Wikisource
mkwikisource
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0
MediaWiki 1.47.0-wmf.20
first-letter
Медиум
Специјална
Разговор
Корисник
Разговор со корисник
Wikisource
Разговор за Wikisource
Податотека
Разговор за податотека
МедијаВики
Разговор за МедијаВики
Предлошка
Разговор за предлошка
Помош
Разговор за помош
Категорија
Разговор за категорија
Автор
Разговор за автор
Page
Page talk
Index
Index talk
TimedText
TimedText talk
Модул
Разговор за модул
Event
Event talk
Македонски народни песни
0
2537
22538
21338
2026-09-16T11:36:22Z
Natasa Stardelova
3192
/* 1 */
22538
wikitext
text/x-wiki
Песните во продолжение се викаат македонски народни песни. Песните се подредени по азбучен ред.
:'''Напомена''': ''Списокот не е целосен. Ако сакате да ги видите сите народни песни кои ги има на Викиизвор, видете ја [[:Категорија:Македонски народни песни|категоријава.]]''
==Категорија==
<categorytree>Македонски народни песни</categorytree>
{{Азбучник}}
== '''1''' ==
*[[1762 лето]]
Каде се спремаш македонче
*[[А бре Петруш, кајметли Петруш]]
*[[Абер дојде Донке]]
*[[Абер дојде од овчаро]]
*[[Абер иде од Могила]]
*[[Ај да бегаме мори Васе]]
*[[Ај засвирете ми чалгии]]
*[[Ај што ми е мило ем драго]]
*[[Ај! В Македонија глас се чует]]
*[[Ајде дали знаеш паметиш Милице]]
*[[Ајде жалај ме, Малино]]
*[[Ајде Милке да бегаме]]
*[[Ајде мори Стојно ле, мој соколе]]
*[[Ајде поминувам заминувам]]
*[[Ајде слушај, слушај, Калеш бре Анѓо]]
*[[Ајде ќе те прашам бре Донке]]
*[[Ајде шана мана на кантарот]]
*[[Ајде што пијана шеташ Фиме]]
*[[Ајде што ти текна]]
*[[Ајде, брала мома бело ми грозје, ем црно]]
*[[Ајде, ред се редат, мале]]
*[[Ако пијам рујно вино]]
*[[Ако умрам ил загинам]]
*[[Ангелино моме]]
*[[Антице жална душице]]
*[[Ах љубов, пак љубов]]
== '''Б''' ==
Бисер балкански
*[[Бело лице љубам јас]]
*[[Билбил пее во планина]]
*[[Билјана платно белеше]]
*[[Битола, мој роден крај]]
*[[Бог да бие мојта мајка]]
*[[Бог да бие Русе твојта мајка]]
*[[Бог да го убие мамо]]
*[[Болен Дојчин]]
*[[Болен лежи катил Ѓорѓи]]
*[[Болен лежи Миле Поп Јорданов]]
*[[Болен лежи млад Стојан]]
*[[Бор садила мома Евгенија]]
*[[Брала мома капини]]
*[[Буките развиват]]
== '''В''' ==
*[[Великина]]
*[[Виена лоза виена]]
*[[Вино пијам, ем ракија]]
*[[Во влашкото маало жолти куќи високи]]
*[[Врана коња јавам јас]]
== '''Г''' ==
*[[Гледај ме, гледај либе]]
*[[Го фатиле клети Турци едно моме]]
*[[Градел Илија манастир]]
*[[Гукни ми гукни гугутко]]
== '''Д''' ==
*[[Да ти пукне мила мајко најмилото]]
*[[Давај ме мила мамо, давај ме]]
*[[Дали думаш либе]]
*[[Дафино вино црвено]]
*[[Две невесте тикве брале]]
*[[Девет години]]
*[[Девојченце, девојченце луда]]
*[[Дејгиди луди млади години]]
*[[Дека се чуло и видело]]
*[[Димна Јуда град градила]]
*[[Димчета аскер го писале]]
*[[До кога браќа мили Македонци]]
*[[Дојди, дојди калеш море Димчо]]
*[[Дојди, дојди малој моме]]
*[[Дојчин јунак, Сирак Јанко и Крали Марко, Солунски чувачи]]
*[[Дотекла вода студена]]
*[[Драганка ѓергеф везеше]]
*[[Дремка ми се дреме мила мамо]]
== '''Ѓ''' ==
*[[Ѓорушице црно око]]
*[[Ѓул трендафил]]
*[[Ѓурѓово лето проклето]]
== '''Е''' ==
*[[Една вечер]]
*[[Една мома љубам јас]]
*[[Една мома с'мајка е]]
*[[Едно време си бев ерген]]
*[[Едно мало моме]]
*[[Еј море девојче]]
*[[Еј ти моме, мало моме]]
*[[Елено моме, Елено]]
*[[Елено ќерко, Елено]]
*[[Елено ќерко]]
*[[Ерген одев мамо]]
== '''Ж''' ==
*[[Жени ме мамо, жени ме]]
== '''З''' ==
*[[За кого ти цути Дано, лицето]]
*[[Зајди, зајди јасно сонце]]
*[[Зајко кокорајко]]
*[[Заплакало е Мариово]]
*[[Засвирил Стојан]]
*[[Заспала Јанка, Јанинка]]
*[[Збогом мајко јас отидов]]
*[[Земјо Македонска]]
*[[Зошто си ме мајко родила]]
*[[Зурли трештат на сред село]]
== '''И''' ==
*[[И ние сме деца на Македонија]]
*[[И таму е мојата родина]]
*[[Извикна Јана провикна]]
*[[Излегов да се прошетам]]
*[[Излегол Јане прошетал]]
*[[Илчовице, млада невесто]]
*[[Имала мајка до девет сина]]
*[[Излегол невен Пејо8]]
== '''Ј''' ==
*[[Ја излези стара мајко]]
*[[Јана мајка љуто колни]]
*[[Јано Јанке Кумановке]]
*[[Јано мори, Јано леле, севдалино]]
*[[Јас Методи Патче од Охрида]]
*[[Јас сум мома Охриѓанка]]
*[[Јас те пратив на вода Калино]]
*[[Јовано, Јованке]]
['''|КОЈ ТИ МРСИ РУСИ КОСИ
ЕСЕН ТАЖНА ЉУБОВ ЛАЖНА ТИ МИ ПОДАРИ
СРЦЕ СТЕГАМ А ТИ БЕГАШ САМ МЕ ОСТАВИ
НЕМАМ СИЛА МОЈА МИЛА ДА ТЕ ЗАДРЖАМ
ТАКА РЕШИ МНОГУ ЗГРЕШИ ДАЛ ЌЕ ИЗДРЖАМ
РЕФ: 2
КОЈ ТИ МРСИ РУСИ КОСИ
КОЈ ТИ ГАЛИ НОЗЕ
БОСИ КОЈ СО ТЕБЕ ВИНО ПИЕ
КОЈ СО ТЕБЕ НОЌВА СПИЕ
А ПАК ДОЖДОТ ЛИЕ ЛИЕ МНОГУ ТЕШКО МИ Е
ПОКРАЈ БРЕГОТ САМ СЕ ШЕТАМ БАРЕМ ДА ТЕ СРЕТНАМ
БЕЗМЕРНО ТЕ ЉУБАМ МИЛА КАКО НЕКОГАШ
В МОИТЕ МИСЛИ ВЕЧНО ТИ СИ ЗНАЈ ЗАСЕКОГАШ
РЕФ: 2]]== '''К''' ==
'''
==
=== Наслов ===
==
*[[Каде се чуло видело]]
*[[Каде се чуло мамо видело]]
* <br>
Потточка во списокот
*[[Каде си тргнала Кито]]
*[[Кажи Јано, кажи душо]]
*[[Кажи ми, кажи Катинке]]
*[[Кажи Рајне, кажи душо]]
*[[Кажи, кажи либе Стано]]
*[[Каил да се сториш моме]]
*[[Како што е таа чаша полна со вино]]
*[[Калеш Дончо]]
*[[Каљо, Калино девојче]]
*[[Кандисал Ајрудин паша]]
*[[Кандисуј бре, лудо младо]]
*[[Каранфил невесто мори]]
*[[Кате, Кате лично моме]]
*[[Кате, лично девојче]]
*[[Кирајџиче, јабанџиче]]
*[[Кито моме, Кито душо]]
*[[Кога војници тргнавме]]
*[[Кога се мажеше што ти се чинеше]]
*[[Кога си тргнав в туѓина]]
*[[Кога ќе одиш моме за вода]]
*[[Кој што ме чуе да пеам]]
*[[Крај Вардарот седеше]]
*[[Кранфило, фил-фило моме]]
*[[Крушево абер пристигна]]
*[[Кумановско поље]]
*[[Кучињата лаат, пазарџии идат]]
== '''Л''' ==
*[[Лажи, лажи Вере]]
*[[Леле мајко што ме роди]]
*[[Ленка пиши бела книга]]
*[[Ленче болно лежи]]
*[[Ленче бре душо]]
*[[Ленче бре душо, Ленче бре срце]]
*[[Лешочкиот манастир]]
*[[Лилјано моме убаво]]
*[[Лилјано моме, Лилјано]]
*[[Лино, мори моме, севдалино]]
*[[Лисаво]]
*[[Лулела е Јана]]
== '''Љ''' ==
*[[Љубеле се двајца млади]]
*[[Љуби, љуби лудо младо]]
== '''М''' ==
*[[Магдо мори, Магдалено]]
*[[Мајка на Марика думаше]]
*[[Македонско девојче]]
*[[Малихери пукаја]]
*[[Мамо, кој чука на порти]]
*[[Мара Охриѓанка]]
*[[Марие млада невесто]]
*[[Марие, дилбер бела, Марие]]
*[[Марика мома убава]]
*[[Мариче ле, лично, девојче]]
*[[Марко коси зелена ливада]]
*[[Марко чека месец да огрее]]
*[[Маце маце тече вода студена]]
*[[Ми го затвориле младиот Јорданчо]]
*[[Ми заплакало селото, селото Ваташа]]
*[[Ми товарил калеш Дончо]]
*[[Мила мајко мојто либе не ми е дома]]
*[[Мила мајко што ме роди толку сиромав]]
*[[Мирјано мори, Мирјано]]
*[[Многу крвја, многу солзи]]
*[[Мома уф зандана]]
*[[Мома седи на пенџерe]]
*[[Море кога одев мила мамо]]
*[[Море сокол пие]]
*[[Море три години Стамбол го шетав]]
*[[Мори моме Магде]]
*[[Мори чупи Костурчанки]]
== '''Н''' ==
*[[На лево оро]]
*[[На Струга дуќан да имам]]
*[[На срце ми лежи, мила мамо]]
*[[На сред село тапан чука]]
*[[Народе Македонски]]
*[[Не кажувај либе добра ноќ]]
*[[Не прибирај мила мамо стројници]]
*[[Не плачи мило либе, не жали (Параходот)]]
*[[Не раѓај мајко, лична Македонијо]]
*[[Не се бели Маре мори]]
*[[Не се кревај на големо]]
*[[Не се фаќај Доне Донке до мене]]
*[[Не си го продавај Кољо чифликот]]
*[[Невено мори, Невено]]
*[[Нели сторивме вера и клетва]]
*[[Нели ти реков, моме Донке]]
*[[Нели ти реков, не оди боса]]
*[[Немој ме, мила мамо, луто да колниш]]
*[[Нешо пиле, Нешо мори, мамино калешо]]
*[[Низ двори се шета мома Катерина]]
*[[Никнало, никнало, цвеќе шарено]]
*[[Нико, Нико мори, меанџико]]
== '''О''' ==
*[[Облак се вие, орлите пиштат]]
*[[Оган го гори Брезово]]
*[[Огрејала еј месечина]]
*[[Огрејала јасна ѕвезда]]
*[[Од Битола до Вевчани, си сардисано]]
*[[Од поле идат бабо сејмени]]
*[[Од умот се подизгубив ]]
*[[Одздола иде мале]]
*[[Ожени ме мамо, женет да одам]]
*[[Ојде дедо во градина]]
*[[Ој Недо, Недо, земи ме Недо]]
*[[Ој, Јано, Јано, убава Јано]]
*[[Ој, ти моме лудо ли си]]
*[[Ој, ти пиле, славеј пиле]]
*[[Ората копата]]
*[[Оре моме седмојанче]]
*[[Ордан седи на кулата]]
*[[Останала, останала жена удовица]]
*[[Отвори Лено вратничка]]
== '''П''' ==
*[[Не плачи мило либе, не жали (Параходот)|Параходот]]
*[[Песна ви пеам Македонци]]
*[[Песна за Деспина]]
*[[Песна за Крушевската република]]
*[[Песна за Христо Узунов]]
*[[Петлите пеат, зората се зори]]
*[[Пилето ми пее рано на сабајле]]
*[[Писмо дојде од Солуна града]]
*[[По друм одам мајче]]
*[[Подигни си, бре невесте дулачето]]
*[[Подранила Цена за вода студена]]
*[[Појде моме на вода]]
*[[Поминаа луди млади години]]
*[[Послушајте патриоти]]
== '''Р''' ==
*[[Развила гора зелена]]
*[[Разграни гранка маслинка]]
*[[Рајна на пенџере седеше]]
*[[Рајна на порти стоеше]]
*[[Распукала Шар Планина]]
== '''С''' ==
*[[Са ноќ ми билбил препеа]]
*[[Саде ти се чудам, Цвето]]
*[[Само ме гледаш, очи ми пиеш]]
*[[Свалил се млад Димитар од Разловци]]
*[[Се заљубив во девојче убаво]]
*[[Се запали пиле Трено одајчето]]
*[[Секој што мине помине]]
*[[Сестра моли брата за вечера]]
*[[Си заљубив едно моме]]
*[[Сите девојчиња, мамо, се мажија]]
*[[Славеј пиле рано пее]]
*[[Слегло моме во градина]]
*[[Слушам кај шумат шумите]]
*[[Сношти минав покрај вази]]
*[[Сношти си мамо поминав]]
*[[Собрале ми се набрале]]
*[[Собрале ми се набрале нашите лични ергени]]
*[[Сокол ми лета високо]]
*[[Срце ме боли ќе умрам]]
*[[Стани запали Тинке борина]]
*[[Стани моме да заиграш]]
*[[Сторил ниет Зајко]]
*[[Сулиман ага]]
== '''Т''' ==
*[[Та ти ле се најде бабо]]
*[[Таму долу Криволачко, Црвени Брегови]]
*[[Те видов тебе и се заљубив]]
*[[Те сакам песно македонска]]
*[[Тешка беше нашата разделба]]
*[[Тинка иди од Битола]]
*[[Трба трби Гевгелија]]
*[[Тргнала ми мома Рума]]
*[[Три години либе ние се сакавме]]
*[[Туѓината пуста да остане]]
*[[Туљо бре, туљо Салтано]]
== '''У''' ==
*[[У ливаду потке наше моме кротке]]
*[[Учи ме мајко карај ме]]
== '''Ф''' ==
*[[Фанче ојде во Калишта]]
*[[Фатила зима]]
*[[Фато мори душманке]]
== '''Ц''' ==
*[[Црна се чума зададе]]
*[[Црно му било пишано на Александро Турунџев]]
== '''Ч''' ==
*[[Четворица комити]]
== '''Ш''' ==
*[[Што имала к’смет Стамена]]
*[[Што се срамиш калеш Кирчо]]
[[Категорија:Македонски народни песни]]
khh134lkw4dg947z0h3abi0ma6if1e3
22541
22538
2026-09-16T11:46:32Z
Natasa Stardelova
3192
/* Т */

*[[Ти се армаса]]
*[[Тинка иди од Битола]]
*[[Трба трби Гевгелија]]
*[[Тргнала ми мома Рума]]
*[[Три години либе ние се сакавме]]
*[[Туѓината пуста да остане]]
*[[Туљо бре, туљо Салтано]]
== '''У''' ==
*[[У ливаду потке наше моме кротке]]
*[[Учи ме мајко карај ме]]
== '''Ф''' ==
*[[Фанче ојде во Калишта]]
*[[Фатила зима]]
*[[Фато мори душманке]]
== '''Ц''' ==
*[[Црна се чума зададе]]
*[[Црно му било пишано на Александро Турунџев]]
== '''Ч''' ==
*[[Четворица комити]]
== '''Ш''' ==
*[[Што имала к’смет Стамена]]
*[[Што се срамиш калеш Кирчо]]
[[Категорија:Македонски народни песни]]
g9t7s1v25lhcjnxxdiu3pw2a7e8oawl
Васил Иљоски
0
3258
22544
9113
2026-09-16T11:53:59Z
Natasa Stardelova
3192
/* Творештво */
22544
wikitext
text/x-wiki
{{Квалитет|25%}}{{Автор
|име = Васил Иљоски
|почетна_буква = И
|датуми = 20.12.1902 - 1.11.1995
|опис =
|слика =
|wikipedia_link = Васил Иљоски
|wikiquote_link = Васил Иљоски
|commons_link = Васил Иљоски
}}
<small>'''Васил Иљоски''' (Крушево, Македонија, 20 декември 1902 - Скопје, Македонија, 1 ноември 1995) бил македонски драмски писател, есеист, критичар, книжевен историчар, истакнат педагошки работник и автор на драмски дела кои се изведувани меѓу двете светски војни на македонски јазик. Васил Иљоски бил единствениот македонски писател кој цели пет децении останал ангажиран во областа на литературното македонско драмско творештво.
Васил Иљоски се школувал во Куманово и Скопје. Тој завршил Филозофски факултет во Скопје за подоцна да биде професор на Педагошката академија. Иљоски бил член на МАНУ и на Друштвото на писателите на Македонија од нејзиното основање во 1947 година па сè до неговата смрт.</small>
== Творештво ==
* „Ленче Кумановче“ односно „[[Бегалка]]“ <ref>пиеса, издадена во 1926 година.</ref>
* „[[Чорбаџи Теодос]]“ <ref>комедија, издадена во 1937 година.</ref>
* „Ученичка авантура“ <ref>издадена во 1939 година.</ref>
* „Биро за безработни“
* „Пиши, Панче“ <ref>пиеска, издадена во 1947 година.</ref>
* „Два спрема еден“ <ref>издадена во 1952 година.</ref>
* „Чест“ <ref>драма, издадена во 1953 година.</ref>
* „Кузман Капидан“ <ref>издадена во 1954 година.</ref>
* „Син и татко“ <ref>издадена во 1955 година.</ref>
* „Допирни точки“ <ref>издадена во 1959 година.</ref>
* „Окрвавен камен“ <ref>издадена во 1968 година.</ref>
* „Свадба“ <ref>комедија, издадена во 1976 година.</ref>
* „Смрт за живот“ <ref>издадена во 1988 година.</ref>
== Забелешки ==
<small><references/></small>
{{Автор-ЈС-70}}
[[Категорија:Македонски писатели|И]]
14bcjbwnhu7lxmqr3ej1s46wedkbgot
Автор:Ристо Крле
102
10259
22534
22525
2026-09-16T11:18:39Z
Natasa Stardelova
3192
22534
wikitext
text/x-wiki
{{Квалитет|25%}}{{Автор
|име = Ристо Крле
|почетна_буква = К
|датуми = 3 септември 1900 - 29 октомври 1975
|опис =
|слика =
|wikipedia_link = Ристо Крле
|wikiquote_link = Ристо Крле
|commons_link = Ристо Крле
<small>Ристо Крле (Струга, 3 септември 1900 - Скопје, 29 октомври 1975 ) — македонски драмски писател и еден од првите членови на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). За своето творештво, тој бил добитник на наградата „11 Октомври“ за животно дело,</small>
== Творештво ==
* „[[Парите се отепувачка]]“ (1938)
* „Милиони маченици“ (1940)
* „[[Антица]]“ (1940)
* „Велик ден“ (1950)
* „Гроф Миливој“ (1958)
* „Автобиографија“ (прв дел, 1990)
}}
[[Категорија:Македонски писатели|Ч]]
gf87doxh6rvn0suodpkxxiij66dvhjw
Автор:Григор Прличев/ Скендербег
102
10263
22527
2026-09-15T12:32:28Z
Natasa Stardelova
3192
Создадена страница со: 1 СКЕНДЕРБЕГ Григор Прличев ВОВЕДНА ПЕСНА За ликот спомнувајќи си на многу чесни борци се фатив да го воспеам Скендербег - јунак славен, кој малку храбри воини во битки предводејќи многуброј...
22527
wikitext
text/x-wiki
1
СКЕНДЕРБЕГ
Григор Прличев
ВОВЕДНА ПЕСНА
За ликот спомнувајќи си на многу чесни борци
се фатив да го воспеам Скендербег - јунак славен,
кој малку храбри воини во битки предводејќи
многубројна испоубил Исмаилова војска,
а верата Христосова ја утврдил и славел,
и сенката на татка си неспокојна ја смирил
што му се појавувала во сонот негов често
ко призрак матен, сосем блед, три синови жалејќи,
три искрооки младинци, на јадна судба жртви,
и тажела и плачела, за одмазда молејќи.
Неговите возвишени и толку смели дела
Клио, правдољубивата, ги оценила точно,
а јас само ги воспевам во восторжена песна;
а бој како го посрамотил Балабана - зол сатрап.
О, Музо медоречива, певице на херои,
пред твојот слуга застани, кој брза сам кон подвиг,
штом твојте желби пламени ме изеле во часов
и дремката ми избега од врелите ми очи,
и плотта ми се исуши врз мојте кутри коски,
и ако цветот овенал на свежото ми лице,
и станав како призрак блед што талка в темни ноќи
и ако ради тебе јас сум фрлил светски блага
и имотна свршеница сум напуштил јас радо,
волшебната Панакеја, невеста многударна
и ако сновам со тебе по места сосем пусти,
копнеејќи деноноќно да ти го слушам гласот,
ако од твојот сјаен зрак ми ослепе и видот,
ти дај ми денес владарке за толку верна служба
награда посакувана и биди ми мил водач,
бидејќи зедов на себе труд тржествен и мачен
да воспеам маж доблестен и овенчан со слава
од чие име трепери и грамадниот Парнас,
што многу го опеале в колиби и палати,
ред певци красноречиви дур бил жив и по смртта,
2
та често громко влегувал во топовскиот оган
стремејќи се ко пламен брз, со меч во десницата,
и страв сеејќи морничав во душманските редој,
од огнот жив излегувал. А на многу Отоманки
забулените глави тој со траур им ги покрил.
Ти рака вооружај ми со брзо лесно перо
и вдахни оган божествен, окрили ми го умот,
за да се вознесам во свет повозвишен и убав
и пак од тие висини на земјата да слезам
на твоите свети закони да станам слуга скромен
од книгава отстрани го секое туѓо слово
од лаежот одврати ме на пусто празнословје,
откриј ми го ти ликот мил на природата наша
и со древна хармонија опсипи ми го стихот.
Двајсет и една година си помина од кога
воинствениот Скендербег пак пристигнал во Круја,
бегајќи од коварствата на суровиот Мурат,
на престол стапил татковски со восклици и триумф,
синовите на Албанија покрај себе ги собрал,
ги претворил плуговите в'орудија на смртта,
ги научил орачите на законот на Арес,
и веднаш од Албанија тој Турците ги прогнал.
А соседните народи ненаситни од војни
со него в сојуз стапиле во борба против врагот,
та општ бил непријателот и општ им бил и бојот.
Прв Ариан, тој чесен кнез на морското крајбрежје
со планини извишени на две страни од Котор,
град древен и превосходен, со мошне убав пристан,
од сите се одликувал. И Андреа Топија,
високомерен господар на горската Лабурија,
која ја сечат Шимари, ѕвездососедни гори,
на храбрите крмилици. И Павле Дуказински
тој велик моќен властелин на Тривалската земја,
кој владеел на долж и вшир до изворот на Дримот,
не сам: бидејќи еден дел од тоа општо кралство
3
ја имал брат му Никола, на кого му ја пренел,
во бој заминувајќи, државната грижа цела;
и Туркоубиецот Црноевич, на Црна Гора
тој личен владика кај кого Слободата света
си пронашла прибежиште, прогонета од други,
штом боса си заскитала по дубрави и гори
расплетувајќи кадрици, носејќи печал в гради,
а таму оддивнувајќи сронила крупни солзи
и благослов на земјата ѝ дарила со радост,
а тие гори високи ѝ биле вечно свети,
и нога зла на поганци нив не ги осквернила
та потомок на гиганти е тоа стројно племе.
Па сите вчас се собрале во Круја мошне бодри
во круг на прочуениот и смел албански јунак.
А токму така бескрилни подлетарци се кријат
од студ под крилја мајчински штом дувне студен север,
а таа пак со крилјата ги штити својте пилци.
И веднаш против Скендербег се збрале многу чети
што Фетах завојувачот ги испратил во борба,
во Круја без број стигнале, но се вратиле малку
вестители на поразот ужаснати и жални
а другите почивале во туѓа дална земја,
безгробни, неоплакани, а гробови им биле
утробите ненаситни на орлите и пците.
И денес уште на вредните земјоделци плугот
не ретко удира во незакопаните коски.
Цар Мурат полн со свирепост сам прилетал кон Круја
водејќи таму петнајсет мирјади муслимански
и многу скапи дарови пред сите јавно ветил
за оној кој прв на бедемот ќе развее знаме.
Не ретко тој прв влетувал во борбениот метеж,
ги бодрел везден смелите, а плашливците ги плашел
со грозна смрт и неретко прибегнувал, во очај,
кон коварства и неправди: но сè било без полза,
се растажил гледајќи тој врз правот безброј мртви
4
во напади ненадејни и судирања ноќни,
ги оставил високите на Круја славни кули;
тој многу не преживеал од толку тешка тага
па снагата му свенала, а капнатите очи
му светкале пропаднати во глобовите темни.
И кога веќе сетил дека смртта му се ближи
на синот му ги предал свој за да ги чува трајно
царскиот жезол прекрасен и вековната злоба.
Па клетви горки искажал и издивнал бладајќи,
та му го изел џигерот на срамот црвот гладен.
А Азбијук примајќи го татковиот свет жезол
ги згазил сите народи византиски без милост
и својот трон го поставил врз урнатиот престол
на Константин маченикот, тој последен цар - верник,
и паднале во страв и бес пред новиот туѓ престол
народите покорени, плаќајќи данок тежок
ко цена за својата крв; и скрбта била тешка
та волјата непреложна се вршела на Бога,
кој полн со гнев од небото го гледал сиот разврат,
па паѓале во похота, пцуејќи земна правда,
и в расправи бесконечни крвопијци се вдале,
во божји тајни вѕирале со толкувања грешни:
сè видел Господ севишен, вртејќи лице гневно,
па Мурата го повикал, својот земен роб, потем
на труба громка затрубил и вчас се стресле тогаш
небесата и земјата во својот мирен темел.
И морето се свртело во својот шумен котел
ко детенце во лелејка пред загрижена мајка,
па глас се чул: „Јас Алфа и Омега сум на цел свет
во еден миг од ништото ја створив сета земја,
а потем и морињата и секој украс во нив,
јас бог на силите сум сам, бог единствен на сите,
и мене луѓето во обреди разновидни ме служат.
Ти војската поведи ја и летај смел во битки
и разбиј ги сред победа хулителите мои
5
па биди ти орудие на одмаздата моја
а јас ќе бидам со тебе, и ангел мој во полет
со меч во сјајни победи тој тебе ќе те води
и рамен пат кон славата ќе отвора пред тебе;
во бојот ти ќе бидеш прв, ќе освоиш крај богат,
кај мед и млеко ќе течат и потомците горди
ќе наследат сè в благодат на долги столетија
дур' судниот не дојде ден и гневот мој не стивне.
Јас така сега повелав, народите да слушнат
дека бесрамност и кавги севишниот наш мрази!“
Па толку Бог Седржител му изрекол на Мурат
и вчас му вдахнал в уста и му влеал сила нова
во снагата и в секој член и дух бестрашен в срце,
во срцето дух бестрашен и в очи искри пламни
му ставил дланка на плеќи и го поттурнал напред
а со него и војската, па горд на почин пошол.
И седнал Азбијук на трон по божја света волја
и долу видел народи што како црви лазат,
а Кастриот тој витез смел, со татковата тага,
со веѓите подигнати го чекал без да трепне,
ко карпа бурни ветрови, ѕверскиот турски напад,
утврдувајќи се од ден на ден на својот престол
и царствувал со љубовта на севишниот Господ,
со Бога војни почнувал и со него ги кончал,
на мудрост духот божествен раководел со него
и ги љубел поганците баш како чеда свои.
А многу паши Азбијукови и многу борци
во бој против Албанија загинале во неврат,
па им биле најомразни на сите Агарјанки
албанските димни гори и гибелните битки.
А името на Скендербег по вес ден и во сонот
со голем ужас го шепнело сето Муслиманство,
та долго скрб душојадна Азбијук в срце криел
и одмазда најужасна во мислите си кроел
ни на сон думи отровни не му давале спокој,
6
па Вишниот ја оттргнал од него својта рака,
бидејќи како победник советите ги мразел
на старците, а на ласкавците им давал предност,
и не одел преоблечен сам меѓу својот народ
да ја најде вистината, ко татко му пред него,
но пространовласниот Азбијук срам голем трпел
што Балабан го испратил во Круја да се бори.
ПЕСНА ПРВА
Штом почна пролет весела со светот да се љуби
кон Круја водел Балабан десетилјадна војска
на мирот и на војната господар полновластен
кој денес е вожд знаменит до вчера неизвесен
син на албански земјоделец, кој се викал Гика.
Го фатил него дури бил сè уште момче кревко
пред да му никне прва мов на аленото лице,
и в плен го повел цар Мурат кога со бројна војска
Албанија ја разграбал и се почудил многу
гледајќи го тој оган жив во неговите очи
гледајќи ја и убоста на неговата снага,
и рекол тој: „Од јагленов ќе направам елмаз“
и нежно момчето го зел под закрилата своја
и Балабан го нарекол заради растот голем
го вовел во пламените поуки од Коранот
во градите му посеал Мухамедово семе,
го изучул во вештини за ратоборни дела,
а тој не ги изневерил надежите на Мурат
па често раководејќи во победи ги водел
сараценските орди зли и брзо стекнал слава
и собрал бројни лаври во Азија и Европа,
та прв ја презел крепоста на гнилата Византија
и знаме со полумесечина истакнал таму.
Штом стигнал Балабан во долината спроти Круја
ја развил веднаш војската по војводи и чети,
плашејќи ги бестрашните заштитници на градот,
7
а тој од ридот најблизок ја гледал сета битка
и сесрдно се радувал како што некој овчар
се радува сè додека ги води својте овци
што му го знаат гласот мил и секаде го следат.
И дури така Балабан со восхит стоел таму
на усните му минала за миг блажена смевка
и не мислел н' Албанците мир да им даде, туку
со меч и оган мечтаел без милост да ги сотре,
а водачот им, како роб пред нозете на Азбијук
в срам да го фрли, а пак тој да поита без предив
и жезолот татковински од него да го земе,
ко награда - безумниот! - зар не знаел, не слушнал
на колку борци, војводи им стокмила гроб Круја
и уште на многумина пак гробје ќе им стане!
А штом од ситост Балабан во глетката се ѕурел,
да распнат сини шатори им повелал и мигум
од сегде Муслиманите на работа се вдале
ко мрави трудољубиви што в топло знојно лето
по нивите лебородни се движат ваму-таму
носејќи тешки товари: пченично зрно едни,
а други семки од билки - за зимата резерва.
И Турците се стрчале баш така горе-долу
и кружни бразди копале со мотики, а колци
набивале за потпора на шаторите сини,
а трети, под бич, шатори на свои плеќи носеле,
под тежеста наведнати, стенкајќи и бревтајќи,
па таа плодна долина посинела до Круја
и војската починала, а сатрапот си влегол
во својот толку прекрасен и десетскладен шатор
и нова мисла сосема му проникнала в душа
со дарој лавосрдниот Скендербег да го чести
и вечен мир му предложил ставајќи го на испит:
тој дали смел е сè уште ил' веќе спласнал духом
штом видел плипот душмани под Круја града вишна,
па Емин, својот љубимец го викнал и му рекол:
8
„Украси ми го драгиот лисестогривест Гелин,
со огламник во бисери и градник сиот гиздав,
и Аџемска изработка, со која гордо вјасал
носејќи ме кон сјајните на Азбијук палати.“
А Емин в миг се наведнал и со својата рака
ја допрел долу земјата и до устата потем
ја доближил целивајќи ја. Па излегол веднаш
и Гелина го натаврил, послушниот и убав,
а излегол и Балабан огромниот горд сатрап
и меч со сјајна убавост во десницата држел
и ножница од сребро висела на златен ремен.
И Емина пред шаторот го нашол кај ги токми
од древно време уздите, на славен мајстор дело,
и тие красни ремени со отсјај глаткосветол
со китки светлоалови и топуски од сребро
ко луници срповидни сè од слонова коска
на челото и градите на гордиот му Гелин
наредени за заштита од погледи зарекливи,
со краишта обвиснати од зеленото седло
со жолта лента свилена извезена од злато,
а сребрените стремени со ремени со дупки
за милина повремено се нишале висејќи
по ребрата од две страни удирајќи го Гелин
а атот пргав, нескротлив опремата ја тресел
и главата ја подигнал, та горд на својот украс,
ко невеста во свадбен ден што гувее во накит,
па ушите ги начулил штом стопанот го видел
и силно тогаш за'ржал; а Сатрапот му зборнал:
„Што 'ржиш Гелине мој драг, та навика ти стана
кога нè вика Султанот ил време е за битка?
Ни Султанот нè вика нас, ни време е за битка
ами со дарој те праќам кај соперникот свиреп
па немој, другар верен мој, да ми се возлиш мене
ако во Круја оскудна те чека храна тебе
и ако на груб коњушар те помилува рака
9
ил' некој ќафир ти згмечи јак благороден 'рбет.
Ко мамка јас, мил Гелине, на лов голем те праќам,
па со него, се надевам, да уловам и друго.“
Велејќи така гривата ја погалил на Гелин;
(а коњот со копитата го копал долот прашлив)
и Сатрапот на Емина, давајќи му меч, рекол:
„Ти појди в Круја, другар мој, ко пратеник од мене
и кога ќе му пристапиш на Кастриот без уплав
предај му ги ко скапоцен дар мојов меч и Гелин,
извести го тој метежник дека сум пратен тука
во Круја како господар на војната и мирот,
па ако тој се откаже од борбената јарост
и доколку условите за мир ги прими веднаш
со дарови од Султанот тој опсипан ќе биде
и ќе му стане како син најомилен од сите.
Но ако војна посака, јас не одбивам сепак,
но дали војна сака тој или мир благодатен
би сакал од него да имам мал подарок еден
што дома ќе ми остане ко скапоцено нешто
ко спомен на потомството за подвизите мои,
па, штом некој го здогледа, восхитено да рече:
’Глеј овој дар во дамнина Скендербег борец страшен
на Балабан паша му го дал, кога војувале.
Штом така некој прозбори, во чест на мојот спомен,
ќе биде меѓу живите бесмртно мојто име.“
Велејќи вака, Балабан во својот шатор влегол.
А Емин веднаш излегол од таборот и тргнал
кон Круја качувајќи се по патот стрм и рапав
врвејќи в молк со чекор цврст и уздите на коњот
држејќи ги со десната, со лева рака мечот,
ту мрморејќи закани, ту пак ласкави зборој,
пред тие порти бронзени на градот Скендербегов,
во задишки сет задишан и облеан во пот.
Но долго таму не чекал. Одамна веќе него
го завидел од кулата на Скендербега внукот,
10
веселиот, рус Атануш, красновидниот момок,
па слегол и железните заворници ги тргнал
и портата заврекнала отворајќи се ширум,
а Емин прв проговорил и кажал крилни думи:
„Па среќна вечер да ти е, о непознат јунаку
и биди милостив, та јас во Круја прв те видов,
ти домот покажи ми го на Скендербег во часов,
бидејќи скапи дарови му носам сега нему,
твоето име кажи го, ти сигурно си чедо
на славен род, та ликот твој благороден е мошне,
а јас сум Емин и така ме викаат во светот
и татко ми, и мајка ми, и дружината моја,
а Бруса ми е родина, на љубов, песни гнездо.“
А Тануш му одговорил: „Ти добродојден да си
и твојот престој пријатен да биде при нас тука,
сеедно дал си пристигнал во часов како душман
или пак како пријател најљубезен и верен,
Георги тука владее, мил брат на мојот татко,
кој бара секој дојденец, дал враг е или другар,
во домов да го примаме со најголема почит.
Но ти не изгледаш ко враг штом носиш такви дарој,
а тоа што ме праша ти за името, ќе кажам:
се викам Тануш и цел свет ме нарекува така,
и внук сум му најомилен на славниот Скендербег
од мајка благородничка Исмаилка од Одрин,
по татко сум од семето на Ритош, јунак храбар,
од Султан Мурат погубен со смртоносен отров,
но со него и Станиша и младиот Константиј,
а сите тие биле, знај браќа Кастриотови.
Но напред ај да појдеме, а ти следи ме мене!“
Велејќи така вратата ја затворил и тргнал
ко предводник, а Емин пак, следејќи го во чекор
се чудел сиот восхитен од тие градски градби,
што редум се издигале врз карпи како кули,
а пак на ридот највисок се кревал храмот божји
11
петосводен: а средниот свод највисоко стоел,
и другите се ределе во круг околу него.
Огромните ќерамиди покриени со густ мов,
изработка на грнчари од времињата древни,
на покривот во плипот знамиња се веат турски
во грозни битки пленети од варварските орди,
а светли глатки црепови влевајќи света почит
дишејќи во дух старински, на храмот сите лица
ги краселе ромбовидни и триаглести други.
Но храмот до темел го урнал поганиот Ахмет
со војска немногубројна минувајќи низ Круја
кога и Скендербег славен го скончил својот живот.
А тогаш дивно здание се издигало во Круја,
привлекувајќи гледачи со стравопочит полни,
пред храмот опширен плоштад се простирал во врева,
а в среде света трпеза од сјаен мермер сета
и околу трпезата Скендербег синот честит
со неколку сојузници од народите блиски,
а наедно се туткале војникови грамади
пред храмот, гологлави, славејќи го Саваота,
сесилниот на војните, а певците во занес
вечерната ја пеат: и тогаш Тануш на Емин
му рекол: „Уште малкуцка да останеме тука
додека молитвите а и песните не стивнат,
та гром ќе падне врз мене ако се случи само
на Скендербег да му ја нарушам божјата служба,
тој набожен е многу.“ А Емин му вратил тогаш:
„Од крв благородна си ти и расудуваш мудро,
а јас пак не очекував од млад да збори вака,
но кажи дури чекаме кој ли е оној таму
што како џин е, широкочелен и со нос орлов,
маж најголем сред сите и без коса меѓу сите
што мене не ми личи тој на смртник лебојаден
а личи меѓу луѓето на висок даб во гора.“
А Тануш пак му вратил: „Тој е оној што го бараш,
12
најсилен сред јунаците и друг му нема рамен,
кој така еднаш неделно косата си ја стриже
слушајќи клетва мајчина, милата Воисава,
што уште како детенце го стрижела за здравје
та како страда видела од опачна зла болест,
во мајчински безумен страв во преграб свој го зела
и влегла в Охрид многуветрен, крунисан со грозје
кај првпат ја здогледала светлината на денот,
и кајшто татко ѝ Вородин парница си водел
а жезлодржецот со дух пламен и државнички
на народот во верност посветен му делел правда,
баш таму дамна стоел храм од сите најмал, скромен,
каде што народот ги чествувал Кузман и Дамјан,
врачовите многулекарствени уште при живот
им изгнале на луѓето болештини и маки
не примајќи ни награда за подвигот им, туку
давајќи сал дар духовен (за што божјиот народ
почитувач на добрини, бесребрени ги назвал)
кои непрестајно испраќаат од горе помош
за луѓето што живеат со надежи и вера,
а споменот им несвенат ќе остане во светов.
И падната на колена, со трепет Воисава
Евангелие слушала пред свети царски двери,
и штом го повила во леснообратната лулка
пред ликот на врачевите слушала панихиди
вртејќи поглед начесто кон заспаното дете.
Врз очите на синчето се разлеал сон длабок,
сон страшен тагозадлабочен и на смртта сличен
штом ѓаконот во лулката целебни мошти ставил
и срцето на мајката расцветало во часот
па глава тешка веднејќи в миг заспала во надеж
во расвет ран; и на сон ѝ се јавиле две лица
на важни старци в одежди бели кои што в раце
од дрен стапови држеле и тогаш загрижено
постариот ѝ прозборел велејќи: „Воисаво
13
стрижи му ги на детето кадриците и здраво
ќе биде тоа секогаш, а ти спокојна духом.
За твоја помош двајцата сме пратени од горе.
Па твојот син ќе порасне здрав како жилав ластар.
И кога маж ќе стане тој ќе врши славни дела
и верата Исусова со меч ќе ја зацврсти,
а ти пак меѓу жените вознесена ќе бидеш,
Албанките мажествени во твоја чест ќе пеат,
во зимно време седејќи во домот господарски
крај огниште запалено предејќи бела волна.“
И додека тој зборувал, со брич другиот човек
го избричил в час детето и исчезнале двата;
Воисава ненадејно разбудена од сонот
кон лулката се свртила со поглед вчудовиден
и мајка си гледајќи ја младенчето во мигот
својата глава бричена ја свртило кон неа,
весело се насмевнало и протегнало раце
а мајката возвратила со крик на радост, среќна,
на главите од светците ставајќи златни венци,
и низ народот новото се разгласило чудо
а пред смртта на синот му оставила завет
да си ја бричи главата на седум дена еднаш.“
А Емин тогаш на Тануш му одговорил вака:
„Да, блажен е родителот на таков јунак голем
па тој со слава громовна вселената ја покрил.
Во Бруса многуводна јас за него многу слушав,
и таму не е непознато неговото име
и татко ми ги величал јуначките му дела
гледајќи го во Азија во многу лути битки;
за неговите подвизи од мојот старец слушав,
на пример, како Татаринот г'осилил во борба
пед султанот Амурат претставувајќи се вака:
„Јас цару славен семоќен, од Татарија идам;
на подвиг мечоборен сам сум канил многу мажи
но не во голем број синови на херои смели
14
против мене кренаа меч ил раце в бој несразени
и сите прав се сторија пред мене, ни прст некој
ми ранил, за да има на младите, стареејќи,
што да им покажам - мал знак ко доказ барем дека
во младоста јас воопшто не бев недејствителен
и како таму не останал соперник ни еден
набрзина сал разбрав јас, о цару моќен, дали
во сето царство постојат пак јунаци одлични
на таа младост бестрашна надежни силни мажи
да би на подвизи со меч во бој смешаме раце
па сите за да разберат зошто се викам Мурто.“
Така се заканил тој маж огромен. А пак царот
се возлил и ги повикал најсилните свои борци
и рекол: „Чеда, заветов за подвиг мечоборен
меѓу вас да го прими оној кој е јунак силен
и бестрашен да застане наспроти Татаринов,
со почит кон мене и кон себе, па да се знае
во ова царство има ли уште храбри јунаци.“
Цар Мурат така прозборел, а се вџашиле сите
гледајќи ја огромата на Татаринот става
и очи долу впериле молчејќи долго тие,
и глупаво клештејќи се, во рој тревожни мисли,
срамејќи се да одбијат, а плашејќи се од борба.
И напред стапил Скендербег бестрепетен и стамен,
и рекол: „Цару возвишен, јас прифаќам прв борба.“
В час паднал мрак и шепот долг насекаде се слушнал
и почнал в страв Татаринот со забите да чкрта,
образите му ужасни се надуле одветрум
и мрачно му се впулил и го оскрбил со злоба:
„Во морето ќе дотечат знај уште многу води
и многу слатки пирози да излапаш ќе треба
сè дури станеш достоен со мене да се бориш
ај тргни се, ти гиздавец, та недостојно ми е
да кренам рака врз тебе, зашто со ропот некој
ќе рече: „Дете ништожно во борба убил Мурто.“
15
А тогаш в црвенет од гнев херојот громко кликнал:
„Јас, гиздав, разнежен и за бој ништо незнаејќи,
се решив да ја понижам твојата горда веѓа,
ги надуен Татарине, и денес пред цел народ
со твоја крв ќе ја измиам твојата луда бујност.“
Татаринот вмиг станал и Мурат со сета свита.
Пред царскиот двор во Одрин, широк плоштад и таму
нагрвалил безброен свет, по веста разнесена.
На тронот висок седнал ко прв на борбата гледач,
цар Мурат, а околу него големците редум,
а ваму и таму телали сал викале за штама
и луѓето ги ределе: па цел народ се стишал.
А борците со стапки одмерени влегле всреде
со сабји голи во несоборливите им раце,
едниот убав ко Аполон, а другиот налик
на Арес, погубник, а цел народ со бол во душа
штом Скендербег го видел, та тој бил од сите сакан,
се плашел да не падне млад во борбата тој јунак
ко красен цвет во нива пресечен од ралник остар
со поглед во нив прикован, со расплетени коси
неподвижни си стоеле како статуи неми
одвај дишејќи а само немирните им срца
во градите им биеле и трепереле силно
и сите се вомјазиле гледајќи остар блесок
штом борците ги кренале високо железата.
Се смеел само цар Мурат со смеење свирепо
и од срце ја сакал тој на младиот борец смртта,
бидејќи мрачни неспокојства му мачеле душа,
со омраза кон оној што бил возљубен од сите,
плашејќи се да не би некогаш тој витез гневен
да бара расплата за крвта на тројцата браќа,
што подло тој ги погубил во цутот на животот
со отров лут, а нему пак, без милост и без срце
му давал често задачи најопасни да врши
за да го снајде, надевајќи се, в бој судба лоша;
16
но, севезден од секаде ко победник го примал
и сам му ја овенчувал омразената глава.
Прв Мурто силникот го почнал крвавиот подвиг,
стискајќи бели заби тој замавнал мошне силно
со мечот свој кон младиот надевајќи се дека
со еден удар ненадеен ќе го срози веднаш.
Но Скендербег го насетил молскавичниот замав
и мечот свој го поставил под мечот на душманот.
И чекор отстапувајќи, со страшен удар вратил,
под клучната коска го пробил противникот свиреп
и како што коњ нумидски благороден се срди
со мамуза во ребро боднат од детенце кревко
носејќи го пред тоа на грб својот добар стопан
а без да сети дотогаш од мамузи брз бодеж,
сет запенет тој ѓемот свој со забите го каса
со брзост рамна на ветрот полетува со тропот
над ридја, гори, пропасти, како рамнина рамни,
на две нозе кревајќи се, не ретко и клоцајќи
во некој дол трудејќи се јавачот да го фрли
надевајќи се дека тој е своеглаво дете
што не го знае на јаздењето добриот закон,
Татаринот баш така со поглед свиреп и злоба
се жеравел од јарост, од страдање и срам голем
а лицето црвенило ко жар му го покрило
и искри очите му фрлале со блесок студен,
го вртел мечот бесно без обѕир на правилата
гледајќи да го кутне противникот млад и борбен
а овој навреме ги одбивал тие удари!
Па бодар како лав и брз како остроок елен,
со поглед вперен во него, со мечот напаѓајќи
а негде како мисла брз, скокал ваму и таму
газејќи напред-назад, ту исправен, ту пак сведнат
во едно место целејќи, погодувајќи друго
и многу тешки удари на душманот му нанел,
а самиот пак сосем здрав и непогоден уште.
17
И силно кликал народот, заради победата,
а хитонот на Мурто бил сет облеан во крвје
и многу крв врз земјата се леела ко поток.
Тој тогаш страшно побледнал и најодзади сфатил
без сила дека останал, нозете му се тресат
му паднал мечот наземи и застенкал болно
и вчас го покрил лицето со двете дланки свои
се струполил на земјата величествено жално
и заплакал со липање ко дете незборливо,
а Скендербег добродушен в срце возболедувал
се наведнал над душманот, го подигнал до себе
и рекол: „Држ се, јунаку, за рамењава мои,
за да те поверам ко брат на премудри лекари
и ќе ми бидеш засекогаш неразделен другар.“
Велејќи така љубезно ги потклал својте плеќи,
но Мурто му одговорил вмиг изнемоштен сосем:
Јас не се надевам на лек и животот го нејќам
но ликот ми е печален зашто те сфатив доцна,
не мислев дека момче ќе ме порази во борба.
Но прости ми ја, јунаку, навредата изречена.“
Па така разговарајќи, молитвата завршила,
и попот ги благословил царските глави редум,
а Тануш пак низ густи толпи се пробивал тешко
водејќи го пратеникот на сатрапот со дарој
и застанал пред Скендербег велејќи: „Чесен стрико,
ко пратеник со дарови е дојден мажов тука.“
И тогаш, поклонувајќи се, блед, прозборел Емин:
„Кај тебе, цвет на јунаци, со сиве скапи дарој
ме праќа Балабан паша и сам ти порачува
дека од Султанот е испратен да дојде тука

па ако ти се откажеш од борбената јарост
и доколку условите за мир ги примиш веднаш
со дарови од Султанот ти опсипан ќе бидеш
и ќе му станеш како син најомилен од сите,
18
но дали војна сакаш ти или мир благодатен
би сакал од тебе да има мал подарок еден
што дома ќе му остане ко скапоцено нешто
ко спомен на потомството за неговите дела,
па штом некој го здогледа, восхитено да рече:
'глеј овој дар во дамнина Скендербег, борец голем,

Штом така некој прозбори, славејќи негов спомен
ќе биде бесмртно во светов неговото име.“
На тие зборој Скендербег се замислил полн грижи,
а очите му блескале, па се обѕирнал гневно,
и јунакот што стоел блиску на име го викнал
на албански му прозборел, а Емин не го разбрал:
„Појди ми, Динко, сине мој, кај Андреа на Жарко,
побарај му сал мотика и лемеш и срп свиткан
и заедно завиткај ги во една крпа бела
а потем однеси му ги на Балабан и кажи:
„Го мразам него длабоко и дарови му мразам
што Мухамед го прифатил, а с'откажал од Христа
и меч душмански насучил тој против родна земја,
која го хранела и на која ѝ служел верно.
А дал се откажав од војна, утре ќе се знае,
ил мисли дека ме покорил штом го пленил Мојса?
Та многу слични на него ја овенчале Круја.
А штом тој сака драгоцен да прими дар од мене
за себе и за предците овој е дар достоен.
Ти смело ова кажи му го, немој да се плашиш,
та како заложник во Круја ќе го држам мажов
на софрава ќе го гостам и не го пуштам назад,
дур не те видам жив и здрав ти да се вратиш тука.
Па тогаш Динко, борец млад, се израдувал мошне
и насмевка на усните му заблескала среќна
та царот него го погледнал и име му спомнал
и меѓу сите го избрал за тој опасен подвиг.
Па раката на гради, поклонувајќи се, ја ставил,
19
и окрилен тој полетал кон Андреа од Жарко
да бара за дар мотика и лемеш и срп свиткан
а Жарко веднаш сè му дал; па јунакот наш Динко
во бела крпа орудијата ги врзал брзо,
се збогувал и тргнал сам на патот црн на смртта.
И штом најпосле излегол низ портата на Круја
го вперил својот поглед кон исмаилскиот логор,
од далеку тој шаторот на сатрапот го познал,
та не бил ниту многу млад ни без опит од војна
и право тргнал кон него со решителни стапки
на Деметра алатите држејќи ги под мишка,
и редум воспомнувајќи сè што му рекол царот
од тешки мисли оглушен, треперејќи од немир,
та некој крилест збор да не му избега од умот.
Пред шаторот пак, толпа од мажи вооружени,
а Резак, водачот им, на Динко му проглаголил:
„Што бараш ти, неверниче и кој те пратил тука?“
И горчливо смевкајќи се му одговорил Динко:
„Ме прати ваму, верниче, Скендербег мажот силен,
на Балабана силниот збор крилат да му кажам
збор крилат да му кажам јас, дарови да му дадам,
но побргу извести го моето пришествие.“
И Резк на Балабана во шаторот му рекол:
„Господару! Од Круја нам дароносник ни дошол.“
А Балабан одговорил: „Тој веднаш нека влезе!“
Па Резак вмиг се наведнал и земјата ја допрел
со врвот на својте прсти и до устата своја
ги доближил и бакнал тој и пак излегол надвор
и потоа на Динко му мигнал да влезе веднаш.
Па Динко влегол и внатре Балабана го видел
а в круг околу него сè одлични турски вожди
врз теписи скапоцени седеле сите редум,
многумудро собрание:
а в облаци се виел чад од никотиско билје
од сегде што се издигал од чибуците долги
20
украсени со јантар и со позлатени грла
и среде сите молкнати и во општата штама
кон сатрапот возговорил нашиот бодар Динко:
„О славен, моќен Сатрапу, ме испраќа кај тебе
на Круја многуфалениот цар и вели вака:
Те мрази тебе длабоко и дарови ти мрази
што Мухамед го прифати и Христа не го сакаш,
и душмански меч си насучил против родна земја,
тебе која те хранела и те чувала верно,
а дал се откажал од војна, утре ќе се види.
И штом си сакал драгоцен дар од него да примиш
еве ти дар најдостоен за предците и тебе.“
Велејќи така платното го одврзал вчас Динко
и наеднаш ги поставил пред пашините нозе
орачките орудија вчудувајќи ги сите.
А штом ги видел Балабан од разумот се лишил
вмиг пламен гнев и срам голем му покриле гол образ
и глас на одмазда го обзел: три пати стиснал дланки
и триж тој извикал „Резак“ во настапот на бесот,
па кога Резак влегол со стражарите, им викнал:
„На железен кол набијте го веднаш овој ѓаур,
во маки него жестоки убијте го без милост.“
Па двајца стражари го фатиле за двете раце
а тој ко кумир спокоен со поглед тврд му рекол:
„О пашо, гнев необуздан го мати твојот разум,
та маж неоружан погубуваш а не ни мислиш
јас каков страшен одмаздувач оставам зад себе,
та одлачен од животот и соседник на смртта
пророкувам: и вистинско пророштвото ќе биде
над твојта глава погибел најжестока се вие
и твојата мрачна душа пред мојата ќе дојде
во Адот мрачен: а самиот ти ќе бидеш верно
на пци и птици плен, а без свој гроб твоите коски
ќе лежат по земјата што до вчера си ја орал.
А вие пуштете ми ги рацете, та јас сум сам,
21
ни бегство ме соблазнува, ниту од смрт се плашам
и готов сум да загинам за својот славен владар.“
Без страв така проговорил и замавнал со раце
ослободувајќи се од стегот на стражарите,
и шепот од советници во шаторот се слушал.
Па тогаш блиска несреќа предвидувајќи јасно
се исправил Карахасан сребробрадиот старец
на древни дела познавач, со уста медотечна
кој умен бил во совети и искусен во битки,
да устрои од коњици и од пешаци чети,
и самиот див Скендербег се исплашил од него,
во Круја кога налетал со малубројна војска
а својта стара става тој ја потпирал на жезол.
Се исправил за да го згасне пламенот на гневот,
на Резак сал му намигнал за да почека малку
и рекол: „Послушај ме ти Сатрапе многуфален,
за севластен те назначил султан Азбијук лично,
во денот кога против Скендербег во бој те пратил
а мене, старец немоќен твој советник да бидам
за да би бил што подобар на сите битки крајот,
за тоа ти сум слуга јас, та зависи од тебе
и спасот или поразот на сета војска наша,
па внимавај и слушни ти од мене зборој смерни:
знај, не е срамно младите да послушаат старци,
бидејќи благостно Бог луѓето ги гледа смртни,
кај што правдата се почита, староста се чести,
јас како дете покорно старците сум ги слушал
а денес и по возраст и по знание сум ви татко.
Па, око Исмаилово, слушни ме благодушно;
не убивај невин човек: Алах од крв се гнаси,
и според народот гласникот безбеден е сегде
и предците ни така мислеле за тоа нешто,
ко момче имав среќа да го запознам Бајазит
блажениот наш Султан кој нарекуван бил Молња
и храна често со него на иста софра јадев
22
та јас се одликував меѓу врсниците мои
и никој не ми бил рамен во совет, збор и дело.
Не убивал пратеници Бајазит блажениот,
а ги опсипувал со дарови, испраќајќи ги.
Па среќен век проживеал, покорувајќи земји,
и Алах споборник му бил. А денес не е така
штом скршнавме од трагите на предците ни славни.
Но послушај го старецот и скроти си го гневот,
Алах да не го разгневиш, великиот во војни,
па сјајот да го помрачиш на победите свои
бидејќи гневот човечки, знај, повлекува гибел,
но прати го пратеников од каде и што дошол,
не примај ги на себе ти родителските клетви.
Ти, сине, и не помисли во истапот на гневот
дека си пратил другар свој ко пратеник во Круја,
а Емин не е вратен уште од бедемот Крујски,
и тој ќе биде погубен ако го казниш овој,
па виновен ќе бидеш ти за две убиства жални
и тешка жал на нивните родители им готвиш
а двајца грозни призраци и на сон ќе те мачат
и гризења на совеста без прекин ќе те јадат
ко црни дамки нечисти на образите чисти
ќе бидеш мрачен, потиштен сред богатство без мера,
бидејќи клетвите на родителите се тешки,
и плачот на невините се воздига до Бога.“
А Сатрапот му возвратил во бес вриејќи сиот:
„Да, старче, како прилега и мудро сè ми кажа,
но злоба непомирлива градите ми ги кине,
та безочно ме навреди тој недостоен бунтар,
кога му пратив нему јас дарови скапоцени.
А песов гаден нема пак свој роден град да види
и својта душа конечно ќе ја испушти тука
та малку да се смири вжештената моја јарост.
И ако Емин во Круја печална смрт го најде
и ако клетвите родителски ме стигнат страшни,
23
и ако грижи на совеста ми разјадат среќа,
и ако гневот Алахов го навлечам на себе,
и ако крајот на војната заврши со пораз,
и ако паднам пред Круја борејќи се со храброст,
од искони тогаш било напишано баш така
та никој смртник не може од судбата да бега,
а песов треба со страшна смрт да умре за пример
што секој божји човек да почитува е должен
пред името Султаново свето и многучесно,
а јас, негово подобие, војувам за Круја.
Па, Резаку, изврши ја вчас заповедта моја!“
И чело наведнувајќи и мазнејќи си брада
си седнал пак Карахасан од кадешто и станал.
Со цврсто јаже Динковите ги врзале раце,
од шаторот го изнеле ни далеку ни блиску,
колку што може во игра момче да фрли камен.
И таму ров ископале широк сал еден лакот
и вдлабиле кол железен што пред малку сам Резак
тој стражар предводник го зел од пашиниот шатор,
каде што имало разни орудија на смртта
со кои убил многу свет разбеснетиот сатрап
одмаздувајќи се за правдата, хулејќи често.
Штом длабоко го набиле двоостриот кол в земја,
в круг вгнетиле поленици од четири дабови
ко потпора, а ровот го посипале со земја
и чакал тврд, гмечејќи ги за да се стврднат така,
а Резак со десницата го стресол силно колот
со смисла испитувајќи зацврстен ли е добро
дека со исто оружје утредента и него
Кастриот ќе го убие и многу други Турци.
И тогаш екнал силен глас од труби громогласни
призивајќи ја војската да дојде и да гледа
и со див крик војниците се загнале во толпи
ко бранови распенети кога ги вала југот
и штом се собрал многу свет, чекајќи глетка грозна
24
в миг двајца страшни џелати го поставиле Динка
и надолу го завлекле пред вџашената толпа,
а врвот остар проникнал до самата утроба
и наеднаш се појавил под левата лопатка,
веднејќи се напред Динко од несносната болка
и офнале од ужас голем и млади и старци
и секој неволно пред лице ставил дланки свои.
На Динко ликот му бил тврд, а погледот остар,
од смртта не се исплашил, а воздивнал само,
со длабок воздив бидејќи жестока била смртта
и нездржливи маките, па кликнал громогласно:
„О, војници на Азбијук, Исмаилови мажи!
Кој меѓу вас е надоен од мајка великодушна,
и нежни чувства зачувал во рунтавите гради,
тој милосрдно нека ми згаси горешти болки,
меч в ребра да ми забие и смртоносен куршум.
О, силно и од сè срце јас ќе го благословам, - та бог, знам, молитвите на невините ги слуша -
од Круја набргу жив и здрав да се врати дома
и чеда свои да израдува и својта жена.“
Тој извикал молително борејќи се во болки,
но шепот милостив се пронесол низ сиот народ,
и биле мнозина возбудени спомнувајќи си
дека во родниот крај секој оставил мил другар,
белокоси родители ил млада жена, деца,
доенчиња што не прозбореле, од жал плачејќи,
а благодушно мнозина, сè брадести јунаци,
оружјето го кренале за да му скратат маки,
о, блазе им на доблеста! Та бог севидливиот
им проникнал во добрата волја и се разнежил
и сесилно од несреќата ќе ги спаси утре
кога во ужас Кастриот ќе свирепствува тука.
Но Резак гледајќи ги се мрштел со лице грозно
и му заповедал на својот трубач знак да даде
за отстапување наврапито на сета војска.
25
И јарко екна трубата, а луѓето во отстап
се влечеле со бавен чекор и со мрачни лица
како што тажни врсници во обред погребален
кон гробот својот другар мил го испраќаат жално.
(До тука преведов. А сега ја започнувам последната песна и
така го поврзувам последното со претходното пеење:
Се одржува совет на муслиманските началници. Карахасан им
го изложува својот сомнеж во врска со исходот на битката. Јакуп ги
ободрува и им го повторува ветувањето што му го беше дал на
Султанот да влезе во двобој со Скендер... Ненадејно им се појавува
Синан Паша кој порано бил пратен од Султанот да ги варди
границите со дванаесет илјади војници, но во еден ноќен напад на
Албанците ја загубил речиси целата своја војска, како и својот мил
брат Хасанбег и подробно им го опишува собитието. Во меѓувреме
Тануш го воведува Емина како гостин во палатата на Скендербег.
(Опис на сцената). Таму ќе има честувување на сојузниците на
Скендербег во кое присутвува и Дорика, сопругата на Скендербег,
како и Емин. Во продолжение на вечерата Скендербеговиот певец
Илија пее за тажното паѓање на Светиград. По вечерата Скендербег
изгледа како да е исплашен од многубројните војски што ги испраќа
Султанот едноподруго за уништување на Албанија. Со цел да го
натера на мир Емин подробно и искрено му раскажува сè што се
кажало и решило против него (против Скендербег) во палатата на
султанот и ветувањето Јакупово. Тагата на Дорика. Секој од
сојузниците го прима на себе подвигот да се бори против Јакупа.
Скендербег благородно го отфрла нивниот предлог. Потоа
гласникот го известува Скендербег за Динковото убивање. Страшен
гнев го обзема Скендербега. Емин се исплашува и мисли дека и тој
ќе настрада како што настрадал Динко. Скендербег го ободрува и
му дозволува да си оди заедно со донесените дарови. Емин трогнат
од великодушноста на Скендербег, го моли да го задржи кај себе.
Потоа сите одат на спиење. Цела ноќ злокобни знаменија ги
ужасуваат Муслиманите.)
ПЕСНА ТРЕТА
А весница насмеана на светлосини деној
на небото источните ги отворила двери,
и низ нив ја устремила колесницата златна,
26
мрак разбила, а вршките ги позлатила горски,
и брзи коњи пламени вчас почнала да гони,
небаре брза на претстава. Та денес зло мачно
и борба тешка крвава би требало да гледа.
А Резак влегол на прсти во пашиниот шатор
со тивок глас го разбудил од сонот негов длабок,
а Балабан сет намуртен се потпрел вмиг на лактот
бидејќи минал тешка ноќ со неспокојство полна,
и сал се траќал в постела и воздивнувал, стенкал
и црни мисли бунтовни се кренале во него,
да не би лошите знаменија од небесата
на борците им скршат срце, па извикал силно:
„А зошто ти ме разбуди од сон, блудничко чедо,
та нели е уште длабок мрак и длабока полноќ?“
А Резак рекол устрапен: „Господару мој, веќе
ни мрак е ниту полноќ, а се синее ден јасен,
а твојот предан верен раб бездремно преноќевал
исполнувајќи усрдно твоето чесно слово.
А ти си ми заповедал да те разбудам рано
и атот Каплан пред зори го спремив ко за битка.“
И потоа завесата на влезот тој ја тргнал,
па денот светол го надвил на трите свеќи сјајот,
и коњот вон од шаторот изнакитен се јавил,
а Балабан се восхитил штом видел дневна светлост
и рекол: „Оди, сине, разбуди ги трубачите
и громко нека вострубат будителна песна.“
Па Резак му се поклонил и поривно полетал,
ги разбудил трубачите пред петли да запеат
и затрубија трубачите будителна песна,
задишано залетани низ сиот ширен логор
и борците се дигнале правејќи шум и врева,
и образи си миеле и раце, а и нозе,
и пламено се молеле на колена паѓајќи.
А Балабан ја облекол својата сјајна руба,
најпрвин плаштот пурпурен сет извезен со злато
27
и шалвари многунаборни на бедрата крути,
на тучни нозе папучи од кожа светлорујна,
и кожен појас на крстот, од злато сјаен појас,
а во него чифт пиштоли, две сјајни огнобојки,
и каук нов на главата обвиена со чалма,
а златен челенг на неа, на сатрапството знакот,
што го добил од султанот ко награда за храброст,
штом прв на бедемот се качил од гнила Византија.
Па така штом се облекол врз коњот свој се качил
и зајаздил низ толпите со изглед отмен и весел
фалејќи ги тој храбрите, бодрејќи ги плашливите.
Прв трубите ги чул Ариан, на Дорика татко,
та бдеел сам во постела од плипот грижи трогнат
да не ги стигне несреќа јунаците на Христа
против толку Агарјани во отворена борба,
и скокнал младешки врапито облекувајќи се
од сон ги будел борците, трчајќи ваму-таму,
викајќи некој на име, друг клоцајќи со нога:
„Што саноќ вие 'ркате, советници народни?
На дело сега должни сте да полетате први,
а последни на починка штом ќе заврши трудот
и пример да сте за оние што бог ви ги предал
со усул да ги водите во напори и грижи.
Зар звук на труби душмански не слушате под градот?
Нас не на оро или пир, туку на бој нè канат,
но нема бој да водиме во разлистени шуми,
зад стрмни карпи, а ниту зад коренести дрвја,
но в рамно поле: силата таму победи дели.
Ти, Марин, кон казармата итај и сета војска
во простор широк води ја на молитва утринска,
и заедно кон бога да кренеме раце сите.“
И така веднаш сториле. А старецот се качил
по лествица оревова со млад полет во нозе
и влегол тих во спалната на зетот мил, Скендербег:
го нашол кајшто 'рчел в сон, како во мирно време,
28
со грижа чуван: крај него Дорика, владарката,
гулабица исплашена, во печал пребдевала,
но станала вцрвенета, штом татка си го видела,
а тој владиката го клоцнал и возлено рекол:
„Ај, стани веднаш, витезу, та веќе ден е, пладне,
и не е толку Балабан приврзаник на сонот,
и војската ја построил слушајќи звук на труби.“
Па Скендербег станувајќи на старецот му рекол:
„Ех, татко мој, во право си: но зачуден сум многу
што ноќта мрачноодеждна ко сон минала светрум
и вероотстапникот нас плашливци ќе нè смета.
Туку на Марин порачај му, неуморен старче,
да ги разбуди борците за бој да бидат спремни.“
А Ариан на Скендербег благодумно му вратил:
„Го сторив веќе тоа, а ти облечи се навчас.“
И потоа тој излегол од раскошната спална.
А јунакот ја облекол својата бојна руба
земајќи сè од рацете на милата Дорика
најпрвин златокопчест срак за широките гради,
под кој не можел никој жив ткаенина да види,
та бил со злато покриен. Над сракот светозарен
кај левата му боска, кајшто се наоѓа, нели,
огништето на животот и кадешто нечујно
во градите непрестајно срцето жешко бие, -
крст златен ставил: дар од Пиа Туркоубиецот,
врховниот светител на вечниот град Рим, кого
праворечивата Клио го нарекла Пиј Втори,
Крстот пред кој Скендербег се поклонувал со почит
како пред жива лика овоплотена на Христа,
та многу зрна отапил тој од оружје смртно,
привлекувајќи ги на себе со семоќна сила,
одбивасјќи ја од Скендербег пребрзата гибел...
Тој потоа на бедрата дебели топли бечви
си наврел, тесни надолу, а пошироки горе,
и кожен појас на половината, златносјаен
29
за заштита од смртоносни зрна, празен појас,
та Кастриот го мразел оружјето огнодишно
и после обул обувки од кожа, од воловска,
па на рамо меч нарамил. Агарјаноубиец,
а чија слава голема земјата ја покрила,
меч што ги плашел толпите замешани во битки
и адските длабочини со поганци ги полнел,
а пак на глава навлекол шлем железен и сјаен
што дамна царот Фердинанд благодарен од него
му го подарил со уште многу изјашни дарој
и три големи градови, стројни, високовратни,
Сипунт, како и Транија, а и Санта Јоана
за да би владеел со нив ко властелин врховен
и сите внуци негови од род во род за навек,
кога през море полетал на неговиот повик
и ги прогнал од Италија, бестрашните Келти
и сосема ги поразил во Бари и Ночера
го зацврстил пак престолот сет разнишан на царот
и тој шлем на глава го ставил прочутиот витез
а на гребенот од шлемот чапјино перо имал,
стар и ценет симбол на неговите царски предци.
А кога сета опрема на снагата ја ставил
од вишно небо загрмел врховниот бог громко;
чествувајќи го столбот цврст на Христовата вера.
Па врели солзи протекле по лицето на Дорика
што одвај ги задржала пред тоа на клепките
и, кршејќи раце свои, на Скендербег му рекла:
„О, тешко мене! Каков гром од безоблачно небо
ни прати големиот бог ко знамение страшно
и каква денес несреќа ме чека мене, Боже!
Колената ми се тресат, а срцето ми трепне
во бој да не те повредат ах, тие бесни врази
и сама да ме оставиш во беспределна печал,
со сирак наш мил првенец, што ни се роди доцна.
О! кон мене немилостив, господару ти најдраг!
30
Не цар благодушен тебе ти дарил живот вечен
ни чесната Воизава те доела на гради,
но татко твој навистина бил Понт, лут, браношумен,
а мајка пак, химерската и студена планина.
Ни миг не те кандисаа толкуте мои солзи
дури и два султана стократно ти предложија
кон мирот да се сврти твојот дух, кон мирот јасен.
Во градите секогаш ти клокоти твоето срце
ко пламен јазик принуден да тлее в буен оган.
Ги љубиш сите битки ти што убиваат луѓе,
се надеваш на бурна ноќ што Господ ти ја дарил,
но кога би се водел бој како во старо време,
со копјата долгосечни и со бронзени штитој
и мечови ракоборни, јас прва и со радост
во вечен би те внела бој, без малку да те чувам
и безброј лути врагови да те опколат в борби
без мака би ги сразила твојата силна рака
што навчас би го спасила на Христа родот жален
и би ја возвеличила пак татковата земја.
Ни Ахил ниту Диомед, воспеани изјашно
немале слава толкава ни пак лавовско срце!
Но пропадна ли завекум херојското време
оружјето огнобојно господари во бојот,
на смртта подла алатот за храбрите е гибел.
О, Боже! Твојот праведен суд в ужас да го стигне
строителот на првото ѓаволско одродништво
бидејќи веќе храбрите ги повредил без милост
а духот зол на подлите го возвишил до бога,
па денес злите срамници во битки спас ќе најдат,
а мало зрно оловно јунаците ги кутка!
За тоа баш и ден и ноќ во печал непрестајна
не станала Судбината за да им даде помош
на Албанците. И колку спорови во Круја
без усул се разгореле обземени од злоба
јас толку пати умирав и оживував назад,
31
но ќе ми биде несносен без тебе мојот живот,
та освен тебе утеха во светов немам друга.
А татко ми кого небичас летата го свиле,
јас, кутра, утре поразен ќе треба да го плачам,
а одамна е мајка ми покриена со земја...
Единкиот пак братец мој, долгокадриот Леко
во Шкодра тој дејствувајќи погинал чесно таму.
Георгие! Ти сè си ми, мој татко, брат и мајка
и венец цветен, покров мој и утеха си моја,
но еднш ти послушај ме, а јас те заколнувам
во душата на татко ти, на тој маченик Јоан,
во главата, прекрасната на младенчево мало,
те молам, скроти го ти тој дух свој нескротлив везден,
не влегуј необуздано во тревогите бојни,
не војувај со своите во бојот први луѓе,
а грижи се и за себе, засолнувај се добро,
да не би зарад вражја корист ја оставиш Круја.“
Му зборела царицата облеана во солзи,
а нежно нејзе Скендербег растревожен ѝ вратил:
„За тоа, жено, се грижам. А должноста на татко
а и на сопруг, верувај, ме плаши многу сега.
Додека живот минував во безбрачна небрежност
јас надмено на Амурат гласниците ги враќав
и немарно проникнував во тревожните борби,
никогаш не ме исплаши на оружјето огнот.
А откога со тебе јас во брачен сојуз стапив
твојата света добрина ме порази и плени
и чедото од утробот твој што бог ми го дарил,
верувај ми ти, љубена, оттогаш подруг станав,
и мојата нестрашливост е послаба во мене
и оттогаш ми слабее поранешната храброст,
ме обзела мрзеливост непозната и чудна,
со гнасење даровите на султанот ги фрлав,
со скомраз итам в' огнот на оружје бронзоусто
и страв ме фаќа штом ќе помислам на смртта сура.
32
Но сепак мене плачевна ми достои војна
се плашам многу од хулењата на мојот народ
та да не би разгласиле дека поткупен со дарој
сум склучил мир со душманот на Христовата вера
и затоа сум должен јас да водам вечна војна
сè додека сум жив против Агарјаните горди
бранејќи ја со сета моќ пресветата ни вера,
од татковината отстранувајќи свиреп јарем
одмаздувајќи ја крвта на тројцата ми браќа,
а да ја чувам секогаш и таа слава скапа
која по цел свет за мене се шири и се слуша,
и да ме снајде зло, Судбината е неизбежна.
Претчувствувам јасно и пред мене не е скрито:
ќе дојде ден кога на Круја венецот ќе падне
и многу свет ќе загине, луѓе што јас ги љубам,
а меѓу нив и зетови и сестри благозливи
и внуци в цут расцутени, и машки и ред женски
што ќе ги одвлечат во плен ил мртви ќе ги спружат.
Но, жив ми Бог, за сите нив јас толку не се плашам,
колку што за тебе се грижам, друшке моја љубена!
И ако некој гнасен враг од овој светол дворец
те однесе во ропство ах, облеана во солзи,
и потоа те принуди да отстапиш од вера,
од верата непорочна, од верата Христова,
а ако отстапиш, ќе те сили дом да му чистиш
во ропска руба, и со глава наведната долу
и бедно вода да му црпиш ти од бунар длабок
и пелени на деца од лута анама да переш,
а некој ништожник на друг ништожник ќе му рече:
„Глеј, таа е сопругата на Скендер Туркоубиецот.“
Ќе рече некој така. А ти со срце печално
ќе срониш солзи горешти по образите рујни,
од својот другар лишена, робинка од царица!
Но црна земја студена вчас да би ме покрила
да не ги видам твојте солзи во ден бедоносен,
33
и крикот твој да не го слушнам дури враг те влече!“
Тој така рекол и по образите на Дорика
пообилно се лееле без престан солзи врели,
а Кастриот ја сожалил и пак ѝ проговорил:
„Не плачи веќе љубена ко дете бессловесно
и не коби ми несреќа пред опасната битка,
та никој спроти судбата не ќе ми скрати живот
штом веќе мојот смртен час го предназначил Господ
и дома да сум судбата пак би ме нашла мене,
а кој од неа избегал? Јас верба имам уште
и уште многу Агарјани во пекол црн ќе пратам,
а ти во домов владеј си и моли се на Бога!“
Тој потоа ги избришал со ресаво крпче
образите и прекрасни облеани со солзи,
и на градите ја потпрел тој нејзината глава.
Но не ја бакнал бидејќи на бојот мислел тогаш
во кој ќе влезе со борците свети богомолни,
а се наднел над лулката, над заспаното дете
и трогнато ги целивнал прозрачните му веѓи.
А потоа од спалната се втурнал вон ко Арес
по скалите оревови без да се сврти слегол
и редум сите војводи обружани ги нашол
па мигум им се братил со громок глас, велејќи:
„Ден среќен да ви даде вам севишниот ни Господ!“
А сите храбри кнезови му возвратиле бодро:
„Од Бога среќа на тебе и многу долги лета.“
„Во секој случај овој ден нам среќен ќе ни биде,
а гибелен и срамен за душманите ни бесни,“ -
им рекол тогаш Топија за да го слушнат сите, -
„баш таков гром од ведро небо ненадејно треснал
и такво баш знамение и тогаш ни се јави
кога се подготвуваше против Алија битка
тој водач горд на четириесет илјадна војска
и ние ги уништивме за миг ко стадо овци
и сето поле Тиранско се покрило со мртви,
34
засмрдеа труповите, а орли суројадни
дури од Инд долетаа насетувајќи лесно
лов изобилен, па сè до Јадран морнарите
навчас ја почувствувале таа несносна реа;
и ниеден не се спасил од сета турска орда
за да го извести Султанот за тој тежок пораз,
а сите во сон заспале неразбудлив и вечен“.
Бранодушниот Скендербег на Топија му вратил:
„О, Топија, не кити се со стари лаври сега.
Та денов е судбоносен, иднината е тајна
и може да се разгневи високопрестолниот Бог,
бидејќи смешна за него е човечката сила.
Но молкум да ги минеме минатите случки,
победите се зависни од божјата помош.
Оваа борба, Топија, како другите не е,
а многу пожестока и покрвава ќе биде,
та мажи поостроумни душманите ги водат.
Ни коварства ни пусии не помагаат тука,
а само машкост бестрашна и молитва што пека.
Но ајде сега кон Бога да кренеме раце ние,
да прати сила од горе за Христовите борци,
бидејќи први Турците започнаа со лошо
убивајќи го со злобна смрт невиниот Динко.“
Па тргнал напред, а по него кнезовите храбри
по скалите од мермер слегле вчас со чекор троплив
и наврапито фатиле пат кон молитвено место
и таму Марин го нашле кој војската ја строел;
а пак богољубивиот и белобрад поп Давид
во светла сјајна одежда се појавил од храмот
в молк меѓу двајца ѓакони службени лачоносци,
држејќи крст во десната, а книга в лева рака
што врз чесната трпеза внимателно ги ставил.
А Скендербег запирајќи, на колена прв клекнал,
а по него и другите со водачите свои
и пешаци и коњици крај коњите, гологлави.
35
И поглед кон небо кревајќи попот благочестив
со смерно срце воскликнал, молејќи се, кон Бога,
ко девица непорочна која во скрб се моли,
и косата на луѓето им се наежила тогаш,
а душите кон Бога им се рееле во тага,
и попот крстот го кренал, народоспасоносен,
со мошне жарки молитви благослови делејќи.
А Скендербег го јавнал пак развозлениот Шахин
и по него водачите јавнале редум коњи
и војската ја ределе летајќи меѓу сите,
и остар поглед Скендербег кон војниците вперил
и видел печат воинствен на бујните им лица,
и викнал: „Слава божја вас ве венчава, о чеда,
а в насмев над вашите глави победата лета,
па секој по сто Муслимани би прогонил сега,
и мрачниот стар Велзевул би се посрамил пред вас
па дури сите демони да г' испрати во Круја.
Несомнено од небото добивте сила вие,
па иако душманите на број се двојно појќе,
за победа сте премногу, и помалку се доста,
па кого што ќе назначам да остане во Круја
тој нема да учествува во денешната борба.“
Го викнал тогаш по име Црноевич и му рекол:
„Великодушен Стефане, на храбри мажи водач,
ти моја десна рака си и бедем цврст на Круја,
па сторил многу подвизи јуначкиот твој народ,
и плипот рани добил в бој за Христовата вера,
но денеска ти остани со сета војска твоја
во Круја ко набљудувач на крвавата битка,
да не нè куди некој дека не со божја помош,
туку со бројност воена сме победиле ние.“
Му рекол така, ласкаво. И наеднаш се смрачил
Туркоубиецот Црноевич навреден мошне,
а пак тресејќи го оружјето, се развикале
на славната Црна Гора воинствените чеда.
36
А Скендербег со насмевка развеселен им рекол:
„Не грмите ми, војници, ненаситни од војни!
Со радост би ве примил да учествувате во бојот
а не со ваша волја (не дај бог!) ве исклучувам.
Јас должен сум да бидам кон вас љубезен за навек,
но срамота е толку многу богу мили борци
да тргнат против врагови ништожни во бој жесток,
па денес јас ќе исклучам од борбата цел одред,
фалангата првородна - за Исмаилите ужас!“
И кон Матицата се свртил и одржал слово:
„О, Крило мое, Матице, моја убост и слава,
тргнете се на лево и од високите кули
бидете ѝ на битката набљудувачи прости!“
А тие се покориле и неволно и тажно
и молкома отстапиле од стројот борбен тогаш
две илјади војувачи, заштитница на Круја,
од годините сведнати, побелени во битки,
и сите војводите си ги слушале ко деца.
Па својот мил го збоднал коњ, игривиот свој Шахин,
варвароборецот Кастриот и извикал: „Напред!
и борците воскликнале со громогласен восклик,
и по него полетале, пеејќи бојна песна.
И јурнале во фаланги коњаници и пешаци
низ портата на Круја од бронза и низ етерот
до небо стигнал громкиот глас: а од сите кули
се оѕвале и другите, бодрејќи ги во бојот,
и самите сакајќи бој: па страв ги фатил голем
душманите во логорот од толку силен екот,
но Балабан ги храбрел нив, со Јакуп, смел и дрзок,
насекаде јаздејќи низ толпите ваму-таму.
И прв од стројот душмански се појавил баш Јакуп
тој јавач великодушен врз персиски коњ храбар,
ругајќи му се надмено на славниот Скендербег:
„Покажи се пред мене, песу, отстапнику презрен
и одблизу еден со друг да испробаме сили
37
та денес, бог знае, двајцата или еден од нас
во црн гроб ќе се пресели делејќи се од светот.“
Па луѓето се вџашиле од таква силна дрскост,
а старците го жалеле тој разбеснат млад јунак:
„Кој злобен дух, несреќнику, ми ти го зеде умот?
Ти ако смртта ја бараш, и сонцето го мразиш,
та смртта ќе ја најдеш ти и зад првите редој.
Со нагли груби зборови ти немој да го дразниш
тој неранлив силен јунак од кого цел свет трепне.“
Едни со други збореле старите борци така.
Рамнодушен кон хулите, преславниот Скендербег
го збоднал брзоногиот и црногривест Шахин
и застанал пред Јакупа ко Арес мажорезач,
со сабја во десницата, од древен мајстор дело,
со остро, сјајно сечило, никогаш нескршлива,
па двајцата ги дигнале долгите свои сабји
и истопорувајќи се еден спроти другиот.
И сите взор приковале кон незнајниот јунак
од сите страни шум се чул, продолжителен шепот.
И дури тогаш Кастриот се подзамислил малку
ќе треба ли тој борбата да ја развлече многу
или со замавот прв соперникот да го срази.
Мислејќи така во себе тој расудил за кратко
ненадејно со замав прв соперникот да го срази,
бидејќи сакал што побргу битката да почне
и веднаш да ја покаже својата страшна сила.
Но прв Јакуп се залетал свирепо пламнувајќи,
кон главата на Скендербег тој сабјата ја вперил,
но в миг херојот сфатил сè, та извежбан во битки,
го допрел мечот негов и секавично го одбил
и среде половината него, надмен, го удрил.
И мечот мигум се пробил без да скршне и грозно,
и телото му наземи ко дрвен пен пласнало,
а образот му прекрасен се измешал со правот
и уште раката му десна го стегала мечот,
38
а уздите ги држела левата рака грчно
дур' коњот стоел спокојно и облеан во крви
со неговиот господар, исто крвав, врз грбот,
со утробот и писките на кутриот наездник.
Војниците се згрозиле од печалната глетка
и џагор глув на сочувство се пронесол низ полкот
глув, како кога југ стивнува рев на морски талас
а што го слуша патник сам од трепетолисна гора.
Па духот на Балабана го жегнал мрачен копнеж
и наликум на пламен тој го збоднал коњот гневен
сакајќи со Скендербега да вкрсти силни раце.
Но чесниот Карахасан го одвратил со благ збор:
„О, не! Та Јакуп мртов е: и единствен си сега
на сета војска водач ти, на Падишахот надеж.
Не влегувај во борба ти со овој страшен јунак
со кој се борат синови од несреќни родители;
да не се исплашат борците штом останат без водач,
ко коработ без кормилар сред дива морска бура.“
Рекол и веднаш уздата ја зграпчил со десницата
и вмиг зад првоборците го поставил Балабана.
И како дете го следел сепокорниот сатрап,
бидејќи бил непорочен на старецот зборот.
И тогаш викнал Кастриот од бурен порив вдахнат:
„По мене, вие синови на победата света!“
Па кликнале и борците со восклици громовни
и за прв и последен пат испукале тие вчас,
па пушки вземи сложиле и засукале сабји
и стројно се устремиле кон душманските строеви,
и маж со маж се одблизу свирепо се судриле
затрубиле трубачите борбени песни редум
и викале водачите бодрејќи борци свои
а коњите, учесници во трудот, за'ржале,
не стигнале до ушите стенкањата и плачот
од борци новоранети или в претсмртни маки;
та толкав шум се кренал што и етерот го парал.
39
О, Музо на јунаците, на заборавот душман,
припомни ми благостиво на великите дела
на херои знаменити кои ту убивале
ту биле убивани во величествени битки,
претстави ми ги сликите од сите нивни борби
покажи ги и разните видови на смртта.
И нема смртник што може да го раскаже тоа,
и десет усти да има тој и железни гради.
Сиот во сила облечен, и телом и духом,
прв Скендербег во центарот го удрил врагот гаден,
кај најгуста и најхрабра пешадијата била,
и таму тој се надевал Сатрапот да го најде,
со крвта негова да го насити мечот жеден.
А тие штом го виделе, на Арес сосем сличен,
тој славен силен Скендербег, меч огромен држејќи,
од кој крв свежа капела, вчас се избезумиле
и в гради им стрепериле исплашените срца.
Првин го убил Сефија, тој јунак непорочен,
кој раководел со пола од сета пешадија,
во мозокот меѓувеѓи забивајќи го мечот,
а потоа го прободил во десната боска Сеид,
на мечот врвот се појавил под плеќната коска
и Скендербег го истргнал тешко; другиот ничкум
и шумно наземи се струполил со сето чело,
па на Шакир огромниот и на гордиот Исак
им отсекол, на првиот глава, а на вториов
при рамото десницата со еден замав силен,
па го убил и Хуснија, на страшниот Ахмет братот,
кој некогаш во Круја дошол како војсководец,
и дванаесет илјади одбрани мажи привел
и заврзал со Кастриот крвава лута борба
оставајќи трупови без број во бојното поле
а повеќе од половина - плен на Албанците,
па десет маски Султанот им испратил во Круја
со сребро натоварени за плениците откуп.
40
И како што северецот облаците ги гони
дождоносни, што југот врел ги издувал до тука,
ги срозил така Скендербег редовите на врагот,
паѓајќи како снопови пред мечот негов остар,
и земјата со трупови се покрила во часот,
но не го нашол сатрапот во тоа бојно поле.
Па остар поглед устремил и ваму и онаму,
негде да не настрадала неговата војска,
и мошне се израдувал штом два јунака видел:
Стефан Туркоубиецот и гордиот Топија,
па двајцата со рацете облеани во крвој
в бојот се одликувале ко дабови во шума.
Ги растерувале на душманот густите редој
борејќи се упорито и во своите борци
дух борбен распалувале: а пак познати биле
Топија по својот огнен поглед и по ликот свој
кај сите бројни врагови што влевал страшен ужас,
ругајќи се на нивните в бој загинати браќа,
а кроток на вид Стефан бил во борбата со сабји,
се смешкал како ерген кој во пирови ил свадби
ќе сретне поглед потаен на љубената мома;
покрај нив се разгорило нивното лево крило
кадешто Павле Дуказин на бој коњици бодрел,
со збор и дело: та сè уште не бил решен бојот,
а меѓу муслиманите имало многу храбри
врз азган коњи јавачи ненаситни од војни,
а в тесно било десното коњаничко крило
предводено од Ариан на Комнена и кајшто
персиската пешадија во голем број се збила,
а меѓу ними грозен маж се размавтал со мечот
свирепо сакајќи морниот да го срази старец.
И наеднаш се појавил Скендербег со страв гледајќи
да не настрада старецот, па Дорика да тажи
и домот нивен наеднаш со плач да го исполни.
И како бура полетал збоднувајќи го Шахин,
41
а штом го видел, старецот оживеал и викнал:
„О, чедо, побрзај, та врагов ми притиснал старост!“
А Скендербег пред него застанал и поглед вперил
кон мажот кој со старецот се решил да се бори,
и двајцата ги кренале своите сабји сјајни.
А тогаш непријателот (штом Шахин долгогривиот
се кренал на две нозе и шијата ко лак ја свиткал
претчувствувајќи опасност за својот сакан стопан)
на Шахин в муцка меч му забил и два заба му скршил,
а Скендербег на сред глава го погодил врагот
баш кадешто во чудесен состав соединила
природата многударна близначки коски цврсто
што народот ги нарекол двете „судбинско писмо“,
па мечот, коски сечејќи, над градната коска запрел,
цепејќи ја на два дела огромната му глава,
и обете половини свиснале над плешките
па пласнал вчас на земјата: А бил јадар и убав
водач на коњаниците од Персија што дошле.
Ќаби му било името. Оставајќи го него,
го убил и Шеремет меч забивајќи му в гради,
па Јусуфа, тој јунак млад, со еден силен замав
го поразил, па од левото во десното уво
мечот се појавил; а потем го мавнал Керима,
па Нурдин женоликиот, па Емир великанот.
Како што поток надоен од дожд вала матни води
и носи борје од корен и дабови вековни
и брег му овенчуваат со раскошно растение
и ништи ниви зелени со заблеани стада,
овчарите, орачите вчас ги избезумува
и морето уплашено го сквернави со тиња, -
така и Скендербег јаздел сред борбениот трескот,
на вожди муслимански сечејќи им лични глави
сè што ќе сретнел пред себе: а другите во ужас
низ поле се разбегале вртејќи очи, бледи,
и студна пот им течела по трепетната снага,
42
и Исмаил го исплашил, Персијците ги разбил,
го вратил рамновесјето нарушено пред малку,
и борбен дух му вдахнал тој на својот мачен народ.
И Ариан се ободрил и пак застанал напред,
на Хасан гороломникот со меч му пробил грклан
што народот музољубив со сликовит свој јазик
го вика „Адамов орев“: и наземи паднал Хасан,
а душата му излегла од раната низ гргор.
Издржливо се бореле и сите други војски,
еден убивал друг, па јас не ќе можам баш точно
да раскажам сè: а тогаш се слушнал џагор голем
и лута борба небичас се развила секаде,
и многу сабји лежеле наземи искршени
и трупови го покриле ширното бојно поле
едни на грб, други ничкум, како да гризат земја,
од двете војски трупови: зашто ни Албанците
не поминале без крв: но и не паднале многу,
та секој ден нив Кастриот во мир благодатен
ги учел во законот на војните славномажни
в труд напорен го закрепнал нивното кревко тело
и божја љубов тој кон татковината им всадил;
душманите побледиле и мрак ги обвил навчас
гледајќи го тој страшен маж во пламен бес и јарост,
во борбен напор предаден необичен и чуден,
фрлајќи го исплашени оружјето на земја,
во првото судирање борејќи се со сабји,
но пак не отстапувале, упорно војувајќи,
во битката барајќи само смрт или победа.
