Wikisource mkwikisource https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0 MediaWiki 1.47.0-wmf.6 first-letter Медиум Специјална Разговор Корисник Разговор со корисник Wikisource Разговор за Wikisource Податотека Разговор за податотека МедијаВики Разговор за МедијаВики Предлошка Разговор за предлошка Помош Разговор за помош Категорија Разговор за категорија Автор Разговор за автор Page Page talk Index Index talk TimedText TimedText talk Модул Разговор за модул Event Event talk К'сметот го прави избавникот свој среќен 0 10222 22382 2026-06-10T16:47:00Z Orce Wiki 3746 Создадена страница со: {{Заглавје |заглавје =К'сметот го прави избавникот свој среќен |глава = |претходна = |следна = |забелешки =Волшебна приказна. |автор = македонските народни приказни |текст= <poem> Еден чоек бил многу богат, ами и бил пак и многу скржав. Леб да беше возможно д... 22382 wikitext text/x-wiki {{Заглавје |заглавје =К'сметот го прави избавникот свој среќен |глава = |претходна = |следна = |забелешки =Волшебна приказна. |автор = македонските народни приказни |текст= <poem> Еден чоек бил многу богат, ами и бил пак и многу скржав. Леб да беше возможно дома да не купи! Целио град го знаеја оти таков ет, и сите го сожалуаа, оти да ет толку скражв, а от друга страна пак го радуаа, оти имаше еден син многу арен, милостив за сиромасите. Тој сакал според иманието нијно да живеит. Арно ама татко му никако не му бендисуаше табиетот и секоаш се накараа и неќеа да се видат. — А, бре татко — му рекол син му — лели ме неќиш при тебе да седам, ја ај дај ми 20—30 илјади грошеи, за да си ватам некоја трговија и да ти се истаам од пред очи. Кога чул тој збор богатио од сина си, на драго срце беше му дал 20 илјади грошеи и беше го изваил од кај него, со збор да оит на туѓина, да што знај, нека си праи. Зел син му од богатио парите и си отишол во некој далечен град да барат некоја трговија. Арно ама бидејќум до тогај не беше ватил некоја работа, не знаел што работа да ватит, едно тоа, и друго во тој град немал некој познат чоек за да можи да клаит ортак, да ватит некоја работа. Со денеска, со утре, парите 'и дојаде и, откога беше му останале многу малку, станал од тој град и отишол во некој друг град. Едно влегол стреде во чаршијата, во другио град, и видел еден ковчег кај го продаал некој чоек. Ковчего бил празен и заклучен со девет клучеи, цената му била сто минцои. Се чудело момчето оти да сака чоекот сто дукати за еден ковчег што чинел дваесе и пет грошеи и заклучен со девет клучеи. Го поткрена со раце момчето да види што има и али ет многу тежок, арно ама ковчего му се видел многу лесен и празен. Туку седело и се чудело момчето оти да сака толку скапо чоекот за празен ковчег. — А, бре чоече, што маривет ќе имат ковчегов твој што сакаш толку скапо? — Голем маривет имат — му рекол чоекот — пријателе овој празен сандак и големо богатство има во него, ако ет празен, ама гледам јас оти твој к'смет ет да го земиш, ама ако не го земиш, многу пишман ќе бидиш. Кога 'и чу момчето тие зборои, се престраши и го купи ковчего. Го крена на рамо и го однесол на еден ан. Го клал во одајата кај што седел и му се пулел на ковчего: — Тув бре, јас колку сум бил будала — си рекло момчето само со себе — да даам сто минцои, за еден празен ковчег заклучен со девет клучеи, бре што сум бил будала! На тоа велење момчето рипнало просто и од мака што му дојде, не кладе клучеите да отвори, ами му удри една клоца да го скршит. — Не крши го ковчего, стопанине — му свикал еден глас од ковчего — оти ќе го изгубиш богаството што ќе ти го даам, ами отклучи го ковчего и ќе видиш колку богаство ќе ти даам. Кога отклучило момчето деветте клучеи и го кренал капако, туку веднаш беше избрзнал еден чоек голем колку една педа, со една брада долга колку еден лакот, и беше му застанал пред момчето со прекрстени раце и му рекол на момчето: — Заповедај, стопанине, што измет сакаш да ти сторам, чунки јас сум ти отсега ваша слуга? — Кој си ти, бре старче — му рекло момчето — и као те викаат, те молам, ако не ми кажиш? — Јас сум к'сметот твој, и ме викаат: Педа чоек — лакот брада. — Е, арно, бре старче, да те заповедам нешто да ми послужиш, туку јас сум без паричка, да што можам да заповедуам друзи, кога јас сум за да служам и да ме заповедуаат. — Не бери гајле, стопанине мој, за пари и за стока — му рекол Педа чоек — лакот брада — jac да сум ти жив, ти даде за мене сто минцои за да ме купиш и да ме куртулисаш од затворо со деветте клучеи, а јас ќе ти донесам сто торби со пари, те