човекот овде се предава на плач и покајание... 974ap0idsw8w8l9rfu9ja9c93p1tu9q