Wikisource
mkwikisource
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0
MediaWiki 1.47.0-wmf.8
first-letter
Медиум
Специјална
Разговор
Корисник
Разговор со корисник
Wikisource
Разговор за Wikisource
Податотека
Разговор за податотека
МедијаВики
Разговор за МедијаВики
Предлошка
Разговор за предлошка
Помош
Разговор за помош
Категорија
Разговор за категорија
Автор
Разговор за автор
Page
Page talk
Index
Index talk
TimedText
TimedText talk
Модул
Разговор за модул
Event
Event talk
Одговорите на папа Никола на прашањата на Бугарите
0
10231
22404
22403
2026-06-28T20:46:28Z
Buli
1762
22404
wikitext
text/x-wiki
На вашите прашања не треба да се одговара опширно, ниту сметавме дека е потребно да се задржуваме на поединости, бидејќи по Божја волја сме испратени во вашата земја и кај вашиот славен кнез, нашиот возљубен син, не само со книгите на Божјиот закон, туку и со наши погодни пратеници, кои, според времето и околностите, ќе ве поучуваат за поединечни работи. Ним им ги доверивме и книгите што проценивме дека сега им се неопходни.
'''Глава 1.''' И навистина многу добро и пофално е тоа што на прво место во своите прашања изјавувате дека вашиот кнез сака христијански закон. Но ако се обидеме подетално да го изложиме, би требало да напишеме безброј книги; а за накратко да ви покажеме во што главно се состои христијанскиот закон, треба да знаете дека тој почива на верата и на добрите дела. Имено, верата е прва меѓу сите добродетели во заедницата на верниците. Затоа се вели дека постои светлина и во првиот ден, кога, како што се пренесува, Бог рекол: „Нека биде светлина!“, односно да се појави осветлување на верата, а токму поради неа Христос слезе на земјата. Но сепак од христијанинот се бара и добро дело. Како што е напишано во нашиот закон: „Без вера е невозможно да Му се угоди на Бога“, исто така е напишано: „Како што телото без дух е мртво, така и верата без дела е мртва“. Тоа е христијанскиот закон, тоа е законот кој целосно ќе го спаси секого, ако верно го почитува.
'''Глава 2.''' Човекот е должен да го љуби оној што го прима на светиот извор (крштението) како татко; и уште многу повеќе – духовниот отец, бидејќи духовното е повозвишено од телесното. Затоа духовниот отец треба многу повеќе да се љуби од духовниот син во сите нешта. Така, Марко, евангелистот, бил ученик на Петар и негов син во светото крштевање. Кој не би го љубел таткото, не би можел ниту синот да го почитува како што треба во сите работи. Меѓу нив и нивните (духовни) синови нема телесно сродство, бидејќи тие се соединети по дух, а не по крв; зашто она што е од крв е телесно, а она што е од дух е духовно. „Оти, телото сака противни работи на духот, а духот – противни на телото; тие се еден против друг“, според апостолот. Сепак, постои друга, благодатна и света заедница меѓу нив, која не произлегува од телесно сродство, туку од духовна блискост. Затоа не се смета дека меѓу нив е можно какво и да било брачно соединение, иако по природа тие се посвоени деца; ниту пак римските закони дозволуваат брак меѓу такви лица. Така, ако некој го чита Првата книга од Институциите, таму меѓу другото стои: „Меѓу оние лица“, вели тој, „кои стојат едни кон други како родители и деца...“ – тие утврдуваат дека брак не може да се склучи, како меѓу татко и ќерка, или дедо и внука, или мајка и син, или баба и внук, и така до бесконечност. И ако такви лица имаат телесен однос меѓу себе, се вели дека сториле безбожен и инцестуозен брак. Ова важи и за посвоените: иако преку посвојување станале на местото на родители или деца, не можат меѓусебно да стапат во брак. Затоа, онаа која преку посвојување ми станала ќерка или внука, не можам да ја земам за жена; исто така: „Ако некоја преку посвојување ми стане сестра, додека посвојувањето важи, сигурно не може да постои брак меѓу мене и неа“. Ако, значи, меѓу оние што ги поврзува посвојувањето не се склучува брак, колку повеќе треба да се воздржат од телесно сожителство оние што се обединети преку небесната тајна и преродбата на Светиот Дух? Затоа многу посоодветно е да се вели дека некој е син на мојот татко или мој брат – кого божествената благодат, а не човечката волја, го избрала да биде мој син или брат. И ние сме многу помудро одделени од мешање на телата, бидејќи Светиот Дух нè соедини со својата љубов, отколку ако нè поврзала телесна нужда или променлива волја на некој распадлив човек.
