Wikisource
mkwikisource
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0
MediaWiki 1.47.0-wmf.6
first-letter
Медиум
Специјална
Разговор
Корисник
Разговор со корисник
Wikisource
Разговор за Wikisource
Податотека
Разговор за податотека
МедијаВики
Разговор за МедијаВики
Предлошка
Разговор за предлошка
Помош
Разговор за помош
Категорија
Разговор за категорија
Автор
Разговор за автор
Page
Page talk
Index
Index talk
TimedText
TimedText talk
Модул
Разговор за модул
Event
Event talk
Сиромајот и касметот
0
10029
22381
21761
2026-06-09T17:58:20Z
Orce Wiki
3746
22381
wikitext
text/x-wiki
{{Заглавје
|заглавје =Сиромајот и касметот
|глава =
|претходна =
|следна =
|забелешки =Фантастична приказна.
|автор = македонските народни приказни
|текст=
<poem>
Еден сиромашец си имал пет дробни дечиња. Дење-ноќе работел и пак гладен многу вечери беше си легнал.
Отишол еднаш на жниење, се наредиле со аргатите да жнијат и сите аргати тераат ред, сите ќе истераа на другиот крај и ќе седнеа него да го чекаат. Многу се страмел сиромајот дека така постануал во жниењето, жива вода се чинел, кое од работењето, кое од страм од другарите. Везден аргатите се со него мезе си правеа и се шегуваа. Вечерта си тргнаа аргатите за в село и сиромајот си одел по нив. Кога дошле до село, се побарал сиромајот на рамо – за српот, дали му стој, кога гледа – српот си го заборавил на нива; веднага се врати за да го бара, оти утрото пак ќе му требало да жние. Дури отишол на нива се смрачило. Гледа, во нивата еден човек, кај туку збирал класје. Полека, полека дошол до ендекот и се затскрил да слуша што ќе зборуа човекот, што збирал класие. „Доста ми е маката што му ги збирам класјето од мојот стопан, што сум му касметот, рекол касметот што збирал класје сам со себе, па и од сиромајот што има појак од мене касмет, што му седи се на колк и со тамбура да свири, а не да му поработи, како што му работам јас на стопана ми".
Од кога го исслуша сиромајот касметот, рипнал преку ендек и го добавил. „Кој си ти бре, што крадиш пченицата?" му рекол сиромајот. – Море јас сум касметот од стопанот на нивата, му ги збирам класјето што се растурени од вас денеска. Туку ти што бараш сега, да се враќаш од дома, тамам кога ќе вечераше?" – „Море, брате, српот ми загина в нива, дојдов да си го најдам", рекол сиромајот. – „Море, ами ете ти го српот на рамо, бре душко!" му рекол касметот, туку гревот да ти го бери твојот касмет, што те донесе до овој ал да не можиш да се сетиш оти срп имаш на рамо; тој нека си лежи на колк и нека си свири со тамбура, а ти лежи ката вечер гладен. Ами да ти кажам денеска што велеше кога седеше на ендеков и ќев правеше дека ти не можиш да жниеш токмо со сите аргати, за утре што сака да ти направи: Утре, кога ќе си жниеш ти, тој (касметот) ќе се престори на еден зајак и ќе ти помини помегу нозе, да ти мавниш со српот и да си пресечиш ногата, та да не можиш да работиш и уште да осиромашиш, – туку утре да си земиш една вреќа и да ја врзиш со отворена устина за обете нозе, та кога ќе дојди за да поминуа касметот, на зајак сторен, ќе се шукни во врека и фати го, та удри му еден ќотек со пиралката и после да видиш како ќе те обогати".
Утрото направил така и ти го фатил како некој зајак во вреќа та го кренал на рамо и си отишол дома. Затворил врати, пенџериња, та кога зел една пиралка, та кога му легна да мава што да можи удри гиди, удри и удри го: „Али тамбура ќе ми свириш, бре песу еден! и на колк ќе седиш? Зајак ќе се чиниш, да ме лажиш, да си пресечам нозете! А да видам сега, свири ти тамбура, оти јас ќе бијам тапан на тебе". Така го судеше и маваше и му велеше да го фрли во некој бунар, да го удави.
