Wikisource
mkwikisource
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0
MediaWiki 1.47.0-wmf.6
first-letter
Медиум
Специјална
Разговор
Корисник
Разговор со корисник
Wikisource
Разговор за Wikisource
Податотека
Разговор за податотека
МедијаВики
Разговор за МедијаВики
Предлошка
Разговор за предлошка
Помош
Разговор за помош
Категорија
Разговор за категорија
Автор
Разговор за автор
Page
Page talk
Index
Index talk
TimedText
TimedText talk
Модул
Разговор за модул
Event
Event talk
Петко лајчаро, чумата и син му со самовилското коњче
0
10223
22383
2026-06-11T14:49:53Z
Orce Wiki
3746
Создадена страница со: {{Заглавје |заглавје =Петко лајчаро, чумата и син му со самовилското коњче |глава = |претходна = |следна = |забелешки =Волшебна приказна. |автор = македонските народни приказни |текст= <poem> Петко лајчаро во лете работеше в планина и праеше лајци, а во зиме...
22383
wikitext
text/x-wiki
{{Заглавје
|заглавје =Петко лајчаро, чумата и син му со самовилското коњче
|глава =
|претходна =
|следна =
|забелешки =Волшебна приказна.
|автор = македонските народни приказни
|текст=
<poem>
Петко лајчаро во лете работеше в планина и праеше лајци, а во зиме 'и продааше и си живееше. Ha Петка Госпо му даде десет синои на ред, во неколку години. Коа му се родило десеттото дете, си дошол Петко од планина дома и влегол в куќи.
Во истото време сите деца беа се покуткале да спијат, чунки било по вечера. Откоа рекол добровечер на жената си, сторил да седни на една перница што била крај огниште и му свикала жената му:
— Немој, домаќине, на детето да седниш, како на перница.
Коа чул Петко тој збор од жената си, се истаил од детето и отишол на друга перница да седни, арно ама и тамо било дете. Отишол потамо Петко и тамо спиело дете. Аслиќелам, немало место кај да седни Петко. Коа виде Петко оти нема место за него да седни, си зел очите в раце и си отишол в планина за тамо да си живеит, со ниет уште еднаш дома да не се врати. Коа виде Петкоица оти Петко не се врати, и натера децата да си бараат работа и да ранат куќа. Најмалиот син од Петко бил најит'р и тој ватил да 'и наставуат браќа си на работа. Сопрво се главија браќата, не со пари, ами со по една кошара, да си имаат секој по една куќа. Првата година спечалиле по една куќа. Втората се главија за по една нива да му даат кај што ќе работаат и на годината се сторија со десет нивје. Треќата година се главија за овци, кози, крави, волои, коњи и кобили.
Сите најдоа место и се изглавија, само најмалио не можел да најди место да се глави; бре вамо удри, бре тамо, не можи да најди, битти даваси. Откоа виде оти не можи да најди мајстор да се глави, тргнал да оди во некој друг град да се глави. Одејќи низ една планина, еве ти еден старец кај паси едно ергеле коњи и кобили.
— Помози Бог, дедо — му рекло момчето — здраожио.
— Дал ти Бог добро момче, —вму рекол старио —вздраоживо сум, а ами ти како си? Ако дај Госпо, каде вака си тргнал?
— Ќе барам некоја работа, дедо — му рекло — да се главам при некој чорбаџија.
— Лели си се главуал, момче — му рекол старио — глави се при мене да ми го пасиш ергелево и што е мунасип, ќе ми ти платам.
Приимало момчето и 'и пасило коњите целата година; на годината посакало да си оди. При се што го сакаше старио да седи, момчето не седело. Кога виде старио оти не седи, изваи пари да му плаќа, арно ама момчето пари неќело, ама еден коњ сакало.
— Земи си, момче, коњ кого ќе го бендисаш — му рекол старио — со сè срце ти го давам.
— Нема јас сам да си земам, дедо — му рекло момчето — дури не ми даиш ти со твојата рака.