'''Глава 3.''' Обичајот што Грците, како што велите, го имаат во брачните заедници, поради должината на излагањето го изоставаме; наместо тоа, ќе се потрудиме да ви го претставиме древниот обичај што Светата Римска црква го примила и до денес го задржува во ваквите брачни соединувања. Нашите мажи и жени, кога стапуваат во брак, не носат на главите злато или сребро, ниту пак нешто составено од метал; туку, по свршувањето — кое претставува ветување и договор за идниот брак, склучен со согласност на оние што стапуваат во брак и на оние под чија власт се наоѓаат — откако ќе биде даден залогот, младоженецот ја свршува својата невеста со прстен на верноста, ставајќи ѝ го на прстот. А кога ќе биде утврдено дека тоа им е по волја и на двете страни, и кога договорот ќе биде составен во писмена форма пред поканети сведоци, тогаш, согласно законската одредба, се определува времето кога треба да се изврши бракот и кога двајцата ќе бидат доведени до брачниот сојуз. И најпрвин тие се воведуваат во црквата Господова, принесувајќи дарови што треба да Му бидат принесени на Бога, а од рацете на свештеникот примаат благослов и небесен превез, по примерот на она што се вели дека Господ ги благословил првите луѓе во Рајот, говорејќи: „Плодете се и множете се“ и така натаму. Исто така, се раскажува дека Товија, пред да влезе во брачна заедница, го благословил Господа со молитва. Но тој превез не го прима оној што стапува во втор брак. Потоа, излегувајќи од црквата, носат круни на главите, кои постојано се чуваат во црквата и обично се користат за свадбените свечености. И така, по прославувањето на свадбените свечености, тие се воведуваат во заедничкиот живот, кој Господ го определил да трае до крајот на нивниот живот. Ова се, значи, брачните обреди. Постојат и други, кои овде ги изоставаме бидејќи не се општопознати. Ако, пак, сите овие нешта не бидат исполнети при склучувањето на бракот, не велиме дека поради тоа се греши, како што тврдат некои од вас; особено затоа што во наше време има толку многу пречки што едвај може да се обезбеди помош за исполнување и на најнеопходните подготовки. Затоа, според законите, доволна е единствено согласноста на оние што се соединуваат. Таа согласност сама по себе е доволна за бракот; останатите работи, па и самиот телесен однос, служат само за потврда на веќе склучениот брак. За тоа сведочи големиот учител Јован Златоуст, кој вели: „Бракот не го создава телесниот однос, туку волјата.“ Ако, пак, некој праша дали мажот, по смртта на својата жена, може да земе друга, за тоа насекаде пишува Павле, славниот проповедник и учител, кој вели: „На неженетите и на вдовиците им велам: добро е за нив ако останат како мене. Но ако не можат да се воздржат, нека стапат во брак.“ И повторно: „Жената е врзана со законот сè додека е жив нејзиниот маж; но ако нејзиниот маж умре, таа е слободна и може да се омажи за кого сака, само во Господа.“ А она што Светото Писмо го кажува за мажот, треба да се разбира и за жената, бидејќи она што се вели за едниот пол не помалку важи и за другиот. Зашто се вели: „Блажен е човекот кој не оди по советот на нечестивите“ и повторно: „Блажен е човекот кој се бои од Господа.“ Под зборот „човек“ овде се подразбираат и мажот и жената; затоа со право веруваме дека блажена е и жената која се бои од Господа.
'''Глава 4.''' За тоа во кои времиња или денови во текот на годината треба да се воздржуваме од месо. Сега, бидејќи веќе сте цврсти во верата, а не како мали деца што треба да се хранат со непотребно млеко, туку напротив, во деновите на пост, во кои преку воздржување и постење особено му се принесува Господу жртвата на покајанието, сите треба да се воздржуваат од месо. Иако е прилично да се воздржуваме во секое време, сепак особено во времињата на пост треба да му служиме на покајанието, така што, бидејќи сме извршиле незаконски дела, според светите одредби, дури и мирјаните во одредени времиња да се воздржуваат. Такво време е четириесетницата пред Велигден, постот по Педесетница, постот пред празникот Успение на Светата Богородица, а исто така и постот пред празникот на Рождеството на нашиот Господ Исус Христос, кои светата Римска црква ги примила од древноста и ги пази. Исто така, во секој петок и во сите бденија на поголемите празници треба да се прекине со јадење месо и да се држи пост, како што вели псалмопејачот: „Навечер се вселува плачот, а наутро радоста.“ Ако некој, пак, сака и во други денови да се воздржува од месо, тоа не треба да му се забранува, зашто колку повеќе овде сее во солзи, толку повеќе ќе жнее со радост во вечниот живот. Но ние вам, кои сè уште сте како мали деца и се храните со млеко, не можеме веднаш да ви наметнеме тешко бреме, додека не преминете кон цврста храна. Сепак, како што привремено го допуштаме ова, така предупредуваме тоа да не се претвори во навика. Зашто нашиот прародител, вкусувајќи само од плодот на едно дрво, беше истеран од рајската сладост.