Викал, пискал сиромав касмет, му се молел и му се колнел, дури месата си ги јадел, оти ќе го обогател од мерата надвор, сал да не го убие, и тамбурата ќе ја окрши што свирел, та ќе работел гологлавечки, за да го обогати.
Од кога го натепа чисто, го одврза од вреќата и го курдиса на патот. „Еј сега касмете, кажуј некој маривет, да видиме што ќе ми кажиш да се обогатам? рекол сиромајот, оти инаку нема да те пуштам од врата надвор, овде ќе те држам една недела, да трпиш со мене заедно, да ми видиш мојата сиромаштија, што сум легнуал многу вечери без леб сосе моите дечиња!" Така му зборуал со голема лутина сиромајот. Вака го судеше и со пиралката в раце туку намавал да го бие, ама жената му беше била жаловита, тики таа не го оставала да го удира со пиралката, чунки на секое намавнуење да го удри, таа чини фати му ја и примоли му се да не го удира. Беше се стресол касметот и му рекол: „Немој, не отепу ме, оти вистина и јас ќе умрам ами и ти пак сиромав ке си останеш. Ај прости ми животот и утре рано да станиш, та да појдиш на онаа планина е-еј, на зајсонце. Таму има еден многу голем орев, под оревот има еден извор; залеј од тој извор вода и појди кај царот, покажи се еким и потури ја со водата царева ќерка и веднаш ќе оздрави; ете ти пари да земиш од царот, колку да сакаш. При кажи се за еким, да лекуаш секакви болести, се со таа вода, ете ти пари со товари да добијаш. Ама и едно друго да ти кажам: кога ќе одиш кај некој болен да го лекуаш, ако 10 видиш ангелот кај нозете, нафаќај се да го лекуаш, ама ако го видиш кај главата, не нафаќај се, оти ќе умри. За ова што ти кажуам ако не ме веруаш, утре појди кај царева ќерка и обиди, та после пушти ме".
На тоа згора ставија да вечераат, и го кладе и него да вечера. Кладоа леб на трпезата ржен, црн како ќутук, опален, дека не било сеано брашното, тики саде со осилки беше лебот; саде речи: „Господ да го умножи, чунки в уста не се клавал, а не да го јадиш, туку пуста гладост ќе јади и дрво и камен. Кладоа троа солца во едно ваганче на место манџа, та му рекол сиромајот: „Де повели сега леб и сол, лели толку ми се такса да вечераме, да утре јас ова што велиш ќе го обидим. Ако е вистина, ќе те испратам со чест, ама ако ме излажиш, ќе те убијам како пес!" Зафатија да jaдат леб и сол, арно ама и од солта по малку да макаат си ги караше сиромајот дечињата, оти немал пари и сол да купи. „Еј касмете наш, му рекла жената од сиромајот, али виде до колку сиромаштија не вјавнала! Аман барем за дечињава нажали се, да кој гледа за нас!" – „Ај не плачи, господарке, не бери гајле, многу било, малку останало; ако не умрам ноќеска од пустиов ќотек што го јадов, ке видиш утре оти еден товар пари ќе добиете. Од сега за напред веќе нема jac тамбура да свирам, ќе ја окршам на триста парчиња, оти заради неа овој ќотек го јадов јас". Кога ќе си легнуваа, го затворија касметот во една одајка, да не им побегне ноќта.
Утрото уште од рано отишол сиромајот, та залеал вода и тргнал по маало да вика: „Еким, еким!" Поминал пред царева порта, и едно го чуле, го викнале да ја види ќерката, дали ќе можи крастата да ја излекуа, што ја имала. Едно видуење ја потурил со водата. За чудо големо веднаш се слупила крастата и паднала, како некоја церова корупка.
Кога се видела царева ќерка оздравена, со голема радост го однесла пред царот, и царот му дал еден товар пари, та го испратил.
Дошол дома си и го растоварил товарот со пари, та отишол в чаршија и накупил се што требало за јадење и пиење, та си го нагостил касметот со сите убавини и му дале дар еден бовчалак, та го испратиле, од кога се испростиле.
