Wikisource
mkwikisource
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0
MediaWiki 1.47.0-wmf.8
first-letter
Медиум
Специјална
Разговор
Корисник
Разговор со корисник
Wikisource
Разговор за Wikisource
Податотека
Разговор за податотека
МедијаВики
Разговор за МедијаВики
Предлошка
Разговор за предлошка
Помош
Разговор за помош
Категорија
Разговор за категорија
Автор
Разговор за автор
Page
Page talk
Index
Index talk
TimedText
TimedText talk
Модул
Разговор за модул
Event
Event talk
Двете деца, брат и сестра, што 'и мачеше маштеата и татко му 'и однесе во планина
0
10230
22391
2026-06-23T15:01:58Z
Orce Wiki
3746
Создадена страница со: {{Заглавје |заглавје =Двете деца, брат и сестра, што 'и мачеше маштеата и татко му 'и однесе во планина |глава = |претходна = |следна = |забелешки =Волшебна приказна. |автор = македонските народни приказни |текст= <poem> На еден маж му умрела првната жена и му...
22391
wikitext
text/x-wiki
{{Заглавје
|заглавје =Двете деца, брат и сестра, што 'и мачеше маштеата и татко му 'и однесе во планина
|глава =
|претходна =
|следна =
|забелешки =Волшебна приказна.
|автор = македонските народни приказни
|текст=
<poem>
На еден маж му умрела првната жена и му остаила две деца, едното машко, другото женцко; машкото шес-седум години, а женцкото четири години. Децата биле многу лични и кротки. И гледал пустиот маж некое време и видел оти не му је даро на маж да чешла и да пошти деца од вошки, та станал и се преженил за една вдојца, што имала и таа две деца. Вдојцата била многу лоша, та откоа влегла во куќата од мажо и зела во раката клучеите на сета куќа, ватила да 'и пизми и да 'и тепа ич за низаошто децата што 'и нашла, едно оти биле многу лични и друго си имала свои, та нив сакала да 'и има во куќата, а од мажа је што и нашла да 'и сотри.
Многу време што 'и мачела, коа со ќотек, коа со без леб 'и остаала и не му кажале децата на татка си, да не нешто татко му да'а кара, ја да не ја тепа пустата им мајка алаџак; арно ама, таа од ден на ден сè поеќе 'и мачела и со тие маки што му даала мислела да 'и сотри. Веќе не се трпеле маките и му кажале на татка си децата како гладни 'и остаила и ич за низаошто 'и тепала. Сопрво неќел таткото да му поверуа на сиротите деца, при сè што ги гледал по лицата опепелаени и во глаите вошлосани; до најпосле му кажале и комшиите што слушале секи ден пискотниците од децата, коа 'и тепала и 'и мачела; тогај веќе поверуал пустио маж и спрегнал колата, ѓоа ќе оди на дрва, излегол од село надвор и му ја дал колата на некој пријател да му ја набери дрва, а пак тој се вратил дома и од мала врата се качил на куќа, та седнал до баџа, да гледа дали завистина ќе 'и мачи негојте деца.
Едно го испратила мажа је на дрва и на часо се запрегнала да меси зелник; заклаа кокошка и ја клала да се вари и зелнико да го печи. Измолзила кравата и му надробила леб и млеко на децата незини да је поручаат, а на негоите сироти деца машата му ја удрила по глаа и 'и истерала надвор, велејќи:
— Што стоите, бре свињцки и песи синои, што не излезите надвор да истерате крава за в гоеда, телето на телчаро, свињите на свињарот? А, брготе, свињцки синои од кучка окучени и од пес заурекани! Вршете работа! Што сте зинале саде за јадење, да би срце и срдешница ве изело, да би!
Така 'и колнела и со машата по глаа 'и тепала дури 'и истерала од куќи надвор, да је вршат работата што му нарачала. Сироти деца, гладни и жедни, со полни очи од солзи, глас не можеле да даат и да плачат, оти уште поеќе ќе 'и тепала, што никој од рацете не можел да му 'и отмит, коа 'и тепала. Многу пати иделе комшиите да и 'и отмат, арно ама и на комшиите таа му го даала арџот, та не смееле да 'и идат сеедно. Знаејќи тоа нешто, сиротите деца поеќе трпеа ќотеко, ошто да плачат со висок глас.