Но Балабан не се забавил гледајќи кај се ближи
тој славен јунак Скендербег, а се поставил напред,
со образи распламтени и викнал: „Кон победа,
о, чеда Исмаилови, полетајте храбро!“
А потем Гога, стројниот, со меч го удрил в теме
и веднаш врвот отровен во мозокот му влегол
растурајќи го така, а по него тој на Насто
43
вмиг лактот му го отсекол, токму каде што лактот
е составен со мишката во чудесен состав
па останал збивтајќи сам зад редовите први,
дур крвта не му истекла од смртната му рана,
па наземи се опружил испуштајќи душа.
И Сима потем го убил, и Коте еден по друг,
и Кича, маж неуплашлив, и Тира великанот. -
како што волкот влегува во трлото без овчар,
па забревтан и изгладнет, а долго не јал месо,
ги дави стрвно овците и ги растргнува алчно,
уживајќи во гозбата и пливајќи во крвја, -
и Балабан така беснеел врз три албански чети,
во отсуство на Скендербег. Не помалку распламтен,
дишејќи во борбен порив, отонаде се борел
мрачнообразниот Синан. Па кого прв, а кого
последен убил бесниот и самоволен сатрап?
Најпрвин Васа бил прободен над десната боска
баш каде што на човека белиот дроб му служи
од каде дише воздух син и му ја чисти крвта
и од каде што побрза е на душата смртта;
па ко лав, рикајќи, со лице наземи тој паднал,
а потем на Теофила му пробил горна усна
и мечот остар стравотно му проникнал в грло
и пласнал долу Теофил и мрак му покрил очи,
а потоа со тапата страна на мечот силно
го удрил Сава по слепоочницата, па паднал,
од ударот јак оглушен, и со печално срце
што не стигнал да дигне своја одмаздничка рака,
в бес земјата касајќи ја; па ги убил и Димо,
и Ламбо, а и Васила, и Филипа и Пано,
па громко Синан извикал, а разгневен ко Арес:
„Гинете мои душмани, гинете ноќни борци
на брат ми вие сенката смирете му ја сега!“
И вака ревел Синан Паша диво, не знаејќи
о, дека брат му Хасанбег уште е жив во Круја,
44
па беснеел во беснило како лав горожител
кој ловците ги сретнува што му грабнале лавче,
па го раскинува оној кого од нив ќе фати.
Па кажи ми о, Музо ти, кој јунак толку храбар
му се спротивставил во бој на грозноликиот Синан?
Андреа Топија бил тој, водачот јапигиски.
Та тој му бил отспротива и недалеку многу.
Гледајќи ги на Синана грозните дејанија
се загнал навчас на него и нагло велерекол:
„Ела кон мене гнасен пес, ти што ќе влезеш скоро
каде што веќе влегле толку твои едноверци
што раката ги застрела на Андреа Топија.
Од мене не ќе те спаси ни твојот глув Мухамед,
а в мрачен џенем ќе слезеш, од бел свет збогувајќи се.“
Тогаш ти дошол Топија на твојот живот крајот.
Бидејќи, сиот облеан во крви, Синан запрел
и без да разбере што Андреа му рекол нему,
но бесот на Албанецот го сфатил многу добро
па, престанувајќи да коле, кон него се свртил
и двајцата застанале еден спроти другиот,
гледајќи се со гарез и со сабјите мавтајќи:
Албанецот во главата на Синан право мавнал,
но побрз, како мисла, тој се наведнал на лево
и мечот албански му отсекол сал десно уво
и бликнала крв обилна од свежата му рана,
а Синан вмиг на Топија папокот му го побил
со мечот остар и му ја растурил утробата
и како даб Албанецот се урнисал на земја
и мрачна скрб ја обвила Христосовата војска.
И ранет од меч албански пак Синан не се скротил,
а уште појќе раздразнет да убива се втурнал
и врлувал разгорештен ко оган среде шума,
кој тивко во почетокот па полека се пали
за да го згрее на овчарот смрзнатото тело,
но кога ветер поривен од небото ќе дувне
45
ќе пламне тогаш шумата од стихија сејадна,
баш така Синан беснеел штом Топија го ранил.
А кога ставил Скендербег ред во десното крило,
со силен глас, бодрејќи ги, на борците им викнал:
„Борете се, коњаници: па денес сте ми нужни!
А јас, и против волјата, треба да ве напуштам
и другите ќе треба за победа да ги бодрам!“
Велејќи така Скендербег ко молња летнал напред
кон одредот пешоборен кадешто див бил бојот.
А штом го видел Балабан да лета како виор,
запрел со убивањето, застанувајќи назад,
држејќи се за заветот на стариот Карахасан,
по име Халила огромниот го викнал тогаш
и зборови му кажал крилати пред сите борци:
„О, јунаку, ти најсилен од сите си во Круја
но како бисер в буниште ти водиш калпав живот,
кој дознал дека живееш и дишеш почист воздух?
И чуму ти е животот штом живееш неславно?
Та воин каков што си ти, знај, нема друг во светов.
Но силата покажи ја, од Бог што си ја добил
и убиј го тој поган пес што ни го руши стројот,
а ние ќе помогнеме со ненадеен напад.
Па сега, напред, арслану, а јас пак, жими Алах,
спахија ќе те направам на град со широк сокак,
та среќно да си живееш во богатство и слава!“
Му рекол така и мечтата ја распалил на мажот
што решил дело опасно врз плеќи да си стави.
А Кастриот се устремил кон тие млади борци
зад кои срамно се затскрил сатрапот крвопиец
и безброј лични јунаци наврапито тој сразил,
вртејќи го ваму-таму својот меч неуништлив
и кајшто било најгусто го терал својот Шахин,
и голем уплав мразовит срцата им ги обзел,
за одбрана не мислеле, а паѓале поснопица,
се кревал кркор од мажи во претсмртни маки
46
и земјата се вцрвила од крвта неверничка.
По втор пат на душманите одредот им го разбил
и тогаш напредувајќи си отворил пат широк,
па вчас зад првоборците Балабана го видел
затутулен, врз гривата на својот Каплан сведнат;
и неволно тој пуштил крик и стреперил врз коњот
и трипати по ребрата го збоднал својот Шахин,
сакајќи со крв душманска да го насити мечот
и трипати го обуздал коњот јаздејќи бурно,
бидејќи го спречувала во гневот друга мисла
да не го опколат душманите од сите страни,
па полкот да се исплаши штом не го види него.
А Халил не заборавил на обврската своја,
та секој пашин збор во ушите му ечел громко,
и дури уште Скендербег се колебал во умот
дали со соперникот да вкрсти убиствени раце
или прво да почека од бојот добар исход,
тој крвник стоел притаен зад редовите први
вперувајќи во Скендербег подмолен и лут поглед
и како што мачка итро и едностојно демне
леснокрило и плахо врапче на покрив што ќе слета,
и Халил така притаен во заседа го демнел,
чекајќи време погодно на Кастриот да удри.
И се измачувал, вртејќи на ум многу мисли,
дали со меч ненадејно да го нападне врагот
или пак друго коварство тој за него да скрои:
„Та, ако со меч ненадејно го нападнам него,
тој како што е неранлив, ќе ме убие мене,
како што убил други. А пушкава што ќе ми е,
бескорисна и проклета? Но, јас се колнам, веднаш
на пламен ќе ја предадам ко суварка од шума,
та седум пати напразно јас петлето го чкрапнав
но ниту звук испуштила, ни огнена искра,
па чуму бог ме надарил со исполинска снага
кога во сува деланка и железо со 'рѓа
47
ги полагам надежите? Но истрај, срце мое.
Та или живот благодатен или смрт во слава.“
Мислејќи така си ја острел вродената дрскост
ко вепар од глад притиснат, дури го чека пленот,
ги остри долго забите на цврст гранитен камен.
И дури Скендербег, убивајќи, го смирувал гневот,
му мигнал Халил на сатрапот, барајќи му помош и
штом го видел оттаму согласното мигнување,
се подвлекол ко стрела тој под немирниот Шахин
и цврсто му ја приклештил предната десна нога:
а Шахин в гнев се исправил на двете задни нозе
од себе да го отфрли гороломниот душман,
но безодбојно лутиот маж, поцврсто ја држел
на коњот буен ногата со двете свои раце.
Но Кастриот острелушен коварството го разбрал
па в миг, веднејќи се од коњот, мечот остар силно
го забил под лопатката на злоитриот Халил,
а врвот остар вчас се пробил низ црниот џигер
и излегол над папокот: ни тогаш не се смирил
бестрашниот Агарјанин, а се разјарил појќе
штом сфатил дека раната смртоносна му била.
Со плеќи влево г'оттурнал, со нозете го удрил
долгогривиот Шахин, напрегајќи многу сила
и наземи го соборил со својот храбар јавач.
И тогаш, налик на пламен, се устремил Балабан,
а со него Абдурахман и Хајредин јадриот,
и оној Садик Дербедер и Рашит војнољубив
и други, силејќи се да добијат громка слава,
ако го сотрат јунакот додека на земја лежел,
кој маки несносни на муслиманството му нанел.
Но никој од нив не смогнал рака да стави на него,
зашто пред тоа стигнале водачот да го бранат
албанските војсководци, народни строители,
со сабји долги мавтајќи, готови да го срозат
оној кој од душманите би се дрзнал да им пријде.
48
Прв пристигнал (та блиску бил) јуначкиот син Марин,
па одличниот Самуил и храбриот Захариј.
И Нашо в борби гибелен и доблесниот Спиро,
но кој би можел по име нив сите да ги спомне
за час што го опкружиле владиката кутнат?
Па одеднаш заврзале гибелна и лута борба
со заби усни гризејќи и стамено стоејќи,
и како тешки чекани нивните срца силни
во градите им биеле кон победа брзајќи
со мрачен поглед в' очите и со пламени лица
и раце силни смешале, не мислејќи на смртта,
та човек жив не би рекол, додека беснееле,
дека имаат тела што би ги усмртил куршум,
туку се тие сковани од железо и бронза,
та толку тврдо се бореле од обете страни,
а велја награда тогаш победата им била:
прв Абдурахман, јунакот, го убил грозно Насо,
а Марин лавосрдниот го убил Рашида,
а потоа и Арифа, па Мустафа, херојот,
а Самуил, со дух возвишен, Рустема го сразил,
а Абдурахмана пак, Пале наречен Фираун.
Метежна била борбата, со безброј загинати,
еден со друг се убивал: ни добрината твоја,
Емине веледушниче, не ќе ја минам молкум,
та племето на Турците благодарно е мошне.
Ти безоружен ко јагне и со лик на преданост
пред паднатиот Скендербег на Балабан си му рекол:
„Ти еднаш мене си ме убил, па убиј ме по вторпат,
пријателе мој Балабане и брате мој по вера,
еве ме невооружен некогашен твој другар,
а сега жртва невина, Емин бев јас, твој слуга,
отсега сум Емануел, на Скендербег служител
и блажен ќе сум ако јас за него умрам денес.“
Велејќи така Емин си разголил веднаш гради,
а сатрапот крвопиец побледел со бледост смртна
49
и мрачно лице одвратил од ужас сиот згрозен,
небаре го прогониле Лутиците на Адот
и зад првенците се скрил со наведната глава,
предвидувајќи грозен крај на крвавата битка.
И тогаш станал од земјата Скендербег куцајќи,
та Шахин му ја притиснал левата нога в земја.
И штом го познал Марина лавовски да се бие,
го повикал по име и му рекол: „Еј, јунаку,
охрабри го на коњаницата десното крило
и чувај ми го старецон ко зеница во око.
А ти, мој чесен гостину, што бараш в први редој?
Или од смртта ќе ме браниш ако паднам в шанец?
Но, што побргу, Емине, повлечи се од бојот,
па штом без оружје си, да не те погуби некој!
А мене ти засекогаш ќе ми бидеш како син.“
Велејќи така јунакот, му го доверил Шахин
на Јаков да го однесе на лечење во Круја,
па тие пошле каде што владиката ги пратил,
а овој пеш се устремил со сабјата во рака,
необуздан, со свиреп поглед, налик на Горгона,
ги сразил брзо Тафила, Садика Дербедера,
стројниот Караимера, херојот Хајредина,
па Сефера и Етема и Тахип Сељамета,
и Осман крволеецот, син на оној Мустафа
кој некогаш се борел ко војсководец во Круја
со осум илјадна војска се јунаци одбрани,
и заврзал со Кастриот ракопашен бој крвав
и војската ја загубил збрана во долината
а самиот станал плен во Скендербегови раце,
не можејќи да се види ни со своите блиски,
и пет маски султанови испратиле во Куја
со сребро натоварени само за негов откуп.
Па кога тој во Едрене осрамотен се вратил
безброен народ со камења го убил пред градот,
слушајќи ја повелбата на султанот Амурат.
50
И синот негов сега според судбинската волја
под сабјата на Скендебег во бојот крвав паднал,
со многу други борци. Кој може сите да ги спомне
што витезот ги погубил во денот приснословен
сè дури тажна задишка не му притиснала гради
и не му се заморила силната десна рака
и не му ја облеала пот врела сета снага,
па задишан се повлекол зад редовите први,
но заморот не помислил со одмор да го смири,
а полкот го облетувал бодрејќи го на сет глас
грижејќи се за претегот на воениот успех
и многу се израдувал кога го видел напред
и Стефан Црногорски кој неуморно се борел
со борците најодлични, ко даб сред бујна шума,
па кон него се устремил со срдечни зборој:
„О, режи, главо јуначка, ти моја десна рака,
и доколку Севишниот не овенча со слава,
се колнам: половина од добивката во бојов
со твојте храбри војници јас денес ќе ја делам
и никој завист не ќе покаже за твојот удел,
та заштита најголема на Албанците ти си.“
А Стефан Туркоубиец, сечејќи глави, рекол:
„Се трудиме, како што гледате, владико славен,
и лошо им се пишува на многу муслимани,
но потребно е побргу да полеташ на помош
кај левото ни крило каде што битка се води
ракопашна и крвава, и каде што се слуша
од храбри борци шумен хор: четите јапигиски
се нишаат и веќе јас ни вождот не го гледам,
Топија, кој можеби во сон непробудлив тоне.“
Штом рекол така тој грамадниот го убил Кадир,
брадатиот млад свештеник на скомразниот Мухамед
забивајќи го мечот свој во вратот негов напред
и далеку се стркалала бричената му глава
а фесот му се извалкал во крв и влажна земја;
51
па Муса мустаклијата со мечот го пронижал
над папокот каде што мускул издолжен ги дели
белиот дроб од црниот, седиштето на смевот,
па Муса од смев примирајќи и неволен и крештлив
небичас (глетка жалосна) умирал смеејќи се.
А потоа на Нурија му забил меч во грло
баш кадешто минуваат и храната и гласот,
па тој се струполил ко црв над труповите жални,
со рацете ислружени кон другарите свои,
а в харем еден го оплакувале седум жени
откога ја чуле веста за неговата гибел;
а потем Надира го сразил гиздавецот строен
и Сулејмана, а и Ибрахима многуфалениот,
а потоа и тој лут Махмуда, тој чешит човек,
на сатрапот Дебреанин единствениот му син,
кој дамна в Круја загинал жестоко војувајќи
со сета војска безбројна: тукушто почнал бојот
го стигнал него одеднаш мечот на Скендербега...“
Но долг ќе биде патот мој и безисходен трудот
ако ги спомнам сите Агарјани што ги убил
Туркоубиецот Црноевич во тој кобен ден.
Крв течела од копитата на неговиот коњ
газејќи врз труповите душмански уште живи,
а насмевка непрестајно му трепнела на усни
во мигот санким радосна, а пострашна од гневот,
та не бил телом и душом ни милостив ни кроток,
а лутосрдно потресол чети Исмаилови,
вртејќи го вкруг мечот лут, тој побратим на смртта,
не папсувал од борбен труд ниеден дел од него,
та најмлад бил од сите други храбри жезлоносци
во цутот прв на младоста: но најдобар од сите
по дух и по големина, во смелост и во сила,
но, по Ѓура Кастриотич; најхрабри борци водел,
та нивна крв прочистувал и духот им го кревал
на Црна Гора воздухот, тој воздух на слободата,
52
затоа борба кревале од сите страни светрум,
не личејќи на смртници ами на титани силни
и први вчас ги разбиле душманските фаланги
и светлина ѝ донеле на албанската земја:
та така се војувале, со жар и непрестајно,
а денес бојот свиреп бил и долот сиот ечел
под нозете на борците и на бујните коњи,
ги покрил прав јунаците и до небо се дигал
и крв се испарувала од војничките рани,
а пак од тие гласови од ранетите луѓе,
од војводи и војници, од труби и од коњи
се потресло и небото до облаците мрачни
и смелосрден маж тој ден, што остарел во битки,
да бил во бојов присутен, од ужас би се згрозил.
Зборовите штом ги слушнал на Црноевич преѓе,
со печал пошол потаму Скендербег славениот
и тогаш Јапиговците ги нашол во тесно
ги видел вземи спружени и со прав покриени
и в миг се штрекнал штом го видел ко лав да се бори
Синана, препознавајќи во него дамнешен другар
и ласкаво му прозборел на отомански јазик:
„О, Синане, не дај боже, со другар да се бијам
та многу пати ние леб заедно сме јале,
и в многу војни заедно во Азија сме биле,
кога во цутот на младоста те вежбав за борба,
но оди да го утешиш во Круја брат ти Хасан,
бидејќи тој те жали, знај, сметајќи те за мртов.“
Толку му рекол љубезно, знаејќи го од дамна.
А Синан мажоубиецот му вратил липајќи:
„Не! Не е жив! Не! Не е жив! А загинат е Хасан;
во жалост тој ме остави, а ти ме мамиш само,
хероју, па, слушајќи те, јас повеќе да плачам.
Но, ајде, пак отвори ја твојата медена уста,
и заколни се дека е жив благородниот Хасан!“
И тогаш клетва свештена дал славниот Скендербег:
53
„Во лебот и во солта јас, пријателе, се колнам,
што сме ги јале заедно, Хасан е жив во Круја;
во веков лага презрена не ми оскверни усни
сал еднаш кога в роден крај завладеав со итрост.“
Слушајќи, Синан заплакал од преголема радост,
и кога срце наситил од плачење, се свртел
кон тоа бојно поле наоколу обѕирајќи се
и видел дека четите османски отсекаде
губеле: победата на албанска страна била.
Па викнал: „Чеда јуначки, доволно крви леел
народот наш: победата на албанска е страна,
а сето наше јунаштво во малодушност тоне.
Воврете ги во ножници крвожедните сабји,
запрете со убивање и следете ме мене!“
И Синан ја подигнал својата десна нога
и од колено го скршил мечот мажоубиствен,
а по него, ставајќи ги во ножници сабјите,
кон сета крујска војска се приклучиле наврапито
седумдесетте војници што останале живи
и вчас кон Круја тргнале предводени од Синан,
тој суров маж кој брзал за да си го види братот.
А кога стигнале во градот со високи кули
го предале оружјето и се вџашиле кога
сред одредот се отворил одеднаш простор широк
и меѓу нив се залетал налик на бран Кастриот
од бурен ветер подгонет кон бродоломен кораб
што расклатен се сокрива под бела морска пена
а в' исто време виорот во платната му јачи
и липаат морнарите молејќи се на бога...
Така и Турците плачеле од страв треперејќи
и в метеж отстапувале без волја да се бијат,
притиснати од војските црногорски и крујски
без престан што напаѓале восторжено и смело,
а меѓу нив Црноевич смртоносен ко Арес,
со десница вкрвавена од шепата до лактот,
54
многумина испоубил обѕирајќи се гневно
за да го види Балабан во редовите први,
со него да ја испроба силата на рацете,
но никако не успеал со него да се сретне,
иако го здогледувал во битката одблиску
и гласот му го слушал лут додека викал гневно,
и ја поттикнувал на бој својата жална војска.
А отаде и Персијците поразени биле
та Ариан ги храбрел сал коњаниците свои:
„Што чекате, о јунаци, пред презрениот душман?
Не гледате ли, вашите другари се во надмоќ!
О, земјата да зине и да не проголта сите
последни ако стигнеме до победата ние!
Или ве плаши снагата на тие бесни мажи?
Кај нив изгледот добар е, но смелоста е мала.
Нив предците ни славни во многу жестоки војни,
на море и на копно, ги покриле со вечен срам,
стоејќи еден спроти сто во готовност и надеж.
Стремете се, о јунаци, во победа и сеча,
да не го посрамотите родот!“ Им викнал така
Ариан Комнен, старецот изнемоштен, та и тој
бил подложен на многу опасности и маки,
стремејќи се со младешки жар во бојна тревога,
но Марин лавосрдниот го одбранил од смртта,
чувајќи го внимателно велењето на Скендербег.
А борците слушајќи ги зборовите на Комнен
ги примиле присрце бодрејќи се еден со друг
за да се борат достојно на предците им славни
разбивајќи ги како трети душманските фаланги
и најпосле, по жесток бој поразено било
на воинствената коњаница десното крило,
бидејќи таму Кастриот не бил со мечот грозен,
ни гласот негов не се чул - тој будител на срца,
та пешки одел јунакот, а тие далеку биле
и добро не ги знаеле законите на Арес,
55
ни толку често вежбале ко другите во борби
но волно престојувале во кулите на Круја
со големо задоволство јадејќи и пиејќи,
не следејќи го Скендербег освен во блиски битки,
но тука ти бил Дуказин држејќи се крепкостојно
бодрејќи ја коњицата од Дрим длабокоструен
и убил плипот мажишта мавтајќи долга сабја,
но овде не ги редам јас сите што тој ги кутнал.
Прв ќе го спомнам Елмаза, русокос и преубав,
младоженец без невеста облечен в златно руво
носејќи знаме алово со полумесечина,
а кого уште в почеток го видел сиот смрачен
со мечот му се нафрлил и му го забил право
во левата му цицка животот каде што тлее
и кајшто бие срцето, влегол до половина,
а врвот му се појавил под неговата плешка
и кога пак го извлекол Дуказин мечот крвав,
во ист миг паднал и Елмаз, со знамето заедно,
ко месечев зрак в боиште и како бродски јарбол.
И како млада фиданка од маслина што цути
надоена со влагата на благотворен поток,
дур' зафир свеж ја лулее милодушно и нежно,
одненадеж со остар заб ја сразува див вепар
и в прав ја валка милата, на земјоделците надеж,
накитена убавица пред плод да врзе богат.
Па токму така Дуказин в прав Елмаза го спрострел,
облечен уште в раскошна зетовска своја руба;
пред тоа тој од војната во татков дом се вратил
и бучна свадба направил со невестата Ѓула
на Абдулах спахијата единствената ќерка,
најлепа таа кралица на турските моми.
Несреќникот! Та нејзини сладости тој не видел:
сал четири дни поминал мимолетни во Казан,
за радост на роднините и на другарите свои;
во денот прв од Персија се вратил среќен, весел,
56
во денот втор се посвршил со Ѓула миловидната,
во денот трет ја овенчал со велелепен венок,
а в четвртиот ја славел својата громка свадба,
па домот негов преширок се исполнил со гости:
та едни на трпезата пееле свадбарски песни,
со нозе други тупкале виејќи вито оро
и звучни сурли свиреле и татнеле тапани,
а гостите ги служеле родителите на зетот
згрбавени од староста сновајќи ваму-таму,
а в одаја гувеела прелестната невеста,
а покрај неа девици невидени од сонце
и љубезни посестрими восхитено гледајќи
зашто со злато, бисери рубата ѝ блескала
а превез сјаен пурпурен глава ѝ покривала
над појасот, сребрениот, раце бели држела
и тенки прсти прекрасни со десница врз левица.
Но, забревтан свештеникот во домот нивен стигнал,
тој имам мрачнообразен и на зетот му рекол:
„Вооружај се Елмазе и нареди си коња,
па летни кон Византија, Балабан да го најдеш
кој што со сила голема е пратен бој да води
и горда веѓа да му смири на ќафирот Кастриот.
Та така велит Султанот: послушниот да слуша.“
Сал толку рекол и го одвиткал тој страшен указ
од султанот: А пак Елмаз вчас си наружал коња
и плач во домот загрмел срцеломен, железен
и горешто извикала и седата му мајка:
„О, каде одиш, сине мој, невеста оставајќи,
која, о, сине, првпат денес, а заради тебе,
од топлата и прегратка на мајка си се дели!
О, ден ужасно пакостен, о, ти несреќна свадба,
та каде одиш, сине мој, невеста оставајќи!
А зетот на мајка си не ѝ проговорил ништо,
но русата ја открил глава и страсно се молел,
и длабоко тој воздивнал кон небото гледајќи:
57
„Аман Алах, возвиши го на христијаните рогот,
да процутат со моќ и да завладеат со светот!“
Тој така рекол и опкружен од плачови гласни
се наружал наврапито и плашејќи се многу
да не му биде делото побавно од зборот,
на коњот свој се качил и заминал... неповратно!
На двете крила почнале посилен бој да бијат
бој суров и бој убиствен, од ваму и од таму,
стремејќи се кој да го земе паднатото знаме.
Па долго време борбата продолжила да расте,
и ушите ги заглушил на мечовите ѕвекот
и одекот на трубите и фрчењето коњско,
а мртовци ја покриле вчас долината цела,
и уште на победата теговите рамни биле,
додека бог на Павле не му вдахнал восклик громок
со кој тој им се обратил на сите борци свои
за да се бијат доблесно за својте жени, деца:
„Доколку видам некого бездушно да се бори
па жими вера дедовска и жими родината
јас него ќе го исплукам пред сета војска наша
и мечот неокрвавен ќе му го симнам нему
пред грозното исмевање на целата дружина,
и сиот воен украс што недостојно го носи,
па ќе му ставам рало во немоќните му раце
за да ја ора земјата и војници да храни.“
Така им викнал Дуказин заканувајќи им се,
а ушите на борците заканата ја впиле
и цврсто тие сабјите ги стегнале во раце
а меѓу нозе ребрата на коњите пеноустни
и возлено ги шибале ко ѕверој гороживни
и топла пот се леела по целото им тело
без прекин убивајќи се едни со други тие,
а како лав пред сите се борел Павле Дуказин.
Турците не ја одбиле тривалската јарост
но малку се повлекле разочарани и морни
58
а знамето г'оставиле во душмански раце.
А кога тука Дукашин г'оправил бојот нерешен,
тој задишан, рамен на лав, се устремил на лево
и таму Акита го убил, Шерифа и Илјаза,
па сјајниот Исмаила, потоа Џеладина
сè еден по друг наземи ги кутнал беспоштедно,
а Мухтар, нивниот водач, едностојно ги жалел,
штом им ги видел лицата извалкани во крви
и тие нивни раскошни и изјашни одежди
и веднаш на Дуказина се нафрлил со пизма
сакајќи да се одмазди за крајот нивен крвав,
не мислејќи тој жив и здрав да си се врати дома
за да израдува родители и жена млада.
А кога Павле насетил дека му иде право,
го кренал мечот високо кон неговата глава,
и како на јаже Мухтар го испружил својот меч
да би го одбил ударот, ненадејно и брзо
под клучникот го пронижал Дуказин својот душман,
и мечот в миг во душникот се пробил секавично
и паднал тој со шум: и сон вечен веѓи му покрил.
А поразената фаланга отстапила в ужас
и многу други паѓале на сите страни тогаш
бидејќи бојот тежок бил и безмилосен, крвав.
И многу коњи лишени од својот мил господар
'ржејќи бесно талкале низ долината страшна,
а други на подножјето од Крујанската гора.
И потоа сред метежот шум ужасен се кренал
што никој ни оддалеку не би можел да гледа,
а без да му се наполнат вчас очите со солзи!
Па, гледајќи го Балабан тој метеж, гласно крикнал:
„О, лавови на Азбијук! Вдахнете се со машкост!
Покажете се достојни на предците ви храбри,
инаку гибел најстрашна врз глава ќе ви слета,
далеку од родината. Или се надевате
под Круја да ги видите домот и домашните?
59
О, никако! Та судбина нè чека зла на крајот!
Или ќе минеме под мечот сите победнички
или во вечно ропство ќе живееме во Круја,
па ниту откуп за нас нема султанот да прати.
Но доблесно борете се! Па, смрт или победа!
А ако видам некого во бегство да се вдаде,
ех, жими Мухамед и жими големиот Алах
и кога тој би избегал жив-здрав од меч албански,
но мечот на Балабан нема да го избегне!“
Тој така надевајќи се на спас, им викнал бодро,
и тогаш Бог се разгневил што прво Мухамеда
колнејќи се го спомнувал Балабан, и небичас
на својот трон се раздвижил и небото го стресол
и полн со ужас прозборел, а гром бил зборот божји.
„О, беднику! Зар не ти беше доста што мојот син
го изневери поради тој клет и лажен пророк
и посегна со оружје на твојта родна земја
и лутосрдо си го убил невиниот гласник,
та сега и господарот на небото го хулиш.
И еве, јас зла судбина ти определив денес,
па дури да те чуваат и илјада фаланги!“
Велејќи така, тој раката голема ја ставил
врз шлемот на Скендербег и му влеал нова сила
одземајќи го заморот од неговото тело
а в очи искри од огнот небесен му сипал тој.
И тогаш ужас свет го обзел славниот Скендербег
и косата вчас му се кренала и сите влакна
по сета снага немирна: и како смајан тогаш
раззинал очи и уста, и на небо се вѕирнал:
и својот дух го сетил в плам и сето тело свежо
ко некогаш во младоста и веднаш сфатил дека
го допрел него раката на севишниот господ
па му се заблагодарил, веднејќи се кон долот
и камен кренал одронет од карпите на Круја,
што лежел близу до него, зад неговите борци,
60
сет рапав, а и огромен, што не би го подигнале
од земја, ни четворица покрупни млади луѓе
какви што светов денешен ги создава сред мрза:
а тој без напор поголем сам одеднаш го дигнал
и цврсто опрен на нозе, замавнал и го фрлил,
а каменот незадржлив профучил низ војските
и право кон Балабана кој тогаш гласно викал,
и в градите го погодил и в миг му ги расплостил
и ребрата му ги скршил и паѓајќи од коњот
на земјата се струполил; а притоа сатрапот
ни мрднал со некој свој дел, ни збор не проглаголил.
Како што гром од небото ненадејно паѓајќи
соборува бор највисок, мил кнез на сите шуми,
и страшна реа се рее од шалитра и сулфур,
а никој од тоа не може спокоен да биде,
та божјата стрела е ужасна за секој смртник,
баш така паднал Балабан, тој сатрап крвопиец
од крупен камен погоден, а и од силна рака,
па сите борци душмански се вдале в општо бегство.
Воскликнале Албанците обземени од радост,
а од кулите на Круја ракоплескале бучно,
и им возвратиле со клик долг и заглушувачки.
Ни громот, синот на облаците, не е толку гласен,
и ни морските бранови, бушавени од ветрот,
од брег кога се кршат, не бучат толку шумно,
колку што тогаш грмеле бранителите на Круја,
од боиштето едните, а другите од градот.
И храбро веќе јурнале по сите в бег што биле,
восхитени и радосни војниците на Христа,
па тие се надевале во Круја бог да слават,
да пијат вино црвено за паднатиот сатрап,
каков што кај нив никогаш Турција не пратила.
Па сабјите ги стиснале, усни си преапале,
ги колеле бегалците ко ѕверој суројадни,
и пешак колел пешака, коњаник коњаника
61
и страшен навал настанал од бегалци и ловци.
А сред нив Ѓуро богодвижниот со долга сабја,
тој јунак сегдеприсутен душманите ги гонел,
баш како што северецот облаците ги гони
или пак морски бранови разгневен напред вала.
А пред него душманите во неискажлив метеж
со умови помрачени бегале еден пред друг
оружјето го фрлале во крајно очајување
едни кон бога кревајќи молитвени раце
а други жално липајќи - бегале стрмоглаво
и била сеча ужасна - на жал и солзи мајка.
Но долг пат не поминале оние што бегале
од мечот многуубиствен на Скендербег, херојот,
та пред него се отворила една грозна глетка:
на колот жесток сè уште в претсмртни маки Динко
се борел со страдањата леејќи врели солзи.
Ко момченце благородно далеку од дом татков
деца од злобни соседи опколувајќи го цврсто
со раце и со пратови го бијат немилосрдно,
а тоа пак трпеливо насилството го прима
бессолзно и безгласно: о, што несреќа го снашла!
Но штом го види татка си на помош да му иде
и в бегство вчас спрснуваат насилниците гадни,
сал тогаш солзи врели образите му ги печат,
но страшно долго липање ах, му го дави гласот...
Со такво тогаш плачење се расплакал и Динко
штом пред себе го здогледал Скендербег херојот,
па в плач му рекол: „О, цару мој, истргни ме од колов,
та душа јас да испуштам, од болки да се спасам!
А предолго на него, клет, јас трпам смртни маки
и најлути страданија утробот ми го јадат!
А ти, моите сираци, Наума и Паша
под твое крило земи ги ако ме жалиш мене.“
И толку Динко му кажал: а плачел, плачел Ѓуро
ко мајка што оплакува сина си новобрачен.
62
И целиот растревожен со стамен глас му рекол:
„Јас потпор на сираците до гроба ќе им бидам!“
А потоа го истргнал несреќникот од колот
и веднаш крв од раната му бликнала изобилно,
па воздухот во телото му раскинал секој дел,
и душата му летнала во пазувите божји,
а трупот топол Скендербег на Антон му го предал,
па назад да го однесе во кулите на Круја,
а тој пак, солзи крупни, воздивнувајќи, си бришел.
И мигум бледност тревожна му покрила лице
и креч му скрчил удови со надземен вострог,
меч ставил в ножница, а колот го истргнал од земја,
го стегнал в рака тој и кон бегалците се втурнал
мавтајќи со тој страшен кол, тресејќи се од срдба,
и трупови пред него се трупале непрестајно,
а очите му гореле во молскавичен блесок
и грч непрестаен му ги стегал мрачните веѓи
и лута пена од јарост му покрила уста
бидејќи го раздразнила живата божја волја
и правдата оскрбена на бестрашниот Динко
па убивал едностојно избезумен и свиреп
што освен бог, не би можел друг никој да го спречи,
ни уста ангелска о, не би знаела да каже
колкумина тој погубил во богопустен вострог,
а јас веќе се истоштив и накај крајот брзам
ко сонцето изморено од патот еднодневен
што кон мирна вечерина колесница тера;
така беснеел јунакот. А в плач и ридание
и в неизречна тревога душманите во толпи
низ својот логор минале со наведнати глави,
отсекаде притиснати од крајно очајување,
та зад нив соперниците им дишеле во тилот,
а димни гори пред ними и длабоки дубрави
и потоци бурнотечни: ни бледен лач од надеж
им светел во страдањето, та гради да им згрее.
63
Но сепак тие бегале устремени во празно,
со оддишка заморена бодрејќи се еден со друг,
а другите по патот долг ги следеле без престан,
па штом ќе им се приближеле, вчас ги погубувале,
та духот на Албанците Кастриот им го палел,
тој јунак силен, бестрашен, викајќи громогласно,
вртејќи го тој страшен кол зад оние што бегале,
а јарост непомирлива го држела херојот.
Како што виор разорен од божји гнев испратен
да им ги сотре делата на нечесните луѓе
и како трски свиткува фиданки по бавчите,
а дрвјата подамнешни од корења ги кутка,
така јурел и Кастриот убивајќи ги сите,
на кои месиштата им сопнувале колена
или пак стравот леден ил' лесната живеачка
ил' божји гнев ги запирал. А другите бегале
од сека надеж лишени, со жален плач плачејќи
како во случај кога оган од ветрот помогнат
запалува град голем и со тресок сè урива
и машки крикој грмат и старечки риданија,
и воздухот е потресен од детските вресоци,
а жени разбушавени по улиците блудат
со рацете плескајќи: да, и душманите така
се туфкале и бегале, сеедно потејќи се
да спасат душа: а многу од нив капнати доста
за заден пат ги целивале соборците на замин
разнежено спомнувајќи чеда и жени свои
и наземи седејќи се молеле за брза смрт.
До небо се издигале ко пламења од жртви
молитвите на бегалците и офкањата смртни
и ушите ги парале на разгневениот бог
па милост вчас го обзела и од тој ѕвезден престол
севидлив поглед насочил и видел дека живи
останале побожните, и рекол: „Доста веќе!
Под мое крило чувани ќе бидете отсега
64
бидејќи бевте невини: од вишно небо, еве,
јас заштитник ќе бидам ваш, смирувајќи го гневот
што некогаш го подбуди во својата силна јарост,
воздигнувајќи го и духот на Скендербег голем.
Да научат племињата од луѓе житојадни
дека сум Бог кој смирува високомерни глави
и благосклоно го кревам на побожните рогот.“
Штом ова тој го изрекол, со мигнување моќно
небесата ги покрил вчас со облаци над цел свет
и дожд пороен истурил, а преку одеждите
прокиснале војниците и потоци ко змии
се извиле набуени по сето матно поле,
а земјата ја покрила непрегледна магла
засветкале молскавици и гром ужасен грмнал
и мнозина воскликнале преплашени од чудо:
„Ги урнал Бог небесата да ја потопи земјата
ко дамна!“ Но не знаеле што мислел Господ моќен.
А Ѓуро пак, жалејќи ја дружината, си рекол:
„Уви! Во часов магла зла го обвива мојот народ,
криејќи го и небото пред малку толку сино
и од облаците врз нас се истурил цел поток
не сум видел јас толку дожд откако знам за себе
а Бог можеби жалбите на Исмаил ги слушнал
та сега кон нас, грешните, насочил страшни стрели!
Зар меѓу муслиманите побожни мажи има?“
Си рекол, сеќавајќи ја на Севишниот моќта.
На надеж зрак ги пројаснил муслиманските лица
та повеќе од преѓеска ги пуштиле чекорите
преживеаните кои се грижеле за душата,
па никој жив не би рекол дека на земја газат,
но дека како птици се: така летале тие,
бидејќи в миг Севишниот им го забрзал одот
па веднаш да ја избегнат на Ѓуро раката тешка
и сосем неповредени да пристигнат до Ресен,
а штом го видат потокот буен и непрооден,
65
милост да му побараат на гонителот силен
и така живи собрани да се предадат во Круја,
а оттаму пак обратно да си се вратат назад,
за да си видат одново татковски топли домој
и пак да се радуваат со сопруги и чеда;
ко Динко во почетокот што се помолил на бога
барајќи тогаш брза смрт во претсмртните маки.
Па таква и замислата на Севишниот била.
И затоа им подарил сила и брзи нозе
додека дождот не го згасне на Скендербег гневот
и далеку да бидат од гонителите свои.
Но кога тие стигнале до потокот на Разан
и ревот див го слушнале на брановите матни
и пените меурести на вировите страшни
надежите исчезнале од муслиманските гради
и до матната стихија одвратиле поглед
и еден со друг плачевно се прашувале тие:
„О, друже! Што ќе правиме во несреќа таква!“
И дожд се леел пороен и растел ревот поточен,
а кога гонителите се покажале близу
на Скендербег му пристапил ко молител Мухарем,
со лицето пленувачко, Мухарем набожниот,
тој Мухарем, сам останат од толку војсководци,
кој пак, од уста мајчина благослов дамна примил,
а тој си ја почитувал до длабоката старост
како што смртник ниеден не почитувал мајка.
Па штом го видел увилен, чесниот Карахасан
(кој надокрај жив останал јавајќи азган коња)
го пратил кај Скендербега - како и сам што сакал -
не би ли тој со молење ќе му го смекне срцето.
Ко лав што многу одамна не вкусил свежо месо
кога во трло влегува без да го плашат тогаш
ни бесни лаежи од пци, ни овчарските стрели,
та мевот празен смелоста на овој му ја сили
соодветно и Мухарем на Скендербег му пришол
66
за да ја спаси целата преостаната војска,
па застанал и пламена му упатил молба:
„Во плен имај нè, силнику, но и чувај нè добро,
та за нас откуп достоен и вреден ќе ти пратат
и кутрите ни роднини и Азбијук семоќниот.
Но биди кон нас милостив, молители сме твои!
И тебе тага голема отпосле ќе те фати
од гнев ако ги убиеш луѓето што те молат.
Но, витезу, поштеди ја твојата бујна слава!
Та доволно не поразил големиот гнев божји
што жестоко го усмртил невиниот твој гласник,
газејќи света правдина крволочниот сатрап,
но ако гнев неодолив во душата ти гори
и ако не те омекне ни срдечната молба,
ти немој да ги оскрбиш и ниту да ги скверниш
со крв на разоружани твоите силни раце.
Сал едно слово кажи ни, и тогаш ние веднаш
во потокот, широкиот, и излеан од бога,
не би час ќе се фрлиме, ако така ти е мило,
нека нè голтнат бурните длабоковирни води
и да се сврши на Бога разгневената волја.“
Велејќи така заплакал благољубезниот човек
и одведнаш воскликнале муслиманите „Аман“
печалните молители, како од една уста,
а срцето на Скендербег вчасот се освежило
баш како што освежува небесната росица
сред лето нива зрела, а утрапена од жега
и со крилати зборови на Мухарем му рекол:
„Јас не сум рожба, ефенди, на мечка горожителна,
ни доен сум од тигрица, туку во мојве гради
јас имам срце милосно и душа имам блага,
и не сум минал никогаш толкав пат со дружината
гонејќи го противникот: Но срцево ми пукна
што невиниот пратеник на грозна смрт го предал
Балабан крвопиецот. А сега и неволно
67
на бојов жесток ставам крај, другарите со сила
здржувајќи ги, од страв да не го лутам бога
убивајќи по ред мажи разоружени, голи;
па многу вас ве засакал Бог високопрестолниот,
светкајќи страшно, грмејќи и сипајќи порои
и длабока ноќ во полден носејќи ни во светот.
Но смело вмиг следете ме, да тргнеме за Круја!“
И тргнал така зборејќи преславниот Скендербег,
со чекор долг. А по него другите војсководци
и војската ги следела од коњици и пешаци;
од рубите им капел дожд. А Турците пак, по нив,
липајќи сал пред глетката од мртвите им другари
што ја покривале долината од крај до крај
и еден до друг лежеле ко снопови од класје
што редум ги покосила коса остроуста.
А стонови морничави се слушале од сегде
и полумртви јунаци трепереле од болки,
бидејќи на многумина не им склопила очи
пустата смрт: па сè уште се бореле со неа.
А кога веќе стигнале каде што почнал бојот
пред купишта од мртовци Дуказин Павле рекол,
гледајќи куп загинати од Трибалите храбри:
„О, славни кметови и вие народни пастири,
на рамо да ги земеме другарите ни мртви.“
А Ариан го пофалил Павлета за тој совет.
Црноевич не прифатил и со смевка му вратил:
„Кон Круја да побрзаме, јас така мислам сега,
а мртвите да ги почестиме со свечен погреб
и штом малце ќе здивнеме, кошули ќе смениме.“
А Кастриот на Стефана му рекол: „Не дај боже!
Без погреб не ги оставам тие јуначки тела
што како жртви паднале пред олтарот татковински,
а херојски се бореле за слобода и вера!“
Тој рекол и кон војската воскликнал громогласно:
„Истребувачи на врази, о, Христови воини!
68
Од недолични грабежи воздржете се сега!
Па на рамо земете ги убиените браќа
и полетно да тргнеме кон убавата Круја!“
Херојот така повелал, а тие залипале
и својте мили другари ги кренале плачејќи.
А злобно тој го соблекол на Балабана трупот
газејќи ја под нозете одеждата му златна
а трупот му го влечел тој во калишта и крвја
дур' не стигнал на местото каде што страдал Динко.
Го набил таму колот пак и трупот на него го ставил
па надолу го повлекол и гневно викнал тогаш:
„Труп безгробен ќе бидеш ти о, гаду крволочен,
за луѓето - гледалиште, а за птиците - храна!
А Динка ќе го ставиме во гроб со вечна слава!“
Велејќи така, тргнал тој кон умилена Круја.
Пред градот го пречекале со неискажлив восторг,
а старци сè белокоси ја пееле „Матица“
и плипот чеда скокливи, заедно машки и женски,
со ѕвонлив глас сал кликале посакувајќи му
долг живот и задоволства на славниот им водач
кој повел многу војници в касарна многутремна,
а тој кон храмот поитал со водачите други
кај што ќе служел божја служба набожниот Давид,
тој певец јасноглаголив, во чест на Саваота.
И клекнал тој на колена, кревајќи силни раце
кон Господа семоќниот кој победа му донел.
69
pfudbz355i4sqza3fp6pyv48rdhfelv
22528
22527
2026-09-15T12:32:55Z

gpftqa5pfbzgtd6zz4zjznmhim242ju
22529
22528
2026-09-16T09:58:40Z
MacedonianBoy
149
22529
wikitext
text/x-wiki
{{Заглавје
|заглавје = Скендербег
|глава =
|претходна =
|следна =
|автор =Григор Прличев
|текст=
<poem>

</poem>
}}
t5bnvyhqg405rt8hvq66kn7phemn1b3
22530
22529
2026-09-16T09:58:52Z
MacedonianBoy
149
added [[Category:Македонска литература]] using [[Help:Gadget-HotCat|HotCat]]

[[Категорија:Македонска литература]]
qd7lwmhpvd5i7wraav99y55kv2ysg0f
Толе Паша
0
10264
22531
2026-09-16T10:01:53Z
MacedonianBoy
149
Создадена страница со: {{Заглавје |заглавје = Толе Паша |глава = |претходна = |следна = |автор =Стале Попов |текст= 1. Сонцето веќе беше искочено високо над Перун и почна да припечува над главите на аргатките во оградите и нивите на Демовци, Селимовци, Мерсиновци, Адемовци, Г...
22531
wikitext
text/x-wiki
{{Заглавје
|заглавје = Толе Паша
|глава =
|претходна =
|следна =
|автор =Стале Попов
|текст=
1.
Сонцето веќе беше искочено високо над Перун и почна да припечува над главите
на аргатките во оградите и нивите на Демовци, Селимовци, Мерсиновци, Адемовци,
Гола Сабја, Маџаровци и другите турски чифлизи во Крушевица кога, во еден од
убавите пролетни дни на илјада осумстотини осумдесет и... година, се вратија од полето
Јован Пантовски и Адем Маџаровски и се качија на маџаровската кула.
Пред вратата ги пречека гавазот Муарем и длабоко му се поклони на господарот,
правејќи темане додека неговата десна рака ја достигна земјата, и со едно „сељам а
лејќум - а лејќум сељам" се поздравија двајцата Османлии, едниот наведен до крајна
понизност, а другиот исправен, горд и поносен на својата висока положба. И не е
никакво чудо, Адем е чифликсајбија со имот од илјада дулуми, илјада и петстотини
овци, сто и педесет говеда, дваесет коњи; со кула и кошари за чифчиите, а Муарем е
негов измеќар, само за разлика од другите тој не е обичен слуга, а служи со извесен
понос. Тој не ора, не копа, не жние, не врши. Него бегот не може да го псуе на вера и
закон, не може да го продаде како другите чифчии, но сепак може да му удри некој и
друг дипшик, да го измаскари и да го напади предвреме без да му ја исплати
заслужената руга. И сепак тој се чувствуваше нешто погоре од чифчиите, подолу од
бегот и беше доволен со својата положба, бидејќи и тој можеше да ги псуе чифчиите,
да ги кара, па дури и да протепа по некој кога бегот беше отсутен, да не заборават оти
се робови -измеќари.
Во ходникот ги дочека другиот измеќар, поправо измеќарка, младото Кате,
шеснаесетгодишно девојче, ќерка на чифчијата -ковачот Стевана, кое Адем го беше
прибрал кај себе, ете така, да му ја краси кулата, да и прислужува на каданата и да
внесува кафе ракија кога ќе му идеа гости од машки пол. Таков беше адетот кај сите
бегови: да држат по едно младо („живинче") во кулата, да се знае дека се чифлигари и
дека имаат измеќари за секаква работа. И таа се поклони како Муарема, ја отвори
вратата од убавата одаја и двајцата чорбаџии влегоа внатре.
Катето истрча пред Адема и го зеде неговиот ќурк од лисичка кожа та го закачи
на колот под полицата, а Адем го зеде ќуркот од Јована и го закачи на другиот кол. - Повели, Јоване чорбаџи, повели, седни, - го покани Адем Јована и му го покажа
миндерлакот на источната страна од одајата. - Евала, бег, евала, -одговори Јован и се намести, по чорбаџиски на покажаниот
миндерлак, наместувајќи се лежерно на наслонот. - Добре дојде во куќава, - го поздрави Адем, седнувајќи на другаот миндерлак
спроти него. - Добре најдов, бег, господ добро да дава, - одговори Јован, а Адем го започна
сериозниот разговор: - Е! Виде чифлигот, чорбаџи Јован? Тој ет мојот сермија што сакам да продадам
тебе. Виде што стока? Човек раѓат, што се велит лафот. Виде што бериќет, машала, овој
година ќе дадит? Ако сакат ала, илјада кила ќе родит како на брут. Ем, не да речиш само
овој година така раѓат. Тој грешка не знаит никој година. Ама, ете, реков, ако излезит
2
к'смет, ќе продадам. Не седит мене овдеки во овој пустиња. А бре, немат чоек со кого
ни лав да направит, а остави за некој шенлук и да не зборуваме - почна да го фали Адем
чифлигот и сака да му го тапоса на чорбаџи Јована за некоја и друга лира поскапо. - Го видов, бег, го видов. Убава сермија си имал, машала, убава. Само, како што
рече и сам, многу далеку од градот, таа му е маната, та инаку - без мана е сермијата, -
прифати Јован. - Е, јас сам го кажав тој мана, де! Ако имаш кеиф да фаќаме рака, да те правам
чифлигар. Ем пазарот напред! Ќе продадам, емен, сосем луѓе. Десет тајфи, околу
педесет души - сите за работа. Десетина деци ја имат, ја немат. И тие веќе бркаат кравите
по ливадите, не толку малечки. А за парите, колај работа! Нешто ќе даваш напред;
нешто кога ќе правам стока, а нешто и ќе причекам. Не клават никој мене жар на мевот.
Сполајбогу јас не борџам некои борџеви та да барам парите наеднаш! Луѓе сме, ќе
причекаме еден друг! - Убав ти е лафот, бег, убав. Од тоа поубаво - здравје, само ќе треба да слушнам
колку пари ќе му сакаш. Та ние, како тој што рекол, ќе толчиме глава за пари, - одговори
Јован, а Катето веќе влезе со дизгот во двете раце на кој беа кладени два шарени
филџани и две чаши со бистра лута комињарка. Не е шега. Муштерија чека Адембег за
чифлигот и ќе треба да се покаже токму по беговски. - Повели, чорбаџи Јован, еден кафе да видиме дали убав направило Катето. Шерет
девојче! - го покани Адем Јована и му го покажа со очите Катето при последните
зборови.
Јован го зеде кафето од дизгот и го изгледа Катето од глава до петици. Убавко му
се виде. Навистина малку црнгалесто во суратот, со испрчени устиња, малку поедри
заби, напред истурени, но младо како роса, Кожата по обравчињата му свети како со
масло намачкана, црните очи некако на грозје личат, а косите ги пуштило над очи
небарем сака да ги закрие од алчните погледи на присутните. Работата кај бегот не му
е тешка, та никакви дамки ни драскотници не се забележуваа ни по лицето, ни по рацете.
Вратчето некако подебелко отколку на тие што одат по селските работи. А ни во ставата
не е лошо. Малку кусичко според годините, но затоа полно како грутка.
„Ете и него ќе ми го продаде Адем" - си помисли Јован во себе, и кога го кладе
филџанот на дизгот му се опули право в очи. Кате ги наведе очите, бидејќи Адем така
го учеше и му забрануваше да им гледа на гостите во суратите. - Повели, Јоване, еден ракија. На сабајлево убаво ќе дојдит да поткрепиме малку
душите, оти доста и прошетка направивме по нивјето, -го покани пак Адем Јована, а
Катето им ги подаде полните чаши. - Евала, бег, евала. Ти многу ме заборчи мене. Кога ќе ти се одборчувам? -
одговори Јован, ја зеде чашата од дизгот и пак го измери Катето. - Ех, ќе одборчиш, чорбаџи, што е тој лав, не ќе одборчиш. Ако бидит к'смет да
ујдисаме, пак ти мене ќе пречекаш со Катето овдека на кулата, јас ќе бидам ваш гостин, - и се обрна кон девојчето: - А, Кате? Ќе вариш мене вака убав кафе кога ќе дојдам на гости кај вас со чорбаџи
Јован? А?
3
Катето поцрвене и лицето му доби две бои; од црнгалесто стана црноцрвенкасто.
Ги растегна дебелите устенца и се насмеа миловидно: - Ќе ти вара, бег, оти да не ти вара. Стига чорбаџијата да носе каве и шеќер, та за
варење, колку шо умеа. Оти да не вара? -одговори тоа и ги прибра чашите од стариот и
нов господар, та си излезе да го донесе чибукот од Адема. - Е, до кај бевме со муабетот, чорбаџи Јован? - праша Адем наместувајќи ја
запалената цигара на долгиот чибук со скапоцен килибар на крајот, којшто Катето
веднаш го донесе. - Ами, ете до каде: да те слушнам колку пари ќе му бараш на чифлигот... - го
потсети Јован. - А бре, колку пари. Колку ет мунасип. Јас продавам татко, дедо, како тој што
рекол, та може ќе речам повисоко, туку знаиш како велите вие каурите „со еден
мавнување дрвото не се сечит", та и јас, ќе речам да платите пет стотини лири и
интизапот царцки што ќе фатит. А ќе слушнам пак колку чинит тебе. Де бакалум! - и
зачека Адемага да го слушне одговорот. - А многу горе рече, бег, многу. Каде: пет стотини за чифлиг во Мариово! Ене во
Чарлија, папокот на полето што се вели, пак каде се продаваат по три четири стотини,
а ти сакаш за ова песок овде петстотини. Да е до кај двесте, двесте и печеесет, да му се
грбиме, ама пет стотини, не ме фаќа умот да кандисаат браќа ми. Туку пак размисли се
и ти, а и јас ќе се допрашам со браќа ми, и ќе се најдеме во Прилеп. Белким нема да
умриме уште сега, уште сме млади, - одговори Јован и пак умот му отиде во Катето.
Та неоти само Катето е женско во робинките што ќе му го продаде Адем? Белким
има и некоја друга поубава, побела, полична! И тогаш... неоти таа не ќе дојде на кулата
да го служи Јованбег како Катето сега што го служи Адембега? И стана да си кинисува
наполно решен да купи чифлиг. Ако ништо друго, барем ќе може да избира вакви
Катиња, Цветиња, Митриња, Достиња, кои ќе му се бендисаат, и ќе си ги држи на кулата
за „своја душа". И така лирите не му прават никакво задоволство во ќемерот под
перницата или затнати негде во некој ќош во неговите конаци во Прилеп. Стана, се
збогува со Адема и си отиде без да сече пазар. „Ако наврати до кај триста, ќе го земам", - си рече во умот.
Адем го испрати до долната врата и пак добија двајцата бегови по едно темане од
Муарема. - Ѓене бујрум, ѓене бујрум, (Пак повели, пак повели) чорбаџи Јован. Јас пак ќе
помислам, а и ти не испуштај ваков сермија, оти ретко, зерем, се продават, - беа
последните зборови од Адема, кој се врати назад на кулата и го викна Катето да му
донесе цела оканица комињарка и да го служи денеска. Катето служи, бегот пие,
оканицата се испразни; по неа и друга дури бегот не се пресели во рајот, та почна да си
игра со Катето како што му заповеда коранот. - Ех, мори, Кате! Хе жалам чифлигот, жими вера, оти ќе продадам. Жалам како ќе
оставам тебе друг да гледат, друг да галит, - рече тажно Адем и се изгуби во
пијанството, та почна да 'рка на миндерлакот, а Катето се искуба полека - полека од
неговите канџи и напрсти, назаднички, излезе од одајата.
4
Тоа не се возбудуваше од неговите постапки спрема него. Тука беше уште пред
четири години и навикна Адем да го гали, да го потфаќа за брадичка и за обравчиња, да
му ги бушави косите и да го држи за раце обично кога беше во пијана состојба додека
го совлада ракијата да заспие.
Кога се трезнеше Адем, Катето му тураше вода да се измие и да се разведри, но
тогаш Адем беше сосема друг и не му додеваше со ништо. И сега така. Си отиде Јован,
се напи Адем, некој половина час Катето поседе крај него, овој го изгали по косата, по
вратчето, по плеќите, го штипна за образите и се изгуби -заспа, а Катето си излезе.
Кога се разбуди, Адем беше истрезнет, се изми и му нареди пак на Катето да му
свари кафе. Тоа влезе со еден филџан и полно гезве „сааде" кафе, а Адем го кладе да
седи до него на миндерлакот и почна да го гледа право в очи: - Е, Кате? Слушна што зборував јас со чорбаџи Јован, а? Разбра што дојде тој
пезевенк? - го праша Адем Катето и шмрка ли шмрка од кафето (втор, ако не и трет
филџан).
Катето го разбра разговорот, но од дома беше учено: „виде - не видов; чу - не чув",
ништо да не кажува, па ни пред бегот да се испушта дека разбрало што зборува тој и
што прави. Затоа и сега одговори: - Откај знам јас шо дојде! Јас си а гледам моата работа - кавето, ракиата, а
муабетите се ваши! - Е, слушај ваму! Јас ќе кажам тебе, ама ти никому. Пст!... - и и запрети со прстот,
клавајќи го на нејзиното усте. - Јас сакам да продадам нему чифлигот сосем вас сите. И сосем тебе, ама нејќам
да оставам тебе на тој ваш бег, оти плашам да не правит некој ќедер. Ами друго сум
наумил. Јас ќе омажам тебе за еден ергенче тука од вашите, и тогаш што ќе правите -
правите. Ќе имаш еден сенка над глава. Ќе теслимам на свекор, свекрва, на момче и
мирен душа ќе одам оттука. Чини ли? Што велиш ти? Кој ерген бендисуваш од вашите,
а? - И пак почна да го гали по косите и образите.
Катето поцрвене кога му намниса за мажење, ама нели е женско и веќе во
седумнаесет години, тоа знае дека така треба да биде. Уште и се позарадува дека бегот
не го остава на тој ѓаурски бег, та одговори: - Јас шо има да реча, бег! Ти ме изгледа, ти ме израни, шо ќе речиш ти, тоа нека
биде. Јас твојот лаф не го газа, нели знајш.
На Адема му се направи киселиот: - А така де, така те сакам! Да не кршиш, зарем, мојот лаф. Јас тебе ќе правам еден
добро како ти што служи мене четири години. Ти само гледај во мене... Ајде сега оди
да кажиш на Ана да готвит една кокошка за вечера.
Катето стана, го зеде дизгот, филџанот и гезвето и отиде кај каданата.
Катето на спиење си одеше во кошарата кај мајка си Мита и татка си Стевана и
им кажуваше секоја вечер што станало дента на кулата, а Стеван утрото тоа го
пренесуваше на вигната на другите чифчии.
5
Оваа вечер имаше што да му каже Ката на Стевака, а Стеван уште сабајлето го
пренесе тоа, и веќе утредента по разговорот сите Адемови чифчии знаеја дека Адам ќе
го продаде чифлигот на некој си Јована од Прилеп, сосем нив.
На чифлигот од Адема, покрај Стевана, работеше и Трајко Кулиќов со брата си
Кулета, сина си Толета и другите членови на семејството.
Кога се пренесе оваа вест во нивната кошара, Трајко ја кладе раката на
слепоочницата и длабоко се замисли, па како за себе си промрмори:
„Ех, ех, ние сиромаси, сиромаси! Робови на Турците, тики, ете, робови и на
нашите чорбаџии треба да бидеме. Било речено: робови сме се родиле -робови ќе
умираме, нема шо. Од речениа не се куртулуа".
Седнат на столчето спроти татка си, го слушаше со отворена уста син му Толе,
деветнаесет годишно момче, со сиви очи, бело лице, руса коса а црни веѓи и мустачки
штотуку му беа наудриле под орловиот нос. Буен и здрав, растен во природата, личен
што не може да биде, премногу развиен за своите години, така што од него'бликаше
здравје, сила и убавина. И кога Трајко заврши и длабоко издивна, Толе пламна како
барут од жар: - Какви робови, бре татко? На кого ошче ќе робуаме? Малку ли сме робуале на
Адема, па сега ќе не продава како добици и на нашите да не вјаваат? - стана од столчето
на кое седеше и се исправи пред татка си со запалени образи од бујната крв што му
навре во лицето. - Кроце, синко, полека. Полека зборувај да не му појде в уши на бегот. Таков ви
бил к'сметот: робје сте се родиле -робје ќе умрете како ние и нашите дедовци, - му
одговори тивко татко му со очигледна тага на душата што не може да ја измени
судбината на своето потомство.
Толе зашета горедолу низ кошарчето и почна за себе да си зборува: - Така е! Робје сме се родиле, ама нема робје да умреме... Кој, сака, море, нека
умира роб, ама јас немам ниет роб да бида до век! -па го крена гласот повисоко,
обрнувајќи му се на татко си и стрика си Кулета: - И да знајте сите: јас нема да му стоа
ни на вој пес, Адема, да ме продава како стока, ни на тој ајван, новиот наш бег, да ме
купуа како стока. Мопе, освестете се еднаш, бреј, оти сме луѓе, а не стока да не
продаваат и купуваат виа пезевенци, бре! Леле, мајко ти мила, шо се праве ал со вакви
заспани луѓе, бре! - Разгневено заврши Толе, сиот осинет од лутина. Хе го јадосуваа
толку продавачите и купувачите, колку заспаноста на луѓето што живееја околу него. - Не викај толку и седни да не си а земиме бељата сите да не исколе Адем, - почна
да го смирува стрико му Куле, -та ти шо не ќе стоиш да те продаваат, тоа друг есап е.
Помисли прво кај ќе одиш, шо ке работиш, шо ќе јадиш. И кај да одиш, секаде тоа ти е.
Ќе робуаш ако сакаш да живеиш.
Така лут, Толе излезе од дома и отиде право во вигната од Стевана небарем
палечник да потклепа, но причината беше сосема друга. Сакаше со своите уши да
слушне од Стевановата уста дали навистина Ката зборувала дома за нивното продавање.
„Вистина било", си повтори во себе кога го слушна Стевана со понос да раскажува
што му кажало Катето сношти.
6
Го потклепа палечникот, и сам проговори некој и друг збор со Стевана и виде
дека Стеван се гордее со своето Кате дека служи кај бегот и оти тој ја има таа „висока
чест" прв да разбира што мисли бегот и што ќе прави.
Таа Стеванова гордост на Толета му беше најголема гадост. Тој го мразеше Адема
со целата своја млада душа уште од своите петшест години, кога мајка му велеше дека
Турците смрдат, дека тие се лоши луѓе, „пци што не лачкаат нас христијаните, што не
тепаат секој ден и што ни го земаат житото, млекото, в'пата што ги печалиме ние". А
кога на Адемовата колиба во Валот, каде Толе со стрика му Кулета ги пасеше
Адемовите овци, дојде арамијата Чанак капидан со своите другари - шест души одбор
момчиња - и зеде два брава за да го подмами Адема да го фати и уцени, Толе во своите
десет дванаесет години се зачуди од храброста на овие луѓе што не се плашат од
Турците, и виде дека некој и со нив можел да се бори и да ги тепа. Тогаш арамбашата
Чанак го погали неколку пати по бушавата коса и му рече јасно и гласно: - Ајде, Толе, расти побргу, да пораснеш и да дојдеш со мене арамија, да го
проплескаме заедно Адема ваш. Гледаш како живееме ние слободно? Не се плашиме ни
од Адема, ни од најлошиот Турчин, само да ни излезе пред пушка.
Толе уште тогаш со алчност ги погледа арамиите и нивните јатагани, кубури и
пушки со кои овие се бранеа од Турците и со кои и колеа по некого што им паѓаше в
раце да им одмаздат за многуте зулуми што им правеа на христијаните и сиромасите,
како Адембег на неговите родители и нему. И оттогаш не преставаше да ја подгрева
омразата кон Турците и мислата да се ослободи од нивните синџири.
И, ете, сега ги замрази не само Турците, туку и сите тие што се оближуваа околу
нив, а најмногу Стевана и неговата ќерка Ката, што се потурчила. Катиното живеење на
кулата Толе не можеше да си го објасни инаку освен дека се потурчила. А штом се
потурчила сигурно и таа смрди како Адем и другите Турци. И затоа сега Толе го
мразеше и Стевана, и Катето не помалку од Адема.
Избегнуваше да влегува во вигната и да се доближува до Стевана. А кога мораше,
просто си ја затињаше устата со раката и ја вртеше главата настрана, па и така
чувствуваше непријатна миризма. Се разбира, таа миризма идеше од потната кошула
на Стевана, но Толе се гнасеше од него придавајќи му повеќе „турчовина".
Ката, пак ниту сакаше да ја сретне, ниту можеше да ја трпи блиску до себе. На
Велигден ја поврати причесната уште в црква оти таа му се издиши кога се заврте назад.
Ката беше стоела зад него, та тој, откако си ја избриша муцката со поповата шамија, се
заврте назад и се најде со лицето над нејзиното црно главче. Топлиот воздух од
Катините гради и чувството дека таа живее кај бегот му го разбуричка и умот и стомакот
и тој уште сред црква поврати.
„Море смрдење, мајката бреј! Бетер од Турчишчата!" - си помисли Толе кога си
ги бришеше солзите од очите, кои беа му навреле при повраќањето.
Така Толе си создаде одвратност кон се она што беше турско или што се
оближуваше околу нив. Најодвратна му беше Ката од Стевана ковачот и целото нејзино
семејство. Одеше, работеше, живееше, но се без ќеиф, со тага, со болка на душата, со
безгранична омраза и некаква потајна надеж дека ќе дојде време да излезе од оваа тешка
своја положба.
7
Катето, пак, сосема други мисли имаше. Нејзе Адемага не и беше мил, но не и
беше ни одвратен како на Толета. Таа се користеше од неговата благонаклоност,
живееше кај него, јадеше, пиеше издебело - што се вели, а сосем малку работеше. Но не
беше помината сосем на негова страна, не сакаше „да засмрди на турчовина".
Единствено од кое се плашеше беше тоа, да не побара Адем да ја потурчи. Но сега, кога
тој и рече дека ќе гледа да ја омажи, да ја теслими на „некого од вашите" наполно се
смири од тој страв и почна да си ги реди во умот сите ергенчиња од селото. И не
случајно се најдена Велигден во црквата зад Толета. Таа беше го избрала него.
И колку среќна се осети кога се виде лице во лице со него! Колку пријатно се
почувствува кога сркна по него причесна од истото лажиче! Тоа може да го почувствува
само суштество од седумнаесет години кое тукушто се разбудува од детскиот сон.
„Ако ме праша пак бегот на кого да ме ; теслими, ич не му се мисла. Страм - не
страм ќе му реча: на него на Толета Кулиќево" си је во себе кога се бришеше и таа со
она ново шамивче и гледаше да ги допре напрчени устенца баш на она место тој ги
допре малку пред неа неговите. Не малку се сневесели, дури и натажи, кога го виде
Толета да повраќа.
„Боже, што му се стори? Дали не се изгнаси од здивот мој" - инстиктивно ги осети
неговите мисли и си излезе низ малата црквена вратничка, та застана да го дочека да
излезе и тој. Пред вратата му се опули потскришум, но Толе ја заврте главата на другата
страна и Ката си отиде невесела.
Велигденот помина и таа забележи дека сите три дни Толе ја избегнуваше. Не
само што не ја задена како другите девојчиња, ами просто не ја ни погледна. А на
нејзините погледи, тој ги свесуваше веѓите и ја вртеше главата на друга страна.
„Може некоа друга си сака човекот?" си мислеше Ката, а надешта и беше во
Адемага.
„Ако рече бегот, што ќе праве тој мрсолко?" - со право се тешеше таа и го чекаше
денот кога пак ќе ја праша Адем.
И не помина долго време. Адем имаше обичај почесто да си се напива и тогаш си
правеше разговор со Катето. А што ќе намислеше Адем пијан, гледаше трезен да го
направи. Така и мислата да го удоми Катето назреваше и требаше да се исполни. Затоа
по некоја недела од Велигден Катето го слушаше Адема: - Е, кажи Катенце, кажи пиленце, кој ергенче бендиса по орото на Велигден?
Таа пак поцрвене, но веднаш одговори: - Мопе, кое, бег. Јас тоа што го бендиса, дали оно мене ќе ме бендиса? Не е
работата само јас да го бендисам, ами сака обата да се бендисаме. Ќе ме земе ли тоа јас
што го бендисуам? - И Катето со тага, чувствувајќи дека таа работа не зависи само од
неа и од бегот, не креваше поглед. - Кој не ќе земит тебе, бре Кате? Кој тој пезевенк што ќе кршит мене лафот, а?
Кажи, жими вера, довечера ќе обесам тука на крушата пред кулата, - остро рече Адем. - Е, море, да не дојде работата со бесење и со зорт, та така, ај, ме зел, ај не ме зел.
Токо, белки не ќе ти го кршат тебе лафот нашите. Ете, ако ме прашаш мене... (уште
повеќе зацрвене, градите почнаа да и се шират и почесто да ќ се движат). Јас врли око
8
на Кулиќевото дете -Толето, - го изговори името, му се искуба од рацете на Адема и
избега низ врата.
Адем остана малку замајан, но се прибра, се насмевна и плусна со рацете, што
беше знак да влезе прислугата, во овој случај пак Катето.
Тоа влезе како ништо да не било и застана до вратата со „бујрум бег". (Адем го
беше научил како да го ословува кога ќе влезе). - Демек така, а? Толето од Трајка Кулиќев? Убав, машала, убав момче си одбрала.
Нека е аирлија. Ќе правам и тој добро тебе, та после колни Адема ага ако сакаш. Ајде,
иди, правите со Ана еден кафе.
Катето излезе со светнато лице. Зборовите од Адема му ја затресоа целата снага
и веќе се гледаше невеста крај убавото Толе Кулиќево. Не можеше да го дочека гезвето
да зоврие за да му го однесе кафето на Адема. Му ги избакна рацете и му благодари за
големиот подарок кој утринава и го вети.
Адем се разнежи, та дури за прв пат и тој го избакна црното Кате.
2.
Летото помина, седбата се собра. Адем ги наполни амбарите со одлична
крушевичка 'рж; царевките родија не полошо од 'ржите и јачмењето. Напастрми пет
шест чукани брави, една две јалови крави и го прати Трајка Кулиќев со семејството во
Горно Радобил да го бере лозјето. Адем имаше големо лозје и во Радобил.
Се разбира, со татка му Трајка и стрика му Кулета отиде и Толе во Радобил. Тука
се поиздиши од стегите на крушевичкиот господар, но се запозна со тие од Белимана
од Беловодица и неговиот комшија Чучук Сулиман од Царевиќ. За првпат ја слушна
историјата на овој сиромашки изедник и се воодушеви со храброста на Катил Ѓорѓи и
Спиро Црне, кои го отепаа Сулимана во Србиново на чешмата Виорино.
За првпат крена рака на Турчин.
На едно псуење од Муарема, кога Адем го испрати да ја надгледува работата во
лозјето, Толе го грабна за врат и го налегна во трнките од оградата, та му удри две три
клоци во ребрата со не помалку псовки од неговите. Се загнаа татко му и стрико му и
го откинаа Муарема со многу извинувања „да не фаќа кусур на детето", бидејќи е лудо
и аџамија, не знае што прави.
Толе ја зарежа работата во лозјето и цела недела скита одваму -дотаму по
Радобилските ридишта и трла, но се врати со неговите пак во Крушевица наострен како
арнаутски јатаган.
Адемага ги наполни и бочвите со вино; каците со маст веќе беа полни од летоска;
донесе од Прилеп и еден товар шеќер; го свари и комињето од белото вино и така се
приготви да ја чека зимата и ужива во кулата крај неговите три ануми и црното Кате.
Хо даде збор Катето да го удоми дури не го продал чифлигот. А Јован Пантовски
не се врати веќе. Изгледа го одложија купувањето со браќа му за идната пролет.
Една зимна вечер, кога снегот ги беше покрил кошарите каде што ги затвораше
своите двоноги животни -чифчиите, Адем го наметна својот курк, го зеде бастунот и
отиде кај Кулиќевци.
9
Браќата Трајко и Куле штотуку се беа прибрале од авурите каде ги наполнија
јаслите слама за воловите и сакаа да се разгреат и повечераат, кога некој тропна на
малата вратничка. Песот бувна и се исправи на задни нозе, но почна да ја врти опашката.
Го позна гласот од Адема, кој многу полагаше на лоши пци (како секој Турчин) и
многупати кога идеше да проверува дали се станати чифчиите за да ги брка на работа,
носеше леб и коски од вечера ручек, та им фрлаше на сите пци. Затоа тие сите го
познаваа.
„Кој ли ќе биде сега?"- се запраша Трајко и стана да отвори, карајќи го песот. - Кој тропа? - викна тој однатре и зачека одговор. - Отвори, бре ќерата, - се слушна остриот глас на Адема. - Јас сум бегот, кој ќе
тропат друг!
Трајко се затресе и се опули кон огништето и тивко им рече на домашните: - Бегот, деца, бегот тропа. Суредете а тавата! - а кон Адема: - Сега, бег, сега, да се поспастрат децата.
Кулевица беше насекла сланина, што беа и ја донесле комшивките, да ја запржи
за вечера и беше ја симнала тавата од гредата. За нивна среќа Адем дојде рано во
муграта, та тавата не беше кладена на оган и куќата „не смрдеше на домус". Ако беше
ги затекол да печат сланина, никоја матна не ги носеше. Турците не трпеа чифчиите во
нивно присуство да готват или јадат свинско, затоа и не им позволуваа да хранат свињи.
Бегот постоја малку на вратата. Кулевица ја скри тавата и Трајко отвори. Бегот се
вудвои, се наведе и одвај влезе на ниското вратниче. Го фати чадот од огнот, очите му
просолзија и се закашла, но се направи сега љубезен. Иде по нарочна работа. - Добра вечер, бре синко, што правите, што чините? - ги поздрави Адем сите
домашни кои стоеја на нозе и се тресеа. - Дал ти бог добро, бег, - одговорија во еден глас Куле и Трајко и Куле му го
подаде столчето. - Повели, бег, повели, седни, добре дошол. Каде вака се измачи ти вечерва да не
видиш?
Му направи здравоживо и Трајко, а бегот седна и се загреа на пламенот. - Ете, дојдов да видам што правит мојот раја, мојот работници. Како сте вие, што
правите, растат ли деците? - праша Адем и извади од џебот на ќуркот една рака правени
шеќери та ги викна децата да ги залажува. - Земете, бре, шејтани, земете. На... Ела бре и ти едепц'з да го давам и тебе некој
шеќер да се облажиш или да залажиш некој чупа, - му се обрна Адем и на Толета, кој
застана крај ноќвите во ќошот и претчувствуваше голема бура. - Мопе тој не е дете, бег шо ќе го залажуваш, - се јави мајка му место него и го
зеде шеќерот од бегот, знаејќи дека Толе нема да посегне со своја рака да го земе. - Ете, ние сакаме да го жениме веќе, а ти сакаш да го залажуваш како дете, - се
насмеа таа и му ги даде шеќерчињата на другите деца.
10
- А, така де, така. Ќе жениме Толето, ами как! Ете еден невеста повеќе во нашиот
чифлиг - му се направи ќефот на Адема оти Трајковица сама го донесе разговорот за кој
самиот тој дојде. - Е, како, како! Имате брашно, леб, сол, пипер? -праша Адем. - Дал господ, бег, дал господ. При твоата живот белки не умираме за леб
одговори Куле и зачека да се слушне зошто е дојден бегот вечерва. - Е, има ли брашно за свадба, што велит Трајковица? Ами ракија? Вино? Пари?
Свадба не се правит така лесно, та веќе чупи дал господ, ќе најдеме. Ем, жими вера, ќе
оставите мене, јас да изберам еден чупа за Толета. Ќе земеме, зерем најбашта од селото.
Што велиш, ти бре ќопек? Ќе бакниш рака на бегот, а? - Мопе, ќешки нека дојде до бакнување рака, бег, та истеристемес ќе бакне. Ред
го носи. Токо, кој ќе ни даде нам чупа. Не гледаш? Сиромаси сме, кај ќе најдеме пари,
та за брашно, вино, ракиа, ти нека си жив. Ќе заборчуаме, ќе работиме -ќе се плаќаме
ако сме живи. Ете го те. Нека слуша. Доведи му ти невеста, нека работат обата како ние
шо му работиме на бабајка ти и тебе и ќе се одборчат - рече Трајковица сета среќна дека
бегот се заинтересувал нејзиното Толе да го удоми. - Што велиш ти, бре калпазан?... А! молчиш, а? Сакаш најубавиот чупа, ама дали
ќе дават татко и мајка, а? Не бери гајле. Тука Адемага. Кој ќе крши мене лафот.
Толе врие од возбуда, но уште си ја нема слушнато пресудата. Осеќава дека тој
ќе биде вечерва на ударот од тупаницата на Адема, но не знае зошто. Да е за она што го
изгази Муарема во Радобил, одамна беше тоа. Затоа зачека, а Адем продолжи: - Е, жими вера, јас дојдов да видам вас, ама нели намнисавте за овој работа, еве
да кажам пред сите оти ќе правам тој себап. Самиот јас ќе го одам сводник, ама сакам
чевли од зетот. Ќе купиш ли, бре ешек? Ем, не туку чевли да бидат на бројот беговски
сакам, - и пак се насмеа, обрнувајќи му се на Толета при последните зборови. - Ќе даде госпот, бег, ќе даде. И чели, и пиење и јадеше. Само ти направи работа,
та се ќе даде господ - одговори наместо Толе мајка му. - Е, така! Јас наумив да правам еден себап на вашиот куќа и ќе правам. За пари да
не жалате. Леб, вино, ракија -ја амбарите, ја бочвите. Од мене пијалокот и лебот, само
парите ќе враќате кога ќе можите. Ама ќе слушате мене сите. - Шо е тоа лаф не слушање, бег! -со најголема понизност одговори Трајко и зачека
што ќе рече понатаму бегот. - Е, така. Ќе земиме чупето од Стевана ковачот... Катето, бре ешек, Катето што
служит мене! Гледаш каков чес го прамав јас на вашиот куќа? Јас ќе кандисам и
Стевана, и него, и мајка му. Што велите вие, а? -запраша Адем доволен дека работата
благополучно ја сврши. - Е, е, е! господ здравје да ти даде, бег, и срце што ти сака, ако го направиш тоа
добро! -и се испушти на Трајковица од грлото и само што не го прегрна „добротворот"
Адема да го избакне.
За неа и за сите чифчии беше голема чест да влезе во нивна куќа бегова
посестрима. Та таа куќа веќе нема да види сиромаштија! Прво: снаата ќе донесе безброј
бакшиши што и накупувал бегот дури била кај него; ќе ги донесе парите што и ги давал
11
при секое пијанство кога го служила и кога ја погалувал; ќе донесе руба направена од
него, а уште повеќе: бегот си останува и понатаму нејзин побратим. Може ќе ја задржи
пак на кулата и ќе си ја дарува уште повеќе отколку порано. Но иако не ја задржи, тој
ќе си ја прави „честа" и ќе ја укрилува и неа, и сите домашни. Од тоа поарно каде?
На сите им светнаа лицата; сите истурија по еден кош благослови на Адемова
адреса; тој пак почна да ги реди децата со шеќери, а за старите извади од другиот џеб
на ќуркот едно оканиче ракија и и го подаде на Трајковица: - На, земи, свекрво, овој шишето и тури по еден ракија за аирлија!
Се напија и го благословија саатот во којшто му текнало на Адема да го намисли
овој себап на нивната куќа.
Толета ниту го поканија со ракија, ниту го прашаа за решението, освен Адем, на
шега, што му ги потфрли зборовите: ќопек, ешек, едепц'з и слично.
Стана Адем од столчето и рече: „седете со здравје", та си излезе овојпат низ
големата врата, испратен од Трајка и Кулета до самата негова кула.
Само Толе, откако влезе Адем, па додека да излезе, збор од уста не проговори.
Уште кога татко му рече дека бегот тропа, тој се наежи, но присуството на сите
домашни, особено на мајка му, го закова во ќошот до ноќвите и само стоеше и слушаше
што ќе сака сега овој „пес" во невреме кај нив. И, само да беше почнал Адем со турското
„анасениаврадини" и со камшикот по очи, по глава како што имаше обичај секој
Турчин, Толе беше готов да му се фрли и да му ги исчепка очите.
Кога стана разговорот за женење, Толета го пријаде јасникот и почна да ги реди
во умот сите девојчиња од селото и да нагаѓа која ли сака да му ја наметне бегот за да
може после, како своја робинка, да ја приберена кулата. На Катето од Стевана Толе не
се задржа, бидејќи тоа веќе беше во бегови раце, та немаше нужда бегот да бара начини
да го втерува во неговата мрежа.
Но се виде дека бегот сака да си го осигура неговото Кате и предложи да му го
наметне на Толета баш него.
Кога Адем го изрече името на Ката, Толе се заниша од возбуда и се задржа за
ноќвите да не падне. Сакаше да викне, да го грабне тој „пезевенк" за врат и тука на
столчето да му ја извади душата; да им викне барем на мајка си и татко си дека нема тоа
да стане, но толку беше возбуден, така што немаше ни ум во главата ни сила во снагата,
ни воздух во градите ни да мрдне, ни да проговори. Само се тресеше како прат; забите
ги стискаше, но вилиците му се тресеа. Сите жили и дамари по снагата му играеја. Во
ваква положба остана се додека Адем не излезе.
Но штом ја напушти Адем кошарата, Толе си дојде на себе и и се фрли на мајка
си крај огништето: - Шо сака од мене тој пес, мори стара вапирко, а? Шо рече тој, а шо му одговори
ти, орман да ватите, да не се вратате вие стари ердули со татка, турцки кодоши? Кажуј,
оти сега душата со нокти ќе ти а извада! -и се овргали и ја фати за врат, тресејќи ја колку
што може и не може.
Таа почна да плаче на глас. Се распиштеа и децата, а стрина му Кулевица и
притрча во помош:
12
- Чуј, слепелнику ослепел, шо ќе направиш, мајка ти ќе си а удавиш! Да е видел
господ син мајка да удави, дали се чуло и видело некаде! - писнаа и двете жени и одвај
се искуба мајка му од неговите раце.
Пискотниците на жените ги слушнаа Трајко и Куле, кои се вратија од
испраќањето и се загнаа да видат што се направи дома во кошарчето. Кога влегоа -
имаше што да видат. Сите стоеја на нозе и плачеа, само Толе викаше и тропаше. со
нозете. - Не може тоа да биде! Јас турцка роспиа и посестрима не зимам па угу таа и јас
да останиме на овој свет. Не прибирам јас жена крај мене шо била со години бегова
роспиа, тоа да го знајте и мајка, и татко, и секој кој сака да знае. За бадиала ви е
муабетот, за бадиала сете благословии. Не се страмите, страм да ве јаде! Место да се
гнасите, бестрамници ниедни,' вие се гордеите. Кој сака нека а зима, за кого' сака. Јас
кабул не а чина ни на вој век ни на тој! -заврши Толе лутито и сакаше да излезе, да
избега од оваа срамна ропска куќа, но вратите веќе беа фатени -големата од татка му,
малата од стрика му. - Каде, бре синдрак, каде ќе кршиш глава? - го дочека татко му на големата врата
како и стрико му на малата. - Седни, седни тамо, смири се! Шо си се разврескал како будала? Кој те праша
тебе, кој ти се плаши? -почна да вика сега татко му и со сила го наседна на столчето
баш на кое седеше Адем.
Самата мисла дека на ова столче седеше Адем, Толета уште повеќе го разлути и
почна да подрипнува од него, небарем на магарешки трње седна. Од клетини почна да
плаче. - Море, мајчето негово јас, кога ќе а зема таа кучка шо го лижеше него четири
години и шо ќе го лиже и после, токо чекај! - Ќути да не се врате да чуе па да не запале овде сете да изгореме, како глувци! -
вели стрико му Куле и почна да го советува да не си го брка касметот што му го навеал
господ, благодарејќи на милоста од бегот. - Видиш, внучко? - му велеше Куле - кај сакаш поарен господар од нашиот. Ќе ти
доведе невеста; ќе ти даде леб, вино, ракиа, та дури и пари за свадбата. Кој е тој будала
од нашите шо ќе се одрече од ваков себап, а? Ене и не, каде одат по триесет години
ергени и не можат да се проженаат, а тебе господ ти навева среќа: ошче на деветнаесетте
да бидиш домаќин. Шо ќе биде силум -нека биде милум. А и чупалето не е некое чурук!
Не гледаш? Како киска е накистено, младо, па не и ни некое грдомасно. Малку
црногалесто е, токо и грозјето е црно, ама е слатко. Така и ти, ќе си се удомиш навреме,
ќе си собериш куќа, покуќнина и ќе си се сториш домаќин еден ден кога ние со татка ти
и мајкати: ќе си одиме кај дедовците и бабите. Така се тиа работи. Ако не а земиш ти,
тој ќе и најде поарно место, токо ние родителите добро ти мислиме, та му дадоме збор - заврши Куле со советувањето. - Краста, стрико, краста господ да ви даде и орлови нокти да се чешате и во гробот
кај шо ќе легнете! Вие дадовте збор да ме закопате мене, да ме поцрните, дури су жив
да ви и к'на коските кај шо ќе легните и да ви го уривам гробот. А, бре, немате ли троа
машчина да покажете некаде, бре, ами угу лежите, слепи да легните и улугави, бре!
Зошчо и носите тиа гаќите, бре, кога давате за се да ве вјаваат виа пци беговите, бре!?
13
Ајде, земјата е нивна; на неа работите, ќе го слушате и ќе му и п'ните амбарите и
каците, ами и за вакви ли работи требало да му лежите! - и пак му бликнаа очите солзи. - Не плачи, сину, не плачи. Гледаш? Бегот тебе сака да ми те удоми. Оти не му а
дава на некој друг, токо тебе. Тебе ми те милуа. Оти ми плачиш? - почна да го теши и
мајка му и да го гали по русата бујна коса, плачејќи заедно со него.
Толе уште повеќе се натажи: - Платно, мајче, платно на очите да ми ти стое и тебе, и на виа двајцата стари
робови. За вас ми е жал, та за мене, кога да е јас ќе п'на некој ендек. А колку за некое
зимање - ич да не се лажите, ич да не се страмите. А за со сила... де бакулум, - искажа
Толе и отиде да си легне без да дочека да се испече сланината и да вечера.
„Нека го, нека! Нека мртка. Ќе си легне на брашното" - мислеа старите таа вечер.
3.
Толе преку зимата немаше што да работи. Воловите, коњите, говедата што ги
гледаа Кулиќевци, ги хранеа и поеја старите Трајко и Куле, а на Толета му дадоа поле
„да ја испасе пашито зимата" за да го наоглават на пролет со Катиното огламниче.
И така стана. Адем пак дојде пред Велигден кај Кулиќевци да го утврди денот на
свадбата, и кога слушна од старите дека детето непара го бендисало девојчето, страшно
се налути, та го прати Муарема да му го дотера Толета на кулата. - Не а зимам, бег, угу таа и јас да останеме во дуњата - проговори отсечно Толе,
што Адема уште повеќе го наостри. - А, така, значит, а?. Ти газиш мојот лаф, пезевенк еден! Ќе видиме ќе земиш или
не! - и го затвори токму на Благовец во една од визбите на кулата, го протепа неколку
пати и им нареди на Трајка и Кулета да се спремаат одма по Велигден за свадба.
Невестата се натокми како невеста и дури тогаш зетот го изведоа од кулата и го
втера Муарем во кералчето на Кулиќевци, каде дојде поп Ристе и го заврте околу
бурилото.
Со арно - со лошо, Ката Стеванова стана Толевица! Толе мртка, кршка, виде дека
Адем не ја вика Ката на кулата, та остана некоја недела и друга со неа.
За работа на чифлигот не мислеше, па ниту го тераа домашните. Земаше во
торбата леб и по цели недели не се враќаше.
Татко и мајка кренаа раце од него. И кога мислеа дека не се враќа веќе, тој
тропнуваше на малата вратничка и ги изненадуваше за да ги напушти пак по некој ден
и друг. Не знаеја каде оди, што работи, што јаде, што пие. Главно се враќаше здрав и
жив. Се помири со некој месец и друг со Ката, но само да го задоволи својот нагон и да
ја протепа за нејзиното минато и пак да ја остави за извесно време.
Ката го трати бегот и не стапна веќе во кулата, а и самиот тој не докондисуваше
толку толку, гледајќи да го прибере некако Толета, од кого почна и да се плаши.'
По година и половина Ката доби машко дете и го крстија Трајко на свекорот, а во
третата година доби и друго, кое го крстија Велјан.
Таа година Толе не си дојде цели три месеци ни да го види новиот син, кој
наполно личеше на него. Беше тргнал веќе по „лоши патишта".
14
Шетајќи по панаѓурите низ Мариовските села, уште во првата година од
женењето, на Спасовден, се запозна во Полчишта со Јована Мачникот и овој го прибра
кај себе за да го научи на неговиот занает.
Јован беше обичен крадач - разбивач на визби, од каде дигаше се што ќе може да
понесе. Алишта, маст, сирење, а особено лари и женски накити од сребро и злато.
Бидејќи турските посестрими имаа бонлук накити, Јован и Толе и влегоа една ноќ
на Велика Рошкова во Полчишта, посестримата на Селимбег од Прилеп, и и го дигнаа
сиот накит, та можеа да проживеат цела година од парите што ги зедоа за него.
Понатака ја разгранија работата и во друг правец...
Една ноќ загинаа од крушевичките ливади три маски и два коња од Ќемалбег и
поштук не им се најде.
Тука - во Полчишта - Толе се зближи со Трајка Брлета и со една - две лири пари
си направи конак за да не паѓа в очи на власта кога ќе се враќа кај Јована.
Трајко си беше пристар и тевеќелен човек и не подозираше никакво сомнение во
Толевото често навраќање. Толе пак, да се оправда и пред Трајка, и пред власта, се фати
свети Јован со убавичката му женичка Митра, која исто насила му беше дадена на
Трајка од нејзините роднини, бидејќи беше останата сирачиште уште од трите години,
та уште на седумнаесетте му ја дадоа на стариот ерген Брлета за пет лири пари и десет
овци да му ја отворат куќичката. Со неа Толе почна да си го реди животецот по својот
ќеф.
Честите посети го зближија со оваа „изгорена женичка" и една вечер, кога Трајко
не беше дома (а Трајко често беше на колибата при стоката) Толе и Митра се најдоа во
една постела! - Море ми, лели пусти свети Јовани беме, Толе, дали не му грешиме на господ
ноќеска, - небарем се покаја Миша кога се осамна утрото и кога се виде дека лежи на
Толевата десна рака. - Нека го, нека, нека си а гледа господ неговата краста, немој нам да не гледа. Ете,
те, и тој си и гласи работите како нему шо му чини, а не како нам. Не гледаш оти и он
тргнал со батакчиите и ене го, не, токо врла надвор пласти снег без да гледа оти
сиромасите мрзнеат - ја тешеше Толе Митра и ја галеше по русата коса.
Толе, бегајќи од црното Кате, фрли мерак во руса бела жена и токму ја најде руса
Митра во Полчишта, та така си создаде пријатен и слободен животец кај неа и скоро си
се пресели во Полчишта.
Кога не беше во Полчишта, беше во Крушевица; кога не беше во Крушевица -
беше во Полчишта. Така барем кажуваа „домашните" од двете негови семејства. А кај
одеше Толе ноќе, и со недели, тоа тој и Мачникот знаеја.