Коа виде старио оти некело да си земи момчето коњ, му дал старио еден огламник и му рекол да го врли огламнико над коњите, та кој коњ ќе му падни, тој да си го земе. Зело момчето огламнико и го фрлило над коњите, та се најамчило едно коњче жудао. Коа виде момчето оти таквоо коњче му се вати со огламнико, собра веѓите. Виде старио оти не му било ќеот на момчето за тоа коњче, го натерал втори пат да го фрли огламнико, да си вати друг. Фрлило втори пат, пак тоа коњче го вати огламнико.
— Фрли уште еднаш, бре момче — му рекол старио — да белким некој друг коњ ќе ватиш.
Фрлило момчето треќи пат огламнико, малку настрана од жудаото коњче, арно ама огламнико како да го ватил некој со рака и му го наврел на жудаото коњче. На трет пат веќе момчето се застрами и си го зеде него. Си го поведе по себе коњчето и си тргна за дома.
— Момче, момче — му прогоорило коњчето — јав ниме и биди весел, оти јас сум коња самовила, ти со мене голема слава ќе добиеш и дури цар ќе се сториш, ама јас поголема мака ќе видам. При сите маки што ќе видам, јас тебе верен ќе ти бидам.
Коа 'и чуло тие зборои момчето од коњчето, се разрадуало и го јавнало. Едно вјавнало, и коњчето летнало и веднаш дома се нашло. Кога 'и виде браќа си, сите беа спечалиле кој овци, кој кози, кој крави, кој волои, кој коњи и кобили. Беше исполниле куќата со сите убаиње. При се што коња самовила донесе помалио брат, пак му дојде као страм дека само еден коњ донесе и тој не навидум, ами едно жудао коњче.
— Е, бре браќа, му рекол помалио брат, сега веќе ние се сторивме совршени домаќини и требно е да се жениме, арно ама јас велам да барам десет сестри да да си земиме за да не ни се расипи куќата, ако би земале од секакви куќи невести. А пак пред да бараме невести, прао ет да го побараме татко ни и да го најдиме за блаосов да земиме, да после да се жениме.
Сите браќа тоа нешто го удобрија и тргнаа по планиње, да го бараат татка си. Шетајќи по планиње, нашле на едно место една колиба праена и беа преесапиле за во таа колиба да седи татко му. Издумале еден маривет за како да го ватат татка си, ако е див нешто сторен. Маривет бил: напраиле еден скорен да влезат во него две нозе чоечки и го клале во колибата, а пак тие се искриле околу колибата да го чекаат татка си, али друг некој овчар, можи да се прашаат за Петка лајчаро кај се наоѓа.
Тамам се смрачи, втасал татко му од некаде си и си влегол во колибата да си лежи. Кога гледа еден скорен, голем, колку за две нозе да влезат во него. Го зел в раце Петко лајчаро, полојна подивен и си 'а пикнал едната нога во него. Гледат многу голем му дошол и си 'а пикнал и другата нога. Видуајќи синој му тоа нешто, на часо беа се стрчале кај Петка и беа го ватиле. Поголемите синои на Петка го познале и го молеле да не се диви толку, оти тие му се негоите синои. Одааде, оданаде, одвај беа го скротиле и си го однесле дома.
— И ова, браќа, го свршивме — му рекол помалио — ајте сега да ојме да бараме невести, та да се ожениме.
Тргнале да одаат по села, по градои, да бараат десет сестри за невести. Врвејќи на едно место, нашле една стара жена кај ора со два коња. Помози Бог му рекле на жената браќата и поседнале под една сенка да се одморат малце. Запрела орањето старата и дошла кај нив да се кунуштиса. Ош-беш сторила со нив и 'и прашала од кај се и кај одаат.
