Wikisource
mkwikisource
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0
MediaWiki 1.47.0-wmf.7
first-letter
Медиум
Специјална
Разговор
Корисник
Разговор со корисник
Wikisource
Разговор за Wikisource
Податотека
Разговор за податотека
МедијаВики
Разговор за МедијаВики
Предлошка
Разговор за предлошка
Помош
Разговор за помош
Категорија
Разговор за категорија
Автор
Разговор за автор
Page
Page talk
Index
Index talk
TimedText
TimedText talk
Модул
Разговор за модул
Event
Event talk
Трите самовили, стариот слепец и келешот
0
10018
22389
21748
2026-06-22T08:22:31Z
Orce Wiki
3746
22389
wikitext
text/x-wiki
{{Заглавје
|заглавје =Трите самовили, стариот слепец и келешот
|глава =
|претходна =
|следна =
|забелешки =Фантастична приказна.
|автор = македонските народни приказни
|текст=
<poem>
Си бил еден стар слеп во една планина и си имал еден голем сарај; во сарајот имало дванаесет одаи заклучени со дванаесет клучеи.
Си било едно момче многу јунак и многу сиромавче. Бидејки многу јунак и многу сиромавче, тргнало да бара касмет. Одело по гори и по планини и за касметот негов го нашол сарајот и се прибрал до стариот. Од кога се распознале стариот со момчето, му рекол стариот на момчето: „Јас те сакам, момче, за на место син ти да ми бидиш, ама ако легниш ничкум за да те удрам со патерицава три пати што да можам". – „Удри ме, старче, шест пати ако сакаш, а не три пати, само син имај ме“.
Зело момчето една вреќа полна со слама и легнало до вреката, та му свикало на стариот да го удри со патерицата. Удрил стариот на вреката со патерицата, пук сторила, спискало момчето: „Олеле, дедо, не мавај толку!" Го удрил втори пат и трет пат, пак момчето викало: „Олеле, дедо, ме отепа, не мавај толку!" Од кога го удрил три пати, го посинил и му дал десет клучеи од десетте одаи да отвори момчето и да види што има и што нема во нив. Отворило една одаја, кога видело во неа, полна со стребро; отворило другата, полна со злато; отворило трета, полна бисери и така ги отворило сите десет одаи, и сите биле полни со сите убавини што имало во веков. Од кога видело момчето тие убавини, му посакало на стариот уште двата клуча за да отвори уште двете одаи и да види што има во нив. Арно ама стариот не му ги давал. „Земи ги, синко, овците, му рекол стариот, и отерај ги да ги пасиш, оти прегладнеа, чунки одамна не биле на пасење и сегде да ги пасиш, само на самовилската планина да не ги носиш, оти има три самовили, што ми ги зедоа очиве мои".
Зело момчето стапот на рамо, закачило шупелката за појас, ги забрало овците и право ги отерало на самовилската планина да ги паси. Ги натерало овците во најубавите ливади да пасат и си седнало под една сенка момчето, та си дувнало шупелката да си свири. Чуле самовилите и дотрчале кај него, та се фатиле оро да играат. „Слушај ваму, момче, му рекле, а ние да се фатиме со облог: ти ке ни свириш со шупелката и ние ке играме; ако не натсвириш, што сакаш ке ти дадеме, а пак ако те надиграме, ќе ти ги земиме обете очи". – „Ајде така нека биди, еве јас ке ви свирам и вие играјте“, им рекло момчето.
Момчето свири, самовилите играј, момчето свири, тие играј, дури фатиле да му постануат прстите од момчето. „Еј момче, се умори што непара можиш да свириш?" му рекле. – „Не се уморив, сестри самовили, туку ми дојде на ум за вчера дека го поштев татка, со прстите во косата како што му буричкав, тики затоа и на шупелкава како да буричкам коса". – ,,Бре, да си знаел зер да поштиш ти, му рекле самовилите, е нели си знаел, ај попошти не барем и нас, да видиме како ќе не поштиш". – „Заповедајте, сестри, им рекло момчето, да ве попоштам, па да видите како убаво ке ве испоштам". Дошле до него сите три и си клале главите на скутот од момчето да ги пошти. Едно расплетиле косите, и веднаш беше ги врзало сите три коси за коси и ги обесило за една гранка од дрвото што било до него.
Кога се виделе самовилите обесени на дрвото, паднале на аман, да му се молат на момчето да ги пушти. „Ве пуштам, им рекло момчето, ама ако ми ги дадете очите од татка". – „Појди, момче, кај онаа пештера, му рекле, кај нас дома и земи ги очите од полица, што се како две јаболка позлатени, однеси му ги дома на татко ти нека ги изеди и веднаш очите ќе му дојдат; ама кога ќе влезиш дома кај нас, кротку да одиш, за да не ни исплашиш децата и да се изгорат во огнот".