Со овој свој план Толе веќе му се слизна од рацете на Адема, и како што се
колнеше пред татка си и стрика си, дека тој не мисли довек да биде роб, ете го, веќе го
фрли јаремот на ропството и летнаа како сокол во слободен простор. И наместо кривото
рало, српот, косата и вилата, Толе го фати арамискиот занает. Но, одеше, седеше,
лежеше, работеше, мислата му беше во Крушевица каде останаа татко му, мајка му и
двата сина. Најмногу го мачеше мислата дека децата ќе останат вечно да робуваат.
15
„Не, не! Нема да и остава да робуваат. Нека подраснат троа и ќе си и зема со мене, -си велеше во умот.
Некогаш на замин, по „добар лов" и потфрлаше на мајка му по некоја и друга лира
да ја ублажи сиромаштијата и да не го избришат од нивните тевтери, да има лице да се
прицне некогаш кога ќе го подгонат полјаците, заптиите и фариите од Полчишта.
Главниот пак доход го носеше, оставаше (а кога му требаше земаше) кај Митра
во Полчишта кај која наоѓаше се она што, му требаше.
На прво место Митра му се бендиса како жена. Спротивно на испупчените усти и
заби на Ката, Митра имаше усти како кутивче полно со два реда прави, бели бисерни
заби. Спротивно на шишкавата Катина става, дебелите а куси раце и нозе, Митра беше
танка и висока, изведита и права како пушка, со долги раце и нозе. А најважното беше
тоа што Митра не беше турска посестрима, та Толе не се гнасеше од неа. Таа и таква
Митра му се бендиса на Толета.
А за да биде сосема приврзан за неа, Митра ја излеваше сета своја женска нежност
и му го правеше животот пријатен, толку повеќе што и таа не го сакаше својот стар маж
Трајка.
Покрај сето ова Митра му направи сигурно убежиште и влезе во неговите работи
со Мачникот. Таа ја искалаузи Велика Рошкова, од чии накити и оставија добар дел
нејзе, а и парите што ги доби Толе скоро две трети ги остави кај неа. По тој начин Митра
стана составен дел од Толевиот живот.
Омразата кон беговите во Крушевица и другите чифлизи, каде што робуваше
неговото семејство, се разгоре во неговата бунтовничка душа. Тој реши да одмаздува за
сето тоа ропство и си постави задача да тепа бегови, да пљачка нивни имоти и ете го:
најде соработници во Мачникот и Митра. - Демек така, Јоване, а? Јас ќе шеткам одонаде река, ќе терам ваки стока, ти ќе а
преземаш понатака. Ама напред да ни е зборот: Шо ќе даде господ - наполу му велеше
Толе на Мачникот кога го правеа „договорот" за ортаклак. - И кога јас не су тука, може
ќе падна негде и в раце, мојот дел овде, на Митра ќе и го даваш. - Добро, Толе, добро. Ич безгајле биди од таа страна - му одговараше Јован и се
колнеше во арамиската чест дека ќе биде чесен при делењето на пљачката.
И навистина, по тој однос не дојде до никаква поречканица меѓу арамиите Јована
и Толета. Опљачканото меѓу нив се делеше по пат на најтанката справедливост.
Толе направи неколку кражби по левиот брег на Црна сам. Ги чекаше
неколкупати Адема, Ќемала, Селима, Гола Сабја, некој од Демовци, но не му паднаа
наколај да проплеска некого и се задоволи само со нивните коњи и маски. Ги претера и
му ги предаде на Јована, а овој по својот канал, ги наврте долу Сабоцко, Ливадица, та
некои продаде во Воден и Солун и половината пари му ги даде на Толета или Митра,
кога Толе не беше во Полчишта.
Тоа лето, со другите добици, загина и коњот - биникот на Ќемалбег. Ќемал се
налути страшно и почна да го бара арамијата.
Се разбира, Толевото отсуство му падна в очи и тој, како другите оштетени, ја
наврте истрагата на таа страна.
16
Ги стегнаа татка му и стрика му на Толета, но тие ништо не можеа да кажат,
бидејќи ништо и не знаеја. Ги протепа Адем неколкупати и им даде тродупли работи на
чифлигот.
Се послужи и со некогашното негово црно Кате, но и тоа, од едно плачење друго
не знаеше да каже. Му расправи на Адема, дека Толе секое идење и удира по сто оки
ќотек, а кај оди, што работи, ништо нејзе не и кажува ниту пак и остава нешто за децата,
та веќе налет за неа.
На Адем му се нажали за Катето и пишман се стори што му го натрапи со сила на
овој едепц'з, ама сега беше доцна да може да ја исправи таа грешка. Го утеши и го пушти
да си оди дома, да слуша свекор и свекрва и да му жугне, макар по мува, кога ќе си дојде
тој арамија.
Првото лето Толе го помина со неколку кражби и зеде некоја пара за зимовиште.
Се советува со Јована и Митра каде да ја помине зимата, бидејќи разбра оти
Адемовци и Ќемаловци му идат по дирата.
Да остане кај Митра, треба да ја преспие целата зима, во јамата скриен. А Толе
токму тоа ич не го сакаше. Да оди, да лута, да чека, да тепа, да пљачка народни
зулумџии? За тоа тој го напушти своето семејство, а не да седи некаде во темница и во
бездејство. - Ќе барам некоа работа негде зимоска на друга страна; ќе ода во Маданот, ќе
поработа тамо, белки ќе а залича дирата од ниа пци. Им рече на своите ортаци; се прости
за подолго време, со ветување дека во првите дни на пролетта, ќе се јави кај нив. И тргна
право на исток.
4.
Во урвините под Железна Врата и Пуловец се насобрал народ од сите краишта на
Европа.
Султанот и го продаде стариот златен рудник во Рожден на италофранцуската
компанија Алатини и Шарио за сто години и тие го прекрстија местото од Маданот во
Ал-Шари. Тука, во тој Ал-Шари, дојде Толе една есенска вечер и цела ноќ се преврќа и
ги кокори очите под еден бор.
Тој досега не беше видел толку луѓе на едно место, не беше слушнал толку
гласови одеднаш, не беше спал ни една ноќ во таква ѓурунтија и викотница како
ноќеска, та затоа не можеше да предреме ни во зората, ами стана и појде на долчето, та
се изми образ и се поосвежи од мамурлукот.
Во долината се беше мирно пред зората. Само гората пееше некаква монотона
песна која на Толета му личеше на тажна тажба од илјадници ожалостени мајки и сестри
што ги оплакуваат своите несреќни рожби и браќа.
„Види види, најстина гората тажи! Кого ли го оплакуат боровите, елите и буките?
Се праша Толе сам и се загледа во гранките на стогодишниот бор крај долчето.
Есенската слана беше ја оседела неговата „брада" и тој изгледаше како достоинствен
старец кој се приготвува подолго да се одмори.
Во тој момент затропа силно некакво клепало. Толе се заврте натаму од каде
идеше гласот и се зачуди.
17
„Мајката! И во ваа пустелиа имало црква!" - и ако не беше се скарал со господ
заради Миша, сакаше да крене рака, да се прекрсти; разгледа по околината да ја види
црквата, но се излага. Клепалото биеше, не од камбанарија, ами од врвот на еден
искастрен бор.
На првите звуци од клепалото долината оживе. Од сите бараки и земјанки почнаа
да излегуваат луѓе. На Толета му стана јасно дека клепалото не ги вика побожните
христијани да се молат, ами Челебијата ги скорива своите работници да станат што
порано за да му извадат на Ал-Шариовци што повеќе злато од тунелите.
И ене ги двоножните кртици, што ја ријат земјата по цената на своите животи;
излегоа од своите дупки и се назагнаа на долчето да се расонат што побргу, и да влезат
да и ја буричкаат утробата на земјата.
Пред конакот од Челебијата веќе стоеше Ѓузепо, главниот надзирател -
башчаушот, уште со двајца свои помошници и разговараше со гавазите дебрани што го
чуваа овој Ал-Шариовски велики везир. Лицето на Ѓузепо му беше црвено како да
боледува од црвен ветер, носот како мегленска пиперка. Ѓузепе носеше бакенбарди и
долги мустаци и кратко потстрижена коса, а природата беше го нагрдила и со црвена
коса, и целата глава изгледаше како црвена маска на велики поклади. Само сивите очи
и белите заби делеа во бојата.
Беше висок и развиен повеќе од обично, така што другите околу него изгледаа
како деца околу возрастен човек. Беше облечен по европејски: во тесни пантолони, со
високи чизми и кожено кусо палто, препашано со ремен. На плеќите носеше нарамена
раница од телешка кожа, во рацете дебел боров бастун - тукашно производство, дури и
недокастрен, со неколку чатали. Во устата, за разлика од Челебиовиот килибар, држеше
голем чибук од истиот материјал од кој беше и бастунот и ја чуреше запнатата на него
цигара.
Неговите помагачи личеа нешто на него, но по се изгледаа подолни и поскромни.
Но затоа тие беа повеќе товарени на грбовите, а плус Ѓузеповиот товар, секој од нив
држеше в раце по еден балон од десетина литри. Во нив надзорниците ја носеа силата и
куражот што им помагаа да се расправаат преку ден со работниците.
Така спремнати чекаа под конакот да се јави Челебијата, да му се поклонат и да
добијат по една насмевка како секое утро.
Едниот гаваз разговараше со Ѓузепо, а другиот се шеткаше под полно оружје.
Мартинките на двајцата светеа на утрешното сонце кое тукушто се пробиваше преку
гранките на борјето и ја гонеше седата покривка од нивните „коси".
Преку нивните гради мируваа наредените фишеци во коланите, јатаганите висеа
на колковите, а широките флоки и долгите пискули на фесовите се вееја на утринското
ветерче.
На балконот од конакот се појави пристар човек во шарена ноќна облека и
навистина му се насмеа на Гузепа и другарите, по кое испушти едно „Вуона маттина,
буона маттина сигнори".
Залепено до неговите образи, стоеше младо, бело женско лице, со бушава руса
коса, кое заедно со Челебијата и се насмевна на групата слуги.
18
Тоа беше посестримата на Челебијата, Неда, тукашно девојче - од Рожден - кое
овој христијански -италијански бег си го прибра на конакот да му се „најде" како
Адембег во Крушевица Катето, со таа разлика, што ова робинче Челебијата го удостои
и со едно машко детенце, кое Ѓузепе го крсти Христаќи.
На италијански јазик Челебијата поправи разговор со слугите и си влезе со
Нешето да си ја продолжи својата утрина работа, да се погали стариот со младото росно
робинче.
Толе сето ова го глодаше од меѓата над конакот и ништо не му беше чудно. Тој
веќе го знаеше текот на животот и имаше јасна претстава за сите појави и настани.
Од меѓата го виде бегот - Челебија што се вика овде -ги виде гавазите и
надзирателите. Се му се виде слично како на сите беговски кули. Ѓузепе и другарите со
поклонија длабоко на последната Челебијева насмевка, и кога тој се изгуби од балконот,
тие тргнаа надолу до пред крчмата и си нарачаа по една ока црно тиквешко вино, за да
не ги отпразнуваат своите балони.
За неполн саат удри и второто клепало.
Разштрканиот народ се собра на купчиња и Ѓузепо се раздели од другарите, та
тргнаа секој со својата група.
Машките се изгубија во дупките на мелот, жените и децата влегоа во големата
барака. Првите ја вадеа рудата од тунелите, а жените, и децата од дванаесет годишна
возраст со чеканчиња ја чистеа во бараката.
Зовреа чеканите во тунелите, чеканчињата во бараката, а веќе и фабричните
камења затрескаа еден во друг да го сомелат племенитиот метал заради кој во оваа
пустелија беше дошле европските лакомци и ја собрале сиромаштијата од разните
краишта на Македонија.
Населбата се испразни. Остана само Челебијата со Нешка на конакот, гавазите
пред неговата врата, крчмарите пред крчмата и писарите со магационерот во една
одделна камена зграда.
Толе слезе од високата меѓа и отиде право во крчмата. Нарача едно дваесетипет
драмниче тиквешка ракија; виде оти се продава и јадење, та си поруча една солунска
сардела и се напи полока винце. Си купи и една ока круши од некои мелничани што ги
носеа своите производи да си ги продаваат на овие доброволни маченици во Ал-Шари.
Се распраша кој прима на работа во рудникот и доби упатство, та отиде во
камената зграда.
Таму му рекоа да го дочека башчаушот Ѓузепе, кој на ручек ќе се врати од работа.
По описот на ликот Толе разбра дека тој ќе биде оној што го гледаше утринава
пред кулата. Добро ги запомни неговите црти. Толе се врати пред крчмичката да го чека.
Во дванаесет саатот пак удри клепалото и за час зовре долината. Од сите дупки
излегуваа со трчанка луѓе со жолти сурати, небарем златото се залепило по нивните
образи, а во самите дупки почнаа да се слушаат подземни татнежи. Тоа беа експлозиите
од барутот запален при излегувањето. Од една дупка не излегоа тројца минери. Го
пуштиле кусо фитилот на мината и ги преварил експлозивот, та ги затрупа стената. Исто
19
онака како пред триста години што ги затрупа седумдесет и двата рудара од Мрежичко
кога им вадеа злато на тиквешките бегови.
Се назагнаа сите излезени минори кон таа дупка и по дватри часовна работа
изнесоа два опалени трупа и еден смачкан, но уште жив минер.
Толе и сам учествуваше во вадењето и ја прецени својата идна судбина ако остане
да работи овдека.
„Ќе остана и воа да го вида се реши; подоцна се врати пак пред крчмичката, му се
приближи на Ѓузепо, кој сега седеше и пиеше вино. Ѓузепо, поручек не одеше на работа
за да даде податоци за денешната работа. Поправо да пие пред крчмата или да шеретува
со жените во бараката.
Кога му рече дека е дојден за работа, Ѓузепе го изгледа Толета од глава до пети и
ја заврте главата задоволно. - Таман дојде навреме, јунак. Ете, во онаа јама каде што се убија двајцата, ќе има
за растребување, та после ќе можеш внатре -одговори Ѓузепо и му даде број на Толета.
Овдека секој работник имаше број и мораше да го носи закачен на градникот,
како робијашите во Ерзерум или Диар-Бекир, а чаушите евиденцијата ја водеа по број,
а не по лице. За нив овие беа само број. (. И Толе го запна бројот на мариовската курдија
и до вечерта се рашета горедолу низ долината за да го дочека вечер кир Андони, да му
определи обор каде ќе ја помине зимата.
Така арамијата Толе стана рударски работник во златниот рудник на Алатини и
Шарио.
Таман во иќиндија - дебелиот мрак - клепалото пак тропна и долината оживе.
Излегоа машките од дупките и пак внатре загрмеа мините, но овој ред излегоа сите
рудари.
Излегоа и жените од бараката, се измија сите на долчето и се растурија по разните
земјанки и колиби да бараат нешто вечеричка. За некаква варена готвена храна немаше
време, но сепак огновите се запалија, барем по некоја пиперка да се запече, лебецот на
жарот да се затопли, а што е најглавно, да светне троа пламенче колку да не си клаваат
во ушите овие бедници. Машките повеќе од половина останаа пред крчмата и наседнаа
по камењето, држејќи секој по едно ковенце од дваесет и пет драма ракија. Во ракијата
и потта ја арчеа својата снага и пропаѓаа предвреме.
Многумина си порачаа и понешто за јадење од сува храна - конзерви риби, разни
суџуци, пастрма и сиренце и така, со мезето ја сврзаа вечерата да поминат на вино и да
преседат докај полноќ на јасникот. - Отидоа и денеска двајца другари - проговори со натажен глас Ризо Палилулев,
еден од минерите што работеа во соседниот тунел на загинатите. - Бог да и прости, отидоа! - се издиши Петко Орешков и се прекрсти. - Море шо и жалите, другари, зар ние ќе се забавиме! - одговори Ристе Бојков и ја
дигна полоканицата со вино. -Ајде, ајде нека му е за душа.
Тројцата рудари, другари на потиснатите, се напија секој по една полоканичка
винце за душите на покојните другари и се прибраа во својата дупка да ја преспијат
половината есенска ноќ на влажната земја.
20
Крчмарот, како секоја вечер и оваа, направи добар пазар, и да беше крчмата
негова, имаше печалба десет, дваесет па и сто рударски надници. Но и тој беше слуга и
роб на Ал-Шариовци, кои им „направија себап" та им отворија и крчма, и фурна, та дури
и грозје, јаболка, круши, гошерки им носеа во таа пустелија. Хе само јадење и пиење,
ами отворија и бакалница, та дури и магацин со обуш и облекло и разни ситнурии;
огледалца, мониста, прстенчиња, обетчиња и којзнае какви ситни ѕрнѕурки, кои по
Европа се продаваа по десет и педест за пара, а овдека Челебијата си ги определуваше
цените како што сакаше и колку што сакаше.
За да се арчи стоката што побргу и капиталот да се коти како питоми зајаци по
десет, дваесет, педесет и сто за едно, тој „правеше и друг себап" даваше се на вересија.
На крчмарот и другите „трговци" им нареди да ја бележат вересијата на броевите
од работниците. И тие си ја вршеа совесно својата должност за да си ги запазат своите
местенца во дуќаните, ако не сакаат да дупат мини во тунелите. Тие ги предаваа
вересиите на касиерот и тој на крајот на месецот ги внесуваше на сметките од
означените броеви и при плаќањето му даваше на секој број по еден плик со пари и
сметка во него. Кој колку заработуваше и колку чинеше стоката што ја земаше од
дуќаните, никој не знаеше да каже, но едно беше јасно, дека повеќе од половината
пликови беа празни, само со по еден грош пари. Тоа значеше дека работникот е во
пасива кај претпријатието и дека си ја изел својата заработка преку тој месец. Но да не
биде пликот сосема празен тој клаваше во него по еден грош; „колку за отрова" велеа
работниците и веднаш го испиваа и тој грош вино или ракија.
Вечерта го најде Толе чаушот Андона во чија десетина беа потиснатите рудари и
овој го одведе во една земјанка и му ги покажа двете празни места. - Еве тука ќе спиеш, јуначе. Каде сакаш - таму. Сакаш до Риза, сакаш до Петка.
Остави си ја сакмата да си го зафатиш местото, да не се прибере некој друг, оти има
уште многумина што спијат под борјето по ледините. - И излезе Андон да сместува
други новајлии.
Ризо, Петко, Ристе и уште седум осум други работници беа го развалиле огнот и
се грееја, разговарајќи се за денешниот случај во тунелот. - И ватил барутот, сиромаси, не и видоте, Петре и Трајко убаво беа изгорени!
велеше Риза. - Е море, и ватил кога беа будали. Куси, куси, стопанка му, и вител сака Челебиата
да го ќаруајат. Да не поарчеле ногу вител, да и повали. Ете до каде а донесоа работата! - одговори Петко. - Ами со Мицка што стана, бре луѓе? Кај вати? Имаше ли кој да го прибере? Од
каде е тој човек? Има ли негде некоа својшчинка или некој испустиња е? - праша Ристе. - Кој го знае, колку нас што не знаат имаме или немаме. Ете го, тамо го оставиа,
кај чаушите. Прашаа по тебе, по мене. Имал, сирома, женичка, две три дечиња, токо
тешко му сеа на сете. Ете го, и тој ќе сјоди кај Петрета и Трајка. Сет бил содробен. - Е!, Ех!, ние сиромаси, тука ќе и оставиме коските! - се издиши Петко и ги собра
боровите гламни да не чурат. - Јас си реку зимово да извадиме некој камен, да си купа
некое воле на пролет, ама и виа пци како агите не даваат да живеат сиромасите. Работи,
21
работи колку волот за сламата. Крчмата, вурната, магацинот, арачот и - пликото со
грош. Којзнае ка ќе си одиме дома, шо ќе подадиме на децата!
Толе се замеша во разговорот. - Ами не даваат ли Челебиите нешчо на тие што умираат кај нив? - Море какво ти давање, побратиме, зар не знајш. Ошче и борчлиа го вадат секој
умрен, та ѓоамите борчот му го прошчаваат и со тоа децата се тешат. - Е, е! Се гледа оти ти севте идиш на работа овдеа - му одговори Ризо на Толета и
го распраша од каде е, што е, има ли некој да го побара ако го засипе имната.
Нигде нишчо немам, побратиме. Како шо ме ѓледаш така пиши ме - излага Толе.
Утредента клепалото го скорна и Толета со сите други.
Андон го задолжи со едно кандило, ока масло за него, еден чекан и се пазари на
метро. Еден кубен метар тунел -бела меџудија - чист отвор. А денеска ќе чисти за сметка
на едниот изгорен, се разбира бадијала за да си направи пат до својот ѕид каде ќе дупи. - Лебот - вели Андон - не ти го пишува фурнаџијата што ќе му помогнеш на
другарите да го растребите тунелот, а ако втасате побргу, може и да дупнете по некоја
дупка и друга. Барут има кај другарите.
До пладнина Толе расчистува и на ручек го зеде сомунот и една две конзерви, та
поручекта дупнаа со Јована Балев дветри дупки и ги испукаа, колку за адет.
На три четири метра внатре од стената на која заработи Толе со Јована, каменот
престана и се јави мека земја, згодна за работа без барут.
Толе и Јован зедоа копачи и лопати и за четири пет дена навлегоа десетина метра
и повеќе, потпирајќи го сводот со борови дрва.
Андон провери и виде дека многу навлегле, а жицата од мадемот престанала, та
му рефериса на Ѓузепо и овој дојде да се увери.
Тој виде дека овие двајца минери работат копачка, а не минерска работа, а не
вадат ништо, со кое се штетеше компанијата, и им нареди да го напуштат тој тунел или
да се препазарат. - Ако сакате по бел черек метро -работете! - им рече Ѓузепо. - Не може чорбаџи-пламна Толе внатре во тунелот, - ние пазариме по бела
меџидиа и така ќе ни го платиш. Наш бил к'сметот шо излезе меко. Ами ако не засипеше
воа мекото како ниа сиромаси пред седумо сум дена? Кој ќе не платеше нас? - Кој не може, бре ќерата! - му се оврголи Ѓузепо со крвавите очи, - ај надвор, од
кај што си дошол - таму да си одиш! Мадемот твој или мој? - И почна да го турка низ
тунел, помогнуван од Андона. - Не туркај ме, чорбаџи, не туркај ме, да не си а земиме бељата обата, - со тивок
глас му вели Толе. Лели има разбор, ќе се разбереме. Јас пазари вака и вака ќе работа
вој месец, ќе ми платиш на месецот и ако не ти чини ќе си ода. А вака со туркање не
бркаме работа - и го запна грбот во стената. - Каков разбор бре, кумита, каков суд? Јас сум суд, јас разбор овдека, ни пара
повеќе од бел черек, работи колку сакаш, ако сакаш.
22
- Ќе видиме вечер - одговори Толе и остана на своето место да ги изгледа Ѓузепа
и Андона кога излегуваа од тунелот. - Работи ти Јоване, работи. Ќе плати чаушот како
попче! - му вели на Јована и си ја продолжија работата.
Вечерта Толе не го дочека клепалото да го објави пајдосот. Черек или пол саат
излезе порано и отиде право кај конакот од Челебијата. Пред самиот конак го најде
овега како се враќа со Нешка, рака зарака.
Гледајќи ја неа така млада, росна, убава, фатена за рака со еден дркол без заби, со
бела глава, пропаднати очи и погрбавен, се запраша сам во себе: „Зошто му се подало
воа јаребиче на вој стар орел?" и си одговори: „За пари". „Ах дробот да му се попаре на
вакви пезевенки, шо си а врлаат и снагата и душата во ќеневот за пусти пари!" „Тики
дури и куче окучила со него, пците главата да и а глодаат!" - си рече кога го виде по нив
малото Христаќи.
Тргна кон него со омраза, но, којзнае од каде, како кол се испречи меѓу нив
гавазот Акиф и го фати за ќурдија. - Стој, кај одиш ти овдека во невреме? - го задржа и го поттурна назад. - Кај Челебиата сакам, шо ме туркаш! - му се овргали Толе и го турна посилно
отколку тој него.
Аќиф се осети понижен пред господарот и ја сврте мартинката со кундакот в
гради на Толета. - Назад, ќерата еден. Кого туркаш ти, а? - и замавна да му удри еден кундак в
гради ама Толе ја грабна пушката за кундакот и му ја допре цефката сега тој на Аќифа
в гради. - Да не мрднеш оти сега мајката ти а расплака! - му се врекна и го кладе прстот
на ногата од пушката.
Акиф моментално се здрви наместо и позелене, но стравот да не оптегне Толе за
ногата од берданката веднаш му помина, сеќавајќи се дека нема фишек во пушката, и
за час го извади јатаганот и со светкавична брзина го удри Толета со тилјето по раце,
така силно што му падна пушката.
Челебијата се приближи и го искара Аќифа. - Брак, бре, брак Аќифага. Што сакат овој наш работник? - Што има бре јунак, што се караш со гавазот мој? - му се обрна на Толета.
Толе ги позатресе рацете да му се раздвижи крвта по удирањето и проговори: - Сакам со тебе, Челеби да зборувам, а вој пес не дава. За тоа се сќорлиме малку. - Аха! Со мене сакаш да збориш. Може некоја поплака имаш на некого? Кажи
бре, синко? —.го праша Челебијата Толета и му нареди на Аќифа да се поистави, да не
слуша што ќе зборува тој со Толета.
Толе му кажа на Челебијата за случката со Ѓузепа и подвлече дека тој така се
пазари за еден месец и така ќе работи, па од другиот месец ако им чини на обајцата, ќе
остане, ако не, ќе си бара и тој чорбаџија, ќе си бараат и тие работник на неговото место.
„Аха! проѕрна по некој бунтовник меѓу работниците!"- си помисли Челебијата и
го утеши Толета дека ќе му се плати работата според пазарот, само да не се кара со
23
чаушите и гавазите. А во себе си рече: „Овој треба да се чисти, што побргу, од мојот
булук".
Толе си отиде победител и задоволен, и на одење се заврте да го изгледа Аќифа
поубаво да не го погреши одутре кога ќе ја видува сметката со него.
И Аќиф погледна во него, та им се сретнаа очите. И едниот и друтаот ги завртоа
главите заканително.
„Ќе те јада како алва на прочка - си мислеше Толе кога ја вртеше главата на
Аќифа.
„Ќе локнам каурска крв" - си мислеше Аќиф кога му ја вртеше главата на Толета.
Челебијата му стави до знаење на Гузепа да привардува на овој нов минер, а
сметката ќе ја направи касиерот со помошта на крчмарот, фурнаџијата и другите
„трговци".
По примерот од Челебијата, сите чауши, почнувајќи од Ѓузепа до кир Андона беа
си фатиле по една посестримка од младите мариовски невевчиња и чупи и секој секоја
вечер се шеткаше со по една низ боровата гора, играше до неа на орото во неделините
и ја водеше во својот стан сат два пред пајдосот за неколку бели череци месечно, некоја
грибна, обетки, прстенчиња, синџирчиња и за некоја и друга натпишана надница. И
Толе реши да не остане подолен од чаушите, па фрли очи во една русјачка, со која
сакаше да ја замени Миша од Полчишта. Па и таа не му се спротиви.
Убав, млад, рус како неа, јак и снажен како 'рслан, неженет, како си мислеше таа
и како и се кажа Толе; работник -минер. А уште кога се слушна во логорот дека го
турнал Ѓузепа во тунелот и му ја зел мартинката на Аќифа, Толе порасна во очите на
сите работници и работнички, а најмногу во очите на Проќа. Така се викаше русата
мрежичанка, на која Толе и го предложи своето пријателство.
И кога чаушите играа со своите милосници, Толе поведуваше танец со Проќа до
него. Тоа беше повеќе за инает отколку за задоволство и не остана незабележано од овие
управници.
Една неделина Аќиф му го зеде гајдарџијата на Толета, да му свири нему и на
чаушите.
Толе вечерта го најде гајдарџијата Колета, му лупна неколку тупаници по нос и
по рилка и му се закани дека ќе го заколе, како пиле ако и до недела го направи истото. - Шо да му права кога тие повелаат, бре Толе? - беше одговорот на Колета, кој во
себе ја одобри постапката на Толета и ни малку не се спротиви на неговите тупаници. - Шо ќе му правиш, од дрво нозе да си направите! Ако повелаат на работата, ами
и на свирката ли ќе повелаат, крастевци? Сте му го навеле грбот и ќе вјаваат, се знае.
Врати му се, како мене вака, ќе видиш ќе дуе и ќе бега -го искара Толе Колета и го
утеши со својата смелост и сила.
Другата неделина, уште рано, се собра орото пред конакот од Челебијата. Толе го
нарача Колета уште од саботата навечер и овој даде збор дека утре само нему ќе му
свири, па ако сака и самиот Челебија нека слезе да му наредува, нема да го слуша.
Коле ја зовре гајдата, Толе го поведе орото и за час се растегна по целиот чаир.
Се нафаќаа машки, скоро сите што можеа да стојат на нозе, се фати и по некоја жена до
24
роднини и блиски, а Прочка направо до Толета, без да и трепне око оти ќе и се насмееле.
Се фатија некои и од милосниците на чаушите и сејмените, та ја донесе тој натемаго и
црна Стојна Ѓупката, милосницата на Аќифа. И кај ќе се фати - до Проќа Толева.
Аќиф ја виде и за инает на Толета, да поткрене кавга, се фати меѓу двете жени. И
сега Проќа му дојде оддесно, а Стојна одлево.
Кога го виде Толе Аќифа на тенец и уште до неговата Проќа, се запали. Веднаш
застана на место и му викна на Колета. - Запри а гајдата, бре побратиме, да си го видиме есапот со вој пес! - И сам го
извади брчалото. Гајдата запре и ораџиите ги пуштија рацете, та застанаа во
недоумение.
Толе му појде на Аќифа, којшто стоеше меѓу жените, и без да проговори ни збор,
го фати за затилок од широката флока и го извади од танецот. На три четири метра пред
целиот танец го исправи простум, му се овргали како бивол во тиња и му се врекна со
страшен машки глас. - Шо бараш, бре пес, во танецот мој и до моата невеста? Знајш ли оти сега со
нокти душата ќе ти а извада, а? Куче ниедно? -и почна да го тресе така силно та дури
јазикот си го прекаса Аќиф. Го бапна на земја и тргна да го поведе танецот, доволен
што си одмазди за некнежните удари со јатаганот по раце.
Аќиф се истегна на сред чаир пред сиот народ, но брзо се освести, та и во него
зовре арнаутската крв. И уште Толе нефатен на танец, -рипна, го извади оној ист јатаган,
со кој го удри Толета пред некоја и друга недела, по раце, и како стрела се џитна и се
најде зад Толета. Целиот танец списка и се загаа кон Толета за да го одбрани од
сигурната смрт, но Аќиф беше побрз од сите и замавна со јатаганот да го удри по теме.
Во тој момент Толе, гледајќи ги другарите дека трчаат кон него, се заврте да види да не
станал Аќиф да го нападне, но јатаганот се спушти и ја отсече неговата лева веѓа. Крвта
бликна и му го облеа лицето, а Толе збесна. Со еден скок го фати сега за гуша Аќифа,
му го откина јатаганот и, дури да посегне Толе и дури да го спречат другите ораџии и
сеирџии што се загнаа да го откинуваа, Толе замавна и тилот од Аќифовата глава се
оддели од другата половина и Аќиф се испружи на сред чаир.
„Бре што беше, бре како беше, бре што направи јок да се направиш" - го караа
Толета другарите, а другите гавази со Ѓузепа на чело веќе го спетлаа со една ортома, на
која слугинката на Челебијата си ги сушеше алиштата.
Се замеша веднаш Челебијата и не го даде на гавазите да го расипат на место.
Изеде неколку дипшика и бастуна од Ѓузепа кир Андона и другите чауши и гавази, но
главата му ја спаси Челебијата и нареди, та го заклучија во една од визбите на конакот,
а сам го зеде клучот и му нареди на Ѓузепа тој лично да го варди од гавазите.
Ѓузепо не го даде ноќта Толета, макар да се опитаа неколкупати да му го земат
гавазите.
Уште истиот ден Челебијата, којшто и сам беше присутен на сцената, ја изврши
истрагата, распита неколку души очевидци и утврди дека Аќиф ја предизвикал кавгата
и тој прв го дигнал јатаганот на Толета.
25
Но бидејки се пролеа човечка крв, и тоа на мухамеданец, тој го испрати со свои
луѓе, со самиот Ѓузепа, на уќуматот во Витолишта, и го предаде на стариот мудур
Арсланбеј, а овој со своите заптии го спроведе на кајмакамот во Прилеп.
За злочин извршен на правоверен мухамеданец, Толе беше веднаш затворен во
прилепската апсана.
5.
Во Ал-Шари никој не знаеше од каде дојде овој млад човек, од каде е родум, има
ли некого, нема ли. Неговото отсуство ги натажи сите рудари, а најмногу русото
Проќиче. Тоа неколкупати оди кај Челебијата и најпосле доби известие каде отиде Толе.
И еден петок отиде дури во Прилел, доби дозвола и состанок.
Толе се изненади на неговата љубов и приврзаност, но за него таа беше бледа
сенка од бело облаче, која за час исчезнуваше под светлите лачи на јулското сонце. Тој
имаше други планови: да тепа Турци, а жените беа само една нишка од тој негов покров.
На испраќање и рече само толку: -„Оди ми си дома и гледај ми си работичката. За
мене да не мислиш, ни да ме чекаш".
И Проќа си киниса и си заплака. „Зар може толку брзо да ме заборави и да ме
неќе? Зар тој не го закла Аќифа заради мене и сега вака наеднаш ме паде од него? Не,
не! Тој ме сака исто така како јас што го сакам него,но не смее да ми го каже тоа, оти
не знае дали ќе излезе од затворот. А ако излезе сигурно ќе се врате. Ако неќе во
Маданот, ќе си одиме во Мрежичко. Ако го стра и тамо, ќе си навртиме долу
Тиквешиата, Прилепско, Битолско, Солунско". На крајот на светот Проќа беше
согласна да оди со Толета, само да не се оддели од него.
Во затворите секаде има два режима. Еден воведен од власта, другиот од самите
затворници.
Прилепскиот затвор се одликуваше со својата строга дисциплина но и
правичност. Башчаушот на заптиите, Шарен Мустафа, беше страв и трепет за
нарушителите на внатрешниот ред, а „мајка" на послабите и мирните.
Тој не гледаше и не знаеше, но и кога знаеше не сакаше да знае, кој затворник за
какво дело лежи. Нему му беше важно тоа: во затворот да владее ред и мир, та кој што
сторил -ќе си најде од кадијата и ќе си отиде каде што ќе го испрати овој.
Кој е за дома, Мустафа го испраќаше со цигара тутун и вообичаениот турски збор
„ѓене бујрум". А кој беше за Љуб Куле, Ада Кале, Диар Бекир, Ерзерум, Измир и други
казнени заводи, им сочувствуваше и просто ги жалеше дека не ќе можат „ѓене да
бујрумат" кај него додека се таму далеку.
И на Толета му отпцала една молитва за редот и дисциплината и го затвори првите
десет дена во еден тесен долап - ќелија.
Тие дни му даваа само леб и вода, но Толета повеќе го истошти бессоницата, оти
немаше каде да се испружи да преспие.
Веднаш уште истата ноќ почна нешто да му тропа на десниот ѕид. Околу полноќ
и пополноќ му се стори оти некој му подвика со тивок глас и тој га начули ушите како
зајак кога слуша загарски лај. Гласот прашаше од соседната ќелија: - „Има ли некој во
долапот? Ако има дојди во левиот ќош!"
26
Толе разбра надве натри и почна да кашла силно. Соседот исто почна да кашла и
да шепоти за да се приближи во левиот ќош.
Толе отиде во ќошот и го залепи левото уше до самиот ѕид. Погоре, подолу,
подесно, полево, напипа со рака едно дупче како од шајка. Кога го залепи ушето на
дупчето сосема јасно го слушна шепотењето од комшијата.
Мѕ прошепна и тој на дупчето и разбраа двајцата дека се слушаат. Комшијата го
праша Толета само зошто е затворен. И кога Толе му рече дека отепал Турчин, тој се
насмеа и му рече на Толета кога ќе го извадат од ќелијата и кога ќе излева во дворот со
другите затворници, да се накашлува трипати по три едно подруго за да можат да се
запознаат. Но тоа да го продолжи барем некој месец оти не се знае него кога ќе го
извадат од ќелијата. - Се разбравме нели? - беше последниот шепот на Толевиот комшија. - Се разбравме! - одговори Толе и не се кажа веќе преку дупче.
Скоро секој ден долго Толе прислушуваше на дупчето. Слушаше како кај
комшијата вратата се отвораше; како го изведуваа и втеруваа; како викаа на него, го
псуеја, ги слушаше како плуштеа камшиците и како тој сиромав стенкаше и псуеше
мајка, вера, жена, деца и на султан и на валија, и на кадија, кајмакам и на сите Турци.
Но не се јавуваше ни за добро ни за зло. Така му рече комшијата и Толе ќе слуша сега.
По десетина дена го извади Шарен Мустафа Толета и го втера во една поширока
одаја каде имаше уште пет шеснаесет како него.
За првпат по десет дена излезе на пајдос во дворот и виде светлинка. Се накашла
трипати по три, но никој не му се испули.
„Не е пушчен, сирома, ошче" - си рече со умот и душата му се натажи.
„Зошчо ли го јадат виа пци толку? Којзнае колкумина има оплескано, да му се
сурови раце" - си заклучи Толе и продолжи да се накашлува секој пајдос, како што му
рече комшијата.
На секој нов затвореник Толе му гледаше в очи кога кашлаше, но никој не му
одговараше со ништо.
Во одајата каде што го кладе Мустафа, Толе најде луѓе од разни чешити. Некои
лежеа за борч по деведесет дена најмногу, други за ќотек, трети за кражба, четврти за
убиства. Само за политика немаше тука луѓе.
Тој не кажа зошто лежи. Рече само за крв, та каква крв - човечка или биволска,
коњска - ништо понатаму не објасни и остана затворен спрема сите негови другари во
кулушот.
Еден пајдос кога Толе се накашла трипати, му се запули едно детиште во очите и
му намигна со левото око, но Толе не му обрна внимание, бидејќи истото беше толку
младо и толку слабо, та на Толета му беше просто неверојатно и да помисли дека тоа
дете ќе може да издржи такви напори и ќотеци.
На второто и третото накашлување Толе се увери дека тоа дете е неговиот
комшија во ќелијата.
„Како да се става со него, мајката!" - си мислеше Толе и почна да си крои план.
27
„Ќе се степам со некого во моата одаа белки ќе ме преместат" - донесе решение.
И навистина, една сабота, кога некои од затворниците ги повикаа на видување,
тој стана, им ги претури торбите и пљачките и им ги извади сите работи што имаа за
јадење и им ги изеде. Нешто си кладе и во торбата. И кога тие се вратија и си ги побараа
тие работи, некои од останатите им кажаа дека Толе им ги зеде, и овие го нападнаа
Толета. Толе пронатепа еден, пронатепа друг, трет, сите него го нападнаа. Се направи
една узбуна и Шарен Мустафа дотрча да ја поврати дисциплината.
Ја извиде работата и го најде Толета кабаетлија, та го затвори вечерта пак во
бившата негова ќелија.
Толе се понакашла и прошепна нешто на дупчето, но никој не му одговори.
Очигледно истата беше празна.
Утредента Мустафа го извади Толета од ќелијата и откако му удри неколку
камшика по грб, го натера да си га земе пљачките од одајата и да се пресели во друга,
бидејќи и неговите другари го нејќеа тука, да ги краде и им го јаде лебот и друго што
им донесле од дома.
Толе ја изврши наредбата од Мустафа со задоволство и кога влезе во новата одаја
се накашла трипати. Од еден ќош му одговори со кашлак и едно дете и Толе го позна
она истото што му намигна во дворот. Тргна и појде право кај него. Ја остави сакмата и
торбата од неговите и седна на неа скрснозе. - Ти беше во петта ќелија? -го праша детето Толета. - Којзнае коа беше, стопанка и. Бе во една десетина дена и сношчи, та пета ли е
шеста ли е, кој а знае! - одговори Толе. - Дупчето? - вели детето. - Ушето? - одговори Толе и ја стисна подадената слаба жолта рака. - Седни, намести се поарно, навали се вака како мене - го советува детето и му се
пули во очите, - Та го проплеска, рече, а? - Дури пет да речиш - одговори Толе. - Ами кој, голем некој или некоја опашка? - праша детето. Толе се сневесели. Мѕ
беше жал, дури и срам зошто Аќиф не беше некој бег, ага, паша Валија, та му појде
умот дури и до великиот везир и султанот. Како не беа некои од нив тој што го оплеска,
ами ќелавиот Аќиф. И просто му се идеше да летне, да најде некој од големите Турци,
да го заколе и да дојде да му се пофали на ова дете. Ами вака што да му одговори? - Мопе, големите се вардат, токо од пашките еден стругаа - и ја наведе главата. - Ако, ако. И опашките треба да се поткинуваат, поарно ќе ги јадат мувите
големите. Само да не е некој фукара работник, селанец, та опашките сечи, поткинувај
колку што можеш повеќе -го утеши детето Толета и го стисна за рака. - Така. Ти вчера еден, јас утре друг, некој друг брат другиден трет, така се прават
тие работи. Еден ден ќе се дигнат тие на нас, ние на нив, та господ што ќе ни даде. Доста
вјаваа ако е за фајде; да ги симнеме еднаш од грбот, да си починеме и ние, нели сме
душа, стопанка му -заврши детето, а Толе веќе се пренесе со мислите како ќе излезе од
28
апцаната, ќе му појде првин на Валијата во Битола, ќе го поткастри со сите негови
мезличари, со сите гавази и слуги; после ќе ги најде сите бегови од прилепско
битолското поле, ќе си оди во Крушевица, та ќе ги суреди Адемовци, Селимовци,
Ќемаловци и сите други како нив. Мопе ќе кола, ќе кола, ќе кола дури ќе ми сечи ножот
и дури ќе ми мава раката". - А кој ти рече да го оплескаш? Го закла или - со пушка? - праша пак детето. - Мопе ми, кој ми рече, баго. Никој не ми рече. Се скараме на орото и тамо го
закла со неговиот јатаган - и Толе му го исприкажа целиот случај со убиството на
Аќифа. - Слепче, ќе те обесат ако не знаеш да се браниш. Ти сега на судот ќе кажеш дека
тој те нападна прв со јатаганот и ти за да се одбраниш мораше, во стравот од смртта и
во лутината, да го удриш. - Зати така и беше - вели Толе. - Ќе сведочат ли гајдарџијата и другите? - Ами, којзнае! Дали ќе и викнат, та ако и викнат веруам оти ќе кажат како шо
беше. - А ти зошто си овде? го праша Толе детето. - Ами и јас како тебе. Ти со нож ги колиш и тепаш Турците, јас со збор.
Кандисувам луѓе да се дигаат против беговите и агите, да ги тепаат, да ги пљачкаат, да
ставаат на оружје за да можеме еден ден да се ослободиме од нив. Што велиш ти, арна
работа ќе биде да ги налегниме овие пци беговите и да им ја разделиме земјата на
чифчиите, а? Уште да ги нападиме и спаиите, авалеџиите, беглиџиите и сите други
дерикожи, сигурно нема да не колне народот! - Ајде бакалум, де! Ама, којзнае дали ќе дојде таков ден! - Иде, побратиме, иде и ќе дојде сигурно, но треба троа и запињане, не само така,
скрсти ги рацете и чекај од бога топли сомуки. Како ти беше името? Заборавив да те
прашам. - Толе ме викаа дома, та којзнае. Ми се чини Стоан су крстен - одговори Толе. - Ами тебе ка те викаат? - Ѓорѓи. Овдека, од овие блиските села сум од Ореовец, ако си го чул - одговори
Горѓи Ацев, кој за првпат беше попаднал во затворот, бидејќи ги бунел селаните да не
ги оставаат прилепските чорбаџии и бегови да си ги оберат лозјата, додека не платат на
селото по десет гроша на дулум.
Таму, во лозјата се собраа дечишта, па и по некој возрастен и Ѓорѓи им држа реч,
да се дигне народот против беговите и чорбаџиите, да коле и тепа народни изедници и
на крајот да се дигне и на востание како Коприштица, Пештера, Батак и други места во
Бугарија и Србија што направија и, ете ги сега слободни, та „и ние да се ослободиме".
Со едно ура, да живее Македонија, тие Ореовчани-ги нападија сите чорбаџии и
бегови од лозјата и го обраа грозјето, та затоа Горѓи уште утредента го затворија во
Прилеп. Цели три месеци го држаа во ќелија каде го најде Толе и се договори преку
дупчето, кое беше нарочно провртено од стари затворници.
29
Толе го ислуша Ѓорѓија и многу мило му дојде кога слушна дека не е сам во
својата омраза спрема беговите и агите. Овде Горѓи го насрчи Толета да го продолжи
својот арамилак и му вети, ако има некогаш некоја мака нека го побара него, ако излезе
одовде, и тој ќе му помогне со што ќе може.
Освен известието на Челебијата никој друг не се јави со тужба против Толета,
бидејќи и Аќиф како и Толе не беше кажал ни од каде е, ни што има, та никој не дојде
да го побара.
Но судот, по три месеци откако го дотераа Толета, одреди ден за судење и ги
повика, означените свидители во Челебиевиот извештај.
Дојде по покана и самиот Челебија, Ѓузепо, кир Андонис како и Толевите
другари, та дури и Проќа.
Судот ги ислуша сите внимателно и како што стана случката така и пресуди.
Толе го отепал Аќифа во одбрана на својот живот и затоа беше ослободен од
секаква осуда и пуштен на слобода.
Во Прилеп, на анот кај Саботка, им даде вечера на сите негови другари, а на Проќа
и накупи секакви подаррци, и ја испрати да си оди со селаните, откако и вети дека по
некоја и друга недела ќе си дојде и тој на работата.
„Их, кога ќе помине таа недела!" - со длабока воздишка се раздели Проќа од
Толета, во кого беше силно вљубена.
Во Ал-Шари Толевото ослободување предизвика големо задоволство кај
работниците, а голема срџба кај гавазите и чаушите. Самиот Челебија се зачуди кога
судот го ослободи Толета, но тој не можеше да си го претстави случајот инаку, бидејќи
и самиот посведочи во Толева полза.
„Та и во турските судии има нешто правина" - си мислеше тој. Освен тоа
отепаниот Аќиф беше Арнаутин, а Арнаутите по тоа време, по битката на Шкодранецот
со Садриазамот во прилепското поле, беа напреку гледани од Турците, та и таа беше
една од олеснителните околности за Толета.
Толе поседе во Прилеп четири пет дена. Му занесе на Горѓија четири пет тави
дебело бравско месо, но не го пуштија да се види со него. Башчаушот Шарен Мустафа
му го даваше јадењето на секого та и на Горѓија, и му кажуваше дека оној мариовец,
што излезе му го носи.
До неделата Толе си спреми понешто за дома и си тргна кон Мариово.
Од омраза кон Адема и другите чифлигари, во Крушевица влезе доцна вечерта. - Кај си бре, синко, жив ли си, здрав ли си? Кај вати шо те нема цела зима? -го
пречека мајка му сред кошарчето и го прегрна како секоја мајка што не го видела сина
си четири пет месеци. - Не прашај. Лели куртулиса сега, белки имам ошче некој крвав ден - и одговори
Толе.
Се насобраа и другите домашни и Толе им исприкажа се. - Кој знае, лебами, коа непара пушчаат агите за таков кабает! Да не а стругаа некак
па шо си дојде вака доцна, а?
30
- Не џанум. Ако има некого да лажа, ќе лажа јабанџии, не вас, моите родители.
Ич за тоа гајле не берите.
Толе зборува и се некако очите од Ката не ги одделува.
Таа си седи под огниште и си го држи помалото детенце, додека постарото веќе
заспало на плочата крај огништето.
Толе ги гледа и си мисли: „Еј мои максамчиња, ќе робувате и вие како виа
дедовците ваши овде и ќе слушате приказни за татко ви, ако останете по него. Не, не.
Нема да ве остава да ве вјава Адем, Суло, Сали и другите пезевенци. Вие само растете,
та ќе му се обидиме и на ниј како на Аќифа".
Ги залага децата од стрика му и помалите братчиња и сестричиња со по некое и
друго симитче, шеќерче, си повечераа и се наредија во кошарчето како секоја вечер,
само оваа вечер Ката си посла во ќералчето и Толе пак проведе една брачна ноќ со неа
насамо. Ја истевтиши и и се закани да не оди кај Адема, да не гледа во туѓи мажи, да си
ги гледа дечињата оти ќе ја заколе и неа како Аќифа во Маданот.
Со тоа помина ноќта и дури мајка му стана рано да му сукни некоја кора на милото
чедо, Ката излезе од ќералчето и им соопшти дека Толе пред зори излезе и дека и рече
да не кажуваме оти си дошол. - Аха - си рекоа старите Кулиќовци. - Ете колку го ослободил судот. Мопе, тој е
избеган, токо арно оти не доседе да го вати денот да го виде некој, та да не јадат виа
пци нас!
И тие им се заканија на децата да не лавнат негде оти си дојде бацко им, оти живи
ќе ги испечат Турците на огнот.
Така за Толевото идење никој ништо не разбра.
Пустата му мајка - црно проноси за жив син, а тој ете, „одникаде не се јавува".
Оттука Толе си прејде преку река и, како сношти, во темниот мрак влезе во
Полчишта.
Кога стапна на Митриниот праг и им рече на домаќините „добро вечер", на Митра
и светна куќата. - Море ми кај си, свети Јоване, шо те нема волку време? -го праша руса Миша и
веќе му подава столче и му ја зема торбата од рамото, во која Толе ги донесе и за неа
подароците како за Проќа во Ал-Шари.
Толе во Прилеп накупува се чифт подароци оти требаше и кај Митра да се
отстрами. - Море ми кај су, светијованее, еве ме кај су лели на пуста работа отиду, стопанка
му. - Е, е, лели те донесе господ, сполај му, пак да се видиме - вели Трајко и ги гледаат
со Митра подароците.
Толе сака и Митра како турските посестрими да е наружана на Велигден, та не
заборави да купи скопец, скопци, синџири и други дрангулии. - Их шо е скопец, пустелникот, шо се скопци, шо е синџир! - се гизди Миша со
нив и ги тропка по појасот, а враголесто му чкрипа на Толета со левото око.
31
- Мопе зошчо си се арчил толку, свети Јоване, шо токо а ружаш „бабата" неоти на
танецот ќе се вати? -забележува Брле и му благодари за направениот трошок. - Море шо арч, светијоване, неоти којзнае колку пари даду, токо, арни лоши, да
ми прошчавате. Оти пак да не играе Миша? Една свети Јованка Толе има, нема триста,
нека се израдува и она со нешчо од мене - одговара Толе и просто ја голта Митра со
очите.
Митра наготви вечера што можеше поубава, послатка. Испржи сланина, накрши
јајца во тукот и по некоја колбаса, а Трајко пушти вино. Толе во Маданот се научи да
си потпивнува убавко, та и вечерва шмркна баеги од грнчето. Трајко не остана поназад,
ама и на Миша и светнаа очките како на мачор в темница.
Кога дојде редот за постилање, Мише извади нова рогузина, нови покрови и нова
перница и му посла на Толета на чардакот над земник. - Времето е, - вели - топло, а покривите се дебели, белки не ќи ти студи.
Ако сестро, ако. Јас и така во кадешот дома непара можа да спиа - одговори Толе
и разбра кај мава руса Миша.
Откако си легна Толе, Митра му го однесе бардето со вода и му даде да разбере,
дека ќе дојде, да ја чека. - Море, му посламе на бацка Толета на чардакот, ама којзнае дали не ќе му студе - му вели Митра на Трајка, кој веќе се беше испружил на сокинатото козинавче на
десниот кат. - Арно велиш, Мишо, ќе му студе. Требаше да му постелиш на женскиот кат, ама
ете а грешиме. Тих! ќе го вате човекот некоа кашлица, ќе го земиме на душа! - се жала
Трајко и мисли како да му услужи на светијованот.
Митра сака да го наведе Трајко на слизгавица и му вели: - Море ми, не правиме лошо едниот од нас да одиме да му го топлиме грбот
ноќеска, токо којзнае да не му дајме пак некоа живина, оти не сме преслечени брго. - Арно ти текна, жено! Ај оди ти и ќе се полавиш со него дури да заспие. Ете
одамна не дошол. Прашај го кај беше зимоска ич шо не се објави. И ќе му го топлиш
грбот. Неоти некој јабанџиа ни е? Итака јас су си учен по колибата сам. Оди, оди.
Срамота е и греота, толку бакшиш ти донесе, та утре да боледува човекот - почна да ја
„кандисува" Трајко Митра, која одвај чекаше ова да го слушне.
Та таа и без тоа ќе појдеше, ама вака со „изим" многу попријатно ќе ја поминат
ноќта со Толета во една постела.
Му го наполни шутото бардаче на Трајка и си отиде кај „бацка "си" Толета на
чардачето.
Си ја помина Толе кај светијованите ноќта како „господ шо рекол", како кај свои
луѓе, а Трајко не ги забележа изутрина модрите венци под Митрините очи, ниту му
текна да и погледа под затилокот на вратот и под гушалчето на гушата за да ги види
белезите од Толевите заби, нити забележа дека Толе дреме крај оган.
Тоа не е негова работа. Светијован и светијованка, според него, можат да спијат
како брат и сестра во една постела.
32
Трајко си отиде на колибата за да се врати по две недели. На кинисување и рече
на Митра убаво да го гледа светијованот Толета, да не се поплаче кога ќе си дојде, оти
„џуап не му дава".
Со тоа Трајково одобрение Толе веќе безгрижно остана да си живее со руса Миша
под еден покривач, та дури и во една постела.
Поседе мирен една две недели, се понајаде, понапи од Трајковата ракиичка и
винце во пријатно расположение со убава млада руса невеста, го дочека по вторпат
Трајка од колибата, пак заедно се нагостија и напија, та дури цела ока канатларски тутун
му даде да си понесе кога тргна пак на колибата.
Трајко ја симна грижата за куќата и Митра од својот грб, гледајќи го Толета како
стопански се грижи за се што е потребно.
Селанките и завидуваа. на Митра, селаните се поприсетија каде е работата, та
излезе по некој збор кај пазарџиите, ама „кој чука туѓа 'рж?" Секој си ја гледа својата
работа и си се реди како што му е згодно. А во Брлевата куќа им беше згодно на сите
тројца, а на Толета и Митра особено.
Со така осигурен животец Толе ја преседе пролетта и секој ден беше во врска со
својот стар ортак Јована Мачникот.
Но за да се живее потребни се пари; . А од каде на Толета и Мачникот пари, ако
не од некоја пљачка?
Затоа Толе и Јован почнаа пак да кројат планови. - Да му влеземе на Чешелка; којзнае дали ќе и најдеме тие пустињи во казанот!
предложи еднаш Мачникот. - Ама велат, дека никој не можел да посегне да земе од ниј,
оти шом ќе посегниш, излегувал арап со калачка и не давал да земиш -му објаснуваше
Јован на Толета за казанот лири што се наоѓал во, земникот на Сталета Чешелков. - Мопе, да го оставиме арапот, побратиме, нека си мируа. Во земникот од Чешелка
не се само тие во казанот. Има и други во ковчезите, ако не ж'ти - бели, сребро, алишча,
токо работата е друга. Ако влезиме тамо, ќе не намирисаат та ќе си го расипиме меќанот
во Пчишча. Ти баре знајш оти в'чицата не зема јагниња од тие булуци шо се крај
дупката, да не и најдат овчарите в'чињата. Затоа јас би рекол да не ѓибаме ние вадева,
ами да си прејдиме пак преку река, та шо ќе намине крај нас да си свршиме работа. - Арно велиш, побратиме. И така на нас овде гледаат како на бела чавка. - Го
потврди Јован Толевиот предлог.
6.
Токму во тоа време, кога нашите ортаци бараа „поле за работа" како нарачан дојде
во Полчишта авалеџијата Мефаил да собира даноци.
Така правеа секогаш. По Гурѓовден - бачило, секоја година излегуваше од Прилеп
авалеџијата да собира арач, беглик; па дури и владичкото во последно време почнаа да
го собираат авалеџиите. Тогаш беше извадена стоката од зимата и стопаните одделуваа
и продаваа од неа да се платат и спасат од бељата. И оваа година така стана. Излезе
Мефаил ефенди уште пред Ѓурѓовден со својот гаваз - суваријата Рифата и со недели
заседна по мариовските села да врши работа.
33
И кога дојде и во Полчишта, сам им намниса на Толета и Мачникот откаде ќе
дојдат до пари.
Насилијата, зулумите што ги правеа авалеџиите при собирањето на давачките, го
раздразнија Толета до немајкаде. Тој беше свидетел кога протуѓерот во придружба на
гавазот му го зеде бакарот на Степана Луов, до последното котле, во кое им вареше на
децата бркаданик; кога на Митрета Пожарков му ги собра искинатите покровчиња со
кои си ги покриваше шесте мали дечиња; на Севдиќевци им ја црпна и последната ока
брашно. А Мефаил не престануваше да им наредува на Рифата и протуѓерот: - Ако ништо друго в куќа нема, пепелта од огништето ќе им ја исцрпите и ќе ми
ја донесите овде. Царот си го барат своето.
И така правеа. Вол, коњ, маска, магаре, овца, коза, што имаше добиток со четири
нозе, та дури и кокошките ги собираа и ги тераа во дворот на Биринџиевци, каде што
Мефаил кондисуваше секоја година и седеше по недела две, насладувајќи се од
убавините на трите ќерки и двете снаи на чорбаџи Стојка Биринџиевски. Затоа тој не се
брзаше со работата. Токму сиромасите му овозможуваа да си поседи кај посестримките,
да им се понагледа и понасладува, правдајќи се, и пред себе и пред своите старешини,
дека се задржал по царска работа. Главно беше да собере што повеќе златници, да ја
наполни царската каса која беше „вреќа без газер".
Тие пак што немаа да платат, ниту пак имаше што да им се продаде „на телал", ги
тераа гавезот и заптиите, што му ги ставаше на расположение витолишкиот мудур, со
авалеџијата од село на село и им удираа. секој ден по дваесет и пет стапови по голо месо
дури можеа да мрдаат, да одат со нив, а откако ќе им ги искршеа ребрата, ги оставаа да
преболат кај некој роднина или пријател, со строга наредба да си одат дома, да работат,
да печалат и, на есен, кога ќе дојде авалеџијата, да платат на царот, ако не сакаат пак да
јадат двојни ќотеци.
Каленци, Крушевичани, Чанивци, Пештанци, Вепрчанци и други „прекуреканци"
останаа испретепани во Дуње да ги ложат бабите со кромид и сол, а дунските сиромаси
што немаа да платат, ги собра Мефаил со него да ги тепа во другите мариовски села и
со нив да ги плаши тамошните сиромаси.
Меѓу другите сиромаси што ги собра Мефаил од Дуње беше и Андон Волканоски,
сирак, без мајка, без татко уште млад - на дваесет и пет шест години но затоа удомен
уште на седумнаесетте, та имаше веќе четири пет ситни деца, како од вреќа истурени.
Тој не можеше ни сув леб да им заработи, а камо ли да затишти некоја пара да се
отплати. Затоа, Мефаил, откако му удри дваесет и пет стапови во Дуње, го собра и него
со другите и го претера преку Црна во Старо Мариово, да ги примени и на него неговите
поправителни мерки.
Бидејќи, Андон беше млад, а беше и здрав, јак, ги издржа сите ќотеци во село
Манастир и Витолиште, та Мефаил го дотера и во самото Полчиште.
Тука Толе присуствуваше на секојдневната сцена; виде како десетина петнаесет
луѓе пиштеа под ударите на сејменовите стапови и никој не смееше да се спротиви.
Врзани, по двајца за раце и за гуши, со по една дебела ортома, овие клетници како
да исчекуваа „да си поминат на редот" секој ден, та дури не се противеа кога гавазите
34
им наредуваа да легнат и да се разголат за да не им ги извалка алиштата црната крв што
прскаше од нивните меса. - Легни бре, ќерата и симни шалварите да не замавам по очи, по глава! - беа
зборовите на гавазот и заптиите кога требаше „да си поминат на редот".
И овие двоножни волови легнуваа со симнати бечви, гледајќи да легнат на рамна
земја, оти ако легнат на некој камен можат и од него да настрадаат - да ги претолчат со
мавањето. - Шо да правиме, бре брату, кога силата му е во рацете? - одговараа сиромаси кога
некој ги прашаше од селаните зошто легнуваат сами. - Ако не легниме, ќе замава Рифат, по очи, по глава, по раце и по ребра, та ќе си
останиме алипни до векот -ја правдаа својата ропска покорност. - Вака, ведиме глава, легнуваме, не и лутиме агите та и тиа послескум маваат,
белки ќе прецалејме некако, да и куртулиме баре главите, та за маките и болките, тиа се
нави.
И легнуваше едниот од врзаните, а другар му ги броеше стаповите и чекаше што
побргу и тој да си помине на редот, за да можат обајцата да лежат еден крај друг и да се
тешат дека вечер бабата Доста, Менка, Митра,. Јова или која било, ќе ги наложи со
коприви и сол за да им спласнат сињилата и да можат утре да издржат повторно додека
да се смилува Мефаил да ги пушти дома. Оти дома ќе полежат два три месеца, тоа го
знаеја сите, но барем главите ќе ги однесат здрави, та иако останат без една нога, една
рака, ќе питаат после по селата и ќе се хранат.
Така поминуваа сите должници на царот и така се тешеа, та и Андон од Дуње
реши да ги издржи овие поправни царски мерки и да се врати во Дуње кај децата барем
со здрава глава.
Но уште првиот ден кога Мефаил ги собра Полчивци на сретсело за да им ги
покаже „лошите" луѓе што не сакаат да платат, Толе го забележа Андона мегу другите
есири и гледајќи го така млад, јак, буен, (а Андон беше и личен скоро како Толета) крвта
зовре во него. Го виде како легна пред гавазот, како ги стискаше забите кога овој маваше
по неговите дебели меса, кои сега беа црни како шалварите, и го дочека да стане и да се
прибере кај светијована си Ордана Гламнов, каде Орданица веќе ги толчеше зелените
коприви со сол. Го наложи и го остави да се витка од болките под тремот.
Вечерта дојде Толе кај Гламнови и го најде Андона, кого и од порано го
познавеше.
Одамна ли те јадат вака, бре побратиме? - го праша Толе Андона со возбуден глас. - Десетина петнаесет дена - одвај изговори Андон истенка, оти дури и од
зборувањето добиваше силни болки. - Ногу ли требе да платиш за да те пушчат? - пак го праша Толе. - Осумдесет и седум гроша. - Јас би ти дал и сто и осумдесет и седум да се откупиш, ама тоа не е спасение од
ниј. На есен, в година пак ќе јадиш ошче повеќе ќотек. Ами нешчо друго да направиме,
ќе ме послушаш ли ти мене? - го праша по третпат и остро го погледна кон повреденото
место. - Се плаќа ли со пари ваа мака и виа болки?
35
- Ех, море али, се плаќа, брат Толе, токо ми и ватил камен нозете. Горе високо
долу даб'ко, шо велаат старите; шо можиме да правиме? Ајде кажувај, има ли негде
спасение? -одговори Андон и длабоко издивна и застенка. - Одмазда, Андоне, одмазда за виа, пци. За пљачката - пљачка, за ќотекот - ќотек,
за крвта - крв. Ете, тоа е спасението од ниј. Дури му го ведиме грбот, ќе не вјаваат и ќе
не т'чат како добици. Јас мисла оти требе да му се вратиме. Колку тиа по нас - толку ние
по ниј. Ако сакаш да не ти се повтори годинашното, ќе требе да се позамислиш над
него. Како шо ти реку. За пљачката - пљачка; за крвта - крв. Ме разбра ли? - А бре, те разбра! И те разбра и не. Ами кај ќе одиме кога ќе не запашкаат после? - Ех, кај ќе одиме! Ене а златната, не чека, -му одговори Толе и покажа со глава
кон Сливина(Планината со густа борова гора), која ги чека сите оние што не сакаат да
го ведат грбот и да ги собуваат шалварите на заповедите од Мефаила и другите
властодршци. - А бре, да су испашитен и јас, како тебе, најпосле и тоа да го направиме, ама ете,
су си а зел бељата на глава пред време навјанаа тие пусти деца. Шо ќе му прават на ниј
ако а намачкам јас? Ајде, речи. давај ум, најпосле и воа не се трга. - Умот ти е тој, брат Андоне. За севте од тебе јас ќе барам едно да ми кажеш: Ногу
ли пари собра Мефаил по селата каде шо помина? - А бре, собра ами не? Седум осум села, ете го, помина; ич малку, по двесте лири
од село зеде, господ виделото да му го земе; тохо шо вајда дека ќе ти кажа, зар да не ни
и подели нам со тебе! -одговори Андон и се потруди да се насмее, стенкајќи повторно
од болките. - Ами шо мислиш ти, шо забележа дури те тераше со него, и праќа ли од секое
село парите в град или со него и носи? - Ба, и праќа! Не веруам. И носи со него, пците главата да му а носат. Затоа, ете,
и мудурот од Витолишча му даде тричетворица заптии да го вардат да не му ги земе
некој. - Толку сака да знам. А ти трпи дури да си киниса, па после ќе видиме; ќе мислиме
нешчо, ако можеме да измислиме.
Кога мислиш да се требе в град? - Кознаје, лебами, баеги време како се вртка одаваде река, та за одење кој ќе ти
каже. - Тогаш од тебе ќе барам една услуга: да ми сториш абер, макар по пиле да знајш,
ама да ми јавиш кога ќе тргне за в град. И не ти треба муабет понатака. Разбра? - Разбра. И ќе го стора сето шо ми го велиш, ако е за вајда. - Вајда не вајда, стори го ти и не сакалдисувај се за плаќање. Гледај шо помалку
ќотек да јадиш. Таксај му оти во Дуње ќе платиш кога ќе се вратите, та белки нема секој
ден да те бијат, Позаварди го грбот и коските, оти ќе ни требат за понатака, ако сака
господ -заврши Толе и стана, го остави Андона да се мисли што ќе бидат овие негови
зборови.
Уште утредента Андон го измени својот одговор пред Мефаила. До вчера викаше
оти нема и не може да плати, а сега го замоли да му даде мувлет дури да си отидат во
36
Дуње, ќе бара чаре ќе смести осумдесет и седум гроша. Но Мефаил не го пушти да си
оди, ами по Бешишта со сите дунски должници прејде пак во Дуње. Андон не најде пари
да плати, што многу го налути Мефаила, та потера за инает само него за Прилеп.
Од Бешишта Андон го извести Толета за Мефаиловото тргање преку река.
Во Дуње Мефаил преноќи само една ноќ. Пак се наготвија мазници, кокошки,
алви кај Велика Спасевска; пак се изнапија сите топла ракија, служена од убава млада
невеста; пак ги протепа бешивци и полчивци и ги пушти да си одат дома и да печалат,
кога ќе дојде на есен да платат, ако не сакаат да ги продаде сосе деца.
Се прости со заптиите во Дуње, бидејќи беше близу до Прилеп, а рано се спреми
денски да се прибере, та не подозрувајќи никаква опасност, тргна само со својот гаваз
и Андона, кого сакаше уште да го протепа патема што го излага во Полчишта оти ќе
плати, кога ќе си отидат во неговото село -Дуње, а од друга страна со него сакаше и да
се оправда пред своите старешини во Прилеп, дека ги употреби сите мерки, а останале
понеколку души фукара од секое село што не платиле, ама барем разбрале оти живеат
во царштината на Султанот, носејќи ги сињилата по телата од стаповите на авалеџијата.
7.
Во еден од жешките јулски денови, кога веќе сонцето беше на средината од својот
пат, седеа во карпите над патот на Скала двајца луѓе под една наддадена стена во
сенката и цврсто ги стискаа берданките, бришејќи си ја потта од набрчканите чела. - Та велиш, ќе помине денеска? - Го запраша едниот својот другар. - Така нарача Андон. Сношчи собрал шо собрал во Дуње и наредил и он да се
спреми со ниј. Ќе го јадат тамо, во Прилеп, краста да и јаде - одговори другаот. - Мопе, срце ќе и јаде тригодишно, лели му застанаме овде, токо оти, човече толку
задоцниа? - Мопе, оти задоцниа. Јадат, пиат, не знајш каква е нивната работа? Па дури да се
простат со посестримките. Хе му се оставаат аловите прегачи и чорапи. - А бре, ние лели и ватиме виа злани, ќе и дочекаме, токо оти да не печат во вој
припек. Не глеаш под сенка колку е горешчина, ами шо прават ниа сиромаси шо се
печат намо по нивјето! - одговори другиот и покажа на белите 'ржи по Каленското и
Дунско поле, каде се гледаа редици полози и ставини снопје, и откаде допираше
оптегната тажна мелодија, песна на вечните робови -аргатите на чивлигот од Малибег.
Зад нив се слушна чврчорење од јаребици, и една претрча пред нив, како да
сакаше да им стори абер.
Очите и на двајцата другари беа впиени далеку во патчето што се одделуваше од
селото на запад. Најпосле, зацрне нешто на крајот на селото. Другарите забележија два
три густи дима, а по некоја и друга секунда слушнаа два три грмежа од пушка. - А, ха! издивнаа обајцата одеднаш. - Тргнаа, побратиме, тргнаа. Ќе и мешаме капите денеска, та да видиме до кај ќе
излезе! -проговори помладиот.
Црната точка се оддели на крајот на селото на две. Едната се врати назад, а
другата тргна по тесното патче право на запад.
37
- Тиа се, Толе, тиа. Ене и не. Навјанале, како слепци, пците крастави. И само еден
пешак по ниј. Може Андона го собраа да го јадат -одговори постариот и веќе почна да
ја стиска берданката во рацете. - Ајде, мори златна? Сега покажи се, та ќе те наковам по
целиот кондак со ж'ти черечиња.
Во ишчекување поминаа дваесет - триесет минути. За тоа време нашите пријатели
уште еднаш ги проверија пушките, фишеците и кубурите. Го утврдија планот кој на
кого ќе стрела и каде ќе се најдат во случај да се загубат во ѓурунтијата.
Патниците дојдоа до каленското кладенче и Јован и Толе можеа веќе да ги
распознаат што луѓе идат. - Двајца вјаваат, еден оди -вели Јован. - Значи... по еден од вјаниците -одговори Толе и му затупта срцето од возбуда. - Така. Ти ќе тргниш на првиот, јас на вториот. - Гледај право, да не ти отиде
фишекот на бош, оти сета работа ќе отиде на бош. Ајде сега, ваќај го ти каменот под
пат, јас ќе остана над пат. Ќе те чекам да тргниш ти на првиот, па јас на вториот. - Добро - рече Толе и како смок се свлечка преку камењето и го пресече патот, та
се намести зад една од многуте карпи на Скала.
Јован го фати одредениот камен над пат и го гледа Толета одозгора.
Од каленскиот кладенец се кренаа нагоре патниците. Напред двајцата јаваници, а
по нив Андон со белата мариовска кошула.
Јаваниците ги допреа коњите и сакаат што побргу да ја поминат Скала и Слива,
та навреме да стигнат при анамчињата во Прилеп. На пешакот изгледа не му се брзаше,
та последниот коњаник често се обѕираше и викаше. Толе и Јован веќе слушнаа под нив
остар глас. - Ајде, бре ќерата, повјасај, што оставаш така како прекршен кучка. Ќе вратам
коњот, жими вера, ќе кршам коските. - И го позастана малку коњот.
Кога коњаникот (а тој беше гавазот Рифат што го придружуваше авалеџијата)
позастана да го вика Андона, овој позабрза да не расипе работа, бидејќи знаеше дека
тука, негде по Скала, треба да биде извршен нападот. - Ида ефенди, ида. Не берете гајле вие за мене, кај ќе крша глава со една куќа деца.
Убеден дека Андон не се враќа назад, го дупна коњот со мамузите, го стигна
првиот и му се придружи на песната, која овој беше ја почнал уште од кладенецот на
наугорништето, гледајќи назад во далечните мариовски планини:
„Даглар, даглар, виран даглар
Јузум ѓулер карбим алар.
Пеште мали сред'м таша
Јаз'ланлар ѓелер баша.*
(* Планини, планини, пусти планини
Лицето ми се смее, срцето ми плаче
Крпата ја спрострев на камен
Но пишаното ќе ти дојде на глава)
38
Во тоа расположение дојде првиот пред цевката на Јована, но овој го пропушта
два три метра и погледна во Толета.
Толе ги впи очите во агата уште кога се појави, и не гледаше во Јована. Чекаше
само да му дојде пред пушка. Срцето му затупа посилно, но рацете цврсто ја стискаа
берданката и никаква тревога или расејаност не доби.
И таман авалеџијата ја заврте главата да му проговори нешто на гавазот, Толе го
зеде на мушката и ја оптегна ногата на пушката. Оваа грмна, зачади пред Толета, а по
неа се слушна од над пат и друга. Истрча Толе веднаш на патот и виде дека пушката
свршила работа. На сред пат лежеше ничкосан авалеџијата, но коњот летна назад да
бега. Толе тргна по него, а Јован веќе ги држеше и двата коња, бидејќи од неговиот
куршум падна смртно погоден Рифат. - Готов ли е твојот, побратиме. -го праша Јован Толета кога пристигна до него и
го фати едниот коњ за узда. - Ич не мрдна. Тиии! Толку алчак луѓе, мајката, бреј. Ама ни офна, ни писна, песот
еден. Ене го не! Рие ничкум како свиња во тиња.
Токо, кај вати Андон? -праша Толе и почна да ги пипа дисагите на коњот од
авалеџијата, па му вели на Јована: - Овде се побратиме, овде. Еве еве, каде тропаат - удри со тупаница по десниот
дисаг. - Треба да има баја. - Ногу, малку, наш к'смет се -одговори Јован. - Токо кај вати Андон, дали не
побегна и тој?
Во тој краток разговор од под пат излезе селанец, сиот во пот утунат. - Мопе, аирлиа работа, побратими! - викна со растреперен глас. - А свршите ли,
бре мажје? -И седна на еден камен крај патот. - Мопе, амин побратиме, токо кај вати ти? Ние си рекоме се исплаши и го вати
долот. Ајде, на, држи го коњот да и преобида јас агите, та да се иставаме побрго, оти
сеа ќе втаса потерата од Дуње. - Има ли ногу заптии во Дуње? - Праша Толе и му ја даде уздата од коњот на
Андона. - Мопе, какви ти заптии. Во Дуње нема никакви заптии. Тиа Витолишките, шо го
доведоа „ефендиата", тројцата; ама и тиа си кинисаа назад, та којзнае дали и чуа
пушките. Ако се навртени долу Црна, лебами, зорт да слушнат.
Толе и Јован се поослободија. Значи, имаат време, ќе се мрднат од местото дури
да се разбере работата.
Толе му се врати на авалеџијата и го клоцна в ребра. - Стани, ефенди, да ти плата беглик за бравите од Султо Јани. -И не наведувајќи
се, со нога го заврте на грб. Под него остана локва крв и Толе виде дека палтото на
убиениот беше продупчено под двете мишки. Се наведе, го распетла на брзина елекот,
па кошулата. На голо, најде ќемер опашан.
39
- И тука има, и тука! -му викна на Јована и овој, откако сврши работа со гавазот,
кај кого најде само две бели меџудии и неколку грошеви, дојде со Андона кај Толета,
водејќи ги коњите. - Така, демек и тука има, а? - И тука, ем дебелите се тука - одговори Толе и го покажа ќемерот на половината
од авалеџијата.
Се наведе и го распаша од неговата половина, та го опаша на својата, бришејќи ја
крвта од палтото на убиениот. - Е сега, да се платиме, Андоне, та да ваќаме секој на своа страна - му вели Јован
на Андона. - Дај Толе, вади, извади од дисагите да му дадиме некоа на Андона да ни го прави
алав заметот.
Толе ги симна дисагите и во нив се најдоа неколку оки „бели пари". Во едниот
дисаг беше ги одвоил авалеџијата череците, двачереци, грошеви, алтилаци и други
ситни пари, а во другиот само белите меџудии. - Шири, Андоне, скутот! - му вели Јован на Андона и се наведе над дисагите.
Зацрпе еден, два три грста бели меџудии, пет, шест грста ситни пари и му ги истури во
скутот на Андона небарем круши горници му ги полни. - Чини ни алав заметот и позачувај понекоа, да ти се најдат за зор заман. Ај ми со
здравје. Како ќе кажуаш, кажуј. Тоа е твоа работа, само нашите имиња не ќе и
споменуаш. Ти одеше назад и кога припукаа пушките летна, та нишчо не виде. Тој ќе
биде твојот одговор. Разбра? - Разбра, и од мене нишчо не излегуа, бидите раат и ајте ми со здравје - рече Андон
и ја симна торбата од рамото, та ги тури парите од скутот во неа. - Здравје да имаш, и ти со здравје! И помни шо ти веле јас во Пчишча! - му
одговори Толе и ги префрли дисагите на коњот. - Ајде, ај ми со здравје и носи му здраво живо на агите; нека пратат и други
авалеџии и беглиџии да збираат арачи и беглици -вели Јован и го јавна својот коњ. - Ајде Толе, вјавај, и по мене, да го ватиме ноќеска орманот, оти овде на голото
ќе не изеде в'кот.
И Толе го јавна коњот, го дупна по Јована и си ја запеа старата омилена арамиска
песна:
Не плачи, мајко, не жалај мори, не жалај
Не рони с'лзи крвави, мале, крвави
По твојте бели јобрази, мале, јобрази
Оти ќе стана ајдутин, мале, бунтовник
Турчинот не го јоставам, мале, јостапам
Турчин да ми се башари, мале, тамбари,
На татковото јогнишче, мале, јогнишче
На мајкиното катишче, катишчо
40
На сестрината постела, мале, постела...
Андон си ја нарами торбичката и си тргна долу Скала. Кога дојде до кладенецот:
каде што преѓеска пиеја вода, се сети дека опасно ќе биде да влегува со се пари в село.
Погледна горедолу, лево десно, нигде жива душа. Се напи вода, иако не му се пиеше и
кога ја накрена лејката, му падна в очи големата плоча над кладенец.
„Ќе и истура под плочата, па по некое време ќе си и прибера, ако остана жив" - си
помисли Андон и така направи. По пет шест месеци откако одвај се искуба од судот,
отиде нарочно на пазар и на враќаше ги собра и си ги однесе дома, за да има што Да им
остави на децата кога ќе ги остави за да му се придружи на Толета, оти агите веќе го
зедоа на заб и го запашкаа да го гонат.
Јован и Толе го пресекоа долот и на мракот ја прејдоа Црна кај Скаклевите
воденици. Уште кај стари вечери влегоа во Полчиште и право кај Миша. Ги симнаа на
брзина дисагите, ги преброија жолтите, ги тргаа белите со кантарчето, и Јован ги поведе
коњите, нарачувајќи му на Толета и Митра, „ако не се врата, делот мој, троа потроа да
и го дадите на старата, да и прерани децата". И се изгуби во темницата. Уште со ноќ ја
префрли Кравица и за ручек се најде во Караџова. Уште во Баово ги продаде и двата
коња на поп Мишевци и Цоцот, слезе во Сабоцко, појаде, попи и по десетина дена се
врати назад.
Кога си дојде дома, Толе веќе не беше кај Митра.
Дошле големи потери по цело Мариово и собрале се што им се видело
сомнително. Го нашле и Толета во Полчиште, и бидејќи не можел да докаже што дошол
и кај оди, го собрале и него. Но никакви траги од убиството не нашле. - Ами сега шо правиме ал, стрико Јоване? - се притапка Миша плачејќи за
побратимот Толета.
Хе бери гајле, невесто. Лели сте и дочуале тиа златните - црвените, се ќе
направиме. Извади утре печејсет и турни а капата над око. Тиа пустињи и врзуат и
одврзуат - ја утеши Јован Митра.
По дватри дена Јован поштукна од Полчишта. Оди кај оди, но си дојде по една
недела оо насмеано лице пред Митра. - Не бери гајле, невесто, јас дури су жив. Ќе си дојде побратимот. Кршиа главата
тиа шо ми и даде, ама ќе свршат работа. - Еее! чул ми те господ златен, стрико Јоване! Пусти нека останат парите, налет
нека се сторат, токо човекот да го куртулиме -се лигави Митра и си го претставува часот
кога ќе го дочека светијованот. Оти пак да не го дочека кога и остави безброј злато и со
оки сребро? И почна да ви брои дните, неделите. Помина месец, два. Толета го нема, а
Јован ја убедува дека сврши работа.
Кон половината на третиот месец, во есента се одржа судење за убиството на
авалеџијата и за опљачканите пари.
Под суд беа ставени над триесетмина ни криви ни должни. Сиромаси беа само
тројца дунчани и Андон, а другите сите бендене - имашливи луѓе. И сите му тапосаа на
кадијата и кајмакамот кој по десет, кој по дваесет лири; некои по педесет, меѓу кои и
Јован за Толета. Кадијата беше начисто со тоа дека авалеџијата и гавазот се отепани од
некој повеќе што плати, но таков не беше еден, та место сите да ги осуди, тој сите ги
41
пушти белким и некој друг ќе отепаат да лапнат со кајмакамот уште по некоја и друга
стотка жолти.
И така наш Толе пак се најде еден есенен ден кај руса Миша.
Со Јована си ги поделија паричките братски, та дури и тие што ги зеде Јован за
коњите. - Неќу илие, вели Јован - да не ни се стори некој кедер во работата. - Рушветот
што го даде за Толета, половината го зеде на себе. Поправо тој тие пари ги даде од купот
и сега поделија што остана.
8.
Толе реши и оваа зима да ја помине пак со Миша во Полчишта, но за да се насели
сосема требаше да има затоа некоја причина. - Шо да работа, мајката, да можа да се врткам вадеа! - се советува Толе со Митра
и Јована. - Тих! - што си се загајледисал па ти, светијоване? Шо ќе работиш? Види нешчо,
подваќај шо било. Ене го не Палтото зиме, лете дома си седи, си клука со теслата, си
прави по некое каче, крбле на недела и си ваќа по некоа паричка. Зар толку не можиш
ти да купиш една тесла и еден струг, та да станиш еден мајстор? Каде каче ќе
потправиш, каде букаре, бочва, бурилце, ќе се најдиш во работа, да не те бркаат. Та за
печалба - не стегај се ногу. Да а изедиме со здравје и добра мисла ваа шо а напечали,
пак ќе даде господ, ќе се запролети, ќе напечалите и друга со стрика Јошка.
Така Митра го даде предлогот: Толе да се прави бочвар, качар, мајстор, само и
само да остане крај неа цела зима.
„Та што има поарно од тоа: зимно време да ти е погодена работичката, да ти е
осигурен лебецот, меќанот, постелата со убава млада руса невеста?" - си мислеше Толе
кога го слушаше Митриниот предлог. - Пусто да остане и лето, ич не го бендисуам јас -велеше пак Митра кога се
спремаа со Толета да ја проведат зимата заедно. - Ќе вати горешчина, излегол свет по
жетва, по вршење, по градини, ливади, ни дење ни ноќе човек раат не може да биде. А
си се пораспашала малце да и поистресиш б'ите, ете ти а некоа чанта, се враќа од
градините, ќе ти се истресе и ќе те затече распашана; ја некој косач, гумнар, жетвар. Се
знае ли? Сето село, цел народ е надвор в поле и не знајш од каде ќе се натресе некој. А
воа зимото си е благословено. Секој се прибрал по дома, по колиби и трла, се подвил во
сакмата и никаде не оди, никого не задева. А ти си си го навалила огенчето, си си го
послала новото покривче крај оген, новката перничка, си си се порашчекорила, си се
греиш. Си си зготвила слатко и благо и само чекаш да падне мракот да си а засурмиш
вратата и да си го викниш светијованчето на постелата. -И Митра го навали Толета на
посланата постела, се разбира дека пред тоа и вратата ја засурми, и зготви слатко и
благо, та и винце му го наполни грненцето, кое Толе заедно со неа ќе си го испие. - И ќе си почниш да си го галиш сугарчето вака - и почна да му ја мазни косата
како на дете годиначе.
Толе ја навали главата на нејзиниот скут и само преде како маче кога му ја мазнат
опашката и го прашаат „писо мацо -дреме ли попот".
42
Огнот пушта сињи пламенчиња и ги озарува двете зажарени лица и светнатите
тигрови очи. Не се знае кој повеќе е зажарен. Дали бујната Толева природа, или
Митрината женска сурова страст. - Ајде, ајде мило, ајде да сториме адет, да повечераме, та да си легниме.
Не ја фаќа место Миша. Предлага да вечераат, што побргу да го кладе жешкото
Толево лице на своите образи и да му та понамести коските.
Гладен ли е човек кога крај себе има така убава женичка и тоа сам со неа, во
засурмена куќа, каде никој не може да влезе?
Гладна ли е жена кога се наоѓа покрај таков 'рслан што ја голта со очите, а таа
сака што побргу да ја проголта и да не се освести веќе сама без него?
Сепак, „се прави адет", вечераат и се голтаат еден со друг.
Борина во таквите случаи не се клава да не светни куќата и да ги види некој од
баџата, оти за дупките Митра се погрижи та одамна ги затна со крпи: „да не и дува
северот", - им велеше на жените, кога ја прашаа што толку иззатнала.
А од баџата ако не виде свети Јован? -му се плачеше Митра на Толета во рацете
кога веќе си лежеа спружени на постелката. - Море та и тој е од мајка роден. Неоти тој
пак си немал некоа како тебе? - И одговараше Толе, а таа верувајќи му дека и светијован
си имал посестримка, уште повеќе го стегаше со меките бели раце и го посипуваше со
бакнежи и милувки. (Митра не работеше полски работи кај стариот Брлета та затоа
рацете и беа меки и бели).
Ете за ова Митра ја сакаше зимата, а ги неќеше другите годишни времиња. И тоа
затоа дека оваа зима и беше светијован и Толе на поседок. Инаку, кога беше сама, се
едно и беше. Дури пролетта и беше помила со својот живот на природата.
Па сепак на Митра и беше празно срцето. Таа знаеше дека Толе има жена и деца,
знаеше дека таа има маж и дека ќе дојде еден ден разделба.
Од средето на зимата почна да му се поразболува. Хе и се јаде, главата ја боли,
нозете ја вијат, и се нешто и е кусо.
Толе го забележа тоа и се разжали како ќе се раздели. - Ама, шо ќе биде ваа твоа болес, Мишо, секоа вечер се нова? -ја праша една вечер
откако ја затвори вратата и си седна како секогаш крај неа на постелата.
Митра ја навали главата на неговото десно рамено и почна да издива длабоко, а
веќе и солзите почнаа да и капат низ образите. - Шо ти е, мори златна, шо плачиш, шо сакаш и шо немаш? - ја запраша Толе и
зачека да си ги каже Миша своите желби, кои тој веднаш имаше да ги исполни. - Кажи,
Мишо, кажи јагне, зошчо ми плачиш? Шо сакаш бацко да ти купи? Скопец, скопци,
решмиња, ете имаш. Чели ли сакаш за Велигден, кошула, бугасиа, ѓувезиа шо ми сакаш?
Кажи, не парај ми го срцето со линџа! - И џочна да ја бакнува и да и ги брше солзите од
жешките црвени образи.
Ох, не пукај ме, Толе, не боди ме в срце со твојте скопци, решмиња, чели и други
трици!. Тебе! тебе! тебе! Толе, тебе те сакам, да не се одделиш од мене!... Оф, јас кутра,
шо си направи! - Офна силно и се спружи на неговите колена на грб; со рацете му го
43
стисна вратот и му се заѕвери во очите, небарем ете сега ќе и го грабне некој и таа за
секогаш ќе се лиши од она без кое не може да живее. - Толе! - Му се впи уште пострасно и почна да го бакнува по образите, челото,
устата и каде стигна. -Толе! -шепотеше при секој бакнеж. -Толе! Не оставај ме никогаш.
Речи оти не ме оставаш! Речи! Речи или удавиме со виа твојте раце. Јас сакам до тебе,
до тебе да умра - ја навали главата на неговите колена и ги затвори очите.
Толе почна да ја гали, сега тој по русите коси, и се замисли над нејзиното
побледнето лице.
Во моментот му излезе пред очи неговото црно Кате како го држи машкото дете
на градите и си го гали како тој Митра. Си ја претстави првата вечер со тоа наметнато
девојче, како го истепа и си рече дека не го сајдисува и како нема да го доводи до крај,
но на силата од Адемага не можеше да не го земе и да не се венча со него.
Ете, сега неговото срце најде жена со која ќе векува. Зошто пак да не ја остави
Ката кога Митра го моли и проколнува да не ја остава?
Ами децата? Децата си имаат мајка, ќе ги одгледа, ќе ги порасне и ќе ги направи
робови на агата. И пак се врати на старата мисла:
„Не, не, јас не и оставам ниј да робуваат. Дури се за мајка, нека седат кај неа, а
кога ќе потпркнат, ќе и прибера кај мене. А сега ќе и кажа на Митра ..." -Е шо сакаш,
мори златна, шо да направиме да бидиме довек заедно? -ја праша Толе Митра, правејќи
се дека не може да се сети кај мава таа. - Шо сакам? Зар не гледаш шо сакам? Сакам со тебе да умра. Барај чаре да ме
извадиш од ваа дупката и да ме заведиш некаде далеку, далеку одовде, каде никој
никогаш нема да ме врате во неа, ниту да ме има друг од тебе. Ете тоа сакам. Разбра
сега? - Разбра, јагне, разбра. И јас тоа го сакам, само как да го направиме? Ајде, учи ти
мене, јас тебе. -И се замисли Толе за миг. - Ќе идиш ли ти со мене каде ќе те вода? - Ја праша Толе Митра со натажен глас
и ја исправи да седи до него. - Ќе ида Толе, ќе ида. На краот на светот води ме, само од тебе да не ме одделиш.
Ете, земиме ме, кладиме во пазуата и носи ме со тебе макар и на дното на пеколот, само
без тебе не можа да живеа.
Пак се избакнаа, што дојде како мелем на раздразнета рана по овие душевни
напрегања. - Е, добро, Мишо. Ете, од ваа вечер знај дека јас ќе барам чаре да избегаме некаде
далеку каде никој нема да ни пречи во нашиот живот. Само, гледај да не ми мрдниш ти
од белешката! -се насмеа Толе и ја ослободи Миша дека ќе и ја исполни и оваа, колку
нејзина, толку и негова желба.
Така од таа вечер Толе почна да мисли каде ќе бега со Митра.
* * *
Зимата ја протутна Толе кај светијованката Миша со јадење, со пиење, со
пријатно спиење, а за да има мана зошто тука седи, отвори цела работилница под
горниот трем. Го прифати предлогот од Миша да биде занаетчија - качар, бочвар,
44
самарџија и се што сакаш, само, се разбира, на збор. А за работа -кој донесе еднаш не
се поврати вторпат, бидејќи Толевиот занает беше сосема друг, та сето тоа што го
мајстореше не чинеше за ништо.
Но целта беше постигната. Заптиите мудурот од Витолишча неколкупати го
прашаа зошто седи тука, а тој им ги покажа алатите и „дуќанот" и тие го оставија на
раат.
Од негоните ветувања Миша се успокои и остави на него тој да се грижи за
времето и местото кога и каде ќе бегаат.
Најпосле, таа си беше со него непрече на ни од кого, си живееше како со свој маж
и се насладуваше од својот живот.