— Ние, бабо — је рекле — сме десет браќа и одиме да бараме десет сестри за да ни бидат невести, и да ни се крепи куќата. Ете тоа бараме, бабо, и ако знаиш негде да имаат десет сестри, елбете како стар чоек што си, може да знаиш, кажи ни да ојме да си земиме. Со тоа нешто, бабо, големо добро ќе ни сториш и како наместо мајка ќе те имаме.
„Мак ќе ве опали, кучиња едни — си рекла со умо старата — само ако ве внесам дома, да ќе ви 'и окосам глаите. — Тамам, синковци — му рекла — асли и јас тоа барам, десет браќа за да му 'и даам мојте десет сестри (ќерки), што 'и имам; заповедајте, синковци, у мене дома вечерва на гости и утре, дај Боже здравје, сте со најубави невести. Ете к'смето ваш и мој кај лежел!
Со голема радост станаа десет браќа и је ошле кај старата. Едно влегле во дворот и истрчале сите десет сестри да 'и пречекаат десетте браќа. Сите усмевнати, сите променети, која од која полична и покрасна. Голем ќеф имал помалио брат кога ја виде десетта ќерка од старата.
„За голема пофала ќе бидам јас — си велел со умот помалио брат — кога ќе 'и однесам дома десетве сестри, што ќе бидат за нас невести. Од сите девет браќа јас сум за поеќе фалење, чунки јас 'и научив да дојдиме до оваа скала. Ако останеше да нè учеше татко, и ние ќе си бефме синои на Петка лајчаро и тукуречи и ние лајци ќе си праевме."
Сите весели и радосни биле браќата, само коњчето од помалио брат не било весело и радосно. Откоа 'и пречекале старата и десетте ѝ ќерки, 'и повеле в куќи, а помалио брат повел коњчето да го врзит в аар:
— Заошто, мило мое коњче — му рекло момчето — не си ми ти весело као што сум јас? Дали не ти е ќеот нешто дека ќе се женам јас и браќа ми, дали што? Ти се молам, мило мое коњче, кажи ми.
— Без да ме молиш, стопанине — му рекло коњчето — ќе ти кажам што не сум весело. Не сум весело оти паднавте во рацете од проклетава стара. Оваа стара, мило мое момче, не е жена, ами проклетница чума, а ќерките ѝ се чумичиња. И таа мислит вечерва сите да ве погубит. Ете затоа, стопанине, не сум весело.
— Ами чаре, бре мило мое коњче — му рекло момчето уплашено — како да се бара?
— Еве какво чаре ќе праиш, стопанине — му рекло коњчето. — Вечер ќе си легните еден до други по ред и десет ќерки од чумата ќе легнат и тие до вас со ред за да ве подлажат, ѓоа ќе ве земат. А пак чумата ќе лежит во една друга одаја. Тамам на права полноќ, чумата ќе излезит со една остра коса, како брич наточена, и ќе ви 'и исече на сите глаите, арно ама ти да не спиеш и пред да дојди таа, да му 'и изваиш весоите на браќа ти од глаите и да му 'и клаиш на глаите од ќерки е на чумата, а пак шамиите од ќерки е да му 'и клаиш на глаите од браќа ти, за кога ќе дојди ноќта чумата да ви сечи глаите, да 'и види фесоите и по нив да се излажит и да си 'и загубит ќерки си. Штом видиш ти тоа нешто сторено, разбуди 'и браќа ти и дај му пат на онаа страна, а пак ти дојди при мене, да бегаме еден саат понапред, оти чумата има брза коња, една метла што си мети куќата, ќе ја јавни и ќе нè фтаса, та ќе нè погуби.
Сите тие зборои момчето 'и клало во умо и вечерта не спало близу до полноќ. Отко заспале сите, му променило весоите од браќа му по ќерките од чумата и му зело шамиите од ќерки е на чумата, та му 'и врзало на браќа си и една себеси. На права полноќ му станала чумата да 'и погубит и поглеала по весоите кај што беа тамо 'и сторила десетте браќа. Tprнуање со острата коса, и му 'и пререзала глаите на ќерки си како некој крастаици:
— На ви вам невести — си рекла сама со себе — проклети десет браќа, да си земите со црвено околу врато!