Отрчало момчето во пештерата од самовилите и дал вик во пештерата, се уплашиле децата и сите в огон беа се фрлиле, та беа се изгореле. Зел од полица јаболката и оти шол кај самовилите, та ги пуштил од кај што беа обесени. Кога отишле самовилите дома, си ги најдоа децата изгорени. Леле, мори сестри, беше рекла едната на другите, бегање не пери нас, друго ништо“. Од стравот на момчето беа избегале самовилите на далечната страна. Му ги однесло јаболката момчето на стариот, татка си олаџак, и му дало едно јаболко да го изеди; едно го изел и му се отворило едното око. „Дај сега, татко, му рекло, уште двата клуча од двете одаи, да видам што има внатре, ако сакаш уште едното јаболко да ти го дадам да го изедиш и да провидиш". Извадил стариот клучеите и му ги дал, а момчето му го дал уште едното јаболко.
Кога отворило момчето првата одаја, видело една чешма што течело злато, се наведило на чешмата и се измило глава, за да се олади и од главата дури до појасот сето се позлатило. До чешмата имало еден коњ со крила, се опознале со коњот. Отишло момчето кај другата одаја и од кога ја отворило, видело и таму една чешма и до чешмата имало врзано една маска и таа со крилја. Си измил нозете од таа вода и се сторил од нозе до појас сиот од стребро. Од кога поседело некое време момчето, му се здодеало само во таа пустелија и му се посакало да си оди во некој град, кај што има многу луѓе.
Една вечер отишол кај коњот и се зговорил да бегаат. Арно, момче, сакаш да бегаме одовде и јас за бегање сакам, за да не бидам во оваа апсана, арно, ама треба да знајш оти стариот ке ја вравни маската и бидејки таа е појунак, ќе не втаса и ке не врати". – „Ами како да правиме, бре коњче?" му рекло момчето, кажи ми ако ти фаќа умот". – „Да го земиш чешелот, малку сол и едно шише масло и ај да бегаме", му рекол коњот на момчето.
Си го зело момчето чешелот, сол и шише масло и си го јавнало коњчето, та си тргнало да бега.
Сетил стариот, јавнал маската, та се пуштил по него. Овде, онде, го привтаса и едно го виде коњот, му свика на момчето: Фрли го, момче, чешелот наземи, оти ќе не фати стариот". Го фрлило момчето чешелот и веднаш беше се сторило еден арман трње. Удри стариот маската да помини, удри, не можел и се вратил одоколу да помини. Бидејќи побрза маската, пак го привтасал стариот момчето. „Фрли ја, бре момче, солта, оти не фати стариот“, му рекол коњот на момчето. Ја фрлило солта и се сторило една страшна планина саде спили и камење. Ја удрил стариот маската, удрил да помини преку планина, не могол и пак завртел одоколу и пак го привтасал момчето. „Истури го, бре момче, маслото", му рекол коњот, оти не втаса стариот. Го истурило момчето маслото од шишето и веднаш беше се сторило една река голема. Ја удрил стариот маската да помини, не можел да помини и дал вик по момчето: „Стој бре, момче, не бегај, да ти кажам нешто, стој, бре момче, не бегај“. И тогај беше застанало момчето да чуе што ќе му кажи. – „Кажуј, старче, што ке ми кажиш? му рекло. Види се, бре момче, оти од глава до појас си позлатено и од појас до нозе сиот си стребрен, покри се да не се гледаш, оти така лошо ќе патиш", му рекол стариот и се вратил назад.
Кога се видело момчето, вистина од глава до појас позлатено и од појас до нозе постребрено беше било. Зело од некој питач ветви алишта и се препроменило да не се познава оти е позлатено и постребрено, си клало на глава капата едно суво чкембе, да се кажуа келеш. Летнал коњот ед на вечер со него и го однесло во бавчата од цареа ќерка, од помалата; чунки царот си имал три ќерки и сите три имале по една бавча и во секоја бавча по еден бавчаванџија, да му ги работи бавчите. Кога се видело момчето во бавчата од цареа ќерка, му зело од коњот едно влакно и го испуштило да си летни: „Ај коњче, ој си сега, му рекло, па кога ке ми требаш, ќе те викнам".