Трајко пак, си идеше на двете недели еднаш на преслекување; после почна Митра
да му носи алишта на колибата, та престана и таа непотребна негова посета; и така се
беше на свое место. Паричките од Толе се подарчуваа, но тие не беа малку за да се
плашат од некое свршување.
Пак и зимата им притрча на помош свети Никола како падна едно снежиште до
стреи. Ги завеа сите патишта та и заптиите од Витолишча којзнае дали дојдоа два три
пати, или не.
Овчарите најмногу беа зафатени. Митриниот Брле не можеше да ја напушти
колибата. Но и нему му беше згодна работичката. Беше си пригодил сенце, шумичка за
овците и козите, слама за говетцата и магарашките, та не пуштајќи ги на паша, бидејќи
земјата беше бела, тој им скубаше сено од стогот и шума од лисниците и им фрлаше по
трипати на ден и си лежеше испружен крај огнот во колибата, чурејќи си го лулето со
убав канатларски тутун, што, заедно со лебецот, сланинката, сиренцето, грашецот и
леќичката, редовно му го испраќаше Миша по комшијата Суклета. А уште кога знаеше
дека и Миша дома со „сенката" на светијованот Толета е осигурена со се нешто, тогаш
навистина беше предоволен од својот овчарски живот.
Но зимата трае додека и е времето. Дојде свети Атанас, помина прочка, настапи
великиот пост, кога и зимата веќе се спрема за одење. Земјата оцрне, Брле и неговите
другари мораа да ги пуштаат овците и говедата на паша. Во трлата почнаа да блеат
малите јагненца, а старите да им одговараат со мајчин одѕив од пашата и да и го
напуштаат булукот за да си ги подојат своите рожби.
Брле извади петшеесет јагниња, две телиња, едно ждребе и едно прле. Овие
дојачиња требаше да се прифатат. Овците да се припуштат, кравите да се измолзат да
не прегорат, оти телињата во прво време не можеа да ги исцицуваат убаво. Се наложи
некој да му помага на Брлета за да не пропадне целата негова зимошна мака. Затоа една
вечер Брле нарача по Суклета да и стори абер на Митра да дојде на колибата за
слонарка, да ги варди јагнињата и телињата во аслото и да му помага во припуштањето.
Оваа наредба не им се бендиса на двајцата. - Што велиш, Толе, да ода или да не ода? - го праша Митра Толета и со нетрпение
го очекуваше неговиот одречен одговор. - Мопе ми, шо има јас да реча, Мишо. Тој ти е стопан засега; сакаш - неќиш ќе го
слушаш - одговори Толе со туѓа уста. - Јас вела да не се закаруаме со него дури не
најдеме место некаде да се иставиме.
45
Митра ја прободе в срце ваквиот одговор.
„Дали не се насити Толе со мене и сега сака да не оставе пак на воа црното аро?" - си помисли таа и му се обеси на вратот. - Толе, зар дотука беше нашиот мерак? Зар се насити од мене та сакаш да ме
оставиш на тој вапирот стар, да ме дави дури су жива? - Ги овргали своите сиви
гулабови очи, од кои веќе почнаа да течат солзи. - Не, Толе. Ти нема да ме дадиш повторно во неговите нокти!..'. Лели ќе ме земиш
со тебе? Како ми велеше зимоска? Сети се само колку убаво си а поминаме ваа зима!
Оти цел век да не си поминиме така среќни и весели? Речи оти не ме оставаш? - Не, Мишо, немој. Не плачи, не парај ми го срцето. Јас ти реку и пак ти вела оти
си стоа на зборот. Ама работата е таа шо нема сега каде да се прибереме. Лели знајш
оти сака место, луѓе шо ќе не приберат. Ќама поразмисли се малку. Така токо да
тргниме! Кај ќе одиме? Ами ако не збркаат заптиите? Не бери ти гајле. Јас ќе а вида таа
работа. Ќе најда место и ќе дојда, ќе те зема. Биди раат. А сега засега ти ќе си останиш
тука и за да не се сети Трајко, ќе го слушаш како стопан, како домаќин.
Ја утеши Толе Миша и ја испрати кај Трајка на колибата во Сотница, а сам си ја
зеде сакмичката и прејде преку река, та му појде на Андона во Дуње.
9. - Добровечер, Андоне. - Далти бог добро, Толе. - Како си, шо правиш, шо чиниш, како поминуваш, Андоне? - Сполај богу, Толе. Ете, работа потроа, живеа. Ами ти каде вака си се накренал? - праша Андон. - Мопе ми, каде... Ете и јас излегу од зимата, како гушчеричките. Ете, вати
времемето, веќе сака да се брка некоа работа. - И му намигна со левото око, завртувајќи
ја главата кон Скала, за да се сети Андон каква работа ќе брка - Е, арно, арно. Аирлиа нека е, господ да ти поможе - одговара Андон, сеќавајќи
се на сите подробности од случката на Скала со авалеџијата.
Го почести Толета со една ракија и го задржа вечерта на конак дома. Зати, Толе
дотука беше и кинисат.
По добрата вечера и пиење, откако останаа насамо, Толе му го кажа планот на
Андона. - Јас тргна, побратиме, по тој пат и по него ќе ода. Авалеџиата ми беше втор
Турчин по редот шо го оплеска, ама душата не ми седи мирно. Се нешчо ме копка
однатре и ми вика „а бре тепај, море, тепај Турчин кај ќе видиш, кај ќе сретниш, тепај,
треби пезевевенци. Ама гледај баре да има зошчо". И, право да ти кажа, лута ми е
душата и на некои наши едепц'зи, шо се поддаваат на агите само за пуста сермиа, пуста
да му остане, а не и гледаат страмовите и резилите шо и прават со нивните жени, деца
и браќа. Е, да ми паднат некои од ниј, греј не греј, ќе му го тргам пишчолот со сет кев. - Имаш право, побратиме. Ете и мене крвта ми зовира кога и гледам ќелешковци,
распишчолени, кај виа нашите роспии, како се лигават. Ми иде од кожата да си избегам.
46
Ама ете, на. Тиа покрај ниј збираат сермиа, и глодаат и они сиромасите, и којзнае кој се
полоши. Дали Турците со своите гнасотии и мрсотии, дали нашите со својте подавства.
Ете, кај Дамчевци се настрвил Булиман; нема недела да не дојде со десетина
парталковци, маната на лов по Лигураса, слегуваат долу в село и со дни и недели
беснеат со таа кучка - ќерка му Ѓурѓа. Од кај него Булимановите голтаци пушчиа жили
кај Сирмевци, Јошевци, Велевци, Ристевци, каде шо се најдоа и други роспии како
Ѓурѓа, и сега целото село стана букураана шо велат.
Оти пак да не стане? Булиман а наружал Ѓурѓа со триста скопци, павто, решмиња,
крстови, синџири. И купуа локуми, шекери и разни ѕрнѕурки. Другите гледаат, се
оближуваат, и тиа сакаат да носат, млади се, му се носи. А оти честа пропаѓа, оти селото
потунало во срам и резил, тоа никој не го гледа, слепи да прогледаат. Остави друго, ами
и со арч не сосипаа. Токо ќе дојдат, ајде по куќи, нарачуј мазници, зелници, кокошки,
алви, за да беснеат, бесот да и вати? беснеат, бесот да и вати?
„Ако чорбаџи Сирме, Јоше, Веле, Ристе тргаат гараметот, барем мастрафот да не
паднит на нив" -ти вели Булиман. А Сирмевци, Јошевци, Велевци и Ристевци тоа го
чекаат. Да му се донесе од село и тиа да трескаат, да треснат од него!
Та и јас су како тебе ифрет. Токо шо можиме, бре, побратиме, ние со тебе да
правиме? Шо ќе направиме двајца, тројца па и петмина на волкава сила? Ајде кажуај,
давај ум ако имаш, да правиме нешчо.
Најстина, јас су товарен со виа дечишчата мои, ами кога гледам оти еден ден ќе
пораснат и тиа како Ѓурѓа, Стојна Јошева и другите, и оти и тиа може да паднат во
турцките нокти, душата ми се тресе. А лек, ете, нема. Силата му е во рацете. Цартчината
е нивна. Тиа повелаат, ние ќе го ведиме грбот, шо ќе правиме. - Заврти Андон и длабоко
се издиши, како човек кого го потиснала несовладива грижа. - Не си прав, Андоне, во се. Во нешчо си, ама во нешчо и не си. Јас пак сосема
инаку мисла: Кога царот не може веќе, или неќе, да не варде од виа изедници, тогаш
сакаме неќиме сами ќе си го бараме чарето, да се вардиме. И ако станиме ние одовде,
од Мариово пет, десет, двајсет луѓе, од Полето други двајсет, од Велешко трети, од
Тиквешко четврти, се нешчо ќе направиме. Нема да и оставиме децата да робуваат.
Доста сме биле робови ние со нашите стари. Баш за тиа деца требе нешчо да направиме,
та макар и главите наши да и оставиме по ридишчата. Јас, Андоне, сосема ќе бегам в
планина.
Јас, Андоне, сосема ќе бегам в планина. Ќе барам дружина и со неа ќе отплатуам
на сите народни јадачи, па макар тие биле крстени или некрстени. Јадачите се јадачи,
дали се крстат или се клањат -за мене се јадачи. - А бре, ајде ти и јас еве, да излезиме, да колиме, да тепаме, како шо велиш: ами
шо ќе направиме само ние, бре Толе, бре брату? - Ќе направиме. Ние колку шо можиме, тиа по нас пак колку шо можат. Тоа е.
Дошло, ќе се трга. Ако почнале нашите стари, се нешчо ќе имаше раскопачено досега.
Вака, ако и ние со тебе не почниме, пак ќе си седат агачковци, пак ќе си јадат, пиат и
маскарлаци ќе прават, а рајата, не ошче петстотини, ами и ошче илјада години ќе си
робува. Не е ли така? - Така е. Си имаш право, токо...
47
- Шо „токо"? Се плашиш ќе умрат децата за леб? Или ти е жал за главата. За
првото не бери гајле. Ќе се најде некој авалеџиа, бег или наш чорбаџиа шо ќе даде некој
грош за децата да јадат, а за второто - неоти и вака главата ти е сигурна? Ќе му текне на
Булимана, Амеда, Арслана, а сакам главата на Андона вечер на тарун, и неговите
аламани тоа чекаат. Ќе ми ти а отсечат како на брав и ќе му а однесат на агата, дури пет
да речиш. А вамо, со мене, од двете една -ја твоата, ја неговата. Токо, бидејќи те знам и
ме знајш, ајде да се правиме дружина, да се обидиме. И така вој живот неоти е живот!
Со овие и уште многу други, Толе го кандиса Андона да го придружи во идната
работа. Андон се присети за дисагите и ќемерот што го зедоа од авалеџијата на Скала;
му падна малку и криво оти не му дадоа токму дел од парите, ама си призна дека не
беше тогаш член на нивната дружина, та немаше на тоа право.
Покрај омразата што ја имаше секој христијанин кон Турците за разните зулуми
и своеволија што ги вршеа над нив, во Андоновата глава влезе сега и новата пљачка над
некој од прилепските или битолски бегови, кај кого што ќе најдат двојно повеќе и на
кои пари тој рамноправно ќе учествува.
Со тие мисли му даде збор на Толета да се надева на него.
Толе стана утрото и замина за Крушевица.
Домашните не ги најде дома. Дошло време да се работи. Татко му и стрико му
сеат пролетнини на Адемовите ниви; мајка му и Ката копаат афиони и лозја; само децата
се дома. Голи, боси, испарталавени, како деца на чифчии, кои растат сами од себе со
помошта на мајката природа. Го најде неговото Трајче наврено во едно искинато
кошулче, босо, калнаво до уши. Под калта и 'рѓата по лицето не можеше да го разликува
бело или црно ќе биде. Само од косите можеше да дознае: ако му е бело лицето, ќе биде
калешоцрно, бидјеќи косите му беа на мајка му Ката -црни. Си влезе во кошарата, ја
обеси сакмата на колот зад врата и излезе та го зеде Трајчета на колено и почна да го
гледа внимателно.
„А неќу мајка му шо а неќу, ами шо ќе му права на воа максамче кога ќе избегам
со Митра? Ќе остане да го живее ропскиот живот како дедо му на Адемовиот чифлик", - си мислеше Толе и веќе го гледаше како и тоа, како деда му, оре, копа од зори до мрак
на чифлигот и оди гол и бос, гладен накаран и напсуен од агата. И почна да си зборува
со него:
„Ќе му седиш ли ти, Тале, на агата или ќе дојдеш со тато?"
Малото не знаеше уште убаво да зборува, но и да знаеше, тоа не го познаваше
Толета, та уште кога го кладе на коленото почна да се тегни од него за да оди кај
сестричето на Толета, со кое беше оставено денеска да го преседи денот додека да си
дојдат мајка му и баба му од работа. Така ја преседе Толе поручекта со децата за да ги
дочека на мракот мајка си и црното Кате. Стрико му и татко му останаа со воловите
долу в ливаѓе, близу до нивата, оти сака ноќеска околу полноќ да спрегнат. Лаката од
Адема беше голема, пет кила семе бери, а бегот сака неделава да биде изорана и
посадена царевка, инаку се знае, ќе го јадат остенот секој ден. Адем секој ден одеше кај
секој од чивчиите и, штом забележеше некоја лабавост, (а тој никогаш не се ситеше со
работа), им ги земаше остените и ретко кој оставаше здрав. Маваше Адем, по очи по
глава, каде ќе стигнеше додека траеше остенот.
48
Затоа и Куле и Трајко по цели недели не си идеа дома, само и само да го задоволат
Адема, да не го кркаат остенот, а што е најглавно, да не ги напади од чифлигот, да
донесе други чифчии.
По мракот си дојдоа жените од работа и го најдоа Толета пред кошарата со децата,
темен, задуман, натажен, само што не ревне да заплаче на глас. - Ми те донесе ли господ, бре сине? Добре ми дојде! - го поздрави мајка му, и како
секоја мајка, го прегрна и силно го избакна по широкото бело лице. - Мопе, еве ме, си дојду, поарно никогаш да не си ида кога ве гледам вакви
одговори Толе со тешка тага на душата. - Мопе оти, Толе, оти сине, да не си идиш, оти да не не гледаш. Толку ли ти
одмилеме, сине на мајка! Толку ли сме лоши, толку ли сме грди, ослепаго, та неќиш да
не видиш. Лелее, јас сирота шо су дочекала, детето мое од мене да бега! - и почна Да
плаче пред него и да крши прсти. - Кој ти вели, мори мале, оти неќу да ве вида, кој ви вели оти сте ми одмилеле!
Токо дека сте ми мили, затоа не ми се иде да ве гледам вака окапани, вака гладни, вака
страдни, голи боси. Немој, мале, срцето да ми го параш. Јас не можа вака да ве гледам.
Шо е воа, живот ли е? -покажува на децата и на нивните партали. - Шо правиш ти, мори црна чумо? И порасна ли Трајка и Велета да му служат на
Адемовите штенци? -со обрна кон Ката и и го покажа детето, кое веќе беше се фатило
за нејзината парталава фута.
Макар да беа зборовите „црна чумо", на Ката пријатно и подејствуваа. Ги
развлече дебелите испукани муцки, му се насмеа и проговори: тиме, токо камо го татко
му да не пригледа со нешчо. Не остави овде на дедот и бабата и којзнае каде оди, шо
прави. - Ајде, ајде, ајде, елате си дома, да се збереме ваа вечер како господ шо рекол! -
ги покани мајка му и сите влегоа во мрачната кошара, темна како душата на Толета.
Таа ноќ Толе пак ја помина со црното Кате во ќералчето и колку да беше вљубен
во пѕца Миша и оддели и на Ката парченце од својата страст, ако не љубов, и со
внимание ја ислуша кога му раскажуваше како таа не стапнала веќе кај Адема, како
Адем, не само што не ја побарал, ами дури некако избегнува да ја сретне.
На Толета му се бендисаа сите тие новини и утринта стана поразведрен.
Уште в зори тропна Муарем на малата вратничка и почна да вика: - Ајде Трајкојце, ајде, ставајте посабајле, излегувајте на работа да не претерат
афионот, оти ќе колит Адемага, жими вера.
Старата ја отвори вратничката но во тој момент се исправи пред мајка си Толе и
му се овргали на Муарема. - Шо тропаш, бре ќелеш, ошче со ноќ по туѓите куќи? Ај сиктер оттука да не ти
излеза да ти и скрша коските со тој бастунот шо си го кренал како питач? - Охохо! брак, бе Толе ефенди, брак. Не знаев, жими вера оти си бил дома,
проштавај. Ако знаев ќе оставев да поспиеш на раат со Катето -се извини иронично
Муарем и и нареди на старата да излегуваат порано со Ката.
49
- Не одат денеска мојте жени на работа. Така ќе му кажиш на агата. Си дошол
ефенди Толе и не и пушча. Ќе почека афионот за некој ден и друг - одговори Толе за
мајка си и се тргна назад. - Ќе кажам, ефенди Толе, ќе кажам, само да не правиш лошо. Да не фаќат теклив
бегот на чифчијата, та јас оти да не кажам, рече Муарем и тргна да ги буди другите
чифчии. - Мопе ми, шо направи, синко, оти го напади агата, ќе не јаде тој пес Адем! - почна
да се тапка мајка му. - Не бери го ти тоа гајле. Јас не су вратен, ете повеќе од пол година и сакам денеска
да ве гледам со Ката дома. Да се измиете баре, ако нема шо да ми готвите. Да и видите
виа децата, да и позакрпите, не гледате ли, слепи да прогледате, бетер од ѓупчиња се
сториле! - му даде Толе да разберат зошто ги задржува дома.
При зборовите „сакам да ве гледам дома" на Ката и светна кошарката.
„Боже, белки ќе го свртиш надесно, да се прибере, да си и изгледаме дечињата
како сете еснафки" си помисли таа и си зашетка дома да си види ред домашни работи,
за кои немаше никако време, та дури ни кркмите немаше време да си ги потсече; беа и
паднале до очи. - Шо сакаш мајка да ти зготви, Толе? -го праша мајка му откако се прибра и тој
крај оган. - Ете, ние ќе клајме троа леќичка за орачите и за децата. Пост, пустелникот,
седум недели не се издржуа, устите ни испукаа. Леб пипер, леб пипер, нишчо друго
агата не пригаѓа, пците месата да му и јадат. Од еден сув леб нишчо друго немаме, токо
ако сакаш да мрсиш ќе побарам од стриковите некоа лажица мас. Да ти сукна некоа
корка да касниш. Токо пак децата да не гледаат. - Го праша мајка му со најнежен глас,
трудејќи се макар со нешто да го одоброволи и расположи. - Неќу нишчо стара. Тоа што ќе јадите вие, ќе јада и јас. Денеска ќе ода на нивата
да му занеса леќа на татка и на стрика, ако сварите повеќе, да и вида и тиа мачни души. -Одговори Толе и стана да расцепи некое дрво во дворот, колку да се најде на работа.
Муарем со трчанка си појде на кулата и му кажа на Адема, дека тој кумитата од
Кулевци си дошол и денеска не ги пушта жените на работа. - А, ха! - вели Адем. Ќе биде лов денеска. Ќе фаќам, зерем, тој пезевенк и врзан
ќе праќам на кајмакамот во Прилеп, да видиме кај одит со месеци, што правит, одошто
живеит. Тој излезе неранимајко и ќе расипит чифлигот, ама Адем ќе го кршит роговите,
место тој да бодит него.
* *
Се свари леќата и Толе го зеде грнето и една торба 'ржани сомуни и отиде кај
татка си и стрика си на Адемовата лака долу во ливаѓето. Старците се изненадија кога
го видоа Толета со ручек. Им се озарија лицата и на двајцата, а татко му издивна длабоко
и си помисли: „Ех! Сполај му на господ, белки му дојде умот да се прибере да си а гледа
тајфата". - Бре, како си синко, бре кај си, каде беше, шо стори, шо направи? - го засипа
Трајко Толета со прашања, но ниту на едно не доби одговор како што чекаше.
50
Толе ги изгледа од пети до глава извалканите орачи, им ги виде испуканите усти
од солта, пиперта и ветерот, им ги виде босите искрвавени нозе, голите изгорени
раменици под искинатите кошули, козинавите црни градници и белите глави, полни со
земја и му стана чудно од каде во тие робови насмевка?
„Та тие не знаат за поарно" - си заклучи Толе и ги покани да ручаат од ладната
леќа и 'ржаните коромани.
Сонцето веќе беше излегло баеѓи високо кога Трајко и Куле ги запреа ѕевгарите
и слегоа на долчето да поручаат. Седнаа близу до водата, да можат почесто да
потшмрккуваат за да не им застане некој залаг во грлото, оти леќата не беше доста да
можат со неа да ги поголтнуваат сувите залаци.
Орачите навалија лакомо да јадат и цели корки, голтаа, бидејќи и сношти беа без
леб, та од вчера како каснаа, немаше сношти што да вечераат, ни да појадат сабајлево,
а ете веќе 78 саати како ги тресат ралата и како запињаат гладни.
Само Толе проџаволи петшест залаци и престана да јаде, гледајќи ги со тага како
тие лакомо јадат.
Воловите ја преживаа утринската царевковина, бидејќи тие ненајадени не можеа
да ги тргаат ралата. Адембег водеше сметка за нив и пригоди доста храна, а за орачите,
тоа не беше негово гајле. Тие можат и ќе ораат и гладни.
Адем го побара дома Толета, ги напсува жените што не отидоа утринава на работа
и, кога му кажаа дека Толе отиде кај орачите, го јавна коњот и со трчанка отиде на
нивата.
И таман старите се спремаа да го соберат лебот и да станат, се зададе тој одозгора
на својот ат. Бодиња ќорлемички и вика оддалеку, се слуша псовка, но не се разбира
што вика. - Бре, ќе не јаде... мајката, кај го намери ѓаволот да го трате! - се жала Трајко и
веќе трга кон воловите во угарта. По него стана и Куле, но додека тие се фатија за
рачиците, Адем се створи пред воловите и почна да се дере: - Што лежите, бре магариња стари, што сте остајле волојте сред угар, а вие лежите
на тревата, а? - Аир бег, не лежиме, ами појдоме да покаснеме. Од вчера не сме јадени, ако
веруаш бога - одговори Трајко и сакаше да го потера ѕевгарот, но Адем замавна со
камшикот и го удри преку очи.
Очите на Трајка му светнаа како молња, а кога и отвори, не можеше ништо да
види пред себе. - Аман бег, зошчо е ваа работа? - изусти Куле и ја крена раката над глава да се
заштити од камшикот, кој Адем го насочи кон неговата глава. - Јадите по десет саати, анасени... ана. Гледам уште од потсело: волојте лежат на
јарем, а вие, истегнати на тревата, а? Не се печалит така сермија асинковци, не! Треба
да запните, да роботите, ако сакате да јадите. Така, со лелсење никој леб не дават. - И
пак почна да мава со грбачот ту на едниот ту на другиот орач.
51
Од Замавот и од мамузите коњот се разбесне. Почна да се исправа на задните нозе,
та со предните го завтаса Трајка и го кутна во угарта. Како и тој да се беше разлутил на
овие „неработници", та сакаше да му помогне на бегот во извршувањето на казната.
Трајко се извалка во угарта, а Куле, некако го грабна коњот за узда и му се
исправи на Адемаг - Чекај, бег, чекај, чекај да се разбериме. Шо е вој зулум од тебе? Шо сме
направиле, та шо си се разлутил толку?
Адем се наведе на вратот на коњот и почна да мава на Кулета, но овој не го
испушти коњот. Како да предосеќаше дека иде однекаде некоја помош.
И навистина, по третиот, четвртиот камшик, како од земјата изникна Толе крај
Кулета и со страшен глас изрева: - Зошчо и јадиш, бре песу, пците месата и коските да ти и јадат? - Со молњевита
брзина го зеде остенот од татка си и уште побргу му се изврте на Адема по врат и овој
падна од коњот во угарта.
Адем падна, а Толе го јавна. Го зареди со остенот исто онака како тој што ги
редеше орачите секој ден. - Однесете го вој пес на некое магаре дома," или запретајте го во угарта ако
пцовиса! -му нареди на стрика си и го јавна коњот. На неколку чекори го запре и му
викна на стрика си да појде кај него, па му вели: - Ќе ве јадат шо ќе ве јадат виа пци, токо баре ти си помлад, гледај, позацкри се
дури да се врата та ќе дојдиш со мене. Каде ќе одиме, одиме. Ако останиш ќе те расипе
Адем. Стариот... господ шо ќе му поможе. Јас за три четири дена ќе ти се кажа кај да
су. - Го дупна коњот долу ливадите и го фати Чаништа за черек саат.
Останаа Трајко и Куле да се штуткаат околу онесвестениот Адем.
Најпосле Трајко се присети и почна да му тура вода на главата од букарето.
Полека, полека, Адем ги отвори очите и прогледа околу себе. И откако се убеди дека
Толета го нема, почна стенкајќи да зборува: - А бре, што стана овој, бре синко? Што беше овој работа? Од кај дојде тој кумита
ваш, бре да отепат мене, бре! Ееех! Дуњо мори! До кај дојдовме, чифчиите да тепаат
бегојте што ги ранат, бре! Ами сега, што да правам вам бре Трајко, бре Куле, бре! Толку
години живејте на мојот земја, вака ли бре џанум, дотука ли донесовте работата? Леле,
мајко леле, леле, ќе загинев на мојот нива од мојот момци! -се изналелика Адем и како
да се присети нешто па им рече на орачите: - Туку, живи вера, ќе молам и ќе колнам едно: да не кажите никому што направи
тој пезевенк, а јас него ќе бркам. Знам, вие не сакавте да дигнете рака, ама ете и јас
грешив малку, сега пишман го правам, ама тој беше. Ќе кажите коњот фрли Адем ага и
отепа, а јас ќе помнам овој добро за многу години. Овој Трајко ништо не крив мене. А
ти, Куле, лошо стори што фати коњот да дојде тој пезевенк, ама, и тебе ќе простам ако
не излезе лав на мегдан. - Арно бег; како велиш ти ние така ќе речиме. Зати и така беше. Ние нишчо тебе
не ти направивме. Тоа копиле... -се поутеши Трајко и го исправи Адема да седне.
52
- Оф, оф, оф! - простенка Адем и почна да се витка. -А бре, ме сокршил мене тој
ќерата бре; оти не откинавте бре, тој ајдутин бре? Леле, леле, леле! Коска здрава не
оставил! - А бре ми, шо ќе те откинеме бег, тој и нас сакаше да не истепа, токо дип родители
сме му. Ти се лути, велеше, шо му а наметна Ката та, ете, сега му дојде на колај да ти
плати. Така рече и го вјана коњот, вати лимјата, да се не врате! -почна Трајко да се
правда, да псуе и колне да не се врати Толе.
А со умот си велеше: „Чекај, агачко, да видиш како се кршат остените од нашите
грбови. Не ќе ти текне уште еднаш да ги погледаш, а не да ги кршиш од нас".
Трајко и Куле го зедоа Бошевото магаре и приквечер Трајко го однесе Адема дома
и му го растовари на Муарема пред кулата, за да го лекува анката две три недели.
10.
Кај фати Толе?
Се разбира кај светијованката Миша и иобратимот Јована во Полчишта. Јован го
претера и овој коњ преку Кравица и донесе седум осум лири, та си ги поделија со
Толета.
Толе не се задржа долго време во Полчишта. Го дочека Јована, си дојде и Митра
од колибата за некој и друг ден и Толе една квечерина си зеде збогум од обајцата за
подолго време. Хе заборави да земе и некоја пара од Митра, убедувајќи ја дека сега ќе
оди да бара место каде ќе се приберат кога ќе побегнат од Полчишта.
Митра пак со плачки и клетви го испрати, но Толевите ветувања беа така
убедителни, та таа си остана со полна надеж дека не е далеку денот кога ќе се куртулиса
од старото нејзино аро - Трајка.
Како и порано, пак Толе отиде кај Андона и овој го покани да преспие кај него,
ама сега веќе начисто дека Толе е излезен од дома. Случката со Адема Андон ја разбра
и беше сигурен дека Толе не се дава жив в раце на „тој пес". - Е, кажи побратиме, ќе ми бидеш ли дружина или да барам на друго место? -
отворено излезе сега Толе пред Андона. - Еве, јас пак ќе ти поможа, да оставиш нешчо
на децата, ако ти е стра да не гладуваат. Толе го извади ќесето од пазамарката и истури
од него десетина дваесет лири. - На, земи, остави и на Андоница, нека и се најдат во прво време, па попосле белки
ќе ловниме некаде да му потврлиме и повеќе.
Андон уште првата вечер беше готов да тргне со Толета, но сега, кога ја виде
Толевата спремност да се грижи за децата, наполно се реши. - Е море, така нека биде. Од вечерва твој су и под твоа куманда. Каде ќе ме водиш - води ме. Само гледај да не и продадиме кожите евтино. - Хе бери ти гајле. Толевата кожа не се продава евтино. Само ти да не се тегниш,
да не се плашиш. И тиа се од месо, бре побратиме, и ниј и дупи куршум, и сече јатаган.
Кога е така, ќе му се обидиме. Спремај се и викај утре пред зори. Да излезиме
незабележано. Гледај, не плаши а снаа ми, децата. Речи и дека ќе одиш в град, по работа.
53
Така Толе го кандиса пријателот. Андон се прости ноќта со жената, ги избакна
децата и таман првите петли пропеаја, го разбуди Толета и заедно отидоа во племната,
откаде ја измодкна берданката и пиштолот.
Ја погледа на месечината и и проговори: - Ајде, море златна, со тебе сега век ќе векуам. Биди послушна како Стојна досега. - Ја избакна пушката како Стојна и децата ноќеска и ја нарами. Потоа рече „Ајде,
божепоможи!", се прекрсти и тргна во неизвесносга, да му прави друштво на Толета во
неговага замислена работа.
Во зората стигнаа на нивата каде пред неколку дена го натепа Толе Адема. Како
што се надеваа тука ги најдоа Трајко и Кулета, кои веќе ја дооруваа лаката.
Толе не сакаше да го тревожи стариот си татка, та го пушти Андона да го викне
стрика му Кулета во долчето.
Куле дојде и се поздрави со Толета. - Е, стрико? Ние со побратимот тргнаме в планина. Шо велиш ти? Ќе ни бидеш
ли дружина или ќе седиш ошче да те тепа и вјава Адем? - А бре ми, кој знае шо да ти реча, ама и мене некак непара ми се седи. Од некни
кога го намерди Адема секоа ноќ не тевтише со стариот, а мене веќе дватри пати
Муарем ка ме јаде. Адем те бара тебе од нас. Под дрво, под камен, вели, да ми го најдите
тој арамиата или ќе ве испеча со се деца. Ако велиш ти да дојда и оти ќе има некрј аир
од тоа идење, јас су готов. Решавај, гледај, прави. Оти ќе а пустиме куќата -таа се виде,
ама ни вака не се живее. - Така е. Роб до гроб не се живее. Ќе се обидеме и по вој пат; белки ќе има некој
спасибог баре за децата, та за нас се знае оти ќе тргаме маки и ќе и оставиме коските по
ридиштата. - Добро, лели велиш; ајде бакалум. Кажуај шо да правиме! - Ете шо ќе правиме: ти вечер ќе си одиш дома и утре в зори те чекаме на Маргара,
кај чешмичето, со некој и друг сомун леб. Кажи му на стариот дека си со мене и да не
те чекаат. На Адема ќе му рече оти си се разболел и оти си отишол во Битола на доктур.
Ако не неруа нека праве шо сака, а ние пак ќе правиме шо знајме и со него и со сете
како него. Хе заборавај да а извадиш таа кремењарката од сајата на трлото. Земи го и
барутот и куршумите. - Добро, внучко! Кога ти велиш така, така нека биде. Ајте, ми со здравје! -Ги
поздрави Куле и тргна кон Трајка на нивата.
Веднаш почна да овка, да стенка, небарем навистина срце го стисна. Ги отспрегна
воловите и тргна да си оди дома. Треба да нареди да се меси леб за утре.
Осамна убав пролетен ден. Снегот веќе се собра по врвовите на високите ридишта
и како да стенкаше под топлината. И тука беше на издишување -на умирање. Таму каде
што се беше претворил веќе во вода, брзаше долу низ долчињата да ги натопи зелените
ливади и да се скрие во утробата на мајката земја за да се врати на есен или зима преку
матните облаци и да се обнови. Долу, по орниците, од каде што пред неколку дена стана
снегот, ги појавија своите сини и жолти главчиња качунките, а разните тревки
распуштија зелени ливчиња, мамејќи ги беговите јагниња на сладок појадок. Пчелите
54
одамна излегоа на пролетна работа и почнаа да прават нови пити -садови за нивната
зимница. Дрвјата напупија, а некои веќе и се променија со бели, розови и сини
празнични алишта за да го пречекаат ергенот мај што поубаво. И мравките, ене ги го
изнесле својот одвишок од храна да го потсушат на благото сонце да не им се расипе од
зимошната влага, а мрзливиот штурчо дебне отстрана да може да крадне некое и друго
зрнце, оти прегладнел за овие три четири месеци лежење под снегот. Гората се наполни
со нови гости. Врапчињата ги оставија стреите на селските кошари и копите со слама,
каде што цела зима се тресеа од студ, и излегоа на слобода да ги бркаат бубачките и да
прават меки седелца, во кои ќе ги одгледуваат своите мили рожби. А кукавицата не ја
запира својата кукавна тажба и сега кога се се радува. Кука дење, кука ноќе и гледа кому
ќе му ги поттури своите кукавичиња. А врз сето ова, онцето ги разлева своите
благотворни лачи и ја вика целата природа нов радосон живот.
Само едно суштество не ја чувствуваше оваа радост; само едно суштество натеше
и стенкаше под тешкиот товар, наметнато од силата и бесправието. Тоа беше беговскиот
роб -чивчијата. За него немаше радост; тој не ја чувствуваше слободата што ја уживаа
врапците, пчелите, мравките и целата природа. За него снегот не беше станат; тој беше
потиснат. В пролет, лете и в есен повеќе отколку в зима. За него копната земја
преставуваше нови стеги од бегот, каде треба да ја лее својата пот за да се насладува
бегот од пролетните, летни и есенски убавини. Тој требаше повторно да се впрегне во
исцрпувачката работа од зора до мрак и пак да го дочека Белчета за да дува и ука на
рацете кога ќе вади слама за беговите волови, кога ќе сече дрва за беговата одаја, кога
ќе го крши мразот по водениците за да сомеле што побело и поситно брашно, од кое
неговата друшка -робинката -треба да меси бели погачи, да сучи танки мазници,
баклави, да прави слатки алви и шеќерпариња за силникот -бегот, а таа со својата рожба
да ги топи сувите корки во врела вода во котелот на верушките.
Оваа положба Толе ја наѕре и го викна, ете, Андона и стрика си Кулета, ако можат
некако да ја изменат!
Овчарите на поп Стојана оваа вечер имаа гости. Уште кога се прибраа со
нарамник дрва, од трлото излегоа двајца луѓе. Првиот го познаа одеднаш, но другиот
им се стори нештр сомнителен. - Каде вака, побратиме, по мракот? - го праша Петко Толета, со кого многупати
како деца играа заедно и се бореа по чаирот. - Ете, излегоме малку по лов со другарот, та нема време да се вратиме. А сакаме
и да почекаме некоа лисица, вадеа по долот, ноќеска - одговори Толе сосема наивно,
што го увери Петка.
Си повечераа леб и пипер, размешана со вода. Таква е овчарската манџа во
постите која ја имаат крстено „свирипиле".
Уште пред зори „ловџиите" ја напуштија колибата и отидоа да „чекаат лисици"
во долот.
Но тој дол слегуваше од Маргара и тие се запатија право по него нагоре, та пред
да огрее сонцето се најдра на врвот на чуката, каде што овдеонде уште стоеја намети од
зимошниот снег, но и тие веќе се прибираа. Чуката Маргара е највисока од сите врвови
од Селечката планина и како стража го гледа како на тепција цело Мариово и Битолско -Прилепското поле; се поздравува секое утро со Ниџе, Кравица, дури и со Кожув и
55
Беласица од исток, за да се заврти и ги поздрави другите другари Пелистер,
Крушовските планини, та по некојпат му намигнува дури на двата Турчина и Поповата
Шапка, а преку нив му се насмевнува и на далечниот Љуботен. Преку Кравица и
Соколот се поздравува и со Пајакпланина и од секаде добива по една насмевка.
Да, се смеат и се радуваат сите македонски планини на пролетните убавини. Тие
се ослободуваат од белиот свој покривач и се променуваат во зелената ергенска долама.
Кај нив ќе зоврие живот, тие ќе се насладуваат од него. Ќе ги слушаат песните на сите
птички, брмчењето на сите бубачки, блеењето на јагнињата и медениот овчраски кавал,
во топлите летни денови.
Тука дојдоа Толе и Андон. Но не да ја поделат радоста со Маргара, ами да ја
опфатат со своите соколови очи својата земја во која стенкаат нивните браќа и другари.
Да фрлат тажен поглед над цело нивно Мариово, низ цело битолско прилепско леринско
поле да ги пренесат мислите далеку, далеку под Пајак и Беласица, во Солунско и
Светогорските Метоси, каде веќе житата се класени и ги чекаат аргатите од цела
Македонија.
Во капињата, над чешмата, раскастрија и ги послаа сакмите, ги оставија пушките
и торбите и слегоа, та се замија образ со студената снеговица.
Времето за појадок дојде и помина, но колку да беа гладни, не споменуваше ниту
едниот, ниту другиот. Седнаа во капињата и ги фрлија очите в село.
Над селото се виеше танка магличка. Кое од чадот, кое од испарувањето на
утрешната роса, тоа беше поклопено со танок слој и како преку коприна се наѕираа
ниските чифчиски кошари. Само кулите од Адемовци, Арслановци, Сулокци,
Бомболовци и дури и утрешната магла ја избегнале со што сакаа да кажат оти нивните
стопаии не ги опфаќа никаква магла. И така беше. Тие притискаа, а не беа од никого
притиснати, та дури и утрешната магла ја избегнале со својата височина над чифчиските
кошари. - Шо велиш, Андоне, ќе можеме ли да слезиме некаде в Поле? - го праша Толо
Андона, колку да поддене разговор и да ги отфрли мислите од русата глава. - А бре, ми, којзнае. Ќе можеме да слезиме до кај Путурус, оти да не, ама дали ќе
можиме пак да излезиме! -одговори расеано Андон. - Ќе слеваме, ќе слеваме и ќе излеваме. Путурус, Бонче, Штавица, Марул,
Прилепец. Ќе и ваќаме тие наши села за да им помогнеме нешчо и ним. Ниа
Мусинските, Остречките, Канатларските качаци, нема пазар да не излезат гопе по Слива
и да не и оплачкаат нашите пазарџии. Пред некој и друг пазар му, и собрале ќесенцата
на сете и големите добици - коње, маски и и пушчиле голи сиромаси. - И на комшијата мој, Стоана, му а зеа масичката. Ете го, сирома, цело зимо на
грб дрвца каде носи. Едвај и прегреа дечињата. -одговори натажено Андон. - Да се наманеме некоа ноќ натака, белки ќе удриме на ниј, да и позаплашиме
малку. Само, нека дојде стрико Куле. -предложи Толе и погледа долу долот.
Хе помина ни саат два, по нивните дири, горе долот, се зададе човек со наметната
сакма. Толе го виде и сс успокои. „Тој е", -рече и му го покажа на Андона.
Зачекаа со нетрпение.
56
Куле дојде до чешмичето и свирна тивко трипати со уста, а од капињата доби
одговор и отиде кај другарите.
Се поздрави, ги симна сакмата, торбата и пушката и седна до нив задуман. - Дојде ли стрико? - ,го праша Толе колку да проговори нешто. - Море дојду, внучко, токо којзнае до каде ќе излезе ваа наша работа! - издивна
Куле. - Нема назад, чичко, нема. Не двоуми се. Јас те праша и ти се кандиса. Шо сега:
„до каде ќе излезе?" Ке излезе дотамо: тиа нас - ние ниј, кому побрго. Токо, дај, вади
некој залаг лебец, ако донесе, да каснеме, та да го правиме планот за ноќеска. Ете, ние
со Андопа намислиме да одиме некоа ноќ кај Слива, да и дочекаме ниа качаците од
Мусинци, Ерековци, Канатларци и Острец, шо му и зимаат ќесињата и добиците на
пазарџиите, и ако можеме некој да оплескаме, да не и јадат сиромасите. Таа е наша
работа засега. Анџак е денеска сабота, ќе се враќаат пазарџиите и сигурно ќе бидат
нападнати.
Куле се поразведри. Ја зеде торбата и извади сомун 'ржан леб и еден склопец со
пиперки. - Еве, тоа имаше, Толе, тоа донесу. Мѕ реку дома се шо ми рече ти и и остави да
се чудат. Шо ќе прават, како ќе пустат, еден господ да му е напомош! - Не бери гајле, чичко. И господ и ние по малку ќе му помагаме, ќе протутнат и
тиа дури не не опласкаат нас, Па кога ќе и затвориме ние очите - татар колосан - шо
сакат нека прават! Санким со нас раатот ќе го видат, та без нас маката? Тиа си се
осудени на маката, нека си а тргаат. Токо дај да каснеме, дај!
Куле го раскрши сомунот и Толе и Андон убаво се напоручаа, та слегоа и се
напија од студеното чешмиче.
Околу ужина време ги нарамија пушките и тргнаа право по рид за Слива.
Уште со видело фатија метериз во камењето над патот и ги видоа сите пазарџии
како ги бркаат добиците, што побргу да го поминат ова страшно место, ако не сакаат да
останат без ќесиња и без добици, а може некој и без глава.
Таман провлече мракот, ене ти ги четворица луѓе одоздола по Бонечкиот дол; се
влечкаат на десетина метра еден од друг, како волци во магла. На острото Толево око
не му откинаа, макар да беше доста темно. Тој ги виде нивните сенки и веднаш се сети
дека тие ќе бидат полските качаци, за кои порано зборуваа и за кои и дојдоа овдека - И гледаш, Андоне, и гледаш, стрико, Куле? Ене и не каде се ложат еден по еден
и право тргаат да а ватат стената, - им обрна внимание Толе на другарите и продолжи: - Држете сега добро. Тиа ќе а ваќаат стената и оттука ќе нападнат некои задоцнети
пазарџии и ќе и пљачкаат. Затоа ние да и превариме и да и пропукаме ваа вечер та да не
му текне ошче еднаш да се појават.
Ене го, ној напред шо иде ќе го земе на нишан чичко Куле, тој по него ти Андоне,
а јас најзадниот. Пушчете и, нека дојде првиот сосем до стена, за да ми дојде мене
поблизу третиот. Јас ќе ви дада знак за тргање.
57
На Кулета и Андона оваа им беше прва работа од ваков вид и затоа на двајцата
почнаа да им бијат силно срцата, а вилиците да им се тресат та забите почнаа да им
штракаат, небарем замрзнаа од студ во топлата пролетна вечер
Толе ги теши со шепот. - Слободно, слободно држете пушките и нишаните, небаре на в'ци! Тие нам
нишчо не можат да ни прават во стената.
За тоа време првиот дојде на три четири чекори до стената и за негова среќа се
заврте да ги повика другарите. Толе и другите го слушнаа неговиот пригушен глас -
скоро шепот - „Али, Муто, ѓел, ѓел, чабук, ич бише јок (Алија, Муто, ајде, ајде бргу,
ништо нема)
Тие што беа поназад се исправија слободно и тргнаа со мало растојание, едниот
понапред другиот поназад.
Во тој момент Толе цмокна со устата и сите три пушки наеднаш пламнаа. Се
дигна дим пред сите, а пред Кулевата најмногу Веднаш се слушна офкање и псовка -
Ах, анани... ана ѓаурлари. Али, Муто, нерде сан сен, бре кардашлар? Калк аша, једилер
бу ќопеклер бизе анани... ана! )
Толе изрипа од стената и се спушти надолу, белким ќе може да го јавне барем
овој што вика тука пред него, но од големиот дим го изгуби од очи, та дури по некоја
минута можеше да слушне тропање од човечки нозе што бегаа долу долот.
Наврте и понадолу, белим од тие двајцата има некој паднат, но и таму не најде
никого, та, слушајќи ги стапките долу долот почна да вика: - У бре, е, е, е -а, ха, ха, хаааа а! Ош, ош, ош! Држте и, бре в'ците! Чекај аго Али,
Муто, Суло, чекај да видиме чиа мајка сина доила... кајчето ваше пљачкашко! Држте ги
одоздола, држте да видиме шо сакаат тиа кучиња по ридот ноќеска! - И му запнаа уште
еден фишек во правецот од каде идеше топотот.
По Толета слегоа на патот Андон и Куле, разволнувани. - Никој ли не паднал, Толе? - праша Андон и се успокојува. - Нема наместо, ама мене ми се чини дека му и дупнаме кожинчињата, ќе му
смрди да излезат другпат вадева. - Ах анасана, како не оплескаме некој! Белки носеа поарни пушки, да а смене јас
кремењачката моа! -се окуражи Куле и жалеше што не го погоди Салија од толку близу. - Има време, стрико има, ќе а смениме, пушки ќе најдеме колку да сакаш! - толку
не бери гајле. Само другаат послободно држи. Иии! отсега ваки можиш ли да носиш та - Токо сега кажувајте каде ќе денуаме! - Каде! Маргара златна, каде на друго место поарно и посигурно! -предложи Куле.
Сали, Али, Муто и Мустафа, со бегање го фатија Бонче уште рано вечерта и ич
не се обѕрнаа. Право отидоа во Ерековци без да им однесат „некој лов" на каданчињата.
И тројцата ги однесоа кожите издупчени и тоа Муто и Алија на по едно место, а
Салија на десетина. Пустата кременачка на Кулета, полна со волчки сачми, му ги
наполни бутовите; па дури и десното уше беше го продупчила: таман за обетка да носи.
Утредента сите тројца ги јавнаа коњите, и бргу бргу отидоа да се лекуваат.
58
Во прво време не сакаа да кажат, ама кога докторот им рече дека нема да ги лекува
ако не му кажат, Салија му ја исприкажа вистината, а докторчето се насмеа.
„Аха! - си рече со умот -Демек и волкот змија го клукна. Нека, нека. Нека
излегуваат и од рисјаните по некој белким ќе никне нешто."
Ги преврза и ги испрати со скришна насмевка на устата. „Кога ќе ви притребам
пак, дојдете!" - и ги прибра трите половини лири што му ги дадоа за преврската.
А! Уште еднаш со ум ќе фаќаме работата, еќим ефендија! -одговори Суло за сите
тројца и тргнаа да си идат за Ерековци.
По тебе, по мене, се разбра рабтава! „Некои Мариовци во саботата навечер ги
зачекале мусинските и острочките качаци, што ги пленуваат пазарџиите по Слива и му
ги наполниле задниците со сачми".
Некои тврдеа дека едниот паднал на место и го запретале во некој трап, другиот
умрел дома, а само едниот останал жив и се лекувал негде во Битола. - Охоххо! да му се сурови раце! -викаше Бојко Паленѕов на сред село во Полчишта
кога се зборуваше за ова. - Ами кој ли ќе бидат тиа мажје шо му застанале на агите, бре луѓе? - праша
Степан Паргов. - Кој да се, да се, ама тиа се некои со врзани гаќи! - одговори Палтото. - Значи, ќе си и соберат пашките Суловци. Види, види, лебати и каурската дупела,
пустињата! -се јави четврт.
Бојко некако се поприближи до вистината и почна да тврди дека тој другарот на
Мачникот, Толе, што седеше зимоска кај Митра Брлева го нема од некое време, та не е
чудо тој да им се поткажа на агите. - Може, може, зати тој и во Маданот му а расцепи главата на гавазот. Ем, видоте
луѓе, не го осудиа! Велаат ногу јунак дете било - пообјасни Степан. - Мопе, кој сака нека биде, лели помислил за сиромашчината, да му се златни
рацете! -се јави некој од купот. - На крајот на краишчата ќе се разбере, токо гледајте да и позапазиме, ако се кажат
некаде по Раец и Рамнишчето, -предложува Бојко. - Кој? лебами со шеќер и млеко ќе и рана ако дојдат кај мене -вели дедот Јован
Паленѕов. -Каков стра имам изедено една ноќ на Слива од тиа пци, ошче срцето ми
тропа кога ќе си помисла. Позадоцнеме десетина мина во Прилеп еден пазар лани. Не
можеме да и продајме добиците.-Јас тера две крави, Ристе Бојков едно јуне, Бојко, син
ми овдеа, магаре ли, шо продаваше? Најсна, Бојко, и ти беше. Се сеќаваш, зар не? - Мопе како не се сеќавам, бамуа! -упаѓа Бојко. - Та кога, ошче кај Чумово, не вати мракот! Овде, онде, кај ќе прележиме, решиме - по Слива. Коа баја се собраме, десетина мина, ви вела, та си велиме, белки нишчо
нема. Ама, таман ние растовариме, и еве ти и агите озгора стената, припукаа на нас, Бре,
ќе не јадат пците едни, бре ќе не оберат, ќе ни и земат добитчоките. Ама бог да прости,
беше носел Стојо Корупов едно пишчолче чифте, та и тој му тргна еднаш и свика. Се
сеќаш Бојко?
59
- Ка да не се сеќам, да не беше Стојо, ќе летнеа масчичките - одговори Бојко,
нишајќи ја главата на секој Јованов збор во знак на потврдување. - Та, - свика Стојо, бог да му поможе! -Елате, бре пци, да се обидеме ако ви држи!
И така, ние добиците за оглави, наврламе тоа плачкуринките на ниј, и бегај долу
Писокал; и ошче в зори си дојдоме дома. Та, вела, со симит, со симит и шеќер ќе и рана
јас ако оплескале понекој. Па ич да не оплескале, доста е шо ќе му смрди да припарат
по ридот -заврши дедот Јован, со кое го даде предлогот да ги вардат сите селани ако се
јават негде такви луѓе.
И таман добро дојде тој предлог. Нашите јунаци навистина го посетија на
колибата и дедот Јована, и Степана, и Бојка, и Стоја со пиштолите. И кај нив целото
лето беа гости. Тие им станаа први закрилници и хранители додека фатија меќани по
мариовските села. Тука беше образувана првата излезна база на Толева арамиска чета
од тројца луѓе.
11.
Помина недела, месец, два. Фати летото, а Толе со дружината ништо уште не
заработи. А треба да се поддаде по некој и друг грош на овие што ги хранат, а Андон и
Куле требаше нешто и дома да потфрлат.
И таман се прибраа еднаш дома, во Крушевица, разбра Толе од самото Кате, дека
чорбаџијата Стеван, како вдовец, се престрамил и и рекол: „Шо ќе го чекаш тој ајдутин?
Тој и така тебе не те сајдисуа. Ете, си има посестрими во секое село, ами ајде, дојди си
кај мене, да си поминиш царцки! Ем децата ќе ги и изгледам, ем ти баре леб ќе се
најадиш. Хе гледаш гладна си секој ден".
Оваа новина го заскокотка Толета и уште другата ноќ му појде на Стевана на
колибата и, како нарачан, го најде и него со синчето Митрета заедно. - Е! чорбаџи Стеване? Шо велиш, ќе а земиш ли Ката моа да се најаде деб? - и го
фати за затилок. -Кажуј, де, кажуј оти немам време за чекање!
Во тоа време Андон го фати Мицето и го изведе низ врата.
Стеван се здрви и почна да се правда. - Мопе, бре Толе, јас се нашакуа, а ти веднаш си се налутил. Ами, така си е кога
си а оставил млада жена без маж. Ако не кај мене, кај друг. Ќе си го бара чарето,
сиромашката! - и се насмевна, небарем ќе го одоброволи. - Така е чорбаџи, така. Млада жена, оставена, ќе си го бара чарето, ама таа да си
го бара, а не чорбаџи Стеван да мисли за туѓи жени. - И му удри една тупаница по нос. - На, еве, првниот бакнеж од Ката! Ти го испрати и нарача да ми донесиш довечера
на Маргара, знајш кај чешмичето под Тумбата, сто лири пари и две козинави сакми.
Знајш, иде есен, зима, ќе му студи на другарите. Разбра или да ти повтора? Сто лири
пари и две сакми! - и го пушти. - Аман Толе, аман внучко! Кај ќе и најда јас толку пари, та за сакми, колај работа,
и три да ти Донеса! А колку за пари, кабул да не сториш. Сета сермиа да а продада, не
можа да и собера, шо е право, право.
60
- Муабет понатака неќу. Еднаш Толе зборуа. А кога ќе и донесиш парите и
сакмите, ќе си го земиш Мицето. Разбра ли? -Мѕ се врекна и го клоцна со ногата, го
истурка со раце низ врата, а сам излезе по него, викајќи: - Да не те лаже умот да водиш потера или да чиниш давиа, оти мисли му. Ќе го
испеча Мицето живо на ражен. Разбра? -И си тргаа нагоре кон Маргара, каде во долот
го чекаа Андон и Куле со есирот Митрета.
Овците останаа сами во аргачот, пред колибата, да ги вардат трите шарени пци,
кои глас не пуштија ни кога дојде, ни кога си киниса Толе.
Стеван наврте в село уште пред осамнување. Се чуди, се уми. Хе знае шо да прави.
Пари имаше по педесетина лири, а и со сермија не беше за жалење. Само булукот
кажуваше дека може да си го најде чарето. Три четири стотини овци стари, две три
стотини јагниња, два триесет говеда, десетина дванаесет коњи. Сето тоа чинеше пари и
можеше Стеван од кај да побара - да најде.
И ете го, крши прсти дома, не кажувајќи никому ништо, та дури ни на ќерка му
што му ја гледаше куќата.
„Ќе се даваат, нема чаре. Ме вати такцирот!" - си заклучи Стеван. ,Де го расипе
тој пес детето, ако не му и занеса навреме".
И тргна од бег до бег да бара на заем од кого пет, од кого десет лири, лажејќи
секаде, дека купил нива на Чанишко и треба утре да му ја доплати за да го земе сенетот.
Бидејќи му одговараше сермијата, отсекаде му дадоа со извесна лихва и Стеван уште
околу ужина го јавна коњот, со сакмите на него, парите во џебот и право отиде горе
долот.
Толе нарача Стеван да ги носи парите на Маргара, но тој не излезе горе, ами седна
уште тука, близу во камењето, во долот, и кога виде дека Стеван не води потера, му
излезе и го симна од коњот.
За пол саат работата се сврши, но Толе го задржа Стевана и детето дури да фати
мракот, и кога веќе убаво се затемни, ги пушти, а тој со другарите се закрена горе долот,
небарем ќе ја фаќа тумбата.
Но штом Стеван си отиде на колибата, тие се вратија надолу и ја прејдоа Црна
спроти село Манастир, та и отидоа вечерта на руса Миша во Полчишта.
Се изнагостија убаво, убаво, преденуваа на другиот ден; вечерта појдоа дома кај
дедот Паленѕа, Бојка, Стоја и другите колибари што ги хранеа по Раец и Рамништето.
Ги дарува Толе децата кое две, кое три, кое пет лири и пак си наврте по колибите.
На другата ноќ појдоа кај Андоница во Дуње. Остави Андон десетина дваесет
лири, да и се најдат, да ги израни децата, и пак ја фатија Маргара златна.
Гласот за првиот напад на Канатларските, Мусинските, Ерековските и Остречки
качаци на Слива од Бонче се пренесе по сите христијански села во полите на Селечката
планина. Почнувајќи од Бонче на југ сите села -Марул, Орле, Црничани, Подмол,
Лопатица, Мегленци, Суодол, та дури и внатре во Полето -разбраа дека некои си
Мариовци му застанале на патот на Мусинчани и им ги наполниле кожите со сачми. - Бре, бре, бре! Уште ова не беше се чуло: рисјанец да дигне рака на Турчин! -:,се
чудеа полјаните по тие села.
61
Хо насекаде таа постапка предизвика чудење и некаква кураж кај христијаните, а
извесен трепет и гроза кај Турците.
Навистина, и порано имаше каури комити како Катар Ќаа, Геле Галишки, Мицко
Мариовчето, Јосиф Радобилецот, прочуениот Корун, Мерџин, Стојче и Ристе од
Вепрчани, Чанаккапидан, Наум капидан, Кара Коста и други, но тие со ништо не се
разликуваа од турските и арнаутските качаци. И тие како овие одеа по планините, фаќаа
чорбаџии, им земаа пари ако донесат и ги пуштаа заробените есири; а кој не сакаше или
немаше да плати есирите ги колеа и си заминуваа други да фаќаат.
Против таквите водеше борба власта, и кога виде дека е немоќна, ги организира
таканаречените „фарии", авџитабури од самото месно население, им даде оружје и на
самите каури да се бранат од арамиите.
Но овие „нови комити", под војводството на Толета некако ги изменија
арамиските правила. На местото од себичната пљачка на пари, тие, ете, си поставија и
друга цел: заштита на обесправената раја.
Во првиот напад на Слива тие ја објавија таа цел и ја спроведоа. Ги одбранија
сиромашните мариовски пазарџии од пљачката на Мусинските и Остречките качаци.
12.
Пак на чешмичето на Маргара Толе се советуваше со другарите. - Требе нешчо да се работи. Им велеше тој на Кулета и Андона. - Е, кажи де? Кажуај! Ние сме готови одговараа и двајцата, постари по години,
другари, кои безусловно се приврзаа кон него. - Да кажуам, токо којзнае дали ќе излезе мојот план. - До го чујме! -одговори Андон, чистејќи ја берданката со полата од волнената
сакма што ја донесе чорбаџијата Стеван. - Еве шо мисла, јас: -рече Толе, -Да слезиме до кај Црничани. Тука покрај ридот
пасат бравите од Велиага од Битола шо дава месо за војската. Ако ни поможе да го
најдеме агата или некој од синови му, ќе и собериме со нас и ќе паднат пет стотини
лири, ако не и повеќе. Ако не најдеме никој, тогаш бравите ни се сигурни. Ќе и забериме
и за една ноќ ќе му и теслимиме на Јована во Пчишта, а тој веќе од тамо натака ќе си а
брка неговата работа. Шо велите вие? Хе ви е стра да слеземе в Поле? - Каде ти и ние -извикаа обајцата. -Само да не сме малку. Колку овчари да има
агата? -праша Андон. - Колку сакаат нека бидат тиа се овчари, а не кумити! -го окуражи Куле. - Значи, така. Вечер ќе навратиме Црничани. Со жетварите ќе влезиме в село.
Имам јас еден другар -Мирче, Ќе му бидеме госје, а веруам дека и тој ќе ни помогне, -
предложи Толе.
И навистина во самата вечерна мугра, кога се враќаа од работа селаните, со една
група работници влегоа в село и тројца Мариовци. Кажаа дека идат некое прасе да
купат, а вешто ги криеја пушките под долгите сакми.
Еден од работниците им ја покажа куќата на Мирчета Ристески и тие влегоа во
широкиот двор.
62
Голем шарен пес ги пресретна на сред двор, залаа и почна да ја врти опашката во
знак на одамнешно познанство. И животното инстинктивно почувствува дека гостите
се пријатели на стопанот и идат со добри намери.
На лавежот од песот истрча мало девојче -два тринаесет години, го искара, откако
виде дека гостите не се Турци. - Дома, ли е батко ти Мирче, моме? - го праша Толе девојчето. - Дома, е дома, чичко. Ене ги, дома се сете, се готвиме за вечера дури се зари, оти
како слабо видело имаме. Повелете! -ги покани девојчето гостите. Тргнаа кон куќата.
Од дома излезе човек не постар од Толета, во парталава кошула, уште
попарталави гаќи и пред самата стреа се сретна со гостите. - О! Добредојде, побратиме Толе! - со изненада се провикна младиот човек,
подавајќи му ја раката на Толета. - Мопе, добро најду, побратиме Мирче. Сакаш ли госје? - Повелете, повелете. Како да не сакам. Кој бега од гости? - одговори Мирче и го
води под рака Толета.
Под тремот Толе го задржа Мирчета. - Кој ти е дома? - А бре, влегувај! Кој сака нека биде! Ти си мој гостин и пријател. А знаеш дека
во куќава јас сум домаќин, нели? - А бре, знам, токо непара сме за в куќи ние дивите, а? - му прошепна Толе.
И Мирче му се обрна со шепот: - Ама навистина се слушна нешто одавде рид за
Мусинчани и Остречани, и јас си помислив наеднаш: Сигурно побратимот Толе таа
работа ја има свалкано. Кој друг може да биде? - Така нешто ќе биде, та затоа ти вела непара сме за в куќи. - Без гајле, без гајле. Толку поарно што си ти тој. Ех! Да знаеш каква радост сме
тратиле кога слушнавме оти и каурска продупила турска кожа! Лебами, да му жугнам
на селаниве оти си ти тој и оти си овдека, цело село ќе се собере да те види. Нема ден
муабет да не се прави за таа работа. - Нека си и селаните, токо ние пак по работа дојдоме овдеа. Шо велиш ти, ќе
можиш да ни помогниш нешчо во таа работа? - Да слушнам, Толе. Ако е до мене работа, јас со сем куќа сум готов. - Така те сакам, Миро. Така. Ќе требе нешчо да се работи. - Лесно е за работа, ами ајде, повелете дома. Анџак софрата е ставена. Да
повечераме, та после ќе си одиме во сламата на гумното и ќе лафеме. Од децата не
стегајте се. Јас сум ги научил ништо да не зборуваат од дома надвор. Повелете! -И
Мирче ги воведе своите гости во својата тесна селска куќарка.
Од софрата станаа жена и две деца и им подадоа столчиња.
На бледата светлост гостите им се сторија на децата џинови. И уште кога ги
симнаа сакмите и се прогледаа пушките, тие почнаа да се гледаат меѓу себе.
63
- Жено, еве, свети Петре предвреме ни донесе гости - и вели Мирче на жената му,
млада убава пољанка, преврзана со бела шамија и шарена унечка. - Нека добредојдат, човеку! Куќата наша секогаш е отворена и пред и по
Петровден -рече жената и му направи здравоживо на сите тројца.
Вечерата беше како секаде во петровипости во христијанските куќи: леб и лук,
што дал господ. Но Толе и другарите убаво си повечераа оваа вечер под покрив, за
разлика од другите вечери, кога вечераа под ведро небо.
На гумното крај 'ржаната копа Толе му го изложи планот на Мирчета за Велиага.
Мирче со особено внимание го ислуша Толета и ја одобри постапката. - Целото село ќе се израдува ако можиме тој пес да го одманиме одовде. Хе се
трга, бесот да го фати. На два дни, на три дни, еве ти го со тоа сејмените. Јок сме ги
бркале бравите, јок сме му ја газеле тревата, сме му ја мателе водата. И дај јајца,
кокошки, алви, небарем од татка му чивлигот го расипуваме. - Е, добро, добро, Мире. Шом е така работата, тогаш утре вечер ќе му го видиме
есапот. Хе ќе му текне ни на префнуци му да омирисаат наваки, а камо ли на синови му.
Ти утре ќе и извардиш убаво, а ние понатака ќе си а бркаме работата.
Изутрина, уште ранорано во муграта, Мирче стана, се растресе од сламата, се
протегна и размрда и ги начули ушите кон рудината. Во тивкото летно утро се се
слушаше. И петлите по буништата, и пците по гумната и двориштата, магарињата по
стрништата, та Мирче го слушна дури саатот од Битола како удри трипати.
Но тој со своите остри уши бараше друг глас. Хего сега го интересуваа гласовите
на клопотарците и ѕвонците што беа екнале по целата рудина и, смешани со кавалските
звуци и кучешките лаежи, го исполнуваа целиот простор на сите четири страни.
Мирче секое утро ги слушаше овие гласови, но не му обрнуваше никакво
внимание. Ѕвонци - како ѕвонци: клопотарци -како клопотарци; кавали - како кавали.
Тој ги познаваше по звукот сите тие ѕвонци, сите клопотарци. Ги познаваше
лаежите на секој овчарски пес, знаеше кој овчар со каков кавал или шупелка свири и по
тие звуци тој го познаваше секој булук на кој стопан е.
Затоа слушна лево, слушна десно, нагоре надолу и се запре на еден звук кој идеше
од кон североисток.
„Тие се" -рече во себе. „Ете го клопотарецот на шарениот угич што го води
стадото. Тој е, тој. Ете го и ѕвонецот од црвениот прч. Аха! ете ја и Караманка каде лае
пред булук. Значи, ги наманал горе, ќе ги пладнува по Црничка пресоп, под леските.
Токму ќе му ги отера на волкот пред дупка.
Отиде на долчето, се заплакна и се врати. А веќе добро се раздени. Го скорна
Толета и му кажа дека бравите од Велиага денеска ќе пладнуваат по Црничка пресоп,
та таман ќе дојдат како нарачани. -„Едно префрлување ќе му направиме. Место кон
битолско ќе ги навртиме долу маковското и ноќеска ќе ја прејдиме Црна".
Толе го ислуша внимателно Мирчета, но бидејќи не ги познаваше ни бравите ни
овчарите, му предложи самиот Мирче да учествува во акцијата.
64
- Ми е стра, - вели Толе - да не и погрешиме со некои селцки, та да а земиме
сиромашијата на душа. Вака, ќе дојдиш ти со нас приквечер, околу ужина, ќе и симниме
долу рапешкото, па после врати се.
Мирче се позамисли на предлогов, но кога Толе му рече дека и тој ќе има дел во
парите што ќе се добијат за бравите, си помисли во себе:
„Стопанка му. И така јас ништо немам -та немам. Вака ќе спечалам некој грош".
А од друга страна го обзеде чувство на гордост.
„Ете, Толе се прочу по цел вилает со своите подвизи против Турците. Утре ќе се
слушне и за овој, најновиот со Велиовите брави. Оти пак моето име да не се слушне?
Што ќе оставам јас? Сермијата ли или убавиот живот? Една жена, две деца и две
сестрички. Нека бидат живи, јас и од планина ќе ги помагам тристапати поарно, отколку
овдека да робувам сто години аргатин на Велиовци за сто гроша. - Мопе, не само што
ќе му поможам на Толета, ами ако ме сајдиса, ич не се враќам назад.
По еден саат Мирче му го изложуваше ова свое решение на Толета, кое необично
ги израдува сите тројца арамии.
Куле го прегрна и го избакна Мирчета, Андон му ја стискаше цврсто раката и го
убедуваше дека децата и жената тристапати поарно ќе живеат отколку да седи дома и
да аргатува. - Ете, и моите пет глувци останаа дома, ама живеат како аги. Ем утре да ме
оплескаат имаат дури се живи да јадат. За ниј ич гајле не бери. Доста е, бре, шо ќе
оставиме едно име по нас да раскажуваат младите дека тој и тој се синови, внуци на
Андона, Кулета, Мирчета, шо се дигнаа со Толета против изедниците.
Сето ова му ласкаше на младиот Мирчета и му го зацврсна земеното решение. - Тогаш да и речам на жената нека подмеси некој и друг сомун лебец, та да фаќаме
работа! -рече Мирче. -А вие денеска ќе излезите до Црничка пресоп, ќе лежите по ридот
и околу ужина ќе ме чекате на локвите. Ги знајте, нели? - Како да не -одговори Куле, кој безбројпати го имаше поено вода магарето кога
носеше кошеви на пазар во Битола. - Токму таму. Кај големата локва. Јас кај да сум жив -умрен, пред да ги скорнат
овчарите бравите, ќе дојдам и ќе свршиме работа. А сега, да си покаснеме на брза рака
и испаѓајте додека не се размрдале селаните.
И Мирче влезе во кошарката да накрши една тава јајца, иако беа петрови пости.
На Мирчевица и стана некако чудно, па го праша Мирчета: - Што луѓе се, бре мажу, овие твои пријатели? Кај одат? Што бараат? Некако
многу муабет напраивте ноќеска и одутрина. Да не се некои лоши луѓе, ослепелнику,
да си ја земиш бељата. - Мори, жено, „лоши". Хе само што не се лоши, ами многу добри се. Ете дошле,
сакаат да купат по некое прасе, некоја овца, брав. Туцари луѓе. Претеруваат стока по
Мегленијата, та дојдоа како пријатели. Туку ајде, ајде замеси малку повеќе лебец,
направи и некое зелниче за ручок, ако се вратат да се отстрамиме, оти многупати јас
имам јадено кај нив.
65
По појадокот Толе и дружината се прости од чесната домаќинка. На збогувањето
го одврза ќесето, и како што беше адетот, ги дарува двете деца по три дири,
сестричињата од Мирчета по две, така што при самото излегување на Мирчета од дома,
на Мирчевица и оставија десет лири. А со десет лири во тоа време се живееше десет
месеци.
Мирчевица си ја поткасна долната уста кога ги собра парите од децата и
золвичињата и и стана јасно дека овие не се обични трговци на свињи, брави и овци,
како што ја маслосуваше Мирче. И откако ги испрати со најголема срдечност, му се
фрли на Мирчета: - Мопе ќе не земеш на душа со вакви твои пријатели, бреј! Не гледаш ли, пет души
сме ти се обесиле на вратот. Ако разберат агите живи ќе не испечат. - Не бери гајле, жено. Никој не те коли, ни те печи, дури се живи пријатели. Меси
ти лебец, зелниче, јас ќе му го однесам денеска горе и прибери си ги десетте лирички,
нека ти се најдат, та за друго ич не му ја бакари. - Е, кој се, де, кој се? Сакам да знам за кого ќе месам леб, зелник. Кого ќе ранам
од нашата сиромаштина? - Што ти треба да знајш? Јас ти заповелам да месиш и ти ќе месиш, ако ме есапиш
за маж, - и се врекна Мирче и строго нареди.
Но се заинати жена. Запна: - Ако не ми кажеш кој се, ниту месам, ниту печам; па ако сакаш тука на прагот
пресечи ми го вратот. - Ај, беља! Што те фати бесот сега? - Се кара Мирче, ама гледа дека жената не
попушта. - Е море, кој се. Нели те фатил бесот, да ти кажам, ама ако дојди нешто и ти
ќе си ја земиш бељата. - Ако. Каде ти, таму и јас. Сакам да знам што работиш ти и со кого. - Добро, ама да не бидеш пишман кога ќе те влечат агите по судиштата. - Влекле, не влекле, кога си кандисал ти и јас ќе идам со тебе. - Тогаш на тебе нека е гревот. Тој е, едниот, високиот, русиот, младиот - Толе од
Крушевица -Мариово. Знајш, што кажуваше поп Петре пред некој месец, дека излегол
некој Мариовец и ги брка турските качаци. А тие двајцата му се другари. Разбра сега? - Аааа! Значи не се арамии како другите. - Се зачуди Мирчевица. - И се и не се. Понатака тие не се твои работи. Ами меси лебец поасолен, зелниче
поголемо и потучно, та не туку пцалај повеќе. Што ќе излези понатака -ќе видиш.
Гледаш, ти ги дарува децата десет лири. Прибери си ги паричките да ти се најдат на зол
час - го заврши Мирче разговорот со Мирчевица и му откажа на поп Петрета да му биде
аргатин денеска. Си најде мана дека си ја налапал вчера десната рака, та не може да го
држи српот,
Толе со другарите излезе по ладот да пладнуваат и да го чекаат Мирчета.
Таман припна горештината, по пресопта; ги фрлија сакмите под леските на лево
и десно од локвите, наизлегоа булуци овци, брави, шилежиња и курдисаа да пладнуваат
и тие.
66
Горе во тумбата излезе булук брави од пет шестотини глави со двајца овчари.
Овчарите ги оставија бравите и навртоа на пресопта да ги топат опинците во локвите и
да си налеат вода. Ги видоа тројцата луѓе под леските, но никакво подозрение не зедоа,
бидејќи секој ден имаше пазарџии што си почиваа под сенките крај водата. Си свршија
работа, накачија при бравите и легнаа да си преспијат, бидејќи цела ноќ стоеја на
стаповите пред булук -зад булук, за да му направат на Велиага некоја и друга ока месо
повеќе за да земе некоја и друга лира повеќе. И додека овчарите спиеја и сонуваа како
ги тепа Велиага, што не ги пасат убаво бравите, Мирчевица го испече лебот и зелникот,
а Толе со другарите ги прегледаа пушките и направија план за работата. - Така - му го изложуваше Толе планот на Кулета и Андона. - Одовде ќе и урниме
вечер бравите долу маковско, рапешко и ошче во мракот ќе и претераме преку Црна.
Ноќеска ќе го ватиме Уруп Градешки и утре, ошче в зори, преку Добро Поле, ајде долу
Пожарско. Еден од нас ќе му жугниме на Мачникот во Пчишта и тој ќе не најде долу
Караџова. А кога тој ќе дојде, тогаш целиот товар за продавање ќе си го земе на себе.
Хе му е севте нему да претеруа. Има приатели и рисјани и Турци.
Мирче дојде токму на време. Уште бравите не беа скорнати, сите четворица му
појдоа на овчарите кои ги најдоа боси да режат опути за да ги наврват искинатите
биволски опинци што ги топеа денеска во локвата на пресопта.
Тие беа црничани и не малку се изненадија кога го видоа Мирчета кај нив. - Каде вака, Мире, по ридов денеска? -го праша стариот Диме, кој беше другар на
татка му и со кого долги години одеа овчари заедно кај битолските аги. - А бре, ми, каде, стопанка му, чичко Диме! Ете дојдов да ги видам бравиве дали
убаво ги пасите. Сакам јас ќаа да бидам, та да се подучам како се пасат брави -му
одговори Мирче.
По Мирчета излегоа од леските Толе и другарите.
Димче ги погледна, непознати, и некако сомнителни му се сторија, но не престана
да си ги врви опинците. - Ами, виа браќа каде одат? Твои ли другари се или сами испаднаа однекаде? - го
праша Диме Мирчета. - Ами, мои се де, нели ти реков, јас ќе бидам сега ќаа, а тие се трговци, ќе им ги
продадам бравите -одговори Мирче и се насмеа.
Диме ги остави опинците и му се заѕвери на Мирчета. - Кој брави ќе му ги продаваш? - Ами, овие што ги пасиш ти со детево. - Ха ха ха! -се насмеа Диме. - Ами Вели ага што ќе ни направи на обајцата, та ајде
да му и продадеме, белким и ние ќе обуиме по некој. здрав опинок - пак Диме на шака
му одговори на Мирчета. - Мопе, Велиага, па ти! Каде е Велиага? во Битола. Дури да дојде Велиага, ние ќе
ги искинеме опинците и ќе ги изедеме парите. Шо му се плашиш на Велиага. Туку наши
луѓе сме, си живеал со татко ми, да ти кажам отворено: Ние сме дојдени навистина по
бравите. И ќе ги земеме денеска. Да не ве врзуваме со детево, не правете каршилак.
Диме се вознемири.
67
- Како ќе ги земеме, бре, туѓа стока? Ами кај ќе одиме после од агата? Ќе не одере,
море! Знаеш оти се за аскерот, пустињите. Ќе се крене пашата од Битола со целиот
аскер, да ги бара. Немој, слепче, ќе ги запустиме куќите! - почна да се жала Диме. - Паша - каша - матла, кој сака нека се крева, Работата е скроена и ние сега сите
ќе ги наманеме долу маковско. Дури да разбере пашата, тие ќе бидат во нашите џебови.
Туку, ајде обувајте се да тргаме, оти и времето врви. -Тука и Мирче го направи лицето
сериозно и му го покажа Толета. - Го гледаш? Тој е Толе од Крушејца што ги брка
Турците. Сега разбираш дека не сме дојдени на муабет.
Кога го слушна Диме името на Толета претрпна и ожолте. - Леле, мајче ти мила! Ами чаре? - Чарето ти е тоа. Бравите пред стап - ноќеска да ја прејдат Црна! - се врекна Толе
со дебелиот глас и се фати за пушка. - Мирче ми кажа дека си му бил пријател на татка му, та не сакам да ти посегнам
на животот. Да беше некој друг овчар, ќе го оставе да виси на брестот и ќе и тера сам
бравите. Вака, животот ти е сигурен, а и тебе ќе ти потврлиме некоа коска. Ајде,
обувајте се, и да не ве лаже ѓаволот да бегате нешчо, оти дури тогаш ќе го омрсите
вртомчето. А ти, Андоне, -му се обрна на Андона, земи го детето со тебе и скоривајте и
бравите. Ајде, времето врви. - Е! Било такцир на старост да се страда - испушти една длабока воздишка Диме
и почна да си ги обува опинците.
Куле го зеде Димета со себе, Андон детето, а Мирче и Толе тргнаа напред пред
булукот.
Засени сенката од тумбата и бравите ги ококорија очите. Изгладнети, изнастанаа
на викот од Димета и, место надолу на југ, кон Битолското поле, Диме ги урна на исток
кон Мариово.
Толе и Мирче напред, Андон и Куле со овчарите назад, уште со видело ги навртеа
на Црна и ги претераа преку река, токму по планот од Толета.
Од Чуките бешишки Толе го прати Андона до Полчишта и утрото на уруп
пристигнаа со Мачникот.
Си ги претерааа денски на Доброполе, а Мачникот слезе сам до Сабоцко, та уште
тука, над Пожарско доведе муштерии и им ги тапоса лира и глава.
Кој не ќе купи чукани одбрани брави лира за глава кога е сигурен дека толку ќе
печали?
Си ги поделија шесте стотини лирички нашите петмина „ортаци" уште на Добро
Поле. Мѕ дадоа секој по пет шест на Дима, да му даде нешто и на детето, и му ја покажаа
Црничка пресоп, кај Локвите, да си одат во Црничани и да кажуваат дека бравите од
Велиага ги најдоа предвреме трговците.
*****
Како нападот на авалеџијата на Скала, така и овој со бравите, предизвика голема
узбуна кај власта.
68
Велиага ги побара бравите уште утредента и кога не ги најде ни овчарите, беше
начисто дека се собрани од арамиите.
Цо трчанка го извести Валијата во Битола, му отиде и на пашата Фазлибеј и овие
сериозно ја зедоа работата: - Бак, бак, бак, до каде посегнаа тие пезевенци! И од аскерот стоката да соберат! - се чудеше пашата кога Велиага го уверуваше дека стоката е опљачкана.
И нареди Фазлибеј големи потери на целата негова територија.
Правецот на бравите го утврдија уште во Маково, кога разбраа дека поминал
надолу таков булук. И потерата се префрли преку Црна, да ги следи по трагите
грабачите. Ги претресоа сите села, ги проверија сите селски булуци, но не се најде брав
со агин катран - месечина на крстот на секој брав -та не можеа да набелат ниеден
мариовски овчар за кражба.
Им остана да ги претресат мариовските планини, белким уште не се претерани
преку рид. За таа работа ги собраа селаните од сите мариовски села и небарем срни
бркаат, почна претресувањето на густите борови гори.
Но освен дирите и по некоја пресна брболанка ништо друго не најдоа.
Се утврди дека бравите се претерани преку рид - во Мегленијата.
И таман војската да се врати, ненадејно натрапаа Димо и детето на едно
одделение.
Војската се растрча да ги фати, овие летнаа да бегаат, се отвори оган од сите
пушки и Димо падна наместо, а детето се збуни и застана. Го фатија, некои селани го
познаа и тоа ја раскажа целата работа како стана. Дури кажа и како се викал арамбашата. - Тој што наредуваше го викаа Толе - рече детето. - Друг еден што не водеше нас
со Димо се викаше Андон, третиот Куле и Мирче наш.
Го одведоа петтина аскери до Фазлибеј и Валијата, овие внимателно го ислушаа
и утврдија дека оваа не е од старите арамиски чети - Арнаути. - Ете уште еден трн во ногата наша - пробрбори Валијата и му се опули сериозно
на пашата. - А бре, ќе вадиме и тој трн како многу досега, туку зошто да боцкат на здраво
место! -одговори пашата замислен, очевидно правејќи планови како да го извади овој
трн. ,
По оваа патрола, што го доведе овчарчето, Фазлибеј испрати заповед до
потерните одделенија да не се враќаат назад додека не го истребат „тој трн".
Потерите се растрчаа по цело Мариово да ја бараат Толевата чета од четири души.
13.
Ќај фати Толе од Доброполе?
Се знае. Цо Мачникот и другарите си појде во Полчишта кај руса Миша, ги остави
половината пари од неговиот дел, и, откако се наприкажува слатко насамо со неа и и ја
потврди решеноста дека ќе бегаат заедно, се пресели кај дедот Паленѕа и се скри во
неговата јама додека помине потерата.
69
Добро ама, бидејќи ништо на овој свет нема тајно, така еден ден и Толета го откри
потерата баш кога одеше од дедот Паленѕа кај Митра. Хе можеше да се стрпи без неа.
Селото беше сето сардисано. На повик од аскерите, што правеа претрес на куќите,
Толе, не само што не застана, ами отвори и оган со пушката. Сите разбраа дека е лош
човек. - Застани, бре ќерата, да не губиш главата! - викаше башчаушот Ферад со
навртена пушка кон. Толета.
Толе му одговори пак со пушката. Башчаушот пак го повика да застане и му се
пофали со пашата. - Јас су овде паша, бре ќелеш! - одговори Толе, тргна и го кутна Ферада.
Потерата запука на Толета, но Толе продолжи да излегува од селото. Куршумите
фрчеа околу него, но ниеден не го закачи. Аскерите се чудеа, како од толку близу
ниеден куршум не го погоди.
Андона, Кулета, и Мирчета ги преслекоа селаните и не ги дадоа да паднат в раце.
Се собраа сите потерни одделенија во Полчишта, се врши иследување и се
установи, дека тој што побегна е Толе од Крушевица, мајстор на качиња, букари,
самари, ама тие -полчиштани не знаеле дека тој е арамија.
Од друга страна Паленѕовци рекоа дека слушнале оти Толета куршум не го фаќа,
та ни суд го осудува. - Така, - вели дедот Јован -тој го отепал гавазот од Маданот и судот не го осуди.
Велаат дека носи некоа амајлиа и никој нишчо не може да му направи.
Си го зедоа Ферада Турците, го однесоа во Битола и му ја исприкажаа приказната
дека тој арамија, Толета, не го фаќа куршум. - А така, а? Тој Толе рече дека тој паша во Мариово, а? Добро, добро. Ќе видиме
дали тој паша или јас. Ќе прашаме султанот кого пратил за паша на Битола, Толе или
Фазли - со муртење изговори законитиот паша, фалејќи се на самозваниот Толе-паша.
Оттогаш и му остана на Толета прекарот - Паша.
Каде се зборуваше за него, особено наредбите што идеа од власта, секаде
пишуваше да се фати, да се отепа, да се уништи тој Толе-паша.
А народот со понос го изговараше неговото име, а уште со поголем понос и
гордост неговиот прекар -паша. - Ајдо биро, брее! И од рисјаните излегоа паши! -со восхит зборуваше дедот
Паленѕа како најзаслужен во делото и најдобар Толев пријател.
Помина и оваа пљачка, како убиството на авалеџијата, ама за оваа веќе и Високата
Порта разбра.
И Валијата, и Фалзибеј известија за случајов и побараа специјални упатства и
овластувања.
Работата од Толе-паша некако е подруга од работите на досегашните арамии.
Пљачката Толе ја насочил на друга посока, пљачка државни имоти, та удри, ете го, дури
директно на самата војска, на столбот на царштината.
70
Се разбира, дека Толета го прогласи султанот за негов непријател и нареди да се
уништи со сета негова дружина, одредувајќи педесет лири бакшиш за неговата глава.
По оваа наредба валијата, а особено пашата, презеде најсериозни мерки.
Толе паѓа на пусија уште два трипати, но навистина ниеден куршум не го погоди.
Сите доклади за судрувањето со Толета беа потврда дека Толе е неприкосновен.
Паднаа Мирче и Куле, а Андон ја доварди некако главата, но се загрижи кога виде
дека и тој може да настрада, та почне да му советува на Толета да се истават за извесно
време додека се позаборават нивните дела.
Толе се окуражи од случките, та и сам беше убеден дека куршум не го фаќа,
бидејќи го штити амајлијата што му ја направи посестрима му Цвета од Дуње, и
слободно почна да се движи по Старо Мариово.
Многупати самиот аскер се иставаше од него за да не напакости Толе некого,
бидејќи беа веќе убедени дека Толета не го дупи куршум. ;
Но па молбите од Андона, а особено на молбите од руса Митра да ја спаси од
Брлета, Толе реши да побегне со Митра во Бугарија.
И навистина, еден есенен ден, кога веќе беше прибрана сеидбата од полето, Толе
им го изложи својот план на Митра и Андона за бегање во Бугарија. - Ти, - и рече на Митра -собери си нешчо од плачкуринките, а опаши си го
ќемерчето со паричките и во петок со пазар џиите слези до Прилеп. Јас со Андона кај
су да су, во сабота ќе те најда кај Биковите на ан.
Митра го избакна пред Андона, макар да не беше чесно, им наготви слатко и благо
за последен пат во Брлевата куќа и ги испрати по мракот долу Мелничка Река.
Дните од вторникот до петокот и се сторија на Митра три години.
Уште во четвртокот намеси погачи, искуба три четири кокошки, наполни кутии
со маст, сирење и одвај дочека да пеат првите петли за да ја напушти омразената Брлева
куќурка и да стане вистинска жена на саканиот и славен арамбаша Толе-паша.
Нејзината мисла ја однесе далеку од Полчишта, далеку од Мариово, далеку од
цела Македонија, во слободната Бугарија, каде што нема Турци да го бркаат нејзиниот
Толе; каде што нема да го дели ни со какво црно Кате и други мариовки; каде што ќе го
прегрнува и бакнува само таа и каде навистина ќе живее со него како пашица во убави
сараи, со алајќи по неа сред цветните градини од сарајот.
Оти пак да не живее кога кемерот и е полн со лири и кога Толе вечно ќе биде со
неа?
Цо тие мисли ги дочека првните петли и со нетрпение зачека да и тропне дедот
Паленѕа, со кого требаше да отпатува. Дојде и тој чекан час.
Јован тропна, ги зеде торбите и сакмата ги натовари на неговите маски и уште со
два три саати рано го напуштија темното и толку омразено планинско селце.
На крајот на селото Митра се обѕрна, по една капка солза и се развалкаа по
образите, но тие не беа солзи жалосници, не беа ни солзи радосници. Самата таа не
можеше да си објасни зошто и навреа тие солзи на очите.
71
Се заврте пак. На зората ја виде камбанаријата од црквата и без да сака се
прекрсти. - Ај, боже, поможи! - и се испушти од грлото и јавна на старата бела маска од
дедот Јована.
Долу, кај Црна, се осамна и Митра веќе заборави оти живееше толку време во
Мариово. Со лав, со муабет, со смеа и шака вечерта пристигнаа во Прилеп и кондисаа
кај Биковите на ан.
Дедот Паленѕа си ја зеде лиричката од Митра што ја донесе до Прилеп и утрото
уште рано си ги јавна масчичките, та си се врати во Полчишта, а Митра остана да го
чека Толета.
***
Трајко Брле почека ден два да му прати Митра лебец, и кога му кажаа комшиите
дека куќата е затворена и Митра не ја гледаат в село, ги остави овците на комшијата и
си дојде дома.
Се распраша по тебе по мене и разбра баш од дедот Паленѕа дека Митра остана
во Прилеп кај Биковите на ан. Го излага дека била болна та може ќе оди и до Битола кај
Налевчето на доктор.
Арно ама, Брле веќе се поприсети, та му стори абер на мудурот во Витолишта, а
овој на кајмакамот во Прилеп.
И еден ден еве ти го Чамичауш кај Биковите да ја бара Митра. Петко Бикот, кој
веќе беше предупреден оддедот Паленѕа, ја скри кај комшиите и го матна Чамила дека
била тука некоја мариовка, ама отишла во Битола на лекување.
Кајмакамот му стори абер и на валијата, ама сета мака остана попусто. Нигде
таква жена не се најде, а докторот Налев потврди, дека кај него не дошла. - Уште поарно; -рече валијата - ќе се треби тој трн од мојот валилак - и уште
истиот час му ја соопшти на пашата оваа новина. - Аман, де! - се изненади пашата. - Белким така ќе се требит од кај нас тој
пезевенк. Гледај, прави, да не се фати жената, оти покрај неа и тој пес ќе остане! - Се
израдува и пашата, и двајцата донесоа решение да не и се пречи на Митра да го одвлечка
тој „пезевенк" некаде далеку. - Милуал алах, та ја направи таа работа! -му рече Фазлибеј на валијата кога му
сугерираше дури да и помогнат на Митра да го одвлечка Толета од нивниот вилает.
Валијата му нареди на кајмакамот во Прилеп да им даде пашапорт, ако се јават
кај него и да не им пречи да заминат, макар каде да сакаат да одат. - Евет, валиефенди (Разбирам господин валија) - одговори кајмакамот на оваа
порака и зачека да му се јави мариовката.
И навистина, во кафеанчето му се приближи еден од прилепските чорбаџии, со
кого кајмакамот често пиеше кафе и нарача две кафиња. - Имам нешто да те замолам кајмакамефенди, ама да не го земиш за зло - почна
Грабула.
72
- Кажи бре, чорбаџи Јован. Ако не зло, јас не можам да земам за зло, ако зло,
тогаш ич не кажуј. Јас имам кој да вардит мене од злото. Нека жив Шарен Мустафа,
Чамичауш со заптиите - одговори кајмакамот. - Мопе зло, кој ќе прави зло на царски човек, туку пак реков да не излезе наопаку
разбрано. Знаеш што?
Еден мариовец му ја грабнал жената на друг мариовец и сака со неа да крши
главата некаде надвор од нашата царштина, та сака два пашапорта за Бугарија. Што
велиш ти на ова? А ќе даде и некое кафе. Мѕ влегол ѓаволот во умот, ќе пусти две куќи,
но нели тие кандисале, оти пак ние да не земеме по некоја и друга лиричка, а?
Кајмакамот само што не подрипна од столот кога го слушна Грабула.
Тој знаеше дека Грабула добро ќе плати за оваа „ситна" работа, бидејќи тие беа
стари муштерии, но се изненади кога слушна дека бараната мариовка навистина ќе бара
пашапорт.
„Ете ти две среќи" - си рече сам со умот, -„ем ќе правам ќефот на валијата; ем ќе
лапнам некоја и друга лиричка", та го удри Јована по рамо - дури филџанот со кафето
му го истури на масата. . - Ами тој ли зло есапиш ти, чорбаџи Јоване? Тој добро е од твој страна. Ќе давам
жими вера, сто пашапароти за џенем, ако сакат рајата да кршит глава, не два. Само
гледај, некоја лиричка повеќе да паднит. Кога сакат тој пезевенк да имам туѓа жена,
нека платит — заврши кајмакамот и му рече на Грабула да појде со сите податоци кај
него во канцеларијата.
До вечерта Грабула ги прибра податоците од Толета, кој беше дошол и се криеше
кај Митра, зеде и петнаесет лири пари и утредента ја сврши целата работа за пет лири,
а десет си ги задржа за својот „труд".
Им пазари Грабула и пајтон до Велес и ти испрати до Крива Воденица, каде, на
проштавање доби од Толета уште пет лири за заметот.
Толе и Митра излегоа на Бабуна и го запреа пајтонот на преслопта, та го изгледаа
прилепското поле со солзи во очите. Митра пак се прекрсти и влезе во пајтонот, кој
довечерта ги донесе на велешката станица.
За првпат тие видоа воз. Кога се зададе локомотивата одоздола, Митра се прицна
до Толета, бидејќи и се стори дека река дотечува и ќе ја однесе.
И навистина, возот ја зеде Митра и летна по шините нагоре по Вардар, да ги
однесе двајцата во „Невратилово".
