Wikisource mkwikisource https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0 MediaWiki 1.47.0-wmf.9 first-letter Медиум Специјална Разговор Корисник Разговор со корисник Wikisource Разговор за Wikisource Податотека Разговор за податотека МедијаВики Разговор за МедијаВики Предлошка Разговор за предлошка Помош Разговор за помош Категорија Разговор за категорија Автор Разговор за автор Page Page talk Index Index talk TimedText TimedText talk Модул Разговор за модул Event Event talk Личната цареа ќерка и симиџиичето 0 10233 22411 2026-07-01T06:28:50Z Orce Wiki 3746 Создадена страница со: {{Заглавје |заглавје =Личната цареа ќерка и симиџиичето |глава = |претходна = |следна = |забелешки =Волшебна приказна. |автор = македонските народни приказни |текст= <poem> Си било едно момче главено на симиџии и си продавало по маала и по чаршија симиди. Ч... 22411 wikitext text/x-wiki {{Заглавје |заглавје =Личната цареа ќерка и симиџиичето |глава = |претходна = |следна = |забелешки =Волшебна приказна. |автор = македонските народни приказни |текст= <poem> Си било едно момче главено на симиџии и си продавало по маала и по чаршија симиди. Чунки непара му се продаале симидите низ градо, тргнало да оди и по селата за како од како да продаит поеќе симиди, за да го благодари мајстора си и да земи од мајстора му некој арен блаосов. И завистина многу се благодарел мајстор му и симињал капата од глаата, та го го блаошаал: — Ашколсун, бре калфа — му велел — со продавањево твое на симидите! Да знаиш, синко, оти ти чоек ќе бидиш, и ти како мене и повелико илјада, илјади пати и со стребрени и позлаќени лајци да сркаш! Ете толку ти велам, синко, и поеќе Госпо нека те возвеличи. Амин! Од тој блаосов што го слушало момчето, голема радос имаше и со голем ќеф работеше у мајстора си. Одејќи по околните села од градо, му текнало еднаш за да оди во некоја висока планинна, кај што работеле некој работници, за да продаи многу симиди. Одејќи низ планината, дошол да врви низ еден темен дол и глув, џан-џин немало,* дури за триста страои бил. Гледајќи оддесно и одлево во долиштето, туку еве ти една баба кај седит пред еден чекрк позлаќен, што сам си предел лен, дури да ти е мило и драго да го гледаш. — Со здравје, бре момче — му рекла старата — што е тоа што носиш на глаа? Ела вамо да видам де, ела и не бој се! И ако да му беше троа страв од бабата, чунки била со косите растурени, арно ама, сакало-некќело, ќе се вратело и је се вратило. — Симиди топли имам, бабо — је рекол — повели земи си и касни си некој, оти се топли. — Арно, бре момче, да каснам ми велиш — му рекла — ами што немам пари да ти платам после? — Здравје, мајче, здравје, ако немаш пари, ти биди ми жива! — је рекло симиџиата и ѝ ја сложило таблата пред неа да јади. — Момче бре, ја ај прво да се пазариме, да после симиди да јадам — му рекла. — Арно, мајко лели сакаш. — је рекло — ај да се пазариме лели сакаш. — Е, коа така ај ќе ти го даам овој чекрк што преди сам, за коа ќе се жениш да је преди лен на невеста ти. Колку симиди ќе ми даиш да изеам за да ти го даам? — Колку ќе можиш, мајко, да изеиш — је рекло — толку изеј и дај ми го чекркот за да речам Бог да прости мајка ти и татко ти што те родиле. Де, бујрум! — јади, дестур, колку ти носи утробата. Се курдисала бабата да јади и јала, јала, дури три-четири изела и му го дала чекрко, здиплен во една кутија, колку да се носи в пазуа. — Збогум, бабо! — је рекло и си кренало таблата на глаа, та се вратило и на друго место беше и испродало симидите. Си отишло дома и си го скрило чекрко. Другио ден пак отишол симиџијата со симиди во истата планина и врвејќи низ темнио дол, видел од другата страна едно дервишиште, со косите растресени, за страои Божји, седнат на една зелена трева, под едно дрво шаторесто и пред него имал една позлаќена тепсија, сета со бесценети камење редена и со бисери низана; око да не одвратиш од неа од гледање, од убаината незина; молскотеше како коа сонце да грееше од неа во тој темничав дол. — Ах, Господи, дали