Седнало момчето во еден ќош со скрстени раце, како некое сиромавче. Шетајќи бавчаванџијата низ бавча, го ви дел момчето кај што беше се стуткало како некое сиромавче. Што си дошло, бре момче, му рекол бавчаванџијата, овде во цареа бавча?" „Аман стрико, ти и Господ, примај ме да ти слугуам за едно парче леб, оти сум многу сиромав". Кога чул бавчаванџијата тие жални зборои од момчето, му се нажалило и го прибрал да му чини измет во бавчата. Дење си работело низ бавча, а ноќе си лежало во кокошарникот. Неколку дни со ред што ја гледало момчето цареа ќерка да стои на пенџере и да се пули во бавчата, и момчето ја гледало од кокошарникот и си рекло со умот да го викни коњот. Секнал еден трат, го нажежал влакното од коњот и веднаш долетал коњот. Ги слекло момчето парталавите алишта, го јавнало коњот, та го разиграло низ бавча, и кога го видела цареа ќерка, срце ја фатило. „Ах, јас сирота, си рекла сама со себе, кое ќе биди ова момче, за јас да го земам“. Од кога доиграло момчето со коњот, спие. Цареа го испушти и си влезе во кокошарник да си ќерка беше го видела, и го сетила кое е, чунким од некој ден понапред беше го видела кога му помагало на бавчаванџијата. Утрото дошол бавчаванџијата и кога гледал сета бавча истропчкана од коњ, рекол: „кој дошол, бре келеш, ноќеска со коњ што ја изгазил вака бавчава?" – „Мајсторе, не го познавам кој беше; едно момче беше со еден коњ, тоа играше и пак си отиде". На тие зборои дошла цареа ќерка и му рекла на бавчаванџијата: „Што го караш келешот, бавчаванци, што зијан ти стори?" – „Како што го карам, честита цареа ќерко, кога не вардил ноќеска. Еве дошол некој ноќеска и ми ја изгазил бавчата; илјада грошеѝ зијан ми сторил". – „На ти две илјади, бре бавчаванџи, му рекла цареа ќерка и не карај го келешот". Му ги зел двете илјади и заќутел бавчаванџијата. Другата вечер пак го играл коњот келешот и третата вечер пак го играл. Цареа ќерка пак му платила на бавчаванџијата зијанот за едното две од колку што посакал тој.
Дошла една вечер цареа ќерка кај момчето и му дала прстен позлатен за нишан, да знае оти него ќе го земи и друг не е чаре да земи. Ги надеждила цареа ќерка (помалата) двете ѝ сестри, за да ги мажи царот. Од кога се созборуале сите три сестри, му се стегнале на царот да ги мажи. Од кога видел царот зорт од ќерки си, направил три јаболка позлатени и свикал што е машко од градот да се зберат на едно место. Се собрале сè што било машко и се наредиле сите три ќерки од царот; се заповедало од нарот да врват сите пред ќерки му. Се навртеле да врват, и големата ќерка од царот си бендисала едно богато момче, та фрлила со јаболкото и си го удрила, си го зела за маж да ѝ биди. Така и стредната си зела едно момче од најбогата куќа, а најмалата никое момче не бендисуа и штом дошло келешот да врви, беше си го удрила. Свикал царот со сите покрај него: „Јанлаш, јанлаш фрли цареа ќерка". Повторно пак се навртеле сите да врват и пак таа келешот беше го удрила. Трет пат пак него беше го удрила, и кога виде царот оти се келешот го удирала помалата му ќерка, при сè што ја милуеше многу, му се одмилило и со лутина и свикал: "А крши си главата, ќерко, сосе келешот, да не те гледам пред очи, лели него го бендиса и ме устрами". Си го зела келешот и си отишла во кокошарникот да си седи.
Поминало некое време, и царот го заболеа очите; го лекуале, немало вајде од ништо. Му рекол некој на царот да најди од вил (слон) млеко, да му турат две-три капки од млекото, ќе му оздрават. Е, кој ке оди да најди млеко? Зетоите ке одат. Кога чула помалата ќерка, отишла кај царот и го молила да му даде на келешот еден каков годе коњ, за да оди и тој да бара млеко. „Ај бегај оттука, и мажот ти, келешот, можел да најди млеко!" – Те молам, татко, му рекла, дај му еден коњ да појди и келешот, белки ќе најди". – „Ај нека земи и тој коњ и истај ми се од пред очите", ѝ рекол царот. Зел келешот еден најслаб коњ и отишол тој понапред. На патот нашол еден батак голем, та го закачил коњот и чекал да поминат баџанаците, за да го видат. По малку време втасале баџанаците и го виделе закопан до коленици во калта, кај се мачел да го вади коњот од калта. „Ејди море келеш, му рекле, па и ти ќе одиш да свршиш работа!" „Аман, бре баџанаци, елате да ми поможите за да го извадам коњот од калта", им рекол келешот. Се изнасмеале баџанаците и си дупнале коњите по пат. Едно заминале донекаде, и келешот беше го жегнал влакното од коњот со крилјата и веднаш му втасал. Ги слекол лошите алишта, го јавнал коњот и одлетнал кај што имало вилон, та зел млеко во едно шише и зел во друго шише млеко од дива свиња та ги пречекал баџанаците на патот. „Каде вака, момчиња, ги прашал келешот, сте се упатиле?" Кога го видоа тие сето позлатено и постребрено, на чудо беше станале. „Ние, момче, одиме да бараме млеко од вил за очобол", му рекле. – ,,Тамам, ете го, го најдовте“, им рекол, еве јас "Аман имам млеко од вил, ако сакате да ви го дадам". – бре брате“, му рекле, колку пари ке ни сакаш, ке ти дадиме, само да ни дадиш". „Пари јас пријатели нејќум, им рекол, јас сум многу богат, еве како што ме гледате, ако декшавате, по еден муур на бутот да ви удрам, еве го шишето на ви го". АЈ нека ни удри, рекол поголемиот на помалиот, чунки нема кој да не види, и така сме го нашле тоа што го баравме“. Му се навртиле да им удри по еден муур, и им го дал келешот свинското млеко.