Прицнати еден до друг тие седеа: и длабоко размислуваа. - Е, сега ми веруаш ли на зборовите шо и веле в село? -проговори прв Толе,
префрлајќи ја својата тешка рака преку Митриното рамо. - Ти веруам, Толе, и сега срцето ми е наместо. Лели нема никогаш да ме вратиш
во Мариово? -го запраша таа, држејќи му ја префрлената рака со нејзината и
потиснувајки ја. - Тебе не те враќам, а за мене... не се знае - одговори Толе и се натажи.
73
- Оти за тебе не се знае? Да не мислиш самата тамо да ме оставиш? - со жален и
растреперен глас му се загледа Митра очите. - Јас не вела оти тамо ќе те остава сама, ама којзнае шо не чека и тамо. Ти не бери
гајле, кај да су, јас су твој. Веруаш ли? - Оф, да не веруам не трга со тебе во „Невратилово" -одговори Митра и ја навали
својата руса глава на големото Толево рамо. - Арно ние куртулиме од виа пци, ами тиа шо останаа тамо? Шо велиш, како ќе
живеат тиа? - Пак тој: тиа шо останаа тамо! „Како ќе живеат'" ќе живеат како досега, шо има
ние да му го бериме гајлето? -му се врекна Митра и уште повеќе се прицна до него. - Е, добро, добро, така нека биде, само мене се нешчо ми зборуа дека и на ним
треба да му се помогне -заврши Толе; а локомотивата го успори своето бегање.
Помина еден со чанта на рамо, им ги прегледа билетите, а по тричетири станици
викна:
„Усќуб - (Ќим дар Усќуб ичин хаз'р олс'н енс') Скопје. Кој е за Скопје нека се
спрема за слегување.
Многу од патниците изнастанаа и слегоа кога застана возот. Толе и Митра
продолжија. На Ристовец им ги прегледаа пашапортите и Толе разбра дека ја напуштаат
големата Отоманска царевина и влегуваат во нова земја.
Тие што дојдоа да им ги гледаат билетите, па и по целиот воз, не зборуваа веќе
турски. Чатпат по некоја Толе им разбираше и точно разбра дека се веќе во друга
држава, та го потпраша новиот патник што седна до нив и разбра дека навлегле во
Србија. - Охохо! -се издиши длабоко Толе. Мѕ се симна товар од душата и разврза
разговор со комшијата, кој му објасни дека тука нема никакви Турци, дека, и војската,
и заптиите, и кајмакамот, и валијата,'и пашите, та и царот се христијани - Срби. - Блазе си ви вам! -му рече Толе -живеете, значи, слободно? А кога ќе биде и кај
нас така? -запраша, но комшијата не можеше да му даде одговор на ова прашање, што
го ожалости многу Толета.
На една голема станица, што му кажаа на Толета дека се викала Ниш, Толе и
Митра требаше да слезат за да се качат во друг вагон.
„Шо бараме понатака кога овде немало Турци? -се праша Толе, ама Митра сакаше
уште, уште подалеку да ја носи возот за да не може Толе да се врати. А и пашапортот и
картите не гласеа за овде, туку за некаква Софија. И продолжија.
На друга станица пак им ги побараа пашапортите, пак картите и пак се сменија
тие што прегледуваа. - Е, веќе сме во Бугарија, Мишо!—рече Толе и уште подлабоко издивна.
И навистина; по неколку станици слушнаа обајцата од еден како оној што викаше
Усќуб -Скопје, Ристовац, Ниш, едно „последна гара Софија!"
Сите изнаслегоа па и нашите патници Толе и Митра.
74
- Е! Мишо! Ете а и Софија! Оттука понатамо нема веќе каде. Тука ќе врлиме
коски.
Митра ја зеде сакмата, Толе торбите, се замешаа во народот и излегоа на
плоштадот пред станицата.
Патниците се разотадоа на разни страни; некои влегоа во пајтони, други пешки,
пред станицата останаа да се чудат Толе и Митра.
Еден од пајтонџиите, што не доби патници да одвезе, им се приближи и со сосема
разбирлив глас им проговори: - Искате ли да ве закарам некаде с фајтона?
Толе се сети што сака овој човек, та му проговори: - Сакаме, ама и ние не знаеме каде. За првпат идиме овде та не сме вешчи во
градот. - Од к'де идвате? -запраша пајтонџијата. - Од Прилеп -одговори Толе. - Аха! Ја качете се в'в фајтона, ште ве закарам на Ломски хан. Там са всички
прилепчани дори и ханџијата е прилепчанец.
Се израдува Толе кога слушна дека и тука ќе најде прилепчани, и тргна, та се качи
во пајтонот.
Широката и права улица, големите трикатни куќи, врвелицата на многуте луѓе,
пајтони и коли, големата ѓурунтија му го притиснаа срцето на горскиот паша. Тој се
почувствува стеснет, ограничен во својата слобода и тешко се натажи.
Пајтонот стигна пред една жолта зграда на два ката. Уште пајтонџијата не ги беше
застанал сосема коњите, пајтонот го заобиколи цел обрач луѓе. По носијата овие го
познаа Толета дека е мариовец. - Јоване, Јоване, кај фати бре, еве ти еден вилаетлија - мариовец - кршоборец! -
извикна еден од обрачот. - Како бре мариовец, кој е, кај оди? - се слушна пискав глас од вратата на кафето
и се истрча еден шишко кон пајтотнот.
И уште Толе не слезен, шишкото се проби преку обрачот и му ја подаде раката на
Толета.: .... - Мопе добре дојде побратиме, каде вака со Митра?
Толе ја стисна раката од Јована, но се изненади, кога Јован ја позна Митра, па
одговори, слевајќи. - Мопе, добре најду побратиме, токо кој си ти, од кај а познаваш Митра? - Слези а, слези а та од кај а познавам. Прашај а неа од каде ме познава, та јас ќе
ти кажа и тебе од каде те познавам -одговори Јован Гуров од Витолишта, комшија на
Митра, и му ги зеде торбите на Толета, ги внесе во кафето и истрча да ја пречека Митра. - Мопе ми, тука ли си, в'кот да те јаде! -проговори Митра и му ја подаде раката на
Јована.
75
- Ами кај ќе ода в реката. Лели знајш оти Арсланбеј ме напади од Мариово
одговори Јован и ја потстисна Митрината рака. - Тука су со Неда и чупето. Ајде, ајде влевајте внатре, ваа е наша куќа. Ич, без
теклив, како кај Биковите шо бете слободни, бидете и овде, сете сме наши прилепчани - мариовци, пољани, тиквешани. -Ги бодри Јован и ги води во кафето.
Целиот обрач што го захради пајтонот влезе внатре, изнаседнаа околу масата на
која Јован ги седна Толета и Митра, а сам излезе, та му плати на пајтонџијата, се врати
и седна до Толета оддесно и ја праша Митра. - Кој ти е вој, невесто Митро?
Митра ја обли црвенило до уши, но немаше каде. - Мори ми кој ми е, браче Јоване. Ме излага тој натемаго, та ете се стори резил во
векот. Го остави тоа црнилото мое, та ете -побегна со вој прикрепникот. И тој е од твоата
траба, арамија, Толе од Крушевица; зар не го познаваш? -одговори Митра.
Јован беше слушал за Толета, но лично се немаше ставено со него да се запознае,
ама ако лично непознат, тој си дозволи слобода и почна да им раскажува на присутните
за Толета и неговите подвизи. - Ааа! овој ли е Толепаша од Мапиово што не го дупи куршум, а? -Се испушти од
неколку грла наеднаш.
Толе се стега, се врти, гледа леводесно и се му се чини тесно. Одговара на разни
прашања, ги мери луѓето околу него и се му се чини дека сите зло му мислат. Да не го
најдеше Јована, кајзнае дали не ќе ја побараше гарата и уште довечерта не ќе тргнеше
назад за неговото мариовско горско царство. - Е, море, ете, и мене ме довеа ветерот овдеа, токо којзнае како ќе поминеме
одговори Толе и се предаде наполно на Јована. - Е, вилаетлиа Јоване, лели те најдоме тебе овдеа сега твој касмет сме. Каде ќе не
давиш со Митра, дави не, твоа бога, твоа душа. - Не бери гајле, море, лели си стигнал дотука. Не плаши се. Овдеа нема ни аги ни
бегови, ни мудури, ни потери. Биди слободен, мајка Б'лгарија има еден залаг леб за
вакви како нас. - Го утеши Јован и, откако се почестија сите, ги покани Толета и Митра
кај него на гости додека се сместат.
Јован седеше кај сите како него, на крајот на градот, во Јуч-Бунар. Фати пајтон и
го однесе Толета со Митра кај неговата Неда со малото Маре.
Неда и се израдува на Митра, а Митра, кога ја виде Неда во мариовски алишта
облечена, не можеше да ја пушти од прегратките. - Аман, сестра да си ми, и на вој и ној век, гледајте со браче Јована да ни
поможите! - Не бери гајле, сестрице Митро, не бери. Нишчо лошо овде нема. Лели те донесе
господ и јас да има со некого да се разговара, се ќе биде. Само здравје и некоа паричка
ако ви се згоди да си понесоте -овде бил рајот. А, лебами, ако сте кинисале без парички
и овде има сиромашиа, токо баре слободно ќе го касниш тоа шо ќе го изработиш - ја
утеши Неда и ја покани да седне на креветот.
76
- Мори, пусти да останат, невесто Недо, има за некој и друг месец, парички, токо
не сме си вешчи ние, сиромаси, со Толета, та тука којзнае како ќе си поминеме -
одговори Митра и се прицна со раката за половина да се увери дали стои ќемерчето
околу половината.
Јован го внесе Толета во другото одајче и таму, почна да го распрашува за
вилаетот, за луѓето, за зулумите, додека дојде и тој на ова прашање за некоја парица. И
тој разбра дека Толе не е празен, а може наполно да верува, бидејќи ги знаеше Толевите
подвизи со авалеџијата и со бравите од Велиага. ,
Хе бој се. Овде е за живот. Никој „потаки" не ти вели. Ќе видиме и некоа
работичка да ватиме, да се најдиш на маслават и да имаш муабет. Ете, јас се врткам
тамо по анот, та, ќе видиме, може заедно да отвориме и ние некое дуќанче, анче или
нешчо слично. Ќе видиме откако ќе се поовешчиш и ти како мене. -Заврши Јован и си
стави задача да се послужи со Толевите парички бидејќи беше „танок" од таа страна.
За да го има Јован пред очи Толета по три четири дена му фати „квартира" во
истиот двор.
Неда и Митра само ноќе што се разделуваа, а Јована и Толета понекогаш и ноќта
не ги делеше.
Толе дава пари, Јован купува што треба за живот -на едно место готват, заедно
јадат, заедно пијат.
Уште утредента Јован го одведе Толета во Аомски ан. Таму пак се насобраа околу
нив нови вилаетлии, прилепчани, велешани, тиквешани, охриѓани, и којзнае од каде не,
од Македонија. Сите слушаа како Толе , дејствувал по Мариово и се восхитуваа на
неговите смели подвизи.
Од Ломски ан Јован го одведе Толета во прилепското братство. Го запозна со сите
и нагласи дека другаров нема нужда од материјална помош, но ќе треба да се прибере
во Организацијата за да се исползува неговото име во општото дело.
Од разговорите што се водеа меѓу Јована и другите, а особено од прашањата што
му ги поставуваат сите овие вилаетлии, Толе подразбра дека тие се занимаваат со
некаква општа работа. Сите се интересираа како живее таму народот, што прават
Турците, беговите, па и чорбаџиите христијани.
Толе се присети дека во апцаната кога лежеше за Аќифа имаше разговор со некое
ореовчанче за вакви работи, но тој не му даде тогаш никакво особено значение. Одамна
беше заборавил за него.
И немалку се изненади кога еден ден Јован му рече дека едно детиште го барало
и сака да го види. - „Кое ќе биде тоа детишче шо ме познава?" - се праша Толе и тргна со Јована кон
братството.
Уште на вратата ги пречека млад човек, скоро дете. - Оооо! побратиме, те донесе ли господ кај мене, бре! - Се провикна детето и му
ја стисна раката на Толета.
Толе се збуни. Го изгледа од пети до глава, но се прибра, и како на стар пријател
и тој му ја стисна слабата и нежна рака.
77
- Мопе, ево ме, побратиме, на гости кај вас со Јована, токо ајде сега... кажувај!
Дупчето? вели детето. -Ушето? -одговори Толе и го прегрна. Се познаа, Толе и
Ѓорѓија Ацев, затворниците од прилепскиот затвор. - Е, е! лели те најду и тебе, сега знам оти не су на лошо место попаднат - се
успокои Толе наполно и продолжи да си живее со руса Миша во удобната квартирка
близу до Јована и Неда.
Фати зимата и настана одморот за „дивите". Се собраа во Софија од сите краишта
на Македонија секакви луѓе. Кафето „Македонија" на улица „Марија Лујза" не се
празнеше ни дење ни ноќе. Многу од дејците немаше каде да спијат, та оставаа цела ноќ
на „бдение" за да продолжат утре со плановите и дискусиите за ослободувањето на
Македонија.
Јован и Толе беа редовни посетители на ова кафе. Малку по малку Јован го воведе
Толета во. разговорите и тој почна сериозно да се занимава со таа мисла -слободата на
Македонија.
Во кафето идеше и Ѓоргија, та Толе како од стар пријател и познаник голташе
пламени зборови за големото. дело.
Една вечер, божиќни пости, Толе седеше со Јована и некои други Јованови
другари, кога во кафето, од маса до маса, се пронесе тивок глас дека војводата Гоце
Делчев ќе дојде вечерва во кафево да се види со своите пријатели и да проговори некој
и друг збор.
Јован му пообјасни на Толета кој е тој Делчев и му рече дека ќе треба да го
слушне. -Тој е -рече -војводата на сете кумити шо одат во турцко да се биат со Турците
за да се ослободи Македонија.
Ова му го потврди и Ѓорѓија, кој исто така кратко, но снажно му ја опиша
Гоцевата висока положба во Организацијата. Околу девет саатот по „алафранга"
навистина влезе во кафето еден млад човек -одвај да имаше триесетина години, облечен
во градски алишта, избричен, со високо чело, дебели усти, над кои убаво засуканите
долги црни мустаќи му ја потврдуваа и убавината, и сериозноста на неговото машко
лице. - Види го, како угич во брави! -проговори Толе уште пред да разбере дека тој е
Гоце.
Сите изнастанаа и простум го поздравија новодојдениот, наведнувајќи ги главите.
Гоце изговори едно „добровечер" на сите вкуп и се запати кон една маса околу
која стоеја само двајца луѓе. Тие беа Пере Тошев и Мишо Развигоров. Во одењето меѓу
маси, тој поздравуваше лево и десно и ги развлечуваше своите дебели усти. Кога дојде
до масата околу која стоеја Јован, Толе и Ѓорѓи се запре и го изгледа Толета. Ѓорѓи го
поздрави Гоцета со „господин војвода" а овој го праша Толета. - Од каде довтаса, бре јуначе?
Толе се збуни, поцрвене и грлото му се засуши, та одвај проговори: - Од Прилеп, господине -и ја удри главата в земи.
Гоце осети дека Толе се збуни, го удри по широките плеќи и му проговори тивко?
78
- Добредојде, добредојде. Ајде, збирајте се: колку повеќе -толку поарно. Кога ќе
тргнеме, да сме поголем калабалак. - И замина преку другите маси, та отиде кај оние
двајца. Се поздрави со обајцата срдечно и сите изнаседнаа. Завладеа мртва тишина и
сите исчекуваа да проговори новодојдениот во кафето. Најпосле се слушна неговиот
глас: -Е, другари, времето врви и, ете, зимата уште два три месеци ќе помине. Спремни
ли сте да се најдеме на своите места во Македонија?
Не требаше друго ли да кажува. Од сите страни се заори едно:
Ура аааа!
Толе за првпат слушна од толку грла таква спремност.
И тој уште таа вечер реши да се врати во Мариово и да си ја продолжи својата
кумитска работа. Толку повеќе, кога разбра дека не е сам тој што ќе оди да се тепа со
Турците.
„А како и на кого ќе а остави Митра?" - Му удри во умот, но желбата за Мариово
и за тамошната слобода по мариовските планини ја потисна оваа грижа.
„Нека си седи Митра овде со Неда и Јована, на есен пак ќе си дојда" - заклучи тој
и продолжи да си живее во изобилие, бидејќи паричките што ги донесе беа достаточни
за да не осети некаков недостиг.
Уште околу свети Атанас началството презеде мерки за формирање тројки, кои
во новата пролет ќе треба да заминат на терен, и тие веќе почнаа да се наѕираат.
Во кафето веќе можеше човек да забележи групички по масите од пет шест луѓе,
кои секој ден на една маса седеа и водеа сериозни разговори.
Околу една маса стално седеа ЈованЃ, Толепаша Ѓорѓи Ацев и Глигур Соколов, и
долго разговараа едно и исто. Разговорот се вртеше околу тоа, кој од нив четворицата
ќе замине на терен пролетта.
Толе прв изјави желба „да е кабил уште ноќеска да тргне". По него се изјасни
Ѓорѓи, а по Ѓорѓија -Глигур.
Значи, едната група се формира од Ѓорѓија Ацев, Глигур Соколов и Толе од
Крушевица. Водач, или војвода, како ги викаа тогаш водачите, ќе биде младиот Ѓорѓија,
а Толе и Глигур ќе му бидат четници, додека соберат од терен други другари на кои пак,
тие ќе им бидат војводи.
Толе го замоли Јована да не и кажува на Митра за ова негово решение. -Жена -јуда, може да ме прелаже, та да се пострамота пред другарите -му велеше
тој на Јована.
А Јован пак си мислеше и кроеше како да дојде до Митрините лирички, да си ја
подобри материјалната положба, а од друга страна и Миша му се бендиса, та токму ќе
може да си ги исполни и двата плана ако се истави Толе од него и ја остави сама. Затоа
и тој молчеше како риба пред двете жени.
Уште пред Велигден Толе и Јован донесоа по една куса манлихерка и секоја вечер
ги чистеа, подмачкуваа, иако беа нови. Ги купи Јован со Толеви пари, се разбира, од
Браќа Иванови, за десет лири.
79
На прашањето од жените зошто им се пушки, Јован им одговори дека е заведено
дежурство за заштита на шефовите од комитетот, та им е потребно оружје. - Шо има да се мешате во нашите работи?" - ги искара Јован двете жени, и тие
веќе не проговорија повторно, зошто им се пушки, кај одат ноќе и кај одат дење. - Вие
седете си, јадете, пиете. Ние каде да сме -ваши сме.
Помина Ѓурѓовден, наближи Дуовден и по директивите на Ѓорчета се формираа
десетина тројки што ќе заминат во внатрешноста да ги зацврснат месните организации
каде што беа организирани, и да ги пренесат директивите од раководството. А каде што
немаше - да организираат.
Толе и соопшти една вечер на Митра дека ќе ја остави за некој месец и друг тука
со Неда и Јована и ќе се врати.
Митра ја натопи перницата со солзи, но не успеа да го задржи. Се утеше со
ветувањето дека ќе се врати, а убедена во неговите зборови, стисна срце и се помири со
судбината.
Дојде и денот на разделбата. Со мала испраќачка Толе се прости со Митра и му ја
остави на вилаетлијата Јована, а повеќе на вилаетликата Неда и замина со Ѓорѓија и
Глигура за Ќустендил.
Ја поминаа границата и, преку Кочанско и Штипско, го преминаа и Вардар кај
Богданци и ја фатија Кожув Планина.
Кога Толе допре со очите до Алшари и го виде оџакот од фабриката на златниот
рудник, испушти една длабока воздишка, сеќавајќи се на приклучението со Аќифа, а во
исто време му излезе пред очи убавата Прочка, која беше ја фрлил во заборав. - Е, другари, одовде натамо јас ќе ве вода. - Проговори Толе и се ококори како
човек кој си ја постигнал целта.
И навистина, Толе ја зеде улогата од Ѓорѓија, а и овие се согласија, бидејќи им
објасни дека го познава овој крај, а има и свои пријатели.
Вечерта наслегоа до Рожденските колиби во 'Ржаново и Толе се распореди за
храна и денување. Прати еден од овчарите, Палилулевци, до Проќа, и нарача да му
соопштат на Риза, неговиот другар во бараката, да се стави со него: има да му каже
нешто. Хе заборави да му нагласи на овчарот, дека тој е оној мариовец што го отепа
гавазот Аќифа пред десетина и повеќе години.
Ризо му ја соопшти оваа вест на Петка и Ристета, Толевите другари во земјанката
и како топ пукна глас по Маданот за неговото блиско присуство.
Оваа вест не остана тајна ни за Челебијата. Тој знаеше дека постои тајна
организација, но знаеше дека има и друга сорта арамии за пари, та ја поостри будноста
да ја запази имовината на своите чорбаџии од Рим и Париз. Доведе уште гавази, ја
извести и власта во Кавадарци, та оваа испрати цел одред војска да ги брани
муштериите на султанот.
По таа причина и војводата Михаил Апостолов -Попето не успеа да го фати
Челебијата за да го уценат султанот со голем откуп. На Влашките колиби на Пуловец
четата на Попето беше откриена и планот пропаднат.
80
При Толета во „Михајлово" спротив Рожден дојдоа бившите негови другари:
Ризо, Петко и Ристе и му го доведоа убавото Проќе.
Толе се почувствува господар на ситуацијата и ја задржа тројката неколку дена
на рожденско, па откако се намилува со Прочка, го префрли Перун и се најде во
витолишките борови гори на Камчева Орница.
На орницата го фатија Кулета Карабоја од Витолишта и му нарачаа да им соопшти
на месните работници Стојана Мисирлијата и коџобашијата Трајка Лесната, чии имиња
им ги препорача Јован Ѓуров на Толета, Глигура и Ѓорѓија.
Глигур и Ѓорѓија веќе знаеја дека се наоѓаат на територијата на прилепската кааза
и со нетрпение ги дочекаа овие работници.
На Камчета Орница дојде до една несогласност меѓу Толета и неговите двајца
другари -Ѓорѓија и Глигура.
Ѓорѓија побара од Мисирлијата и Лесната веднаш да ги пренесат преку Црна кон
Вепрчани Беловодица, за да ја фатат Бабуна, каде ќе можат да стапат во врска со
прилепското раководство, бидејќи тие беа од тој крај -Ѓорѓија од Оревоец, а Глигур од
Небрегово. Но Толе се спротиви и си го покажа својот инает. -Јас, -рече -си имам реон и луѓе. Вие кај сакате одете! - И уште истата вечер си ја
нарами пушката и се оддели од нив, ја прејде Краваштинската рекичка и му отиде на
дедот Паленѕа на колибата во Маклата.
Си дојде волкот на меќанот и не сакаше да знае за никаква дисциплина.
Преку дедот Паленѕа го најде Мачникот; од него разбра дека и Андон е таму и
ѕште на другата вечер тој ја зголеми својата чета уште со еден другар. Се сторија двајца.
И си ја почнаа својата стара работа.
Преку Жиово и Врпско ја помина Црна и му појдоа на гости на Стојчета во
Вепрчани.
Бре „добредошле"; бре „добренајдовме", бре „како сте"; „што сте"; се избакнаа
како стари пријатели и Толе остана да четува по Клен и Дренската планина.
Турците подразбраа за неговото присуство, испратија потери. Од Вепрчани, за да
не падне в раце и Стојче, им се придружи на Толета и Андона. Се сторија тројца.
Толе пак почна да крои планови кого да го фати за да се најде во работа. А и
некоја паричка им притреба на сите тројца, бидејќи Толе што имаше ги остави на Миша
во Софија. А по Мариово од кого ќе зема, ако не од Адемовци, Маџаровци, Велиовци
од Крушевица?
На таа страна го тегнеше и чувството на син и татко. Сакаше да ги види мајка си
и татка си, а му се внуши и за црното Кате како и за неговите дечиња Трајчето и
Велјанчето. - Како би било да прејдиме кај Маргара? - предложи еден ден Толе, седејќи над
чешмата на Клен.
Андон одвај го дочека тој предлог, бидејќи и тој цела зима преседе како глушец
в дупка кај дедот Паленѕа на колибата, та и нему му се заминуваше преку Дуње, да ја
наѕре Андоница и децата. Само Стојче се понамурти, но не одрече.
81
- Да појдиме, лели велите, токо дали не ќе нагазиме на некоа потера! - одобри и
Стојче. - Е, потера, потера. Зошто и носиме вие пустињи, лели за тиа потери? - одговори
Толе и ја удри по кундак новата манлихерка, што му ја купи Јован во Софија. - А
гледаш? Нова е, од мајстор, шо се вели; ошче не су и го слушнал гласот -се горедее Толе
со неа.
И предлогот Толев се исполни. Уште до вечерта тргнаа и навртоа преку
Вепрчките чукари во Дуње.
Андоница знаеше дека Андон е тука и се крие некаде, но кога го виде Толета
просто се изненади. - Мопе ми, те донесе ли господ пак, браче Толе, да се видиме? - го пречека таа - и
него и му се израдува, сега уверена дека тој не го дава нејзиниот Андон да пострада. - Дојду пак со побратимот, да си го видиме касметот - одговори Толе и ја погледа
од глава до пети. -Ти шо правиш, како а помина зимата? - Ех, како! Како секоа вдовица без маж - се поднасмеа Андоница и веќе се растрча
да готви вечера за мили гости.
Преседоа до каде полноќ и ги нарамија пушките, та излегоа горе скала во
камењето. Толе е сиот среќен. - Охохо! Боа се вели слобода, а не како намо во градот, да не може човек да се
издише од луѓе -се протегна под една стена и задрема.
Предрема и Андон, а Стојче преседе на „стража", да варди да не се зададе некоја
потера од кон Слива.
Вечерта, Трајко Кулевски во Крушевица имаше гости. Мајка му на Толе веќе го
прежала, сина си, та немаше солзи да го дочека. Неговото отсуство од куќата уште ја
успокојуваше кога разбра дека се префрлил некаде преку турска граница. За тоа сега
кога го виде и се стори дека повторно роди син за кој треба да се грижи. - Мопе ми, кај вати, синко, жив ли си, здрав ли си? Ка не остави со Трајчето и
Велето сами, не се врати да не видиш! - проговори таа и го прегрна.
Толе се сневесели, се засрами и натажи во исто време. Навистина, голем грев
имаше спрема оваа куќа. Остави мајка, остави татко, жена и две деца и побегна со една
ороспија дури во невратилово, но се утеши дека ете пак го „милуал господ", го вратил
назад за да им се најде во секоја невоља. И си помисли:
„Не, не! Никогаш веќе нема да и остава. Хе Митра, ами света богородица да ме
вика оттука не мрднуам. Ќе се бора колку шо можа и Мариово не го оставам ошче еднаш
за нишчо на светот".
Се извиде и со татка си, ја изгледа и Ката, а кога ги виде децата веќе момчиња
крај неа, навистина му се расплака тврдото срце. - Како сте вие со сираците, мори чумо? -Ја праша Толе Ката и посегна да ги погали
децата, но овие се завртеа и се скрија зад мајка си. Како секое селско дете што се плаши
и срами од туѓ човек.
82
- Мопе, ами асли татко ви е пустињото оти бегате од него! -им проговори Ката на
децата, а нему му одговори: - Мопе, ами како сме! Ете, пораснаме, токо како без татко, како сме. - Еве го и татко ви, токо зошчо ви е кога не може да ви помогне! - одговори Толе
и ги викна децата кај него. - Седнете, де, седнете, добредошле! - ги канеше старата Андона и Стојчета -
Седнете, ослепаго, белки нема да нападне ноќеска никој. - Му се обрна на Андона, кого
го познаваше од порано. - Од каде вие другарот? Не го познавам, не дошол досега кај
нас. - Од Вепрчани су, мајче, Стојче ме викаат, од Трајковци - одговори сам Стојче. - Нека си жив, токо вардете се, синко, да не ве нагазат виа пци, да и дадите главите
безвреме, како браче Кулета, бог да ни го прости -рече старата и зашетка да притотви
нешто за вечера.
Како кај Андона во Дуње, така и кај Трајка во Крушевица, другарите Андон и
Стојче преседоа до кај полноќ. Толе прилегна со Катето и децата во познатото ќералче,
ги измилува повеќе децата отколку Ката, ја распраша да ли не и има престрамено некој
друг, но и од самата појава на Ката се убеди дека никој муабет не и прави. - Мопе, откако го окубате чорбаџиата Стевана, на сете му смрди да ме погледаат,
не да ми престрамат -го убеди Ката Толета во нејзината верност. - Е, арно, арно. Седи си ти тука со децата и со старите, јас дури су жив ќе ве
пригледуам, та откако ќе умра, шо знајте правите - беше последниот Толев збор со Ката.
Околу полноќ станаа сите тројца и уште пред зора го фатија врвот од Маргара.
Преденуваа над чешмичето во леската и уште во муграта ги нарамија пушките и
тргнаа кон Орле. - Ќе одиме вечер во Орле, - предложи Толе. - Тамо виа дни станала ѓурунтиа со
некои орленци и маковските бегови Белоперевци. Да видиме шо прават тие пци и шо да
му се праве. Безбели некого од орленци ќе најдеме да ни раскаже понатанко,
Уште над село втасаа еден пристар човечец со товарено магаре дрва. - Добровечер, чичко! - Дал ви бог добро, синко! - Шо правите, шо чините по Орле? - го праша Толе и оди ѕевгаречки со старецот. - Мопе, шо правиме синко, од кука нога -од камен глава, шо има да правиме. Си
и плачиме дните, санкин не гледате шо правиме! -почна да се оплакува старецот.
Од него Толе разбра дека Белоперевци ги дотерале нивните булуци на Орленско,
та не само што пасат низ синорот, ами и седбичката на сиромасите им ја упропастиле. - Ете -вели старецот - вој сиромашецот Најдо Бечко имаше по пресопта една
нивичка со 'рж, и пушчиле овчарите од Белоперевци тоа бравите, а завлекле, а истресле,
ни кутел сиромаот нема да земе од неа.
Тој пак и видел однекаде, отрчал со секирата -по врат на еден два брава, и кутнал
на место. Мѕ се загнале овчарите да го тепаат ама тој јунак, му а навртил секирата, та и
83
еден од овчарите кутнал наместо и еве ти беља на целото село. Најдо избега, се крио
некаде, а тиа, не можејќи да го ватат него, токо го стегаат селото: ,.Ја батакчиата да го
предадите, ја да го платите човеко
И така, виа дни сете селани беа печесдена држани во Маково, некои ошче се тамо;
маки, бељи. Ете како живејме -заврши старецот. -Ами вие каде одите вака по мракот. - А бре, каде одиме. И ние ќе го побараме Најда, да видиме шо направил тој
пезевенк -му одговори Толе. - Лебами, зорт да го најдете. Селото реши да не го предава, та којзнае дали ќе ви
го кажат. Ами кој сте вие, некој туџари да не сте? - пак праша старецот. - Туџари, сме, туџари. Го бараме Најда да ни и продаде бравите од Бедоперевци -
се пошегува Толе и веќе го наближија селото. - Ами кај ќе одите на конак, имате ли некој пријател в село? Или повелете да си
лежиме кај мене. Еве, ваа е моата кула -заврши дедот, втерувајќи го магарчето во едно
одградено двориште. - А бре сполај ти, чичко, токо којзнае дали и тебе Белоперевци не ќе те врзат ако
дојдиме кај тебе.
На дедот му стана чудно. - Зошчо да ме врзат? Зар вие сте толку лоши?
Толе се реши да му се кажат кои се. - Мопе, лоши, чичко. И лоши сме за лошите, и арни -за арните. Баш кога не каниш -да не ти одречиме. И така немаме некои пријатели во Орле. Ако милуваш да не
прибереш да преноќеваме, арно ќе сториш. Ама ќе ни го најдеш и Најда, а? му шепна
Толе на ушето и застана на едната страна на магарето да го растоварат со дедот.
Дедот се присети па го изгледа внимателно Толета и неговите двајца другари. Мѕ
ги завитка ортомите на магарето и го пушти да скубне некој трн по дворот. - Повелете, де, повелете дома! - ги покани и почна да вика. - Бабо мори, Стојно, Стојно мори? Кај вати, в реката да појдеш? -Мопе, за кодење
се виа жените -се обрна кон Толета и сам ги поведе, та им даде столчиња под тремчето. - Седнете, добредошле. Седнете, кој да сте, мој касмет сте ноќеска, -Хе берете
гајле, нишчо лошо не иде кај мене на краот.
Седнаа сите тројца на подадените столчиња, а дедот се навали до дирекот. - Да а почекаме, може ошче не е дојдена од копање.
И навистина по некоја и друга минута си дојде и бабата. - Мори ајде, стара, кај си, госје ни донесе господ, отварај, барај вечера - ѓоамити
и се врекна стариот. - Мопе ми кај су, зар не знајш, на работа -одговори старата и отвори, та си влезе
дома. - Е кој сте де, кај одите, зошто ви е Најдо, кажете си го алот, да знам; и јас белки
ќе можа да помогна со нешчо, ако су стар.
84
- А бре, да ти кажеме лели сме ти дошле в куќи -одговори Толе. - Јас цѕ Толе од Крушевица, тој арамиата, ако си слушнал за него.
Дедот се исправи простум. - Ти си Толе Паша шо те викаат? - Ја су, дедо, целиот Толе Паша, а виа ми се другари. Сега знајш зошчо го барам
Најда, лели? - Е, е, е! Разбирам. Токо, којзнае дали ќе го најдеме. Многу е заплашен, сирома,
да не падне во рацете на ниа пци во Маково. Ама лели те донесе господ тебе, веруам
оти ќе ти се каже. Поседете вие со бабата, да вида јас дали ќе направа работа. -Заврши
старецот и викна. - Кај вати мори стара? Ајде, барај нешчо вечеричка за луѓето. Јас ќе појда до Ѓурѓа
наша за еден час. - и излезе низ дворот
Толе токму беше удрил на дедот Волчета Мијов, дедо му на Најда, бидејќи
Најдовица му беше ќерка на Волчета. И кога Толе му се кажа, Волче се израдува и си
рече: „Ајде, белки има касмет да а спасе главата" - и со трчање отиде кај ќерка си.
Кога и раскажа каква е работата, таа ништо не проговори, се издиши длабоко и
му рече да почека дури да се врати да му каже.
Најдо се криеше во јамата на стрика му Петрета Бечка, но освен стрина му и Ѓурѓа
никој друг не го знаеше.
Ѓурѓа и жугна на стрина си, оваа влезе дома, отиде долни крај и поткрена една
штица од јаслите. Се направи отвор и од јамата излезе Најдо, жолт како пламенот од
кандилото што го носеше стрина му Петревица.
Влезе и Ѓурѓа и му објасни дека некој гостин кај татка и го барал. Рекол тој дека
ќе му помогне ако се стави со него. - Кој е тој непознат човек шо сака да ми помогне? -праша Најдо и се протегна да
ги размрда мускулите, да му се раздвижи крвта, бидејќи ете, неколку дена како лежи во
темната јама без воздух, без светлина, бетер од оние во прилепскиот затвор и во
Катилане во Битола.
Влезе и дедот Волче и му го кажа името на човекот што го бара. - Толе Паша?! -Извикна Најдо и го прегрна деда си Волчета. -Од каде тој разбрал
за мене? Кој му кажа, кога дојде, кај го најде ти? -Зареди Најдо да прашува, сиот
растревожен и радосен. - Е, сполај му на господ. Лели тој 'рслан допрел до нашето село,
белки ќе има некој спасибог. Ајде, ајде да одиме да го вида! И тргна Најдо со деда си, а
по нив и жената му Ѓурѓа.
Уште патема дедот Волче му објасни како случајно го втасале над село тројца
луѓе и како ги поканил на конак без да знае кои се тие. - И ете, се погодиле баш тие шо требе -рече радосно Најдо. - Какви се? Шо носат? Пушки, пишчоли, бумби? -праша Најдо, не можејќи да се
стрпи сам да ги види.
85
- Пушки носат, и виду под тоа сакмите, та друго не знам -одговараше дедот Волче
и веќе влегоа во одградениот негов двор.
Под тремчето седеа тројцата луѓе како што ги остави дедот Волче, но кога видоа
дека преку двор идат три четворица тие станаа од столчињата и едниот тргна преку двор
кон овие што идеа, а двајцата го фатија ќошот од Волчевата куќа. - Ние сме, ние, не берете гајле -се јави дедот Волче и се стави со тој што тргна
кон нив. - Еве го, бре зетче; вој рече оти е Толе Паша од Крушевица, та тој ли е или ме
матна да те предада, ете го него, ете те тебе. Ако се некои потерџии -расправај се ти
сега со ниј.
Толе го изгледа дедот Волчета малку попреку, но во темницата овој не го
забележи. - Јас су, Најдо, јас су Толе од Крушевица, ако си слушал за мене. Ич не бери гајле.
Ни су бил потерџиа ни ќе бида.
Најдо се ракува со Толета и појдоа пак под тремчето.
Толе ги викна со знак другарите и тие се вратија и изнаседнаа на столчињата како
порано.
Најдо се поздрави со Андона и со Стојчета и во кратко си ја исприкажа маката. - Ако ме ватат Белоперевци, 'Рслановци, Раиф и Малибег, коска здрава не ќе
остават од мене. Јас, ете, каде се криа петшест дена и нема предавање на ниј. Ако е
кабил да ме земете со вас. Анџак господ ве донесе како да нарачуа по вас. - Отворено
рече Најдо и го запре здивот за да го слушне одговорот од кој зависеше неговиот живот. - А бре, да те земиме, ама којзнае дали ќе можиш да го тргаш нашиот живот - рече
Толе. - Ете, ние сме тргнале по ѓаволот, та ногу ногу на господ не се ни надеваме. Та и
ти. Ако можиш да скиташ со нас по планините, да бркаш и да бегаш, де бакалум! Кај
тројца нека бидеме четворица. - А бре, јас а кладу главата в торба ошче кога локна нивна крв, та сега ваша бога,
ваша душа. Ако не ме приберете вие, ќе ме јадат тиа пци ошче безвреме. Токо јас сакам
да оплескам баре ошче неколку такви, та иако оди моата најпосле - изговори со натажен
глас Најдо. - Ајде да видеме шо машко ќе излезиш! - се согласи Толе и го праша: - Имаш ли пусат, шо било, или ќе треба да земам од некој заптиа. - Имам едно старо шејшане - одговори Најдо. - Шејшане, шејшане, само да не си голорак. Потака ќе видиме да најдеме некое
поасолно.
Дури се водеше овој разговор под тремот баба Волчевица направи вечеричка,
Ѓурѓа ја изнесе софрата и тука, под тремот, по месечина, седнаа та повечераа сите седум
души.
Кога бабата предложи да им постели за спиење, Толе одби и рече дека ќе спијат
некаде надвор од селото, бидејќи таков им е занаетот. А Најда го натера да си го земе
шејшането, сакма и некој залаг леб.
86
Најдо си отиде дома со Ѓурѓа, си ја зеде козинавата сакма, го извади шејшането
од сурмето на големата врата, се избакна со Ѓурѓа и дојде кај деда си Волчета, каде и се
придружи на Толевата чета. - Е, седи со здравје, дедо Волче. Благодариме на пречекот - се поздрави Толе со
домаќинот и тргна напред како вистински паша пред „многубројната" војска.
Се поздравија и Андон и Стојче. Баба Волчевица го избакна Најда и со едно „ајте
ми со здравје, господ да ве чува" и со солзи на очите, ги испрати идните војводи.
Уште на сто - двесте метра од селото Толе седна на еден камен над патот. - Е, Најдо, ела сега да ни кажиш шо направи та шо те поткачиа Белоперевци,
'Рслановци и други пезевенци бегови.
Најдо му го повтори она што им го кажа дедот Волче при влегувањето и се
наостри за одмазда. - Е шо мислиш да му правиме на тие пци? - го праша Толе за негово мислење и
план.
Е шо мисла? Јас шо мисла да им го даде господ ошче ноќеска! Да изгорат сете
како глувци сакам. Ама, ах, шо не ми стига , рака да;му го направа!
Зошчо не ти стига рака? Хе ти ваќа ќибритот? - го праша потсмешливо Толе. ;Ако
сакаш да изгорат, де бакалум, ене и во Маково. Сега се заспани, ајде да му влеземе и да
и запалиме. Баре таа не е тешка работа. Ќе му дадеме еден оген на копите, на трлата,
говедарниците околу куќите, и ете ти и печени, како шо и сакаш.
Најдо ги ококори очите и ги рашири носните дупки, та почна брзо да дише.
Срцето му затропа силно и рипна на нозе. - Аман де! Ако го сторите тоа, дури тогаш твоето име ќе остане вечно. - Не ако го сторите, ами ако го сториме, речи. Ете, и ти си сега со нас. Зар ти не
ќе идеш со нас да го сториме тоа? - Го поправи Толе. - Како, џанум, не ќе су идел? Збор ли е тоа? Анџак јас вриа на ниј, а не ќе су идел,
ами реку: вие дали ќе дојдите. - Кога велиш ти и ние ќе велиме, кога ќе велиме ние и ти ќе велиш. Така ли е
другари? -се обрна Толе кон Андома и Стојчета. - Ние сме кинисале дружина и шо ќе рече еден - ќе речеме сете - потврди Андон. - Е, тогаш стегајте се Да и огрејме маковчани ноќеска - просто нареди Толе.
Најдо се израдува што така бргу ќе му се исполни желбата да си одмазди за нивата
и маките во јамата од стрика му. - Јас -рече - ќе ода напред. Го познавам дворот и гумното ногу убаво и секаде каде
треба оген клавање, јас ќе го клада. Вие само да му припукате на другата страна од
гумното за да не ме забележат мене кога ќе пала. - Ногу арно - потврди Толе. - А каде ќе се најдиме после свршената работа? - Јас вела во Брник да накачиме. Имам тамо светијован - Трајко Кралот, тој ќе не
засолни во прво време - одговори Најдо.
87
Тргнаа право за Маково. Над селото ги проверија пушките. Најдо го зеде
кибритот од Андона и ги одведе до гумното од Белоперевци.
На кулата светкаше слаба светлост од едно прозорче.
Пците ги осетија стапките и потрчаа кон нив, но тие се затаија и пците се вратија
назад, лаејќи на ветар.
Најдо, покрај ѕид, се заврте од спротивната страна и се добра до првата копа
слама.
Толе, со Андона и Стојчета, фати метериз крај калето, што ја одделуваше кулата
од патот. И таман дочекаа време да појде Најдо на другата страна, Толе се накашла и
тропна на камењето, тапците пак се фтурија кон нив.
Од прозорчето се слушна гласот на стопанот. - У бре, ач, Тут Караман, Шарко, Ѓурѓо! - ги нареди сите имиња на кучињата.
Во тој момент Толе нанишани во отворениот прозорец и тргна со манлихерата, за
првпат откако ја купија со Јована. Крушумот удри во горното черчеве, го проби дрвото
и се сплеска во каменот зад него. - А така ли е работата? Се провикна глас од одајата и се угаси светлината.
Во кулата се направи збрка. Велоперевци, едни од многуте лоши Турци со
христијанско презиме, беа цел табор од браќа, братучеди, внуци и стрикови, та секогаш
по еден беше на штрек, додека другите спиеја. И не требаше многу време да се разбудат
и да ги фатат метеризите во кулата. Толе повтори, потрети. Се слушна Андоновата и
Стојчевата мартинка и се заврза борба.
Толе и другарите знаеја дека Белоперевата кула е добро вардена и не мислеа да
влегуваат во неа, но требаше Најдо да си ја сврши работата. И успеаја.
Најдо од другата страна ја потпали копата, им појде на трлото и говедарникот, та
им запна по една свивка запалена слама, а потоа и на кошарата во која што спиеја
чифчиите.
Жените и децата припиштеа кога видоа дека гори куќата и летнаа да бегаат надвор
од дворот.
Пците, осветлени веќе од пламенот што го зафати копата, говедарникот и трлото,
исплашени од пушките, се изнапикаа под амбарите, некои избегаа надвор од дворот.
Најдо фати пусија на другата страна, над кошарата што гореше. И кога се
распламтеа сите запалени сосови, тој виде како се отвара вратата од кулата. Плашејќи
се да не излезат агите да го угасат огнот, му запна еден истрел од шејшането на тој што
ја отвори вратата. - Ах анани... ана! -се слушна остар глас и вратата се затвори.
Покрај ѕид, над кула, Најдо се префрли на источната страна откаде стрелаа
другарите и со едно -„у хахааа!" им даде знак дека треба да ги напуштат позициите.
Огнот толку се распламте, што целото село светна. За такциратот на соседите од
Белоперевци, дувна едно ветерче откаде Смечот, та искрите од запалените сосови ги
потфатија и блиските копи и кошари.
88
Целото село стана на нога и гледаше како горат Белоперевци. Турците почнаа да
стрелаат на ветар, а христијаните да кршат прсти и да се жалат, оти утре ќе ги јадат овие
„пци".
Толе со другарите го слушна Најда и со последната пушка му викна на тие што
стрелаа од кулата. - Не арчете си фишеците, ќе ви требат за утревечер! -и преку огради го фатија
сите тројца долот, та прејдоа наспоред, во растот, да гледаат што прават агите. Го видоа
и Најда по нивната трага и уште тука се собраа сите четворица.
Агите долго не смееја да излезат од кулата, та ништо не презедоа да се спречи
пожарот. Само чифчиите и комшиите фрлија по некој и друг котел вода, но и тие се
насладуваа на пожарот.
Жртви не паднаа ни од едната ни другата страна, освен Најдо со шејшането што
го закачи Раифа Белоперевски во рамото кога ја отвори вратата, но и тоа беше плитко
за да може нешто посериозно да предизвика. - Бак, бак, бак, дигна глава рајата, ќе расипит раатот наш! - му се жалеше Адем
утредента на маковските чифлигари. - Гледате, ако не беше кулата здрав ќе печеа, зарем,
како глувци. - А опе, не сиот раја лош, бре, - одговараше Уско - и во неа има добри луѓе, ама
ете имат некои и пезевенци. Жими вера, ако не требит царката тие лошите, којзнае до
каде ќе дотераме! - се опреа сите на помошта од „царката" и се растрчаа по сите уќумати
по Битола - Прилеп, да чинит абер за нападот на Белоперевци.
Следењето им влезе во трагите на напаѓачите.
Кој беше, што беше, се разбра, дека тој пезевенк, Толе Паша, што ги плени
бравите на Велиага од Црничани пак се вратил, Валијата и Фазлибеј, пашата, уште за
малку што не ги удри дамла. - Е, многу лоши луѓе имат, многу, ама како тој, не излегол уште во нашата
царштина -, рече Фазлибеј, замислен пред валијата. - Ами чаре? -се прашаа двајцата властодршци и крепоземци на битолскиот вилает. - Чаре! ќе се требит, само ќе дадит мака на аскерот, -со сигурност одговараше
пашата, - и пак нареди авџи табури да заминат за Мариово.
Најдо ги одведе другарите уште ноќта во Брник кај светијованот Трајка. На
нивното тропање Трајко излезе со навртена мартинка, но го позна Најда по гласот, та
се смири.
Кога го виде Толе овој џин за малку што не му се поклони. Трајко беше обдарен
со снага. Крупен, висок и развиен. Црната коса на големата глава стоеше како руно,
шарените биволски очи влеваа страв на секого што ќе го погледаа, црните мустаќи му
ги покриваа дебелите усти и висеа надолу како два пискула од црвени кочани, а во
устата се гледаа големите бели заби. Засуканите ракави ги покажуваа неговите црни
раце, кои со ништо не се разликуваа од Најдовите нозе над колената, а широките гради,
обраснати со црна коса, личеа на мечкини плеќи, накострешени при напад. И двете нозе
беа достатно дебели за да можат да го крепат и носат ова џиновско тело.
89
Во таков Трајко, во неговите силни раце, Толе ја виде долгата берданка како
пукало од бозеј во рацете на осмогодишно дете и навистина го обзеде, за првпат, страв
од човек.
„Е, вој е за нас" -си помисли Толе. - ако можа него да го прибера со мене не се
плаша од целата пашина војска. Трајко ги прибра гостите дома, убедувајќи и дека нема
никаква „смрдеа" во нивното село и се постави како домаќин -да пречека мили гости.
Тој го знаеше случајот со Најда, ги слушна и пушките во Маково, та не му беше
тешко да погоди дека сето тоа е нивна работа. - Ама и запржалите Раимовци во Маково, како ми се чини - се обрна Трајко кон
Најда. - А бре и запржиме, ама останаа недопржени -му одговори Најдо. - Нека се живи
другарчињата, ќе и допржалиме дореда. - Ами, кој се, Наце, од кај се вие другари со тебе?
Најдо со гордост одговори: - Ами кој се. Голема среќа су имал јас, бре Ташо. Сношчи и донесе господ, сполај
му, од каде Маргара. Вој е нашиот војвода Толе Паша од Крушевица. Сигурно си
слушал за него.
Трајко одеднаш се поднаведе, подавајќи му ја раката на Толета и извикна: - Толе Паша? А бре ми как да не су чул? За горскиот паша кој не слушнал во цел
битолски валилак, та остави во Мариово? - Добредојде, Толе, добредојде, пашо! Откаде на моата куќа волкава чест? - се
поздрави Трајко со Толета, му ја стисна цврсто раката и Толе ја осети целата негова
сила. - Добренајду, Трајко, добренајду, токо ногу на високо ме кревате вие со Најда,
одговори Толе и пак почна да се занимава со мислата како да го прибере Трајка со него.
Но пак продолжи. - Ами, како сте вие по Брник ваш, со Раиф ефендиа? Не и пушчаат ли
неговите овчари овците по вашите ниви? -сакајќи да разбере како е расположен тој
спрема Турците. - А бре, како поминуаме, Толе... како пците на Василица, како ќе поминуаме. Тиа
удри, ние веди грбовите, ете како, како сета раја во Турцко -одговори Трајко со глас на
покорниот роб. - Е, оти да го ведите грбот, бре Трајче? Тој ли грб е за ведење, бре брату! - и го
изгледа пак Трајка од пети до глава. - А бре, ми оти... Ете оти: царшчината е нивна, нивна е и силата. Не гледаш? А
некој нешчо мрдни, триста потери ќе втасаат од сете страни. Ете оти. Арно ти си се
решил и си му се спротивил. Ете и каде и пржиш понекаде, ами ние шо да му правиме!
Не вјанале, ќе и носиме како магарето самарот, шо се вели. - Не си прав -му одговори Толе. -Луѓето со таква сила и здравје не треба да го
ведат својот јак грб. Врати му се еднаш, да видиш како ќе дуваат и ќе бегаат - го куражи
Толе.
90
-Е море, сете не можат тоа да го сторат, та кога би го сториле, белки и агите ќе си
и пособерат пашките -пак Трајко одговори, осеќајќи се понижен пред овој горски паша.
„Ќе си дојиш и ти кај мене -си мислеше Толе -токо дури кога ќе ти и понамести
коските Раиф ефендија"! - и го сврте разговорот во друг правец.
Трајко ги пречека гостите домаќински и уште околу полноќ ги испрати горе
Смечот, за да им однесе по три дни леб со магарето и да си набере дрва.
Од врвот на Смечот Толе и другарите ги забележија потерите од Фазлибеј, кои
преку Ореовска и Црничка пресоп навртоа долу Маково, Рапеш, Брник да ги бараат
џелатите.
Мулазимот Рифат - ефендија кондиса со педесет души аскер во Брник и немаше
ден да не се печеа два три брави, десетици кокошки, стотици јајца, котли со алви, за да
се избегнат зулумите од овој катил забит.
Но и покрај тие „честења" катилот си остана катил.
Тој инстинктивно осеќаше дека тука има трага од џелатите и треба да ја најде по
секоја цена.
Селото го држеше сардисано и само со негово разрешение можеше некој да излезе
и влезе, а секој ден тепаше барем по еден двајца селани да ги кажат комитите.
Од еден до друг селанец, дојде редот и на Трајка да биде распрашан. А тоа
„распрашан" значеше да изеде сто оки ќотек. И кога го побара коџабашијата Митре, и
му кажа дека го вика мулазимот Рифат, Трајко му од овори: - Еве, да си и преобуа пинците, ќе дојда. - А во умот му дојдоа сите Толеви
зборови.
Коџабашијата отиде да викне друг селанец, а Трајко навистина си ги преобу
опинците, си го престегна и ременот, та си кладе едно парче леб во пазувата, си ја најде
мартинката, и потпирајќи се на неа, како на ластагарка, тргна од дома, но место кај
мулазимот, тој го фати долот, нагоре од селото, и преку дрезгите се измушна на крајот
на селото.
Стражарот беше завртен на другата страна, а Трајко му ја наврте мартинката и
тргна право кон него. Во три четири чекори беше до него на пет шест метра; и кога овој
се заврте и го виде, нозете му се затресоа, забите почнаа да му штракаат, а гласот му се
зеде. Сакаше да ја симне пушката од рамото, но рацете не се потчинуваа на наредбата
од мозокот. Тој застана со втренчени очи во Трајка и почна нешто да мрмори. - Ааааман ѓаур ефенди, аман „бенде кусур деил ич бише (Јас не сум крив за
ништо) - и просто се тргна на земја, та ја фати ќелавата глава со двете раце за да ја
заштити од идните удари, што ги очекуваше од Трајка.
Трајко беше сигурен дека ќе го совлада стражарот, но не претполагаше дека тоа
ќе биде толку лесна работа. Најмногу го тревожеше мислата дека ќе треба да пука, та
истрелот ќе го открие и ќе си има расправија денеска со целото потерно одделение. Но
самиот стражар, ете, му ја олесни целата работа.
Како рис му се фрли на легнатиот војник, го јавна и го грабна со двете раце за
врат.
91
Хе требаше многу да го држи. Танкиот врат на измачениот султанов војник не го
издржа ни првото стегање. Скрцнаа прешлените на вратот и се одвоија еден од друг, и
кога Трајко го исправи да го грабне за гркланот, виде дека нема потреба да го прави тој
замет. Главата се обеси на градникот и тој ги виде двете испапнати очи на војникот.
За секој случај уште го стискаше, сега за гуша, и ги стискаше повеќе забите од
рацете.
По една две минути се увери дека навистина жртвата е безопасна. Го пушти на
земја, му ја одметна маузерата, му ги сопаша коланите со најголема брзина и го остави
трупот, со желба да му се поврати животот на овој маченик, мислејќи дека навистина и
тој умира за сметка на беговите, пашите и султанот.
Хо неговите 'рслански шепи му ја извадија душата и тој не мрдна веќе, како што
не мрдна ни овчарот од Белоперевци по Најдовиот удар со секирата.
Трајко ги нарами двете пушки -неговата мартинка и маузерката, лаласките со
фишеците, та уште со време го фати Смечот. Го најде Толета со четата и му се
придружи.
Толе го виде со две пушки и му се израдува до лудило. - Е, така те сакам, да ми дојдеш како јунак, а не да го ведиш грбот - го пречека тој
уште оддалеку и се стрчна, та го прегрна и се избакнаа.
Се избакна Трајко и со Андона, Стојчета и Најда и во кратко им го исприкажа
денешниот настан. - Бравос, бравос по сто, илјадапати, бравос! -се восхитуваше Толе од Трајковиот
подвиг. -Е, сега, јас ти се предавам тебе, Толе Паша. Ти си мојот бег, ти си мојот господар,
ти си мојот султан. Кажувај шо да права! Или ме неќиш со твоата дружина? - рече
натажено Трајко.
Толе пак го прегрна и долго го задржа во својата прегратка. Во тој Толев гест
беше одговорот на последните Трајкови зборови и тој го почувствува со целата душа. - Ајде, ајде, тука му е местото на сете како тебе. Шо е тоа збор „те неќу?" И да
знајш, јас не су ти ни паша, ни господар, ни султан. Јас су твој другар, како шо си ти
мој. Така ако кандисуаш, ела со нас, инаку најстина те неќу. Ако сакаш ти паши,
господари, султани, имаш тамо долу безброј, ама јас знам, дека и ти, како нас, и мразиш
ниј, затоа дојде -заврши Толе и ги праша сите четворица каде да се истават ноќеска за
да не ги намириса потерата утре. - Секако ќе требе да се иставиме малку подалечку одовде -предложи Стојче и
намекна да преминат пак кон неговото Вепрчани. - Не ќе биде згодно ни тамо -одговори Андон. - Ете, оттаму ти киниса, можат да
помислат оти и јас тамо се врткам, та не ќе бидиме ногу сигурни. Ами да бараме некој
друг крај. - Добро, -вели Толе. -Јас се согласувам и вела да прејдиме преку Црна. Ете, јас
имам пријатели по Старо Мариово, во П'чишча, Витолишча, ама и тамо не имаат
намирисано. Затоа ние сега ќе прејдиме во Бзовиќ, Старавина, Градешница, а ако
92
видиме некој јак зорт можеме да преврлиме и до Пожарско, Баово и долу Караџова,
додека помине потерата - предложи Толе и сите прифатија.
14.
Околу стари вечери сите петмина веќе навртоа над Рапеш, но не сакаа да му се
кажуваат на никого, за да не го откријат правецот на движењето.
Ја поминаа и Црна, та го фатија орманот и накачија гопе на Голем Врв, над
Груништа, каде преденуваа.
Вечерта, уште во муграта навртоа долу Дуков Рид и седнаа над лат во царевката
на Мијаковци, бидејќи слушнаа глае одзад нив.
Не поминаа ни петдесет минути, се зададе човек со две магариња сено товарени. - Вој е нашиот к'смет вечер -рече Толе и слезе од царевката на патот. Ги пропушти
магарињата да поминат и му рече „добровечер" на терачот. - Дал ти бог добро! -одговори тој и му се запули на Толета за да види кој е. Го
изгледа убаво, ама кога не го позна, позастана пред него и го праша кој е и каде оди.
Се повтори оној ист разговор што го водеше Толе со дедот Волчета Мијов над
Орле, со еден исклучок што не му кажа веднаш кој е, ами го матна со друго име и оди
да бара некое добитче да купи по овие села.
На педесет сто метра ги настигааа другарите и секој за себе го поздрави човекот
со „добровечер".
Тодор Кикирезовски -така се викаше терачот на магарињата -им одговори на сите
и се позачуди, гледајќи ги наметнатите сакми, а го позна Трајка и го виде со пушка на
рамото, но не му стана чудно, бидејќи Трајко секогаш носеше пушка, а во темницата не
можеше да ја познае што пушка е. - Мопе, каде Тодоре, вака по мракот? -почна Трајко разговор со Тодора. - Мопе ми каде... лели су и јас едно парче работник, стопанка му. Ете, ода, работа,"
сака куќа да гледам - одговори Тодор и запраша: - Ами ти каде вака со другарите? Шо волку доцна? - Ете и ние предоме ваки; по некое добитче, ако најдиме; сакаат виа браќа да си
купат, та ме зедоа со ниј дружина -потврди и Трајко она што го рече Толе, бидејќи го
слушаше Толевиот разговор со Тодора. - Е, добро, добро. Ќе најдиме добици, стопанка му, ете анџак утре е недела, луѓето
ќе се приберат од работа -одговори Тодор и веќе се приближија до кладенецот кај
гумната над село.
Тодор беше земјоделец и по малку туџарка, џамбас, та веднаш си скрои план:
„Ќе и зема вечер кај мене и утре ќе му кажа кај има за продавање добитци, белим
ќе капне некој черек и друг. Ако нишчо друго, пијалокот ќе излезе" - и со таа мисла ги
покани гостите со се срце.
Без да покажат и најмала тревога, гостите се запатија кон Тодоровата куќа, која
сега не беше на крајот, како дедо Волчевата, туку токму на сретсело.
93
Во секоја куќа светеше борина, шеткаа жени низ куќи, ги растовараа мажите
добиците со сено, трева, дрва; се прибираа аргати од работа.
Кулата од Јована Сивев светеше и на чардакот седеа околу масата чорбаџијата
Сиве, шура му Тоше Нале, зет му Митре Најдов, даскалот Димо Гулушов, битолскиот
чорбаџија Данабаш и стариот Арсланбеј мудурот од Витолиште, со еден заптија.
Убавата летна вечер им го правеше животот весел и тие знаеја да ја исползуваат
и својата висока општествена положба, и убавата јасна летна вечер, осветлена од
полната месечина, украсена со смевот и кикотот на убавите старавински моми,
насобрани на чешмата пред кулата.
На чардакот, боса по алови чорапи, во нова алова мариовска носија, со срмени
кистови, скопци, павти, решмиња и гушниче од петолирки, ги служеше Сивевите гости
убавата Велика Бендерова, чиј што маж, Митре Бендеров, беше вечен момок кај Сивета,
зарди нејзината младост и убавина.
И тој верно и предано му служеше на господарот, без обѕир на тоа што Велика
спиеше со него на двете недели еднаш. Тој беше доволен и од тој редок оброк, Велика
да биде негова макар и на една -две недели, и да си живее во изобилие, отколку да
мизерува и без никаква женичка.
Ете зошто тој се согласи уште пред три четири години да ја земе Сивевата
посестрима Велика за жена, та да си остане доживотен момок кај Сивета.
И ене го сета, како Велика предано што го служи чорбаџи Сивета и неговите
„одбор" гости, така и тој го врти јагнето на раженот во градината, на оган од лозови
прачки, наполнето со ориз и суво грозје.
На чардакот се слушаше смев, висок разговор, а потоа ѕвекна Сивевата тамбура
на две жици.
Со неа Јован го развеселуваше друштвото, поправо ја отвараше веселбата. Не
знаеше да свири убаво како колџијата Сула или како шура му Тошета, но редот го
носеше, како домаќин, прв да почне. И секогаш ја почнуваше истата песна, единствена
што ја знаеше:
„Мори, пијан идам од града, Велико мори,
Сретнав моме в ливада
Сен ѓузел, Вецо, на коњ трева береше..."
Оваа песна Сиве научи да ја свири и да ја пее кога се вљуби во Велика и му остана
до живживоти единствена - омилена.
И вечерва, кога ја засвире, и се испули на Веца во убавото бело лице, се сети за
првите љубовни приклученија, та се издиши длабоко. - Тури мори, Вецо, да се напиеме; нека пукнат душманите, нека се радуваат
пријатели! -заповеда чорбаџи Сиве и посегна да ја земе чашата од дизгот. Сакаше да ја
потфати за левиот образ, но таа му направи ишарет со глава, покажувајќи му ги мудурот
и заптијата, и тој ја тргна раката. Се сети дека ќе предизвика апетит кај стариот мудур
и заптијата, та ќе треба да си има расправија ако посегаат и тие да ја потштипнат.
Ги изреди Велика сите гости со дизгот; се напија по една, две, три ракии, којзнае
колку беа, та се распиштолија и настроија за џумбус и веселба.
94
Од чешмата пак се слушнаа пискавите гласови на водарките. - Ахахаааа и хи! - Види, види ка се запалиле Сивевци вечерва! - проговори гласно Марија
Милетова, една од убавите, но и „улави" старавински моми.
Тоше му ја зеде тамбурата на Јована и удри да свири за своја сметка.
Како Јован што беше мерактисан на Велика Бендерова, така и Тоше ја имаше
„обесено пушката" кај Митра Мачкарова во Градешница, но тој немаше кураж да ја
прибере Митра кај себе, бидејќи нејзиниот Трајко не сакаше да му служи под тие
услови, под кои Митре Бендерот му служеше на Зована Сивев.
Во големата љубовна желба Тоше сам испеа песна за сиромашката Митра, со која
песна ја жалеше и молеше да му се предаде.
И сега, ете го, пак со таа песна ќе почне.
Ја проба тамбурата дали е нагласена, ги понаплука бургиите што ги стегаа
теловите, засвири и викна да пее:
Отруј се, отруј, Мишо, мори,
Зошто да си жива!
Ајде, фудул Митро, мори,
При твојата мака...
Но како нож му го параше срцето нејзиниот одговор, кој беше го поместил самиот
Тоше во последниот стих и тој со натажен глас го заврши.
Врви си по патот, лудо, море.
Мене не задевај!
Ајде, лудо младо, море,
Крши си го вратот!
При последните негови зборови Марија пак се провикна од чешмата толку силно,
та се слушна на кулата многу убаво. - О ох! -Сирома Тоше, изгоре за пуста Миша ама на! - И сите водарки пак
извикнаа; та одекна реката во ноќната тишина, а неколку кучиња залааја на крајот на
селото.
***
Тодор ги доведе гостите дома, го растовари сеното и се распореди за вечера.
Им донесе столчиња под тремот и тие изнаседнаа да се одморат од „долгиот" пат.
За кратко време селото се смири светлината угасна, та во таа тишина се слушаа не само
песните од Сивевата кула и извиците на водарките, туку и секој збор што се
изговоруваше на кулата.
Толе разбра дека кај Сивета има гости, но разбра дека меѓу тие гости има и
некрстени - Турци. На 'рсланот му замириса пресно месо и се наежи.
95
Секој слушнат турски збор од кулата му ја буричкаше бујната природа и можеше
уште истиот момент да се најде на кулата и да се расправа со агите и нивните ортаци:
Сивевци, Тошевци, Данабашовци, на нему својствениот начин.
Но требаше да се притрпи за да разбере од домаќинот Тодора каква е положбата,
колку Турци се, кои се, кај одат и што бараат. Требаше да разбере да не е некое од
потерните одделенија на Фазлибеј, кое токму него го бара, та да си има главоболија во
непознато место. Да беше во Полчишта не им се плашеше, но овде сепак. треба да се
позасолни, ако не за себе, барем за тројцата другари, што беа „тазе" комити.
Затоа Толе се воздржуваше и не даваше знак на возбуда.
Уште пред да се стави софрата Толе поддена разговор со Тодора за најобични
работи: дали ќе најдат некое добитче да купат; како се со цена, како е сеното, седбата,
овците итн., додека една голема врева од кудата не им го обрна вниманието, та Толе го
праша Тодора: - Кој се ниа тамо, шо се смеат толку цела вечер? - Ами кој се... Чорбаџијата Јован Сивев секоа вечер има госје, кој ќе биде друг!
Слушаш како беснеат? Треба да има и некои од агите, ете, се слуша и турцки! -одговори
Тодор и му запна една псовка на адреса на нивните жени. - Ами, има некој аскер виа дни во вашето село! -праша пак Толе. - До сабајле немаше аскер, не разбра јас, та денеска ако дошол нешчо!... лели
гледаш, јас со вас си дојду, не знам.. Ако ве интересуа можа да ода до Сивевци да
разбера - предложи Тодор. - А бре, да не има некои потери да си а земиме бељата, лели знајш: денеска дури
да се разбериш - си го окркал ќотекот. Та ако има нешчо, да си излеземе утре сабајле по
совреме, како шо влеговме вечерва.
Ова „да си излеземе" го растревожи Тодора, бидејќи му се расипуваше планот со
пазарлакот, та ќе му се слизнат некој и друг черек, или барем пијалокот, та стана и тргна
кон Сивевата кула. - Поседите вие дури да втаса вечерата, а јас ќе вида шо има - шо нема в село - рече
и слезе долу до кај кулата.
Во градината зад кулата Митре Бендерот го вртеше јагнето и го пробаше дали е
печено. Тодор му се приближи и заподена разговор. - Пак со чорбаџиата печете јагне. Сигурно некои мили госје имате? - го праша
Тодор Митрета. - Мопе, нели има јагниња, госје колку сакаш -со гордост одговори Бендерот,
небарем тој беше самиот чорбаџија Сиве, иди, во најмала рака, неговиот наследник. - Ами, кој се госјето, бре Мице? -го праша Тодор.
Митре му ги наброја Сивевите „мили" гости и Тодор разбра дека никаков аскер
нема в село, бидејќи, ако го имаше, забитот сигурно ќе беше Сивев гостин. - Дошол Арсланбеј, мудурот од Витолишча, да види џекои давии на селаните и да
се прошета, а со него само Селимчауш и еден заптиа, ама Селим отиде вечерва во
96
Градешница, та мудурот остана гостин на Сивета само со заптиата -му објасни Бендерот
на Тодора и овој си тргна, та отиде да ги утеши своите гости.
Толе го ислуша убаво, убаво, Тодора и му рече: - Како би било да му бидеме и ние госје вечерва на чорбаџи Сивета? - Како, џанум, госје на Сивета кога се тамо Тошевци, Данабаш и мудурот? Оти?
Зар мојот леб не ве бендисуа? Или немам јагне да ви исприча? Шо е тоа лав да а оставате
моата куќа ноќеска? -се растревожи Тодор и се натажи дека не може и тој како Сивета
да им испече јагне. -Седете, седете, стопанка му, ќе си поминиме со леб и пипер, шо дал
господ. Стига братството и муабетите да ни се слатки, ако не ни е толку слатка вечерата.
Па ако ви е толку внуш за јагне, имам и јас три четири, стопанка му, ќе појда утре ошче
рано, ќе свиткаме и ние едно како чорбаџиата -просто ги замоли Тодор гостите. - Е Тодоре, Тодоре -рече Толе -да знајш кој сме и кај одиме не јагне и леб, ами
отров не би ни дал.
Тодор ја отвори устата, ги ококори очите и дури сега внимателно ги измери сите
четворица. Дури сега забележи дека секој под сакма носи пушка, дури сега му падна на
ум да им погледа во суратите и ги виде обрастените лица во коса. Се зачуди и така
остана неколку секунди во мислење. - А бре, кои да сте -вечерва сте мои гости и јас не давам да излезете надвор дури
не јадите еден залаг леб во моата куќа. Откако ќе вечераме одете кај знаете, а ако има
нешчо за работа кажете ми и мене, да дојда, да подработа со вас заедно. - Така нека биде! се согласи Толе. - Тогаш, ајде, побрго да касниме, та ќе ти
најдиме и тебе работа, нели сакаш да се замешаш во нашите работи.
Додека вечераа, Толе му се кажа на Тодора и му го изложи планот за фаќање на
бегот, Сивета, Тошета и Данабаша. Тој знаеше дека сите овие чорбаџии располагаат со
добри парички, та ќе може да ги уцени и да направи еден „алашвериш", како ги викаше
тој своите подвизи. Од друга страна, пак, имаше да му падне в раце стариот мудур, на
кого му имаше кимка и за старите прогони од Полчишта. Затоа рече: - Значи, ваа вечер ќе и ватиме сете топтан и ако не сакаат да се откупат—се знае.
Отпрвин Тодор се порастревожи, но кога Толе му го изложи целиот план, а
особено дека и тој ќе има некоја фајдичка од оваа работа, се прибра и се согласи тој да
биде посредувач меѓу пленетите и арамиите. - Јас - рече - ќе му ода на чорбаџиата и ќе му го изложа планот ваш. Ќе му реча
дека врзан ме дотерате и дека сакате.. -тука застана и праша: - Колку да му реча,
„сакате"?
Толе се позамисли и ги праша другарите. - Двесте лири -рече Андон. - Не џанум? Двесте за петина дебели чорбаџии, шо ќе бидат -рипна Трајко. - Ако
го мрса ножот -да го мрса на крмнак, а не на заек. Пет, пет, петстотини. Зар Сиве нема
да даде со две илјади јарци во Крапа, или Тоше, со дванаесет тенекии злато и половина
Битола маази; или Данабаш, со триста чивлизи; или мудурот пак нема, шо го оплачка
цело наше Мариово? Пет стотини ако дадат ќе и носат главите ошче некоа година, инаку
пушчете ме мене, јас ќе се расправа со сете тие легачи.
97
- Е, ќе имаат ли толку пари кај себе, Тодоре? Го праша Толе Тодора. - Ќе немале тие пци, оти да немаат? Кај му се парите?
Најпосле, ако немаат - по врат; баре ќе се куртулисаат сиромасите од ниј - рече
Тодор. - Е, добро. Сега ние ќе те врзиме тебе и ќе те пушчиме гопе по скали, да му кажиш
дека кулата и селото се сардисани од педесет души кумити и да не прават никакво
противење. По тебе ќе дојдиме јас и Трајко, а Андон, Стојче и Најдо ќе а сардисаат
кулата од сете три страни. Лели немало аскер в село нема одошчо да се плашеме.
Планот се скрои и сите настанаа ги проверија пушките и го врзаа Тодора, та се
запатија кон кулата.
Чорбаџиите, таман беа навлегле во пиење и скоро сите, освен Сивета, кој слабо
пиеше ракија, за да пие вино, беа наполовина свесни.
Тодор ја познаваше кулата многу убаво. И тој, и другите селани, често идеа кај
чорбаџи Сивета по разни причини: На стриг сите идеа да му пострижат на неговите две
илјади и триста овци, за да му го платат мамелето за позајмените педесет сто гроша кога
дошол авалеџијата, да не ги тера врзани во Витолишта; за Божиќ или Велигден -да си
купат чевли или опинчиња за децата; некој позајмил пари да си купи добитче; и се знае
ли на сиромав зошто не му притребале пари? .
А чорбаџи Сиве, за тие работи, секогаш им се најдуваше. Не одбиваше никого, но
исто така не забораваше да се погоди каква работа ќе му сврши должникот што ќе се
услужи со неговите пари и до кога ќе треба да го причека.
Бидејќи и Тодор беше како сите старавинци - сиромав и тој многу пати одеше кај
Сивета главно: или за некоја пара, или да му го одработува интересот. И затоа вечервава
не му беше ништо тешко да ја отвори влезната врата, која уште беше на мандало
притурната, бидејќи Митре не беше готов со јагнето, а сестра му Стана и другата
слугинка не беа готови со другите манџи и алвата, што ја пржеше внук му Најдо, дете
од тринаесет четиринаесет години.
Тодор му ја покажа на Трајка тајната дупка од мандалото и овој со нарочно
скриеното дрвце дупна нагоре. Мандалото се поткрена и ја пушти десната пола од
вратата, та оваа се отвори. Тргнаа сите по скала нагоре, и кога веќе беа на чардакот,
Тодор почна да се моли, ама така тивко и нажалено, како човек што јал сто оки ќотек. - Аман господине, аман. Еве и ефендиите, еве ве вас, шо знајте правете си, шо су
крив јас, шо ме топате? -застенка тој и падна на чардакот, на неколку метра пред масата
каде што седеа гостите и чорбаџи Сиве.
Сиве рипна од масата и се загна кон Тодора, уверен дека е некоја шега, какви во
разни случаи правеа мариовците еден на Друг. - Кој си ти бре, ќерата, шо си се испружил тука како крмнак? - викна Сиве и
сакаше да се наведе да го фати за затилок, но во тој момент се исправија пред него
Трајко и Толе со навртени пушки во него. - Не мрдај оти загина! -Чкртна со забите Толе.
Јован се здрви на место кога ги виде оѕверените лица на двајцата џинови, но пак
го зеде на шега, па проговори:
98
- Ајде, ајде, повелете да се напиеме, та оставете а шаката! - и се заврте кон гостите,
кои, тукушто се прибраа од песната и свирката и почнаа да гледаат што се прави на
чардакот. - Држи го ти него на пушката? -му рече Толе на Трајка. - Јас ќе се расправа со
другите -и како 'рслан кога ја напаѓа жртвата се најде до масата. - Јас су Толе Паша арамиата. Да не се вате некој за пусат оти загинате сете! -викна
Толе силно и застана да командува: - Станете сете простум и рацете горе! Сите изнастанаа. Почнаа да трептат со
очите, да се трезнат, да се разбудуваат од дремката што им ги беше навалила очите од
претераното пиење. - Јован, бре, Јован, недер бу, што е овој, бре синко? - се провикна стариот мудур
и го побара Јована, но Трајко веќе беше го втерал Јована во една одаја, та тој не можеше
да го чуе. - Ни глас да не слушна оти тргам - се провикна Толе и им нареди: - Сете напред во одајата, ако ви е мил животот! - искомандува и ги потера пред
него по широкиот чардак.
Тоше, којшто, исто така како Толета, располагаше со добра физичка сила, се
заврте да го види Толета и намисли да преземе некоја одбрана, но Толе го шибна со
кундакот и тој тргна по другите.
Го најдоа во одајата и Јована, потпрен крај зидот: го држи Трајко и не му дава да
проговори; ги наредија сите седумина како апостолите на иконостасот во црквата. - Ти, Трајко, држи а пушката и пукај ако мрдне некој, а јас ќе вида кој има пусат -му рече на Трајка, а кон гостите еден по еден: - Ајде, вадете пишчолите ако сакате да и дочувате главите!
Почна прво со Јована. Тој имаше и пушка, и пиштоли, но беа обесени во одајата
каде што спиеше во Веца.
Истото се покажа и со другите гости, што беа го оставиле оружјето кај што ќе
спијат, та од сите шестина само заптијата го сопаша револверот -алтипатлакот и му го
фрли на Толета пред нозе. - Е сега, да си го кажиме алот -проговори Толе. - Јас су арамиата Толе Паша, како
шо ви реку. Може сте слушнале за мене, бидејќи секој ден ме брка потерата. Ете, ме
донесе тој едноногиот вечерва во вашето село и ќе ми прошчавате што ви го расипа
ќевот, ама, ете, секој со занаетот. Чорбаџи Сиве е трговец; Данабаш - чивлигар; Тоше -
чорбаџија, Димо даскал, Митре - овдека чифчија и овчар; бегот си е мудур, а заптиата -
заптиа. Сете вие си имате по еден занает, а ете и ние арамиите си го имаме арамилакот.
И сега, ако ви се мили животите и кулата од чорбаџи Јована, и овците негови, и јарците,
и маазите од чорбаџи Тошета и Данабаша, ќе ни броите овде пет стотини лири и ќе си
ја продолжите веселбата. Не броите ли, сете ќе падните на душемето и ќе и го дадиме
огнот на кулата, да не се мачат селаните да копаат утре гробови. Ајде бакалум! - заврши
Толе и зачека.
Јован се посшедри. Та што се за него петстотини лири кога има две илјади овци
дамазлак и три илјади јарци за трговија? И почна да зборува:
99
- А бре, Толе и ти Трајко - (го позна и Трајка). -Вие сте и клале главите во торбите
и си имате право, но работата е тамо, шо не ме погодите при готови пари. Не се ногу
парите, но се растурени во јарците. Ако е кабил, нешчо да дада, а за кусурот да ме
причекате. Ќе дојдете и другпат, баму бељата! , -удри малку и на шега Јован. - Ете, јас имам со мене триста; за двесте, ене и јарците, ако не ви и натокма за
десет дена моата стока секогаш ви е в раце - заврши Јован и почна да го распашува
појасот, а од под него и ќемерот со парите. - Аман бре, чорбаџи Јован, што правиш така, што даваш толку пари? Право ли е
овој што прават овие луѓе? -проговори мудурот. - Добро де, добро. Ти не давај бег, ќе дојдиш со нас малку, да видиш каде се криат
арамиите да му кажиш на Фазлибеј и валијата во Битола -го дочека Толе и ги пекани
другите. - Ајде вие чорбаџии, вадете кесгавата, ќемерите, или и вие ќе дојдете со нас?
Кога го слушнаа, сите почнаа да се распашуваат, та и самиот мудур. Само
заптијата немаше што да распашува и почна да се тревожи. - Жими вера, јас немам повеќе од еден бела меџудија - проговори тој. - Ајде, бре, голо еден, ти ќе платиш со кожата кога не си наплачкал пари - му вели
Трајко и го прибра ќемерот од Јована. Го фрли ќесето и Данабаш и рече дека носи само
осумнаесет лири, го фрли Тоше ќемерот и рече дека има во него токму сто; го фрли
мудурот и рече дека има шеесет и пет. Митре и Димо немаа ни по грош; останаа должни
седумнаесет лири.
И Трајко ги прибра ќемерите и ќесињата, а Толе рече: - Чорбаџи Јоване, седумнаесет лири ќе ми и борчиш. Кога ќе се видиме другапат
ќе ми и дадиш. Ајде, останете си со здравје и чинете алав. И да не излегуа некој до утре,
да не нагази на некого од нас, да пострада.
И назадички и двајцата со Трајка ја напуштија одајата во која остана Јован со
своите одбор гости.
Штом излегоа Толе и Трајко, Јован прсна во смев.
Ахаха! Шо стана бре Тоше, бре јунаку, бре, сердаре, бре? Како ми се валеше оти
од никого не ти е стра, бре?
Тоше ја наведе главата и црн срам го изеде. - Седумина мажје се дадоа да ги опљачкаат двајца пезевенци. Тих! За црни резили
се сториме! -пробрбори Тоше и пак почна да се фали: - Ти се мола, Јоване, не задевај
ме, оти ќе пукна од јад. Каде ни беа рацете, бре, да и ватеме: парчиња ќе и направеме. - Остави и, остави и, нека си одат со здравје и нека си и јадат со здравје паричките! - пак се насмевна Јован. - Ајде; ајде да излезиме и да видиме дали е готово јагнето, та за парите не берете
гајле. Нека е жива рајата, ќе и натокми - заврши Јован и тргна, ја отвори вратата и
излегоа на чардакот, т,а зедоа чист воздух.
Јован слезе до кујната и виде дека вечерата е готова, алвата таман ја потуриле, и
од разговорот со Најда и Стана разбра дека тие абер немаат што стана горе.
100
нив.
Ја побара Велика и праша да ли слезе таа в кујна; Стана му рече дека не слегла кај
Јована го штрекна бодеж в срце и си помисли.
„Ами ако а имаат земено со ниј? Дури тука ќе а расипиме калимерата". - И се
растрча по сите одаи. Се успокои кога ја најде скриена во земникот, кај ковчезите,
легната под веленцата. Кога го позна оти е тој, стана сета разбушавена, заплашена и
уплакана. , - Шо сторите, бре, јок да се сторите, баби ниедни? -му се врекна на Јована и тргна
да излегува. - Ние сториме шо сториме, токо нели не појде и ти во нивниот џеб, м'чи! - ја утеши
Јован и ја погали по влажните образи.
Толе и Трајко излегоа од кулата, појдоа во градинчето, му го зедоа јагнето на
Бендерот и му удрија еден дипшик, за да разбере и тој дека Толе Паша со дружината
влегол во Старавина и ги опљачкал чорбаџиите.
Митре истрча горе да му каже на Сивета, но овој го пречека насмеан и го утеши
дека тука тој - Митре - ништо не е крив. - Нека каснат и тиа печено јагне, и тие се душа - рече Сиве и се качи на чардакот
да им ја соопшти и оваа новина на гостите. - Ах, анасени - ах аврадини! - испсуваа сите, а Јован со својот хумор и ведар дух
им го поврати настроението. - Велико! Вецо, мори! Кај вати? Ја дај ошче по една ракиа да се напиеме, сега за
аирлиа! -се провикна Јован и ги покани гостите да седнат. - Бре, бре, бре! Ете ова се велит како во сон! -проговори стариот мудур и почна
да мисли од кого ќе ги собере земените лирички.
Во неговиот ум се родија сите пакосни мисли.
„Море, ќе фатам од секое село по десет души и ќе земам десетпати повеќе, ама
оти да ме намагарчат вака на стари години?
Нејсе, таа се стори". И си продолжија да пијат, пеат и свират, ама повеќе од јад,
одошто од ќеф.
Тоше, од таа вечер, не можеше да кркне пред Сивета и со нешто да се пофали.
* * *
Толе со другарите го одврзаа Тодора, кој веднаш побегна од чардакот и ги дочека
во дворот, го однесоа јагнето кај него дома, та повечераа. Што остана го кладоа во
торбите. Тодор им даде два сомуна леб и тргнаа да си одат околу полноќ.
Како секогаш и секаде, Толе извади триесет лири од мудуровиот ќемер и му ги
даде на Тодора. - Земи, побратиме, да ти се најдат на зол час, оти виа ефендиите ошче утре ќе те
грабнат. Кажи му како шо зборуаме овдеа, дека те најдоме на патот, те врзаме да ни а
кажиш Сивевата кула. Ќе јадеш некоа и друга ока ќотек, токо прави го алав. Ако сме
живи нема да те заборавиме - заврши Толе и се прости со Тодора.
101
- Е, сега, браќа, каде да ваќаме? - ги праша Толе другарите над село во гумната. - Јас вела да го ватиме Соколот, Лаките горе, па ако дојде некој зорт да преврлиме
Караџова -предложи Трајко. - Така е - одговори Толе - и јас су на тој ниет.
Сега мудурот ќе го извести Фазлибеј и еве ти и потерите.
И тргнаа гопе Јанина плоча, ја фатија Церова Полена, Петте Чешми и се најдоа на
Соколот.
Преседоа ден два, се допреа до Налевата бичкија во Магарева Падина од каде што
зедоа леб, но разбраа дека никакви потери нема долу по овие села, та преку Рамнобор
ја пресекоа Врткова Ливада и се прицнаа пак до дедот Паленѕа, кој си ги пасеше
јаловињата по Тановиот Гроб, Папарливата Орница и Кучкин Камен. Тука им беше
сигурен и лебецот и заклонот во големите елови и борови гори.
15.
Јован Сивев им советува на мудурот, Тошета, Данабаша и заптијата да не го
кажуваат случајот нигде, да не се прават за резил. - Ако ви е за парите, ете јас ќе ви и натокма на сете, само и само да не излегуа
страмотилакот на мегдан, -им велеше тој и тие се согласија. Затоа големи потери не
прејдоа одовде река.
Чудно, и може нелогично излегува Јовановото држење во овој настан, но за да се
има јасна претстава, не правиме лошо ако се запознаеме поблиску со овој мариовски
бег.
Јован Сивев, или како подоцна го викаа просто Сиве, по презимето, беше
чистокрвен мариовец од Будимерци, едно селце од оние дваесет и пет што го прават
горно и долно Мариово..
Татко му, Сиве Јованов, беше толку сиромав, што одвај вадеше парче леб да ги
храни двете деца и жената.
Од имотец, освен едно криво магаре, немаше ништо, та беше принуден да прави
катран од големите борови во блиската планина, да го продава во Битола и да носи на
две недели по едно осмаче 'рж или царевка.
Едно лето Сиве си го зеде магаренцето и косата и отиде во планината да накоси
некој врзом трева за зимовиште да не му умре магарчето. Во Маклата, тревата беше
пораснала поубаво одошто во Градешките ливади та Сиве ја смолкна косата и почна да
коси околу изворчето.
Мавна еднаш, уште еднаш, на третиот пат косата му се закачи во нешто и тој
почна да тегне. Од голема сила, тревата попушти и косата се покажа на опкосената
ледина, но Сиве виде за неа закачен човечки череп
Хе малку се исплаши сиромашецот Сиве оклештените заби и пропаднатите очни
дупки, но веднаш се сети дека не е жив човек и се заинтересува за неговата судбина.
Пораскоси наоколу и го виде целиот скелет. Токму тука беше најубава тревата.
Сиве со косата го извлечка скелетот на опкосеното и пак замава да коси. Но на еден два
102
метра лево, косата пак закачи и Сиве веќе си мислеше дека и друг костур ќе најде, та
почна да тегне. Но косата сега повлече нешто друго.
И кога Сиве ја разгрна тревата, што да види! Косата се забола во еден кожен
тагарџик полн со нешто.
Сиве ги ококори очите и му светнаа разни мисли, но ја извади косата и го опкоси
тагарџикот. Потоа го разгледа од сите страни и го одгрна онаму каде што беше го
продупчила косата.
На големо негово изненадување внатре светнаа жолтици.
Сиве, без да сака, се обѕрна на сите четири страни, со уплав да не го види некој и
да му се придружи, та да му ги земе половината. За неговата среќа никој не идеше тие
дни во планината, бидејќи сите беа зафатени со полски работи. И така тој си го отвори
тагарџичето и ги разбуричка жолтиците, кои веќе беа почнале да „мувлосуваат" од
влагата.
„Охохо!" -се издиши длабоко Сиве и почна да си крои планови што ќе прави со
толку пари. Си ги претури во торбата што ја понесе да ја наполни сливи за да ги залаже
децата и сакаше да си киниса, да ги суредува парите дома, но се сети дека може да
предизвика сомнение што се враќа рано и празен, та дури можеше некој и да му буричне
во торбата и да ја открие работата. Затоа ја однесе торбата на десетина метра од него и
ја скри во душната папрат та продолжи да коси, сега повеќе носен со надеж дека и друг
тагарџик ќе најде:
Но тоа беше само надеж. Се разбира дека целото макло не беше полно со коски,
па ни со тагарџици, та Сиве накоси трева за пет товари, а најде само еден тагарџик со
пари.
Та малку ли му се петнаесет оки злато кога тој немаше ни петак во ќесето? Ама а,
човечкото око не се сити.
Си ги наполни врзмите со трева, во десниот ја кладе торбата и си тргна в село,
сиот затресен.
„Ами ако ми преврте магарето да испадне торбата?"
„Ами ако ме пречека некој заптиа в седо да му требе трева за коњот, та да ми го
растовари и да ја најде торбата?"
„Ами ова? Ами она?" -Се знае ди колку лоши мисли во главата не му дојдоа
додека си дојде дома и ја викна жена си да му прикрепи да растовари? Ги внесе врзмите
во племната и ја скри торбата во ланската слама, но му се виде несигурно, та преку
ноќта зеде копачка и една латвица, та, потемница, ги претури од торбата во латвицата
и ја закопа длабоко во истиот ќош.
Не заборави да задржи и кладе во ќесето десетина парчиња.
Утредента Сиве не отиде на работа в планина, но купи цело кило пченица и на
двапати по осмак ја однесе на воденицата и до вечерта донесе сто оки брашно.
Сивевица се израдува, и се исплаши.
„Откаде на Сивета толку пари: педесет, шеесет гроша за цело кило пченица?" се
прашаше сама со себе, и умот и појде како на секоја млада жена што си го сака мажа си,
во женски - машки работи.
103
„Да ватил некоа чорбаџичка посестрима вој Сиве? - ја штрекна првото шило во
срцето". „Не веруам, ама пак којзнае", -си вели Мара.
Хе е чудо. Сиве беше млад и многу личен маж, та може и да тргнал по тој пат за
да излезе на крај со слепата сиромаштија, што ја беше наследил од татка си Јована.
И кога ни другиот, ни третиот ден, па ни цела недела Сиве не излезе со магарчето
в планина, Мара веќе зовре од љубопитство и го закачи една вечер. - Де ќе ми кажиш оти не одиш на работа! Од каде ти се вие пари шо и арчиш?
Сиве преку неделата накупи: маст дваесет оки, сирење педесет оки, та Мара
слушна в село дека тој и маска пазарел, ама не ујдисал. Значи, има повеќе парички
отколку отпрво што си мислеше таа.
Сиве се брани, објаснува дека ги позајмил од овој, од оној, ама Мара не му
веруваше, бидејќи тие Сиве што и ги споменуваше понапред ни пет оки брашно не му
даваа на заем, а камо ли пет десет лири, колку тој што поарчи и сакаше да даде за
маската.
Немаше чаре, да не се дига кавга секоја вечер, и кажа дека најде пари во
планината.
Мара не се задоволи само со кажувањето, но го натера да ги ископа, да ги видела,
и ги прекрија сега во три помали грниња, а Сиве задржа стотина на рака и намисли да
тргува со нив.
И навистина, сиромавиот Сиве се стори трговец. Направи неколку пазарлаци,
купи брави, овци, кози, ги затера во Битола, се поврати уште еднаш двапати. Печали по
неколку лири и веќе до зимата се прочу со пари.
Почнаа луѓето да се прашат од каде му се тие пари, но тој ги матна дека ги дигнал
на заем од бабата Цвета од Битола.
Но нели знаеше и жената му, работата не остана тајна. От тебе до мене, се разора
дека Сиве нашол пари во Маклата! Некои тврдеа едно ќесе, други еден ѓум, трети
понагодија - еден тагарџик, а четвртите веќе рекоа дека го товарил магарето -цел товар.
Луѓето им го најдоа и потеклото. Некој си арамија од дружината на Катар Ќаа го раниле
други арамии по Мегленијата долу, го забркале вариите и накачил горе во Папради, та
тука, во Маклата, се напил студена вода од изворчето, испуштил душа и го оставил
тагарџикот со парите.