Забраа кравата, телето, свињите и 'и отераа стред село на гоедарите и си дојдоа дома.
— Си дојдовте, бре проклети? — му рекла. А сега зарините лепешките од кравата! Што стоите, да не застанете, како некој гости и јабанџии? Ха, сметете, вода залејте, дрва донесете, што чекате, сеедно зер да ви велам, да би не рекле господи помилуј, да би!
Сите работи што му рекла ги свршија сироти деца, ручекот дошол и тие уште гладни стојат. Тамам ставила да ручаат и 'и истерала од куќи надвор, та си седнала со својте деца и таа, да си ручаат зелник и кокошка јавнија, а пак сиротите седнале надвор на еден камен и си плачеле тивко, да не 'и чуе клетата им маштеа и да и скапи од ќотек. Откоа се нагостила клетата маштеа сос својте деца, зела две корки 'ржан леб, сув, и му дала да јадат, а јавнијата што останала и од зелнико му го дала на пците, да нема за вечерата коа ќе дојдел мажот је од дрва.
— Слушајте вамо вие, бре кучиња, немој да му кажете на татко ви вечер оти праив зелник, оти грклано ќе ви го изваам, ем пред татко ви, чунки јас не се бојам ни од татко ви, ни от никого! Разбравте сега што ви велам?
— Разбравме, мајко — је рекле плачејќи.
Мажот од баџата сето виде како му праела жената му на децата и голема мака му падна, и сакал тогај уште да слезе од баџа та да ја отепа, арно ама па се раздумал, чунки ако ја отепа, треба да лежи апсаана и пак децата ќе му бида[т] сироти потурнати, по сокаци треба да питаат. Немало маривет и со тоа. Преесапил да 'а остаи, и со тоа калемо не му вати, чунки одвај неа ја нашол вдојца со триста маки и едночудо пари поарџил дури ја нашол, а пак ако ја остаи друга не можи да најди. Секако преесапил, никако калемо не му ватил. Најпосле си преесапил децата да 'и истаи од куќа и друго чаре не бидуа.
Слегол од баџа и отишол да си ја пречека колата со дрвата, та си дошол вечерта дома. Утрото рано ја натерал жената си да месит една голема погача. Наполнил една голема црпка со вода, зел и неколку црпки празни, та 'и вкачил децата на кола и 'и однесол во една далечна планина. И растоарил на едно место. Му напраил една колиба од шумата, та 'и клал во колибата да поседат дури да набери тој колата дрва и после ќе дојди да 'и земи.
— Седете ми, милите ми деца, овде, дури да наберам јас дрва, да после ќе дојдам да ручаме и да ве земам да си ојме дома; ако се забаам за ручек, ете ви ја погачата — ручајте си, ете ви ја црпката со вода — пијте си!
— Аман, бре татко — му рекле плачејќи — не носи не веќе дома кај лошата ни нова мајка; однеси нè како кај некоја мајка што ни умре, кај такваа мајка сакаме, а не као кај оваа што не ни даа леб и нè тепа сеедно!
— Нема да ве носам, чеда мои, веќе кај оваа лоша мајка, ами ќе ве остаам кај дедо Госпо, тој да ви биде татко и мајка.
Така му рече сиромајио татко и плачејќи се оддели од милите си дечиња што 'и остаи на Бога, та 'и обесил празните црпки на една бука, да 'и дуа ветро и се чукаат една со друга од буката, да слушаат децата ѓоа татко му бери дрва и маат со секирата; си набрал дрва и си ошол дома без деца. Коа видела жената му оти децата не 'и донесе мажот је, голем ќеф беше сторила, арно ама Госпо, сполај му, прав судија јет, тики не остаат само за на тој век да 'и накажуат лошите, ами и на овој век 'и накажуат. На часо беше му 'и стресло обете деца на жената и веќе не 'и претресло дури биле живи и дури си припознала кабаето што 'и мачела двете пасинчиња и од себепо незин, мажот је 'и остаил в планина да 'и јадат волци, врани.