kve2ff0gghsigycamhz2z5ij583tmhs
22406
22404
2026-06-28T20:53:01Z
Buli
1762
22406
wikitext
text/x-wiki
На вашите прашања не треба да се одговара опширно, ниту сметавме дека е потребно да се задржуваме на поединости, бидејќи по Божја волја сме испратени во вашата земја и кај вашиот славен кнез, нашиот возљубен син, не само со книгите на Божјиот закон, туку и со наши погодни пратеници, кои, според времето и околностите, ќе ве поучуваат за поединечни работи. Ним им ги доверивме и книгите што проценивме дека сега им се неопходни.
'''Глава 1.''' И навистина многу добро и пофално е тоа што на прво место во своите прашања изјавувате дека вашиот кнез сака христијански закон. Но ако се обидеме подетално да го изложиме, би требало да напишеме безброј книги; а за накратко да ви покажеме во што главно се состои христијанскиот закон, треба да знаете дека тој почива на верата и на добрите дела. Имено, верата е прва меѓу сите добродетели во заедницата на верниците. Затоа се вели дека постои светлина и во првиот ден, кога, како што се пренесува, Бог рекол: „Нека биде светлина!“, односно да се појави осветлување на верата, а токму поради неа Христос слезе на земјата. Но сепак од христијанинот се бара и добро дело. Како што е напишано во нашиот закон: „Без вера е невозможно да Му се угоди на Бога“, исто така е напишано: „Како што телото без дух е мртво, така и верата без дела е мртва“. Тоа е христијанскиот закон, тоа е законот кој целосно ќе го спаси секого, ако верно го почитува.
'''Глава 2.''' Човекот е должен да го љуби оној што го прима на светиот извор (крштението) како татко; и уште многу повеќе – духовниот отец, бидејќи духовното е повозвишено од телесното. Затоа духовниот отец треба многу повеќе да се љуби од духовниот син во сите нешта. Така, Марко, евангелистот, бил ученик на Петар и негов син во светото крштевање. Кој не би го љубел таткото, не би можел ниту синот да го почитува како што треба во сите работи. Меѓу нив и нивните (духовни) синови нема телесно сродство, бидејќи тие се соединети по дух, а не по крв; зашто она што е од крв е телесно, а она што е од дух е духовно. „Оти, телото сака противни работи на духот, а духот – противни на телото; тие се еден против друг“, според апостолот. Сепак, постои друга, благодатна и света заедница меѓу нив, која не произлегува од телесно сродство, туку од духовна блискост. Затоа не се смета дека меѓу нив е можно какво и да било брачно соединение, иако по природа тие се посвоени деца; ниту пак римските закони дозволуваат брак меѓу такви лица. Така, ако некој го чита Првата книга од Институциите, таму меѓу другото стои: „Меѓу оние лица“, вели тој, „кои стојат едни кон други како родители и деца...“ – тие утврдуваат дека брак не може да се склучи, како меѓу татко и ќерка, или дедо и внука, или мајка и син, или баба и внук, и така до бесконечност. И ако такви лица имаат телесен однос меѓу себе, се вели дека сториле безбожен и инцестуозен брак. Ова важи и за посвоените: иако преку посвојување станале на местото на родители или деца, не можат меѓусебно да стапат во брак. Затоа, онаа која преку посвојување ми станала ќерка или внука, не можам да ја земам за жена; исто така: „Ако некоја преку посвојување ми стане сестра, додека посвојувањето важи, сигурно не може да постои брак меѓу мене и неа“. Ако, значи, меѓу оние што ги поврзува посвојувањето не се склучува брак, колку повеќе треба да се воздржат од телесно сожителство оние што се обединети преку небесната тајна и преродбата на Светиот Дух? Затоа многу посоодветно е да се вели дека некој е син на мојот татко или мој брат – кого божествената благодат, а не човечката волја, го избрала да биде мој син или брат. И ние сме многу помудро одделени од мешање на телата, бидејќи Светиот Дух нè соедини со својата љубов, отколку ако нè поврзала телесна нужда или променлива волја на некој распадлив човек.
