Wikisource
mkwikisource
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0
MediaWiki 1.47.0-wmf.5
first-letter
Медиум
Специјална
Разговор
Корисник
Разговор со корисник
Wikisource
Разговор за Wikisource
Податотека
Разговор за податотека
МедијаВики
Разговор за МедијаВики
Предлошка
Разговор за предлошка
Помош
Разговор за помош
Категорија
Разговор за категорија
Автор
Разговор за автор
Page
Page talk
Index
Index talk
TimedText
TimedText talk
Модул
Разговор за модул
Event
Event talk
Умот и к'сметот
0
10221
22379
2026-06-09T05:35:15Z
Orce Wiki
3746
Создадена страница со: {{Заглавје |заглавје =Умот и к'сметот |глава = |претходна = |следна = |забелешки =Волшебна приказна. |автор = македонските народни приказни |текст= <poem> Си било едно момче будалесто и многу сиромашко. Многу пати си легнуало гладно, ошто немало парички да с...
22379
wikitext
text/x-wiki
{{Заглавје
|заглавје =Умот и к'сметот
|глава =
|претходна =
|следна =
|забелешки =Волшебна приказна.
|автор = македонските народни приказни
|текст=
<poem>
Си било едно момче будалесто и многу сиромашко. Многу пати си легнуало гладно, ошто немало парички да си купи леп. Ако не го поткрепуале комшиите со леб и да не му давале понекоаш по нешто работа по дома: коа дрва да нареди, дрва да пресечи, вода да им залеи и друга работа, што била многу долна, и да му даваат по некоја пара за да си купуат леп, одамна ќе беше умрело тоа будалесто момче. Арно ама тие комшии биле милостивни, тики го пожалуале и го погледуале. Многу пати го здружуале со некои дрварчиња и го праќале в орман да збира дрва со едно магаре за да се алаштиса и да бидит и тоа домаќин, како што бил некоаш и татко му. Арно ама никако не напредуало момчето во работа, — учи, учи, тиква бучи, што рекле стари. Чунки го калале комшиите, тики набрго го поучуале за да напредуат во работа, оти е веќе голем.
Како што секи чоек имат и ум и к'смет, така и момчето имало. Арно ама и двата беа го изостаиле, тики си било така како избудалено, оту ако имаше еден од двата, ја к'смето ја умо, па не ќе беше дотамо. Откоа беа го остаиле умо и к'сметот момчето, никако не беа се здружиле двата за да се видат и да си прогоорат помеѓу себе нешто за момчето. Талкајќим умот и к'сметот по ќеот нивни, се погодило еднаш да се стретат:
— О, о побратиме уме — му рекол умот на к'сметот — море како се изгубивме вака толкуа време, што не сум те видел! Кај туку талкаш бре?
— Кај што талкаш ти, тамо и јас — му рекол умот на к'сметот — заошто ме прашаш? — Море мошне арно знаиш ти заошто те прашам, туку неќиш да кажиш — му рекол к'сметот.
— Али за момчето наше, што сме го остаиле двајцата за да биди будалесто? — му рекол умо. — Ете за тоа де, видиш како знаиш — му рекол к'сметот. — Море, ај да му поможиме, бре уме, за да му напредни, оти страмота је за нас да го остаиме онака.
— Ајде, лели велиш ти — му рекол умо — да му помогниме.
Откоа беа се зговориле умо и к'сметот, почнале да му работат на момчето, и на часот се изитрило и ер што работа ќе ватело, ќе му напредуало. Сопрво зело едно магаре и отишло в планина, та одило од бука на бука за да најди некоја бука поедра, да ја пресечит и дрва да си тоарит по арни, за поеќе пари да чинат, а не како напред, што собирал дрва танки, што да се продаваат за грош и педесе пари. Нашол една такваа бука и је легнал да ја сечит. Едно ја пресекол буката и туку беше се истуриле парчиња од алтан. Не 'и познало момчето оти сет алтан парчињата, чунки до тогај не беше видело парчиња од алтан. При сè што не беше видело, пак си 'и собрало во торбата што си носело лебо и си тоарило дрва, та си дошло дома. Тоа нешто к'сметот му го наврте.