Сиротите деца чекале, чекале таткото да дојди да ручаат; го немало, та си скршиле од погачата и се напиле од водата. Приквечерта, слушаат тропотниците од црпките што беа обесени на буката и се си мислеле оти уште бери дрва татко му, а не знаеја оти пустио татко беше 'и остаил на Бога тој да му биди татко. Откоа виделе оти не му дошол таткото, си вечерале и си се гушнале да си спијат. Утрото станале, пак татка си го чекале, арно ама тој не би к'смет да го видат.
Си кршија од погачата, си јадоа, си пија од водата дури имаше и најпосле останаа и без леб и без вода.
— Брате, леб ми се јади — му велела девојчето на машкото, брате, леб ми се јади.
— Е, да и мене ми се јади, море дете, ами коа немаме што ќе јадиме?
Така велејќи машкото дете на сестра си, тргнало околу колибата да бара ѓоа нешто леб; овде-онде, овде-онде барало, нигде не могло да најди леб, ами ти нашло една лепешка што беше ја пострале волоите од татко му коа беше 'и донесол тука, и ја зел лепешката, та ја донесол во колибата и ја поизмесил малце, та ја клало да ја печи и да му даи на сестра си наместо леб.
— Брате, леб ми се јади — со плачење му сакало девојчето — леб, брате, леб ми се јади.
При сè што му се јало и на машкото, арно ама бидејќи поголемо, сè туку поеќе траело и гајрет чинело.
— Трај ми, сестро, трај ми, сега ќе се испечи погачата и ќе ми ти даам!
Во истото време брцнал со една прачка во лепешката да види али је печена и еве му го Госпо сполај му, на старец престорен, му седнал до нив и ватил да 'и прашат од кај се и што дошле тука:
— Што праите овде, бре чеда — му рекол — кој ве донесе?
— Тате нè донесе, дедо — му рекло машкото — овде, дека нè неќеше новата мајка, та нè остаи овде и ни рече ќе дојди па да не зема и не дојде. Еве сега, дедо, леб немаме, сестра ми кај плачи за леб и јас најдов една лепешка онде доле, та ја замесив и еве кај ја печам, ѓоа како погача, дедо, да ја даам на сестра ми да јади за да не плачи. Арно, дедо, туку еве кај не се печи.
— Се печи, чедо, се печи и не е лепешка, ами је бела погача, извај 'а сега оти је печена, да си ручате двата.
— Не е, дедо, погача, не, ами је лепешка!
— Е, ај извај ја да видиш али је лепешка? — му рекол Бог милостив.
Коа ја открил лепешката од пепелта, гледал една бела погача, голема како некој воденички камен. Си скршил едно парче од погачата и је дало и на сестра си, та си се наручале саде за ќеф.
— Вода сакам, брате, вода ми се пие.
— Оди чедо — му рекол Госпо — ондека има една чешма и до чешмата има едно стомне, наполни го вода и донеси је на сестрата да се напие.
— Нема, дедо, овде чешма, нема!
— Оди чедо, оди, има чешма ене онде до дрвоно, ти не си ја видел досега, појди и ќе ја видиш сега.
Отишло детето кај дрвото и вистина нашло чешма, до чешмата стомне, си го наполнило вода и си го донесло во колипката, та си ја напојало сестричето.
— На, чедо, оваа стрела — му рекол Госпо — да си ја имаш и на ошто ќе врлиш сè да удриш, зајаци да си тепаш и да си јадите дури да порастите. Ете ви и погачата да си јадите и да си живејте. Ај, седете ми со здравје! Ела, бакнете на дедо рака сега, оти ќе си ојт дедо.
Му бакнале рака и си ошол Госпо од кај што дошол, а децата си останале тамо да си живеат дури да си порастат.
Ете коа да сака Госпо да не 'и умира две деца сирачиња, исфрлени во една пуста планина да 'и јадат волци, врани.
Си седеа децата и си јадеа од погачата, си пиеја вода од чешмата и никогаш погачата не му се биттисуаше.
Потпораснаа и ватија да шетаат подалеку од кај што живееја. Шетајќи, видело детето еден зајак и си рекло со умо да тргни со стрелата на зајако, та да види дали вистина ќе го удри како што му рече старио. Едно тргнување, и беше го отепал зајако. Кеф голем сторило дека го отепало зајако и си го одрало, та го испекле, та си го изеле.