„Нејсе, касмет му било на Сивета, нека си ги јаде со здравје" - рекоа сите
пријатели и непријатели.
И Сиве се поткрена и се прочу, како по цело Мариово, така по битолско, леринско,
прилепско, тиквешко, та дури и долу Меглениата, воденско, а лебами, и во Солун
разбраа за него кога отера наеднаш триста дебели чукани јарци.
А и тој самиот не се криеше веќе.
„Ми дал господ, оти пак да се права слепец и да го вида сајбијата?" - си велеше
сам во себеси.
Арно ама, дружината од Катар Ќаа ја разбра работава и реши да си ги прибере
паричките од својот другар што ги најде Сиве. Таа уште помисли оти Сиве, го има,
дотепано нивниот другар, та не малку ги налути и се спремија за одмазда.
104
Една вечер, откако Сиве си легна со Мара и децата, доцна, околу полноќ, му
притропа некој на големата врата. И бидејќи Сиве си ја имаше мувата на капата, ја
отвори малата врата и сакаше да избега за да не падне в раце.
Но на малата врата го грабна за рахавчовек и Сиве се здавелка со него. Овој го
фати убаво за рака и го викна другар си да го совладаат Сивета, да не им побегне.
Трчајќи, тој одоѕгора со изваден нож, сакаше да го онеспособи Сивета, замавна
да го удри, но место Сивета, го удри другар си така силно по глава, што тој се заниша и
падна како ќутук под стреата. Сиве начека прилика и побегна во темницата и на
десетина метра почна силно да вика. - Де е видел господ, арамиите влегоа в село; бргуте, браќа, откинувајте ме од виа
пци!...
Грмнаа пците в село, а по малку се слушнаа две три пушки од разни краишта на
селото. Се слушна и од неговата мала врата грмење на неговото чифте, кое во стравот
и брзината не го зеде со него, а на Мара беше и текнало, та кога ги слушна селските
пушки и таа ги испразни двете цевки по ветер.
Арамиите го извлечкаа ранетиот другар надвор од селото, утредента Сиве стори
абер на мудурот од Витолишта, ама реши да се исели од Будимерци. Купи куќи во Јени
маало во Битола и се пресели...
Јован го знаеше целиот овој историјат, та затоа кога му посакаа Толе и Трајко
петстотини лири, се пренесе во тоа длабоко минато и си рече: „дојде Катар Ќаа по
неговото, требе да му се одборча" - и почна така шегаџиски да се однесува со нив, како
боже со благодарност им ги враќа нивните пари што му ги дале на заем.
Затоа и предложи да им ги надомести на мудурот, на Тошета и Данабаша нивните,
бидејќи тие ништо не му должеа на Катар Ќаа, чии претставители беа сега Толе и
Трајко.
За татка му Сивета и за Јована тие пари беа аирлии зашто, преку трговијага, беа
ги умножиле десетина и дваесет пати, та Јован навистина со алав им го фрли ќемерот и
ги покани гостите да ја продолжат веселбата, што им беше чудно на сите.
Едно само му се налути на Толета, шо му го зеде печеното јагне та не можеше
убаво да ги нагости гостите; но тие сами видоа дека кривицата не е до домаќинот и се
задоволија со кокошката, пржено сирење и јајца, та поминаа на алвата и виното.
17.
Дедот Јован Паленѕа ги скорна јаловињата од дебелата сенка на борјето во Грбла
и ги замана кон Торнезата пресоп, та, потпирајќи се на дебелиот овчарски стап, почна
да накачува по нив нагоре.
Шарко, Мрчо, Караманка, како секогаш, одеа пред овци да проверат да не има
некој од волчковци да дебне во честарот, та така и денеска тие први излегоа по пресопта
и дедот Јован ги слушна сите три гласа одеднаш кога залааја. На првиот лаеж тој
застана, се потпре на стапот и се провикна -„Убре е е, ааа! - но веднаш се вслушна и по
лаежот разбра дека пците лаат на човек; завјаса, колку што можеше, нагоре, да види на
кого лаат.
105
Пците навалија, но почнаа да цикаат и да бегаат надолу, очигледно бркани од
човек со камења.
Штом не е волкот или мечката, овчарот ги мами да не им додеваат на луѓето, оти
може да му се случи и да удри некој некое од кучишата да им искрши нога, ја да им
истера некое око, та да боледува живинчето и да не може да си ја врши определената
работа.
Ете затоа и дедот Јован ги помами пците и тргна да види на кого лаат.
„Некои дрвари, боринари врват патема сигурно" - си рече сам со умот - „Ај белки
носат тутун, да го нап'на лулето, ако непомчнат дури да излеза", - и уште повеќе забрза.
Кога излезе од орманот пците се враќаа на неговото мамење, но така
накострешени, што одвај чекаа да им рече „тут Шарко, Мрчо - де бре!" Цикаа околу
него и пак се назагнаа кон патот, по кој дедот Јован не виде никакви дрвари ни
боринари.
„Може поминаа" - си рече со умот и излезе пред овци на патот; сакаше да седне
под големиот бор.
Но пците не се задржаа крај него. Го пресекоа патот и, небарем дира од дивеч
тераат, почнаа да лаат. Отрчаа преку пресоп кон чешмичето во стената.
„Аха! Сигурно имаат ојдено дрварите на чешмичето да се напиат вода", - си
заклучи стариот и тргна таму да ги побара, да скрши некој и друг лав и да тргне некој и
другпат од нечие луле, ако не му дадат да го наполни неговото.
И таман се наближи до чешмичето, од папрата изрипа Турчин со готова пушка на
рака. - Зошто машниш пците, бре ќерата? - Му се врекна остро на стариот и нанишани во Шарка, кој одеше напред пред
другите пци и пред дедот Јована. - Аир ефенди, кој и машне? Ете, слушна оти и помами да се вратат! - почна да се
правда дедот Јован и ги искара пците да се вратат кај овците.
Тие про'ржаа, процвикаа и се вратија назад кон булукот, а Турчинот го поведе
дедот Јована кон чешмичето.
Околу чешмичето седеа десет дванаесет војници со еден онбашија, двајца заптии
и двајца витоливци во селски алишта. Дедот Јован направи „ногу ви години ефендии",
но место одговор од ефендиите, го пречекаа селаните. - Аха! тебе те бараме, стара кумито, ти ли си шо и машниш пците на царцкиот
аскер, а и раниш' арамиите? -проговори едниот и му се заврте на онбашијата. - Еве, тој е Јован Паленѕо шо го рани и крие Толе Паша. —
Дедот Јован претрпна, но како стар мајстор за јатакување, не покажа знаци на
возбуда. Се потпре на стапот и му се запули баш на тој што му проговори, та му рече. - Мопе, какви арамии, Трајко, -јас ли на старост ќе и бркам тиа работи! Не ме
гледате една вреќа коски су се сторил и ошче се плашите од мене, баму бељата - и се
насмеа под мустаќ да не се забележи тревогата во него од вистината што ја погоди овој
негов продаден комшија.
106
- Како викаат тебе, бре дркул? -Го запраша онбашијата. - Ами како, Јован Паленѕов су јас, од П'чишча, -одговори дедот Јован и сакаше да
седне на тревата. - Аааа! демек ти Паленѕа, а? Оџ, ох, ох! Токму донесе тој натемаго на нас. Ами
ние тебе бараме, бре Паленѕо, по небо; ти бил по земја. Види, види, жити вера; само
месо в куќи дошло. Така, де. Така. Сега ќе водиш нас кај Толе Паша да правиме еден
темане на него. Испрати нас мудурот и милаземот од Витолиште да му носиме здраву
живо, да повелит да дојдит на бајрам, - почна онбашијата да тера шега со дедот Јована. - Е, е! Лели дојде сам, да не бараме тебе, ќе земиме и тебе на бајрам. Ќе дојдиш,
нели?
Дедот Јована го пријаде јасник, но се прави глупав како овчар та му одговори: - Мопе, нека ви е честит бајрам, ефенди; токо јас кај можа да и остава виа пустињи
сами овде во планината, ќе и исколат в'ците. - Ќе најдиме чарето, ќе најдиме. Јас водам овдеки овчари за мерак. Ќе попасат
овците додека честиташ ти бајрам на бегот и ќе враќаш назад. А сега ќе носиш нас кај
арамбашата Толе Паша да поканиме и него на бајрам.
Ова го рече онбашијата и стана та му се приближи на дедот Јован и му се заѕвери
крвнички. - Ајде де! Што чекаш, ајде напред! - па се заврте кон аскерот: Ајде, ин чуџуклар,
калк'н'с ише башлајалам (Ајде момчиња, ставајте да фаќаме работа.).
И аскерот настана како под команда, и го обиколи дедот Паленѕа.
Двајцата селани застанаа од двете страни на онбашијата, во средето на обрачот, и
почнаа да го советуваат дедот Јована. - Ајде, ајде, дедо Јоване, ајде тргај напред кај Толета. Ние го знајме каде е, токо
да не правиме некој ќедер на аскерот, да не напакостат некого, та да си а земиме бељата
сете села. Вака, ќе појдеме заедно, ќе му кажиш ти оти се сардисани и белки ќе се
теслимат кога ќе видат дека не можат да се спасат -заврши Трајко, - Ама кај ме тераш ти мене, Трајко? - му се врекна дедот Паленѕа на Трајка
Ташков, кој одеше потера со Турците како варија -за пари. - Кај го знам јас Толета, кој
е тој Толе шо го барате вие од мене?
Во тој момент онбашијата го клоцна со ногата по стомакот така силно, што дедот
Јован офна, се фати за стомак, се свитка и легна на тревата.
Откако постенка ја исправи главата и рече, гледајќи во онбашијата: - Зошчо, ефенди, ме клоцаш? - Но онбашијата повтори потрети - сега во ребрата,
та дедот Јован просто го запре здивот и се испружи како мртов. - Да е видел господ загина на правди бога во оваа пустелиа! - се провикна тажно
и ги затвори очите.
Онбашијата се наднесе над него и почна да му зборува: - Ќе водиш нас кај Толе паша или да вадам ножот да одерам жив. Жими вера, ако
не кажиш каде тој пезевенк ќе одерам тебе и ќе обесам овде на овој борот, да колваат
107
орли и гарвани. Ајде, ајде ставај и тргај право кај него. Да не лажит умот да излажиш
оти ќе палит царот целиот твој тајфа сосем глувци, разбра.
Дедот Јован сакаше да се исправи да седне, но болките во ребрата, особено под
левата мишка, толку го стегаа, та само се налакти па десната рака и" почна пак да се
правда: - Не знам, ефенди, не знам. Ни Толе знам ни Толевица. Еве овде е танко. Сечи,
заколи ме, да не су жив, на моата старост да тргам маки и срамови. - И покажа со раката
на гушата.
Во тоа време пците почнаа да лаат, но бргу се смирија. Онбашијата се заврте кон
двајца војници и им рече нешто на турски. Тие ги зедоа пушките на готово и се загнаа
кон патот каде што лаеја пците.
Не помина ни петдесет минути, по патчето откаде што дојде дедот Јован, се
вратија војниците со еден селанец пред нив, кој си водеше маска со две торби и секира
на самарот. - Е еве ошче еден кумита -проговори Ташко, кога го виде и позна Бојка Паленѕов,
најстариот син на дедот Јована. - Каде вака, бре комито, со торбите?- му се фрли онбашијата и нареди да се симнат
и претресат торбите и самиот Бојко.
Сиот озеленет, Бојко му се овргали на Трајка и испушти една тешка воздишка,
гледајќи го овој расипан христијанин како им служи на Турците за мизерни две лири
месечно и зачкрта со забите.
„Море, ќе те дера како јапе на стриг, само ако ми падниш некогаш" - си помисли
во умот Бојко, очигледно изненаден што набаса на потерата баш кога не требаше.
И навистина лошо попадна Бојко.
Во торбите, покрај двете, погачи една две кокошки, еден мазник, потерата најде
и две оки тутун, ока шеќер, ока ракија, та дури и ока локум. И кога сите овие работи ги
растури онбашијата на тревата, и само со очи му ги покажа на Бојка, овој ги наведе
очите и проговори: - Е, море, тоа е сега. -Но пак почна да се брани. - За стариот, -вели, -му месиле обете ќерки по една погача, му осукале и мазник,
па јас реку да му донеса и тутунец, ракиица, стар човек е, да се поткрепи. - Хахаха! -се насмеа самодоволен онбашијата. -Убаво раниш ти твојот овчар,
машала убаво. Са ваков раначка и јас одам овчар, жими вера. Ја локумот, бре едепс'з, за
кого носиш. Толку ќе правиш будала нас Турците? - Ами, ете и деца има со него, ефенди, тиа не пиат ракиа, не пиат тутун, та реку
да и зарадуам и ниј. И, после... не ми се виа овчари мене момци. Вој ми е татко, а децата
шо се со него, ми се мои - синови -продолжи Бојко да се правда, ако не гледаше никаква
можност за оправдание. - Бак, бак, бак! -се продера онбашијата. - Мижи Асан да ти бајам, што велите вие
каурите. Кого лажиш, бре ќерата, на очи! Санќим ние задоени во ушите та што
маслосуваш? - Му се овргали право в очи, и како на дедот Јована преѓеска што му удри
една клоца во слабината, сега и на Бојка му удри една уште посилна меѓу нозе, та, макар
108
да беше силен, млад и јак не помалку од Брниклијата, Бојко се фати за удреното место
и се свитка на тревата крај дедот Јована. - Оф, мајко мори! Ме касна за срце, змиа лута да те касне, да рече господ златен,
од куршум да не куртулиш? -Викна Бојко така силно, та дури ехото повтори во долот
во Врткова Ливада и се разнесе по целата гора до Кучкин Камен нагоре. - Машала, машала, убаво си можел да викаш, - почна да му се руга онбашијата. - А викни уште еднаш да слушнит Толе Паша, да откинит? - и пак го клоцна сега
по ребра како дедот Јована.
Бојко почна да протестира. - Шо е вој зулум од вас, ефенди? - Шо сакате вие од мене што ме тепате? Кажете
шо кабает најдоте во мене? Ќе права давиа дури на царот, да знајте. - Хахаха! -онабшијата пак се насмеа. - Кажи бре, ќерата, за кого носиш овие работи? - и пак погледна во растурените
погачи, мазник, кокошки, тутун и локум. - Ами јас ви кажа, ефенди, за овчарите мои, за татка ми, и за децата мои. Оти,
забрането е да јадат овчарите локум и мазник? - одговори Бојко и се витка од болките
по ребрата, а најмногу првата што го удри на лошо место. - А бре, кажуј каде се комитите, та не продавај маславати тука! - се издере сега
онбашијата сиот претворен во ѕвер и почна со двете нозе, едно за друго, да ги клоца: и
Бојка и стариот Јована.
Бојко почна да вика колку грло што го држеше, та целата шума одѕеваше. И
лисјето на блиските буки се затресоа, но срцето на онбашијата не трепна. Тој продолжи
да ги клоца обајцата легнати Паленѕовци и да ги псуе со најгнасни псовки.
И таман побара некое дрво од аскерите да не го болат нозете, наеднаш се истури
залп од пет шест пушки и еден бесен вик од стената над чешмичето. - У бре! аааа! Држте и бре в'ците, мајчето нивно!
За миг аскерите прснаа да бегаат надолу низ папратта, оставајќи го онбашијата,
Трајка, Ташка и еден војник да клоцаат и да се валкаат во тињата под чешмичето, да
стенкаат со забите, сега тие, како преѓеска Јован. Избеганите се собраа Тановиот гроб.
Бре што стана, бре како стана оваа работа што го нападна аскерот на ден
пладнина? Одвај си ја собраа душата. - Тој е, кој ќе биде друг. Толе со дружината - објасни останатиот селанец, Стојан
Мегленецот, и испратија двајца од аскерите да сторат абер во Витолиште на мулазимот
и мудурот.
А, еве како стана работата. Како што знаеме, дедот Јован Паленѕа бсше стар јатак
на Толета и по настанот со Сивета во Старавина, Толе се прибра кај него и се провртка
некоја и друга недела.
Мудурот, макар да не го изнесе случајот во Старавина на мулазимот, сепак го
наговори да испрати една десетина, да прокрстари малку по нивниот реон колку да се
види дека власта е будна, та да не се случи да му влезат и во самиот конак некоја ноќ,
или да го запалат да изгори, како што му се фалеше Толе кај Сивета.
109
Толе, пак, со дружината денуваше таму, околу овците на дедот Паленза, и од кого
добиваше и храна и известија за потерите. Но оваа потера излезе вечерта, и преку ноќ
накачи горе и го фати орманот, та дедот Јован не ја забележи за да му стори абер на
Толета да се засолни. А Толе го избра за тој ден баш тој кичер над чешмичето и уште
пред да дојде онбашијата, тој се намести со другарите во честарот околу чешмичето.
И кога потерата дојде, Толевци ја видоа, и колку души се, и кој се со нив од
селаните, но Толе не сакаше да ја нападне и да пролева невина крв. Цо еден збор, тој не
ги мразеше бедните војници, кои и сами стенкаа под железната дисциплина по десет
петнаесет години во султанската армија.
Токму тој ден требаше и најстариот син на дедот Јована, Бојко, да им донесе
нешто за јадење и пиење, тутунец, та дури и локумче за тие што не пушеа тутун - Најдо
и Брниклијата, - и така Бојко натрапа на потерата, на која и стана сомнителен со
донесената храна. Уште кога го дотераа војниците дедот Јована, тие сите од честакот и
гледаа, и слушаа што прават со него и што го прашаа. Уште тогаш Брниклијата наскокна
да се расправи со агите, а особено со оние пезевенци -селаните, но Толе го задржа за да
се понаостри повеќе.
И најпосле, кога го дотераа и Бојка и почнаа да го бијат Толе го донесе решението
за спасување и одмазда.
И така дојде само до еден плотун. Зедоа на нишан по еден од тие што стоеја околу
Бојка и Јована, а сам Толе го зеде онбашијата.
Пукнаа пушките, паднаа тројца, а Стојче и Најдо промашија, што многу го
ожалости Толета.
Со бесен вик се назагнаа надолу и со петшест скока беа кај Јована и Бојка и видоа
што стана.
Онбашијата, Ташко и војникот смртно погодени ги издиваа последните воздиви,
а дедот Јован и Бојко уште повеќе се испружија, плашејќи се да не ги закаче и нив некој
куршум ако се повторат плотуните.
Се собраа сега пак Толевци околу Јована, Бојка, како преѓеска онбашијата со
аскерот и во кус разговор се разбраа. - Ами сега шо правиме? -почна да се тагува дедот Јован. - Ќе не избесат виа пци
утре. - Е море, бесат, колат тоа е сега -одговори Бојко. - Санќим ако не беше воа ќе не
оставеа живи? Било такцир ќе се страда. Токо, јас едно мисла татко - му се обрна Бојко
на Јована. - За мене веќе враќачка нема. Ако ме декшава Толе со неговата дружина ќе си а
наметна и јас, та до кај ќе даде господ. - Е, море, ќе а наметниш, шо ќе правиш. Ако се предадиш нема ич да а остави
мулазимот - се издиши длабоко старецот, и го виде веќе сина си арамија во Толевата
дружина.
Така Толе ја зголеми својата арамиска чета уште со еден другар. И тоа каков
другар. Не послаб од него и Трајка Брниклијата, порешителен од сите нив во четата.
110
И Бојко ги имаше сите оние својства, и душевни и физички, за на сила да одговори
со сила.
И тргна да комитува.
Дедот Јована уште утрото го собраа заптиите во Витолиште, а откако дојде
комисија и направи „ќеш", над отепаниот онбашија, Ташко и војникот, го отераа во
Прилеп, а оттаму во Диар Бекир, откаде не се врати да ја види главата од сина си Бојка,
кој падна од потерата на истиов овој мулазим и бег од Витолиште по двегодишно
кумитување.
18.
Мулазимот го извести пашата, мудурот го извести кајмакамот и пак се собраа
двајца големци да размислат како да го уништат овој царски непријател.
Фазлибеј ќе пукнеше од јад кога разбра дека се свампирил Толе Паша. Ги засили
потерите по цело Мариово од двете страни на Црна, но поминаа недели: немаше
никаков абер ни да удрила потерата на Толета, а камо ли да паднал в раце.
Пашата ги накажа командантот и командирите на потерните одделенија, ги смени
и испрати други; валијата го смени кајмакамот и мулазимот на заптиите, но сето остана
напразно. Толе в земи пропадна.
И таман се утешија, дека кршил глава пак во Бугарија кај таа „ороспија", му дојде
друг абер од битолокиот кајмакам.
Од селото Букри, во полето, пред носот на валијата и пашата, беа собрани триста
овци млекарици и двесте брави пак од контракчијата (лиферантот за војската).
„Ах, анасани! Ах, аврадини", испсуваа двајцата крепоземци во битолскиот вилает
и не можеа да се начудат на смелоста и дрскоста на оваа арамиска банда.
По недела две се најде отепан Турчинот, Катил Шериф, на патот за Прилеп; по
друга недела две Тоше Налев им стори абер дека го видел Толета во Битола како се шета
по атпазар, та се осмелил дури и на ан кај него да појде и да му ги побара седумнаесетте
лири што му остана должен Јован Сиве во Старавина. - Не чуди се ако се исправи некој ден кај тебе и побара да му го отстапиш местото, - му рече валијата на пашата небарем на шега. Море каква шега! Никаква шега, ами
навистина се затресе пашата и се замисли што да прави ако му дојде Тоде еден ден да
си ги бара сметките што го брка толку време по Мариово.
Гласот дека Толета пушка не го дупи, уште повеќе страв му влеа на сите Турци, а
особено на чифлигарите, што секоја вечер се тресеа да не ги нагази негде Толе, та се
прибираа уште со видело и се затвараа во кулите. А Толе се осмели до лудило. Влезе во
Ерековци, на саат место од Прилеп, го извади крволокот Авмеда и над Алинци го закла
со ножот, та го натера Андона да напише на една пачавра, што му ја закачи на минтанот
на градите:
„Вака ќе помине секој Турчин шо ќе дигне рака на рисјанин",
Сите давии зборуваа само едно. Идат луѓе: пет шест десетина, фаќаат Турци
прочуени со нивните зулуми, земаат пари ако имаат, и ги изведуваат и колат.
111
Се разбра работата по цело Битолско -Прилепско Поле, а во Мариово веќе слабо
се решаваа Турци да навлезат во помал број. Дури и официјалните потери што ги
праќаше пашата се тресеа и секој гледаше да не дојде во допир со Толевци, оти кога и
да идеше некое одделение, даваше по неколку жртви. А од Толева страна не паѓаше ни
еден, ни жив ни мртов.
Но затоа пак во очите на рајата Толе порасна. Насекаде се зборуваше за него каќо
за јунак што не може да се победи. Многу старци и старици се пренесоа во далечното
минато и почнаа да тврдат дека овој ќе биде Крали Марко, кој преспал петстотини
години во некоја пештера по Мариово, каде, кога влегол ја закачил сабјата во стената,
која сега сама паднала, го разбудила и му рекла дека дојде времето кога треба да му
одмазди на Турците за нивните зулуми.
И легендата се прошири кај сите што чекаа ослободување од несносното ропство.
И Толе ја осети својата сила и големина. Почна јавно по Мариово да шета. Си
купи и наружа бел коњ со сите ѕрнѕулки, узди, ремења, а пушките од сите негови
четници ги накова по кундаците со жолти черечиња и половини лири. Ја избриша од
тевтерот и руса Миша што ја остави во Бугарија и си фати скоро во секое село во
Мариово по една посестримка, а црното Кате го продаде за пет лирина некој вдовец од
велешките села.
Во Градешница фрли мерак на убавата Неда Романова, та го натера стариот поп
Тодора да го венча горе во ливадите; во Старавина и го слушна гласот на Марија
Милетова кога го опљачка Сивета и, кога ја викна да ја суди што одела со Мушон
Евреинот од Битола, кој имаше дуќан во Старавина, место да ја осуди, тој се загледа во
неа и си ја фати посестримка за тоа село; во Бзовиќ пак се фати свети јован со Петрета
Мијаков заради неговата млада Севда; во Вепрчани со Јана Којдова, и така со ред, та и
од таа страна си го уреди животецот: да не му врви времето напразно.
19.
Гога Ацев и Глигур Соколов, испратени од самиот Мисирлија по создадениот
веќе канал од формираната ВМРО, дојдоа во Врпско. Ризо Ушков ги прејде преку Црна
и во Гудјаково им ги теслими на Ивана Колев и Стевана Војчев, овие му ги предадоа на
Димитрија во Вепрчани, кој ги одведе до поп Пана Мицев во Беловодица и за неполни
два дена, односно две ноќи, се најдоа во Оревоец, откаде Диме Бачко го извести
прилепското раководство на чело со Јордна Стамболџија, Јован Грабула, Алексо
Гермовчето и Алекса Бајракот, та дојде и до средба. Глигур се поткажа и дома, во
Небрегово, та прибра со себе некои западени работници и ги доведе кај Гога; така ја
направија четата седумосум души.
Организацијата веќе почна да фаќа корени насекаде, а Мариово во прв ред беше
организирано, бидејќи со своите густи гори тоа беше природен заштитник на оние
обесправени што сакаа да се борат против тиранијата на султанот.
Но Толевата слава и смелите подвизи како да ја засенчуваа Организацијата, та
кога се појави четата на Петре Ацев, брат на Гога, селаните ја пресретнаа со извесно
сомнение, дури и подозрение.
Толе, кај одеше, што земаше -секаде плаќаше преку разни бакшиши на децата
награди за извршени услуги и други подароци на посестримки и нивни блиски.
112
Честите судрувања со потерите, откаде тој излегуваше секогаш победник го
направија силен и симпатичен во очите на мариовските селани, додека четата од
Организацијата имаше сосема друг став.
Таа не плаќаше ништо што земаше. А земаше секој ден по една две овци, леб,
мазници, кокошки. Бараше од раководството од секое село да им праќа луѓе за караули - стража - каде што денува и кога почна да ги собира сите црквени пари под изговор
дека со нив ќе купува пушки, кај селаните изгуби секаква симпатија и доверба.
На чорбаџиите им се фрли нов намет. Од десет овци едната да е готова за четата
кога ќе допадне во нивниот реон; сиромасите беа терани на стража во работните летни
денови, кога можеа да заработат по некој и друг кутел житце, а потоа дојде и
индивидуалното оданочување, според силите, пак да се купуваат пушки.
Напразно беше целата пропаганда дека Организацијата ќе ја донесе слободата.
Толе ги имаше сите адути над Организацијата да се истакне како ослободител.
Тој на дело покажуваше дека се бори против Турците, а ги штити христијаните. Не
бараше ништо од селаните, а плаќаше се што земаше. Извор на неговите материјални
средства беа пљачката од тие што напљачкале. Неговиот лозунг беше: од еден земи
многу, на многу дади по малку.
И навистина во моментот инаку и не можеше да биде кај народ кој спие
петстотинигодишен сон, без национално и општочовечко сознание, каков беше
македонскиот, односно мариовскиот селанец во крајот на XIX век.
По тој начин Толе стана кочница на Организацијата и оваа почна сериозно да се
занимава со неговата положба.
„Да се ликвидира по пат на терор?" - паѓаа предлози.
„Не бива, се озлоби народот кој во него гледа вистински заштитник" - одговараа
против предлозите.
На крајот се донесе паметното решение: да, се прибере Толе во мрежата на
Организацијата и да се исползува, како неговата лична храброст, така исто и неговиот
легендарен авторитет. Од ова поправилно решение - здравје.
Ете зошто прилепското раководство му даде задача на учителот Во с. Дуње,
Атанас Иванов и мариовскиот реонски началник Трајка Бешот да дејствуваат во овој
правец.
Толета тешко можеа да го најдат потерите, но селаните оекогаш го знаеја каде е
и дење и ноќе. Затоа и на Бешот не му беше тешко да се стави со него.
Еден ден дојде Атанас кај Бешот во Полчишта и овој го одведе на она исто
чешмиче на Торневата нива каде се расправи Толе со онбашијата и откаде тргна со него
и Бојко Паленѕов.
Јаловарите од Рошковци ги ставија со Толета на чешмичето и овие му ја пренесоа
пораката на Организацијата за спојување на двете чети.
Се поддена разговор кој траеше неколку саати.
Е, Толе, ние дојдоме кај тебе по една голема работа, - почна прв Трајко откако го
извика Толета насамо под големиот бор, каде пладнуваа Рошковите јаловиња и му го
113
претстави учителот Атанаса, за кого Толе беше слушал дека и тој се меша во некакви
комитски работи.
Толе ги овргали големите очи и му се загледа право во устата.
„Да не е дојден да ме кандисуа да се предада?" -си помисли Толе отпрвин, знаејќи
го Бешот како стар коџабашија, но веднаш му побегна таа мисла, гледајќи го и Атанаса
со него. Затоа му рече: - Да чујам Трајко. Ако е за арно, повели, кажи, ако е пак за лошо...
Трајко почна: - Ти беше во Бугарија со Митра, нели? - Бе, тоа сете го знајте, - одговори Толе. - Добро. Цо кого си дојде и зошчо толку бргу; и а остави тамо неа?
Толе се збуни. Првото прашање не го боцна, па и второто, но третото му испадна
сомнително.
„Да не е дојден да ми се свети шо а остави брачеда му"; - си помисли Толе, бидејќи
Митра му беше прва брачеда на Бешот.
Но веднаш одговори: - Може знајш дека си дојду со Ѓорѓиа и Глигура. - Знам, знам - рече Трајко. - А зошчо си дојде? .
Тука Толе се позамисли, небарем сакаше да си ги собере мислите и да го најде
одговорот, па рече: - Ами зошчо си дојду! Ете за воа шо го работа. Да му помогна нешчо на виа
нашите робови. Да проплескам понекој ага, кога веќе тие не се сеќаваат да се бранат
сами, а царот кренал рака од нас и не оставил да не глодаат сете негови пци. - Затоа и а остави Митра наша во вит виделиа сама? - Е, море затоа. Затоа ами зошчо, Јас не мисле, право да ти кажам, да се враќам,
ама кога виду шо се бара од еден работник пред лицето на нашата раја, Митра ми се
виде ситна и залудна работа, та киниса со тие другари за поголеми работи. - Е, добро си сторил шо си кинисал со ниј, ама каде се тиа; ти и остави, или тиа те
неќеа со ниј? - Мопе како ме неќеа, токо, јас и остави, оти мисле дека ќе ми пречат во работата. - Аха! Е, шо мислиш ти сега? Ќе можиш ли да свршиш сам работа или ти требе
помош?
Толе пак се замисли, и по малку молчење пламна: - Ама кажи, Трајко, направо шо сакаш од мене?
Бешот го донесе муабетот и му го остави на учителот Атанаса да мѕ каже тој што
ќе сакаат од него. И тој почна: - Толе, ти си наш човек, мариовец, наруден човек, јунак си и веќе прочуен не само
наше Мариово, ами и по Прилепцко -Битолцко. Ти почна една добра работа и а доведе
до еден пат. Ама понатака не можиш да а тераш сам.
114
- Оти да не можа? -го прекина Толе. - Еве оти. Оти не е само наше Мариово кое треба да се ослободи. И со еден човек,
со една чета, колку да е јуначка не се урива турцката сила. Требе да се ослободи цела
Македонија. А за таа работа требе, Толе, сете луѓе да стапат во борба. Твојот начин на
работа луѓето, не само шо не и дига во општа борба, ами дури и успива, надевајќи се на
твоата сила. Тиа чекаат на готово, да и исколиш ти сете Турци идаи ослободиш. А ќе и
исколиш ли ти сете Анадолци со твојте петшестина другари? - Сигурно не ќе и искола -одговори Толе и длабоко се замисли, па постави сега
тој прашање. - Ами како да се сврши таа работа? - Е! тоа е сега прашањето! Еве јас шо сакам да ти кажа тебе: ти сигурно разбра во
Бугариа дека овде кај нас во Македонија постои една организација, која а нарекоа
Внатрешна македонска револуционерна организација. - Знам -рече Толе, -дури го виду и најголемиот војвода во кафето „Македонија"
во Софија. Хе знам како ми го рекоа; Белче ми се чини го викале. - Делче. Гоце Делчев - го поправи Атанас. - Така тој Делчев, некој Сандански, и
ред други умни глави решиде да работат за ослободувањето на Македонија. Ама и тиа,
макар колку да се умни, макар колку да се јунаци, како вас со Бојка, Трајка, Андона и
Најда - тиа знаат дека сами не можат да свршат работа; та затоа, ете, образувале една
организациа во која ќе го соберат целиот наш народ, од сете краишча на Македонија и
потаму, од одринцко. И кога ќе биде целиот народ готов да загине за своата слобода,
кога ќе биде добро наоружан, ќе му дадат, пак они, знак и во еден час ќе се дигне и ќе
и истера Турците од нашата земја, да си одат во Анадол откаде шо дошле пред
петстотини години.
Ете, јас су пратен од таа организациа да ти го кажа воа и тебе, како шо го кажуам
на секој наш човек кој шо сака да му помогче на својот народ. А јас су уверен дека ти
сакаш, и се гледа дека сакаш, ама не умееш најарно да работиш. - Е шо велиш ти, шо велат тие умните глави, како да работиме? -праша Толе, кој
дотогаш ги голташе Атанасовите зборови. - Тоа е друга работа сега! -Еве како: ти си Прочуен војвода, те познаваат и ти
веруваат селаните. Затоа ошче отсега ти ќе си почниш со таа работа. Ќе и учиш селаните
да стапуваат во организациата, да си прибираат оружје, да и пазат луѓето шо ќе идат кај
ниј, да не жалаат оти ќе дадат парче леб на такви луѓе и; шо е најглавно, да се спремаат
за големиот ден кога ќе му се каже да се дигнат сете како еден во оружана борба. - Аха! -изусти Толе. - Ами јас нема ли да можа да протепам некој и друг ага ако
ми падне в рака како досега? - Како да не! И не само еден. Ти аги тепај колку ти душа сака, но ќе гледаш да не
биде лошо и за селаните каде ќе и тепаш агите. А за да биде се како шо треба, ти ќе
требе и сам да влезиш во организациата и таа ќе ти кажуа шо треба да правиш. - Ама пак да бида со врзани раце од Ѓорѓија, Глигура и други? Пак тие да ме
повелаат? Не можа, даскале, не можа! Јас не можа глава да веда на никого, бил тој
Турчин или рисјанин. Јас сакам да су слободен. Кога ќе ми текне да дојда одаваде река,
да дојда, да прејда отаде - да прејда; ода во ноа село - ода. Седа - седа, лежа -лежа. Да
115
нема кој да ми кумандуа. А вака, ако ми кладите некој коџабашија над глава, ќе ми а
земите слободата. А зошчо јас излегу кумита? Ете баш за таа слобода. Сакам да су
слободен прво јас, па после сете луѓе, - одговори Толе и го изнесе своето разбирање за
слободата.
Атанас гледа, не се витка така лесно Толе и го продолжи разговорот белким ќе го
подотера да разбере: - Така е Толе, така е. Секој човек требе да е слободен. За таа слобода и а создадоа
тиа наши големи луѓе таа Организациа, шо ти вела јас да влезиш во неа. Ама изгледа ти
не ме разбра шо сака да ти кажа. Ти ќе бидиш слободен како и досега шо беше. Ќе
можиш да си и обиколуваш нашите села, ќе можиш да и браниш од Турците, да тепаш
народни изедници, како шо тепаше досега. Организациата ќе ти помага со своите луѓе,
ќе ти каже, можеби, и кој ага да го проплескаш. Та и таа е за тоа создадена, не е да и
гали Турците? Ама едно, едно требе да се знае. Твоата работа да биде во тој правец, во
кој шо е и работата на Организациата. А тоа е: да се буди целиот народ и да се спрема
за востание. Целиот народ да знае зошчо одите вие по планините и да ве варди. Не се
доста само по двајца тројца луѓе од село да имаш јатаци, а другите да спиат. И тиа твои
јатаци шо те вардат, те вардат оти му даваш бакшиш на децата, те вардат оти имаат
извесен ќар од тебе. Организацијата пак сака друго: Секој наш човек -рисјанин -да
постане јатак, секој да постане селцки кумита; дење да ора и копа, ноќе да тргне со тебе
да ти помогне во твоата работа ако ти е тешка сам да а свршиш. Цо еден збор,
Организациата сака да направи од целиот наш народ војска, аскер, послушен кој утре
ќе се дигне и наоружан ќе и нападне. сете турцки уќумати, ќе и исколе сете мудури,
кајмаками, валии и паши. Тиа што ќе откинат и побегнат, да не можат да се вратат веќе,
макар колку аскер и заптии да доведат. А сами вие кумитите, сигурно ваа работа не
можите да а свршите. Како и сам шо гледаш. Го отепа ти Катил Шериф од Чумово, ама
те поткачиа кајмакамот и пашата и и остави селата, та побегна во нашите планини. А
организациата сака да а тепа змиата од глава. Да го тепа Султанот и неговите слуги, та
да се требат, и аскерот, и заптиите, и мудури, кајмаками, валии и паши. Само така ќе а
постигнеш и ти твоата цел - ќе го ослободиш и наше Мариово, а ќе помогнеш да се
ослободи и целата наша Македонија. Ме разбра ли брат Толе? - го заврши Атанас своето
убедување, трудејќи се колку што може и не може да му објасни на Толета каде е патот
кон слободата.
Толе длабоко се замисли. Почна да ја префрла пушката од рака в рака да ја врти
главата де на една де на друга страна и почна да го повторува она Атанас што му го
зборуваше небарем одговараше пред учител, кој му зададе нов урок. - Демек, јас ќе си остана на моето место и ќе си а прод'жа работата? - Ќе си останеш, ќе си а прод'жиш, та дури и ќе а засилиш. Се разбира, за се ќе ти
се даде право. Но без изим ќе гледаш да не правиш некои работи по селата шо би донеле
штета предвреме. А главно, твоата работа ќе биде, како то ти реку: да и будиш селаните,
полека, полека. Да разберат и тие дека треба сами да се запрегнат ако сакаат побрго да
бидат слободни. А кога ќе почнат да се будат, ќе гледаш да и тераш, но не со сила или
фалби, со убаво, со благо, да се наоружуваат. Секој да има по некое пусатче со кое ќе
може утре да тргне во нашата војска.
116
- Мопе таа е лесна работа, даскале! Пушки во Софија колку сакаш, имаш ли пари
само! Еве а ве, моата златна за пет лири Јован ми а купи како ние во Прилеп палечници
шо купуаме. - Не е така лесно, не е Толе, како шо мислиш. Софија е далеку одовде. Па и петте
лири секој сиромав и нема да и даде, ама за сето тоа мислат нашите големи глави и тиа
ќе ни кажат шо требе и како требе. "Видиш! ти за пет лири си добил убава малихерка.
Ако дадеше педесет - ќе замеше десет вакви малихерки, а за петстотини - сто пушки.
Ете а твоата помош на народот. Хе само со тепање аги, ами и со друго се помагало - заврши Атанас.
На Толета му се симна превез од очите.
„Види, види, шо ми изнаприкажа вој даскалот. -Ти! ами јас шо чудо пари врли за
бамбадиала! Само тиа бакшиши шо и даду виа години може двесте, триста пушки да
купа и да и раздела на двесте триста наши момчиња, еве ти цел табур наша војска" - си
помисли Толе и уште тука му вети на Бешот и Атанаса: - Од мене, Трајко, и ти даскале, и од дружината моа за сега имаш сто вакви пушки, - и ја удри малихерката негова. - А оттука натамо шо ќе „даде господ", ич никому нишчо
не давам. Сете пари ќе и чуам само за пушки, лели велиш оти ќе ни требат,
И уште тука Толе се распаша, го извади ќемерот од Арсланбеј што му го зеде во
Старавина со шеесет и пет лири, во кој беше ги сместил и оние од овците од Букри, та
ги истури на сакмата и почна да ги брои по десет. - Шири капата, побратиме! - му вели на Бешот. - Десет, дваесет, триесет, сто, двесте, и педесет. - Еве, за педесет пушки јас плаќам, а за педесет ќе ме почекаш за некоа и друга
недела. Имам троа вересиа да собера и ќе ти и натокма - се пошегува, мислејќи на Јована
Сивев, кој му остана должен седумнаесет лири, па продолжи: - Само едно ќе ве молам
да му кажите на нашите големи луѓе: да не ми пречат во моите работи. Јас разбра сега
шо сакаат, тиа, и зошчо тоа го сакаат, и како ќе ме вати умот, ќе работа, бидејќи
патишчата, и мојот и нивниот, на едно место воделе. Бидите раат, и ако ви притребам
секогаш можите да ме најдите, а јас веќе, Трајко, те знам каде си, ако имам нужда лесно
ќе те најда... А за Митра не бери гајле. Таа е сместена и има пари да поседи со Јована
Гуровчето во Софија.
Со овие зборови Толе им даде на Трајка и Атанаса да разберат, дека семето што
го фрлија падна на плодна земја и убаво ќе изникне. - Мопе Митра, шо барала нашла, јас неа ни муабет не а права, токо, така, ти а
напомни за да те обида да не си врзан за неа та да ни побегниш некој ден пак кај неа -
одговори Трајко и станаа, очигледно сите задоволни од разговорот.
На Толета му се отворија очите и се осети окуражен кога разбра дека и други како
него мислат за она што сам си го постави за цел; а Трајко и Атанас, задоволни што ја
исполнија задачата што им ја возложи Организацијата, дури и со факти ќе докажат со
двесте и педесет лири, дека Толета го завртоа на нивна страна.
Отидоа кај другарите на чешмичето, и во знак на успешно свршена работа, ручаа
заедно.
117
На разделба Трајко му рече на Толевци: - Ете, отсега да знајте, кај ќе одите, ќе и барате нашите работници од
Организацијата и тие ќе ви даваат јадење и меќан без да плаќате ни грош. А тоа шо ќе
го печалите вие - „се знае." и му намигна на Толета. - Се разбра таа, џанум, се разбра. Ај ми со здравје и носи му здраво живо на
мудурот да си и бере парталите, оти ошче еднаш ако ми падне в раце нема да му а остава
кожата здрава.
Се избакнаа Трајко и Атанас со сите Толевци и си навртоа доволни во Полчишта.
Толе си зашета сега од село в село, но со одредена цел.
Не мислеше само на фаќање бегови и што поголеми пљачки, ами од арамија се
претвори во одличен агитатор.
На третиот четвртиот ден од разделбата со Бешот и Атанаса, Толе префрли на
Градешко и во Уруп го најде на бичкијата, како нарачан, Илија Гуцев каде си бичи
штици за домашна потреба. Покрај Илија и мајсторот Наума вечерта се прибраа пет
шестината трупари.
Илија беше предупреден од Бешот за станатиот пресврт кај Толета и му беше
возложено да го примаат како човек од Организацијата, но со една резерва: да не
направи некои испади предвреме, та место да помогне, да спречи некои работи.
Речи си, Илија повеќе и затоа дојде на бичкијата и, ете добро се најде.
На поздравите од трупарите Толе сега со сожаление погледна.
„Еве и, ве! Работат како волови и дење, и ноќе и пак голи, боси и гладни одат. А
да му речиш: де земете пушките да го истераме Турчинот",'ќе ти а расцепат главата со
балтиите, или ќе те предадат на Раиф ефендија. „Спиат, - шо рече Бешот" -си мислеше
во моментот Толе и во исто време спремаше клоци да ги разбудува.
Затоа уште тука почна: - Шо правите вие, бре кршоборци, по планината? - им се обрна на сите кога седнаа
да ја кршат топлата ченкина погача и да тураат во паниците жолта вода, во која леташе
по некоја граова шлупка.
Храната на бичкиџиите се знаеше: царевна погача и вода од петшест зрна грав.
Така им беше пазарот со чорбаџи Тошета Налев: да сечат по десет трупа на ден, секој
да ги дотера на бичкијата, да ги избичат ноќеска половината свои трупје, а половината
да остане за мајсторот што работи само дење.
За тие четири стотини штици, колку излегуваа од педесет трупа, чорбаџијата
плаќаше седум бели череци или 35 гроша - на трупарите по еден черек, два на мајсторот
дневно, та така него го фаќаше неполни десет пари штицата, а ја продаваше тука, на
бичкија, по грош и шеесет пари.
Но затоа и ги хранеше со царевно брашно и граова вода.
Трупарите се позачудија на Толевото прашање, но тие го познаваа и од порано,
та беа слободни пред него, бидејќи не беа предмет за неговото внимание. Немаше зошто
да се плашат од него, бидејќи немаше што да им земе, та еден се насмеа и му рече:
118
- Ами, кога ме неќиш ти со тебе, шо ќе правиме, ќе му валкаме трупје на чорбаџи - Тошета, да го јадиме лебот и да а сркаме водата од граот.
Мопе јас ве сакам внучковци, токо не ви се врзани гаќите вам - се нашегува Толе
и продолжи: - Елате де да ве вида шо мажи сте? Ајде, камо ви пушките да грабните, да му
појдиме на мудурот во Витолишча, да го проплескаме или да го нападиме во Анадол од
каде шо дојде. - Е, камо пушки, де? -праша пак оној трупар и голта топли залаци од погачата. - Камо пушки? Јас сакате да ви донеса пушки на сете? Ене и кај аскерот, во
кашлата витолишка, двесте мамѕерки. Де бакалум, да му и земеме, ако ви стискаат
скопчињата. - Е, лебами, тиа пушки не се земаат со колај - пробрбори друг од трупарите. - А вие како сакате, да ви и донесат агите овде на бичкијата? -почна Толе да ги
боцка трупарите. -Мопе, ако не си а врши в’кот работата сам - не бидуа дебел во вратот,
браќа, не! Токо, освестете се и вие и опечалете се, белки сете нешчо ќе направиме. Та
вака со лежење ќе не вјаваат, не ошче петстотини, ами и ошче илјада години, агите. А
покрај ниј ќе ве вјава, еве, и чорбаџи Тоше. Вие 'ргате овде и ден и ноќ, а тој си свире
со тамбурката по Градешница и Старовина и си и п'ни тенеќиите со лирички од вашата
пот. Не е ли така, Иљо? -му се обрна на Гуцето, кој просто беше замајан од пресвртот
на Толета. - Така е, Толе така. И јас понекојпат му го вела воа, ама тиа ме прават будала. Ми
се биат шега и велат дека со глава ѕид не се туркал. Мопе да видиш како се турка., ама
требе повеќе глави да се поискршат, да видиш како ќе се турне! - А бре, кој има јака глава, де баканека удри, ама нашите не се толку јаки можат
ѕид да туркаат -се јави пак првиот трупар.
Но друг се замеша: - Може, имаат донекаде право војводата и Илиа, имаат. „Сложна дружина -
планината а поткрева", вели даскалот Димо. Та и ваа работа ти е така. Ако стане цел
народ, да видиш како се турка и ѕид со глава!
На Толета му светна лицето.
„Аха! - си рече во умот. -Хе се сете кукавици и баби, но требе да се разбудат, како
шо рече Бешот.
Со тоа решение Толе вечерта тргна со Илија заедно за Градешница, и околу стари
вечери влегоа сите седум души на горниот крај на селото каде што беше Гуцевата куќа,
на крајот, како нарачана за вакви работи.
Во соседството на Илија беше и куќата на другиот работник - Митрета Гулев, кој
беше оваа година и селски коџабашија.
Илија му соопшти на Митрета за гостите и овој не малку се изненади кога разбра
дека Илија ги довел в село. - Како, бре слепци, баш ваа вечер најдоте да влезите кога мулазимот од
Витолишча со педесет души аскер е в село? - му рече Митре на Илија и почна да се
119
возбудува да не стане некоја штета баш тука, во селото, за кое тој одговара по две линии:
како коџабашија пред турската власт, и како организациски човек -пред
Организацијата.
Но Илија ова го предвиде уште на бичкијата кога го повика Толета да слезе в село.
И сега, ете то, го теши Митрета и му го изложува својот план: - Каде е на конак аскерот? - Долно маало -одговори Митре. - Мошне арно. Ногу убаво си сторил шо си го распоредил Долно Маало. - Ами како шо знајш. Лели сме го правеле пустиот план. За дивите горно, за
питомите- Долно Маало-рече на шега Гуле. - Токо шо мислиш сега? - Шо мисла и ќе направа. Само ти смести и Толевци во племната на Бурлиата за
некој час и друг, дури да се истребат агите, та после ќе бркаме работа. - А ти кај ќе одиш? - Каде е мулазимот на конак? - Кај Трајка Мачкаров; знајш оти сете аги бараат црвен чарап, та тамо ги кладу,
да му и замагли очите невестата Милка. - Мошне арно, мошне. Еве шо: јас сега ќе запала цигара (оти на човек без цигара
ноќно време патролата не му викаше ни да застане, ами веднаш стрелаше на него,
сметајќи го за комита) и ќе слеза до Мачкарови, та ќе му кажа на муљазимот дека на
бичкијата дојде Толе. Паша. И шо мислиш ти, шо ќе направе тој? - Ќе го дигне аскерот ошче ноќеска -одговори Митре. - Тоа се Џара засега -се насмеа Илија и веќе ја запали цигарата. - Ами кога ќе и стегне мулазимот трупарите, нема ли да му кажат дека ти со ниј
заедно тргна? - пак се беспокои Митре, сега за Илија. - Не бери гајле. И таа е наредена - одговори спокојно Илија и му објасни на
Митрета, дека тој им рече на трупарите и на мајсторот да и кажат на потерата дека дојде
Толе Паша, зеде леб и фати нагоре орманот, а од нивна страна веднаш тргна Илија да
стори абер в село.
„Ако кажете инаку, ќе ви речат зошчо не дојдоте вие, некој, да сторите абер" -им
рече Илија горе на трупарите, та така со таа обмана, ем не го издаваат Толета, ни Илија,
ем ќе бидат оправдани пред потерата.
На Митрета му се бендиса одличниот план и длабоко се издиши, небарем товар
симна од грбот. - Ногу убаво си а скроил - и му ја стисна подадената рака на Илија, кој го поведе
и им го претстави на Толета.
Во кратко им ја објасни на Толевци положбата и Толе си ги спомна зборовите на
Бешот: „каде ќе одете барајте леб и меќан од луѓето на Организацијата". А Бешот му ги
кажа скоро сите работници од сите села, затоа Толе наполно им се предаде на овие во
Градешница.
120
Митре ги зеде Толевци и заедно со Илија ги смести кај Бурлијата, а Илија тргна
за долно маало.
Селото Градешница се спростира на двесте триста метра по десниот брег на
Урупската река, а на средето е разделена од еден висок мел, така што повеќе личи на
две отколку на едно село.
Затоа и мулазимот оваа ноќ постави стража и одреди патрола само за долно маало
каде беше сместен аскерот и тој.
Илија си зачури со цигарето и покрај мелот, по тесното патче, се приближи
крајната куќа од долното маало.
Стражарот го забележа огнот од цигарата и ја зеде пушката на готовс, но знаеше
дека кој чури цигара не е лош човек, та го дочека на десетина метра пред него и силно
викна: - Ќим с'и сен (Кој си ти?) - Бен'м коџабаши (Јас сум кметот) - одговори Илија и му се приближи. - Каде така ноќески, коџабаши? - го праша стражарот на македонски јазик. - А бре каде, ефенди; (за рајата сите Турци беа ефендии) носа еден важен абер на
муљазимот. Токо, ајде брго да ме одведиш кај него. - Толку важен тој абер што ќе будиме сега ефендитата? - Почна да се мисли
стражарот, но Илија му рече дека е важен и тој го предаде на својот другар за да не го
напушта стражарското место.
За неколку минути Илија со војникот стоеше на портата од Трајка Мачкаров и
викаше.
Стариот дедо Трајко му отвори, а муљазимот, како секој потереџија кој спие на
штрек, се појави на прозорчето со револверот в раце. - Кој тој сега шо тропат, бре чорбаџи Трајко? - Еден селанец сака кај тебе да влезе ефекни - му одговори Трајко, а војникот по
турски му објасни. - Ела ваму, бре ќерата -му се врекна муљазимот на Илија, очигледно незадоволен
што го буди и вознемирува во најслаткиот сон.
Илија влезе кај муљазимот и со два збора му кажа зошто дојде и од кај иде. - Да си жив бре, синко. Ете, така треба. Да кажувате на уќуматот каде одат тие
пезевенци. Така. Ти не можеш да фаќаш нив, ама барем да кажиш. А велиш, ќе врткаат
таму бичкиџиите дури да втасат аскерот? - Така рекоме, ефенди, да и врткаат. Кај ќе одат, сакаат неќат, нема леб на друго
место. - Го маслоса Илија мулазимот и го доби пак оној војник, да го спроведе до дома,
но Илија рече дека ќе преседе тука, кај Трајка, додека се раздени. - Како сакаш -му одговори муљазимот и му проговори нешто на војникот по
турски. - Евет, муљазим ефенди (Разбирам, господине потпоручниче.) -одговори војникот
и излезе низ порта.
121
За пет минути се врати со буризанот заедно. Стражата и патролата знаеја каде е
буризанот, а тој секогаш беше, или заедно со муљазимот или во најблиската куќа. И
вечерва, да се насладува сам муљазимот со невестата Милка, барем со очи, го смести
буризанот кај Јована Мачкарот, деленица на Трајка.
Како што очекуваше Илија така и излезе. Буризанот ја наду буријата и засвире
узбуна.
За час се створија, во дворот на Мачкаровци прво патролата, а потоа и сите
педесет души војници.
Со „анани", со „аврадини", муљазимот тргна баш преку горно маало и уште
петлите непеани, ја напушти Градешница за да го брка и фати Толе Паша во Уруп.
А Толе кротуваше во тоа време во племната на Бурлијата. За секој случај тој го
задржа коџабашијата кај себе, без да мисли дека може да предизвика сомнение, ако го
побара муљазимот. Но овој не се сети, па немаше и зошто да го бара. Толку поарно што
каурите не ќе знаат во кој правец се движи потерата.
Селото се исчисти од „оваа смрѓева", како викаа селаните. Но Толевци останаа во
племната до сонце огревање.
Кога се раздени убаво,прво излезе Гуле, ги предупреди и домашните од
Бурлијата, кои, освен стариот другите и не разбраа дека имаа гости ноќеска.
Околноста со потерата токму им ја нареди работичката на Толевци.
Муљазимот беше наредил вечерта селаните по еден од куќа, да се соберат утре,
да им држи некакви поуки и совети околу редот и безбедноста во селото, по кое обично
ги тераше да прават и оро, та да се насладуваат на убавите мариовски моми и невести.
Толку повеќе што утредента беше недела, та ќе се собере цело село.
Кметот и азите беа се распоредиле и за ручек, беа нарачале да се донесат дветри
овци, брави; да се осучат мазници и неколку кокошки за муљазимот, чаушот и
онбашиите.
И така, сега за Толета, дојде жива згода.
Илија го слушна на бичкијата како пламено им зборуваше на трупарите, та се
посоветува со Митрета и Бурлијата и решија, место муљазимот, да излезе на сретсело
Толе со другарите, и тој да ги одржи поуките и советите.
Од кај дојде, што дојде -тие ќе кажат дека народот беше нарачан од муљазимот и
се собра на сретсело пред црквата, а Толе никна како од земја.
Па најпосле, иако протепаат Турците по некого; освен тројцата, никој друг и не
знае кога и од каде дојде Толе. - Ујгун работа излезе! - рече Толе кога му го предложија ова. - Таман јас ќе му
кажа на виа наши поспанковци да се разбудат од тешкиот сон. - Ама гледај, да не а цапнеш некоа ни за в телци, ни за в говеда! - го предупредува
Илија Толета, плашејќи се од неизделканоста негова и од бујната природа. - Така како шо им зборуаше на трупарите на бичкиата, така и тука ќе зборуаш. Се
разбраме, лели?
122
- А за невестата Неда, лесна работа, има време, ќе се видите - се нашакува Митре,
знаејќи ја слабата страна на Толета. - Остави и тиа работи, Митре! - го опомена Илија Митрета. - Сега имаме поважни
работи од жените.
Толе вети дека ќе се држи како вистински проповедник.
Ја уредија работата кога и како Толе „ќе никне" на сретсело, кога ќе бидат
селаните собрани, а Митре ќе позадоцне со излегувањето: да не го распрашаат селаните
и да разберат дека муљазимот си отиде, та и тие да се растурат.
Бидејќи беа нарачани од вечер по еден од куќа, а се погоди недела, црквата се
наполни со народ.
Поп Тодор пропеа што пропеа и даде отпуст. Сите како што беа в црква останаа
на сретсело, кое беше токму до самата црква, и го зачекаа муљазимот да се појави. - Пак се има некој ѓавол појавено, шо не собира муљазимот цело село -почна
разговор Марко Попов. - Може, ѓавол, Марко... тој ти е ѓаволот. Толе Паша се има поткажано некаде и
агите - ајде по села за Кркање, краста да и јаде -одговори некој од купот.
Ами, оти ошче го нема, до кога ќе не држи, ќе умриме за јадење - се јави трет. - Може, да не не собере сете, вака џумле, и да не нареде крај зидот, да не истепа,
та јадењето ќе го простиш -проговори четврт. И со ред, секој за себе правеше разговор
со соседот, додека некој не запраша: - Ами, камо го коџабашиата Митрета, бре луѓе? - Може, камо го!... ами и тој како агите се успал - одговори некој. - Навистина, ама, нема од сабајле, не виду јас аскер. Толку да се успани?
забележи Марко и сите потврдија дека селото некако пусто им се виде одутрина. - Може тука се, в река да појдат, кај ќе одат ноќеска? -потврди некој. - Ама мене ми се стори оти засвире буриата ноќеска, ошче пред петли, та кознае! - пак Марко се приближи кон вистината. - Дај боже и света неделичка мајчичка, де! - се слушна од неколку грла утешен
глас.
Разговарајќи така, и чекајќи го муљазимот или некој од чаушите, наеднаш се
направи буричканица меѓу селаните. - Море луѓе, кој се ниа сега одозгора? - се слушна еден глас.
Сите ги завртоа очите ропе по улицата откаде се зададоа шест наоружани луѓе и
двајца селани.
По алиштата -бели бечви со црни гајтани, јакучки, со дебели сакми и јанински
опинци, а особено кога го видоа белиот коњ, лесно ги препознаа нашите комити.
Многумина го имаа видено Толета отпорано, та сега од неколку грла се испушти
една тажна воздишка.
123
- Леле, мајче ти мила! Ами кај крше глава сега овде бре, шо ќе направе, бре, ќе го
изгоре селото, в реката да појде да не се врате! Ти ии! шо такцир сме имале, живи да не
печат агите, бесот да и вати и едните и другите!
Се раздрма народ, некои почнаа да се собираат на купчиња; тие што беа по на
крајот се измушнаа и избегаа.
Го видоа ова Илија и Митре, и овој последниот позабрза пред Толета и уште
оддалеку почна да вика: - Селани! Хе бегајте, не плашете се! Дојде прв, и како селски човек, почна да ги
теши селаните. - Стојте тука, стојте. Таа се стори шо се стори, ами колку повеќе ќе бидеме овде, -толку поарно за селото.
Ете, муљазимот нарача да се соберете, да ви држи слово, ама пашата дојде -пушти
малку хумор Митре. - Ами кај вати аскерот, бре Митре? -праша пак Марко Попов. - А бре ми, кај вати... отиде да го бара Толе Паша по Уруп. Лели гледате, нишчо
нема в село; не берете гајле! -ги теши Гуле селаните. - Море, ќе го изгорете селото, бреј, папокот ќе ви гори! Ами кај оде Толе, кај го
носат ѓаволите црни сега? Ами ако не беше станат аскерот, шо ќе станеше денеска?
Митре се понасмевна и одговори: - Шо имаше да стане, ќе си и окркаа бравите и кокошките агите, а Толе ќе гледаше
од Пешча како се гошчаваат.
Во тоа време пристигнаа Толевци, водени од Гуцето.
Од десетина дваесет чекори и Гуцето, како Митрета викна да не се плашат
селаните од настанов, а веќе и Толе приближи до купот луѓе, кои инстиктивно се
притиснаа еден до друг.
Толе се понасмевна и испушти едно: - Доброутро, браќа! Сакате ли госје? -и рипна од коњот. - Дал ти бог добро, Толе. - Но кога Толе се приближи да фати рака и направи
здраво живо, секој од присутните гледаше да биде поназад, мислејќи дека со тоа ќе му
биде утре полесно наказанието од агите.
Се слушнаа стотина растреперени гласови. Пак Марко Попов прв фати рака со
Толета, како угич прв што скака во реката а по него сите овци и јагниња. - Не бојте се, стопанка му, шо се плашете, не ме ли познавате? Се провикна Толе
и се замеша во купот, поздравувајќи се и со најмладите.
По Толета прошетаа и другите другари низ купот и се поздравија.
Многумина се познаа како комшии, што си одеа и идеа на гости. Бојко ги најде и
своите братучеди; Брниклијата се сретна со Босеа, со кого пред некоја и друга година
се бореше на Илинден баш овде, на ова сретсело; некои го познаа и Најда Орленчето,
Андона и Стојчета.
124
За час се осетија како да се на оро, а не собрани од муљазимот да ги кара, а може
и протепа по некого. - Е, како сте, бре браќа, шо правите, шо чините, како живејте? - праша Толе,
откако седна на урнатото ѕидче од црквеното кале, што го поткреваше за една човечка
глава од сите селани што стоеја.
Но место одговор Толе виде само наведени глави. Никој не се решаваше прв да
влезе во разговор со овој горски цар. Дали Толе им беше висок, голем, страшен; дали
не то разбраа што праша, или се плашеа од неговата сила, тоа никој не знаеше да
објасни, но секој осеќаше дека му се фаќа јазикот, та не може да одговори на вака прости
и јасни прашања.
„Види, види, завалиите!" си помисли Толе. „Научени да м'чат и да и ведат главите
пред агите, та и пред мене и наведоа и збор не пушчаат од уста". И пак проговори: - Ногу ли ве стра од муљазимот, бре луѓе?
Марко се реши. Некој мора да почне: - МоРе ми не стра, ами не? Зар дека вас не ве стра тики и нас. Ете, ти си а нарамил
малиќерката, та колку неговата манзерка шо пука - толку и твоата малиќерка. Ами ние
со голи раце, како да не се плашиме?
Таман го донесе муабетот Марко. - Ах! да си ми жив. Марко. Така ли е работата? Демек и моата малихерка пука
колку неговата манѕерка, а?
Сите селани ги начулија ушите кон разговорот. - Пука, ами не пука! - потврди Марко. - Е сега, да се разбереме селани? - Се обрна Толе кон сите. - Марко вели дека и
моата малихерка пукала колку манѕерката од муљазимот. - Така е, пука - се слушнаа уште неколку гласови од тие што беа околу Марка. Се
окуражија уште неколку души да проговорат макар само едно „така е". - А сега, да ми одговорите на моето прашање: како сте и како живејте со агите? - Море ми, како живејме!... зар вие не знајте; како вие шо живеете пред да и
наметните, како татковци ви и дедовци ви. Шо не прашаш за тоа шо го знајш. - Пак
Марко одговори за сите. - Е, ошче ли мислите така да живејте, како татковци ни? - Ами шо да правиме бре, Толе? Ајде, кажувајте вие, ете понапред и кладоте
главите во торбите; шо велите вие, ќе има ли некој спасибог од тоа вие шо го направите? -се замеша сега и коџабашијата Митре, зборувајќи во името на сите селани.
Толе стана простум, и како што беше поткачен на ѕитчето, излезе за цел метар и
повеќе повисок од селаните, та сега можеа да го видат, и да го слушнат и последните од
купот. И го почна своето важно слово. - Браќа рисјани, градевци и вие сете мариовци, Маќедонци!
Купот занеме. Многумина ги отворија устите и така подзинати чекаа да го
слушнат арамијата Толета, кој ќе ги уцени сега со илјада лири, за да излезе од село, да
125
не го најдат тука Турците и да го изгорат селото. Таква претстава си имаа селаните за
Толета, како за секој арамија.
Но Толе сега имаше друга цел и тој почна да си го кажува алот зошто оди по
планините. - Вие ме знаете мене како арамиа. И така си е. Јас су арамиа. Но сакам нешчо овде
да ви кажа на сете, а тоа е: дека има арамии и арамиии. Досегашните арамии шо беме,
одеме, тепаме, ваќаме чорбаџии и му земаме пари. Од тоа друго не знаеме. Ама имало,
браќа, и други комити, и други арамии, ако можиме да и наречеме ниј арамии, шо не е
право. Може сте чуле дека јас забега дури во Бугарија, лели? - Знајме, знајме, - потврдија неколку гласови одеднаш. - Е, слушајте ме сега, да ви кажа шо виду и шо разбра во таа слободна земја. Тамо
најду, западени наши луѓе од цела Македонија. И поткачиле агите одовде и тие
прерипале преку граница, каде слободно шетаат и работат. Сакаат, браќа, да не видат
сете нас така слободни како шо го гледаат слободен тој народ тамо - Да се живи, ако има такви луѓе -му се испушти од устите скоро на целиот куп. - Има, браќа, има. И тоа. не еден, ами безброј. Токо слушајте ме понатака. Тиа
луѓе решиле и Македониа да биде слободна како шо е Бугарија, Србиа, Грциа, Влашко
и други земји, каде Турците се истерани. - Де бакалум! - изусти Марко. - Ама не е доста само тиа да решиле и ние - оп! - утре слободни. Вие а гледате
турцката сила колкава е.
Селаните ги наведоа главите. - Голема е, лели? Тоа го знаат и тиа наши големи луѓе. Затоа и тиа бараат лек на
таа болка. А лекот го нашле, ете, пак кај нас, кај народот. Велат оти народот сам требе
да се ослободи. - Е, ех! ќе се ослободиме ние со паличниците, секирите и косите, - со воздишка
одговори пак Марко. - Чекај Марко, чекај, шо трчаш? -му се подврекна Толе на Марка. - Ние, ние со паличниците, со косите, со секирите, ние со испуканите раце требе
да тргниме да се ослободуаме; та на тиа шо го имаат оружјето в раце, чии раце се меки,
најадени, напиени,, наспаки каква слобода му е требна? Тиа си се слободни. Токо ние,
калнокапците, сиромашиата, голотиата, босотиата, ние требе да се дигнеме и да бараме
слобода. - Море кој ни а дава нам таа слобода, бре Толе, шо ве лаже умот! Токо ајде, кажуај
понатака -му упаѓа стариот поп Тодор. - Ама чекај попе, не вјасај. Ете баш тука е работата, шо нема да а бараме да ни а
дадат агите слободата. Секој е будала ако мисли дека ќе ни а дадат со молчење, со пари
или за атер на некого. Тука е клучот на работата. Слобода се зема со борба, со крв, шо
се вели, а не се дава бакшиш. Ни еден народ не а има добиено слободата без борба.
Помогни си сам ако сакаш и господ да ти помогне! Вака „месен - обесен" кај си видел
ти, Марко?
126
- Е, ех! Та лели така? Да можеме ние сами и досега не и трпеме Суловци,
'Рсланбејовци и сете други аги и бегови шо не вјавале пет стотини години. - Ако сме не можеле досега, ќе можеме отсега. Го гледаш мелот под куќата од
вашиот ковач? Денеска троа утре троа -го поткопала реката и ене го, каменот се
одвалкал. Така и ние. Ние овде малку, други на друго, трето место, и ене го -агата се
напрчил!
Се разнесе смев сред купот. - Море, кој знае, баси го, да ли ќе го препрчиме; како ногу корен ватил! - се јави
пак некој скептик. - Е, арно решиле тиа наши браќа, ами ќе дојдат ли они да ни поможат? - праша
поп Тодор. - Како не ќе дојдат, џанум! Та еве сме. Ние мариовците во Мариово, прилепчани -во Прилеп, битолчани во Битола и така со ред. Ви вела тиа се нашите луѓе. Само ќе
требе и вие сами да се спремате, вие нам да ни помогнете, ние вам еве и сега кај ви
помагаме, и ќе помагаме шо можиме. Ама пак работата е тамо: сете, браќа, сете ако
станеме, тогаш нешчо може да биде. А вака, само пет десет души, се знае - нишчо не
прават. - Е, е! Се разбра работата, џанум. Ти велиш сете ние да се спремаме, да му се
загниме на агата и да го нападеме. Де бакалум! Ако е речено од господ белки и тоа ќе
биде. Ама... - Пак Марко не верува. - Нема „ама", бре Марко. Ако се собереме ние дваесет и пет села, тука има дветри
илјади души, ами со нозе ќе и изгазиме сто двесте души во Витолишча, баму бељата -
му се врекна Гуцето на Марка и продолжи сега тој место Толета: - Разбраме, Толе, разбраме. Ти кажа дека има организациа, кумитет, шо го викаат,
и тој ќе си работи за секое село. Ќе си и прибира селаните околу себе, ќе му помага во
неволите, ќе и наоружува полека, полека, и кога ќе се нареди одозгора ќе и поведе во
борба против агите. - Токмо така, Илија. Ете, јас ќе забораве најважното да го кажа -одговори Толе и
пак почна. - Ете го најглавното, Илиа го кажа. Вие, кај ќе одите, шо ќе правете, ќе гледате да
си најдите по некое пусатче. Пушка, пишчолче, чифте, тек. Колку поздраво - толку
поарно. Се знае оти со гола рака змиа не се ваќа. А Организациата од своа страна ќе ни
испраќа и таа колку шо' има и шо може. Но главното е ние сами да си го бараме чарето,
оти на нас ќе пукаат агите со манѕерите. А гледате ли моата куска? -Ја поткрена
малихерката. - Ете, за пет лири во Софија а купи, како секира шо купуаш на пазар. Та и вие. Кој
не може сам тука да најде, Организациата ќе ни испрати колку шо може да пренесе. Ама
не е лесно да пренесиш од Бугариа илјадници пушки. Затоа, вела, сами да се спремате.
А сега да видиме ошче една работа...
Купот се поразмрда и почна да ги коментира Толевите зборови.
Некои викаат дека бошлав ќе излезе и ова; други тврдат дека не е никакво чудо
ако се дигне цел народ како во Бугарија, Србија и Грција, трет вели: „Море, ако не беа
127
Русјаковци, Московот, ни Срби, ни Бугари, ни Грци, никој не ќе го истераше агата".
Ама на сите им се читаше извесна надеж дека ќе се куртулат од беговите и агите, барем
тие што ќе останат живи по борбата. А сите не ќе не исколат Турците? И тие се од месо
и крв!
Коџабашијата ги смири селаните. - Да чујме, да чујме ошче малку, та ќе си одиме! - рече Митре.
Пак се смирија. - Еве шо, - рече Толе. - Во секое село требе ние да си кладиме наши луѓе за
работата. Просто да си направиме сами уќумат, шо велат Турците, оти сете нема да
судиме и да и бркаме тиа работи. Еден началник, како го викаат во Бугариа и печес
помошници. - Како коџабашиата и азите шо се - објасни Гуцето. - Тој ќе биде главабашиа на селото. До него ќе идат наредбите од горе и тој ќе си
го бере гајлето за се шо ќе се наредуа. - Ама и тој напред ќе тргне утре на кашлата во Витолишча - пак Марко вика. - Така е - потврди Толе и праша: Кого велите вие да го кладиме?
Целиот куп се расшепоти. - Мопе ми кој, Толе!... Кој е тој шо ќе си а клава главата в торба? Ние на
Митровден избраме коџабашиа и аази. Шо треба сега други да избираме? Нека бидат и
во ваа работа истите, -предложи поп Тодор. -Тиа се наши луѓе, како и бркаат тие селцки
работи, нека а бркаат и ваа. - Ногу арно вели попот, ногу. Еве, Митре вчера беше со муљазимот денеска со
вас, утре со други. Нека си бидат пак тиа! -се прифати предлогот попов од многу души.
Митре се провикна: - Селани, браќа! Јас му служа на селото кај Турците, ќе му служа и кај
Организациата, ама едно да знајте: Кај Турците ве брана колку шо можа, со јадење, со
пиење, со придавачки, рушвети, со маривети и лаги, само и само да не паднете во беља.
Овде е сосема друга работата. Тука сака најголема послушност. Утре ќе се нареди книга
да се однесе, чета да се пречека, да се нарани, да се скрие. Најпосле, да се тргне со
оружје во рацете во бој. Немој некој да го лаже умот да се противи, да не послуша, да
оде дачини давии кај мудурот, кајмакамот, валијата и пашата! Да се разбереме овде. За
такви Организациата нема апцани да и затвара, да и праќа сургун по разни градишта по
Анадолиа. Едната казна шо може и ќе а врши она -тоа е куршумот в чело. Немој да
мислите оти виа се детински муабети. Оген валиме на сред гумно. Поразмислете малку,
та за мене веќе се знае. Еден од вас утре ако изусти пред мудурот, моата глава ќе висе
на колот. Ако бидете послушни, да ризате шо ќе ви нареде Организациата, да ваќаме
работа, ако не -да не се земаме на душа еден со друг! - Ти ќе бидеш, ти Гуле. Ние тебе те знајме за утач на селото и кај ќе рипаш ти, ќе
рипа и целото село -пак поп Тодор предлага. - Е, море, јас, јас, попе, токо пак сосем вас, со село, со селани. Ама јас, ете не су
писмен. ќе дојде писмо, сака да се отпее, да се напише друго.
128
- Марка Попов, Марка ќе ти го дадеме за ќатип -се разнесе од неколку грла. - Така некако пак иде на ред. -одговори Митре, очигледно доволен оти и Марка
ќе го втераат внатре.
Марко промртка малку и се прими ама и тој одржа слично слово како Митрета и
им се закани на сите непослушковци и шпиони дека сам лично ќе им го трга куршумот
овде, на сретсело. - А сега, -рече Толе, -нека ви е честит новиот уќумат и шо има -да има, тој ќе ви
суди и пресудуа, никој нема да оди ни кај бег, ни кај кајмакам, ни паша. Вој, вие,
покажа на Митрета, околу кого беа собрани азите и како нов член Марко Попов -виа ви
се мудури, виа кајмаками, вие кадии, валии и паши. - Не, не! - паша ќе бидеш ти и така веќе те крстиле Паша. - Се провикна Марко, а
Толе слезе од ѕитчето и му честита на новиот комитет во Градешница.
Митре веднаш стапи на новата должност. - Ајде, Пеце и ти Трајче, одете еден на Пешча, еден на Црквишче - да вардите да
не се врати муљазимот однекаде, та да направиме ошче денеска попара без мас.
И децата без збор ја извршија наредбата од својот христијански уќумат. Селаните
се разотидоа. - Каде Толе, кај сакаш на конак да бидиш денеска? - го праша Илија Толета. - Нема кај сакам, другари! Јас сакам тамо каде ќе речете вие. И тоа за конак. -
сполај ви. Нека се замрачи, ќе одиме понатака да бркаме работа - одговори Толе,
придржувајќи се на упатствата што му ги даде Бешот.
Илија ја знаеше слабата страна на Толета и го однесе ручокот кај Неда Романова,
а за другарите - кај Босеа, бидејќи беа комшии.
За гозбите денешни што да прикажуваме: тие беа нарачани сношти за педесет
души аскер, за два чауша, пет онбашии и еден муљазим, а сега ги јадоа само шест души
Толева дружина и седум членови од новиот комитет.
„Не за кого е печено - ами за кого_е речено" вели народната поговорка.
И додека Толевци кркаа од бравите, кокошките и мазниците во сред Градешница,
муљазимот со аскерот топеше пексимид на Налевата бичкија во Уруп и ги
распрашуваше трупарите каде се крие арамијата Толе Паша.
Толе се одмори кај посестримката Неда до кај ужина, Бојко и другите другари кај
Босеа, та станаа, и уште со видело ги нарамија пушките и сакмиите, си го кладоа во
торбите печеното мевце, мазниче,што им остана; Толе си го јасна Белчета и излегоа
токму нагоре по дирите на муљазимот. Цело село, и горно, и долно маало ги виде каде
отидоа. Сите се чудеа на оваа постапка. Излезе работава не муљазимот да го бара
Толета, ами Толе него.
Но таа си е проста работа. И зајакот многупати ја кршка трагата и се враќа баш
од каде дошол и го заблудува загарот, та ја спасува кожата, па после си продолжува
каде што мисли.
И Толе така. Тргна нагоре да го видат селаните, а над село скршна десно и вечерта
му појде на Ристета Белгашчето во Будимерци.
129
Иако не така јавно, како во Градешница, со помалку луѓе, ноќе по темница, Толе
и овде оформи комитет, макар што тој постоеше од неколку души, како што постоеше
и во Градешница. Главното беше тоа, што селаните разбраа дека Толе не е арамија за
пари, ами се бори за нивно добро, за нивното ослободување од Турците, та така
неговиот лик доби уште поголема симпатија насекаде.
20.
И продолжи Толе по сите мариовски села да се движи како врховен заповедник
над сета оружена сила.
Преку своите луѓе Организацијата разбра за Толевата работа и зеде решение да
го прибере овој самоволен работник и да го исползува неговиот авторитет, бидејќи и
времето веќе назреваше за масова работа.
Еден ден војводата Петре Ацев му даде налог на својот четник Крсте Гермовчето
Шаќира да се стави со Толета и да му предложи некакво спојување на двете чети: да се
упрости работата, да не се двојат силите и цепе народот.
Идниот ден Толе наврати во селцето Лопатица и вечерта ги собра селаните да им
понаговори да се вооружуваат. Како самороден војвода со неограничена од никого
власт, тој почна и да заповеда заканително. - Ќе соберете сто лири пари за да купите баре дваесет пушки! На секоа куќа по
една, ако не на секој маж! - викаше Толе вечерта во една од селските куќи, откако
оформи и тука комитет за своја сметка.
Во таа негова наредба и расправија влезе Шаќир со еден од селските работници и
ја прекина дискусијата, поправо Толевата викотница, оти Толе слабо даваше некој да
му пререкне за ова прашање.
Појавата на Шаќира го тргна од мислите и работата и се изненади, но веднаш
разбра дека не ќе биде предаден, бидејќи со него дојде и Стојче, кого Толе го познаваше
како здрав човек.
И селаните се позарадуваа кога го видоа Шаќира, бидејќи и него го знаеја од каде
иде и што работи.
На поздравот од Шаќира сите одговорија со „добровечер, добредошол", а Шаќир
се запати кон Толета и срдечно се поздрави, стискајќи му ја подадената рака.
Стојче му објасни во кратко на Толета кој е овој човек, и откаде иде.
Толе беше предупреден од Бешот дека постои организација, дека постојат и други
комитети освен него, но оваа беше првата негова средба со луѓето од таа Организација.
Во првиот момент се осети потчинет, ограничен во своето самовластие, но
веднаш се успокои, и како да му се симна некаков товар од грбот, па му вели на
Стојчета: - Шо има ново? Шо ќе правиме сега? Стојче го праша Шаќира што мисли.
Овој во кратко ја разбра работата од Толета и наполно ја одобри. Но да не ја разберат
криво селаните, дека тој е поголем од него, го остави Толета да продолжи, та дури на
крајот и тој ги потврди Толевите зборови, дека ќе треба да се вооружуваат.
Со тоа се сврши таа конференција и Толе ги пушти селаните да си одат по дома.
130
Шаќир остана со Толета и цела ноќ му објаснува како треба и тој да се стави под
командата на Организацијата, поправо под командата на реонскиот војвода за да стане
посилен, покористен на делото за кое и сам се бори.
Во Толета се разви душевна борба. Неговото самољубие не трпеше никакво
ограничувањето на неговата слобода. Но од друга страна, пак, неговиот патриотизам и
љубов кон народот му говореа дека поарно ќе ја сврши баш таа работа што ја започна
тој, со помошта на други како него.
Осум дена Шаќир го кандисува да се стави со војводата Петрета, осум дена Толе
се бореше со овие две чувства. Најпосле победи патриотизмот и тој со голема тага на
душата испушти една воздишка и рече: „Добро. А давам своата слобода за слободата на
народот. Води ме кај твојот војвода да му се предада", - и му ја подаде големата рака на
Шаќира. Овој ја стисна цврсто и ја бакна.
Шаќир беше уште младо момче на дваесетина години, та како на стрико или вујко
му бакна рака на постариот Толета, кој беше токму двапати постар од него. На тој
Шаќиров гест и Толе се разнежи, го прегрна цврсто и го избакна како свое чедо. И во
суровото Толево срце се разбуди нежност и тој не можеше да ја скрие пред
благодарноста на младиот пратеник што дојде да го прибере овој суров човек и го
впрегне во благородниот јарем за општото народно дело.
Тој ден и Шаќир, и Толе не можеа да се изнаприкажуваат и изнапеат. А и
дружината го осети постигнатиот споразум, та и таа ги подели тие чувства. Во тоа име,
во името на споразумот, Брниклијата и Андон вртеа по еден брав крај чешмата на Клен
како последен курбан на Толевото самстојно четување по Мариово.
Шаќир го извести војводата Ацев за постигнатиот споразум со Толета и овој се
израдува. Курирот му донесе извештај каде и кога да се сретнат војводите и да се
изврши спојувањето на двете чети. Поправо да се прибере Толе со неговите другари.
21.
На познатата Ливада, крај студеното изворче, во ситната, но честа како 'рж букова
горичка, се вртеа во еден летен ден три јаловици и еден брав. Околу огновите, испотени,
шеткаа десетина необични луѓе. Потонати во бради и коси, одамна непреоблечени, во
чудна облека, ни малку слични на месното население - бели бечви со црни гајтани,
арнаутски ќепиња, дебели клашнени обијала на нозете, завиткани со црни врвци до над
колена, а на нозете меки говецки опинци, цврсто стегнати. На главите -„влашки капи",
со две коски цеваници и мртовечка глава, а под нив натпис: „Смрт или слобода". На
појасите и преку градите патрондаши со по стотина фишеци; на колковите висеа
штикови. Секој од овие луѓе цврсто стискаше по една манлихерка во рацете, а исто така
вешто придржуваше на десното или лево рамено по една тешка козинава сакма, а под
неа - кожена торба, тагарџик, во која не секогаш се најдуваше парче леб или месо.
Од јагодиците, што не беа покриени од небричените бради, светеше црвенило,
свежест и младост, а живите сиви или црни очи стрелаа на сите страни и можеа да
познаат човек на цел километар. Се движеа како диви кози, без да ја згазнат земјата, без
да им пречат карпите и долиштата. Кога ставаше нужда,.за час се наоѓаа на друга
планина, и прескакнувајќи ги длабоките долишта и урвини. Тоа беа четниците на
прилепскиот војвода Петре Ацев, коишто денеска особено беа расположени.
131
Во честарот, спружен на својата сива сакма, потпрен на десната рака, со кусата
манлихера во левата, лежеше навален возрасен човек, на триесет до триесет и пет
години. Но неговата долга брада и големи мустаќи обесени надолу го правеа многу
постар отколку што беше. Широкото чело, наборите на неге, испупчените јагодици,
длабоко пропаднатите очи, големите веѓи и големиот шапкаст нос, навистина
заслужуваа да му се даде епитетот „дедот Петре", како што го викаа селаните од сите
околни села каде дејствуваше овој премлад старец. Уште ако ја дадеме неговата јако
развиена телесна градба ќе ни биде јасно зошто толку голема беше неговата фигура во
очите на тие што имаа работа со него.
Но, не само на изглед тој беше таков; и сите обноски му беа достоинствени,
сериозни, умни, та дури ни од просвета и наука не беше лишен. Тоа беше војводата
Петре Адев од село Ореовец, Прилепско, бивш учител и организатор, потомок на Ацета
Симоновски убиен од турските зулумџии, и брат на Мирчета и Гога Ацеви.
Вака навален на десната рака Петре разговараше со својот другар Митрета и ја
вртеше главата, потсмевајќи се задоволно. - Што велиш, ќе дојде денеска Шаќир со Толета? -го праша Петре Митрета и се
исправи, та седна на сакмата. - Верувам оти ќе дојде, -одговори Митре. -Кога ќе рече нешто Толе никогаш не
поречува. Такви се тие. Тешко да го кандисаш да рече, та после илјадници да го
одвраќаат не го гази зборот. - Голема работа ќе свршиме ако го прибериме Толета. Барем Мариово ќе ни биде
сигурно кога ќе дојде до борба. Гледаш? Само Витолиште што има аскер стотина души.
Ќе се расправиме со него во една ноќ и целата оваа територија ќе ни биде слободна. Не
е мала. Сто квадратни километри. Некојпат такви територии претставувале цело
царство -потфрли Петре и погледна на исток и југ, ја опфати целата мариовска котлина,
па продолжи. - А да ги налегнеме оние сто, -двесте души аскери во Витолишта, доста е
само Толе со Мариовците. Што велиш, а? - Така е, Петре. Тој многу ќе ни помогне ако го прибериме. - Верувам оти Шаќир го има свиткано овие седум осум дена, та ете дури и средба
нагласил.
Во овој разговор од падината се слушна кучешки лавеж.
Петре стана простум и наслуша. Се насмевна задоволно и му вели на Митрета :—
„Идат. Тоа е Крсте. Ајде да слезиме до кладенчето, да видиме што прават
момчињата и да го дочекаме Крстета, ако не и Толета", -предложи Петре и тргнаа кон
другарите.
Крај букашот, нагоре по падината, одеа еден по друг седуммина луѓе два по два,
и тргаа право кон кладенчето.
Првата двојка тивко разговараше: - Тој, со големата брада и долгите, надолу
наведени мустаќи, тој е војводата Петре Ацев, - му објаснуваше Шаќир на Толета и го
држеше под десната мишка, очигледно претпазливо, да не му текне во последниот
момент да се пишмани и да се врати. Толе пак мислеше како да се однесе кон својот
сопарник. Да бара ли некои привилегии за себе и четниците, или пак да се предаде на
132
„милост и немилост" на овој нов господар на неговите мариовски планини и села? Но
веднаш му излезе гласот на неговото родољубие и си рече:
„Јас го даду зборот пред оној Толе шо истепа толку Турци, за да му помогна на
виа новите Толевци шо тргнале да и истепаат сете Турци. Сега ќе тргна со ниј. И,
доколку тиа ќе го прод'жат мојот пат, ќе се радуам и ќе му помагам. Го напушчиа ли
тиа тој пат, ќе си се оддела и од виа, како шо се оддели од брата му Гога и ке си а бркам
работичката сам, како што си а брка и досега".
И со тие мисли веќе се приближија до кладенчето, каде Петре ги собра своите
дванаесет души четници и застана пред нив да го дочека парламентарот Шаќира, а со
него и арамбашата на легендарната арамиска дружина -Толе Паша.
Средбата излезе возбудлива:
На пет чекори пред војводата, Шаќир застана мирно и со комитскиот поздрав:
„Смрт или слобода" го поздрави Петрета и рапортира по војнички: - Господин, војводо, задачата што ми ја возложи успешно ја извршив. Еве го
прочуениот Толе Паша пред тебе. Вие двајцата разбирајте се понатаму! - и се истави од
пред Толета, та се замеша и застана на десниот крај на четата од Петрета.
Толе остана лице во лице со Петрета. Зад него, -растревожени, стоеја неговите:
Андон, Стојче, Трајко, Бојко и Најдо, растревожени и готови на борба, мислејќи дека
Шаќир ги доведе во клопка и помина на страната од четата на Ацев. И дури тие чекаа
да се заврти Толе и да им даде знак за напад, овој ја симна пушката од десното рамо, се
приближи и тој како Шаќир, но без да застане мирно, го поздрави Петрета со истите
зборови: „Смрт или слобода". Потоа му ја подаде кусата манлихера, накована со златни
и сребрени пари, и му рече со отсечен машки глас: - Слушна, војводо, дека и вие се борите против Турците, но по некој друг пат. Јас
досега се боре како шо знае и може, а отсега еве ти а пушката и мојте другари - теслим.
Употребете а и неа и нас за доброто на рајата! - и ја кладе пред нозете на Петрета, та
застана со наведена глава за прв пат пред човек, кого, ни го знаеше, ни го познаваше,
без да ја обиде својата сила; се свитка како леоќова прачка.
Петрета го трогна ова постапка. Тој очекуваше расправии, кавги, може и до
инцидент да дојдеше, според она што беше слушал за тврдоглавиот и суров самозван
војвода Толета. Тој не издржа пред возбудата, пречекори и го прегрна „горскиот цар"
кој доброволно ја наведе главата пред него. Солзи му навреа во очите и почна да го
бакнува. - Толе, брате, тебе господ те испрати денеска да му помогнеш на својот народ.
Смрт или слобода, Толе. Тоа се бара од нас, -и почна да го удира по големите плеќи.
Ова го разнежи и Толета. Се разнежија и четниците, и Толевите другари. За час
се измешаа и, место предвидуваните пречканици, овие „диви луѓе" сред пустата гора
почнаа да се прегрнуваат, бакнуваат, удираат по плеќи, да си стискаат рацете како
вистински браќа, што и беа заправо.
Откако се нагледаа со влажни очи Толе и Петре, последниов издаде команда. - Чета, строј се!
133
Четата се построи, Толевите другари се одделија и застанаа на страна со Толета,
а Петре ја зеде пушката откаде што ја остави Толе и отиде кај него. - Еве ти ја, брат Толе, пушката. Со својата работа и со своето име ти си го добил
името војвода и никој нема право да ти го земе ни името, ни оружјето. Оди брате, и
работи како што си работел досега за доброто на нашиот народ. Ене ти ги слободни
другарите. А ако имаш нужда од помош, кажи да ти ја дадеме од нас.
Толе ја зеде пушката и ја бакна. Сега таа му се стори благословена и од господ, и
од народот и се заколна во себе дека ќе ја употреби само на народни душмани па макар
кои да бидат тие.
Свеченоста се заврши со заедничкиот ручок. Тука Петре од името на
Организацијата го ополномошти Толета за мариовски војвода преку река старо
Мариово и за секретар му го даде баш оној Крстета Гермов - Шаќира, што го кандиса
да му се предаде. Не ги заколна Петре овие јунаци, бидејќи знаеше дека се веќе толку
пати преку крв крстени и заколнати.
Така, место да го уништат Толета и неговата дружина, Петре го вклучи во
Организацијата и Толе стана нова сила во неа.
ТОЛЕ ВОЈВОДА
Преку Вепрчани и Гудјаково Толе прејде преку Црна уште истата вечер, и веќе се
советуваше со Риза Ушков во Врпско на кој начин да се набави што повеќе оружје. - Така, браќа, така. Ќе и мешаме капите со агите, шо' ќе и мешаме, ами гледајте
прибирајте понекое пусатче да ви се најде, - им зборуваше Толе па Врпчанци, Жиовци,
Витоливци, Полчивци и другите селани од неговиот реон, покажувајќи им ја својата
куса малихера, накована со жолти черечиња и половини лири.
И навистина, уште истото лето од секое село беа одредени по два тројца луѓе и
отидоа в поле, на жетва, со аргатите по разни турски чифлизи. Тие фатија „трговија" со
полјаците, ќаите, та дури и по понекој чифлигар и сите се вратија со по една две пушки,
а потоа продолжија со „трговијата". - Та за што ти се, Митре, тебе две три мартинки? Да не мислиш да бркаш валијата
од Битола? - некако се приближи до вистината Раиф Ефендија од Дедебалци кога Митре
Гулев му се довери и побара да му најде некоја и друга мартинка за „добри пари". - А бре, Раиф Ефенди, јас ни су го бркал, ни ќе го бркам валиата, ни кадиата, току
најду будала луѓе од нашите; даваат по некоа и друга лира за тие 'рѓосаните железа, та
науми и така слегу овдеа, да се прицна до тебе, ако сакаш да ми помогнеш, не правиш
лошо. Да зема и јас некоа лиричка со лесно. He гледаш, со работа тешко се вадат тие
пустињи, та затоа и те прашам и моља ако имаш некој приател, земи и ти на твое име,
прибери и, та ќе се врата по некој пазар и друг, ќе и прибера и ќе ти и броа паричките.