Така рекла и си влегла во одајата кај што си спиела.
Рипнал помалио брат и 'и скорнал браќа си, та му распраил сета работа и 'и испуштил да бегаат. Коа виделе деветте браќа тоа нешто, многу се уплашиле и трештиле да бегаат таа страна кај што му кажал помалио брат, а тој отишол при коњчето и му кажало тоа што се сторило.
— Јавни ме да бегаме — му рекло коњчето — стопанине, оти ако постоиме, ќе погинеме од проклетата чума.
Му се врлило момчето на коњчето на рамена и трештило да бега. По малце време се разбудила чумата и влегла во одајата да 'и скорнит ќерки си и да им се пофалит оти 'и погубила. Кога гледа сите ќерки погубени:
— Ах, проклети десет браќа, дали ова ми го сторивте мене, чекај сега да видите што ќе ви сторам! Метло мори, кај си — дала вик по неа — ела да те вјавнам, оти десетте браќа ми 'и заклаа десетте ќерки.
Дошла метла коња од баба чума и је се качила и летнала по трагата, по коњчето самовилцко. Овде да го втаса, онде, и тукуречи ќе го втасала, ако не беше таму близу синорот од чумата, до кај што повелала. Штом го заминало коњчето синорот, и застанало да се почини малце.
— Ах, проклето момче — му рекла — ако стапи нога твоја во синоро мој, парче по праче ќе те напраам, колку мрава што носи!
— Еднаш нема да стапи нога моја, проклета чумо, вака ами уште три пати ќе стапи, вака да знаиш! му рече коњчето на момчето да ѝ речи на чумата и си тргна да си патуаат за дома.
Одејќи по пато момчето, видело на патот една коњцка плоча, сета од бесценет камен, светела од сонцето поеќе. Слезе од коњо момче и ја зеде плочата.
— Што зеде одземи, момче — го прашало коњчето — што најде?
— Еве што најдов, коњче — му рекло момчето — една коњцка плоча, од најубаите на веков. — И му ја показало плочата на коњчето.
— Арно ја најде, стопанине, оваа плоча — му рекло коњчето — чес и слава ќе бидит за тебе, труд и мака за мене. Нејсе, клај си ја в пазуа и да си одиме.
Поодија уште малку. Виде момчето едно перо позлаќено, со бесценети камење низано. Слезе од коњ и него го зеде.
— Што најде, момче — го праша коњчето — што зеде одземи?
— Еве ова перо го најдов — му рекло момчето — мило мое коњче. — Му рекло и му го кажало.
— Арно го најде, момче, и го зеде, за тебе чес и слава ќе ти биди, а за мене труд и мака ќе ми биди. Нејсе, ај земи го и тргај да си одиме.
Се качило на коњ момчето и си тргнало да си патуа. Оп! — потамо видело една плетенка од некоја коса девојчинцка, светела како некое сонце. Видувајќим ја косата, момчето слегло од коњ и си ја зело.
— Што најде, момче? — го прашало коњчето.
— Еве едно коцле девојчинско најдов, коњче мое.
— Чес и слава, момче, за тебе, труд и мака за мене. Нејсе земи го и да патуваме.
Си ја зеде и косата момчето и му се вкачи на коњчето, та си тргнало патем. Одејќи по тој пат, излегле во царцкио град и кондисале на некој ан.
Излегло момчето низ чаршија, па да се главит и да спечалит некоја пара. Шетајќи од дуќан на дуќан, прашал тебе-мене и погодил еден царцки чоек, та тој му наоѓал една работа при царо да биде сеиз на еден улав коњ што го имал царо затворен во еден аар. Колку пари ќе сакат, толку ќе му даел царот. А пак ако го отепа коњо, да нема никој да го бара. Коа чуло тие зборои момчето од царцкио чоек, 'и клало во умо и ошло кај коњчето, та му кажало оти царо сакал еден чоек да му гледа улав коњ. Пари давал царо дојунџе, само да му се гледа коњо.