Многу годиње беа живеале во таа планина, дури имаше ѕверки да тепа момчето (од дете момче веќе стана) и да јади и најпосле тргнале по друга поголема планина да бараат лов и тамо да живеат. Шетајќи по таа планина, туку беше нашле еден чуден сарај во планината. Турнаа портата, и се отворила; влегле во сарајо и се качиле по скалите горе; прошетале низ одаите да видат што има што нема. Што да видат во одаите? — Што око чоечко не видело, тоа имало тамо!
Сегде прошетале и нигде чоек не нашле.
— Тамам, сестро, еве овде је за нас да живеиме!
— Мошне арно, брате — му рекла — овде нека живеиме лели велиш ти, ама ако нема некој стопан на овие сараи.
— Кој сака нека има, сестро, стопан, јас овде ќе живем; ако се јави некој чоек, али друго нешто стопан, веднаш ќе го стрелам, макар и нека биди некоја ламја или друго нешто, знаиш ти оти стрелата ми е блаосовена од старио што ми ја даде.
Сарајо бил од некој змев што имал четириесе глаи и бил затворен во една одаја, та слушал тој муабет што зборуало момчето со сестра си и се уплашил од стрелата што ја имал и никако не излегол од одаја надвор — да му стори некаков пакос.
Јадење, пиење во сараите имало доста, што ти душа сака! Си живеале како некој паши. Научено момчето на лов, беше излегло еднаш низ планина и видело еден зајак. Колку да врли со стрелата да го отепа и дал вик зајако:
— Аман момче, не стрелај ме оти си имам мали дечиња, та ќе ми остана [т] сираци! Ела по мене ако сакаш да видиш и ќе ти даам едно од малите зајачиња, да ти биди за веко поштаџија.
Слушајќи тие зборои момчето од зајачицата, се смилило, чунки му рекла оти ќе му остана[т] зајачињата сираци, а пак сирак само ти било и знаел какви маки тргал коа бил сирак. Отишол кај зајачицата и му дала едно зајаче зајачицата да му биди како поштаџија, саиџија. Си го зел зајачето и си дошол на саpaj.
Утрото па излегол на лов и нашол една лисица. Колку да тргни да ја отепа, спискала сирота лисица, да не а' тепа, оти си имала мали лисичиња.
— Аман, брате, не стрелај ме оти си имам мали лисичиња, да ќе ми останат сираци! Ела по мене ако сакаш да видиш и ќе ти даам едно лисиче да ти се најди за секако зло час.
Се смилило момчето и отишло по лисицата да му даит едно лисиче. Му дала и си го повело по себе, та си го однесло на сарај.
Другио ден пак излегло момчето на лов и еве ти еден волк му се испречил. Колку да тргни со стрелата, дал вик волко:
— Аман, момче, немој, не стрелај ме оти си имам мали волчиња, та ќе ми остана[т] сираци! Ела ако сакаш да видиш и ќе ти даам едно волче, да ти се најди на зло час.
Отишло момчето и зело едно волче, та си го донесло на сарај.
Четвртио ден па ошло на лов момчето и еве му една мечка, му се јавила пред него и колку да тргни да ја стрела, дала вик мечката да му се моли да не 'а стрела:
— Аман, момче ти се молам, немој, не стрелај ме оти си имам мечиња мали, та ќе ми останат сираци Ела по мене да видиш и ќе ти даам едно мече да си го имаш за на зло час.
Отишло момчето и зело едно мече, та си го донесло на сарај.
Си 'и рани четирите ѕверки, и се сторија коџамити штенци, та кај што одеше момчето, тамо одеа и тие, страшна арка му беа, ич око не му трепнуаше коа да шеташе по таа пуста пустелија; сам тој и напре не се боеше дека имаше стрелата благосоена од Бога, арно ама и со четирите ѕверои, пак му беше друг гајрет.
Во сарајо имало змев со четириесе глаи и беше ја пленил тога брго ќерка му од еден силен цар, та беше ја скрил во една скривница што била праена во capajo.
