Wikisource
mkwikisource
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0
MediaWiki 1.47.0-wmf.4
first-letter
Медиум
Специјална
Разговор
Корисник
Разговор со корисник
Wikisource
Разговор за Wikisource
Податотека
Разговор за податотека
МедијаВики
Разговор за МедијаВики
Предлошка
Разговор за предлошка
Помош
Разговор за помош
Категорија
Разговор за категорија
Автор
Разговор за автор
Page
Page talk
Index
Index talk
TimedText
TimedText talk
Модул
Разговор за модул
Event
Event talk
Маштеа што најде кај мажа е две деца
0
10212
22368
2026-05-28T12:58:01Z
Orce Wiki
3746
Создадена страница со: {{Заглавје |заглавје =Маштеа што најде кај мажа е две деца |глава = |претходна = |следна = |забелешки =Волшебна приказна. |автор = македонските народни приказни |текст= <poem> Си останал еден чоек вдовец со две деца, едното машко, другото женско, чунки му умр...
22368
wikitext
text/x-wiki
{{Заглавје
|заглавје =Маштеа што најде кај мажа е две деца
|глава =
|претходна =
|следна =
|забелешки =Волшебна приказна.
|автор = македонските народни приказни
|текст=
<poem>
Си останал еден чоек вдовец со две деца, едното машко, другото женско, чунки му умрела жената.
Откоа му се смачило вдоец, станал та се преженил и погодил една жена многу лоша. Од првиот ден што беше влегла в куќа, сопрво 'и запизмила децата, та беше 'и ватила да 'и тепат и да 'и мачит на најтешки работи; на два дни, еднаш малце лебец му давала.
Сироти деца многу време трпија и неќеа да му кажат на татка си за маката што му дааше мајка му, арно ама веќе не можеле да траат, чунки беа и големки, да се знаеја, и најпосле се созборува и му кажаа на татка си за се како што му праела мајка им. Откоа разбра пустио татко оти до толку 'и мачела жената му децата, ја скарал и ја намразил многу, чунки му паднало мака за децата.
— Ах, кучиња од кучка окучени — беше рекла — ја ви идам до акот ја умирам! Чекај да видите вие што ќе ви напраам!
Од тој саат како и ватила да 'и тепат и да и клеветит на мажа ѝ и го сторила мажа ји што да и отепат децата; ватил и тој после да и тепат и да и карат. Завали деца живи в гроб лежеа од пусти маки; наместо една мака што имаа од маштеата, после се роди уште една мака од татка му; наместо тој да 'и милуат, тој 'и запизмил поеќе од жената си што и пизмела.
Мислеа, шестаа сироти деца: друго не бидуа, си рекле, ами бегање 'и перело. Си зедоа чешелот од мајка си, и огледалото и наплитците од плетенките, и едно утро рано беа избегале од дома.
'И побарала маштеата да му даит измет тежок да праат. Не беше 'и нашла; по некој час дошол мажот је и ја нашол смуртена и налутена, Боже чувај, брате!
— Што си без ќеф, мори жено — ѝ рекол тој — ja кажи ми што нешто ти сторија тие кучиња деца?
— Е, што да ти кажам, бре никаквику, ете тоа — кучињата твој ми пленија ковчегов и избегаа кој знае каде!
Кога чу тој опојан од лошата своја жена, грабнал еден нож и му се пуштил да 'и втаса и да 'и заколи, втасал, та биши дал вик по нив:
Трчал, трчал што да можи и не можи и 'и привтасал,та беше дал вик по нив:
— Стојте, бре кучиња, кај бегате, да ве прашам jac?
— Оф, бре брате, загинавме сега дури, ене го, ене го тате кај трчат со нож в раце! Можи да не заколи сега, што правиме сега, брате? — му рекло девојчето.
— Фрли го, мори сестро, чешело од мајка — ѝ рекло брат је белким ќе нè избавит.
Го врлила чешело и се сториле едни трње како некоја корија, та му го препречиле патот на татка си. Одошто беше лут татко му многу, му викнал со ножо да сечи. Сече, сече, беше 'и пресекол и беше му се пуштил по нив да 'и ваќа и да 'и заколит.
Сиромашките деца кога се обѕрнаа назад, ете му го татко му кај туку трчат, и туку му се валит ако и втаса, ќе 'и заколит.
— Фрли го, мори сестро, огледалото од мајка, белким ќе нè избавит!