ќе имам к'смет да ја вчепкам онаа тепсија — си рекло само со себе — да 'и да умрам да не жалам! На тоа мислење и го видел дервишот и му рекол: — Каде со здравје, бре момче? Ја ела ваму да видам што носиш во таблата на глаа. Асли и момчето тоа бараше за да го викни, и му се вратило та му ја симнало таблата од глаата пред него и му 'и оцкрило симидите да 'и види. — Еве што носам, дервиш баба — му рекло — симиди топли повели земи си некој, касни, оти топли се и меки, тамам као за тебе стар чоек. — Арно, ама прво треба да се пазариме, да после да каснам. — Е лели велиш да се пазариме, дервиш баба, да се пазариме и толку — му рекло момчето. — Колку симиди ќе ми даиш да ти ја даам оваа тепсија? — Колку ќе моиш да изеиш, дервиш баба — му рекло и колку сакаш земи си. Коа зел тој изим дервишот од симиџичето му се навртел на топлите симиди да јади. Тоа ти јал, јал, дури пет-чес беше изел и толку. После је здиплил тепсијата во една кутија и му ја дал на момчето да си ја земи: — На ти 'а, момче, синијава и алаверсн и како цар да седиш и да вечераш на неа — му рекол дервишот. Си ја втупило в пазува тепсијата и си кренало на глаа таблата со симидите и збогум му рекло на дервишот и си отишло дома, та си је скрило и синијата в ковчег. Треќио ден пак дигнало таблата со симиди на глаа и прао тргнало пак во планината кај темнио дол да врви и се опулило оддесно и одлево, арно ама не видело ни баба, ни дервиш, ами чуло еден глас од зад него да му вика: — Море момче, ја врати се назад да видам што носиш во таблата на глаа покриено! Едно чуло гласот момчето, и се свртело да види кој го викат. Коа гледат еден Арап, кој си седел на една рамна рудина и пред него една позлаќена квачка со дванаесет пилиња и тие позлаќени, сите петровчиња, тамам за колење; тие петлиња и тие јаричиња да ти е мило до 'и гледаш; турли бе турли бои на пердуите; од светлината на пердуите како сонце молскотело. Квачката 'и вабела и му к'ткала за да јадат, а пилците пивкале и понекое од петлињата си пропеало, тој пусти глас од петлињата, што имало, ни било, ни ќе биди толку убао што пееле! Одејќи симиџиичето тамо, се здраоживиле и му ја симнало таблата пред Арапо со симидите и го поканило да јади од симидите: — Повели де, стрико, касни си од симидите дури се топли. — Оо, момче, ти благодарам му рекол Арапо на честа што ми ја праиш, иља дури не се пазариме, нема да јадам. Колку симиди ќе ми даиш да изеам за да ти 'а дадам квачката со дванаесетте пилиња? — Колку да моиш да јадиш, стрико — му рекло момчето — толку ќе ти даам и уште поеќе. Се навртел Арапо на симидите да јади и јал, јал, шес-седум симиди беше изел и беше се најал. — Е, да си ми жив, бре симиџијо — му рекол Арапо — што те донесе овде Господ во оваа пустелија кај што не стапила нога чоечка годиње и да ми донесиш овие топли симиди да каснам. Ај повели, земи 'а оваа квачка со дванаесетве пилиња. Нека ти се најди коа ќе се жениш, да ја радуаш невеста ти што ќе ја земиш. — Благодарам ти, стрико — му рекло момчето — на бакшишо што ми го даваш и збогум, стрико, седи ми со здравје. Си 'и собрало пилците и квачката во една кутија, та си клало во џебо и си дошло дома, та си ја клал кутијата во ковчего и си ошол кај мајстора си. Другио ден пак отишло со симиди в планина да продаа, чунки му се засладило од бакшишите што и доби. Врвејќи низ долот, разгледал насекаде за да види пак некој од тие што го подарија не видел. Тамам да го изврви долот и еве ти една девојка кај седи под едно дрво, на зелената трева што била со секакви миризливи цвеќиња; девојката била како некое сонце огреано; таа коса што имала позлаќена и долга доземи; во што да ја бараш, кусур немала. Пред неа стоела една урка позлаќена на едно столче и тоа позлаќено. Урката сама си предела. На тоа згора момчето не дочекало таа да го викни како што го викнаа понапре старата, дервишот и Арапот, ами само тоа је рекло: — Добро утро, убаа девојко, дали ти текнало да касниш некој симид топол, та да се вратам и да те подарам? — Е ај врати