'''Глава 3.''' Обичајот што Грците, како што велите, го имаат во брачните заедници, поради должината на излагањето го изоставаме; наместо тоа, ќе се потрудиме да ви го претставиме древниот обичај што Светата Римска црква го примила и до денес го задржува во ваквите брачни соединувања. Нашите мажи и жени, кога стапуваат во брак, не носат на главите злато или сребро, ниту пак нешто составено од метал; туку, по свршувањето — кое претставува ветување и договор за идниот брак, склучен со согласност на оние што стапуваат во брак и на оние под чија власт се наоѓаат — откако ќе биде даден залогот, младоженецот ја свршува својата невеста со прстен на верноста, ставајќи ѝ го на прстот. А кога ќе биде утврдено дека тоа им е по волја и на двете страни, и кога договорот ќе биде составен во писмена форма пред поканети сведоци, тогаш, согласно законската одредба, се определува времето кога треба да се изврши бракот и кога двајцата ќе бидат доведени до брачниот сојуз. И најпрвин тие се воведуваат во црквата Господова, принесувајќи дарови што треба да Му бидат принесени на Бога, а од рацете на свештеникот примаат благослов и небесен превез, по примерот на она што се вели дека Господ ги благословил првите луѓе во Рајот, говорејќи: „Плодете се и множете се“ и така натаму. Исто така, се раскажува дека Товија, пред да влезе во брачна заедница, го благословил Господа со молитва. Но тој превез не го прима оној што стапува во втор брак. Потоа, излегувајќи од црквата, носат круни на главите, кои постојано се чуваат во црквата и обично се користат за свадбените свечености. И така, по прославувањето на свадбените свечености, тие се воведуваат во заедничкиот живот, кој Господ го определил да трае до крајот на нивниот живот. Ова се, значи, брачните обреди. Постојат и други, кои овде ги изоставаме бидејќи не се општопознати. Ако, пак, сите овие нешта не бидат исполнети при склучувањето на бракот, не велиме дека поради тоа се греши, како што тврдат некои од вас; особено затоа што во наше време има толку многу пречки што едвај може да се обезбеди помош за исполнување и на најнеопходните подготовки. Затоа, според законите, доволна е единствено согласноста на оние што се соединуваат. Таа согласност сама по себе е доволна за бракот; останатите работи, па и самиот телесен однос, служат само за потврда на веќе склучениот брак. За тоа сведочи големиот учител Јован Златоуст, кој вели: „Бракот не го создава телесниот однос, туку волјата.“ Ако, пак, некој праша дали мажот, по смртта на својата жена, може да земе друга, за тоа насекаде пишува Павле, славниот проповедник и учител, кој вели: „На неженетите и на вдовиците им велам: добро е за нив ако останат како мене. Но ако не можат да се воздржат, нека стапат во брак.“ И повторно: „Жената е врзана со законот сè додека е жив нејзиниот маж; но ако нејзиниот маж умре, таа е слободна и може да се омажи за кого сака, само во Господа.“ А она што Светото Писмо го кажува за мажот, треба да се разбира и за жената, бидејќи она што се вели за едниот пол не помалку важи и за другиот. Зашто се вели: „Блажен е човекот кој не оди по советот на нечестивите“ и повторно: „Блажен е човекот кој се бои од Господа.“ Под зборот „човек“ овде се подразбираат и мажот и жената; затоа со право веруваме дека блажена е и жената која се бои од Господа.