Го врлила огледалото сирото девојче и веднаш беше се сторило едно езеро. Дошол пусти татко до езерото и беше влегол да плива, чунки беше знаел; пливал, пливал и беше го препливал езерото, а по нив!
— Оф, бре брате, сега дури загинавме, оти јас сирота веќе постанав!
Тоа рече и си седнала наземи да го чека татка и да ја колит со ножот што го носел в раце. Ѝ свикал брат је:
— Стани, сестро, да бегаме, ете го татко, ќе те загубит, ја врли 'и, сестро, наплитците од мајка, можи тие да не куртулисаат.
— Уу, вистина, брате, јас сум 'и забораила в пазуа од пустите страои от татка! Ја чекај да 'и врлам наплитците.
'И изваила наплитците и 'и врлила на патот, та се сториле едни змии и смокои, што Господ да те чуат, од страшни што беа.
Кога 'и видел змиите, беше се уплашил и не могол да и преминит, ами беше се вратил назад. И така куртулисаа сироти деца да не загинат од татка си, што бил надупен од лошата маштеа.
Си тргнале да си патуаат, и тие не знаеја кај одеа.
Одија, што одија и му се припило вода на машкото. Бараат по патот, над патот, не можат да најдат некое изворче. Барајќим беше видело детето една од мечка стапалка, полна со вода дождоа и се наведило да се напиет.
— Немој, бре брате, не пи од мечкината стапалка, да не нешто се сториш мечка.
Ја послушало сирото дете сестра си и не се напило. Пооддија потамо. Нашол една свинцка стапалка и од неа не го остаила сестрата да се напиет. Поодија уште троа и нашле една стапалка од елен, полна со вода. Не ја послушало сестра си и се наведило, та се напило и веднаш се сторило еленче.
— Оф, бре брате — му рече сестра му — коа ти велев јас да не пиеш вода од еленоата стапалка, ете сега се стори елен. Ами сега како ќе живеиме двата? Лелех, лелех, јас сирота, кај ќе одам сега сама?
— Не бој се, сестро — му рекло еленчето — jac кај ќе умрам, тамо и ти ќе умриш.
Поодија до некаде и ете ти една чешма и до чешмата едно дрво јаороо, високо до облаци ти било.
— Сестро мори — му рекло еленчето — ај ти качи се на дрвоно, горе, за нешто да не те изеит ноќеска, да утре дај Боже здравје, ќе ти донесам нешто јадење да си касниш.
— Арно, брате — му рекла сестра му — туку те молам да ме поткачиш со рогоите на дрвово.
Ја поткачило еленчето и се одбило во шумарите да си лежи ноќта. Спаа, како спаа, веќе тие знаат.
Утрото рано ете ти 'рти и загари, беа го надушиле сирото еленче, та беа ти го бркнале да го лајат; тоа бегај, тие трчај и дошло кај дрвото јаороо, кај што сестра му беше вкачена. Опна сирота да се вкачи по дрвото кај сестра си, ѓоа тамо да куртулиса од 'рти и загарите, арно ама пусти нозе и раце се копита, тики не могло да се вкачи и се вратило назад да бегат, та прао на пусијата од царцкио син кај што чекал да го устрелит. Едно му ја свртел стрелата да го устрели и видел на глаата од еленчето ангел божи со крстата бајрака в раце и му мавна со раце на сина му од царот да не врлат со стрелата*.
Кога виде царцкио син тоа чудо, многу се уплашил и од тој саат веќе беше се арнисал да лоит лов и го остаил еленчето живо.
Си зел коњо и си пошол кај изворот да се напиет една вода тој и да си напоит коњо. Го навртел в корито да го напоит. Едно се навртел коњо и веднаш фукнал назад. Бре моли, бре коли да се напиет — коњот неќел; се наведил царцкио син да видит во водата што има што некел коњот да се напиет. Кога гледат сенка од девојка, што се пресенуало од девојчето што било на дрвото. Се опулил наугоре и ја видел кај си седела на една гранка; се зачудил на незината убаина и голема милос врлил на неа. И викна да слези од дрвото долу за да ја прашат од каде ет и заошто се качила тамо. Арно туку девојчето ни баре му се пулело на царев син, а не да слезит. Сепере (само) си плачело и си жалило, дека на толкуа маки дошло од пустата маштеа.