Бидејќи било тогај и разумно, момчето си рекло со умот да земи едно парченце од златото и да појди кај некој куменџија за да го прашат што ет тоа нешто и колку пари чинит.
Куменџијата го стругнал парчето од златото за да го види што е и, коа го удрил на менкташо, излегло сафи злато, и се удрил на пазар со момчето. Арно ама момчето го сетило куменџијата оти чини многу тоа нешто, што неќел дури да му го даит.
— Сакај пари, бре момче — му рекол куменџијата — колку сакаш? И продај ми го ова парче туч, дека мене ми требат за работење.
— Не ми е за продаање, мајсторе — му рекло момчето — само сакам да се научам колку пари чинит, да пак ќе си го однесам дома, чунки ми е останато мираз од татка.
Му дал куменџијата една цена, при се што не му го продаало момчето златото. Коа чуло момчето толкуа пари што му дал куменџијата, се сетило оти треба да чини уште помногу.
— Чекај да прашам и на друго место — си рекло момчето со умот — лели дават овој олку, друг може да даит уште поеќе.
Му го зело од куменџијата и отишло кај друг, кај треќ и најпосле кај некој сараф, та го продало златото за многу пари и си отишло дома со пари.
„Овие парчиња треба да сет алтан — си рекло со умот момчето — јас треба да одам во друг град за да прашам колку пари чинат и да и продаам поскапо за да не се излажам; оти чоек што се лажит, за страмота јет от тие што го лажат."
Си го зело момчето златото и тргнало од град на град да одит и да го продаат. Во еден град ако продаеше едно парче за илјада грошеи да речиме, во друг — за две илјади; во треќе — за три илјади. И така одејќи од град на град, дошло дури во царцкио град и тамо веќе беше го допродало сето злато, та беше се сторило прв богат во тој град.
Умот и к'сметот се по него оделе и му помагале. Откоа поседело неколку дни момчето во царцкио град, преесапило да ватит некоја трговија за да 'и намножи парите што имало. Гледајќи низ чаршија по дуќаните свет што купуаа кому што му требало, се преесапило и тоа да ватит неколку дуќани и да наклаит таквие стоки за да бидит тргоец. Ватило неколку дуќани и накупило турли-бе-турли стоки и наполнило дуќаните, наглавило измеќари и се курдисало како баш тргоец во царскио град да продаа. Сите што го видоа се чудиле на негоото богасто и на негоата личотија и умнотија. Секој имал ќеф од него да купуаат стока, едно што многу стока имало, друго и поевтино што давало и друго ошто било момчето умно, разумно и со слатка лакрдија што 'и пречекуало. Ал'ш-вереш страшен беше фатило да праит и се прочуло по целио град.
Многу нешта што му требале на царот за војската, оделе откај него да купуаат. Со денеска, со утре, беше го теклифил еднаш царот да го стори таинџија за да му дават се што треба за војската, и тоа беше приимало, та се сторило таинџија и давало таин токмо една година време, без да посака пари од царот. Се чудел царот на тоа момче дека било токму богато, чунки една година време не му посакало пари, како што му сакале друзи таинџии на секи месец пари. На тоа згора го викнал царот момчето на годината за да сторат есап и да му плати, да за напред, ако се погодат, пак да му биди таинџија. Откоа му платил и му натплатил царот, се погодиле пак за напред да му бидит момчето таинџија на царот.
На ќеот згора, царот напраил едни гости и поканил сите садријазами, паши, големци, сите старци што биле покрај него, и момчето го канил за и тоа да бидит на гости. Коа видело момчето оти го кани царо на гости, отишло на баш терзијата и си кроило еден кат алишта, за како пред цар коа се оди на гости или на свадба и се променило, се накитило, што ај ми си оди, да ти види око; да го грабниш и да бегаш, — и му ошло кај царот на гости.
Умот и к'сметот, ер кај да одеа, од него мислата не ја оставаа и се му работеа за да напредуат.
Одејќи момчето у царот на гости, седнало на трпеза покрај друзи млади паши и тоа, како некој голем господар. Одошто беше лично и умно, тики како некој ангел прилегаше во лицето. Сите што биле во одајата — на сите во него беа му останале очите.