се, момче, врати се — му рекла девојката — и донеси да видам што имаш во таблата. Се вратило момчето и, откоа се поздравило со девојката и ја сложило таблата пред неа со симидите: — Еве што продаам, девојко — је рекло — симиди топли, де повели, касни си некој да видиш што се убаи. — Е арно, да каснам, бре момче, туку треба прво да пазариме, да после да јадиме. — Е добро, да пазариме лели сакаш — му рекло симиџиичето. — Џан'м, арно е да пазариме, ами што немам пари да ти даам? Трампа ако сакаш да напраиме со уркава? Колку симиди ќе ми даиш за неа да ти ја даам? — Колку ќе можиш да јадиш, толку ти давам, девојко — је рекло симиџиичето. Коа чула девојката тој збор од момчето, зела да јади от симидите и јала, јала, дури седум-осум симиди и толку. Зела урката и ја собрала во една позлаќена кутија сосемати столче, та му ја дала и му рекла: — На ти 'а оваа урка позлакена, момче, да ти се најди за да је преди на невестата како на некоа царица. Во тоа време момчето си помислило да је речит со некој маривет за да ја земит неа за невеста, арно ама од страм не можело да је речи и туку на часо беше се завила една виулица околу девојката и је кренало на облаци. Коа видело симиџиичето се зачудило и си рекло само со себе: „Бре, анас'н', оваа девојка зер била самовила, па јас сакав да ја сакам за невеста, арно е човек веднаш ништо да не зборуа дури не бројт десет. Ако бев је рекол за да ја земам, еден Госпо знаи како ќе ми речеше и што ќе ми напраеше." Мислејќи си така момчето, си тргнало за дома да си иди и се одбило на некоа страна, по некој села, 'и испродало симидите и си ошло прво дома, та си ја скрило урката во кофчего и си ошло кај мастора си. Утрото пак отишло во планината и, врвејќи по долиштето, се пулело насекаде да би да види пак некој како напред, арно ама го измина долот од крај в крај и се вратило назад. Неколку пати така напраило, арно ама ништо не видело и, откоа се уверило оти немало ништо, се вратило назад и си дошло при мајстора си. Една недела со ред што оди симиџиичето тамо, ништо веќе не видело и се арнисало за да одит. Работило, што работило у мајстора си момчето уште некоја година и посакало да излези од мајстора си. Си зело есапо и си излегло, та си отишло дома. Сичичките пари што беше спечалило, му 'и дало на мајка си. Кога видела мајка му толкоа пари многу, го спојмела да го жени: — Ај, бре синче, да ми те женам за да видам радос. Еве времето веќе ти дојде и ти замина. Другарите твој се оженија и деца изродија, а ти уште ерген кај си ми. — Мајко, јас ќе се женам, ама сакам да земам девојка што око чоечко не видело, што да 'а прилега за царица. Тоа нешто је го велело на мајка си како на шака, арно ама тој је го велел завистина, чунки царот од таа царштина кај што живеело момчето имал една ќерка за мажење, што око чоечко не беше ја видело. И едно утро беше се спремало и беше си зело: родано, тепсијата, квачката и урката, та беше отишло во царцкио град за да ја излажи цареа ќерка и да ја земи за невеста, ако је кабил. Одејќи момчето во царцкио град, прошетало некој ден низ градот и, откоа го изучи сарајо, a најпоеќе одајата што седела, цареа ќерка, си пазарил еден дуќан да седи момчето и да работи од секакви занаати. На дуќано згора имало една убаа одаја што била спроти одајата од цареа ќерка. Седнал во дуќанот момчето ѓоа ќе работи нешто и со прво ватило да праи чекркот. Работило некоа недела, делкало ѓоа нешто од чекркот да праит и еден ден напраил едно нешто от чекркот (роданот) и го кладе во равто да стои. По некој ден напраил друго нешто од родано и него го клал во равтот. Бидејќи нов дуќанџија беше момчето, секој кој ќе поминел и ќе се врател и ќе го прашал што ќе работи. Момчето му велело оти ќе праело чекрк сам да преди. Врвејќи пред дуќанот од момчето алајките од цареа ќерка, видоа некој од тие парчиња од родано и чуја коа велеше момчето оти ќе праи родан сам да преди и одејќи алајките кај цареа ќерка, је кажале за тоа нешто. Коа чула цареа ќерка тоа нешто, клала мерак да го види родано