Откоа видел царев син оти не слегуала, кладе луѓе да го сечат дрвото кај што беше вкачена; секле, секле цел ден и го остаиле за утрото уште троа да го досечат. Ноќта дошло еленчето и го лижело, лижело дрвото кај што беше сечено. По повела Божја, пак се здебелило колку што си било понапред и биле уште поеќе. Неколку дни така беше го секле и еленчето се го лижело и се здебелуало. И јадење на сестра си ноќта му донесуало, да си јади и да си живеи.
Виде царев син оти не можит да пресечит дрво јаороо, појде при една баба да му ја симни со магии. Бабата му се наватила и си зела маѓиите, та пошла под дрвото кај девојчето, та запалила еден огон. Клала пирустијата на огнот опаку, клала котлето и тоа опаку, клала тарунот наопаку, клала ситото да сеит брашно, и тоа наопаку, и брашното коа го сееше — едно паѓаше на тарун, друго наземи се растураше, ѓоа слепа била, та не можела да меси.
Како се мачи итрата, ѓаолеста баба со сеењето брашно — со саати! Девојчето гледат од дрво и ја пожала итрата баба, та ѝ свика одозгора:
— Немој така, бабо, бабо, не се сеит со од опаку ситото, пирустијата и котелот и тие сет наопаку, преврти 'и на лице!
— Оооф, мори златно ќерче на баба, ако си од мајка родена, те молам и те преколнуам за мајка ти и за браќа ти, сите да ми ти се живи и умрените Бог да ми ти 'и прости! Аман, ќерко, слези еден час да ми понаместиш, оти пусти очи не ми гледаат, од пусто плачење и жалење по моите девојчиња што ми умреле и сум останала сама кукајца! И заошто сум останала кога немат да ми поможит, да месам леб и да му однесам на аргатите што ми жнијат пустата нива со 'ршсцата? Ти се молам, ќерко, слези, стори ми едно добро и не ти требат на аџил'к да оиш!
Кога 'и чу тие итри зборои од бабата девојчето, многу беше ѝ се нажалило и беше слегла да 'и испра-ит на бабата работите.
Царцкио син беше бил скриен уште од ноќта во шумарот и беше се пуштил, та ја ватил девојката за рака и во истото време дошло еленчето да си ја види сестра си. Свртел царев син стрелата да го устрели еленчето и му ја ватила девојката раката, та му рекла:
— Аман, брате, ти се молам, немој да го устрелиш еленчено, оти тој ми е мене брате, ние сме избегани од лутината на татка, што не наклевети мајка ни.
— Не бој се, убао девојче, не ти го тепам брата ти еленчето и сите овие маки што си ји тргала биле за да се сториш царица, оти јас сум царцки син.
Си ја зеде неа и еленчето, брата е, и си ја однесе дома, та си ја венчал за царица и еленчето си го чуал.
На годината ѝ се роди едно дете машко, со сите белези што имал брат ѝ. Му кажала на брата си оти родила како него во лицето и во сите белези што имал брат је дете. И еленчето многу се израдуало.
Поминало некое време и било од Бога здано да умри еленчето. Кога се поболило, му рекло на сестра си:
Слушај вамо, мила моја сестро, еве јас сум болно и можи да умрам; ама ако умрам, на душа ти остаам, ако ме закопуаш на гробишта, јас сакам да ме закопаш во стреде во градинана и да знаиш оти од обата рога ќе ми никнат две јаболкници: едната јаболкница ќе раѓат јаболка бели, а другата црвени. Од белите да даваш на жени да јадат и да оздравеат од секакви болести, а од црвените да даваш на мажи, и од секакви болести да оздравеат. Ама секој болен, али болна, сами со своја рака да си скинит и да си јадит, и ако му даваш ти со твоја рака, не е возможно да оздравеат болните.
Се испростија со сестра си и една вечер беше си умрело еленчето. Сестра му беше си достојала на зборот, та беше го закопала в градина и беше никнале две јаболкници, како што рекло еленчето кога било живо.
Раскажала царицата на светот за кој што е болен, да оди и да оздравеит. Се расчуло по цела земја оти у тој цар имало јаболкница што лекуат од секакви болести. Што било живо, болни отишле и се излекуале.
Сполај му на Бога, бидејќим прави судија, беше му дал една болес на маштеа е многу лоша, беше ја ватила од раце и од нозе, како некој ќутук се валкала дома, а па татко е беше го ватил од десната рака да не можит ништо да ватит, дека 'и бркаше децата со ножо в рака да 'и колит.