молам, стопанине, прај што праиш, да ми донесиш сто торби зобници, да ти 'и наполнам од азното царско. Отишло момчето при анџијата и го молил да му купи сто зобници; му купил анџијата, и му 'и однесло момчето на Педа чоек — лакот брада. Слегол Педа чоек при анџијата и му нарачал најубаа вечера да му донесит на момчето горе. Зел ибрико и леенот Педа чоек и му потурил вода на момчето да си измиет раце и да вечерат; по вечера после зел зобниците на рамо Педа чоек и му рекол на момчето: — Спи си раат, момче мој стопанине, оти јас ќе одам ноќеска во царското азно да ти донесам големо богаство. Пошол во царското азно и 'и наполнил торбите со азно, та му 'и донесол и му 'и наредил околу него. Утрото станало момчето од спиење, зел Педа чоек — лакот брада ибрико со вода и леенот, та му потурил да се измиет образ на момчето. Кога видело момчето — во еден ќош од одајата стоте торби полни со пари. — Ете ти пари — му рекол Педа чоек лакот— брада на момчето — ти донесов. Сега али сакаш да ти ја земам од царо ќерка му за невеста? — Ами како неќум, бре старче — му рекло момчето — кој слеп неќит очи, да и јас да неќум од цар ќерка? Треба сопрво да ја видев— арно беше, да после да ја земев. — Мошне арно, стопане — мој му рекол Педа чоек — биди си раат, јас вечер да ја донесам прво да ја видиш ти, да после да ја земиш за невеста. За вистина вечерта беше му ја донесол од царо ќерка му во одаја. — Е, девојче — му рекло момчето на ќерка му од царот — што велиш: дали ме бендисуаш мене да ме земиш за маж? Оти јас те бендисав тебе! Девојката царска беше се омајала кога се видела во една грда одаја и при едно момче, и тоа со сиромашки алишта. Туку стоит и се мислит пустата девојка, оддалечена од татко и мајка, и од жал што ѝ дошло, тики не можела да прогоори. — Еј девојко, девојко убаа, што велиш, ќе ме дексаш мене за да ме земиш? Али не ќе ме дексаш? На тој збор згора, беше ѝ текнало на царската ќерка да речит еден збор за некако да го излажит момчето и да куртулит оттамо. — Те дексуам, момче — беше рекла — туку со закон Божи да се земиме, да си одам дома и отаде да ме земиш со сватои. На тој збор згора, се уверуа момчето и му ја даде на Педа чоек да ја однесит кај царо, да со сватој да ја земат. Арно туку, ич приимат царската ќерка да земат сиромашко момче? Беше се плакала на татка е, и татко е беше ја научил да си намачкат двата прста со катран, и во која порта ќе влезит, да ја бележит. Другата ноќ беше ја грабил пак Педа чоек — лакот брада. Влегуајќим царската ќерка беше ја бележала со катран портата. Арно ама Педа чоек — лакот брада беше ја сетил работата и беше 'и бележал од сиот град портите. Утрото царо пратил да бараат која порта ет бележана. Кога прошетаа царските луѓе низ градот, гледаат сите порти бележани со катран. Другата вечер беше зела царската ќерка просо, и кога јa зел Педа чоек, го посолила по патот за да напраит трага. И тоа го сетил Педа чоек и сите сокаци беше 'и посолил со просо. Треќата вечер зела брашно и посолила по патот, за ѓоа трага да напраит. Арно туку Педа чоек — лакот брада сите сокаци беше 'и посолил со брашно. Кога виде царот оти сите три маривети му 'и нашол тој што му ја земал ќерка му и пак му ја носел, само и само за со закон да му ја земит, кладе тељали по целиот град да викаат за да се јавит кој од што му ја сакат ќерка му и да му ја даит. Се прашало момчето со Педа чоек дали да се јави пред царот. Тој беше му дал изин да се јавит и ич гајле да не берит дури е жив тој. Се јавило момчето и царо сакал да му ја даит. Арно ама цареа ќерка си имала еден љубовник од паша син, и надупиле за да го обесат момчето и така беше му паднало в рака. Заповедал царо да го обесат. Пред вешалото стоит од пашата син му за да гледат кога ќе го бесат момчето. Арно ама „Арнаутче знај друго патче" — да и Педа чоек знаеше друг да обеси; го препраил од пашата син му на лицето од момчето, и беа го обесиле него. Си ошле сите дома и момчето си ошло. Кога виде царо и царицата оти од пашата син му го обесија, се налутиле и го пратиле момчето да го обесат. Го грабнале и го обесиле. Арно ама наместо момчето да обесат, обесиле една глаица праз. Дури да се вратат дома, момчето побрго беше го однесол Педа чоек во одајата кај цареа ќерка. Кога виде царо тоа чудо, не беше му останало друго, од колку да го венча момчето и да го стори домазет. Најпосле беше се сторило момчето цар. </poem> }} {{ЈС-непознат}} [[Категорија:Македонски народни приказни]] [[Категорија:Народни приказни собрани од Марко Цепенков]] hd74facvalys561tymcmz9p5w49daxe