— Е, што велиш на ова згора — му рекло момчето на коњчето — да одам да се пазарам?
— Оди, стопанине, и пазари се, ама и мене да ме имаш при тебе, оти ако си сам, ќе те убие коњо, како што убил мнозина.
Откоа му го зеде зборо момчето од коњчето, отишло кај царо и се пазарило да го гледа царцкио коњ. Си го однесло и коњчето тамо. Едно влегле во коњушницата при улаио коњ и му свртил чифте клоци да клоцат, да не го остаит да се приберит до него и да клаит рака на него.
— Ја остај се, стопанине — му рекло коњчето — да не те убие овој улав коњ, дури да му го донесам јас умо, да после прибери се и што сакаш, прај му.
Се истаи момчето од а'ро скраја и туку му влегло коњчето близу до коњо и веднаш му сврте клоците да клоца. На часо и коњчето му 'и сврте клоците и виштејќи му легна да го бие по слабиње; кога го реди, кога го реди, го напраи пивтија. Кога го изеде тој ќотек коњо, што никојпат не беше го видел, беше се стресол како прат и се скротил како јагне.
— Ај сега, стопанине — му рекло на момчето — влези и прај му што ќе му праиш, да ако има газ, нека крени нога.
Влегло момчето при коњо и едно посигна да го вати за огламник, отвори уста да го касни. Коњчето тука бидејќи, кога виде оти сакаше да го касни стопа-на му, му свртело клоците и му рекло:
— Али уште, бре пес, не ти дојде умот? Ја истај се, бре стопанине, оттука за умо да му го донесам.
Тоа рече и му легна со клоците по глаа. Како му удира чифтиња, како му удира, дури го напраи да падни на коленици и да му се моли. Тогај коњчето му рекло на момчето да прииди до коњо и да го исчеша, да му орини под него и да го однеси на чешма, да го напие вода. Кога виде тоа нешто царо, на големо чудо стана, за како му дојде до ако момчето на коњо, та го скроти. Вечерта бидејќи не се видело во коњушницата, му рекло коњчето на момчето да ја изваит плочата коњцка што ја најде на пато, и да ја клаит на полица да му свети, да не бидит во темница. Ја изваило момчето плочата и ја клало на полица. Кога светнала како некое сонце. Во тоа време беше дошол царо да види што праи момчето со коњо, и ја видел плочата што светела. Го извикал царо момчето надвор и му ја посакал плочата да ја види. Откоa ja видел плочата царо, се учудил на убаината незина и го натерал да го бара коњо на таа плоча, та да му го донесит. Ако не му го донесит, со глаата ќе одева.
— Еј, мило мое коњче — му рекло момчето — ами сега како ќе праиме?
— Ее, јас ти кажав, стопанине, уште коа ја најде плочата ти оти тебе слава, а мене мака. Нејсе, сега вјавни ме и да је ојме кај чумата, чунки таму е тој коњ од плочата.
Му се вкачило момчето на коњчето, и одлетале кај чумата тамам во зорка. Влегле при чумата, тамам во спиењето кога била.
— Влегуј сега, момче, в аа'р и одврзи коњо, ама уздата да не ја земиш, оти ако ја ватиш со рака, ќе је тропни над глаата од чумата*(1) и веднаш ќе се разбуди, та ќе нè расипи.
Влегуање во коњушницата, и го одврзало коњо. Кога ја виде уздата, срцето го вати од што била убаа. Без да се уплаши, ја зеде и излезе надвор. Кога виде коњчето оти и уздата беше ја зело момчето, баеги беше се уплашило:
— Лелех, бре стопанине, што се излага да ја земиш уздата, сега ќе се разбуди кучка чума и ќе нè погуби. Брго вјавни ме, да белким ќе куртулисаме!