Земи и ти некоа за заметот, та валиата и кадиата нека не се плашат. Сигурно на ниј нема
да пукнат. Знајш какви се нашите кршоборци. Се скарале, се сќорлиле околу жените и
ајде - за пишчоли. Ете зашчо му требаат, да се петелат еден на друг. Токо, тие нека си и
вадат очите, па ако сакаат и нека се истепаат, ами ние да си земиме по некоа паричка
кога има будали - го кандисува Гуле Раифа и одвај чека да го слушне понатака.
134
- А велиш, по две лири за мартинка и по лира за кокинка ќе дадат? - поомекна
Раиф и веќе си замисли педесетина лирички во ќесето за продадените педесетина
мартинки, што ќе ги купи од Остречани по лира, а Митре ќе му ги плати по две, та дури
и во таа „трговија" ја виде и помошта на валијата и падишахот, оти христијаните сами
меѓу себе ќе си ги вадат очите и ќе се тепаат. - А бре, ако сакаат да имаат добри пушки, ќе дадат. Ако не дадат, нема да се
кокорат кај мариовките, - го убедува Митре Раифа и уште на кинисување завитка две
мартинки во сакмата и му ги товари на куцото магаре, та ги однесе во Градешница.
Едната ја задржа лично за себе, а другата му ја теслими на Гуцето - селска да остане.
Во вршидба време отиде во Битола со десетина селани и на излегувањето сите
изнесоа по две три.
Раиф ефендија си достоја на зборот. Рифат од Острец над Битола се соортачи со
Расима и ги прати неговите качаци некаде по Арнаутлакот и тие за неколку дена донесоа
секој по две три пушки, купени по половина лира или опљачкани од колибарите; Рифат
му ги продаде на Раифа по лира, a овој на Митрета по две.
Тргуваа луѓето со што можеа; Раифа не го гризеше совеста што продава пушки
на христијанин. Тој тргуваше со нив како Јаков Евреинот со јагнешките кожи.
Трајко Бешот пак, потера две крави и еден вол за Воден и ги понесе стоте Толеви
лири да побара оттаму некоја грчка берданка. На патот за Сабоцко преноќева кај Горѓи
Ѕерѕев во Пожарско и го ополномошти да побара од Мегленијата десетина - дваесет, та
кога ќе се врати да ги преметне преку Кравица.
Ѓорѓи беше „купил" дваесет берданки таканаречени „гра" и цел сандак фишеци,
му ги теслими така заковани во долги сандаци, уверувајќи го Трајка дека се нови од
фабрика и Трајко му ги даде стоте лирички - шеесет за берданките, четириесетте за
фишеците. Шака не е. Нови берданки за по три лири кој ти дава?
Арно ама, кога ги раскова дома сандаците имаше што да види. Место берданки,
Трајко најде суровици, измешани со стари палечници - да тежат, а место фишеци -
сандакот беше полн со песок. - Бога, душа, пушки ми покажа тој пес Етим од Сабоцко, - се правдаше сиромав
Ѕерѕе пред Толета кога овој на пладнина му отиде в село да си ја види сметката. - Затоа ли јас и собира тиа лири, да ми продаваш мене суровици и песок? - грмеше
Толе на сретсело и тука пред сите селани му тргна на Ѕерѕета еден куршум од својата
манлихерка, та слезе со другарите дури во Сабоцко да си ја види сметката и со Етима
што му ги продал пушките на Ѕерѕета.
Етим беше си ја имал мувата на капата и беше се засолнил дури во Солун, та
Саботчани имаа задоволство да се огреат вечерта на неговата кула, а чифчиите таа ноќ
имаа гости на неговиот чифлик во Биџова маала. Толе ја запали и оваа Етимова кула и
собра што можеше да се тера нагоре. Преметнаа сега наваму од Кравица стотина -
двесте овци, десетина говеда, коњи, магариња, а Бешот ги отера со пет шестина селани
во Прилеп и ги натокми стоте лири што му ги зеде Етим со измама. - Co зорт и мака се печалени и ќе одат тамо каде му е местото, - зборуваше Толе
кога Бешот ги донесе парите од продадената Етимова стока.
135
- Ќе и пратиме во Софија да се купат манлихери, како ваа моата, - предложи Толе
и така направи Трајко.
Толевите двесте и педесет, и уште толку собрани од цело Мариово, му ги
теслимија една вечер на секретарот на Толета - Шаќира и овој се преоблече во
мариовски алишта и, со пушката под сакма, со пазарџиите отиде во Прилеп. - Овие пари, петстотини лири, ми ги дадоа Трајко и Толе да ви ги предадам за
пушки - им рече Крсте на Грабула, Бајракот и брата му Алекса и им го подаде црното
шамивче во кое беа врзани. - Бравос, бре мариовци, - извикаа сите тројца и ги прибраа парите, а Крстета го
одведе Бајракот кај Алимасковци да преденува, па вечер да го испратат назад во четата.
По излегувањето од Алимасковци, Бајракот се наврати кај Бабовчето и овој го
внесе во визбата да му соопшти некаква новина од Мариово. Се зачуди Алекса кога во
визбата го виде Јована Ѓуров, кој таа пролет се врати од Бугарија и се придружи кон
Толевата чета. - Каде е Шаќир, чичко Алекса? - го праша Јован Бајракот. - Зошто ти е Шаќир? Од каде идеш ти, Јоше? - се чуди Бајракот. - Имам нешто важно да му пренесам од војводата, - му одговори Јован и почна да
го моли да го стави со Шаќира.
Колку да му беше сомнителен во прво време, сепак се реши да го одведе, да му ја
пренесе наредбата од војводата, за која Јован рече дека му е речено лично на Крстета
да му ја пренесе. - Добро, - одговори Алекса, - иди по мене назорум, ќе те одведам - и тргнаа:
Бајракот напред, Јован по него на десетина петнаесет чекори, убедени дека никој не ги
виде.
Кога Алекса влезе во бакалницата од Алекса Бабовчето виде полно селани -
Мариовци. Се поздрави скоро со сите, пријателски, како со свои луѓе и не забележи
дека еден средовечен човек во нови алишта необично го погледна. И кога Бабовчето
стана од пангото и го воведе Бајракот во визбата, овој ја заврте главата и потскришум
се насмевна, мислејќи си во себе:
„Аха! Вистина ќе биде шо ми велеше мудурот. Требе тука да му е врталишчето
на виа грацките кумити шо сакаат да не запустат" - и почна да му реди на Пецето
Бабовско разен бакалак: две оки шеќер, полока кафе, стодрам црвен пипер, една вреќа
сол, тенеќија газија итн. дури Алекса, Бајракот и Ѓуро не излегоа од визбата. Кога Петко
(така се викаше селанецот во новите алишта) го виде самиот Ѓуро јасно му стана дека
го' погодил местото каде да ги бара „дивите" в град. Набрзина ги нафрла работите во
торбата и ја остави до вреќата со солта и тенеќијата со газијата и му рече на Бабовчето
да постојат тука додека да го продаде сирењето, да земе пари, да му ги плати.
Алекса не се изненади, а Петко излезе веднаш по Бајракот и Ѓура та и тој назорум
тргна по последниов на пет шеесет чекори. И сега Бајракот напред, по него Јован, a пo
Јована Петко.
За да не предизвикаат некакво сомнение, ниту Бајракот, ниту Ѓуро се обѕрна
назад. Дури кога дојдоа на ширината пред Вандевци, каде што се продаваа воденички
136
камења, Бајракот се заврте и му стори ишарет на Јована да побрза. Во тоа време околу
камењето се врткаше мариовец и ги разгледуваше двата камења, еден горни, еден долни
и потскришум ги гледаше двајцата како си даваа ишарет; но не му дадоа никакво
значение.
„Воденичарот" ги остави камењето што ги гледаше и дојде на горниот крај од
ширината, откаде се гледаше уличето по кое одеа Јован и Алекса и почна да се вртка
околу друга група камења, но не ги пушти од око двајцата.
Ha портата од Алимасковци се слушнаа три одмерени удари... а преку дворот
женски налани. Се доближи стара жена до левата пола од старата искршена порта и
погледна низ пукнатината. Го позна Алекса, та без да испушти ни збор, ја отвори едната
пола и овие влегоа, a пo нив портата се затвори. - Ти водам уште еден, бабо Цвето, - промрмори Бајракот и веќе ја отвараше
вратата на малото куќарче од Јордан Алимаска, кое одвај се држеше плитар на плитар. - Добредошол, добредошол, само дали не ве изварди некој - одговори бабата,
влевајќи по Ѓура и потскришум кршејќи ги зглобовите на сувите прсти. - Белким не - ја утеши Бајракот и седна на миндерлакот во „убавата" Јорданова
одаја, па и се обрна на старата: - Викни го нека излезе побратимот, го бара еден од неговите.
Бабата влезе во тесниот дреалник, a пo минута две излезе со Крстета заедно. - Сабаларолсун, Шаќирефенди! - го поздрави Алекса Крстета по турски и му го
покажа Ѓуровчето со глава: - Те бара побратимов Ѓуро.
И Шаќир како Бајракот не малку се изненади кога го виде Ѓура в град, но овој
веднаш им ја објасни работата на обајцата: - Me пратиа војводата и Бешот да и донеса и виа пари; - и бркна во пазамарката
од мариовската кошула, та извади и тој црно шамивче и му го подаде на Шаќира. - Одврзи и брои. Ми рекоа оти токму сто се. Да и пратите и ниј во Софија за
пушки. И донесле откако тргна ти; да не ставаат две праќања ми и дадоа да и донеса.
Шаќир ги одврза, ги преброија двајцата со Бајракот и Шаќир му ги теслими и нив
на овега, кој стана и си излезе, ветувајќи им на Толевите четници дека вечер ќе им
испрати човек да ги изведе од градот.
Шаќир и Ѓуро удрија на шаки и смев, спомнувајќи си некои приклученија од
комитскиот живот, а особено за Толевите односи кон жените. - Се поправи, море, откако го втеравме во Организацијата, - констатира Шаќир
како на фалба, бидејќи тој го кандиса Толета да го напушти арамилакот и да се
придружи со нив. - Mope, в'кот домаќин и Толе поправен, токо нема каде. Ќе го видите ако бидете
живи - сомнително одговори Ѓуро, познавајќи ја слабата страна на Толета. - Гледаш?
токо напиња да а земеме Миша со нас. He му се седи без женичка и во планината. А и
таа ороспија! „Ќе ида, вели, кај ќе умре он - нека умра и јас". Ама мерак, мајкатааа!
Нишчо живо не сакаше да остане со Неда моа во Софија. Mope шо и сториме и јас, и
137
Неда. He, бре брате! „Без него не седа, - вели, - па цела Софија и цела Бугарија да ми а
аризате". И... виду - не виду, а испрати и, ете а, како на трн седи кај браќа и во
Витолишча.
И пушка мора да и купа и и купи исто како неговата - куса. - И ја пренесе преку граница? - А пренесла, бре, болка да а отепа, кој знае како не а ватиа? - Mope, жена јуда, што викаат старите. Ги заслепила агите, потиснала некој
онбашија, му намигнала на некој чауш, и тие сиромаси заслепеле, та и топови да носела
ни ги видувале; - го заврши Шаќир разговорот за Митра и пак почна со други шеги.
„Воденичарот" ги разгледа камењето, ама виде и луѓето каде влегоа и, веднаш по
нив и тој помина гope по уличето, убаво запомнувајќи ја искршената порта од
Алимасковци.
„Аха! Сега ќе ве сошиа јас вас со самарната игла, токо чекајте! Ќе видете вие како
се јадат Петкови брави и јаловици, срце ќе ве изеде!" - си пробрбори Петко за себе и
забрза да излезе на Битолско џаде.
Како нарачан се испречи пред него еден заптија и Петко го запре на сред улица: - Ефенди, ондеа во една порта сега влезе еден кумита. - Кумита? - подрипна заптијата и се фати за пиштол. - Кумита, кумита, токо бргу сардисајте а куќата да не се премести некаде да ни
откине. Бргу, јас ќе постоа и ќе поварда.
Заптијата летна по улица нагоре и за неполни десет минути се врати со десетина
другари и Чами чауш, оној истиот што го бркаше Толета со Митра.
Петко ги поведе назад по уличето им ја покажа портата од Алимасковци и пак
отиде да се шутка кај воденичките камења.
Чаушот нареди да се сардиса куќата од сите страни, а еден од заптиите прати да
го известат муљазимот и кајмакамот.
И токму кога Шаќир му направи на Ѓура една таква смешка, од која овој се
закикоти, железото на портата почна силно да тропа, а на ниското каленце се навртоа
пет шест манѕери кон малото куќарче.
Бабата Цвета како без душа дотрча и се појави на вратата, но кога ги фрли очите
во портата и каленцето, имаше што да види: - навртени цевки од пушки. - Теслим, бре ќерата, - извикна Чамичауш, слушајќи ја вратата што се отвори.
Бабата се заврте назад и сакаше да влезе во одајата, каде што се смееја Шаќир и
Ѓуро, но тие веќе беа нарипале од тропањето на портата, а гласот од чаушот ги
запрепасти. - Сардисани сме? - испушти Шаќир прашање кон бабата. - Така ми се чини - одговори затресена таа и почна да шетка низ малото ходниче. - Ами чаре? - изусти и Ѓуро.
138
- Чаре, низ малото вратниче ако можете да излезите - ги опомена Цвета и летна
пред нив да провери дали е слободна таа страна.
Но штом го одгрна вратничето и оттаму се слушна оној ист глас како од чаушот: - Теслим, бре ќерата! - и бабата се тргна назад, плашејќи се да не ја фати куршумот
ако запукаат заптиите.
Јован и Шаќир застанаа на сред ходничето замајани. - Ами сега? - почнаа да се прашаат еден со друг. - He предадоа виа пци за парите, - промрмори Јован, сомневајќи се на Бајракот и
другите, од прилепското раководство. - He ќе бидат они, Ѓуро. Мене не ме фаќа умот тие тоа да го сторија. Толку повеќе
што и брат ми Алекса е во нив. Ова ќе биде селска работа, - се приближи Крсте до
вистината. - Кој да е, откаде да е, ама ние сме, ете, в стапица! Думај шо да правиме. Ќе се
теслимиме или ќе се браниме? Кажувај побргу! - почна Ѓуро да бара совети од Шаќира,
кој како секретар на четата требаше да измисли нешто.
Во тоа време портата уште посилно затропа и дебелиот глас од Чамичауш пак се
слушна: - Излевај, бре ќерата, дури не сум дошол да ти сокршам коските!
Но место одговор, од малото пенџерче на Алимасковото куќарче грмна
манлихера и куршумот ја продупчи старата дабова штица на портата и се сплеска во
дебелиот клинец и неговата широка глава; падна пред Чамила. Среќа негова. Да беше
на сантиметар лево или десно, со првиот куршум ќе настрадаше. - А, така ли е работата? - се провикна искусниот чауш и го фати каленцето крај
неговите заптии и издаде заповед. - Атеш чуџуклер" - и сам ја наврте манѕерата кон прозорецот откаде пукна
Крстевата манлихера.
Заптиите истурија еден залп. Куршумите просвиреа над главите на Шаќира и
Јована и удрија во ѕидот во одајата, а тие што не погодија во прозорецот удрија во
болмето под него и околу него, и од секој куршум се отвори по една дупка колку
човешка глава да се протне. - Ами сега? Оваа пустиња не ги држи куршумите. Ќе ја издупчат агите и ќе не
видат, - се притапка Јован и ја кладе и тој својата манлихера на една од дупките. - Сега? Што сега! му се врекна Шаќир. - Гледај да ги продадеме кожите поскапо.
Тоа е сега. Да оплескаме барем тројца аги, да не бидеме на зијан - му одговори Шаќир
и почна да стрела.
Се заврза сражение.
На првите истрели се збуни целата полиција, а и заптијата веќе беше ги известил
муљазимот и кајмакамот и овие трчаа со сите заптии и оружани слуги што ги имаше по
Прилеп. За час опсадата зеде големи размери. Стотина заптии ја обиколија целата
маала, а веќе кај Алимасковци затреште и првата бомба што ја фрли Шаќир.
139
- Слушај, Ѓуро - му вели Крсте на Јована. - Ова, ќе се умира што ќе се умира, ами
гледај лежи право со главата кон куршумите да не не погодат некаде на друго место, та
живи да не печат. Вака, в глава, на место, ќе си останеме, да не тргаме маки и јадови.
И продолжија да стрелаат обајцата насменка.
Куќарчето веќе го изрешетаа заптиите на кои им се придружија и сите Турци што
имаа оружје; слободно можеа да ги видат дека се само двајца. Се обидоа двајца заптии
да го прескочат ѕитчето и да им се доближат до прозорчето, но паднаа смртно погодени
од двете манлихерки.
Значи, овие не се шакуваат, - се замислија кајмакамот и муљазимот и наредија да
не се прескака. - Ќе ги држиме сардисани дури да ги изгорат фишеците, па око не се теслимат,
тогаш ќе им влеземе и живи ќе ги фатиме, или најпосле, ќе запалиме куќава и бити вајде - донесоа решение заповедниците, а веќе и самиот бимбашија од кашлата пристигна со
целиот табур војска од пет шестотини души.
Се пристапи кон преговори: - Теслим, бре пезевенци, што кршите жегли уште, кога гледате оти сте во стапица! - викна самиот кајмакам и им се кажа кој е. - Ако теслимите, ете јас кајмакамот прилепски, ви ветувам дека нема да бидете
расипани. Ќе одведам Битола, лично јас, жими вера, и ќе предадам на валијата. Таму
правдајте се пред него како знаете. - Да се предадеме, Крсте, белким ќе ги спасиме, главите, - почна да настојува
Ѓуро, гледајќи ја здравата опсада. - А бре, да се предадеме. Лесно е за предавање, но срамно ќе умреме - почна и
Шаќир да се колеба. - Јас вела да се предадеме, лели запиња толку и се к'ни кајмакамот оти тука не не
дава да не расипат. А тамо, во Битола, пред валиата и кадиата белки ќе измајсториме
нешчо. Ќе се растрчаат нашите луѓе, со пари, со молби, ветувања, не е чудо да не осудат
на затвор. А ти а знајш наа народната: „Од роб се излегуа, ама од гроб никогаш". - Кој знае! - се чуди Крсте и ја врти главата, ама и него го поколеба народната
поговорка. Па како да се присети нешто се обрна веднаш кон Ѓура: - Најпосле, нека биде на твоето. Еве да се предадеме, но ќе треба уште овде да се
договориме како ќе се браниме на судот; барем едниот да излезе надвор и да им објасни
на војводата и раководителите дека не сме криви и како попаднавме во оваа клопка.
Ајде да се фатиме кусо долго кој треба да биде прав, а кој крив пред судот, - предложи
Шаќир и веќе скина од метлата две сламки - една подолга - една покуса и ги стисна во
раката: - Ајде, тегни, подолгата е живот - покусата смрт. - Значи, кој ќе ја извлече подолгата, подолг му бил животот, а кој ќе ја извлече
покусата - покус, а? - Така, тргај сега, па после ќе го кроиме планот за одбрана, - рече Шаќир и му ги
подаде стиснатите сламки.
140
Јован се затресе целиот. Раката се подаде и двата прста ги фатија обете сламки,
но тој не оптегна веднаш да ја извлече едната. Се возбуди силно и во себе си помисли:
„ситна работа - сламка, од која зависи еден живот". Долго се мисли. „Ама ако ја
извлечам покусата? Страшно го штрекна главата, а нозете почнаа да му се тресат. - Тегни де, што си се затресол? - го прекори Шаќир. - Неоти ако не тегниш ќе ја
остават агите главата? Вака може и да ја спасиме барем твојата та мојата иако отиде.
Јован замижа и оптегна. И кога ја погледна сламката, длабоко воздивна, како
тежок товар да му се симна од грбот. - Е, твој бил такциратот, - рече Ѓуро со леснина на душата, ама и срам во очите
пред верниот другар. - Мој бил, мој. И не срами се. Ништо ти не си крив тука. Може гледа господ? Ете,
ти досега немаш расипано човек, лели? - Немам, одговори Јован - и не мисла да расипуам дури можа со друго средство
да се служа. - Добро, добро. Ете, крвта од оние јас што ги имам расипано може да ја бара и
мојата крв. Правдата нека се задоволи и по овој пат, - рече Шаќир и се помири со
судбината што му ја реши една сламка од метлата на бабата Цвета. - Ceгa крој го планот ти како да излезиш пред судот прав, a јас крив. Мисли,
бидејќи јас сега нема што да мислам, осем ка смртта.
Јован се поразведри и почна да мисли како да се претстави оваа нивна ортачка
работа. Почна да си шепоти сам за себе разни неврзани зборови:
Најпосле го праша Крстета. - Ќе ги земиш ли ти сите кривици на тебе? - Што, да не ми тежат ако измисли многу? - место одговор му постави Шаќир
прашање. - He. Туку да не речеш „јас тоа не го направив, а Јован сака да ми го товари на
правда бога". - Остави ги тие марифети сега, ами мисли како ќе излезе за тебе најзгодно. - Тогаш вака ќе направиме: Јас ќе ја претставам работата дека слегов в град да и
се пријавам на власта оти си дојдов од Бугарија. И така бргу сум дојден, та ќе ги
убедувам агите оти не сум ни бил в планина.
И ќе речам дека навратив кај побратимов Јордана да се одморам, а ти дојде да ме
бараш и да ме заколиш како шпиун. Мислам дека ќе фати оваа боја, а? - Убаво си ја скроил. А кога ќе те прашаат за четата, Организацијата? - Се знае - ѓормедум. Јас ништо од тие работи не знам. Бев во Бугарија полјак во
Бурилово, крај Софија, ама и таму ме запашкаа овие Шакировци, та побегнав да се
запазам во својот роден крај. - Мошне убаво. Чок ѓузел, што велат аште. Така нека биде. Ете јас ќе речам дека
дојдов да те колам. А за другото понатака лесна работа. Ти ќе кажуваш дека ништо не
141
знаеш, а јас ќе тврдам дека ти си осуден од комитетот на смрт како шпиун и мене ми
падна лотата да те убијам. - Се убаво, ама оваа пустиња? - се обрна Ѓуро кон Шаќира и му ја покажа пушката.
И нејзе ќе и го најдеме чарето. Бабата Цвета ќе ја суреди. И така пукавме на смена,
и ќе речам дека само мојата пукаше, - го 'ослободи Шаќир Ѓура и ја викна бабата Цвета,
та и ја предаде Јовановата манлихера, а оваа ја смести во сурмето на малото вратниче,
каде уште во ѕидањето имаше резерва место за една пушка зад сурме.
Кајмакамот пак почна да вика за предавање. My се придружија муљазимот и
бимбашијата; Шаќир врза на пушката едно бело шамивче и го подаде низ прозорчето. - Браво, браво, а така де! - повикаа во еден глас сите тројца заповедници кога го
видоа белото шамивче и зачекаа да се појават комитите на вратата и да се предадат.
Но во тој момент се истури залп од десетина пушки од аскерот. Шаќир се тргна
од прозорецот со продупчен ракав над лактот од еден куршум и почна да вика и псуе: - Таков е значи вашиот збор кучиња низедни, со измама сакате да не отепате? - и
место предавање почна и тој да стрела. - Јалнаш, бре комито, бре, јалнаш од аскерите, бре, синко, бре. Чекајте, не пукајте
да се разбереме, - почна да вика пак кајмакамот од зад кале. - Погрешија тие пезевенци,
не разбраа работава, - просто почна да се правда. - Јалнаш, не јалнаш, ние вам не ви се предаваме живи. Во вас навистина немало
вера. Удрите дури можете, ќе удриме дури можеме - им одговори Шаќир и зачеха тие
да пукаат, та и тој да им одговара.
Јован се затресе во ќошот од одајата. Таман се поослободи дека ќе ја спаси и сега
главата, ете - работата се испрпли! И како што се стискаше на задниот ќош, се довлечка
лазејќи до Шаќира и му прошепна: - Речи им бре, речи им. Ако дојде рускиот консул од Битола ќе му се предадиме
нему, а вам никако. - Речи им ти, зошто јас? А знаеш убаво дека агите не го мирисаат Московот, та и
на тоа не ќе кандисаат - му одговори Шаќир, малку заинтересуван за својот живот,
бидејќи и да се предаде тој има да биде погубен. Дали обесен на ат пазар или застрелан
овде во ниското одајче, сега нему му беше сеедно.
Јован почна да вика: - Кајмакам, ефевди! Само на рускиот конзул од Битола ќе се предадеме, кога веќе
вие не си го држите зборот. - He олур, не олур? - праша бимбашијата кој не знаеше македонски да зборува.
Кајмакамот му ги преведе Јовановите зборови и овој се намршти.
Е, баш да не му се предадат на тој пезевенк Московот, анани... ана, - испсува
бимбашијата и силно извикна кон аскерот како Чамичауш кон заптиите пред неколку
саати. - Атеш чуџуклер. Живи да се фатат овие пезевенци.
142
He требаше повеќе. Од сите страни загрмеа манѕерите, а една група од пет шест
заптии и војници нарипаа од ѕитчето за да ги фатат живи комитите. Но и овие веќе беа
спремни на секаква изненада, та Јован ја фрли и својата бомба низ прозорчето. На три
чекори пред заптиите и аскерот таа грмна и ги покри со густ дим, од кој се слушнаа
пискотница и псовки. Кога се дигна димот, во даорот лежеше еден од заптиите, а двајца
се влечкаа кон ѕитчето за да се префрлат кај здравите пак на своите места и да го фатат
метеризот.
Се замислија кајмакамот и бимбашијата, а веќе и мракот провлече. - Ќе гориме вас живи, жими вера, ако не теслимите, - пак се провикна кајмакамот
и му ги преведе на турски своите зборови на бимбашијата. - Токму така, живи ќе ги изгориме овие пезевенци - ги потврди и овој кајмаковите
зборови и веднаш се распореди да се донесе газија и шмркови да се запали куќата. - Гореле, печеле, вареле, ние вам живи не ви се предаваме. Нека дојде најпосле
кој бил од битолските конзули, ќе видеме, - му одговори пак Јован и си ја приготви и
другата бомба.
Престанаа со пукањето и едните и другите, но Турците, таман се затемни убаво,
ја запалија племната од комшијата Стевана и целото куќарче го осветлија, та Шаќир и
Јован не можеа да го направат предвидениот препад зад куќата и да го скинат опсадниот
обрач.
Така ги фати полноќ кога пристигна газијата и шмрковите.
Пак кајмакамот ги повика да се предадат, а овие пак одбија со истиот услов - само
на конзул ќе се предадат.
Се чудеа, се умеа кајмакамот и бимбашијата. Црна срамота ги изеде. Илјада души
аскер и заптии, не можат двајца луѓе да налегнат, та се принудени да ги горат живи.
Што ќе рече валијата во Битола, што ќе рече пашата? Толку ли чурук се кајмакамот и
бимбашијата?
Во тоа думање и чудење, веќе и петлите почнаа да пеат. Ноќта ќе прекрши, та не
е чудо да довтаса навистина некој од битолските конзули, та да излезе работата по
нивното Јовановото и Шаќировото - да му се предадат нему, а тие - кајмакамот и
бимбашијата да останат посрамени пред своите началници. И решија да свршат работа
со време - дури не е разденето. И и го дадоа огнот на куќата.
Зората забеле откон Будимеш, куќарчето од Јордана Алимаска беше обвиено со
црнозелени димови.
Бабата Цвета писна да таже и со една бовчичка в раце истрча преку дворот и падна
до самата порта, молејќи за милост. Кога виде дека не стрелаа на неа, се поткрена, ја
отсурми и ја отвори едната пола та излезе на уличето. Уште со појавувањето, ја грабнаа
кајмакамот и бимбашијата и набрзина ја распрашаа колку пушки имаат, колку бомби и
фишеци, но таа кажа само колкумина се, a за другото ги стегаше раменците.
Гредите од куќата почнаа да пукаат, ќерамидите да паѓаат на таванот, но овој не
се потпали наеднаш, бидејќи Јордан беше го засипал со земја за да му држи топло зиме.
По таа причина огнот во одајчето не можеше веднаш да се појави.
143
- He испекоа живи агите, промрмори Јован, тресејќи се во својот ќош, колку
нешто да проговори. - Ќе не испечат, ако не не испекоа. Слатки ти беа печените брави од Петка во
Бзовиќ? - удри на шега Шаќир. - Така кој пече и ќе го печат, кој коле и ќе го колат, ја!
Што ти се чинеше тебе? „Јас куртулив и овдека, а? - му потфрли зајадливо Шаќир на
Јована, стискајќи ја манлихерката цврсто во двете раце.
Во тоа исчекување да се испечат, веќе и денот фати. Се развиде убаво и
кајмакамот се ослободи оти нема веќе да му куртулат комитите. Готови се, печени во
вистинската смисла на зборот.
Но дури така Јован и Крсте си ја гледаа страшната смрт во тесното одајче, а
кајмакамот и бимбашијата ги трлкаа задоволни рацете, оти за неколку минути или
најмногу саат ќе ја свршат и оваа царска работа, по уличето откон битолско џаде се
слушнаа прапорци од пајтон, а на местото од пајтонџијата не човек со црвен фес, ами
европејска паларија, а до него исто таков друг, со шарен бајрак во раката. Грабињаат
двата сиви коњи како да се натрчуваа со самовилите, а двајцата луѓе викаат со страшни
гласови: - Варда, варда конзул ефенди ѓелди, - и за миг се створија пред портата на
Алимасковци. Пајтонџијата ги стегна уздите и коњите се исправија на задните нозе;
почнаа вознемирени да тропкаат на едно место, баш пред кајмакамот и бимбашијата.
Уште коњите не смирени, од пајтонот изрипи средовечен господин, спортски
облечен, со сива шапка на главата и црн бастун во рацете. - He бу, бре ефендлиер? Бен'м Италијан конзули, - се провикна господинот
европеец на турски јазик и застана да гледа како огнот ја голта малата сиромашка
куќичка. - О, ош ѓелдум, конзул, ефенди, ош ѓелдум - Му одговори намрштен кајмакамот
на турски, па заврте на македонски. - Добро донесе Ала да свршиме еден голема работа, - и во кратко му ја опиша целата работа со комитите што се во куќава, а не чекајќи го
конзулот да проговори, нададе да вика: - Еве и ефенди конзулот ваш, бре пезевенци! Ајде излегујте да не печите таму
како риби на жар.
Јован и Шаќир веќе се спремаа да му одат на свети Петрета, но кога го слушнаа и
гласот на конзулот, просто се здрвија на место.
И веќе конзулот тргна преку дворот со бимбашијата и кајмакамот. Таќир и Јован
го видоа и истрчаа низ врата, та се исправија пред нив во дворот.
Конзулот им даде знак да го фатат под мишка и овие се зачипчија за него.
Без ниеден збор, набрзина влегоа сите тројца во пајтонот и пајтонџијата ги сврсна
бујните коњи, а овие полетаа преку начичканото уличе со аскер и разен башибозлук
што се насобра да види што ќе стане и како ќе изгорат комитите. Истурка неколку души
и се изгуби по битолското џаде, а кајмакамот и бимбашијата останаа да се ѕверат по
него. - He бу, бре кајмакам ефенди! )
144
- He бу, бре бимбаши ефенди! ) - ама пајтонот одлета долу Могевите воденици и
го фати за неполни три саати Битола. - Ах анани!... ах аврадини...!, се изнапсуваа сите Турци оти не ги видоа печени
комитите и си отидоа сите по своите места.
Кајмакамот, муљазимот и бимбашијата долго го коментираа случајот со конзулот
и се чудеа откаде никна тој човек уште в зори, кој можеше да го извести и најпосле се
загрижија од мислата: „аџаба навистина италијанскиот конзул беше тој господин?
Неговата светкавична работа така ги замаја, та не се сетија да му побараат некакви
докази дека навистина е италијанскиот конзул.
Кајмакамот се присети на случката во битолскиот затвор кога Гоце го насамари
мудурот, претставувајќи му се како господин Модијану од Солун, и страшно се возбуди,
плашејќи се да не го насамарија сега и него како мудурот во Битола.
Ho овој ред од таа страна беше поштеден, бидејќи кога стигна во конакот затече
суварија штотуку беше слегол од црниот ат и му подаде писмо од самиот валија со кое
го известуваше дека навистина тргнал италијанскиот конзул на кого ќе треба да му ги
предадат комитите, доколку немаат свршено работа со нив.
Издивнаа сите тројца утешно, и по истиот суварија испратија секој на својот
началник опширни извештаи за настанот.
Кога пукна Шаќировата прва пушка, a пo неа залпот од Чамичаушовите заптии,
Бајракот, Грабула и Гермовчето ги пребројуваа лирите што ги донесоа Јован и Шакир,
во темното и тесно одајче кај Грабула. Темниот татнеж ги возбуди и тие нарипаа од
местата. - Предавство? - извикаа сите тројца одеднаш и летнаа секој на своја страна со една
цел - да проверат каде пукнаа тие пушки.
И не им требаше многу да слушаат за да разберат дека грмежите идат баш откај
воденичките камења. Сите тројца се створија кај камењето и ја разбраа работата! - Предавство - пак повторија и се загледаа в очи. - Да се извести рускиот конзул, - изусти Грабула. - Ништо друго, - одговорија во еден глас Алексовци.
По половина саат излезе по битолско џаде пајтон само со еден патник и штом го
напушти градот коњите летаа долу Алинци, a патникот викаше од пајтонот: - Брзо, брзо, Андоне. Нека пукнат со отпрегањето во Битола, ќе купиме други,
само да стигнеме навреме.
По се изгледаше дека и пајтонџијата сакаше да стигне навреме макар и цркнале
коњите уште неиспрегнати, та не го заставаше камшикот ни минута.
Co грабаница ја претрчаа света Недела и застанаа пред анот на Мита Црнамара
отунати во бела пења, а пајтонџијата сиот гола вода од пот.
Изрипа патникот, влезе во анот и за минута две излезе заедно со самиот анџија
Мита и со брзи чекори двајцата тргнаа кон саатот; за час се најдоа пред двата конака на
свети Димитрија - грчко маало, каде на едниот пишуваше: „Рускии конзулат" а на
другиот: „Consulato de L'ltalia".
145
- Кај рускиот велиш? - му се обрна патникот на Мита. - Кај него, каде на друго место, - му одговори црниот Мито.
Гавазот на портата ги задржа, но Мито му тутна во раката една бела меџудија и
овој, како стар и чест посетител, ги пушти, та веднаш се најдоа пред вратата на конзулот
Ростовски. Овој не се изненади кога го виде Мита, бидејќи Мито често идеше кај него
за интервенции. - Пак некоја каурка грабнале агите? - го пречека Ростовски Мита со прашањето и
ги развлече дебелите црвени муцки, бидејќи во тоа време беа зачестиле грабежите на
каурки од разни бегови и паши, та Ростовски со владиката интервенираа и протестираа
против тие насилија. - Големо нешто, господин конзуле, големо. Нека кршат глава каурките, туку сега
помагај, - му одговори Мито и во кратко му ја опиша положбата на Шаќира и Ѓура во
Прилеп. - Аха! - се замисли силниот Ростовски, и стана од столот да се прошета низ
широката одаја за да донесе решение по оваа сериозна работа. - Ќе појдите, чорбаџи Мито, по оваа работа кај колегата мој - италијанскиот
конзул, - промрмори конзулот и седна на масата, та напиша два три збора на француски
и му го подаде на Мита книжулчето. - Побрзајте, - му рече, - јас денеска заминувам за Стамбол, та не ќе можам лично
да ви ја свршам оваа работа.
Мито го зеде книжулчето и длабоко воздивна, правејќи го тажно лицето како да
е брат му на умирање.
Конзулот го забележа тоа и го утеши: - He жалости се, Мито, и не губи го времето. Ние сме се разбрале со колегите -
конзули. Биди ѓенеш, ќе се сврши, море, и оваа работа како што се свршиле толку пред
неа!...
И навистина се сврши. Самиот италијански конзул набрзина презеде мерки. Ги
извести сите свои колеги, а овие направија заедничка постапка пред валијата и му
ставија до знаење дека сите го делегираат италијанскиот свој колега да отиде на самото
место и ја извиди работата. Ако ги затече живи „бунтовниците", тој лично ќе му ги
предаде нему - на валијата, да им суди судот, ако имаат кабает.
Но оваа церемонија зазеде доста време, та конзулот тргна дури по полноќ, но
сепак токму навреме стигна.
2.
Конзулот си достоја на зборот и му ги теслими на валијата „бунтовниците"
Шаќира и Ѓура пак со интервенција да им се суди по царските закони, и овие се најдоа
уште истата вечер во Катилана.
Се знае. Кој доспеал во тој затвор не ќе се пофали со добра постапка; нема да
помине без тесни долапи, ситен синџир на гуша, белегзии на раце и тежок тумрук на
нозе. А особено ако дигнал рака на падишахот и неговите силни слуги. Па затоа и Крсте
и Ѓуро поминаа на тој ред и одлежаа по десет дена во тесните ќелии, стенкаа под
146
тешкши тумрук и сите други стеги, но по десетте дена веќе беа во една од широките
темни одаи, со уште дваесетина како нив, и почнаа да кркаат од тавите печено бравско
месо и кисело млеко што им идеше од градот.
По лубениците и грозјето што им идеше разбраа дека летото поминало, а потоа и
воздухот ја мени својата температура, та се уверија дека и зимата дошла.
И еден таков, студен, зимен ден га изведоа и нашите бунтовници на суд.
Скроениот план во Алимасковото одајче уште за малку ќе се извршеше и Јован
имаше да биде пуштен, а Шаќир да плати за сите сторени и несторени греови.
Арно ама „што не покрил господ - човек не може да покрие" велат старите, та
кога мудриот кадија ја праша бабата Цвета: - Кој дојде прв кај тебе, бабо? - оваа ја кажа вистината и одговори. - Овој, Крсте што го викате. - A! a! а! - извикна задоволен кадијата. - Значи Јован барал Шаќира, а не Шаќир
да заколит Јована? е, е, е! Се разбра работата. Кој бегат од колачот не одит кај него да
му носит главата да пресечит - заклучи кадијата и им ја прочита својата пресуда: Крсте
Гермов - Шаќир - идам - 101 година - доживотно, а Јован Ѓуровчето „шубе - тарафанда", - две години сургун. - Стоте вам, едната мене, - се слушна од оптуженичката клупа од Шаќировата
уста.
И ги вратија во својата одаја во Катилана да чекаат спровод за Диар Беќир,
Ерзерум, Љум Куле, Едикале или некој друг од многуте казнени заводи во турската
голема царевина.
Се разбира дека и двајцата се жалија на пресудата, та останаа да чекаат резултат
од жалбите.
Дури тие го чекаа овој резулат состојбата во нивната одаја секој ден се менуваше.
Нови идеа, старите излегуваа.
Едно утро се простија со еден бушав и страшен човек - Алекса - Леко го викаа,
дотеран и тој како нив, кој не се врати веќе. Разбраа дека го обесиле на ат пазар во
Битола баш до шадрванот, каде што пазарџиите си ги појат добиците вода. А народот
по тој случај запеа:
Црно му било пишано
На Александар Турунџа
шеснајсгодишен војвода...
Потоа дотераа еден „наивен" кираџија што носел ориз од Штип и Кочани, кој исто
така не се вратил назад во одајата. Но затоа се пренесе шепот дека тој, кираџијата, кој
се викаше Дончо, го испратиле агите без никаков суд на оној свет, бидејќи колџиите му
нашле во оризот некакви „железни јајца" за кои тој „не знаел откаде дошле и кој му ги
турил во вреќите"...
И на сите во одајата им стана јасно дека ќе го мрсат ортомчето, било јавно како
Алекса, било тајно како Дончета, та еден ден излезе еден млад човек висок, со руса
убава брадичка, пред сите со еден предлог:
147
чаре. - Ќе не каснат агите што ќе не каснат; таа се виде, луѓе, ами ајде да побараме некое
Сите дваесетмина триесет, колку ги имаше во одајата, (колушот) се собраа околу
момчето, кое некако отскокнуваше од нив и со умот и со лицето. - Е кажувај го бре, Кољо, чарето? - му се обрнаа неколку гласа одеднаш. - Ете, ние сме овдека сите од една траба, што се вели, сите луѓе од Организацијата.
Кажувај што можеме да направиме? - продолжи нашиов Шаќир, на кого не му се одеше
101 година сургун, а можеби уште на втората и третата да му го најдат чарето агите и
да го испратат кај Алекса и Дончето ќираџијата. - Јас велам да организираме бегање од оваа пустиња, - излезе со предлогот
младиот Никола. - Бегање? - се испушти од триесет грла. - Убава работа, но каде се излегува од
Катилана? - се затапкаа сите, не гледајќи некакви можности во предлогот. - Бегање, бегање, другари. Ако се согласиме сите, мене ми се чини дека ќе
успееме. Одамна го имам намислено ова, ама сам, без вас сите, не се може. А ако сте
согласни, да ви го изнесам мојов план. - Што е тоа несогласни, море, туку кажувај да слушнеме и сите да поразмислиме - одговори еден за сите. - Ако некој не е согласен, ќе може ли да додржи, барем да не не издаде - праша
момчето место да почне со изнесувањето на својот план. - Шпиуни меѓу нас нема, а страшливците ќе си ги сошијат устите, - се провикна
Шаќир и му се опули на Јована в очи, познавајќи го како колеблив и плашлив. - Добро, тогаш, - почна момчето. - Јас одамна ги гледам нужниците и се
распрашувам кај наши луѓе каде води ѓеризот, колку е широк, каде истечува итн. Сите
гледенија што ги добив до сега ми ја подгреваа надежта, дека ќе можеме по него да
излеземе. Нам ни треба сега само едно. Одовде, од оваа пустиња да отидеме до него -
до ѓеризот. А колку се научив тој не е далеку од нас. - Како ќе се провлечеме преку ѕидов? - се слушна сомнително прашање. - Ќе ви кажам, - рече момчето. - Јас со конец и камен го мерив нужникон колку е
длабок. Безбеле, на таа длабочина е и ѓеризот. Може нешто и подлабок но тоа нема да
ни попречи. Ние зимава треба да ископаме овде во еден ќош една дупка толку длабока.
И ако темелите се подлабоки, што не верувам, ќе дупиме натака дури да удриме на него - на ѓеризот. Ќе го искршиме првиот ќунк на парчиња и ќе ги раз'рваме другите по него
и така ќе се промолкниме еден пo друг. A ми рекоа дека надвор од двориштево ѓеризот
е ѕидан со плочи, четвртаст и толку широк што не ќе има потреба да го прошируваме.
Води право во Драгоров над самиот пиш од водениците на Арслановци, та сите ќе
попаѓаме во вирот без да се плашиме оти Драгор ќе не однесе.
Ете го мојов план накусо: ние треба да почнеме со копањето уште веднаш, та до
пролет да ја свршиме оваа работа, ако сте согласни, - заврши иницијаторот на бегството
Никола Каранџулов и застана да ги слушне своите другари.
Еднодушно го одобрија планот сите и веќе секој пајдос и по два пати се враќаа во
клозетите со по едно ќесе земја врзано за учкурот од гаќите.
148
Така почнаа. Ноќе копај во ќошот, со разни парчиња железа што им беа доставени
од луѓето на Организацијата, полни ги ќесињата што ги направија од своите крпи за
лице, а дење турај ја земјата во клозетите, која водата ја носеше надолу по ѓериз и ја
исфрлаше во Драгорот.
Радоста беше неопишана кога после два три месеци навистина удрија на ќунците
од ѓеризот. Точно беше ја измерил Никола длабочината и правецот и тие веќе за
десетина дена ги изнесоа парчињата од ќунците и удрија на калдрмисаниот ѓериз
доволно широк да може човек помешечка да се провлече стотина метра надолу.
И една ноќ, при крајот на март, одајата се испразни. Последен излезе и бапна во
вирот Никола и по река, надолу, ги најде сите триесет и два другари во врбјакот каде
што се разделува патот за Поешево и Оптичари и им ја честита слободата, а тие
едногласно, уште тука, го избраа за свој војвода, благодарејќи му со тоа, што ги извади
од затворот и им ги спаси животите.
Така се образува четата на Коле Каранџулов, во која попаднаа и нашите пријатели
Крсте Шаќир и Јован Ѓуров и поодија со него дури да го најдат својот војвода Толе
Паша и да тргнат со него.
Валијата и пашата испратија големи потери по бегалците и не знаејќи кој е
нивниот војвода, ќе почнат да се распрашуваат кај бабите по селата. - Нешто ќе те прашам, бабо
Право да ми кажиш...
Кој војводи беа, бабо
У тебе на гости?
Дали Толе Паша бабо
Дали дедот Коле?
А бабата ќе им одговара:
Дејди Турче, Турче, море
Итро ем будало,
Та лели ме прашаш, Турче,
Право ќе ти кажа!
Ни војводи беа, аго,
Ни кумити беа,
Туку тие беа аго
Кутри затворници!
Апцана дупнале, аго,
Они испаднале,
Војвода им беше, Турче,
Кољо Каранџулов!
И се разнесоа овие прашања и одговори по цело Мариово, пеани од устите на сите
мариовци и мариовки.
149
3.
Во знак на преголема радост, четниците на Толета вртеа на ражни на Баѕерот над
Будимерци два брава и една јаловица. Се дочекуваа воскреснатите другари Шаќир и
Ѓуро, кои оживеа и се вратија во својата чета. - Та така, Крсте? Ја дупнате, велиш Катилана? - Их! дури пет да речеш, - одговараше Шаќир на прашањето од Трајка, Најда,
Андона и другите четници.
Бравите се испекоа и четниците се наручаа беговски, та почнаа по ледината да се
борат и валкаат. - Јас ќе се борам со Шаќира, да видиме како го ранел царот зимава - се провикна
Трајко Брниклијата, а Шаќир не дочека да му се рече двапати. Се слекоа по кошули и
се грабнаа да се борат.
Крсте беше млад и јак, но со Трајка не можеше да се мери, та за час се најде под
него. - A! a! а! не го ранел добро царот, не! - се пронесе смев од целата дружина.
Во тоа време под големиот бор седеа Толе и Јован, сами и тивко шепотеа. - Та така, Јоване, така. Неа друг освен тебе не а познава. Само ти тоа добро можиш
да ми го направиш. Да не ме издадиш пред другарите, а јас сам нема да се издада. He
бери гајле. - Добро, бре Толе. Токо она да не се издаде, како ќе се доварди од толку очи? - Нишчо, нишчо. И таа си а знае работата. Алишча има, пушка велиш си и купил,
косата ќе а потсече. А колку шо паметуам и едното уше и е зараснато, та една обетка
ногу и од машките носат како амалии, та и од таа страна работата е ујгун. Само ти, ти
да не не издадиш. - Тогаш да а прибереме. И така таа ошче не е пријавена во уќуматот. Се крие кај
браќа и во Витолишча. Баре тамо а остави јас, та шо направи зимоска, не знам. - Тамо е, тамо. He мрднала ни чекор од дворот. И само нарачуа да а прибера. He
може таа без мене. А право да ти кажа и јас некако осамотен се осеќам без неа. Шо ќе
ни пречи ако а прибериме? Ете, јас слушна за некој си Мише Ќосото, што паднал
апцана, та ќе се претстави дека и таа како тебе му се искубала на агите и не најде нас. - A јас ќе потврда дека го познавам од затворот, та ќе се уреди сета работа, а?
Ошче поарно. Тогаш и твоите блиски муабети со неа нема да им паднат в очи на
друтарите. - Mope, мирни калуѓери и на Велипеток прасе јадат; било та се рекло - одговори
Јован и го олободи Толета дека збор нема да испушти по однос на неговата посестрима
Митра Брлева, што ја остави пред две три години во Софија, а која се врати и настојува
да тргне со него како негов четник.
И навистина, една вечер доведе Мисирлијата од Витолишча во четата на Толета
еден „четник".
150
Белите бечви со црни гајтани, долгата козинава сакма и под неа кусата манлихера;
убавите нови јанински опинци наполно одговараа на добро спремен четник. Само
женственото лице и обетката на десното уво можеа да предизвикаат во прво време
малку сомнение, но четникот рече дека му се амајлија од баба му та ништо чудно не се
предизвика со тоа.
Мисирлијата му го претстави на војвода Јован и го ослободи Толета дека збор
нема неговата чета, а Јован им објасни на другарите дека го видел овој четник во
Катилана на пајдосот, та дури го убеди и Шаќира во тоа. - Добредошол, добредошол! - повикаа сите четници и се избакнаа со новиот
другар. - А како те викаа другар? - Запраша Трајко, восхитувајќи се на убавината и
доброто здравје на својот нов другар. - Митре ми е името, ама, како шо знајте мајките не викаат на галено, та Мише се
викам сега. А бидејќи немам мустаќи ме викаат Мише Ќосото. И за вас нека бида Мише
Ќосото. - Да си жив, да си жив, јунак. Ајде, нека има и кај нас еден маж без мустаќи, само
срцето нека е машко, та мустаќите ни помагаат, ни пречат, - се нашакува задоволен Толе
и ја зачисли својата светијованка Митра во својата чета како Мише Ќосото и го
продолжи комитскиот живот во нејзина близина. - My се бендиса на војводата Ќосото и стално со него го води. - Направи
забелешка Шаќир кога Толе почна често да се одделува од четниците само со Ќосото. - Поризливо е детето, затоа му се бендиса, - одговараа другите четници и не му
даваа особено значение на тие блиски нивни врски.
*
He помина ни месец од вракањето на Шаќира и Ѓура во Толевата чета, Шаќир
доби писмо од Петрета Ацев во кое му пишуваше да го замоли војводата Толета да се
стави со него, како знае, овие дни и да поведе еден од своите најдобри другари. „Има
да свршиме една важна работа" - нагласуваше Петре. - Шо мислиш, шо работа ќе биде, та без мене шо не може да се сврше? - го запраша
Толе Шаќира, а во себе си помисли. „Сигурно му имаат поткажано за Ќосото та ме вика
на пеење". - Ами шо... Сигурно некој ага треба да се проплеска, та вели војводата, ти си стар
мајстор за тие работи; што може друго да биде? - му одговори Шаќир на кое Толе се
израдува, а како утеха за „пеењето" си додаде во себе: „Зар, пак војводата Петре не се
вртка околу Пацето во Вепрчани? Само нека ме гибне по таа работа, лебами, ич нема да
му се, плаша. Ќе му го реча в очи и ќе си замина, - си донесе Толе решение и го зеде
Трајка со него, та еден убав пролетен априлски ден, по канал, пак преку Врпско, прејде
во Гудјаково, а оттаму преку Никулица отиде во Вепрчани. Го најде Петрета во
колибата на Костевци, навистина со Пацето, кое беше дошло да му донесе на бацка си
Петрета алишта за преслекување. Толе на лице се убеди дека и „дедот" Петре си има
посестримка, иако не ја води како него со четата, та се ослобди од таа страна.
Но Петре веднаш го испрати Пацето в село, а го тргна Толета на страна, оставајќи
го Трајка со четниците и почнаа разговор двајцата:
151
- Слушај, брат Толе! - почна Петре. - Овие дни ние со тебе и со твојот другар ќе
треба да го минеме Полето и да отидеме по една важна работа онаму, во
Демирисаријата. Ќе можеш ли ти да се протутнеш преку Поле и да не одведеш? Ама ни
господ не ќе треба да разбере. - Таа ли е толку важната работа шо не исплаши со Крстета! - се провикна Толе и
се удри в гради. - Јас. Кога сакаш - тогаш. Ако сакаш ошче денеска денски. Го познавам
Полето мошне убаво, а ако ни притребе и некоа помош, во секое село имам свои луѓе.
Зошчо толку години оди арамиа, лели за пријатели и душмани да наваќам. И... дал
господ и такви, и такви. Ќе појдеме, ако сакаш и во Елбасан по тутун и маслинки - му
одговори горделиво Толе и разговорот се сврши.
My ја остави Петре четата на Костета Тројачанчето и го покани Толета да го води. - Правец: селото Смилево, - му проговори Петре и потона во мисли„ та цела ноќ
не проговори ни збор.
Толе напред, Петре по него, Трајко по Петрета; меѓу Мусинци и Канатларци го
фатија Тополчани за да прејдат на мостот, оти Црна во април не се газеше. Тоа беше
најкритичното место, но Толе не му придаваше никаква важност. - Ако има стража, или двајца или четворица се. Повеќе не можат да бидат - го
тешеше Толе Петрета и му го покажуваше силниот Брниклија, кој со нокти му ја извади
душата на војникот во Брник.
Но за среќа, мостот не беше поседнат ноќеска, или можеби стражата спиеше, та
го минаа без никаква тревога и ја фатија планината над Бела Црква и Воѓани и уште
непрозорено се најдоа над самото Смилево, во Миховите колиби во месноста „Голем
Гар".
Оддалеку ги пресретна „овчарот" и проговори: „Солун", на кој збор Петре му
одговори: „Слобода". Без збор ги поведе кон колибите и тука Петре му рече на Толета
да влезе во првата колиба со „овчарот", а самиот тој продолжи до втората, што беше
само на десетина метра оддалечена од првата.
Толе и Трајко влегоа по овчарот и овој им ги претстави на тие што беа внатре. - Co прилепскиот војвода се другариве, - а кон Толета и Трајка: - Овие другари се со други војводи дојдени, вардете, бидете азар за секој случај.
Десетината петнаесет четници што беа во колибата се поздравија со Толета и
Трајка по комитски: „Смрт или слобода!" - и се распрашаа меѓу себе кој со кој војвода
е дојден, та падна збор и кој како се вика.
Кога Толе си го кажа името и прекорот - Паша, сите четници се загледаа еден со друг и го засипаа со разни прашања,
очигледно доволни што им се даде можност да го видат лично легендарниот арамија
Толе Паша за кого одамна имаа слушано безброј легенди. На сите некако им се олесни
на душите, бидејќи имаа слушано дека Толета куршум не го фаќа и по таа причина агите
избегаваа да се судруваат со него. Како да дојде маѓосник меѓу нив, таква
самоувереност ги опфати, та почнаа дури и да ја потпеваат Толевата песна: „Нешто ќе
те прашам, бабо".
Толе ги распраша сите каде одат, со кого дошле и зошто!
152
- Ние сме со Никола Карев, - одговорија двајца. - Ние со Сарафов идиме дури од Софија, - горделиво рекоа други двајца. - Ние сме од четата на Чакаларов, - одговорија трети.
Од разговорот Толе подразбра дека ноќеска се собрани овдека во овие две колиби
војводи и четници од сите страни и дека ќе има нешто важно да се решава, но што ќе
биде, никој точно не знаеше да му објасни. Сите рекоа дека тие се охрана на војводите
во случај на опасност, а што ќе решаваат овие, ќе слушнат одутре. - Демек, ние ќе бидеме заштита на војводите дури тие решаваат нешчо? - запраша
Толе и некако се сневесели, дека, ете, такви војводи ќе решаваат, а сами не можат да се
вардат. И како да се навреди што во случајов е само четник на Ацев а не и војвода, како
што му рече Петре на Ливада кога му ја врати пушката. - Добро, нека му е аирлија работата. Ќе и вардиме кога му е толку стра од агите. - А тебе ич ли не ти е страв, брат Толе? - го праша некој од четниците. - Да ми беше стра не оде јас толку години сам, со Трајка овдеа и другите другари,
даи бркам гордо одговори Толе и почна да им раскажува како сите потери се вардат од
него, место тој да се варди од нив.
Дури Толе разговараше во оваа колиба со четниците, Петре се поздравуваше во
другата со Дамета Груев, којшто како местен работник и човек им го претставуваше на
тие што не го познаваа.
И оваа колиба, како првата, беше полна со „горски" луѓе. Тука беа, покрај Груев,
и сите главни војводи и раководители на Организацијата.
Тој ден (19 април 1903 година) Смилево беше празнично расположено. Луѓето не
излегоа на работа, а жените од зори се зафатија да готват. Се намесија погачи, се насукаа
баници, се напржија кокошки, та дури и неколку јагниња се однесоа на фурната. Се
спремаше селото да ги дочека претставителите на Организацијата. - А бре, што ќе бидат она војводи што се насобрале во Миховите колиби? - го
праша Секо Маруш месниот војвода Ѓорѓија Чурана, кога се врати од стража пред
колибите и ги виде сите што дојдоа таму. - Си имаат работа, Секо. Ете, нашево село го избрале да се соберат и да се
разговорат, - му одговори Чуран и се запати од куќа до куќа да провери како стојат
работите со ручекот и вечерата.
Ручекот се однесе во колибите, а за вечерата Даме му рече на Ѓорѓија да се спреми
в село. - Ќе нарачаш еден конак за дваесеттина души кај сватот Колета Коштрета. Знаеш,
неговата куќа е на крајот и има поголема одајка. А другите ќе ги кладеш во блиските
три четири куќи по десетина. И... добро води сметка? Еве, да ти кажам оти на нашево
село му падна таа голема чест да ги прими и угости најголемите и први дејци на нашата
Организација. Ќe имаш можност да ги видиш сите наши раководители. Тука се сите, -
и му ги наброја сите војводи и раководители што беа собрани во колибата. - Гледаш? Скоро целиот Централен Комитет е сега кај нас, и ќе остане неколку
дена - три четири - може и повеќе. Затоа добро отворете ги очите да не стане некое
предавство, да го запишеме Смилево во црната книга, - заврши Даме.
153
Ѓорѓија си ги поткасна долните муцки и слезе в село не прашајќи го Дамета зошто
се збираат, и тоа баш во неговото село. Ги собра десетарите и им ја пренесе Дамевата
порака, а овие се распоредија понатаму да ги осигурат животите и мирната работа на
војводите.
Околу мракот Ѓорѓија со тројца десетари пак накачи на колибите и во вечерната
мугра гостите тргнаа кон селото. Ѓорѓија напред, Даме по него со војводите, а
десетарите зедоа по десетина души четници и ги сместија по одредените конаци.
Селската стража веќе ги фати пристапните места кон селото.
Облечени, обуени, со пушките в раце и сакмите на рамена, изнаседнаа по долгите
клупи во Коштревата одаја сите два триесет војводи и раководители, а стрина Цвета
Колевица веќе влезе со кафето. Редот ја носи. Гости чека иако е Петровден по три
месеци. Ги дочека да го испијат кафето, ги собра филџаните и излезе, а Даме му нареди
на Ѓорѓија да постави еден од десетарите на вратата и никого да не пушта во одајата без
негово одобрение. Сам излезе пред гостите и со два три збора им пожела добродошлица
и успех во работата, па му даде збор на Лозанчев како претставител на Централниот
Комитет од Солун. Овој стана од местото и дојде кај Дамета, та го отвори собранието,
поздравувајќи ги присутните делегати.
Во текот на петдневната дискусија се изредија говорници „за" и „против" општо
востание, дури најпосле Даме со неколку збора не ја прекина расправијата.
„Бре, луѓе, не си го губите времето да го разрешувате прашањето: ќе има ли
востание или не, зашто тоа е решено од нашето раководно тело ЦК. Зборувајте сега за
востанието како да го правиме и кога, а не дали да го правиме".
Петре дочека да заврши конгресот со работата и со голема тежина на душата ги
прими директивите за дејствување во неговиот реон. Тој ги зеде Толета и Трајка и се
врати кај четата по Ливада. Таму го најде Перета, зачуден, и кога се сретна со него и му
ги пренесе добиените директиви, овој длабоко воздивна и промрмори преку заби: - Ах,
Петре, што направија, од дрво нога, од камен глава да си направат; го фрлија народот
во оган без време!
4.
Толе ја разбра салам сета работа на Конгресот од Петрета и доби од него упатства
што треба да работи. - Ти сега ќе гледаш што повеќе оружје да се внесе во народот, - беше последниот
збор што му го рече Петре на Толета.
Толе си дојде во својата чета во Полчишко и се замисли како да дојде до оружје.
Гледајќи ги Шаќира и Ѓура, се сети дека есеноска испрати по овие двајцата
шестотини лири за пушки, та сега ги закачи нив за таа работа. - Камо пушки за парите шо ви и дадоме есеноска со Бешот, бре побратими? - им
вели Толе и им запрети оти ќе ги обеси ако не стигнат пушките уште за некој и друг,
месец, кога ќе треба да се употребат.
Шаќир и Јован се бранеа дека ги предадоа парите на прилепското началство, а
што стана понатака тие не можеа ништо да разберат од затворот. Затоа Толе реши да го
прати Јована во Бугарија по пушките.
154
А овој, откако ја намириса работата дека ќе ги мешаат капите со агата, се зарадува
на предлогот од Толета и во мај замина по канал за Софија.
Ги најде шестотини лири и навистина купи сто и дваесет куси манлихери за нив,
а од војните магацини украдоа со некои прилепчани две три илјади патрони и ги
испрати за внатрешноста. Но место за Прилеп, ова оружје замина за Пирин со кое
Сандански навистина наоружа стотини свои востаници. Барем така се правдаше Ѓуро
кога се врати по востанието.
На три четири дена пред Илинден, на тумбата Становица, над селото Жиово, се
собраа прилепските војводи со своите чети да го направат планот за напад на
мудурлакот во Витолишта.
Најпосле настапи судбоносниот ден да се обиде рајата со агата.
Екна борба во битолската револуциона област. Смилево се запали, огнот го видоа
по сите ридишта од Кожув и Албанија и ги запалија сноповите 'ржење што беа
приготвени од пред два три месеци.
И во Мариово светнаа пламени на Гумништа, Панделе, Висока, Смечот, а тој на
Кравица можеа да го видат и во Солун при јасната јулска ноќ без месечина.
Во Невеска, Баница, Рупиште, Екшису и по целата железничка линија зовреа
пушки, пиштоли, бомби. Востаниците ликуваа во ослободените населби.
Карев со другарите го нападна и презеде Крушево, но нашите востаници
задоцнија. Толе ги обиколи сите села по старо Мариово и насекаде бараше едно: - До вечера, до утре, сакам илјада души со оружје в рака да го нападеме мудурот
и јузбашијата во Витолишча. - Co ошчо бре, Толе, со ошчо да тргнеме кога оружје немаме в рака? - се жалаа
селските раководители кога Толе наредуваше. - Ами кога ви веле јас од лани: пусат, море луѓе, пусат прибирајте, вам шо ви се
чинеше, а? „Се шакуа Толе". Еве како излезе вистинска таа моа шака. Сега како знајте:
секирите, косите, крклизите, шо имате со тоа излегувајте. Инаку ќе му го дада огнот на
селото и ќе ве испеча како глувци сете! - грмеше Толе со својот длабок глас и им се
закануваше дека сите ќе ги избеси на врбите во ливаѓето.
И селаните се спремаа, место во Градешница на Илинден на гости - во Витолишта
на бој. - Го гледате шишот мој? Муш, муш, муш! Ќе измушкам најмалку десет аскери со
него во Витолишча, - се шегуваше Илко Корунов од Бешишта, одејќи по Бешишкото
Поле со сакмата нарамо и еден крклиг врзан на стап со подвеската од десната нога. - Остави и, море, шо ти сториле шо ќе и мушкаш, токо да пратиме некој да му
рече да сварат повеќе пилав и да го остават да се лади, оти жежок не се јаде, - му
одговараше Саботко Неданов, фаќајќи се за кубурите и фалејќи се како по двајца аскери
ќе тепа наеднаш.
Ho какви такви, Толе поткрена неколку стотини души од своите села, a со оние
што ги доведоа Андон, Петко, Стојо и дедот Коле се собраа над илјада и се ставија на
расположение на војводите.
Јордан Тренков им одржа говор во Жиовските ливади под Становица.
155
- Момчиња! - (макар да имаше и старци од шеесет години). Часот на слободата
тропна. Ноќеска ќе му влеземе на мудурот и јузбашијата и ќе ги исколиме сите ако не
избегаат. - Ноќеска, велам, ќе го заградиме селото од сите четири страни и ќе му влеземе
на мудурот во конакот, ќе го симнеме од столот и ќе си седнеме ние, ќе се ослободиме
и од него, и од неговите заптии - да не ги глодаат веќе коските! - Mope, арно со мудурот ќе свршиме, господин војводо, токо кога ќе разбере
Џавидпаша кај ќе одиме? - се провикна некој од купот. - Џавид. Дургут, Халил, Хилмипаша, на сите ќе му дојдиме доак, не плашете му
се, не сме сами. Ете, цела Македонија е веќе на нога. Слушате ли оти во Крушево веќе
вријат пушките? Така е низ целата земја. Ние да си ја свршиме нашата работа, овие
одовде да ги нападиме, та со пашите, има и друг да се расправа. Тука се браќата Б'лгари,
тие ќе му удрат в грб и ќе си ја соберат пашите опашката дури во Анадол, откај што
дојдоа. Само напред ноќеска! - повтори Јордан по десети или стоти пат за братската
помош од Бугарија пренесена од Сарафов. - Е, море, напред напред! - им се испушти од грлата на стотина души голораки
селани. - Ќе ваќаме со гола рака змиа, нема чаре! - рече Гуцето и ги поведе своите
градевци кон витолишките гробишта, откаде требаше да го нападнат селото.
5.
Витолишкиот мудур Арсланбеј седеше еден поручек во својата одаја, два три дена
пред Илинден, наднесен над едно писмо и ѕуреше во него преку очилата, очигледно
замајан од неговата содржина. Се исправи, ги извади очилата, ги забриша со шамивчето
и почна да ги префрла нервозно од рака в рака, па почна сам да си зборува: - Бак, бак, бак, пис милет, бреј! He сетит да гледат работата да живејит, туку матит
вода во аван. Ќе туркат ѕид со глава, а оти ќе кршит лејката не му текнуват!
Се замисли длабоко, па како да се присети нешто, плусна со рацете.
На вратата се појави заптијата Ибраим и направи темане: - Бујрум, мудур ефенди! - Оди, Ибро, викни го јузбашијата од кашлата. - Евет, мудур ефенди, - изусти Ибро и излезе низ врата поведен во знак на
послушност, а мудурот пак ги кладе очилата и пo десетти пат го прочита писмото дури
да дојде јузбашијата. Чита и цука, се чуди, се лути, псуе каурска вера, мајка, живи,
мртви. Најпосле тропна и влезе јузбашијата. - Бујрум, мудур ефенди! - праша младото забитче и направи скромен поклон со
раката на градите, повеќе поради староста на мудурот отколку на неговата положба. - Те викав, Сефедин, те викав и има зошто да те викам. Повели, седни... и... еве
читај, -го покани бегот својот заштитник, командирот на оружаната сила што беше
пратена да го варди уќуматот - царската власт во овој најзафрлен дел од големата турска
царштина.
156
Јузбашијата, уште не седнат убаво, го дочитуваше краткото, но јасно писмо од
кајмакамот, кое со својата содржина ги вознемири претставителите на султанот.
Кајмакамот пишуваше:
„Од мене, прилепскиот кајмакам, Салиефенди до тебе стари пријателе Арсланбеј
поздрав и молитва да ти го чува алах здравјето, главата и власта.
Овој час наш човек ми кажа дека овие дни - салам и тој не знае кога - ќе имаш
гости од планина. Каурите се спремаат да ја уриваат нашата царштина од темел па чекај
ги и кај тебе некоја ноќ и приварди се да не те најдат на спиење и да те испечат жив во
конакот.
Толку за сега. Потаму ќе ти јавам ако излезе нешто ново, а и ти веднаш чини абер
ако забележиш нешто слично во твојот мудурлак". - Е! Прочита што пишува казмакамот? - му се обрна стариот мудур на младото
офицерче и го покани да седне на столот од десната страна. - Прочитав, мудур ефенди, ама не ме израдува многу - му одговори кратко
јузбашијата и, седнувајќи на покажаниот стол, ја извади кутијата со тутун, та му понуди
на стариот Арслана.
Завитка мудурот, завитка и Сефедин и со апетит тргнаа од килибаровите чибуци,
длабоко замислени.
Најпосле мудурот проговори! - Што мислиш, Сефко, по оваа работа? Гледаш што пишува кајмакамот? Да се
вардиме да не не испечат некоја ноќ живи. Што треба да направиме да не го доживееме
тој резил?
Сефедин почна да го теши старецот: - Без гајле, мудур ефенди, без гајле. Моите анадолци се секогаш готови да те
одбранат и тебе, и мене и честа на нашиот падишах. Јас сега ќе наредам деврие низ
селото, караули по сите патишта, а еден чауш лично кај тебе ќе караули. Само ти гледај
да подразбереме кога се ружаат да нападнат.
Мудурот се поослободи и нешто се присети та пак плусна со рацете.
На вратата пак се појави Ибраим. - Оди, Ибро, да викнеш коџабашијата. Трајка. - Евет мудур ефенди, - пак повтори Ибро и се изгуби низ врата. - Ceгa ќе разбереме се што ни треба, - му се обрна мудурот на јузбашијата и
двајцата почнаа да кројат планови како ќе се заштитат при евентуален напад.
Додека тие се советуваа какви мерки да преземат, Ибраим го дотера коџабашијата
Трајка. - Да ви се ногу години, ефендилер, - проговори Трајко и со длабок поклон ги
поздрави двајцата султанови служители, сиот затресен од возбуда, знаејќи дека не го
вика мудурот за добро. А кога го виде и јузбашијата, крвта му се здрви. - Бујрум - бег, си ме викал? - проговори како со туѓа уста.
157
Мудурот го направи пријатно лицето, му се насмевна под мустаќ и го покани со
најљубезен тон претставителот на селото: - Бујрум, коџабаши, бујрум, повели седни да направиме еден муабет! - и му ја
подаде тутунарката. '- Повели, направи еден тутун. Знаеш, тутунот го правит лезет
муабетот.
Трајко седна и завитка цигара, му ја врати кутијата и ја запали цигарата. Седна
како на трње и зачека да слушне зошто го викнаа денеска на конакот и тоа обајцата
главабашии.
Мудурот почна оддалеку: - Знаеш што викав тебе, коџабаши? - Да чујам, мудур ефенди! - Еве, по два дена идит тој вашиот Илија Грмелија, како викате вие. Јас имам ниет
да отидам и овој година на гости во Градешница на Илинден, та реков да земам и тебе,
да правиш мене кумпатага. Знаеш како ти ет. Јас стар човек, та не ми се одит со овие
младите - ќатипче, јузбашија, чауши, башчауши. Сите ќе гледаат во нив, мене никој не
ќе погледат. Вака - јас стар, ти стар, белким ќе опулит некој младо невеста во нас -
божем се нашакува Арслан и го погледна под око Трајка.
„Аха, си помисли Трајко, - оддалеку почна да посега бегот", но се направи да не
разбра дека и него го вика. - Убаво си наумил, бег, убаво. Оти да не појдиш; оди прошетај се, како да е ќе се
опуле некоа, ако не млада, оно од постарите! - Ама јас ќе го одам, џанум, токо канам и тебе, и во тебе да опулит некој млада,
а? Што велиш, ќе правиш мене дружина или да викам Мисирлијата? - Сполај ти бег, сполај ти. Јас вој Илинден немам ниет да ода на госје. Ошче не
ми е собрана седбичката, ете и на страгата ме викнаа вие дни, да си го зема тоа млекцето.
A ти оди со здравје и погледај некоа и за мене, ако е и постара - пак на шака ја тера
Трајко, ама му жежи столот и само што не подрипнува кога Арслан го кани.
При овој одречен одговор од Трајка Арслан го погледна јузбашијата и
незабележено ги развлече муцките. - Тогаш да викам Мисирлијата; ја кажи ти некој што ќе одит, да одиме заедно.
Мене, жими вера, од некое време шубе да излезам сам надвор од селото. Ете, дал господ
диви луѓе што не мирисаат нас Турците, та да не сретнат мене сам некаде, да одерат на
стари години! - се приближи со дикат Арслан до темата за која го викна коџабашијата.
На Трајка му заигра долната клепка од десното око што тој си го протолкува како
знак за несреќа и уште толку се наежи.
„Ќе ме топат виа пци денеска. Треба да имаат нешчо намирисано" - си помисли
во себе, но почна да го разбива мудуровото мислење, па му вели: - Mope бег, ако се плаше орачот од врапците - не сее просо, токо гледај си ти
ќевот. При царцката живот и сила никој напреку не може да ти се опуле, не да те дере.
Шо ми зборуаш такви детинцки муабети. Кој е тој шо ќе крене рака на царцки човек?
Ќе му се исуше!
158
- Ха, ха, ха! - се насмеа мудурот, a пo него и јузбашијата. - Што убаво местиш муабетот, бре коџабаши. Како убаво што зборувате така
убаво да работите, топ не разбиват ни вас ни нас жими вера, - стана од столот и му се
приближи. - Мислите, ние трева пасиме, бре чорбаџи Трајко? „При царцката живот и сила
немало кој да кренит рака на мене", а вие спремате и на самиот падишах да кревате
рака; Мижи Асан - да ти бајам, правите вие работа, а? Толе Паша собират селаните да
бркат нас од уќуматот и кашлата, а ти мене маслосуваш и тураш вода под рогузина.
My се наднесе над лицето, го фати за раменици и му се заѕури во очите. - Зошто не одиш на гости во Градешница, бре ќерата? Мислиш ти не знаеме ние
оти ќе кревате ѓурунтија овие дни? Кажуј, кажуј бргу кога, или да викам Ибраима да
затворит во визбата и наместит коските! - и почна да го тресе за гуната за која го
исправи.
Трајко стана и почна да се правда: - Аир ефендум, шо е тој лав шо ми го велиш? Кој е тој што ќе кревал буна против
царот; кабул не го права јас тој страм. Толку години, ете, сме заедно; сме си поминале
како господ што рекол, аир. Ни за буна знам, ни за нишчо. Си го направил некој ќевот,
ме накодошил да ме страмите. - Слушај Трајко, слушај стар пријател, - го симна гласот Арслан и почна
испитувачки да го подмамува. Сам рече дека толку години поминавме како господ што
рекол. Сум јал еден залаг леб во твојот куќа, си пил и ти кај мене пекој кафе, си запалил
некој цигара. Демек, ние со тебе не сме си душмани. Сакам и понатаму да не бидеме
душмани, ако не можеме да бидеме пријатели. Затоа сега ти ќе кажеш се што знаеш по
овој работа, да чинам абер на кајмакамот и валијата, оти ако разберат од друг, ќе обесат
обајцата нас. Жими вера и имаат право. Таков магаршчилак да се токмит кај нас, а ние
да не знаеме и да не кажеме, навистина за бесење сме.
Трајко ги собра рамениците и повтори. - Аир ефендум; ни знам, ни абер имам за такво нешчо. Оти има по планините
лоши луѓе како Толета шо го рече сам, та го знајте и вие, го знае и царот. А за некоја
буна во народот јас не су чул, ни су разбрал. Па дип веќе ако се крие од мене, тоа може,
ама јас не знам.
На овој Трајков одговор мудурот пожолте, а јузбашијата позелене во лицето. - А што е ова, бре ќерата? - му се врекна јузбашијата и го извади од џебот на
блузата писмото. Почна да чита:
„Каурите се спремаат да ја уриваат нашата царштина од темел..." - Што велиш? Лажит овој што испратил овој писмо до мудурот? - А бре, ефенди, јас не знам нишчо, та тој лаже ли или и него го излагале, и тоа не
знам. - А не можеш да одиш на гости во Градешница? Седбата, млекцето, несвршени
работи? Mope, море! Ќе кажиш, жими вера, туку доцна ќе бидит. Ти си стар човек;
после, половина царцки чоек, немој да тераш со сила да кршиме коските. Толку повеќе
159
што си стар пријател на Арсланефенди... Кажи, кажи, да не носам тебе во кашлата кај
Расимчауш. Таму ќе го кажиш и што не ет за кажување, ама да не бидит со лошо. - Аир ефендум, по стопати аир! - се правда Трајко и сиот се тресе.
По самото негово држење видоа дека знае, но не сака да каже, затоа мудурот му
намигна на јузбашијата и му проговори. - Земи го, јузбаши ефенди, кај тебе ноќеска, па утре ќе го продолжиме муабетот.
Трајко се зачипчи за стариот свој пријател. - Аман бег, аман ефенди, аман пашум, аман татче! Ти татко, ти мајка, да не сториш
кабул на стари години да ми гниат коските! Дотука ли беше нашето пријателство од
пред двајсет години. - Трајко, јас не можам да помогнам сега тебе. Ти сам викаш бељата. Кажи што
знаеш - оди дома, бркај работа, ако веќе не сакаш да го идеш на гости со мене во
Градешница - го отстрани Арслан Трајка од себе и му го предаде на јузбашијата.
Трајко почна да се бори со себе:
„Да кажа - ќе ме заколе четата; да не кажа - ќе ме отепа ноќеска Расим чауш, - и
застана сред одаја да се чуди. - Ајде, коџабашиа, ајде пред мене, што чудиш? - го поткани Сефедин стариот
коџобашија, и пак почна да го искушува: - Слушај коџабаши, слушај синко. Жалам тебе, ама повеќе жалам мене, мудурот
овдеки и царот наш. И јас сум јал леб во твојот куќа и не сакам да правам тебе кедер,
ама рече ефенди Арглан, сам ќе носиш кабаетот. Ти знаеш Расимчауш многу убаво. Ќе
предадам вечер нему и до утре или ќе кажиш или ќе одиш на оној свет. Зашто да тргаш
мака кога може без неа да поминеш? Ние знаеме дека ти за тој работа не крив. Ами да
оправдаме и нас, и тебе пред кајмакамот и валијата, да чиниме еден абер, та понатаму,
тие нека му мислат. Зошто за ваков ситна работа да гнијат тебе коските и предвреме да
лежиш во гробот?
Трајко се свитка. Тој знаеше мошне убаво кој е Расимчауш и како ќе помине
ноќеска кај него во кашлата. He ќе може да издржи под тешкиот ќотек и ќе признае, ќе
каже што знае. Тогаш што печали што јаде ќотек? Ништо. Најпосле се реши да каже.
Ако дојде до колење подобро нека го заколат четниците, отколку да се влечка улугав
без нога, без рака, слеп без око или со искршени ребра од Расимчауш. Се издиши
длабоко и му ја побара кутијата на Арслана да завитка уште една цигара.
Турците се успокоија. - Бујрум, Трајко, бујрум. Завиткај пет, не една. Јас тој сум Арсланбеј, твојот
пријател. Бујрум. Седни, море, да свршиме работа, та не плаши се од нив. Ние знајме
оти страв тебе од комитите, да не колат. Такви сет царцките работи. Ако не колат
комитите - ќе бесит валијата нас, ами да држиме појакиот, та да протутниме уште некој
и друг година.
Седни, седни запали цигарата! - го покани пак Арслан Трајка и му чкрапна
кибрит, водејќи го кон столот на кој седеше прегеска.
Плусна со рацете и му нареди на Ибраима. - Јап јуч татли, Ибро (Направи три слатки кафиња Ибро.)
160
Ибраим ја затвори вратата, Трајко и Турците седнаа и почнаа нервозно да тегнат
дим од запалените цигари. - Е, да чуеме, коџабаши, - проговори јузбашијата очигледно нервозен од
неизвесноста, дали Трајко ќе каже или пак само гледа да помине времето да не оди кај
Расимчауш. - Mope, бре, ефендилер, шо не покрил господ - човек не може да покрие. Шо да
ви кажа. Слушам од тебе - од мене оти најсна ќе правеле тиа неранимајковци некој бунт,
ама кога и каде, право да ви кажа и мене не ми кажуат. Се плашат како царцки човек да
не ви чина абер вам. Ете, на Градешница слабо кој ќе оде на госје; гледам повеќе селани
каде се иставаат од селото по колибите. Носат повеќе јадење отколку што требе, си
наоѓаат разни мани само да не се в село; криат по јамите алишча, благота. Ете, од два
три дена ваки нема да стапне човек од другите села кај нас, та шо се крои, што се шие,
ви реку оти не знам и не знам, ако веруате бога. Распрашуам - распрашуам по приатели,
по роднини, никој салам нема да ми каже. Некој велаат во сета земја врие, други велаат
угу кај нас е вој стра, инсан како инсан, кој може крај да му вати на разни муабети? А
оти се мати водата - се мати. И вие сами гледате. Ете јас шо има да кажа. А па вие
привардувајте се виа дни по воа денот да не не најдат апанс'с и да не испечат живи, како
шо пишуа во книгата. Друго нема шо да кажа. Биле, колиле, бесиле, било такцир ќе се
страда на правда бога.
На Турците не им се направи ќефот. Гледаат дека Трајко сака да седи на два стола.
Нешто поткажа и ги предупреди „виа дни привардувајте се" ама кој ќе бидат „виа дни"
Трајко не сака да каже.
Влезе Ибро со кафињата. Пак завиткаа цигара, зачурија и ги испија кафињата.
Мудурот сака да ја дотера до крај работата. - Та така, велиш, Трајко, виа дни, а? Салам, салам да подразбера кога? - А бре, бег, салам нишчо не знам и не разбра. Ви реку јас оти така се зборуа во
селото. Виа дни, сигурно на денот, пред денот или по денот - не знам. Ама тука се вртат
муабетите. Околу Илинден, та ѓаволот да и знае. Ама за секој случај ви реку и пак ви
вела, позавардете се дури да помине матилешот. Шо трици ќе јадат, токо пак, коа тој
шо рекол: „покриеното млеко мачките не го локаат". Та и ние така, да се позавардиме,
да не се сторе некој ќедер апанс'с. И разговорот се сврши. - Е, така Трајко, така. Било та се рекло, море: „Ески досдушман олмас". ). Ете, за
малку работи ќе расипевме нашиот стар пријателство. Само гледај сега и ти ако
разбереш нешто, по пиле да знајш да го чиниш абер, оти и тебе ќе дерат кожата. А ние
ќе гледаме да не дојдит дотаму. Јузбашијата овдеки ќе земит гајлето да довардит нас
двајцата, - го утеши Арслан Трајка и му стави до знаење никому да не кажува за
разговорот.
Трајко се ослободи од тешкиот страв од Расимчауш и стана, си отиде да мисли
како ќе се спасува од четите ако разберат оти ја откри најголемата тајна на
Организацијата.
Мудурот и јузбашијата го испратија Трајковиот одговор до прилепскиот кајмакам
и ги ставија на нозе сите свои оружани сили, главно да се заштити власта - мудурот и
казармата.
161
Двестете души војници и десетмината заптии не ги остава пушките од раце.
Претполагаа дека востаниците дење нема да нападнат, но сепак беа во припремна
состојба. А штом ќе паднеше мракот селото беше блокирано, а баш најлошиот
Расимчауш со педесет војници се сместуваше во црквеното кале за да го брани конакот
од мудурот, кој беше десетина дваесет метра оддалечен од црквата. Деврието патролата - крстосуваше низ село и секаде каде што ќе видеше светлинка влегуваше да се убеди
што луѓе има во таа куќа. Но и ќуќите опустеа не само ноќе што се светеа, ами и дење
скоро сите беа затворени. Народот се точеше надвор од селото под разни изговори - оди
на работа - жетва, вршење бачило.
6.
Под таква околност дојде и Илинден. Но Толе позадоцне и ги доведе луѓето дури
утредента, по Илинден, та нападот се одреди дури другиот ден. А за тоа време мудурот
веќе беше известен од кајмакамот за сето она што стана во Смилево и Крушево.
На Становица гората се измеша со луѓе. Колку дабје што имаше толку луѓе стоеја
до нив или седеа под нив, секој со сакмата и торбата на рамо и пусатот в раце. Тие што
имаа огнестрелно оружје ги прегледуваа кремењето, чарковите, капсите, штракаа по
десетти или педесетти пат дали работат нозете и петлињата на кремењачките и
капсалиите, а тие што носеа секири, балтии, коси, крклизи - го остреа своето ладно
оружје со егиња и ги вртеа главите, секој сакајќи да не дојде до употреба на ова нивно
„оружје".
На лединката „Чегревите нивчиња" каде што сонцето одвај пробиваше, седеа крај
ладното кладенче војводите и го разгледуваа планот на нападот. Веќе четири дена како
се разгледува тој план. Според него ќе треба да се нападне селото преку ноќ. Главната
сила ќе удри на северниот крај на селото откај гробиштата. Ако се заврзе бој, камените
гробови се нарачани за метеризи и заклон. Од јужната страна ќе се јават стотина
востаници да ја разделат силата на аскерот, а од запад Толе со своите четници ќе навлева
во селото да му се доближи на конакот и да му влезе на Арсланбеј како пред неколку
години што му направи кај Сивета во Старавина.
Околу пладнина Тренков си ја даде својата последна наредба на војводите: - Ајде сега, другари, соберете ги луѓето и право на чешмата во жиовските ливади!
Тивко, со мукает слегувајте.
Пред самиот мрак, над илјада души четници и востаници ги исполнија ливадите
и направија тркало околу самата чешма. Дури да слезат до чешмата, низ растот останаа
пет шеесет може и стотина од селаните, што на Толета не му откина од острото око,
бидејќи сите в глава ги познаваше. Затоа тој го растрча својот бел коњ околу собраниот
народ и со страшен глас се провикна: - Слушајте, луѓе и браќа! Гледам дека некои од дојдените сакаат да се вратат назад
и да не остават сами да се бориме. Нека разбере секој таков, а особено нивните десетари,
дека таквите ќе бидат обесени ошче утре на сретсело, а нивните деца и жени изгорени
во нивните куќи. Затоа секој десетар да си и собере луѓето. Каде ќе гинеме ние, нека
гинат и тие.
А селаните знаеја дека Толе никогаш не се шегува, та не му тежи умот да го
направи ова што го зборува, толку повеќе кога утре ќе ги нема агите да го бркаат.
162
- Ајде, боже, поможи, - се провикна Тренков и тргна напред, пред оваа собрана
армија, за да ја одведе на бојното поле - селото Витолиште.
Десетарите ги собраа луѓето и тргнаа по војводите, а мракот веќе падна.
На Пеливарската чешма Јордан застана. Тука ги сретна трите товари барут,
испратени од Битола, и почна со неговото распределување. - Кој носи пусат да земе барут и олово, - се разнесе пак Толевиот дебел глас во
ноќната тишина и темница.
Се нагрвалија околу вреќите. Шаќир почна да тура секому по еден грст црн прав
и по една рака куршуми. - Нема кај да го тура, бацко Крсте. - се провикна едно младо голобрадо момче од
Врпско. - Капата, бре пес! - го искара Крсте детето и ова го симна од главата својот
извалкан фес и го прибра барутот и сачмите, а откако се истави од Шаќира, си ја нарами
кремењарката, фати горе Жиовскиот дол, та си отиде дома, мислејќи во себе. „Како да
не! Ке ода да и го арча златен барут и сачми на Турците, кога можа со него да си отепам
десетина лесици", - си префрли преку Становица, оставајќи го својот десетар Ушка да
вика во темницата: „Кај вати, Петкоооо!"
Петко убаво го слушаше Ушка, но молчејќи си го продолжи својот пат за дома.
Се раздаде барутот и се расподели народот по планот. Градевци, Бешивци,
Полчивци, со дедот Колета и Бешот на чело, тргнаа први, да го заобиколат селото и да
се најдат на јужната негова страна. Селските војводи почнаа да ги тешат десетарите, a
овие своите десетини. - Mope, шо му се плашите, ослепаго, на еден стар дркул; ќе го налегниме како вол, - им влеваше кураж Бешот на другите селски војводи, псуејќи го стариот мудур,
Арсланбеја со кого беше долгогодишен пријател, како коџабашијата Трајко од
Витолишта. - Mope, да не се тиа двестете околу него, лесно е за него, Бешу, токо кога ќе
залачкаат тиа, кај ќе одиме? - му одговараше песимистички расположениот градешки
селски војвода Гуле. - Ќе залачкаат нивните, ќе залачкаат и нашите, - горделиво ги бодреше Андон од
Дуње, кој со Толета требаше да му влезе на Арслана во конакот.
Секако на аскерот не му откина од ушето оваа врева спроти село, и караулот го
извести јузбашијата, а овој се најде на ритчето Бранов стол над селото, та и сам ја
слушна вревата. А токму по тоа време - околу полноќ - на Коста Тучков му се испушти
капсалијата, пукна пустињата во сред таа нема тишина и ја издаде целата работа. - Навистина идат, си пробрборија јузбашијата и мудурот и ги впија очите во
мракот, небарем ќе ги бројат. - Треба да се баеги собрани, - му прогвори Арслан на Сефедича и пак го опомена
на своите задолженија и обврски кон падишахот. - Тестир на аскерот да не го напушта селото оти не гори огнот. -
163
- Без гајле, мудур ефенди, без гајле, - го успокои Сефедин стариот Стамболија на
кого почнаа вилиците и брадата да му се терсат. - Расимчауш ги држи метеризите околу
конакот. Дури стои неговата глава, немај гајле. А ти со заптиите држи го калето од
конакот. Ќе се обидеме. Ако рекол алах, најпосле ќе ги дадеме и главите за нашиот
падишах и верата алахова.
Co овие утешенија го испрати Сефедин мудурот со една патрола во конакот, а сам
ги обиколи сите стражарски места, па и Расимчауша и им стави до знаење дека ноќеска
ќе има нешто - добро да се држат.
Дедот Коле ја зазеде јужната позиција, војводите се приближија до гробиштата
од север, а Толе влезе со своите осум четници од западниот крај в село, не разделувајќи
се со Мише Ќосото. Уште при влегувањето, го слушна чеканото прашање од стражарот. - Ќим сн сен!
Но место одговор Бојко чкрапна со малихерката и војникот падна смртно погоден. - Ах, анани!... ах аврадини...! се провикнаа неговите другари и го напуштија
постот, бегајќи кон црквата за да му се придружат на Расимчауш зад црквеното кале.
Гласот од Бојковата пушка го слушнаа војниците во гробиштата на кои удри
главната востаничка сила со војводите и почнаа да стрелаат, заклонети зад гробовите.
Гробовите беа добри метеризи, но не за востаниците, како што беше во нивниот план,
ами за аскерот.
Се заврза борбата. Почнаа и војводите да пукаат, им се придружија четниците и
останатите востаници, но укрепениот аскер не ги остави своите метеризи - гробиштата
и не попушти, а веќе и зората забеле, та војводите наредија повлекување да не ги фати
денот. Востаниците тоа и чекаа. Еден по еден ја фатија долината на Задна Река и уште
до пладнина си разотидоа по домовите како ништо да не било.
Толе со своите четници ајдути влезе в село и се запати право кон црквата и
конакот. Ќе го турка Арслана од мудурскиот стол за да го намести Тренков или некој
друг. Нему му беше сеедно кој ќе седне на него - само да го турне агата.
Од црквеното кале го дочека Расимчауш со педесет мамзери, а Толе го фати
калето од Врвцовци и ја заврза борбата. - Теслим, бре ќелешковци ниедни, ако сакате главите да и спасите! - се провикна
Толе и ја испразни својата куса манлихерка кон калето отакде пукаа мамзерите. - Теслим вие, бре ќерата, ако сакате да не печиме живи! - се слушна одговорот од
Расима со уште посилен глас кон аскерот: - Атеш, чуџуклар, атеш! ) Грмежите в село го привлекоа јузбашијата што беше во
гробиштата, па гледајки дека од неговиот „фронт" бунтовниците отстапија, го собра
аскерот и му притрча во помош на Расимчауш. Удри в грб на Толевци и овие беа
принудени да се повлечат без свршена работа. А и денот веќе фати. Се провиде убаво.
Дедот Коле пропука на казармата и гледајќи дека главната сила, што ја предводеа
војводите откон гробиштата, се откажа од борбата, и тој како Толета се повлече и ги
фати блиските чукари „Шупливец" да гледа што станува в село.