'''Глава 4.''' За тоа во кои времиња или денови во текот на годината треба да се воздржуваме од месо. Сега, бидејќи вие сте неискусни и некако мали деца во верата, сметаме дека е излишно подробно да ви го објаснуваме. Меѓутоа, во дните на пост, во кои особено преку воздржување и жалосно покајание му се молиме на Господа, на сите начини треба да се воздржуваме од месо. Иако на сите им прилега да се молат и да се воздржуваат, сепак во времињата на постите особено треба да се предадеме на воздржанието, така што оној кој се сеќава дека сторил незаконски дела, според светите одредби, и во овие времиња да се воздржува барем од некои дозволени работи — и тоа и лаиците. Такви времиња се: четириесетницата пред Пасха (Велигден), постот по Педесетница, постот пред празникот на Успението на Светата Богородица и секогаш Дева Марија, како и постот пред празникот на Рождеството на нашиот Господ Исус Христос. Овие пости светата Римска црква ги примила уште од древноста и ги почитува. Исто така, во секој петок во текот на неделата и во сите бденија пред големите празници треба да се престане со јадење месо и да се држи пост, за да можеме вистинито да кажеме заедно со псалмопеецот: „Навечер се вселува плачот, а наутро радоста.“ Ако некој од вас пак сака и во други денови да се воздржува од месо, не треба да му се забранува, зашто колку повеќе некој овде сее во солзи, толку повеќе ќе жнее со радост во вечниот живот. Меѓутоа, нам, вам кои сте уште неискусни и се храните со млеко како мали деца, не можеме да ви наметнеме тешко бреме, додека не пораснете за цврста храна. Но, како што засега го дозволуваме ова, така и на сите начини ве предупредуваме да не ги допирате забранетите работи. Зашто нашиот прародител, вкусувајќи само од забранетиот плод на едно дрво, беше истеран од рајската убавина.
1w3a7fcf0ez1tuki4jw7ilczmiuumee
22407
22406
2026-06-28T21:07:11Z

'''Глава 5.''' Иако во среда, како и во другите денови освен петок, може да се вршат повеќе работи, сепак, поради тоа што нашиот Господ Исус Христос бил предаден токму тој ден, и кога бил погребан, останал во срцето на земјата, затоа и ние треба да размислуваме за Неговата смрт. Но ако некој сака во тој ден да јаде месо, никако не смее, освен ако свештеникот не му дозволи, зашто е напишано: „Подобра е послушноста од жртвата.“ Ако, пак, истиот ден се совпадне со некој од празничните денови, тогаш, бидејќи отците одредиле умереност во постот, оној што вкуси мед не би згрешил сè до зајдисонце. Ако, меѓутоа, некој поради завет кон истиот отец се обврзал да не јаде месо, нека не биде присилуван да го прекрши, зашто е напишано: „Заветувајте се и исполнувајте ги заветите на Господа, вашиот Бог.“ Во петокот, пак, поради страдањето на Господ и споменот на апостолите, нашиот вкус треба да се воздржува од сите месни јадења и од изобилна храна, освен ако се совпадне со Божиќ, Богојавление, празникот на блажената Дева Марија, празниците на врховните апостоли Петар и Павле, на свети Јован Крстител, на свети Јован Евангелист, на братот на клучарот на небото, односно апостолот Андреј, како и на светиот првомаченик Стефан, ако тие празници паднат во петок. Зашто ако светата Црква или некоја верна душа на празниците на светците поставила постови или воздржувања што не се обврзувачки со вечен завет, тие можат да се разрешат, како што Господ сведочи во Евангелието велејќи: „Жената, кога раѓа, има тага; но кога ќе го роди детето, повеќе не се сеќава на маката поради радоста што се родил човек на светот.“ Така е и со светата Црква. Како што жената, кога ќе роди човек во овој свет, се радува, така и Црквата, раѓајќи го верниот народ за идниот живот, се исполнува со радост и ликување. Поради тоа и таа многу страда и се мачи во сегашниот живот, како жена што раѓа. Не треба никого да чуди што некој се нарекува „роден“ иако ја напуштил оваа животна состојба; зашто обично велиме дека човек се раѓа кога излегува од мајчината утроба во светлината на овој свет. Колку повеќе треба да се смета за роден оној што, ослободен од темнината на овој век, преминува во светлината на вечниот живот. Затоа, според црковниот обичај, свечените денови на блажените маченици и исповедници Христови, кои од овој свет преминале во живеалиштето на живите, се нарекуваат нивни „родендени“ (dies natales), бидејќи нивните празници не се празнуваат како денови на смртта, туку како денови на раѓањето за вечниот живот. Така и тие се родени за Бога, кај Кого сите живеат и во Чија рака се душите на праведните. Затоа, кога очите на светата жена се затвориле, таа повеќе не се сеќавала на својата мака поради радоста, зашто се родил човек во светот — односно во вечната светлина. Поради тоа, на нивното раѓање треба да се радуваме, а не да постиме, ниту да се воздржуваме, ниту да избегнуваме веселба, додека сме во оваа долина на солзи. Напротив, треба секогаш да се стремиме кон нивните заслуги и постојано да ги читаме нивните дела, сè додека не стигнеме до онаа ангелска свеченост кон која тие непрестајно се стремеле. Зашто нивната свеченост не е постојана, туку моментална, бидејќи болката едвај малку трае пред да заврши.