Вјавнало момчето и трештиле да бегаат сосе коњо од чумата. Дури да види што се стори чумата, дури да вјавни метлата, беа откачиле баеги место. Се пуштила чумата по нив и едно и привтасала, изминале синоро и куртулисале.
— Ах, проклето момче, ако ми дојдиш уште еднаш, ќе видиш ти што ќе те најди.
— Речи му, уште еднаш не идам — му рекло коњчето на момчето — ами уште двапати ќе дојдам.
— Еднаш нема да дојдам — му рекло момчето на баба чума — бабо чумо, ами уште двапати ќе дојдиме.
Така му рекло момчето и си ошло кај царо со коњо. Коа го виде царо коњо, голем ќеф сторил. Вечерта, бидејќи темница во коњушницата било, го клало перото што беше го нашло на пато да му свети. Ноќта беше отишол царо да види што праи момчето. Коа гледат — на полица перо кај свети како сонце. Му го зел царо и го натерал да му ја донеси пајката со позлаќените пердуи. И пајката била у чумата. Ошло момчето кај чумата и му ја зело пајката како што му го зеде и коњо. Му ја донесе и пајката на царо. Вечерта беше ја клало позлаќената плетенка на полица да му свети наместо борина. Пак царо дошол и ја видел косата на полица кај свети поеќе од сонце. My ja зел косата царот и го натерал да ја бара таа девојка што ја носила.
— Ами сега, коњче — му рекло момчето — ја бараме девојката што ја имала косата?
— Е, виде кога ти велев јас — му рекло коњчето — оти за тебе слава и чес за плочата, перото и косата. Нејсе, ајде вјавни ме, да одиме у чумата, дури е брго, чунки у неа е врзана таа девојка со триста синџири. Слушај вамо, стопанине, коа ќе влезиш во одајата кај што е врзана таа девојка, многу пополека да ја одврзуаш за да не те чуе чумата.
Пошле у чумата тамам во темни зори. Влегло момчето во одајата кај што била врзана момата и ја одврзало од тристата синџири. Грабнуање, и трештил да бега за кај коњо да се вкачат и да бегаат. За пакос, едно синџирче не било одврзано и је стропало на чумата кај што спиела. Едно чула тропотницата, и рипнала да види што е и што не е. Кога видела оти девојката му ја зеле, на ум стана. Се стрчала по метлата и одвај ја нашла од што шашардисала. Еле, ја нашла и ја вјавнала. Од лутина што се налутила чумата, по друг пат тргнала да трчат да 'и втаса момчето и момата. Трча што трча до негде и виде оти по тој пат не се. Се вратила назад и му се пуштила по тој пат. Бре овде да 'и втаса, бре онде, еле одвај беа се исчепиле од незината граница и застанале да се одморат. Не би час, втасала чумата на синоро и ватила да се срди, и да колни, и да чкрта со забите.
— Ах, проклето момче — му рекла — ако ми дојдиш уште еднаш, парче по парче ќе те напраам; гиди копилче едно, гиди! Ти ова мене што ми го стори, никој досега не беше ми го сторил. Целата земја сум ја прошетала, полојна народ сум истепала и од никого ваквоо лошо не сум патила.
— Ако ме видиш уште еднаш, бабо чумо, да ме пишиш! Толку ми беше маката мене, колку да избијам ќерки ти и да ти земам стоката и да ти ја отмам оваа убава девојка да ми биди мене убаа невеста.