Од тој саат веќе сиромајот работел со екимлакот и многу пари добивал, а од друга страна работел и касметот дене-ноќе, чунки ја окршил пустата тамбура, што не го оставаше напред да работи, чунки мерак беше фрлил на свирењето.*
</poem>
}}
:Белешка
:*) Оваа приказна се среќава и под името: Еќимлакот добиен од касметот
{{ЈС-непознат}}
[[Категорија:Македонски народни приказни]]
[[Категорија:Народни приказни собрани од Марко Цепенков]]
ovvusmnunw4hkwsh9sy83zwm23xnuf7
Умот и к'сметот
0
10221
22380
22379
2026-06-09T17:45:51Z
Orce Wiki
3746
22380
wikitext
text/x-wiki
{{Заглавје
|заглавје =Умот и к'сметот
|глава =
|претходна =
|следна =
|забелешки =Волшебна приказна.
|автор = македонските народни приказни
|текст=
<poem>
Си било едно момче будалесто и многу сиромашко. Многу пати си легнуало гладно, ошто немало парички да си купи леп. Ако не го поткрепуале комшиите со леб и да не му давале понекоаш по нешто работа по дома: коа дрва да нареди, дрва да пресечи, вода да им залеи и друга работа, што била многу долна, и да му даваат по некоја пара за да си купуат леп, одамна ќе беше умрело тоа будалесто момче. Арно ама тие комшии биле милостивни, тики го пожалуале и го погледуале. Многу пати го здружуале со некои дрварчиња и го праќале в орман да збира дрва со едно магаре за да се алаштиса и да бидит и тоа домаќин, како што бил некоаш и татко му. Арно ама никако не напредуало момчето во работа, — учи, учи, тиква бучи, што рекле стари. Чунки го калале комшиите, тики набрго го поучуале за да напредуат во работа, оти е веќе голем.
Како што секи чоек имат и ум и к'смет, така и момчето имало. Арно ама и двата беа го изостаиле, тики си било така како избудалено, оту ако имаше еден од двата, ја к'смето ја умо, па не ќе беше дотамо. Откоа беа го остаиле умо и к'сметот момчето, никако не беа се здружиле двата за да се видат и да си прогоорат помеѓу себе нешто за момчето. Талкајќим умот и к'сметот по ќеот нивни, се погодило еднаш да се стретат:
— О, о побратиме уме — му рекол умот на к'сметот — море како се изгубивме вака толкуа време, што не сум те видел! Кај туку талкаш бре?
— Кај што талкаш ти, тамо и јас — му рекол умот на к'сметот — заошто ме прашаш? — Море мошне арно знаиш ти заошто те прашам, туку неќиш да кажиш — му рекол к'сметот.
— Али за момчето наше, што сме го остаиле двајцата за да биди будалесто? — му рекол умо. — Ете за тоа де, видиш како знаиш — му рекол к'сметот. — Море, ај да му поможиме, бре уме, за да му напредни, оти страмота је за нас да го остаиме онака.
— Ајде, лели велиш ти — му рекол умо — да му помогниме.
Откоа беа се зговориле умо и к'сметот, почнале да му работат на момчето, и на часот се изитрило и ер што работа ќе ватело, ќе му напредуало. Сопрво зело едно магаре и отишло в планина, та одило од бука на бука за да најди некоја бука поедра, да ја пресечит и дрва да си тоарит по арни, за поеќе пари да чинат, а не како напред, што собирал дрва танки, што да се продаваат за грош и педесе пари. Нашол една такваа бука и је легнал да ја сечит. Едно ја пресекол буката и туку беше се истуриле парчиња од алтан. Не 'и познало момчето оти сет алтан парчињата, чунки до тогај не беше видело парчиња од алтан. При сè што не беше видело, пак си 'и собрало во торбата што си носело лебо и си тоарило дрва, та си дошло дома. Тоа нешто к'сметот му го наврте.
Бидејќи било тогај и разумно, момчето си рекло со умот да земи едно парченце од златото и да појди кај некој куменџија за да го прашат што ет тоа нешто и колку пари чинит.