Чул татко му на царицата оти имало кај царот јаболка што здравееле секакви болести и станале та отишле и се преставиле пред царицата. И царицата 'и внесла в бавча да си скинат од јаболката и да каснат. Арно ама пусти раце ватени од маштејата, не можела сама да си скинит. Се мачила, се трудила, не можела. Му се нажалило на царицата и му клала една скала да се качит и да си скинит, арно ватила маштеа му едно јаболко со рака, тргнала да го кинит, тргала што можила и не можила и не било возможно да скинит. Му дала царицата едно ноже да пресечит и со ножето не се секло. Се чудила царицата оти да не се кинит и да не се сечит јаболко. Се качил татко е, и тој не можел да скинит.
— Море татче, и ти мори мајче, ќе ве прашам нешто, ама прао да ми кажите, одошто вака сте се улогаиле, што јаболкницата не ви дава јаболко да скините, да да оздравеите?
— Оф, честита царице, од лош грев што сум сторила. Никоја мајка али маштеа не сторила јас што сум сторила на две деца што му 'и најдов на мажа ми. И бив, и карав, и што е најлошо му праев да од тоа вака ме накажа Господ, сполај му — ѝ рекла.
— Ами ти, бре татче, одошто?
— И јас, честита царице, од мојте деца што 'и избркав од дома, со гол нож в раце, да 'и заколам, туку сполај му на Бога, ми го препречи патот прво со трње и езеро и најпосле со змии, да ми се избавија од раце децата, тики од тој саат се ватив од ракава, така и жената ми. Ете тој ет нашиот грев, честита царице.
Дури си искажале греоите, беше бил и царот тука, та беше слушнал и што беа кажале татко е и мајка е на царицата.
— Ај сега качете се — му рекла царицата — да видите дали ќе можите да скините јаболко — му рекла царицата.
Едно посегнале со рака да скинат и веднаш си скинале јаболката, каснаа по едно и оздравеа.
— Еј мајко, виде оти правдината се танчи и не се кини? Еве ја сум ти паштерка ти што ме толчеше по глаа како некоја змија и сакаше да не загубиш, да не немат со брата ми. Арно ама еве мене Господ ме стори царица, и брата ми еким, да лекуат цел век.
Се сврте откај татка си и му рече:
— Дај, татко, да ти целивам десницата, со таа што сакаше да ме колиш кога ме бркаше со ножо.
Кога чу татко е, на чудо беше станал и ја грабнал плачејќим, та ја избакнал и ѝ посакал прочка да го прости за грешката што 'и сториле.
— Еве вака да знаиш и ти, мајко, оти кога да сакат Господ да не погубит чоек, нема што да му сторит чоек; ете и друго да ти кажам: оти Господ, сполај му, сакаше да се стори брате еленече и да умри, та овде си го закопав и од двата рога му никнаа овие јаболкници што се излекуавте вие.
Од тој саат си 'и запреа обата старци да си седат во царцките дворои, арно туку на маштеата никако не е се стопли срцето, дека паштерка и ја гледаше царица и од посиноко е да се лекуват целиот век. Колку години што живеела, при сите царски убаиње што имаше, севезден живееше со офкање, одошто имаше клето срце; така, така, дури живеа, ич лице незино не се насмеа. Кога дошол саатот да умират, четириесет дни бара душа, да после умре.
Волкот длаката ја менуат, а ќудта не ја менуат. Така и пустата маштеа беше живеала дури умрела.
</poem>
}}
:Белешка
:*) У нас старците веруаат оти секи елен има на роговите барјаче со крс и од тоа ловџија се боит да го убиет. Во детинство бев во село Стровил во време жетва, не знам како беше паднал еден елен на село од планината и дадоа вик жнијачите по него, а еден селанин близу до куќата жниеше во една ограда, влезе дома и грабна пушката, та го пречека елено и го уби. Откоа падна, дотрчавме сите да видиме, дотрча и тепачот.
— Дојди, сурче — рече — зер од мене ти беше смртта?
— Се поистаи малку чоекот, та падна и си умре.
— Ете, којшто врлат со пушка на чесен крс што го носит ангел Божи на еленот, ангело му вадит душата — рекоа старците.
{{ЈС-непознат}}
[[Категорија:Македонски народни приказни]]
[[Категорија:Народни приказни собрани од Марко Цепенков]]
hqx8vhyja8h5cw4yxz69gfa6xh7b8bp