Откоа јале и пиле, влегла царицата за да почестит гостите и да му речит добре дошле. Крај царицата дошла со неа и ќерка је да 'и видит гостите. Едно беше го видела момчето, и на срце беше ѝ останало. Излегуање од одаја царицата со ќерка си, и ја спојмела мајка си да ја даит за невеста за тоа момче.
— У, у, ќерко, не зборуј така, ами ич те дават татко ти за тоа момче што јет таинџија? Татко ти ќе ти даит за некој царски син што да му је акран нему, а не за сиромав — је рекла царицата, као нажалено.
— Веруј, мајко, оти на срцево ми остана тоа момче — је рекла плачејќи момата — ја него ќе ми го земите, ја в неола ќе се врлам и друго чаре не бидуа. Ем жими младос, мајко, еве ќе ти се заколнам, до утре ако не ме свршите за тоа момче, да знаите оти сама себе јуда ќе се сторам, и вие на душа да ме имате и на тој век џуап да ми давате!
Вака велејќи цареа ќерка, отишла и се затворила во една одаја и легнала да плачит.
Откоа си ошле гостите, му кажала царицата на царот за тоа нешто, и царот ја кандисуал да ја даит керка си за некој царски син. Арно ама ќерка му ич слуша тоа што је велел татко је и мајка је, кога работеле од момчето умот и к'сметот?
— Или него, татко, ќе ми го земиш — му рекла — или ќе се отрујам и друго чаре не бидуат!
При сè што царот је велел за друго момче да ја земит, пак тоа го сакал и тој, ако било од долен сој. На тоа згора је рекол на царицата:
— Честита царице, ај да си го даиме девојчето кај му је незе на срце за да ни биди здраво и живо и весело, да ако не је момчето од царско колено.
— Е, лели велиш ти, честити царе — му рекла царицата — да го дајме, и толку. — Ела, мори ќерко — ја викнала царицата ќерка си од одајата, кај што била затворена и плакала ела овде при мене и при татка ти, и ај нека ти биди ќеот: еве ќе те свршиме за тоа момче. Ај оди измиј се образ и дојди да му бакниш рака на татка ти и мене, за да ти речиме: да ти је аирлија момчето што ке ти го свршиме.
Коа чула тие зборои цареа ќерка од мајка си и од татка си, со голема радос отрчала и се измила образ со раки-сапун, се истрила со ќесето убао и дошла пред татка је и пред мајка је, та му се поклонила и му бакнала рака. И брго-брго пратија по момчето да дојдит и да му кажат оти ќе му ја даат ќерка си нему за да му биди домазет.
Дошло момчето кај царот и коа чуло тој збор, му се поклонило до земи и му рекло:
Така велејќи му к'сметот на умот, беше се смирил умот и отишол, та му влегол на момчето и веднаш беше се свестило и се сетило оти згрешило и беше си кројал еден тертип како да му речи на царот за да излези пред него, за да му речел нешто.
Коа чул царот оти момчето сакало да излези пред него, со радос беше го приимал и се сторило дауџија на царот оти да го клаит во друга одаја, како под затвор.
— Остај тоа, бре синко — му рекол царот — туку глеај што је дауџија ќерка ми, што си је удрил три трешници и не си ја дексал за невеста. Заошто така да је напраиш?
Сега лели бил и умот и к'сметот да го крепат момчето, знаит како да му даит тоа џуапот на царот.
— Честити царе, јас што је удрив три трешници на ќерка ти, си имав право, чунки имав насиет од татка за коа ќе се женам: во првата вечер да је удрам три трешници на невестата ми за да паметуат коа се мажила. Првата трешница е за мене, да ме знаит оти сум је господар и да ме чести; втората за татка, да го чести; а третата трешница за мајка, да ја честит. Ете тоа беа трите трешници, честити царе, а не оти ја неќум ќерка ти и не ја дексав.
Коа чул царот тие умни зборои од момчето, му пофалил, и си останало у царот домазет. Можи и ден-денеска да си ет при царот.
</poem>
}}
{{ЈС-непознат}}
[[Категорија:Македонски народни приказни]]
[[Категорија:Народни приказни собрани од Марко Цепенков]]
japuy03xarffzbwzrti1hyqr0y98k9o