Куменџијата го стругнал парчето од златото за да го види што е и, коа го удрил на менкташо, излегло сафи злато, и се удрил на пазар со момчето. Арно ама момчето го сетило куменџијата оти чини многу тоа нешто, што неќел дури да му го даит.
— Сакај пари, бре момче — му рекол куменџијата — колку сакаш? И продај ми го ова парче туч, дека мене ми требат за работење.
— Не ми е за продаање, мајсторе — му рекло момчето — само сакам да се научам колку пари чинит, да пак ќе си го однесам дома, чунки ми е останато мираз од татка.
Му дал куменџијата една цена, при се што не му го продаало момчето златото. Коа чуло момчето толкуа пари што му дал куменџијата, се сетило оти треба да чини уште помногу.
— Чекај да прашам и на друго место — си рекло момчето со умот — лели дават овој олку, друг може да даит уште поеќе.
Му го зело од куменџијата и отишло кај друг, кај треќ и најпосле кај некој сараф, та го продало златото за многу пари и си отишло дома со пари.
„Овие парчиња треба да сет алтан — си рекло со умот момчето — јас треба да одам во друг град за да прашам колку пари чинат и да и продаам поскапо за да не се излажам; оти чоек што се лажит, за страмота јет от тие што го лажат."
Си го зело момчето златото и тргнало од град на град да одит и да го продаат. Во еден град ако продаеше едно парче за илјада грошеи да речиме, во друг — за две илјади; во треќе — за три илјади. И така одејќи од град на град, дошло дури во царцкио град и тамо веќе беше го допродало сето злато, та беше се сторило прв богат во тој град.
Умот и к'сметот се по него оделе и му помагале. Откоа поседело неколку дни момчето во царцкио град, преесапило да ватит некоја трговија за да 'и намножи парите што имало. Гледајќи низ чаршија по дуќаните свет што купуаа кому што му требало, се преесапило и тоа да ватит неколку дуќани и да наклаит таквие стоки за да бидит тргоец. Ватило неколку дуќани и накупило турли-бе-турли стоки и наполнило дуќаните, наглавило измеќари и се курдисало како баш тргоец во царскио град да продаа. Сите што го видоа се чудиле на негоото богасто и на негоата личотија и умнотија. Секој имал ќеф од него да купуаат стока, едно што многу стока имало, друго и поевтино што давало и друго ошто било момчето умно, разумно и со слатка лакрдија што 'и пречекуало. Ал'ш-вереш страшен беше фатило да праит и се прочуло по целио град.
Многу нешта што му требале на царот за војската, оделе откај него да купуаат. Со денеска, со утре, беше го теклифил еднаш царот да го стори таинџија за да му дават се што треба за војската, и тоа беше приимало, та се сторило таинџија и давало таин токмо една година време, без да посака пари од царот. Се чудел царот на тоа момче дека било токму богато, чунки една година време не му посакало пари, како што му сакале друзи таинџии на секи месец пари. На тоа згора го викнал царот момчето на годината за да сторат есап и да му плати, да за напред, ако се погодат, пак да му биди таинџија. Откоа му платил и му натплатил царот, се погодиле пак за напред да му бидит момчето таинџија на царот.
На ќеот згора, царот напраил едни гости и поканил сите садријазами, паши, големци, сите старци што биле покрај него, и момчето го канил за и тоа да бидит на гости. Коа видело момчето оти го кани царо на гости, отишло на баш терзијата и си кроило еден кат алишта, за како пред цар коа се оди на гости или на свадба и се променило, се накитило, што ај ми си оди, да ти види око; да го грабниш и да бегаш, — и му ошло кај царот на гости.
Умот и к'сметот, ер кај да одеа, од него мислата не ја оставаа и се му работеа за да напредуат.
Одејќи момчето у царот на гости, седнало на трпеза покрај друзи млади паши и тоа, како некој голем господар. Одошто беше лично и умно, тики како некој ангел прилегаше во лицето. Сите што биле во одајата — на сите во него беа му останале очите.
Откоа јале и пиле, влегла царицата за да почестит гостите и да му речит добре дошле. Крај царицата дошла со неа и ќерка је да 'и видит гостите. Едно беше го видела момчето, и на срце беше ѝ останало. Излегуање од одаја царицата со ќерка си, и ја спојмела мајка си да ја даит за невеста за тоа момче.