Царо беше распратил луѓе по сета земја да ja бараат ќерка му и коа дошле едни луѓе, што шетале по таа планина, кај сарајо, ја виделе сестра му на момчето во првата одаја кај што си седела на пенџере со брата је заедно и веднаш беа поверуале оти таа je цареата ќерка што седела, а брата је го сториле да је змео што ја грабил. На часо го опколиле сарајо и едни отидоа кај царо да му кажат оти ѓоа ја нашле, и друзи се опреа да му влезат преку ѕид и да го убија змео, та да 'а откинат ѓоамити цареа ќерка. Сопрво дале вик по момчето, да му е пушти цареа ќерка што ја грабило, ако сака да го остаат живо, ако не пер и пак ќе го напраат сосемати сарај и со него. Слушајќи тие зборои момчето, му текнало оти во сарајо треба да има некој змев што грабил цареа ќерка, што ја бараат царцките луѓе и му ја сакаат сестра му.
— Слушајте вамо, пријатели — му рекол — ja не сум змев, ами Божи чоек сум и оваа девојка што ја гледате мене ми е сестра, ние сме истерани од лоша маштеа и донесени овде од татка, да затоа ви кажуам и со молба ве молам, ојте си оти сите забадијала ќе загините.
Бре, брате, ич слушаат тие што му вели момчето!
Сè мислат оти тој је змеот препраен на човек и таа је ќерка му на царот. На тоа згор, му се пуштиле на портата да му ја кршат и да му се качуаат во сарајо, арно ама ич можат да влезат кога има стрела блаосоена од Бога. Сопрво му свика на ѕверовите и му 'и нашмел; едно пуштање ѕвероите, 'и искинаа сите на парчиња, кое тоа отепа со стрелата, кое ѕверките. 'И сотре сите. Околу сарајо саде неколцина куртулисаа и отрчаа кај царо да му кажат што стана и како се стори.
Разбирајќи царо тоа нешто, пушти едночудо војска ад го отепа змео, арно ама и таа војска беше се разбила и на треќи пат беше го пратил царо сина си со многу војска да му дојдат до ако на змео.
Копајќи зајачето во темело да си напраи легало, спроти адето што го имаа зајаците, излегол ноќта во една одаја кај што лежел змео. Змео спиел и не го сетил зајачето. Видувајќи тоа нешто, се вратило назад и му кажало на момчето.
— Бре, да завистина имало овде змев и завистина треба да има цареа ќерка грабена од змео и треба да је скриена овде! — је рекол на сестра си.
Зема со себе мечката, волко и лисицата, та му пошол на одајата кај што седел змео, ја окршил и му влегол натре и му ја пуштил стрелата во глаата, та сите глаи му 'и отепал, само една му останала жива и го изваил од одајата змео, та го качил на чардако да се гледа од далеку, како коа отепуа некој некоја змија и ја качуат на некој трн, али шип, али на какво да је, да ја гледаат свето што ќе врват, така и момчето беше го качил змео на чардак.
— Кажи, бре змео, кај си ја скрил цареа ќерка, ако сакаш да ти ја остаам едната глаа жива? А пак ако не кажуаш, да знаиш оти ќе ти ја стрелам и таа глаа што ја имаш жива!
Живот мила бидејќи, кажал змео во која одаја ја имал скриено цареа ќерка. Отишло момчето со сестра си и ја изваиле од кај што беше скриена. Едно го видела момчето цареа ќерка, и го заграбила:
— Мило брате — му рекла со плачење — од кај те донесе Госпо овде, да да ме куртулисаш од овој ѕвер, брат да ми си и на овој век и на тој век! Ами ти, сестро, од кај дојде овде, та да ми бидиш другарка. Ајде, брате, однеси ме кај татка, оти татко ми је голем цар и ќе ти даи голем бакшиш, ја можи мене да ме даа ако не си женет, чунки татко така треба да рекол: кој ќе ја најде ќерка ми, зет ќе го сторам.
Од тие зборои на цареа ќерка што му 'и велеа на момчето, на срце беа му паднале и му се таксало да 'а земи за невеста уште туа, чунки и таа била лична како сестра му.
— Е, лели е така, мило мое момче, дај прстен и престенуј ме уште непојдена кај татка и кога ќе ојме, ќе го натерам татка и брата ми да го сврши и да го жени, та со еден арч свадбата да напраиме.