bdzxdlnsp8ctjm95p2d03y2fjidao07
22408
22407
2026-06-28T21:24:13Z
Buli
1762
22408
wikitext
text/x-wiki
На вашите прашања не треба да се одговара опширно, ниту сметавме дека е потребно да се задржуваме на поединости, бидејќи по Божја волја сме испратени во вашата земја и кај вашиот славен кнез, нашиот возљубен син, не само со книгите на Божјиот закон, туку и со наши погодни пратеници, кои, според времето и околностите, ќе ве поучуваат за поединечни работи. Ним им ги доверивме и книгите што проценивме дека сега им се неопходни.
'''Глава 1.''' И навистина многу добро и пофално е тоа што на прво место во своите прашања изјавувате дека вашиот кнез сака христијански закон. Но ако се обидеме подетално да го изложиме, би требало да напишеме безброј книги; а за накратко да ви покажеме во што главно се состои христијанскиот закон, треба да знаете дека тој почива на верата и на добрите дела. Имено, верата е прва меѓу сите добродетели во заедницата на верниците. Затоа се вели дека постои светлина и во првиот ден, кога, како што се пренесува, Бог рекол: „Нека биде светлина!“, односно да се појави осветлување на верата, а токму поради неа Христос слезе на земјата. Но сепак од христијанинот се бара и добро дело. Како што е напишано во нашиот закон: „Без вера е невозможно да Му се угоди на Бога“, исто така е напишано: „Како што телото без дух е мртво, така и верата без дела е мртва“. Тоа е христијанскиот закон, тоа е законот кој целосно ќе го спаси секого, ако верно го почитува.
'''Глава 2.''' Човекот е должен да го љуби оној што го прима на светиот извор (крштението) како татко; и уште многу повеќе – духовниот отец, бидејќи духовното е повозвишено од телесното. Затоа духовниот отец треба многу повеќе да се љуби од духовниот син во сите нешта. Така, Марко, евангелистот, бил ученик на Петар и негов син во светото крштевање. Кој не би го љубел таткото, не би можел ниту синот да го почитува како што треба во сите работи. Меѓу нив и нивните (духовни) синови нема телесно сродство, бидејќи тие се соединети по дух, а не по крв; зашто она што е од крв е телесно, а она што е од дух е духовно. „Оти, телото сака противни работи на духот, а духот – противни на телото; тие се еден против друг“, според апостолот. Сепак, постои друга, благодатна и света заедница меѓу нив, која не произлегува од телесно сродство, туку од духовна блискост. Затоа не се смета дека меѓу нив е можно какво и да било брачно соединение, иако по природа тие се посвоени деца; ниту пак римските закони дозволуваат брак меѓу такви лица. Така, ако некој го чита Првата книга од Институциите, таму меѓу другото стои: „Меѓу оние лица“, вели тој, „кои стојат едни кон други како родители и деца...“ – тие утврдуваат дека брак не може да се склучи, како меѓу татко и ќерка, или дедо и внука, или мајка и син, или баба и внук, и така до бесконечност. И ако такви лица имаат телесен однос меѓу себе, се вели дека сториле безбожен и инцестуозен брак. Ова важи и за посвоените: иако преку посвојување станале на местото на родители или деца, не можат меѓусебно да стапат во брак. Затоа, онаа која преку посвојување ми станала ќерка или внука, не можам да ја земам за жена; исто така: „Ако некоја преку посвојување ми стане сестра, додека посвојувањето важи, сигурно не може да постои брак меѓу мене и неа“. Ако, значи, меѓу оние што ги поврзува посвојувањето не се склучува брак, колку повеќе треба да се воздржат од телесно сожителство оние што се обединети преку небесната тајна и преродбата на Светиот Дух? Затоа многу посоодветно е да се вели дека некој е син на мојот татко или мој брат – кого божествената благодат, а не човечката волја, го избрала да биде мој син или брат. И ние сме многу помудро одделени од мешање на телата, бидејќи Светиот Дух нè соедини со својата љубов, отколку ако нè поврзала телесна нужда или променлива волја на некој распадлив човек.