— У, у, ќерко, не зборуј така, ами ич те дават татко ти за тоа момче што јет таинџија? Татко ти ќе ти даит за некој царски син што да му је акран нему, а не за сиромав — је рекла царицата, као нажалено.
— Веруј, мајко, оти на срцево ми остана тоа момче — је рекла плачејќи момата — ја него ќе ми го земите, ја в неола ќе се врлам и друго чаре не бидуа. Ем жими младос, мајко, еве ќе ти се заколнам, до утре ако не ме свршите за тоа момче, да знаите оти сама себе јуда ќе се сторам, и вие на душа да ме имате и на тој век џуап да ми давате!
Вака велејќи цареа ќерка, отишла и се затворила во една одаја и легнала да плачит.
Откоа си ошле гостите, му кажала царицата на царот за тоа нешто, и царот ја кандисуал да ја даит керка си за некој царски син. Арно ама ќерка му ич слуша тоа што је велел татко је и мајка је, кога работеле од момчето умот и к'сметот?
— Или него, татко, ќе ми го земиш — му рекла — или ќе се отрујам и друго чаре не бидуат!
При сè што царот је велел за друго момче да ја земит, пак тоа го сакал и тој, ако било од долен сој. На тоа згора је рекол на царицата:
— Честита царице, ај да си го даиме девојчето кај му је незе на срце за да ни биди здраво и живо и весело, да ако не је момчето од царско колено.
— Е, лели велиш ти, честити царе — му рекла царицата — да го дајме, и толку. — Ела, мори ќерко — ја викнала царицата ќерка си од одајата, кај што била затворена и плакала ела овде при мене и при татка ти, и ај нека ти биди ќеот: еве ќе те свршиме за тоа момче. Ај оди измиј се образ и дојди да му бакниш рака на татка ти и мене, за да ти речиме: да ти је аирлија момчето што ке ти го свршиме.
Коа чула тие зборои цареа ќерка од мајка си и од татка си, со голема радос отрчала и се измила образ со раки-сапун, се истрила со ќесето убао и дошла пред татка је и пред мајка је, та му се поклонила и му бакнала рака. И брго-брго пратија по момчето да дојдит и да му кажат оти ќе му ја даат ќерка си нему за да му биди домазет.
Дошло момчето кај царот и коа чуло тој збор, му се поклонило до земи и му рекло:
— Ви благодарам, честити царе и честити царице, на таа голема чес што ми ја чините вие мене, арно ама јас се гледам за недостоен да ви бидам зет, чунки сум од долен род, да затоа ќе ве молам, ако је возможно, да не биди, за после да не ви е мака.
— Ако си, момче, ти од долен род, ние ќе те напраиме од голем род, чунки ти работел тебе многу к'сметот. Земи сега прстенов и нека ти е аирлија ќерка ми, за век да се ќердосате — му рекол.
На тие зборои момчето веќе замолчило и примало.
Едно зборуање, и курдисал царот свадбата да ја праит. Курдиса тапани да свират, поканил сватои и напраил свадба царска.
Во денот што ќе се свршела свадбата, се нашле умот и к'сметот во сарајот од царот и се здравуале.
— Море кај си, бре уме — му рекол к'сметот на умо — да видиш нашето момче до кај дојде, да се стори царев зет; кафпе јас, што велаат стари: Роди ме, мајко, со к'смет и фрли ме на патот, — да ете колку чинам јас, побратиме!
— Море побратиме к'смете, пак јас велам оти ако не бев јас да го прелам момчето, никојпат не можеше да дојди на оваа скала. Крепи го ти везден, ако не го крепев јас — му рекол умо на к'сметот.
— Бре, да зер саде ти си ми можел да го донесиш момчето на оваа скала — му рекол к'смето — та јас нешто не сум можел да го донесам! Еда, море побратиме, сам царо некни му рече оти к'смето многу му работел, што ќе му ја даел ќерка си, а не му рече оти умо му работел, разбра, али не разбра?
— Е, лели се инатиш толку, чекај да го остаам јас да не го крепам — му рекол умо — и да видиш оти ќе ја окалит работата.