Тргнале назад да си одат, и келешот одоколу пак си влегол во калта, да го вади коњот. „Уште си тука, бре келеш, му рекле, ние отидовме и се вративме, ти уште коњот го вадиш".
Му го дале млекото на царот и едно турил в очи, уште полошо му се сториле. Отишла ќерка му од царот помалата и го помолила да му донеси и таа млеко што донесол келешот. „Бегај оттука, и рекол, двајцата зетои не нашле од вил млеко, што отидоа до крај земја, та келешот твој нашол, што беше се закопал во батакот". „Те молам, тате, му рекла, обиди една капка, белки ќе ти дојди поарно". „Е, ај донеси, де, ај да видиме", ѝ рекол царот. Донесла млеко и му капнала една капка во обете очи, та веднаш му се провидело. „Оф, да си ми жива, ќерко, што ми даде виделце на очите" рекол царот и ѝ дал една друга одаја да седат. Арно ама пак нејќел царот да излези келешот пред него.
По малку се отворило еден џенк помегу царот и еден друг цар. Собарл царот војска и зел зетои си со себе, та тргнал да оди на бој. Излегла ќерка му пред царот и му се молила да му даде еден коњ и на келешот, за тој да оди на војска и од многуто додевање, заповедал царот да му дадат еден коњ, ама назад по војската да оди. Јавнал келешот коњот и го закопал во една кал на патот. Поминал царот со зетои си и со сета војска, и кога виде келешот кај туку се кашкал со коњот во батакот, многу беше се устрамил и се преправал ѓоа не го гледа. Сета војска што го гледала, сите се смеале и се шегуале со калешот. Се отворил џенгот и царската војска тукуречи фатила да се плаши; во тоа време втасал келешот со коњот што леташе и туку му влегол на другата војска да сечи со сабјата и сокаци да прави. Кога виде таа војска таков јунак, трештела и избегала. Поминал келешот покрај царот и беше си го насекол малиот прст, од него да му течи крв. Го видел царот и извадил маврамата позлатена, та му го врзал прстот, извадиле двата баџанаци прстењето позлатени и му ги дале на келешот. Си тргнал царот со војската за дома и келешот одоколу пошол во калта да го вади коњот. „Туф ала-бељани-версан со овој келеш што си налепив, за срамота ме стори“, рекол царот,
Од кога си отишол царот дома, викал една вечер гости сите големци. Отишла помалата му ќерка кај царот и го молила да појди и келешот на гости; од кога многу го молила, му дал изим да оди и келешот, ама најдолу да седни. Се наредиле околу царот сите големци на трпеза и келешот седнал најдолу. Му потуриле на сите раце да се измијаат и си извадиле секој шамиите да се избришат, извадил и келешот позлатената маврама, што му ја дал царот. Кога ја видел царот, на чудо бе ше станал. „Од кај ја најде таа маврама, бре зету?" му рекол царот. Ами ти лели ми ја даде, честити царе, му рекол келешот, кога си пресеков прстот на џенгот“. Да ти зер беше, бре зету?" му рекол царот. Рипнал келешот, жегнал влакното од коњот, дошол коњот и го јавнал келешот; слекол лошите алишта и му се вкачил на сарај кај царот. Кога го видоа, сите се зачудија. „Ја види, честити царе, тие твои зетои на десните бутои дали немаат по еден муур, што им дадов млеко свинско за очите кога те болеа". Кога ги виде, вистина имале по еден муур. Тогај келешот го кладе до себе, а другите зетои подолу од нив, и најпосле цар се стори келешот допосле.
</poem>
}}
{{ЈС-непознат}}
[[Категорија:Македонски народни приказни]]
[[Категорија:Народни приказни собрани од Марко Цепенков]]
78f6e8wvf5rzxl5l119fve36gu046z3