'''Глава 3.''' Обичајот што Грците, како што велите, го имаат во брачните заедници, поради должината на излагањето го изоставаме; наместо тоа, ќе се потрудиме да ви го претставиме древниот обичај што Светата Римска црква го примила и до денес го задржува во ваквите брачни соединувања. Нашите мажи и жени, кога стапуваат во брак, не носат на главите злато или сребро, ниту пак нешто составено од метал; туку, по свршувањето — кое претставува ветување и договор за идниот брак, склучен со согласност на оние што стапуваат во брак и на оние под чија власт се наоѓаат — откако ќе биде даден залогот, младоженецот ја свршува својата невеста со прстен на верноста, ставајќи ѝ го на прстот. А кога ќе биде утврдено дека тоа им е по волја и на двете страни, и кога договорот ќе биде составен во писмена форма пред поканети сведоци, тогаш, согласно законската одредба, се определува времето кога треба да се изврши бракот и кога двајцата ќе бидат доведени до брачниот сојуз. И најпрвин тие се воведуваат во црквата Господова, принесувајќи дарови што треба да Му бидат принесени на Бога, а од рацете на свештеникот примаат благослов и небесен превез, по примерот на она што се вели дека Господ ги благословил првите луѓе во Рајот, говорејќи: „Плодете се и множете се“ и така натаму. Исто така, се раскажува дека Товија, пред да влезе во брачна заедница, го благословил Господа со молитва. Но тој превез не го прима оној што стапува во втор брак. Потоа, излегувајќи од црквата, носат круни на главите, кои постојано се чуваат во црквата и обично се користат за свадбените свечености. И така, по прославувањето на свадбените свечености, тие се воведуваат во заедничкиот живот, кој Господ го определил да трае до крајот на нивниот живот. Ова се, значи, брачните обреди. Постојат и други, кои овде ги изоставаме бидејќи не се општопознати. Ако, пак, сите овие нешта не бидат исполнети при склучувањето на бракот, не велиме дека поради тоа се греши, како што тврдат некои од вас; особено затоа што во наше време има толку многу пречки што едвај може да се обезбеди помош за исполнување и на најнеопходните подготовки. Затоа, според законите, доволна е единствено согласноста на оние што се соединуваат. Таа согласност сама по себе е доволна за бракот; останатите работи, па и самиот телесен однос, служат само за потврда на веќе склучениот брак. За тоа сведочи големиот учител Јован Златоуст, кој вели: „Бракот не го создава телесниот однос, туку волјата.“ Ако, пак, некој праша дали мажот, по смртта на својата жена, може да земе друга, за тоа насекаде пишува Павле, славниот проповедник и учител, кој вели: „На неженетите и на вдовиците им велам: добро е за нив ако останат како мене. Но ако не можат да се воздржат, нека стапат во брак.“ И повторно: „Жената е врзана со законот сè додека е жив нејзиниот маж; но ако нејзиниот маж умре, таа е слободна и може да се омажи за кого сака, само во Господа.“ А она што Светото Писмо го кажува за мажот, треба да се разбира и за жената, бидејќи она што се вели за едниот пол не помалку важи и за другиот. Зашто се вели: „Блажен е човекот кој не оди по советот на нечестивите“ и повторно: „Блажен е човекот кој се бои од Господа.“ Под зборот „човек“ овде се подразбираат и мажот и жената; затоа со право веруваме дека блажена е и жената која се бои од Господа.
'''Глава 4.''' За тоа во кои времиња или денови во текот на годината треба да се воздржуваме од месо. Сега, бидејќи вие сте неискусни и некако мали деца во верата, сметаме дека е излишно подробно да ви го објаснуваме. Меѓутоа, во дните на пост, во кои особено преку воздржување и жалосно покајание му се молиме на Господа, на сите начини треба да се воздржуваме од месо. Иако на сите им прилега да се молат и да се воздржуваат, сепак во времињата на постите особено треба да се предадеме на воздржанието, така што оној кој се сеќава дека сторил незаконски дела, според светите одредби, и во овие времиња да се воздржува барем од некои дозволени работи — и тоа и лаиците. Такви времиња се: четириесетницата пред Пасха (Велигден), постот по Педесетница, постот пред празникот на Успението на Светата Богородица и секогаш Дева Марија, како и постот пред празникот на Рождеството на нашиот Господ Исус Христос. Овие пости светата Римска црква ги примила уште од древноста и ги почитува. Исто така, во секој петок во текот на неделата и во сите бденија пред големите празници треба да се престане со јадење месо и да се држи пост, за да можеме вистинито да кажеме заедно со псалмопеецот: „Навечер се вселува плачот, а наутро радоста.“ Ако некој од вас пак сака и во други денови да се воздржува од месо, не треба да му се забранува, зашто колку повеќе некој овде сее во солзи, толку повеќе ќе жнее со радост во вечниот живот. Меѓутоа, нам, вам кои сте уште неискусни и се храните со млеко како мали деца, не можеме да ви наметнеме тешко бреме, додека не пораснете за цврста храна. Но, како што засега го дозволуваме ова, така и на сите начини ве предупредуваме да не ги допирате забранетите работи. Зашто нашиот прародител, вкусувајќи само од забранетиот плод на едно дрво, беше истеран од рајската убавина.