— Ами имаш брат, мори снао — је рекла сестра му на момчето — неженет?
— Имам сестро, имам брат како некој 'рслан, да го видиш и да го грабниш; види ме мене, види го него! Ако сме живи да си ојме дома, ќе го видиш што брат имам, ем те уверуам оти ќе го бендисаш ти, ама и тој ќе те бендисат. Ај ако сакаш да те прстенуам за него и да си живеиме сите како цареи.
На тие зборови што си 'и зборуваа, беше се задала силна цареа војска да иди кај нив да се бие и да ја најдат цареа ќерка. На тоа згора што измисли момчето да не се праи бој, кренал еден бел бајрак над сарајо, да види аскеро оти кавга неќи тоа и го прати зајачето да му кажи на големио што ја водел војската да дојди кај момчето, има нешто радосно да му кажи. Отрчало зајачето при војската и му се престави пред големио што водел војската; големио бил син му од царо.
— Кажи, бре зајаче, што има да кажиш? — му рекол царев син.
— Радос голема ќе ти кажам — му рекло зајачето честити војвода, змео стопано мој го отепа, цареа ќерка ја избави и се прстенуа со неа; затоа ти кажуам да дојдиш тамо со неколцина да видиш и да не 'а мачиш целата војска.
Коа чу Царев син тоа нешто од зајачето, од радос ќе излетал, чунки се нашло сестра му и се прстенуала за такво јунак-момче. Зел неколцина големци и отишол кај момчето да види дали је вистина тоа нешто што му го кажуа зајако. Едно се понаближил до сарајо син му од царо и видел на чардако змео отепан кај стои врлен на чардако; од друга страна ја видел сестра си помеѓу брато и сестрата, сите насмевнати и радосни. Влегол царо во сарајо и се качил горе. Уште оцкали [од скали] го пречекале и брацки сите се избакнале, та се испоприкажале, за како се нашле тука брат и сестра и со какво јунасто истепало толку чудо војска, како го отепало змео. За сето тоа момчето му кажало, се со ред, како биле сираци, како го дојале лебо, како Госпо на стар му дошол и лепешката на погача му ја блаосоил да не му се битисуа никогаш, како му дал една стрела и со неа праел големо јунасто.
— На сето тоа, честити царев син, јас се прстенуав со твојата мила сестра, сега ти што велиш?
— Јас, мило момчето и милото ми зетче, од мерата надвор сум благодарен и ајде готви се да одиме при татка, та да го молиме и мене да ме сврши и наедно свадба да праиме.
— Мило брате — му рекла сестра му на царев син — јас се прстенував за ова момче, ами и тебе те прстенував за убаата му и мила сестра негоа и повели земи си ја за рака.
Со голема радост ја декса царев син и си ја зеде за рака, та се зготвија да одат во царцкио град и тамо да се венчаат. Собраа сè што имаше во сарајо најубао и најскапо, го доотепа змео и си и викна момчето мечката, волко, лисицата и зајачето, та се испростија со нив и му го остаи сарајо ним да го вардат и да си живеат.
Пред да тргнат за во царцкио град, пушти царцкио син татари да појдат да му кажат на царо оти ќерка му ја нашле и ја прстенуале за еден силен јунак и од тој силен јунак син му од царо ја прстенуал сестра му. Коа му отишол тој абер на царо, од радос ќе излетал. И собрал голема тебабија, та излегол ден далеку на пречек и тамо си пречекал ќерка со зет син со снаа, та со плачевен радост си'и прегрнал и си'и слатко целивал, та водејќи за рака си'и донесол дома. Курдиса царска свадба, што ја прави токму три месеци и си венча ќерка си за момчето, снаа си за сина си. И си останаа да си живеат царцки и господарцки, а пустата маштеа со својте две деца дури биле живи, живеале се болничаи, сиромаси, црни и темни.
Ете, што рекле стари: роди ме мајко се к'смет, врли ме на пато. Ете, кога неќи Госпо да го губи чоека, нема чоек што да му праи.
</poem>
}}
{{ЈС-непознат}}
[[Категорија:Македонски народни приказни]]
[[Категорија:Народни приказни собрани од Марко Цепенков]]
3o2hnvbd4e56e6jf9p52mg9m399i188