и секој ден 'и праќала алајките да видат дали вистина ќе напраит родан за сам да преди, али лажи, за неа да ја види со некој таков марифет. Едно утро го курдисало родано на пенџерето во одајата за сам да преди. Како секое утро што погледуала цареа ќерка во пенџерињата од одајата на момчето, така и тоа утро погледала и што да види, брате мило: родан позлаќен, да свети како сонце на огревање! Туку се вртел сам и предел, да предел! — Ах, Боженце мило, што беше она чудно чудо — си рекла сама со себе — што не било да биди: сам родан да преди; јас ја го купуам, ја ќе умрам! Брго-брго ја викнала една од алајките и ја пуштила кај момчето за да го праша колку пари је сакат на цареа ќерка да је го продаи. Отишла алајката кај момчето и го прашала: — А бре момче, колку пари је сакаш на цареа Ќерка за родано да је го продаиш? — Со пари не го продаам, девојко, да је речиш на цареа ќерка. Отишла алајката кај цареа ќерка и је кажала оти со пари не го продаало. Пак ја пратила да го праша, и тогај је рекло момчето да дојди сама цареа ќерка у него во одајата само да ја видит и без пари ќе и го даит. — Ах, проклето момче, пак имат некој маривет за да ми праит — си рекла сама — што ме сака тамо да одам и само да ме видит, бадијала ќе ми го даит родано. Тоа саде не бидуат, да ми прости! Оди, мори алајке, кај она момче, што го има родано и да му речиш: колку за да ја видиш цареа ќерка, да си измиеш рацете со расолница, да после да ја видиш. Колку момчиња сакале да ја видат и колку пари поарџиле и пак не ја виделе, да ти сакаш да ја видиш за еден родан! На тие зборови од алајката што му 'и рекла, ич не се докачило момчето, ами се изнасмеало и ништо не је рекло, ами чесно ја испратило. Си ошла алајката и је кажала на цареа ќерка оти момчето само се насмеало и не се докачило од збороите што му 'и рекла. При сè што цареа ќерка таквие зборои му пратила на момчето, пак ката утро се пулела во од момчето одајата, да го гледа родано кај преди сам. — Ах, Боженце мој, дали ќе го клаам в рака оној родан, дали ќе умрам? Оди, мори алајко, кај роданџиичето и речи му нека го донеси овде и нека ме види за да ми го даит. Отрчала алајката и го викнала момчето у цареа ќерка. Кога влегло момчето во одајата од цареа ќерка и је видело лицето, на големо чудо станало на убаината незина. — Е, момче, али ме виде? Дај го сега родано и ој си да напраиш некој друг маривет и пак да ме видиш. Је го остаил родано момчето и си отишло на дуќан. Курдисало да је праи тепсијата и је клало на пенџере да је гледа цареа ќерка. Едно утро кога беше ја видела тепсијата да молскоти, на чудо беше станала и брго-брго ја пуштила алајката цареа ќерка да ја донеси тепсијата момчето. Штом му рекла алајката на мочето, и тоа отишло. — Е, момче, ќе ми ја продаиш, таја тепсија, али ќе ме видиш пак и да ми ја даиш. Тие зборои коа му 'и велела цареа ќерка, била скриена. — Ти 'а давам, убаа девојко — је рекол — ама ако се слечиш до гради да те видам. „Море, ако сакаш сета гола види ме и никаква фајда ти ќе немаш — си рекла сама со себе — само дај ја тепсијата ти." Му се слекла, и му ја зеле тепсијата. По некој ден ја курдиса квачката со пилците, и едно ја видела цареа ќерка, пратила алајката и го викнала, та му ја зела откоа ја слекол до појас гола. Најпосле ја курдиса урката и коа ја видела цареа ќерка, срце беше ја ватило за неа и брго-брго беше ја испратила алајката да го викат момчето сосе урката да му ја купи. Арно ама момчето отишло без урка. — Каму ја урката, момче — му рекла — оти не ја донесе овде? — Урката ќе биде за невестата моја, коа ќe ce женам — је рекло — цареа ќерка, затоа не 'а донесов. И си ошло на дуќан да си седи и ѓоа нешто да работи. Поминало некое време и се прочула цареа ќерка за родано позлаќен и за друзите работи по сите царштиње, а најпоеќе за незината убаина што ја имала, та му дојдоа од сите царцки синои стројници да ја сакаат. Едни ја сакале со арно, а друзи со лошо, што му се фалеле ако не му ја даит на фиљан цар, ќе отворел џенг со татка је на