Кога 'и чу чумата овие остри зборои од момчето, од голема мака што је дојде, сама себе ќе се изееше и најпосле пукна како костен во пуза, со ниет да удри една смрдеа и од таа смрдеа да го отрует момчето, коњчето и девојчето. Арно ама коњчето, самовилцко бидејќи беше, веднаш беше летнало и многу далеку отишло, та куртулисале от смрдеата на чумата и не умреле*(2). Отишле при царо и му ја однесле убаата девојка со косите од џеваири и бесценети камење, а забите сите од бели чисти бисери. Кога ја виде царо таа убаа девојка, срце го вати и веднаш курдиса свадба да праит, та да ја земит за невеста. Кога виде девојката оти царо ќе ја зема за невеста, недраго ѝ падна, чунки таа си го сакаше момчето што ја куртулиса. За да не можи царо да ја земи, таа се смрамори на местото. Кога виде царо, се вчудовиде и брго го викна момчето да му бара крајо. Ја моли, ја коли момчето, некако да ја кандиса да се отстори од мермер пак на чоек, никако не можело да ја кандиса. Коа виде царо оти на тој час не можело да ја кандиса, го остаи момчето само да ја кандисуа и тој ошол во другата одаја.
— Слушај, мило момче мое, арно ти ме кандисуаш да се одмермерам, ама јас царо го нејќум за маж да ми биди; јас тебе те сакам и другега не е чаре да земам, чунки ти си што ме куртулиса од триста синџири од чамата. Слушај вамо, мило момче, како ќе напраиме за царо да го сотриме и двата да се земиме, и ние да царуаме. Јас ќе посакам од девет диви кобили млеко да ми донесит царот, и во тоа млеко да се искапит, и после да се одмермерам. А пак ако влезит царо да се искапит, веднаш ќе се попарит. Вака речи му на царо да сторит.
Едно му кажало на царо момчето, и веднаш него го натерал да појди кај дивите кобили да 'и донесит. Му ја кажало момчето таа работа на коњчето. Коњчето го натерало стопана си да му посака девет коњцки кожи, да 'и облечит, да така тамо да појдат кај кобилите, чунки тамо имало еден ат (ајд'р), што 'и вардел кобилите.
Му зело момчето од царо девет коњцки кожи и 'и облекло коњчето, та отишле кај дивите али водните кобили крај море. Го натерало коњчето стопана си да ископат една дупка, колку да го бери коњчето внатре да влези и да не се гледа. Откоа му напраи момчето дупката, го натера да се скрие на друго место и коњчето вистало што да можи и не можи. Чул вистењето атот од водните кобили и се пуштил низ море да пливат да види каков коњ виштит.
Во истото време, коњчето беше се скрило во дупката и атот кога дошол не го нашол коњо што вискал. Се вратил назад пак пливајќи. До трипати така беше му виснал за да го умори пливајќи и после му се јавил на мегдан. Едно видуање ато, и му се пуштил да го тепа со клоци. Коа се клоцале, коа се биле едночудо време, до најпосле паднал ато и се предал. Едно излегло момчето од кај што беше скриено и му дошло кај ато, го наглаило и си го повел по себе. Видуање тоа нешто кобилите, тргнале по атот и му 'и однесол кај царот. На часо 'и измолзиле и го натерал царо прво момчето да се искапи, да после тој. Тамам да влезит момчето, дошло коњчето до млекото и му шмркнало сета жештина од млекото. Влегло и ништо не му се сторило. Виде царо оти ништо не му би на момчето, се слекол да влези да се искапи, само и само да се откамени девојката. Пред да влези, коњчето укнало во млекото и се вжештило. Влегуање царот, и се сварил како бел џигер. На часо беше се откаменила убаата девојка и се венчала за сина му од Петка лајчаро.
Си се сторија цар и царица и пак си освоија сите богаста, што беше му 'и зел царо насила. Си го викнал татка си и мајка си и сите девет браќа, та сите си 'и оженил и покрај него си 'и прибрал да си живеат царцки и господарцки.
Ете како бидуа од татко лајчар син цар и господар.
</poem>
}}
:Белешка
* (1) Се гледа, имала телефон или, по старо, будилник.
* (2) „Можи од тој себеп нема сега чума, чичо Марко" ми кажа прикажуачот.
{{ЈС-непознат}}
[[Категорија:Македонски народни приказни]]
[[Категорија:Народни приказни собрани од Марко Цепенков]]
snhdltwcnpqmd5o7ju2w1d1r0xv95vz