'''Глава 5.''' Иако во среда, како и во другите денови освен во петок, може да се вршат повеќе работи, сепак, поради тоа што нашиот Господ бил предаден токму тој ден, и кога бил погребан, останал во срцето на земјата, затоа и ние треба да размислуваме за Неговата смрт. Но ако некој сака во тој ден да јаде месо, никако не смее, освен ако свештеникот не му дозволи, зашто е напишано: „Подобра е послушноста од жртвата.“ Ако, пак, истиот ден се совпадне со некој празник, тогаш, бидејќи отците одредиле умереност во постот, оној што вкуси мед не би згрешил сè до зајдисонце. Ако, меѓутоа, некој поради завет кон истиот отец се обврзал да не јаде месо, нека не биде присилуван да го прекрши, зашто е напишано: „Заветувајте се и исполнувајте ги заветите на Господа, вашиот Бог.“ Во петокот, пак, поради страдањето на Господ и споменот на апостолите, нашиот вкус треба да се воздржува од сите месни јадења и од прекумерна храна, освен ако се совпадне со празникот на раѓањето Господово, Неговото Богојавление, празникот на блажената Дева Марија, празниците на врховните апостоли Петар и Павле, на свети Јован Крстител, на свети Јован Евангелист, на апостол Андреј — братот на носителот на клучевите од небото, како и на светиот првомаченик Стефан, ако тие празници паднат во петок. Зашто ако светата Црква или некоја верна душа на празниците на светците поставила постови или воздржувања што не се обврзувачки со вечен завет, тие можат да се разрешат, како што Господ сведочи во Евангелието велејќи: „Жената, кога раѓа, има тага; но кога ќе го роди детето, повеќе не се сеќава на маката поради радоста што се родил човек на светот.“ Така е и со светата Црква. Како што жената, кога ќе роди човек во овој свет, се радува, така и Црквата, раѓајќи го верниот народ за идниот живот, се исполнува со радост. Поради тоа и таа многу страда и се мачи во сегашниот живот, како жена што раѓа. Не треба никого да чуди што некој се нарекува „роден“ иако ја напуштил оваа состојба; зашто обично велиме дека човек се раѓа кога излегува од мајчината утроба во светлината на овој свет. Колку повеќе треба да се смета за роден оној што, ослободен од темнината на овој век, преминува во светлината на вечниот живот. Затоа, според црковниот обичај, свечените денови на блажените маченици и исповедници Христови, кои од овој свет преминале во живеалиштето на живите, се нарекуваат нивни „родендени“ (dies natales), бидејќи нивните празници не се празнуваат како денови на смртта, туку како денови на раѓањето за вечниот живот. Така и тие се родени за Бога, кај Кого сите живеат и во Чија рака се душите на праведните. Затоа, кога на светата жена ѝ се затвориле очите, таа повеќе не се сеќавала на маката поради радоста, зашто се родил човек во светот — односно во вечната светлина. Поради тоа, на нивното раѓање треба да се радуваме, а не да постиме, ниту да се воздржуваме, ниту да се жалиме, додека сме во оваа долина на солзи. Напротив, треба секогаш да се стремиме кон нивните заслуги и постојано да ги читаме нивните дела, сè додека не стигнеме до онаа ангелска свеченост кон која тие непрестајно се стремеле. Зашто нивната свеченост не е постојана, туку моментална, бидејќи болката едвај малку трае пред да заврши.
ezatua2kvkpq01vcd414tgux15ccrcn
Корисник:配合比全额更好(说说而已)
2
10232
22405
2026-06-28T20:52:50Z
配合比全额更好(说说而已)
4033
Создадена страница со: Здраво!Јас сум 配合比全额更好(说说而已).
22405
wikitext
text/x-wiki
Здраво!Јас сум 配合比全额更好(说说而已).
erv9lh1mrzlnbas6dj0otdgknmhnunq