Wikisource
mkwikisource
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0
MediaWiki 1.47.0-wmf.7
first-letter
Медиум
Специјална
Разговор
Корисник
Разговор со корисник
Wikisource
Разговор за Wikisource
Податотека
Разговор за податотека
МедијаВики
Разговор за МедијаВики
Предлошка
Разговор за предлошка
Помош
Разговор за помош
Категорија
Разговор за категорија
Автор
Разговор за автор
Page
Page talk
Index
Index talk
TimedText
TimedText talk
Модул
Разговор за модул
Event
Event talk
Тројцата браќа што ошле на туѓина
0
10229
22390
2026-06-22T12:41:49Z
Orce Wiki
3746
Создадена страница со: {{Заглавје |заглавје =Тројцата браќа што ошле на туѓина |глава = |претходна = |следна = |забелешки =Волшебна приказна. |автор = македонските народни приказни |текст= <poem> Си отишле тројца браќа на туѓина да работат и да спечалат пари. Работиле, што работи...
22390
wikitext
text/x-wiki
{{Заглавје
|заглавје =Тројцата браќа што ошле на туѓина
|глава =
|претходна =
|следна =
|забелешки =Волшебна приказна.
|автор = македонските народни приказни
|текст=
<poem>
Си отишле тројца браќа на туѓина да работат и да спечалат пари. Работиле, што работиле, спечалиле пари, колку што им дал Господ, и се зготвиле да си одат на виљает. Постарио брат и постреднио си работиле наедно, а помалиот бил главен при еден мајстор. Го поканиле двајцата браќа помалијот за и тој да си одит дома со нив. Кога чул помалиот, оти ќе си одат дома браќа му, му се смилило и нему да си ојт со нив. Му посакал есапот од ругата, што бил главен, од мајстора му и мајстор му на часот му го дал есапот — токму што му чинело.
— Еве ти го, момче, есапот — му рекол мајстор му — еве олкуа пари ти чинит, ама еве што сакам да ти кажам: париве еве и пред тебе, еве ти и три ореи; ореите ти 'и давам со алал и со блаосов, а парите не ти се блаосоени. Сега мисли, душко, и прај: сакаш парите без благосов земи 'и, сакаш трите ореи земи 'и со блаосов. Како ти ќеф, така прај — му рекол.
Кога чу момчето тие зборои од мајстора си, застана да се мисли како да праи: да земи парите без блаосов, неќел; да земи трите ореи со блаосов, никако окото не му се полнеше. Дума, шеста, најпосле си рекло сам со себе:
— Ќе 'и земам трите ореи блаосоени, да како ќе ми Бог поможит, така нека бидит.
Си зел трите ореи блаосоени, му бакнал рака на мајстора си и си ошол кај браќа си, и си тргнале сите тројца да си одат на виљает. Одејќи по патот, го прашале двајцата поголеми браќа помалиот, колку пари имат од ругата, што работил у мајсторот му.
— Јас, бре браќа — му рекол — наместо пари, имам три ореи, чунки мајстор ми парите што ќе ми 'и даеше за ругата, што ми чинеше, со алал не ми 'и дааше. Тој ми рече: „Еве ти, душко, парите од ругата што ти чинеше; туку блаосоени не ти се; триве ореи сет со алал, и со блаосов ти 'и давам. Кој сакаш сега, земи си: ќеф ти ореите, ќеф ти парите". И така, браќа мој, јас поеќе милуав блаосоените ореи, одошто неблаосоените пари. Да сега, како ќе ми Бог поможит.
— Како, како, три блаосоени ореи (ках, ках, ках, ках, ках, — се изнасмеале чисто) си зел наместо пари? Удри се по глаа со нив и крши си глаа: ја назад врати се, ја напре оди, со нас еднашка те неќиме ни по пат да одиме, ни дома да живееме. Да знаеш оти од овој саат делени сме од тебе, чунки ние да работиме и парите што сме 'и спечалиле, дома да ѝ носиме, а пак ти чорбаџи, што си работил, — само три ореи — да те бијат по глаа! — ќе ни бидиш исеџија. Назад, бре, оти сега Ќе ти ја скршиме глаата!" — му свикале со лутина. Кога чу тие лоши зборои помалиот брат од двајцата поголеми браќа, остана на патот како здрвен од страм.
Седнало сирото момче наземи, откога изминаа браќа му, и ватило да си мислит и да жали. Некој пријатели од браќа му и негои су погодило да одат на туѓина и се стреле со браќа му, та му кажале оти помалиот им брат, што работил толку време на туѓина, спечалил голема стока — дури три ореи!
— Страм да му биди! — велеле на пријателите.
Врвејќи пријателите пред помалиот брат, кај што седел, му се подбиле шега дека само три ореи беше спечалил.
— Страм да те јади — му велеле — море никаков бре! Толкуа време да работиш и само за три ореи да кандисаш да земиш руга и парите што ти 'и давал мајстор ти да 'и остаиш, ту бре!
Откоа заминаа пријателите, помалиот брат беше изваил еден од ореите от џеб и вати да му се пулит и сам со себе да си велит:
— Вистина сум за страмота, како што ми рекоа браќа ми и пријателите; вистина ме излага тој никаков мајстор, што ми даде три ореи во место пари; ами, мори главо, три ореи колку пари чинат, чинат дури пет пари! Си остаив еден куп пари и зедов пусти три ореи да се бијам сега со нив по глаа, како што ми рекоа браќа ми, за ум да берам уште еднаш. На, мори главо дебела моја, Hà!
Се удри со ореот по глаа што да можит, дури беше се окршил ореот на две полојни. Кога — што беше излегло од блаосоениот орев! Една цела сурија волој, сите една длака, сите еден бој, сите млади, да ти је грев да му се опулиш; кој да види, да завиди. Кога виде ужаленото момче оти од еднио орев излезе цела сурија волој, од радост не знаеше што да стори. Си 'и забрал пред себе волоите, кротко, кротко да си оди дома. Беше го изваил и другио орев од џеб и го клал наземи, та го окршил. Кога — што да видит? — Едно цело ергеле коњи, кобили, кој од кој убаи и најубаи — око од нив да не одвртиш, за мила убаина беа биле.
Си 'и забра и нив пред себе со голема радос и веселје.
Пооде потамо и го изваде треќио орев, го скршил и него. Кога — што да видит? — Цел булук овци и овни, сите калеши, а овните сите угичи, да ти је грев да му се пулиш. Си 'и забрал сите три булуци пред себе да си 'и терат дома. Нашол по патот и неколцина овчари, си 'и главил за да му 'и отерат дома, оти сам не можел. Кога приближал до своето село, беа наизлегле сите селани да гледаат тие три булуци од помалиот брат, што 'и терал. Со сите селани беше излегле и браќа му, и татко му, и мајка му да видат тие убаи булуци. Кога го виделе оти је тој, и кога беа разбрале оти од трите ореи беше му излегле трите булуци, на чудо беа станале! Го грабнале и беше го избакнале задека голема печалба беше им донесол. Браќа му посакале проштење, зашто беа го оскорбиле.
— Кога да имаш стока, секој те сака, а кога да немаш, ни татко, ни мајка те сака — што рекле стари.
</poem>
}}
{{ЈС-непознат}}
[[Категорија:Македонски народни приказни]]
[[Категорија:Народни приказни собрани од Марко Цепенков]]
3731awv359zypm1p2x7sadpro6bmsib