Така беа се препирале умо и к'смето и ја донесле работата до скаруање. На лутината згора, се налутил умот и го остаил момчето баш таа вечер коа го затворија да лежит со царска ќерка, демек со невестата. Туку од кај си беше момчето умно и разумно, штом го остаил умот, беше се ошутило, како што си било коа било сиромавче, и едно му ја пуштиле невестата при него, тоа му врзало една трешница по врат и ја истерало од при себе. Се зачудила цареа ќерка, оти да је удрил трешница. Втори пат се прибрала, пак така ја удрил, трети пат пак ја удрил и што је зборуал зборои, нито едно дете од пет години не 'и зборуало. Се чудела ќерка му од царо, и не можела дури да се увери за тоа нешто, та ошла кај мајка је и је кажала сето со ред. Отишла и царицата да го праша заошто је тепал ќерка је и не ја приимал за невеста да му бидит. Коа му чула царицата збороите од момчето, и таа се учудила и се уверила оти се избудалило и се померило од умот, и ошла при царо, та му кажала. Коа чул царот тоа нешто, пратил луѓе и му го донесле пред него. Му зборуал, го прашал за едно, за друго, да видит што одгоор ќе му даит, одгоорот што му го давал, го сетил оти си избудалило, та беше го клале во една одаја, како под затвор да постои, дури да дојделе екимите да го видат.
— Е, е е, честита царице, ете од сиромаио колку му работел к'сметот, дури да го обезумит и да не напреднит — је рекол царот.
— Можи да му доит умот, честити царе, што знаиш до утре што бидуат? — му рекла царицата. — Можи на страмо згора, да чактисало од умот и се избудалило.
— Е, можи да му дојдит умот, ако има к'смет — је рекол царот на царицата — а пак ако не му дојди, јас знам да му удрам прат по газ и да го истерам.
Коа го виде к'сметот оти момчето се избудалило, голема мака беше му паднало и тогај поверуал оти к'сметот не можел да го докрепи, без да биди и умот другар со него.
Стегнал опинците к'сметот и трештил да го бара умо, за да го моли да го поткрепит и тој како што го крепел тој. Барал вамо, барал тамо и беше го нашол.
— Море, аман, бре побратиме, ела да го поткрепиш и ти момчето, оти пред царо за страмота ќе се сторит.
— Е, виде сега, коа ти велев јас оти без мене ти ништо не можиш да сториш?
— Аман, побратиме — му рекол к'сметот — си припознаам кабаетот и сакам да ми простиш за сега, да јас уште еднаш од тебе немам делење!
Така велејќи му к'сметот на умот, беше се смирил умот и отишол, та му влегол на момчето и веднаш беше се свестило и се сетило оти згрешило и беше си кројал еден тертип како да му речи на царот за да излези пред него, за да му речел нешто.
Коа чул царот оти момчето сакало да излези пред него, со радос беше го приимал и се сторило дауџија на царот оти да го клаит во друга одаја, како под затвор.
— Остај тоа, бре синко — му рекол царот — туку глеај што је дауџија ќерка ми, што си је удрил три трешници и не си ја дексал за невеста. Заошто така да је напраиш?
Сега лели бил и умот и к'сметот да го крепат момчето, знаит како да му даит тоа џуапот на царот.
— Честити царе, јас што је удрив три трешници на ќерка ти, си имав право, чунки имав насиет од татка за коа ќе се женам: во првата вечер да је удрам три трешници на невестата ми за да паметуат коа се мажила. Првата трешница е за мене, да ме знаит оти сум је господар и да ме чести; втората за татка, да го чести; а третата трешница за мајка, да ја честит. Ете тоа беа трите трешници, честити царе, а не оти ја неќум ќерка ти и не ја дексав.
Коа чул царот тие умни зборои од момчето, му пофалил, и си останало у царот домазет. Можи и ден-денеска да си ет при царот.
</poem>
}}
{{ЈС-непознат}}
[[Категорија:Македонски народни приказни]]
[[Категорија:Народни приказни собрани од Марко Цепенков]]
8fb1fugi7usks3fqycl2hvr42jz87tf