девојката. Коа виде и чу татко је тие абери, баеги беше се уплашил и измислил еден маривет да се куртулиса од бељата и му рекол на стројниците: — Слушајте вамо, стројници, јас ќерка ми ќе му ја даам на тоа момче што ќе можи да је погоди што нишан има на снагата. Се расчул тој збор од царот по сите царцки синои и распратија луѓе во царцкиот град и во друзи градои и села да прашаат што нишан имат цареа ќерка. Прашаа, прашаа пратениците од царцките синои по сите градои и села, нигде чоек не најдоа да знаит што нишан имат цареа ќерка, чинки никој не беше ја видел откога беше се родила. Откоа видоа оти не можат да најдат чоек што да му кажи што нишан имат цареа ќерка, измислија со лага да је го погодуват нишано и му ошле на царот да му погодуват. Влегол при царот еден царцки син посакал да му го погоди нишано. — Слушај вамо, момче — му рекол царот на царскио син — ако је го погодиш нишанот на ќерка ми, ќе ти ја даам за невеста, ама ако не ѝ го погодиш, ќе ти ја сечам глаата. Ете тој ми јет законот. Сега мисли и кажуј што нишан имат ќерка ми. Коа чул царскио син тој збор от царот, си наведил глаата и молчејќи си излегол надвор застрамен. — Еј момчиња, царски синои, знаите што ми рече царот? — му рекол на друзите царски синои, што чекале надвор да влегуаат. „Ако можеш да је го погодиш нишано на ќерка ми, ќе ти ја даам, ама ако не можиш, глаата ќе ти ја сечам." Велејќи царот тој збор, се уплашив и си излегов страмен. Да и вие, пријатели, мислете сега и влегујте кај царот да погодуате по тавмин, страмни ќе си излезите. Поарно не влегујте, одошто ќе влезите. Кога чуја тој збор царцките синои, сите се омрцлаиле и замавтале со глаите. Тука било и симиџиичето, за сеир да гледа и му се пофалило на царските синои оти тој је го познал нишано на царската ќерка и тој ќе излегол пред царот за да му кажи. Арно ама кој знаи дали ќе му ја даит дека е сиромав. — Царот не гледа на сиромав и на богат — му рекле царските синои на симиџиичето — ами тој си го дал зборот по цела држаа негоа и по целата земја, за кое момче ќе је погоди што нишан има ќерка му, нему ќе му ја даел. Ете така кажал, момче, царот и ако знаиш што нишан имат цареа ќерка на здраво, влегуј кај царот и кажи му да му ја земиш барем ти, да ако си сиромав и со тебе ние ќе си го покриеме страмот, чунки неќеше да 'а даит на царски синои приказани, без да е гаѓаат нишано, ја даде на еден сиромав. На тие зборои симиџиичето му се шукнал кај црот и, откоа му се поклонило, му рекло: — Честити царе, јас сум чул оти ти си издал еден збор од устата твоја и верувам оти тој збор што излегуа од твојата уста, назад не се враќа. — Така си ет, момче — му рекол царот — и кажуј што сакаш да кажиш? — Кажуањето мое, је, честити царе, за нишано од ќерка ти да је го погодам. — Слушај вамо, момче — му рекол царот — слободен си да је го гаѓаш нишано од ќерка ми, и ако је погодиш бездруго ќе ти ја даам, ама ако не је го погодиш, на часот глаата ќе ти ја скастрам. — Повелата је ваша, честити царе! Сега узнав оти зборо твој назад не се враќа. Ќерка ти твоја, честити царе, нишан чуден има на десната боска, една брадаица бисерна и на брадајцата три влакна позлаќени. Ако е така, честити царе, дај ми 'а за невеста, а па ако не је така, сечи ми глаата. Коа чул царот тој збор од момчето, веднаш ја донесол ќерка си од другата одаја и му ја дал за невеста. Коа го видела цареа ќерка него, многу се израдуала, чунки ќе му ја даело и урката. Курдисал царот свадба како на цар што да прилега и си ја венчало симиџијата, та си се сторил царев зет. Си ја довикало и мајка си и си живеале царски и господарски. По смртта на царот се воцарило симиџиичето. Ете, коа да му помага к'смето на чоека, како се праи од симиџија на цар и на господар, ама да ет и од мајстор блаосоен. </poem> }} :Белешка :*) Ниту душа жива имало од некој самовили или од друзи некои вештици. {{ЈС-непознат}} [[Категорија:Македонски народни приказни]] [[Категорија:Народни приказни собрани од Марко Цепенков]] n4o0l57sf2d98y71l22v8mo8lmvwg6n