Толе се извлечка од селото, но не ги напушти згодните метеризи гробиштата, ами
гледајќи дека јузбашијата ги напушти истите за да му помогне на Расимчауш, сега тој
164
зазеде тука позиција, надевајќи се дека главната сила со војводите е тука за да ја
продолжи борбата. Но војводите за неполн саат, додека Толе се расправаше со
Расимчауш беа го поминале селото Жиово и пак на старото место, на Жиовските
ливади, се собрале и се ладеа на студената чешма.
Аскерот ги забележа голораките дедо Колеви востаници по чуките, а сигурен дека
немаат оружје, се назагнаа живи да ги излови. Тогаш Толе се јави од гробиштата, сега
тој на аскерот в грб, та овој пак се врати во своите метеризи околу конакот и казармата,
а селаните се разбегаа кој каде види по чукарите и си отидоа дома.
ТОЛЕ МАРИОВСКИ ПАША
Толе остана сам со своите осум опробани другари. Виде оти ја напуштија борбата
сите, им удри уште неколку залпови во правец на конакот и казармата, си го јавна својот
коњ и со другарите, го напушти и тој „бојното поле" со тешка тага на душата што не го
турна Арслана од мудурлакот.
Налутен како рис прв дотрча кај војводите и уште од педесет метра почна да вика
и псуе: - Ами вака ли, море коркари, ќе го падеме Турчинот, слепци да водите што го
зедоте на душа народот, аир да не сторите во очите да рече господ златен! Ти иих, шо
такцират имале сиромаси со вас да тргаат, да би орлите ви го тргале месото на живота!
Па се обрна кон селаните и четниците што останаа крај војводите. - И гледате? Господа војводите на бравите и кокошките волкави во грчмаците, a
кога замириса барут, ватиа лимја гора, да не се вратат. Ами на кого и оставите ниа
сиромашки синови, голораки да и дере сега јузбашијата, море мурдари! Шо мислите
сега и каде ќе и криете тиа вашите тикви шо не размислиа како ќе излезе работата?
Или само „ајде да му појдиме на мудурот и да го земеме конакот", како да е заек,
ќе се исплаши и ќе побегне од смреката, - па се исправи пред Тренков. - Е, господин коркар војводо? Шо мислиш сега, да ти а тргам малихерката или
сам ќе се обесиш на дабот? Гиди брлива главо, ѓиди! Оди, Толе, собирај шо повеќе луѓе
да свршиме работа, а тој ни капка крв не виде и а намачка како кукавица. Така се
истеруал Турчииот со валби и петелеље прел селаните. Mope крвавење, брату, крвавење
сака, та да го оставе конакот, не само валби. Co валби се плашат децата и бабите, а не
Арсланбеј и неговите заптии и аскери шо носат оружје од пред петстотини години.
Токо, ајде најдете го од ѓаволот. Јас се излага и си реку оти мажи одат по планина, а тие
и од стрина Богдана биле подолни. Јаз'к за името шо го носите - „војводи". Такви се
војводите како вас, клечковци - им се навика Толе в лице на сите војводи, па дури и на
Петрета Ацев што го кандиса да му се придружи, го дупна коњот и ги повика своите
опробани и верни другари уште од арамискиот занает. - По мене, деца, по мене, ако сакате да се вршат работи, a со виа коркаровци ќе и
дадиме вересиа главите.
Војводите останаа замајани од истапот на Толета, се тргнаа настрана под сенката
на големата јасика и почна и тие да се препи раат.
165
- Си има право Толе, другари, си има. И јаз'к да му е сега нему што не ја отпетла
манлихерката да не отранче сите како зајаци - прв почна да му одобрува на Толета Пере,
којшто последен го напушти сражението во гробиштата. - Што право бре, Петре, не виде ли и сам оти аскреот сиот беше на нога? Кај ќе се
справиме ние со двесте мамзери утврдени зад такви метеризи? - почна да го правда
своето бегање Тренков, што на Ацев и Тошев им ги отвори устите. - Ами, кога лачкавме ние во Смилево оти не сме готови, ти што велеше, бре Орде?
Народот ја бара борбата, ние само да го поведеме. „Камо ти го, бре машко, тој народ
што ќе се нафрли со голи раце на оружаниот аскер? Еех! греови, греови ќе гледаме ако
останеме живи. Двесте души не исплашија и не нападија со еден плотун како чавките
Дервиш полјакот во Бзовичко, та ќе го дочекаме Џавидпаша со две, а може и дваесет
илјади души. Туку пак ќе речам: вие да ја имате на души што ја фрливте сиромаштијата
во устата на волкот. По стопати берете му го гревот - заврши Пере и длабоко воздивна,
вртејќи ги очите од Јордана да не му го гледа суратот. - Е, море, ние, ние. Тоа се стори што се стори, туку сега ставајте да се позасолниме
во растов, оти агите лесно можат и овдека да не оплескаат со мамзерките. Што велиш
ти, Петре, која страна да ја фаќаме? - му се обрна Јордан Ацев на чиј реон беа собрани.
Дури тие така се разговараа под јасиката, селаните што беа дошле дотука со нив
нога за нога, кој по нужда, кој отворено се разотидоа, та дури и Ушко од Врпско не му
рече ни збогум на „дедот" Петрета, со кого беше одличен и личен пријател.
Намуртени, озлојадени, загрижени, тие брзаа да се доберат до некоја колиба или
трло каде што ги оставаа кременачките, косите или крклизите и бараа пекој обичен,
предмет - јарем, палечник, плаз, некој сноп 'ржаница да кренат на рамо и со него да си
влезат в село, незабележани, оти знаеја што ги чека дома сите оние што беа им се
придружиле на комитите.
Војводите со своите четници пак се искачија на високата, со гора обрастена,
тумба - „Становица". Оттаму почнаа да ја наслушуваат надежта. Тивката августова
вечер им помагаше да можат да слушаат далеку. И штотуку падна мракот Тренков,
восхитувајќи се, почна да им обрнува внимание на другите војводи и четници: - Слушајте, слушајте! ридиштата одѕеваат нешто.
И навистина од Црна ечеше некаков монотонен длабок ек, којшто се одбиваше од
голите Галишки и Гудјаковски скрки. Бучеше нешто, како тапан некаде да бие без
прекин, но од каде идеше, уште не можеше да се разбере, бидејќи воздухот уште беше
исполнет со денешната врева.
Дури околу стари вечери почна гласот да се пораспознава. Се слушна и првиот
силен звук на топ, а и неговиот правец можеше да се определи. - Откон Селечка, луѓе, од Селечка иде гласот, - радосно извикна Пешковчето,
обрнувајќи го своето лево уше право на запад. - Тие се, тие, нашите го напаѓаат Прилеп и агите се бранат со топовите - му се
испушти и на Ацев радосен извик, макар да беше притиснат и тој како Перета од
денешниот неуспех. - Mope, тие арно му се примолкнале, ете, на Прилеп, туку ние како ќе се јавиме
утре пред нив, ќе ни црвее образот, - се јави еден од Петревите четници којшто не
166
можеше да си објасни зошто војводите без никаква жртва ја напуштија борбата со
витолишкиот аскер. - Е, море, ако свршат работа тие, како ќе се јавиме - јавиме, па и нека не обесат
нас, туку да не излезе и нивната како нашата, та да не не збере никоја - пак
песимистички проговори Пере, ја наведе главата и длабоко се замисли.
Колку ноќта навлегуваше, толку топовите појасно се слушаа, а околу полноќ
јасно се распознаваа и пушките. Дури едно време по полноќ можеа да се забележат и
секавици, кога грмеа топовите. - Аха, - промрмори Тренков. - Треба Никола во Крушево да се расправа со агите,
не ќе бидат оние молњи од Прилеп, - ја приближи тој вистината и цела ноќ престоја
потпрен на пушката под високиот даб на самиот врв на Становица.
И не се излага Тренков. Навистина, тие топовски грмежи идеа од Крушево, и
навистина Никола Карев со своите другари се расправаше со агите, но не да ги избрка,
но сега ја бранеше победата и првата македонска република од турските сили кои
донесоа и топови за да ја урнат. - Та, така Бешу а? Ошче не замирисал барутот - вие со Гулета а намачкате? Ами
вака ли ме кандисуаше, побратиме, да ви се придружа? Леле, леле пуста организациа
ваша! Да знае, ич да не ве праша, да му влезе еден ден, ќе и нападе како јаребици од
трње. Ама јас си вела ваа сила шо се собра, не двесте, ами две илјади да се ќе побегнат.
А ние шо направиме? He му дадоме ни да разберат оти дојдоме, а скинаме назад, - почна
уште истата вечер Толе да го тевтише реонскиот началник за Мариово, Трајко Бешот,
во Полчиште, каде што со своите другари наврати да се одмори, а Мише Ќосето да се
види со тетка си Мита по толку години. - За вечера сакам една јаловица и три тепции алва, - му заповеда строго Толе на
Бешот. - Самиот ти ме вовлече во вој алабак табури и за јадење да страдам со своите
луѓе. Ако си остане Толе Паша како што си оде сам, немаше вој страм да го јада. - Е, море имаш право, Толе, и главата да ми а скршиш со бардакот, токо да ли е
само до мене кривицата. Ете, ни војводите од другата страна не издржаа, - почна да се
правда Бешот, ветувајќи му ја на Толета бараната вечера. - Војводите! - со иронија го произнесе Толе звучното име - војводи! Кои војводи?
Такви се војводите, како ниа нашите коркари? Е, море, е? Колку сака до војводи!
Војвода да бидиш сака првен ти да а кладиш главата в торба, та после другите да и
поведиш по тебе. Војводите одат напред пред четниците, како забитите пред војската,
а не како козарот по кози, како шо направиа нашите војводи. Токо пушчи му го ним
в'кот, шо сториа ќе најдат. Ќе и вида сега во кое дупче ќе се пикнат кога ќе и поткачи
Сефедин со аскерот. А ако дојдат овдеа кај тебе и побараат леб, ќе те обеса јас лично на
ореот во твоата градина, ако чуа оти си и прибрал и си и наранил? Слушна? - Слушна, брат Толе, слушна. И кој ќе ме слуша мене сега да му дада? Нивната
сила се виде. Народот разбра со кого има работа, та тешко ќе биде сега да се повела. Па
неоти ќе не остават сега агите живи? Којзнае шо ќе стане со нас по ваа ѓурунтиа! - се
приближи Бешот до вистината на блиската иднина на сите оние што учествуваа во
бунтов.
167
- Шо сака со вас нека стане, кога немате семки во главите. Јас дури су жив од
својот пат не скршнуам. Co вас или без вас, јас си а знам работата моа. Ако ми паднат
на колај, ќе се расправа и со Арсланбеј и со Тренков војвода. Ама ми е жал оти не му го
тргна одма куршумчето кога избега од гробишчата или во ливадата.
Co такво расположение Толе ја преседе ноќта по борбата во Полчишта и во зората
го дочека и Мише Ќосото, кое оваа ноќ ја проведе со тетка си, и уште неразденето си го
јавна коњот со дисагите, полни месо, леб и алва и си ја фати неговата златка Сливина,
да си го продолжи својот стар занает - арамилакот.
2.
Во карпата над чешмичето, од каде пред десетина години го нападна онбашијата
за да го одбрани дедот Паленѕа и сина му Бојка, ги остави своите седум души опробани
другари да си ги споменуваат тие стари спомени, а тој со Ќосото се оддели и го фати
честарот во Суши Кутол. - Ќе појдиме ние со Ќосото до кај Папради да ватиме врска со Градешница, а вие
денувајте тука. Чекајте не кај ужината, - им рече Толе на другарите и се изгубија
двајцата со Митра.
Сериозните подготвителни работи, особено збирањето на востаниците и самата
акција на Витолиште беа му го одвратиле вниманието на Толета од Косото, та речи си,
цели недели и месеци се немаше видено на рает со него. Многуте луѓе околу него просто
не му даваа слободно да дише, а камо ли да мисли на некакво лично задоволство.
Навистина, Ќосото беше стално крај него, но во тие моменти тоа беше само негов
најверен и најхрабар четник и другар, и ништо повеќе. Во извесни моменти тој и не
чувствуваше дека Ќосото е неговата милосница Митра Брлева од Полчишта. Сета
негова душа трепереше од возбуда и напрежение што побргу да се турне Арсланбеј да
се напади аскерот од Витолишта за да отрча кон Прилеп, Битола, Лерин, Воден, Солун,
па да му отиде и на султанот во Стамбол да го турне од столот, за да не му мириса веќе
никогаш на турчовина. Тогаш на рает ќе има време за се па и за Ќосото.
Арно ама, ете не излезе тој план како што го кроеше Толе во својот ум. He било
така лесно со коси, секири, крклизи и кременачки да се урива царштина од пет стотини
години.
Но Толе вината за овој неуспех не ја најдуваше во него. Тој од своја страна
направи се што можеше да направи, ама ортаците го изневерија. И така, правдајќи се
пред самиот себе, далеку од секаков командант и поголем од него, одврзан од секаква
обврска, се најде во слободната негова планина и тој слободен како неа, та му текна
дури и за некакво лично задоволство. Затоа и ги остави седумте свои другари над
чешмичето и си отиде во честарот да ја ублажи својата тага за неуспехот, крај неговото
четниче Мише Ќосото.
И Мише како Толета за поминатите неколку недели и месеци се чувствуваше како
вистински Толев четник. Тоа не покажа ни знак на колебање, на уплав, или некаква
непослушност на неговите наредби. Тоа се држеше, ако не подобро, барем како сите
други седум Толеви другари. Прво рипнуваше на Толевите наредби; рамо до рамо со
Брниклијата напаѓаше на Расимчауша и уште за влакно што не падна на место од еден
од аскерските куршуми што му просвире крај ушето со обетката. Тоа го гледаше Толета
168
дека е зафатен со друга, поважна работа, затоа ни еднаш не побара да му оддели некоја
и друга минута нему. - „Да бркаме работа сега, - си велеше таа во умот - па кога ќе си седниме слободни,
тогаш ќе му се изнамилуам".
И ете, место слободни дома, тие останаа слободни во дивата природа.
Колку да беше тивко времето, колку сонцето силно да печеше, овдека, во Суши
Кутол, жегата не можеше да ги испоти патниците од брзото одење на наугорништето.
А тие брзаа. Брзаа со широки чекори, понекаде дури и поттрчнуваа, задишени водејќи
се за раце, плашејќи се да не се изгубат, иако беше пладнина при ведро небо и јасно
сонце. Брзаа и трчаа да стигнат некаде уште послободни, уште посами, уште во
поскришен честар, каде ни господ одоѕгора не ќе може да ги види.
Тивкото бучење на боровата гора ги нервираше до некое време, но потоа им стана
едноставно, та дури и пријатно, како на воденичар траскањето на штракалата од
каменот, без кое траскање тој не може да заспие. Се водеа по тесното патче од Кучкин
Камен кон Суши Кутол и се грижеа да ги заборават сите непријатности што ги поднесоа
овие два три месеци, зафатени со таа општа работа. Толета најмногу го печеше
неуспехот во Витолиште, а не гледаше оправдани причини за него. „Да беа паднале баре
десетина - дваесет жртви, еден двајца од војводите, и кое како. Ами вака, срамно избегаа
ошче не ни започната борбата" - си мислеше тој и се јадосуваше оти не остана со
војводите да го знае кој е заправо од нив виновникот за ова предавство.
Одејќи и мислејќи така веќе ги наближија Маклата и седнаа во високата папра
крај студеното кладенче под сенката на високиот и разгранет бор.
Мише се оптегна по меката папра, размешана со гороцвет, од чии цветови идеше
опоен мирис, и ги фрли очите во гранките на борот, барајќи прозорче да достигне со
погледот до синото небо.
Се изнамилуваа до наситка, станаа, се измија на изворчето, поручаа и се напија
студена водица и се заколнаа еден без друг да не умират.
Си ги нарамија пушките и навртоа пак на бичкијата од Налевци на Уруп, да фатат
врска со Градевци. Толе претчувствуваше дека по нападот на Витолиште ќе тргнат
потери по него, та требаше да се позасолни некаде подалеку. А најзгодно му беше
Градешница каде имаше и свои лични пријатели како Гулета и Гуцето.
Ја воспостави врската, нарача во недела да дојде Гуцето со леб и тутун и уште кај
зајдисоице се вратија кај другарите на Сливина со добри известија: дека таму уште
немало излезени потери.
3.
Откако се тргна и Толе со своите другари од позицијата во гробиштата и се
разбегаа востаниците, јузбашијата и мудурот наредија да се блокира селото и сите
селани да се дотераат пред конакот. Но за нивно сожаление в село беа останале десетина
старци и коџабашијата Трајко. Терајудри, аскерот им ги дотера овие луѓе на мудурот
пред конакот и јузбашијата си го излеа својот гнев прв на нив, удирајќи им и тој по
десетина грбачи преку очи и плеќи, та во тој бес не го заштеди ни самиот коџабашија.
169
- Браќ, бе, брак, јузбаши ефенди - му се обрати стариот мудур на младото забитче
кога тоа почна да мава и на Трајко. - Е, коџабаши? Бидна овој работа, а? Како излезе? - почна Арслан да го праша
Трајка од кого пред тричетири дена подразбра и се спреми да го дочека нападот. - Е, море, бег, ете бидна една детинцка, аџамичка работа, токо деца како деца,
нека е жив царот, риџа идерум, прошчавајте, ви го расипаа раетот една ноќ, да му се
невиди, што можиме ние старите да му правиме? - Ахаха, детинска, аџамичка работа, а? Жими вера, ако не најдеа апан'с токму
машки ќе правеа, туку благодарение на јузбашијата и аскерот, та излезе детинска. А
сега, како велито вие: децата јадат сливите - на старите трпнеат забите. Ете, токму така
излезе. Децата прават - старите оддеваат. Де сега за пет декики да собериш селаните
сите овде пред конакот, да побараме тие деца и да пратиме на кајмакамот, да правит
малку тербиет тој, кога не можите вие старите да повелате вашите деци. Слушна? До
ручек време не доведе до еден селаните, ќе наредит Сефедин на аскерот да дадит оган
од долни крај на селото до горни крај, да изгорат и мачкитe и глувците. Ајде, пезевенци
низедни! Ќе туфкате ѕидот со глава.
А вие, бре, стари магариња, зашто не учите вашите деца да гледаат работата, ами
правите ајдути од нив? Гиди маскара, ѓиди, - им се обрна Арслан на старците и им удри
и тој по еден камшик преку очи, плукајќи секого в лице и псуејќи со најгнасни псовки.
Коџабашијата отиде на ритчето над село откаде стрелаше утринава Толе и почна
да вика кон блиската шума „Грбавец", не гледајќи никого, но знаејќи дека половината
селани се засолнати во растот, пештерите и во Николовите колиби: - Еј, селани бреееј, уоооо! Прибирајте се дома оти мудурот ќе го запале селото,
ееееееј!
Се заврте кон сите четири страни на светот и ги повтори истите зборови во
воздухот, се издиши длабоко и му олесни на душата, како на работник, кога успешно ја
свршил својата тешка работа. Ги обиде и сите селски улици, викајќи си повеќе за себе
отколку за селаните, и веќе тие што беа скриени во јамите, во племните и амбарите, во
кочините и разни други скривници, почнаа да излегуваат, прашајќи го што стана, како
стана и што мислат сега агите. - Шо мислат, ѓавол да и знае шо мислат, ама арно сигурно не мислат. Ако се
прибере народот сигурно ќе и бараат бунтовниците, а ако не се прибере - отиде селото, - им објаснуваше Трајко и ги кршеше прстите, молејќи секого да ги прибере своите
домашни што побргу.
Co група од пет шеесет луѓе и жени Трајко дојде кај ужина пред конакот и го
замоли својот стар пријател Арслана да му даде мувлет до утре и изим да распрати луѓе
по мегданот, да го прибере народот. Кој не ќе сака да се врате, ете му ги куќите, што
знае уќуматот пека прави. - Така нека бидит, бре коџабаши, така. Еве, мувлет мувлет. Ти велиш еден ден јас
го давам тебе два. Ама стана ноќески некој друг магарштилак, да знајш никаква риџа,
никаква прочка немат. Ќе обесам првен тебе овдеки, на сретсело, па после горам селото.
Ете, оди, праќај луѓе да собериш селаните. Тоа сакам јас. Да видам мојот раја пред
очите, после што ќе правам правам, моја работа.
170
Co тие зборови Трајко се раздели со Арслана и распрати гласници по сите колиби
да се прибере народот за да се спаси селото. И се прибраа. Што ќе прави голорак и
напуштен народ? Да остане и без покривач над глава? - Биле - умреле, да се вратите, барем сете да умираме ако е за умирање - им порача
Трајко на поповите, даскалот Бина, Младена Чкулот и други повидни селани. А и тие
сами видоа дека нема на што да се надеваат, та стиснаа раце и срце и се вратија, чекајќи
си ја својата горчлива судбина.
Се вратија, и како што му рече Арслан на Трајка, дека сака да ја види својата раја
со неговите очи, нареди на другиот ден цело село да се собере на сретсело: „Машко -
женско, старо - мало, до куче сакам да видам пред мене! - му се провикна Арслан на
Трајка. „Кој ќе останит дома, аскерот ќе заколит на прагот од куќата", - беше
последниот заканителен збор на јузбашијата којшто и на аскерите им ја пренесе оваа
наредба.
И се собраа. „Кај сила - нема правина" вели народната поговорка.
Се качија Арслан, јузбашијата, заптиите и коџабашијата Трајко со азите на
Влашкиот ан, а Расимчауш со петшеесет војници, со штиковите на пушките, ги загради
селаните на сретселото. Арслан се обрна прво кон коџабашијата и азите: - Е кој направи, чорбаџи, овој магаршчилак некни? - Аир ефендум, откај знаеме ние кој го направи, - во еден глас одговорија осумте
души одборници на чело со коџабашијата Трајка. - Аха! He знаете, а? Добро, добро! - Па се провикна кон собраните селани: - Абре ѓаури, ќе прашам сега нешто вас и ако не излажите мене ќе пуштам секој
дома. Ама ако не кажите, жими вера, сите ќе избесам тука на јаболкницата. - Селаните
занемеа, а Арслан продолжи: - Сакат царот да знаит, кој беа тие пезевенци некни што нападнаа уќуматот негов
и аскерот? Ајде бакалум. Нека излезат напред и нека кажат: „Ние бевме и тоа и тоа
сакаме". Жими вера, ништо не правам. Ќе јавам на царот што сакаат, па може и да дадит
ако ет за давање! Зашто вака со лошо да се барат?
Народот молчеше. Секој во себе се прашаше што сака Арслан со ова да направи,
иако сите знаеја што бара. - Аир ефендум, шо знајме ние калнокапците кој биле тиа пезевенци и шо барале? - се провикна од купот стариот поп Димитрија за сите. - Ние си а гледаме нашата работа,
орање, копање, жетва, вршење, што знајме шо прават и кој се батакчиите. - Аха, така папаз, така. Така те сакам, да не знаеш. Излези, попе, на страна, -
промрмори Арслан и му нареди на Рушидчауш да слезе со петина заптии да ги варди
тие што ќе ги оделува на страна.
Попот ја слушна Арслановата наредба, но место да излезе напред, се заврте назад
кон народот, бидејќи и така стоеше во првите редици, та ги поткрена рацете и очите кон
небото и почна да брбори некои молитви, a потоа им се обрна на селаните: - Селани, браќа, не оставајте ме сам да ме к'ваат орлите! - Народот се зби кон него,
а Рушид слезе и заптиите почнаа да го влечат попот. Народот го опколи.
171
- Или сете, или никого! - се слушна гласот од Стојана Мисирлијата, којшто толку
години оди фарија да ги брка комитите и со тоа не мала услуга му направи на Арслана,
а преку него и на самиот падишах. - Што слушнав, што слушнав? - се провикна од високиот чардак Арслан. - И ти, Мисирли, бунтовник? - А кон Рушида. - И него со попот на страна.
Заптиите, кои веќе го одвлечкаа стариот поп до ѕидот на анот му се спуштија на
Мисирлијата. Овој почна да се буни, ќе чинел давија на валијата, дури на царот, но еден
од заптиите го стегна за гуша и го турна пред попот, каде неколку души војници веќе
овега го врзуваа. - Уште некој да кажит нешто? Ајде, де? Камо јунаците сами да издезат машки?
Немат. Немат, ама вие велите немат, a јас велам имат. Имат и ќе најдам, жими вера, ќе
најдам. Еј сега, ќе слезам и ќе најдам.
И ги покани сите што беа на чардакот да слезат со него.
Кога слегоа му ги предаде на Рушида сите осум кази и коџабашијата. - Врзете и овие магариња како оние двајцата таму, да побарам јас уште некој.
И тргна кон народот со камшикот в раце, а јузбашијата по него со петина аскери.
Народот се стаписа назад и задните се допреа до Мисирлиовото кале, притиснати силно
од првите. Секој сакаше да биде поназад, но некој мораше да биде и напред. Арслан и
другите Турци направија една прошетка од едниот крај до другиот и ја измерија првата
редица старци, кои заштитувајќи ги своите млади синови ќерки и внуци ги изложуваа
своите голи рунтави градници и бели глави пред силникот. - Кој од вас овдеки комита, бре ердули? - намрштено се провикна Арслан и ги
измери домаќините на селото кај кои толкупати имаше правено визити и јадено
кокошки и алви. - Аир ефендум, ошче за кумити сме ние старите. He гледате, едната нога веќе ни
е во гробот, - му се испушти на стариот Главчета кој ги беше фатил 99те и и се надеваше
на стотата, која сигурно ќе ја фатеше ако не беше пријателот Арслан. - Е, чорбаџи Главче? Вие старите не, младите не. Ами кој нападна, бре ќерата,
некни? Ајде, кажуј да не кршам коските на староси.
Главче почна да се правда дека тој од дома не може да излезе, а камо ли кумитлак
да брка. Ги напсува сите тие што го направија и кревајќи ја раката до челото во знак на
поздрав и молба, направи двапати поздрав „да ти се ногу години, да ти се ногу години,
бег, ти и господ. Ние твои луѓе сме, царцки луѓе, да не чиниш кабул да пострадаме".
Co тоа му даде да разбере на бегот дека ќе му даде десет лири да не го задева него
и неговите домашни. Но тоа Арслана уште повеќе го раздразни и почна да се дере на
него и да мава со камшикот. - He требит мене твојот ногу години, анасеци... ана. Кажуј кои сет лошите луѓе
или и тебе ќе обесам како оние магариња таму. - Аир ефендум, кај и знам јас лошите луѓе, - пак почна Главче да се правда. Но
Арслан му го предаде и него на Рушидчауш и овој го затера кај поп Димитрија и другите
одделени селани, кои веќе беа изврзани со ортоми, та и Главчета го спетлаа заптиите.
172
Потоа Арслан си направи пат со камшикот и влезе во средето на народот. Се
заврте лево и десно, го погледна вџашениот и нем народ и очите уште толку му
закрвавеа. Ги виде сите свои робови и робинки пред себе; ги виде и убавите и млади
невести Доста и Дунава Макреви, ја виде и бела Бојана Жиовката, па погледот му падна
и на Доста Рожденката, околу која толку години се вртка, но сега кај него немаше ни
зрнце милосрдие, ни зрнце мерак, ни зрнце човештилак. Тој сега стоеше на високо и
под себе гледаше непокорна раја шо се дигнала да го брка неговиот падишах, а преку
него и самиот алах, та затоа сите му беа мрски и недостојни за неговото внимание. Така
гледајќи ги, крвнички, тој бараше само едно: да ги најде вистинските бунтовници, иако
сега сите му се гледаа кумити и бунтовници, та во својата врела глава си ги
претставуваше и децата од две години како пораснале и станале кумити. - Се под нож, море, ова да се кладе! Семе да не остане од овој писмилет! - му се
испушти од грлото, а брадата и косата му се наежија и засугравија од гнев. Но не ја
издаде таа наредба на јузбашијата и Рушида, ами замава со камшикот надесно за да му
направат пат. Народот се стаписа и тој тргна низ шпалирот, не престанувајќи да мава и
молчи.
Пред едно красно дваесетгодишно момче се запре, како да удри на тоа што
бараше. - Ах, тебе барам бе ќопек. Тука ли криеш ти од мене? - го грабна за затилокот од
кошулата и му го предаде на Рушида без да му проговори ни збор.
Спискаа еден старец и една старица и паднаа пред нозете на Арслана, но тој ги
клоцна во ребрата и ги пречекори, та одбра уште десетина како овега и му ги предаде
на заптиите, кои ги одведоа кај поп Димитрија и другите.
Најпосле го догледа и даскалот Бина, стиснат до Ташковиот ѕид и како да се
поразведри, му се приближи. - Е, драскал ефенди! Ќе правиш кумпанија на попот и коџабашијата или ќе ги
оставиш сами?
Даскалот замрзна и почна на турски да се моли да не го срами пред толку свет да
го врзува. - А ти мене сакаш да туркаш од конакот, да седниш ти на мојот место. Мислиш
јас не знам што есап правиш. Ќе падиме Арсланбеј, ќе седнам јас на мудурскиот
столица. Ела, бе, синко, ела. Седни ако држит тебе петлето. Но сега првен кажи кои сет
твојот ортаци, па кога ќе туркаш мене иди слободно. Ама знај оти... - Аир беј, какви мои ортаци. Јас не знам ништо од оваа работа. Што е овој зулум
од тебе денеска? - Почна и Бино да се правда како тие пред него. - He знајш, a? А деците учиш да пеат: „арш марш - Македонија наш". He даит
царот лесно Македонија а синко, не! - Водите и овој ќопек кај оној магаре попот, - нареди Арслан, а Рушид уште оттука
замава на наијнтимниот свој пријател, даскалот Бина, со кого немаше ден да не игра
папаски кај Балето, Чкулот или Колобана на ан. - Брак, бре Рушид чауш! Дотука ли беше нашето пријателство? - почна да го моли
Бино Рушида.
173
- Нема драскале, нема. Нема пријателство кога сакаш ти да вјавнеш мене. Секој
вардит својот грб. И јас вардам мојот - и го затера и него кај сите.
Арслан се врати по истиот пат на сретселото и им се обрна за последен пат и на
селаните и на врзаните: - Е, што велите вие сега? Ќе предадите мене лошите луѓе или сам да одредам кој
сет. Жими вера, кажете кој сет, донесете мене нив овдека, бркајте вие работата. Инаку
сите под нож ќе клавам.
Никој глас не пушти. Тоа уште повеќе го налути стариот беј и го повтори своето
прашање, и го потрети. - Тогаш сите вие кумити, нема што. Штом не кажувате кои сет, значи сите сте
такви! - се развика бесно и му се обрна на јузбашијата. - Еден тестир на сите овдека. Ќотек до смрт да паднит! И никој да не мрднит од
обрачот надвор. Кој ќе обидит да кинит обрачот - на штикот! А овие магариња да се
обесат тука на јаболкницата со надолу глава дури да кажат. He кажаа ли, сатарот. Да
сотриме еднаш овој кучкин семе, да не дачкат нас повеќе. - Евет, мудур беј, - одговори наежен јузбашијата и нареди уште сто души аскер
да дојде за да ја зајакне одбраната, ако се обиде народот на сила да ја кине блокадата.
На јаболкницата пред самиот влашки ан веќе наврзаа ортоми. Им се видоа малку
гранките од ова пустиња, наврзаа ортоми и на гредите од самиот ан. Ги најдоа и
касапските ченгили на кои Колобан ги обесуваше закланите мрши за да го покажува
убавото телешко и јагнешко месо и првин му го навреа едниот ченгил на поп Димитрија
за жилата над петици и го оставија да виси со надолу глава обесен за едната нога;
другиот му го закачија на Мисирлијата. - Еве, Мисирли, што помага ти толку години на падишахот; не бесиме тебе со
удолу глава - и му ги закачија војниците обете куки од ченгилот на двете раце на жилата
во киската. Остана да виси и пишти, но само со тоа „олеснение" - со нагоре глава. - Убав работа излезе овој со ченгилите, - му се испушти од грлото на Арслана, но
бидејќи Канабаш имаше само два, тоа му удри во умот да ги собере и кантарите од сите
четири аништа и така натокми и за коџабашијата, и за даскалот, и за сите аази.
Кого за врат, кого за ребро, кого за бутови, им ги накачија ченгилите во месата на
сите врзани, а младите ги потиснаа да ги бијат. - Аман ага, аман пашум, аман татче, - пиштеа обесените, клоцаа мавтаа со рацете
на кои им беа слободни, псуеја најпосле: живи, мртви, вера закон но ниту молбите
помогнаа, ниту псовките и заканувањата ги заплашија инквизиторите. - Кажете бре, ќопеци, кажете кои сет лошите луѓе, сега ќе сгмнам, - беше
единствениот одговор на Арслана и јузбашијата.
А кој кого да каже кога речиси сите беа! Најпосле Турците не се задоволија со
овие мачења. - Оган да се навали на сретсело, оган! - се провикна на турски јузбашијата.
За неполн саат на сретвселото гореше оган десетвпати поголем од коледарски.
174
- Курешници под носот, запалени курешници на обесените, жар на градите на
овие што лежат - си ја даде најжестоката наредба Арслан.
Се задими целото сретсело и засмрде на курешници, што им ги ставија под
главите на обесените, а тие што беа испружени и стенкаа со искршени коски од бој,
почнаа одново да пиштат. Аскери со кации им тураа на градите жар и ги држеа по тројца
да не го отстранат од градите.
Народот спиште при овие глетки. Некои мајки чии синови беа пребиени и на
животи се печеа, изгубија свест и се растрчаа да им помогнат на своите чеда, но се
натакнуваа на голите штикови и се враќаа со раскрвавени раце, нозе и гради.
Се скинаа жилите од Мисирлиовите раце и тој падна онесвестен врз лопатата жар
и курешниците, чија смрдеа му го размати мозокот и изгуби свест.
Самиот мудур ја извади острата своја кама и му ги насече жилите и на поп
Димитрија, кој одамна беше изгубил свест. Падна и неговиот труп врз лопатата со жар
и курешници. По него ги пресече ортомите и на другите обесени и овие се истегнаа
наземи.' - Вода момчиња! - извика на турски мудурот.
Ги потурија сите со по една кофа вода и некои почнаа да покажуваат знаци на
живот, а дедот Главче и едно од децата не се освестија. Ги испрати Арслан во рајот да
ги поздрават оние стари мариовски бунтовници од Пешта коишто вака за „крст чесен и
слобода златна" ги жртвуваа своите животи. - Е ,ќе кажите, или да сечиме главите! - им пристапија мудурот и јузбашијата на
освестените. - Сечите, дерите, горите беј. Ние шо имаше да кажиме веќе кажаме, - за сите
одговори Мисирлијата... - Ако има господ и правина се ќе излезе на бело видело, само
спомените лоши ќе останат довек. - Ајде, Мисирли, ајде. Сега овдека јас господ, јас богородица. Кога ќе дојдит
твојот господ ти ќе бесиш мене вака - му одговори Арслан потсмешливо и си ја даде и
втората наредба. - На сите овдеки добар ќутек и да си одат по куќите, - па се обрна кон затресениот
народ.
Сега ќе пуштам да одите дома, ама да не лажит умот некој ноќески да бегат од
дома, оти, ете, аскерот сардисал селото. Кого ќе видит да мрднит ќе отепат наместо како
куче.
Во тоа време јузбашијата им ја пренесе на аскерот наредбата за ќотекот и овој ги
грабна пушките за цевки и се втури во купчето народ, та почна немилосрдно да мава
каде што ќе му се згодеше. Co плач и пискотници се разбегаа жени, деца, луѓе и на
сретселото останаа само тепаните. - Затворете овие магариња во авурот од конакот мој и добро вардете ноќеска! - си
ја издаде Арслан наредбата и се прибра во конакот да ги успокои своите напрегнати
нерви.
Претепаните ги одвлечка аскерот во авурот. Пискаа, стенкаа, се советуваа што да
прават живот да спасат барем тие што ќе останат по ќотеков денешен и решија да му
175
понудат на бегот поголема сума пари да га остави барем живи, та маките ќе ги тргаат
што ќе ги тргаат, алипни до живживоти.
Па како да се пренесе оваа мисла и на Арслана. И тој цела ноќ мисли што да прави
утре со затворниците и застана на тоа:
„Да земам некоја пара повеќе, та иако дојдит за бегање, барем да не одам со гола
рака во Стамбул", - си заклучи и го викна утрото рано јузбашијата да се договорат колку
пари да земат и како да ја изведат таа работа. - Ако не дадат, жими вера, пак ќе врзиме ортомите каде вчера и вистински ќе
обесиме, - го прифати предлогот и јузбашијата, кој му се виде некако несправедлив;
бегот да земе триста а тој двесте лири, но од друга страна и редот си е таков. Бегот е
претставител на султанот, та ќе треба и тука да се знае кој е погоре, кој подолу. - Значит, петстотини ако дадат ќе оставиме да носат главите до кајмакамот, ако
не нека одат кај Петре нивни, - беше последниот збор на бегот. - Иди, доведи тој магаре коџабашијата да видиме што ќе речит на овој лав. Само
ти ќе правиш намуртен суратот, како да не кандисуваш, оти којзнае дали пак тој ќе
кандисат на толкав сума, како баеги пари сет. - Евет, евет, мудур беј, - потврди младиот Сефедин и отиде да го изведе Трајка.
Водејќи го лично Сефедин под мишка, Трајко одвај се качи по скалите и влезе кај
Арслана. Овој го погледна крвнички и ни знак на познанство, та остави пријателство,
не покажа. Уште од врата почна на високо: - Е, коџабаши, како, како? Како помина
ноќески, а? Болат коските зар не? - Е, море, болат, беј, како да не болат од толку ќотек, - почна да се превива
претепаниот коџабашија. - Ништо, ништо. Ќе проштаваш. Ете, пак пријател тебе Арсланбеј. He даде да
обесат сосема. Туку, што мислиш сега ти? Ќе кажиш арамбашите од вашиот село или
да врзувам ортомите на јаболкницата, вистински да обесам. Жими вера, ќе обесам
половината село. Од дваесет години нагоре машко не ќе претнит ако не кажите кој беше
некни на ѓурунтијата. - А бре, Арслане, а бре беј, а бре мудур ефенди. Силата ти е во раката. Шо сакаш
можиш да направиш. Токо, шо ќе добиеш ти од тоа шо ќе и избесиш и криви и прави.
Најистина, еве и сега да ти кажа како и некни пред ѓурунтијата шо ти поткажа, оти има
во ниј и криви. Има и шо беа, ама ногу ќе земеш и на душа, ич абер шо немаат. Но ти,
ти шо ќе добиеш од тоа шо ќе не избесиш. Од еден греј на душата шо ќе си кладиш
нишчо друго. Криви прави, сете се прави. Ако не отидеа тиа тамо, ќе и заколеа
кумитите. Отидоа, еве ќе и обесиш ти овде. Шо е крива раја, бре мудур ефенди, шо
паднала меѓу два огна? Ами јас би рекол нешчо друго да направиме ние ако сакаш да
ме послушаш, - и тука Трајко се опули со Сефедина, прашајќи го со веѓите стариот свој
пријател Арслана дали да зборува отворено пред него. - Кажи, кажи. Кажи слободно, Трајко. Сефедин мој човек, наш човек. Ако чинит
да направиме.
Мислите им се сретнаа и Арслан се поразведри.
176
- Седни де, ај седни, седни, па кажуј, да слушнеме што мислиш. Ако кажиш кои
се тие пезевенци, нека платат тие со главата свој, зошто да одит твојот глава за туѓ
олеле. Седни, земи, запали еден цигара. Па иако бесам тебе денески, пријателски ќе
бесам јас, - удри и на шега Арслан. - А бре ќешки ти да ме бесиш, токо јас би рекол никој никого да не беси. Било шо
било - на попот се збило, шо велиме каурите. Вие се поисплашите малку, ние го окркаме
копанот и тоа затоа да ни биде на двете страни. Да не се бркаме, да не се бесиме, да
поминиме ошче некоа и друга година, па после бумбар патласан, ако сака с'нце нека не
грее кога ќе и затвориме ние очите. - Како „било што било?" He разбирам jac тебе! Да простам за овој магарштилак?
Може сакаш да правиш ти мене будала, а? Види, види кого нашол Трајко да маслосуват? - He бре, бег, не. Никаков будала, никакво маслосуање. Ами јас ти реку и пак ти
вела: шо ќе добиеш ти ако не избесиш нас и цело село, како шо велиш? Ами... да
направиме некако како чини и за вас, ама и за селото... Да му земеме, море, некоа пара
повеќе. Нека го платат најпосле страот шо го пребрате таа ноќ со ефендиата овде и да
поминат со послескум. Шо велете вие на вој збор? - се искажа Трајко и тргна од
цигарата. - Ха ха ха! - се насмеаја обајцата отоманци задоволни од Трајковиот предлог. - Ами кога ќе разберит кајмакамот и валијата, што велиш ти, не ќе обесит нас со
Сефедина? - Ех, ќе ве обеси! Шо има да ве беси? Лесно ќе се оправдате вие. Ќе кажите:
нападна Толе Паша со неговите арамии, нападнаа комитите од Петре Ацев. Зар
кајмакамот и валиата не знаат оти такви има. Ќе се држите вие за нас - ние за вас. Ние
ќе речиме оти тиа пезевенци беа. Народот - рајата си а гледа работата и бити вајда. Ќе
се сврши сета работа. Зати и така беше. И тиа сиромаси шо тргнаа по некој со ниј, со
сила Толе и собра, неоти некој сакаше да влегуа во оган. Па неоти и некој ќедер голем
сториа! Еден аскер падна, бог да го прости, царот има илјадници такви; токо речи колку
пари да собериме и дај башлама на народот да си оде по работата, да не проникне
седбата, да гладуа на зимо. - Убаво потковуваш нас, коџабаши, убаво; да дадиме нашите глави за вашите, а? - пробрбори Сефедин колку да не разбере Трајко дека ги погоди на мислата. - А бре, убаво лошо, јас го реку, ефенди. Од една умирачка повеќе нема. Па сега,
ако е за моата глава, еве а, стопанкаи. Кај со неа и без неа. Токо, ми се чини оти со
нишчо не су а заслужил таа смрт, што ми а ружате, та на тој век и јас ќе ви се кача на
грбот со моите греови. - А бре, Трајко, а бре стар пријател. Овој резилак што направија тие пезевенци со
никакви пари не се плаќат. Туку лели не се прави голем ќедер, а како што велиш и сам,
дека народот - рајата не толку крив најпосле да направиме некако ако фаќат умот тебе.
Велиш да платит нешто селото. Аџаба ќе кандисат селото да платит? - Само речи, беј, речи колку, та потаму моа работа. Ќе плати, шо ќе прави? Ела
зло, без тебе полошо, вели нашата поговорка. Бели пари за црни дни... Па кој неќе да
плате, ене му го кајмакамот, ене му го валијата, нека оде, нека се разбира со ниј.
Арслан го погледна Сефедина, небарем ќе го праша што мисли тој по оваа работа.
177
- He сулејсен сен, бе Сефедин? ), - но како што знаеме од понапрешниот нивни
разговор Сефедин беше согласен. Сега требаше тој да се тегави за да извлечат што
повеќе пари. - А бре, мудур ефенди, овој работа можел ли со пари да се плати? Колку пари
чинит животот на аскерот мој што падна? Јас, жими вера, не продавам мојот аскери за
пари. Тие служат падишахот наш не за пари, ами за чест, ама нивниот глави скапи сет.
Ако најпосле ти наоѓаш за згодно да платат неговиот глава, тогаш јас сакам за неа барем
петстотини лири. Де бакалум. Ако зеде рајата главата и сака да платит - нека платит.
Трајко ја разбра работата и подрипна од столот кога ја слушна сумата.
Петстотини лири беа многу пари. Тоа Трајко добро го знаеше уште кога најдобар
вол и коњ се продаваа по две три лири, но од друга страна се ослободи дека со пари ќе
ја спаси и својата и главите на сите затворени селани, та затоа стана од столот и му се
приближи на Арслана како на свој стар пријател што и овој за таков му се претстави,
барем со збор. - Шо велиш ти, мудур ефенди? He рече ли многу ефендиата? Сега оти се направи
еден ќедер на асќерот, се направи тој е намегдан. Токо, јас вела да го плате селото како
шо се плаќа секоа глава шеесет па еве и сто нека го плате; земете и вие за страот и шо
ви го расипаа раетот една ноќ, по стотина, та се на се да собереме триста лири, ми се
чине не се малку пари. - Бак, бак, бак! - избувна Сефедин со сета своја жестина. - Зарем магаре пазариш,
бе коџабаши? Јас реков, кога веќе загина човекот и сакат селото да оперит крвта со пари,
тогаш друг лав не остават од оној што реков јас. Ако не, оди со здравје. Сега знам дека
во сиот овој работа замешан сите каури од овој село. И ако дојдит работата да запалам
селото, ќе запалам, жими вера, со ќеф, од се срце, без да мачит мене некој мисла, ниту
на грев да помислам. Нека горит овој бунтовен милет, да се знает кој наш душман, а кој
пријател.
При овие зборови крвнички го погледна Трајка и нервозно почна да трга од
запалената цигара.
Трајко го осети гневот, но ја осети и спремноста на обајцата да земат петстотини
лири за да ја прекинат инквизицијата, та пак куражно одговори:
А бре ефенди, така си е. Си имаш право во нешчо. Аскерот падна, ама јас пак на
тоа си стоа. He се криви рајата, бре ефенди! Кај сила нема правина, бре аман! Ако не
кинисале, сиромаси, немаше ли Толе Паша на место да и истепа како кучиња? Ќе и
истепаше како нишчо! Тогаш да не го правиме ѓаволот толку црн колку шо не е.
Примите и вие една риџа од еден стар ваш пријател - и му се обрна пак на Арслана: - Шо велиш ти, мудуобеј?
Сега и Арслан се намршти како Сефедина. - Јас ништо не реков и не велам по овој работа. Ти сам поткрена овој муабет и,
ете, јузбашијата кажа тебе што имаше за кажување. Фаќат умот, ете - така нека бидит.
Сефедин рече: петстотини лири собери, донеси, не кршам нему лафот. Ем да не речеш
оти тие пари ќе земеме ние со него. Ќе праќаме, жими вера, на бимбашијата во Битола,
па тој потаму што сакат нека правит.
178
Ние со Сефедина ќе браниме селото колку што можиме, ама и вие да браните нас.
Ете, да правам еден добро и тебе и на селото. Оттука понатаму пак да живејме како
досега. Ама, бесата бес. Да не дојди утре да нападниш нас оти опљачкавме селото.
Санким некој ќе веруват тебе, ама јас сакам да не станит муабет никаде оти се дале
пари, оти ако разберат кајмакамот и валијата што ќе речат: „Ааа, значит фаќал самарот
овие пезевенци, та што дале толку пари! Значит тие криви по овој работа". И со тоа ќе
издадите сами себе, та нам никој ништо нема да речит. Зедовме парите - дадовме на
бимбашијата да пратит на мајка му на отепаниот аскер. Ете затоа ваше треба да бидит
„ѓормедум" по овој работа.
На Трајка му стана јасно дека сакаат да лапнат петстотини лири и никој да не
разбере од поголемите, та оти на мајка му на убиениот војник нема ни една да и дадат,
тоа веќе знаеше и однапред. Се позамисли малку, се позатрлка, небарем триста болви
го нападнаа, ама кога си ги припомни вчерашните маки, парите му се видоа ѓубре, та со
светнато лице му ја подаде раката на Арслана, небарем ја постигна цената која требаше
да се даде за купениот предмет или стока: - Аирлиа нека е муабетот тогаш, мудурбеј! Еве, јас ќе ода кај луѓето и веруам оти
ќе кандисаат. Само, ви се мола на обајцата, да си го држите зборот. Бесата бес, шо велаат
Арнаутите. Шо да дојде, откаде да дојде, да се држиме рака за рака, шо се вели. Ние за
вас, ама и вие за нас... Главно е, море, да не дадиме да се расипат луѓе, та сермиата,
стопанка и, луѓето а печалат!
И мудурот и јузбашијата му ја стегнаа цврсто раката на Трајка и пак Сефедин го
испрати и го втера во авурот кај затворените селани, клоцнувајќи го на вратата, за да
им даде да разберат дека гневот уште не му е ублажен и дека ке треба да го ублажуваат
со петстотини лири.
Трајко влезе во темниот авур, а Сефедин ја затвори вратата и застана пред неа да
наслушува што ќе разговара Трајко со затворениците.
Трајко во кратко им исприкажа што направи на конакот и колку пари бараат за да
им бидат спасени главите. - Пари, браќа, пари. Само пари да му пикнеме во очите, инаку не зеа ветришчата.
Ќe и дадиме главите на чавките. - А бре, за пари нека биде работата, дробовите да му се попарат, токо да не ни и
земат и парите и пак да не погубат, - беше одговорот од сите затворници. - Е, море, ѓавол да и знае, ама обата дадоа вера и клетва дека нема да ни
напакостат, та дури и да не бранат ако дојде некоа поголема сила. Главно е, море, сега
да и довардиме лејките, та потамо белки ќе поолабави, стопана му - се искажа Трајко и
уште тука во авурот седна со азите да ги расфрла петте стотини лири на двесте куќи
село. - Ами некој ако не даде? Ако нема или неќе да даде? - му се испушти на Стојо
Сукала кој за прв и последен пат беше селски човеказа. - Е, море, кој рече „неќу" или „не давам", сам нека си го носи греот. Ќе му го
доведеме на мудурот, шо знае нека му праве - му одговори Лесната и тропна на вратата
за да му отвори стражарот. My рече дека има работа кај мудурот и овој го одведе. - Е, што велат коџабаши? - го пресретна Арслан со љубопитство.
179
- Шо има да велат: Бели пари за црни дни. Токо пушчи не да и собериме, ако
можиме, и за колку време мувлет да му дадеме. - Мувлетот тој. Еве, денески денот прекрши. Да речам довечера, сигурно ќе речиш
малку. Ами до утре до ручек - носиш парите - кревам аскерот, не носиш - се знае. Огнот
од долно до горно маало. Кучемаче, дете коте, што имат во него нека горит, барем да
знам оти су чистил еднаш за секогаш овој село. Ќе донесам Анадолци овдеки, барем да
знам оти нема да галатат алахот. Ајде, оди со ум работи. Да не лажит ѓаволот некој да
обидит да бегат, оти ќе оставит главата на крајот на селото. Аскерот нема ни да прашат
кај одит. Ќe пукат на секого кој сакат да излезит - беа последните зборови на Арслана,
а Трајко си излезе заедно со заптијата
Ибраима, на кого мудурот му нареди да ги пушти затворниците од авурот.
Ибраим ја пренесе мудуровата наредба на стражата и претепаните селани се
разотидоа по своите домови. Се наложија преку ноќ со толчени коприви, кромид и сол
и утрото, уште рано, аазите заредија од куќа - на куќа, да ги собираат парите.
Сиромасите кршија прсти каде да најдат по лира, но работата беше сериозна, та ниеден
чорбаџија не врати никого да не му позајми, оти знаеше, ако не му даде на заем, ќе треба
сам да ја плаќа оваа лира да не го дочека најлошото за својата куќа и семејството.
Младен Чкулот, иако претепан, направи добра трговија. Купи пошто зошто од разни
сиромаси разна стока: овци, волови, крави, прасиња, телиња -само да им „услужи" да
ги сместат парите. На Ристето Куков, му го зеде детето за момоче до Ѓурѓовден за лира
и половина; од Дана Дрманче - една бочва од 1200 оки; Пуцето го пазари за вршење и
орање; така сите ги сместија расфрланите пари и коџабашијата точно на ручек му ги
донесе на Арслана.
Кога ја одврза црната шамија и светнаа златните лири, Арслан задоволно ги
протрлка дланките од своите меки раце и го опомена Трајка да не ги брои: - Брак, коџабаши, брак! Остави, верувам јас тебе како стар пријател, - му рече
Арслан и го праша: - Колку сет твои од овие петстотини? - Е, море бег, пет даду и јас. He можа да се дела од село и селани - одговори со
натажен глас Трајко.
Арслан одброи пет лири настрана и му ги покажа со очите. * - Земи, Трајко, твојот пари и чини алав заметот што'собра овој другите, - па
одброја уште пет и му ги подаде со рака: - На, земи овие пет лири аирпараси, врати по половина черек на селаните да не се
правит некој ќедер на стоката.
И Арслан како и сите селани беше суеверен. Ако се земе нешто несправедливо
или ако се украде може штетата да се прошири и на другата стока и да се запусти сосема
домаќинот. А во овој случај во прашање беше едно царско село од кое царот секоја
година прибираше барем по илјада вакви златници, та Арслан не сакаше тој да биде
причина да се запусти овој богат извор на приходи за царската каса за некакви си пет
лири пари. „Кај со нив и без нив", си рече тој и навистина, со алав му ги врати на Трајка.
180
Трајко ги прибра десетте лири, и излезе, а Арслан нарача по Ибраима да го викне
Јузбашијата. Овој дојде и си ги прибра своите двесте оставајќи му на Арслана двесте и
деведесет. - Сега ќе даваме башлама, ама аскерот нека го варди селото. Наутро ќе излегуваат
селаните, на вечер до еден да се прибират дома. И леб - колку за денеска - се согласија
двајцата управници и така им наредија на стражите околу селото, кое и понатаму остана
блокирано.
Го викнаа пак Трајка и му ја предадоа и нему оваа наредба. - Е, море, така, така. Како сте нашле вие за мунасип, така нека биде, - одговори
Трајко и си помисли во себе „море лели и спасиме главите, другото сето налет нека
биде! Дошло, ќе се трга. Малку од малку огнот позагасна".
Селаните се поиздишија кога Трајко им соопшти дека се слободни, но да гледаат
позарана да си идат в село оти падна ли мракот - аскерот ќе стрела на секого било да
влегува, било да излегува од село.
Претепаните останаа по дома да се ложат со коприви, кромид и сол, се облекуваа
во пресни кожи; Мисирлијата и поп Димитрија ги лекуваа со сало и катран раните на
рацете, и нозете, но жилите не можеа да ги врзат, та обајцата останаа сакати, првиот од
рацете, попот од десната нога. Но главно главите ги спасија.
4.
За сето останато мудурот уште на вториот ден испрати по еден од заптиите,
преслечен во селски алишта, извештај до кајмакамот во Прилеп, но петте стотини
жолтици го ублажија неговиот гнев, та сета оваа кривица ја префрли главно на стариот
свој душман Толе Паша и на комитите од Организацијата, за која тој имаше точни
податоци.
Си достоја на клетвата и бесата, та во писмото, не само што не ги нападна
селаните, ами навистина ги бранеше.
„Рајата од мојот мудурлук со ништо во овој маскарлак не се провини. Иако
понекој имаше да им го каже патот, тие со сила беа земени од тој ајдутин Толета и без
оружје одеа, та при првите пушки од аскерот се разбегаа и никаков кедер не направија"
стоеше во долгиот мудуров и јузбашиев извештај.
Јузбашијата дури и не бараше зајакнување.
„Доста се двестете мои мамзери за илјада нивни малихери" со гордост му
пишуваше Сефедин на својот бимбашија во Прилеп.
Но не излезе така работата. Дури Тренков и другите организациони дејци, по
страшните порази, се откажаа од борбата и од нападнувачка поминаа кон одбранбена
борба, Толе си остана верен на својата клетва, дадена уште при напуштањето на
кошарката од татка му Трајка во Крушевица, дека ќе се бори и ќе коле, тепа Турци
изедници, а и нивни помагачи од која било вера.
И навистина, ете и сега, по големиот пораз, Толе пак зашета по Мариово како што
шеташе и порано - слободен во своите густи борови гори, па и по своите мариовски
села. Се раскара со Бешот и другите организациони луѓе, го протепа во Градешница и
181
самиот селски војвода Гулета, ги тевтиши Старавинци, Вешивци, Грунивци што избегаа
од Витолиште и ја почна пак арамиската. - Само ако слушна оти сте им дале еден залак леб на ниа коркаровци, сете ќе ве
избеса на сретсело! - викаше еден ден Толе во Градешница, покажувајќи и на дело дека
ќе биде немилосрден спрема секого како што е сега немилосрден спрема самиот селски
војвода Митре Гулета, на кого пред сите селани му удри дваесет и пет стапови по
дебелото месо. - Ај, орман да вати па сега вој! Малку Турците не глодаа и ќе не глодаат, сега па
и од него беља, - се жалеа селаните по селата каде зашета Толе слободно, бидејќи
аскерот и заптиите од Витолиште не се решаваа да излезат веднаш по нападот.
Вака, слободен од аскерот, слободен и од Организацијата, со право се наречуваше
паша на Мариово. - Јас су ви паша, јас су ви валија, јас су ви султан. Од мене друг нема да признавате
од денеска натаму - ги повторуваше Толе во секое село овие зборови и бараше да го
почитуваат и се однесуваат спрема него како спрема вистински владетел. И со големи
почести го пречекуваа, а уште со поголеми го испраќаа сиромаси селаните. Кокошки,
јагниња, прасиња, алви за ручек и вечера, зоб за коњот, се се носеше по конаците каде
Толе кондисуваше в село, секогаш: тој, Мише Ќосото и белиот коњ во една куќа, а
другите седум другари во друга.
Распрашуваше во секое село каде фатија војводите и го следеше нивното
движење, a исто така секој ден праќаше по еден селанец во Витолиште да разбере што
прават, што мислат Арслан и јузбашијата, нема ли да кренат потери по него. Разбра се
што стана во дните по нападот, но не го сожали Мисирлијата, попот, даскалот и другите. - Арно му направиле кога се баби! Да ми се живи! Mope, кога не и оставиле да
висат на јаб'кницата арам да му е верата турцка! - дури им се изнарадува Толе на
постраданите витоливци.
Но и Арслан со Сефедина не седеше баш така без работа. Од истите оние селани
што ги праќаше Толе да разберат што прави тој, тој разбираше што прави Толе во
другите осумнаесет села од неговиот мудурлук. Се разбира, и на едниот и на другиот
им служеше нашиот коџабашија Трајко за да ја додржи и тој клетвата дека ќе го помага
Арслана, не откажувајќи се да го помага и Толета. И еден ден кога веќе Толе толку се
осмели, та дури и му порачаа на Арслана да му го остави и Витолиште како што му ги
остави сите други села, Арслан се навреди и реши да испрати една потера со Расимчауш
на чело, барем да го подзбрка Толета ако веќе куршум не го фаќа да го отепа.
Од друга страна го заскокоткаа Арслана и Сефедина оние петстотини лири што
ги зедоа од витоливци, та добро им дојде Толе да можат да ги уценат и другите села
како Витолиште.
Тргна Расимчауш право за најблиското селце Мелница. Стигна по мракот и го
блокира селцето, та ноќта ги претепа селаните сите со ред што дигнале рака на царот и
ги прибра и тој, како Арслана и Сефедина, оние десетина петнаесет лири црквени пари
што ги чуваше чорбаџијата Малче. Се знае, мало селце од петнаесет куќи толку може
да плати. Па и грабачот Расим не беше ни мудур, ни јузбашија. На чаушот на педесет
војници, доста му се петнаесет лири.
182
Толе таа ноќ спиеше со Ќосото баш кај тетка му на овега во Полчишта и нареди
никој да не го беспокои ноќеска, па макар јузбашијата со сиот аскер да го сардиса: - Утре на видело ќе се расправам, кој сака нека иде! - беше последната негова
наредба пред спиење.
И навистина така стана. Уште по полноќ дотрча еден од мелничани и стори абер
дека аскерот излегол и се наоѓа во нивното селце, но никој не смееше да го разбуди
Толета дури не пукна зората.
Толе стана пред зора и го побара Бешот и другарите, а овој на брзина му ја кажа
новината и му го доведе мелничанецот да слушне лично од него. - He истепаа ноќеска Турците, господин војводо, - му се поплака момчето и му ги
покажа сињилата по образите и вратот од Расимовиот камшик. - Ќe ве истепаат, зар ќе ви постелат! - му се овргали Толе и на овега, гледајќи во
секој селанец плашливец и роб. - Каде ќе оди аскерот од Мелница? - праша Толе. - Ами, којзнае! Ама, речиси, наваки треба да се ружа. - Аха, - си пробрбори Толе и го прати Ќосото да ги собере другарите од конаците,
што беа по двајца распоредени. - Дури тие нас да не бараат, дајте ние ниј да и пречекаме по Мечи Дол, - им
заповеда Толе и го јавна својот бел коњ, та бодна долу низ село.
Уште сонцето не искочи од ридот, Толе со дружината ги фати карпите во Мечи
Дол и го опседна тесното патче. Фатија метеризи зад карпите, а Ќосото, како секогаш и
секаде, застана зад Толета да го држи коњот. Во случај на неуспех и опасност Толе го
клаваше Ќосото зад себе на коњот и така успеваше да излезе од обрачот на потерите. - Прво моата ќе пука, после вашите, - им рече како секогаш и се заплати зад
карпата.
Нервозно го преседоа Толевци тоа претпладне во жешките карпи, но дојде и
чеканиот час.
Расимчауш се напоруча, и сега како сношти, пржени кокошки, мазници, алви и
тргна со аскерот за Полчишта. Тргна и запеа:
He седи, Џемо, слободен, ајде,
Под таа круша горница, Џемо,
Крај таа река Ситница,
На таа нива орница.
Каури глава креноле, Џемко,
Сете мартинки купиле. - Ха ха ха! - се насмеа високо Расим кога го испеа стихот: „сете мартинки купиле",
па како за себе гласно проговорид го слушнат и тројцата онбашии што одеа по него. - Помина модата на мартинките, море ѓаури, помина. Аламанија наоружа нас со
манѕерки, плукам јас на тие ваши мартинки. Само елате пред манѕерките, та ќе видиме
кој појунак. - и го продолжи следниот стих.
183
- Дегиди, мајке Дебранке, ајде, Каурска пушка не пукат, мајке, Каурска пушка не
дупит, Каурска сабја не сечит.
Во тој момент Толе рикна од карпата: - Слушај, аго, дали пука и варди дали дупи - и тргна за ногата од манлихерата.
Оваа пукна и Расим падна наместо погоден баш во средината на голиот градник.
По него отворија залп и другите Толеви четници, та дури и Ќосото не можеше да
се воздржи. И тоа ја отпетла манлихерата и почна да стрела, држејќи ги уздите од коњот
наврени на левиот лакт.
Турците спиштеа. Паднаа наместо уште двајца онбашии и двајца војници, а двајца
лесно ранети, крвави, побегнаа назад кон Мелница. По нив се назагнаа Толевци со бесно
викање и стрелање, та не им дадоа да се вратат во сношното селце, ами со залпови ги
избркаа, како овчар волците да не му грабнат некоја овца.
Живите онбашии им раскажаа на јузбашијата и мудурот како ти нападна Толе. По
белиот коњ, што јасно го видоа како трча по нив, тие знаеја дека е тој. - Тој е, тој Толе, господ да заколе; другите кршија глава, ама тој пезевенк ќе го
расипит раетот наш - се изјадува Арслан и почна да се мисли. - „А, ха! Оваа работа не
води кон мир во мојот мудурлук", - си рече сам за себе и го викна јузбашијата кај него. - Е, Сефедин ја виде ѓаурската клетва и беса? Ја сега што правиме? - А бе, јас знаев оти вака ќе излезе, ама ете, се излагавме двајцата. Да правиме
абер и да бараме помош уште некој табур аскер. Навистина срамота од еден батакчија
да се плашиме, ама ете, големи планини. Риба во море можеш да фатиш, та и него во
оние пустињи?
И правија абери обајцата, секој на својот старешина.
Го собраа целиот аскер и отидоа на местото каде што лежеше убиен Расимчауш
со онбашиите и војниците. Бидејќи патот ги водеше преку малото селце Мелница, се
вратија во него, но тука веќе жива душа не најдоа. Селаните по сражението избегаа со
семејствата и нешто пљачкуринки што можеа да понесат, во пештерите и гората и
однаспоред гледаа кога Турците прво ги опљачкаа нивните домови, а потоа се дигна
густ дим за да премине во пламен. Мелница го запалија и изгоре до темели.
Првиот „ќеш" го направија Арслан и Сефедин, но оставија голема стража да ги
варди труповите на паднатите аскери дури да дојде комисија од Прилеп, а тие со
остатокот војска влегоа во Полчишта да ги бараат од голораките селани виновниците
за пролеаната крв - Тој бре ефенди, тој. Тој беше сношчи овде и од него е ваа работа, името да му
се запусте, да рече господ златен! - им објаснуваше полчишкиот коџабашија Илко
Рошко, дочекувајќи ги едновремено и двата грбачи - од Арслана и Сефедина. - Тој, бе, Рилко, тој, Толе. Ама кој ранит, кој вардит тој Толе, бе ќерата? Зошто
давате леб, месо, зошто криете од потерите? Ете што криви вие. Да кажите на аскерот
каде кријат тој едепц'з; па да фатите некој ноќ сами да заколите, бре! Да донесите
главата мене на конакот, жими вера, потаму не велам вам. Ем ќе дадам десет лири за
пиење. А вие раните, вардите него, а тој тепат ли тепат. Е, сега вие ќе оддевате за него.
184
Ќе оддевате. Царот барат лошите луѓе и ќе најдит. Ќе врзам ете тебе, азите, цело село,
ќе праќам во Анадол. И ете така ќе сечам жилите и на тој Толе Паша ваш.
Се изнамаваа Турците и на овој коџабашија, аази и повидни селани, ги затворија
скоро половината од селаните, зедоа и тука двесте лири, и пак ги пратија сите во Прилеп
да ги плаќаат Толевите греови.
5.
Извештаите од Арслана и Сефедина не го изненадија прилепскиот кајмакам и
бимбашијата, бидејќи тие беа однапред известени за востанието и дури им се израдуваа
на овие извештаи кога прочитаа како лесно бил одбиен нападот. Тие за секој случај го
известија битолскиот валија и за овој напад во дивото Мариово, но тој тогаш си имаше
поголеми главоболии со оние востаници што ја презедоа Баница, Невеска и Смилево, a
особена грижа му задаваше Крушево, откаде Никола Карев со своите четници и
востаници го напади јузбашијата Сулејмана со целиот негов гарнизон и сета турска
власт и ја прогласи Крушевската република. Искинатите телефонски мрежи и
железничкиот сообраќај меѓу Битола и Солун, запалените беговски чифлички кули и
слами, оружаните напади во целиот битолски револуционен округ, поразите на аскерот
скоро во сите операции, му задаваа сериозни грижи не само на валијата и пашата во
Битола, туку го натераа сериозно да се замисли и Хилмипаша во Стамбол, а преку него
и самиот султан Абдул Хамид.
Навикнат да слуша извештаи за побуни во целата своја огромна царевина, кои
секогаш ги задушуваше во крв, султанот го повика својот одговорен службеник за
Европејска Турција, Хилмипаша, и кратко му нареди: - За дваесет и четири часа сакам мир во твојот реон. - А тоа значеше задушување
на востанието во неговата прва фаза, во самиот почеток.
И Хилми си ја зеде грижата да ја исполни султановата наредба. Побара, како
инспектор за овој дел на царевината, да му ги стави воениот министер на расположение
сите гарнизони војска во Македонија и Одринско, а сам се пресели во Сулун, да може
отпоблизу Да раководи со задушувањето на востанието. Кога му се видоа малку овие
вооружени сили во Европа, Хилми побара зголемување и од преку Босфорот.
Падишахот му го испрати Дургугпаша од Измир со неговите Анадолци и така со
Алипаша солунски, Бахитијарпаша јанински, Џавидпаша елбасански и Мустафапаша
битолски, го направи својот триста илјадит корпус регуларна војска, на која и се
придружи целата фанатизирана турчулија од битолскиот вилает, предводена од
назловените бегови и агалари, чии чифлизи гореа по леринско, воденско, кукушко,
костурско и битолско поле.
Изгореа Баница, Невеска, Крушево и стотици села; проплакаа илјадници мајки,
жени и деца, се наполнија затворите со илјадници невини граѓани.
По тој повод народниот пеач ја запеа оваа песна:
Ојти вие агалари,
Агалари пашалари,
Кажете му на султанот
Нека коли нека беси,
Македонија нек се треси!
185
А пак вие, Македонци,
Запрегнете машка сила
Македонија за да биде,
За да биде што е била
Самуилов црвен бајрак,
Нек се вие нек се носи,
Мечот негов паши, аги
Нека сече, нека коси!
И ги запрегаа Македонците своите машки сили, и се виеше Самуиловиот црвен
бајрак, и сечеа нивните мечови, и косеа манлихерите на дружините од Питу Гули,
Ордан Пиперката.
Притиснати од силите на Дургут, Али и Бахтијарпаша од југ, од оние од
Џавидпаша од северозапад, сите востанички водачи се најдоа еден ден баш во ова
Толево Мариово, каде тој во вистинска смисла на зборот пашуваше. По случката со
аскерот во Мечи Дол, мудурот и јузбашијата не посмеаја да праќаат потери по него
додека не добијат уште некој табур војска од Прилеп. Востаниците ја разбраа оваа
положба и побрзаа да се склонат во оваа непристапна област, чии паша, Толе, не
признаваше ни цара ни везира, ниту пак некакви горски штабови, началници и војводи.
Така бркани од силниот аскер членовите на востаничкиот штаб - Сарафов,
Гарванов, Тале поп Христов, Лука Џеров (без Дамета), со стотина свои истоштени
четници, - седеа еден ден под широките ели на Копанките, под самиот врв Кајмакчалан,
длабоко замислени, не знаејќи какви мерки да преземат барем нивните глави да ги
довардат. - Во тешка положба се наоѓаме, - рече, длабоко издишувајќи се, Гарванов и се
налакти на десниот лакт. - Аскерот ни иде по трагата и бргу ќе не открие. За некаква
сопротива, ми се чини, ни збор не може да стане. Момчињава толку се истошени, та ни
оган не ќе отворат. - He џанум! Каква сопротива, какво сражение по сево ова. Туку да бараме некое
чаре, да се поприбериме поблизу до границата, да видиме ќе има ли некоја надеж оттаму
или да се прибираме внатре, - проговори како со туѓа уста Тренков. - А на кого ќе го оставиме народов? - со тага процеди преку заби Сугарев, на кого
му се придружи Џеров. - На кого?... На тој што го имаше и досега, - на султанот, - потфрли и не сакајќи
Сарафов, кој веќе беше решен да се прибере во своето гнездо во Софија, каде што го
чекаше пријатен пречек на неговите работодатели и награди за успешно свршената
работа.
Во тој момент еден овчар, од кого разбраа дека во овој крај уште нема потери,
доведе еден Мегленец, селанец од Пожарско, кој штотуку си дошол од Воден, испратен
со специјална порака до самиот востанички штаб. Пораката беше усна и гласеше:
Се слуша дека Хилмипаша веќава бераети за сите оние востаници што немаат
крвни злочини. Да се вратат по своите домови во срок од десет дена; нема да бидат
186
земани на одговорност ни прогонувани. По овој срок аскерот ќе ја продолжи својата
работа и власта не ќе има никаква милост спрема сите оние што не ќе се теслимат.
Овие зборови им дојдоа како мевлем на рана на членовите на штабот. Борис
подрипна од местото: - Во добар час дојде, момче, Седни, седни одмори се. Или, оди кај четниците,
барај нешто за јадење ако си гладен! - му рече тој на момчето повеќе да го отстрани од
нив, отколку што мислеше за неговиот умор и глад. - Слушнавте? - им се обрна Борис на другарите. - Одлична идеја ни даде момчево.
Ќе ја пренесиме сега ние оваа новина до сите наши војводи и началници и ќе им
соопштиме дека штабот е известен од самиот Хилмипаша оти дал веќе амнестија, та во
срок од десет дена нека се предадат сите наши луѓе, а ние што побргу да ја фаќаме
границата. - А колку е точна таа вест што ја донесе момчето? - направи забелешка Лука и
страшно се намршти. - Верна неверна, тоа се стори, Луко. Ние не смееме да заборавиме дека нашите
глави и понатаму ќе му требаат на овој народ и мораме некако да ги спасуваме. - Тешко му на народот со нас! - иронично потфрли Сугарев и ја удри главата в
земи. Се позамисли малку, стана со манлихерата в раце и луто, сиот возбуден викна: - Јас, господа војводи, не се покорувам веќе на вашите наредби и од денеска не
идам со вас да ја спасувам мојава глава. He ја напуштам родната земја дури главава стои
на рамената. Па и откако ќе ја пресече душманот сакам таа да лежи во оваа земја што
се напои овие дни со толку маченичка крв. Збогум за навек, народни предавници! -
плукна пред Бориса и се оддели од нив, цврсто решен да не го остави народот во
најтешките страдања.
Овчарот се изгуби, момчето што го донесе извештајот за амнестијата си ја нарами
торбичката и си киниса, ветувајќи им на војводите дека нема да ги предаде на аскерот.
Предвечер стана една мала тревога во штабот. Борис со биноколот забележа како
откон селото Будимерци се движи народ; препозна дека не се селани, ама не личеа ни
на аскери. Пред овие луѓе јаваше човек на бел коњ, по него три четворица на маски, a
остатокот од пет шест души наоружани, но измешани со селани мариовци со бели гаќи
и широки кошули. - Што ќе бидат оние луѓе, аџаба? - му се испушти од грлото, а вилиците веќе му
се затресоа. - Да се аскер, не се аскер. Сигурно некој башибозук од Џемаилбег од
Агларци, - им проговори на другарите и сакаше да даде заповед на војводите да ги
соберат четниците и да се истават повнатре во гората дури да фати мракот, па потоа да
се влечкаат некако кон исток.
Но во тој момент се зададе пак овчарот со насмеан сурат. Се приближи, им ги
покажа луѓето што идеа: - Го гледате Толе Паша на белиот коњ? На војводите им се олесни на душата. - Како Толе Паша? He се потери по нас? - го прашаа двајца од војводите овчарот. - He џанум! Какви потери! Јас лели ви реку дека кај нас ошче нема потери. Толе
е ној на белиот коњ, токо ниа шо вјаваат по него не знам кои ќе бидат. Ошче сабајле јас
187
прати едно од децата да му стори абер на Толета оти сте тука. Таква заповед од него
има, шо ќе видиме во неговиот реон да му чиниме абер. Тешко на тој мариовец шо не
ќе а слуша и најистната негова заповед. И ене го, иде да се ставе со вас, да виде кој сте
и кај одите.
Додека овчарот расправаше за Толевите подвизи, додека војводите се советуваа
како ќе се држат со Толета, додека го утврдија планот за амнестијата, Толе со дружината
се зададе на чистината од преслопта. Овчарот зави како волк, а детето ги поведе луѓето
кон елакот каде што седеа Борисовци. Толе го бодна, просто го разигра белиот коњ и
дотрча прв. Го запре кошот пред нив и со еден сожалителен и презрив поглед ги измери
сите војводи, па громко ги поздрави. - Добровечер, господа војводи! Добре дошле во куќата моја! - Добровечер, Толе, добровечер, домаќине, - го отпоздрави Апостол кој многу ги
ценеше овие самородни и смели борци и војводи во чиј ред и тој спаѓаше. - Каде вака, бре браќа, без препита и изим влегувате во туѓи куќи? - почна Толе
половина на шега, половина навистина. - Е, море, дојдовме, Толе, ете, без изим, туку ќе проштаваш. Па да видиме и што
домаќин си, што паша си, - почнаа Гарванов и Сарафов на шега.
Дури Толе го водеше овој разговор пристигнаа и другите коњаници со пешаците.
He малку се изненадија и едните и другите кога им се сретнаа погледите и си ги слушнаа
гласовите. - Ооо! Добровечер, Борисе, Апостоле, Иване, Луко, Василе... добровечер, бре
другари! Be донесе ли господ да се видиме живи здрави по победата? - иронично се
провикнаа Пере Тошев и Петре Ацев, коишто заедно со Тренков, Коле Пешковчето,
Шаќира, со целата своја чета се прибраа во Толевиот пашалук и се ставија со Толета,
молејќи го да им осигура заклон и леб, бидејќи народот почна да ги отпадува од себе, а
тие немаа морална сила да го повелаат како порано. Скоро сите организациони луѓе или
беа тргнати со нив, или се криеја од нив за да не паднат в очи утре кога ќе нападне аскер.
А обичните селани не сакаа да слушнат за некакви чети и војводи. Дури им претеа дека
ќе чинат абер на аскерот во Витолиште и Битола, како и што го направија на многу
места.
Толе на очи ги измаскари Перета, Тренков и Ацев, а особено неговиот бивш
секретар Шаќира што побегнаа од Витолиште; ги потценува и понижува со разни
епитети: кокошкари, мазникари, но си ја зеде грижата да не ги даде в раце на потерите
и на смртта од глад, та така од една висока точка се постави како нивен заштитник. А
кога му стори абер овчарчето во Будимерци дека нападнале и други чети во неговиот
„пашалук" тој ги поткани прилепските војводи да го придружат, да видат кои се овие
сега што нападнале во Мариово. - Сигурно некои коркари како вас, - не престануваше Толе да ги навредува. - Останавме, ете, живи, но желни да тргаме и понатака маки, - одговори Гарванов
за сите. - Е камо ги бре другари, триста илјадите бајонети и пушки в грб на аскерот? - ја
започна Пере кавгата.
188
- „Камо ги"... Чекај, уште не е доцна, може и тоа да биде. He брзај, тебе многу ти
се брза насекаде, - му одговори осорно Борис. - О, ох! Брза да ве однесе, што го зедовте народот на врат, да би аир во очите не
виделе. Што стана. Ајде, кажувајте! Вие сте раководството, горскиот штаб; што ќе
правиме сега, а? Ќе ја продолжиме борбата, да паднеме побргу да ги платиме гревовите
или ќе се криеме во глувчева дупка? - Е, море, таа се стори што се стори, другари, - почна Борис сериозно. - Туку сега
да ви одговориме ние, штабот, на вашето прашање:
Штабот, гледајќи ја безизлезната положба зеде решение четите да се
расформираат, луѓето да се приберат, оружјето да се запази по складови, бидејќи само
така конзулите обеќаваат амнестија за сите оние што немаат крвави престапленија.
Таквите луѓе можат да се приберат по домовите без да бидат земени на одговорност
само затоа што по некоја случајност учествувале во востанието. Тоа нешто, ете, и ние,
штабот го прифативме и решивме да ги ослободиме од секаква обврска таквите наши
луѓе, да си одат по дома и да си ја гледаат работата. А ние, се знае. Ќе мораме да се
прибереме во внатрешноста да видиме што ќе стане. - Слепило, слепило во очите да ви застане, другари, слепило! Ама верувате ли вие
во таа амнестија и во турската милост? - пак започна зајадливо Пере.
Од збор на збор се скачкаа уште тука Борис и Пере. На Борисова страна покрај
Гарванаов се придружи и Тренков, Чакаларов а на Перева страна покрај Ацев, Шаќира,
им се придружи Лука Церов, и други. Така се направија два противнички табора.
Четниците се насобраа и ги слушаа кавгите, та и тие се накострешија едни на
други.
Борис испадна и пред четниците со решението на главниот штаб. - Другари, - се провикна тој. - Штабов наш денеска доби абер дека султанот дал
башлама за сите оние востаници што немаат лично крвави злочини. Од наша страна, од
страна на Организацијата, слободни сте да си одите по вашите домови без да бидете во
опасност од уќуматот. Кој сака да иде со нас во Бугарија, нека остане да ги делиме
маките додека ја префрлиме границата!
Многу од четниците и востаниците, што одеа и со едната група, и со другата, одвај
го дочекаа ова соопштение. Дури не сакаа ни збогум да им речат на своите досегашни
началници војводи. Си ги нарамија пушките и кинисаа да ги делат страданијата со
своите блиски и роднини в село.
Други, попроѕирливи, ја разбраа работата дека војводите сакаат да се откачат од
нив; длабоко се замислија и почнаа да јачат: - Е, е, се виде таа, џанум, оти не оставате на агите, туку ајте ми со здравје. Ако
дојде редот пак да ни солите памет од преку граница, тогаш ќе се прашаме! - одговори
еден од Борисовите четници и помина во другиот табор, инстинктивно чувствувајќи кој
е со народот, а кој против него. - Другари, четници! - се провикна потем Пере. - Нашиов штаб, како што
слушнавте, ќе се прибира во Бугарија, да ги спасува своите глави. Од овој момент тој
за мене веќе не постои и ништо не ме обврзува спрема него, бидејќи тој ја изневери
борбата на народот. Затоа јас останувам овде, во земјава наша, да го поделам злото со
189
народот. Кој сака чесно да умре за тој излаган и намачен народ, нека повели со мене.
Предавниците нека си одат кај нивните господари и нека се гордеат со своето
предавство. Но затоа нека знаат дека народот ќе им плати на сите по нивните заслуги. - Многу се затрча, Пере. Немаш право никого да навредуваш кога и сам гледаш
дека друг излез нема засега од ситуацијава, - почна да протестира Сарафов. - А кога Пере лачкаше во Смилево, што велевте вие сите тројца, бре другари?
Камо ви го подготвениот народ да се бори? Камо ви го оружјето од братска Бугарија?
Камо ви триста илјади бајонети и пушки? И да не навредувам? Mope, пиштолот за вас,
крвници народни, што го фрливте народот сред оган и сега го оставате да се пече,
бегајќи да не ве привлече и вас на жарот да изгорите. Ќе избегате сега, но народниот
гнев ќе ве стигне па и во глувчева дупка да се скриете! - Се изнавика Пере и којзнае
дали не ќе ја дотераа работата до оружје да не се испречи на среде Толевата огромна
фигура. Co сила што чувствуваше дека е непобедлива, со гордост на слободен и
независен од никого, со право кое никој овде не можеше да му го оспори, тој се замеша
во разговорот. He се замеша, но просто заповеднички извика: - Доста од обете страни! Јас не ве стави да се карате и еден со друг да си и вадите
очите, ами да ве зас'на од потерите и да ви дада по парче леб да не умрите од глад. Шо
беше за правење - се направи. Направите од кука нога - од камен глава. Се виде таа, шо
се виде, но ако сакате да протутните ошче некој ден и друг, кавги неќу да слушна.
Инаку, кршете глава од мене! Барајте си меќан надвор од мојот реон, - и им се обрна на
неговите арамии: - Чуте шо реку? Дури ќе бидат мирни, нека се врткаат вадева, ќе му се носи потроа
леб. Почнаа ли да матат вода во аван, се знае. Ронка леб нема, а и оружјето долу. Тој е
законот на Толе Паша во Мариово.
Ги слушнаа овие громки зборови и едните и другите и ја прекратија кавгата. Еден
прост овчар селанецот Толе Кулиќев ги умири сите востанички водачи со два збора.
Дали Толе можеше да го изврши тоа што го рече? Никој во моментот не се
сомневаше, бидејќи и едните и другите бараа уточиште од него, а тој ја имаше уште
силата и авторитетот во народот за да го направи реченото. Тоа го почувствуваа сите и
не се сомневаа дека Толе што зборува и прави. Тоа Толе стотици пати со дела го имаше
потврдено. Затоа престанаа и се покорија на неговата заповед. - Добро, Толе, добро. Само уште некој ден ќе ти бидеме гости, не плаши се нема
многу да ти додеваме, - му одговори Гарванов божем навреден од неговата остра
постапка. - Ден, два,три - за мене е сеедно, но сакам да се слуша мојот збор во моата куќа, -
беше последниот збор на Толета по тоа прашање. - А сега, ако су јас домаќин и ме почитувате за таков, повелете сете кај мене в
село на госје, - ги покани Толе сите и си го јавна Белчето.
Тој напред, четите по него - ги одведе во Будимерци каде што навистина им
приреди пријатен одмор. По два дена ги одведе во соседното село Градешница каде
преседоа четири до пет дена и добро се одморија.
Но за подалечен пат не можеа да се решат. Сите извештаи што идеа, а тие идеа со
помошта пак Толева, кажуваа дека аскерот систематски го претресува секое село, секоја
190
куќа, та дури секоја смрека и грмушка по мегданот и прави неопишани зулуми над
населението. Од некакви башлами и бераети нема ни трага. Вардар се пази од синџири - аскер, границата е преплетена со жив плет од башибозуци, та изглед за префрлање не
можеше да се наѕре за скоро време. Затоа нашиов штаб не се решаваше да го напушти
овој сигурен меќан во Толевиот „пашалук" - Мариово.
Од друга страна пак почнаа да пристигаат лоши гласови и за оваа оаза.
Дургутпаша ги очистил костурските и битолски планини, Џавидпаша кичевските,
Бахтијарпаша свршил со Крушево и сите тројца се собрале во Прилеп и им ја нашле
трагата на водачите од востанието. - Каде можат да бидат на друго место ако не во Мариово? - го изнесе своето
мислење Џавид кој имаше долго искуство во бркањето на арнаутските качаци по
Албанија. - Мариово, Мариово. Зар таму нема да ги најдеме? - проговори Дургут и му се
испули на Бахтијара. - Ќе си ја земиш ли ти таа грижа со твоите Анадолци да ја свршиш уште таа
работа? - го праша Дургут Бахтијара, што требаше во исто време да значи и заповед за
акција, бидејќи Дургут беше главен заповедник на сите овие вооружани сили.
И си ја зеде Бахтијар грижата да го докусури востанието со фаќањето и
ликвидирањето на самиот востанички штаб, кој по сите сведенија беше склонет во
непристапните мариовски планини. А сведенијата беа, ете, точни. Токму тука се
најдуваа сите раководни лица на востаничкото движење. И Бахтијар со четириесет
илјади души аскер тргна да брка четири стотини души востаници.
Претпазливо, како секој искусен стратег, ги распореди своите единици од
Скочивир до Беловодица и почна претрес по целата Селечка Планина и Смечот. Само
тој со три илјади души кондиса во Маково, давајќи си ги своите наредби на потчинетите
бимбашии, јузбашии, чауши, башчауши и други воени лица. Откако ги претресе селата
по левиот брег на Црна, дојде редот и на Толевиот „пашалук" - старо Мариово, по
десниот брег на Црна.
За овие дваесетина - триесет дена Толе организира известувачка служба од сите
села, та уште кога Бахтијар излезе од Прилеп, тој ја разбра работата. Од Крушевица
негова дотрча братучед му Петко и се му раскажа. - Значи, ќе ме газат и мене агите! - си промрмори тој и им ја пренесе новината на
војводите во Градешница. - Ами чаре, Толе? - почнаа да се тапкаат Сарафовци и компанија. - Чарето тоа е. Да се ваќа орманот: Кравица, Добро Поле, Соколот; ако може
мајката планина да не зас'не - им советува Толе и ги изведе еден ден на врвот на
Соколот, на границата меѓу Мариово и Меглен, та ако дојде зорт, да можат да се
преметнат некако во Пајак.
Фати врска со Саботско и Воден. Цела Караџова врие од аскер, а Мегленските
Турци станале сосем кучиња по комитите. На исток Тиквешијата - бетер. Повеќе беља
од башибозуците отколку од редовната војска. Тиквешките и Мегленските потурченици - помаци - ги надминаа азијатските Турци од битолско прилепското поле со своите
191
зулуми над своите еднородни браќа само од верски фанатизам и материјална корист -
пљачка.
Од северозапад Бахтијар го стега обрачот, југоисток го држат башибозуците со
тиквешките и мегленски гарнизони, и така востаниците немаше каде да се издутнат без
борба. - Овде, другари овде. Ако орманот не не спаси, отидоме кај свети Петрета, - им
советува Толе на сите раководители на пропаднатото востание и им ја покажува цуцката
„Соколот" со густата елова и букова гора.
Е, море, тука тука. Било речено да ги оставиме коските по овие пустелии, нема
што - тажно промрморија скоро сите Сарафови приврзеници кои до пред некој ден
мислеа дека се веќе надвор од опасноста и скоро ќе се најдат „во слободната мајка
Б'лгарија" да ги понесат венците за услугата што му ја направија на Кобурга. Но не
излезе така лесно како што го предвидуваа тие. Бахтијаровите Анадолци во верига ги
претресуваа не само селата, колибите и пештерите каде што можеше човек да се
заклони, ами и сите смреки и грмушки, небарем зајаци бараа. - Вар комитлар, бре ќерата? - беше првиот збор што му го проговараа на секој
човек, му удираа по неколку кундака и го собираа со нив да им ги каже комитите.
Страшно се лутеа офицерите и чаушите ако некој од селаните речеше: „јок", на таквите
им удираа стопати повеќе бој отколку на тие што велеа „вар". Тоа селаните го пренесоа
едни на други и за да не јадат бој скоро сите одговараа дека има комити. А кога Турците
прашаа: „нерде ди?" тие ја покажуваа со глава и раце пространата планина со еден
единствен збор: „балкана".
И навистина таму беа комитите, во „балкана", ама во кој „балкана" Турците сакаа
да знаат и да ги најдат. Затоа и ги собраа сите селани од деветнаесетте мариовски села
да ги бараат заедно со нив.
Овие пак, по советот на Толета, ја фатија крајната точка од тој голем „балкана".
На врвот на „Соколот" ги фатија карпите и зачекаа да им дојдат потерите. - Така, господа војводи! Овде ќе се чукнеме со аскерот и ќе го скинеме обрачот.
Тиа шо ќе останат живи со трчанка да a преминат Црна и да а ваќаат наа висока тумба
преку река. А гледате ли? Највисока е од сете ридишча на Селечка, - им го правеше
Толе планот и им ја покажуваше високата чука „Маргара" над селото Чаниште во мало
Мариово. - Аскерот е сиот одоваде река, та ќе можеме да се поиздишиме и да поразмислиме
за понатака.
Но потерите не брзаа. Расчистија прво со селата и почнаа систематски да ја
претресуваат планината, така подробно и полека, што поминаа веќе две недели, а уште
не стигнаа до комитите. - Што ал правиме за леб, бре Толе? - почнаа да се тапкаат војводите кога
погладуваа два три дена, бидејќи се што носеа резерва на шесте маски се изеде. - Е, леб, вода, тоа е господа. Ако сакате да се откриеме побргу, да пратиме некого
од четниците, но само побргу да се откриеме, a за донесување леб ни збор да не става.
Селата се сардисани, луѓето изловени, кој ќе ти даде сега леб, та остави шо нема од каде
192
да го дадат. Онолкава ордиа се нарануа ли со леб? Сигурно се имаат изедено агите - им
одговараше Толе, но како да се присети нешто, па рече: - Има ошче еден начин да се нараниме некој ден и друг, само којзнае дали ќе
кандисате. - Mope, само кажи, не гледаш оти умираме гладни,, та не ќе сме кандисале! - Се наоѓа ли ошче малку сол? - праша Толе. - Има уште петшест оки - одговори еден од четниците кој беше одговорен по
снабдувањето. - Тогаш, другари, не чудете се. На ден по една маска, ќе протутниме ошче печес
дена, - се провикна Толе и сам стана да ја заколе првата маска.
Ја сварија само на вејки и пламен и глоднаа по некој сто драма маскино месо,
мрштејќи се скоро сите од мислата дека на маската и е татко магарето, чие месо само
волците го бендисуваат. - А што сме ние ако не волци? - потфрлаше Толе на оваа забелешка. - Да сме
домаќини ќе си седиме дома и ќе јадиме шо јадат домаќините, а планината лебами не
paѓа леб. Затоа, шо ќе најдиме - тоа ќе јадиме.
И јадоа шест дена маскино месо. Борис и Пере пак се зајадоа. - Како ти се чинеше тебе? Викаше Пере. - Ќе му се загниме на агата и во два дни
ќе го претераме преку Босфорот, а ние ќе се распиштолиме во Македонија. Е, ех! Колку
пусти гаќи ќе останат дури да се напади агата! Ама ете, ги изедовте триците во Смилево,
та ќе ги плаќаме сега греовите сите, и криви и прави. - Ти, Пере, не можеш да дишеш ако не зајадуваш, - го опомена Гарванов,
заштитувајќи го секогаш и секаде својот побратим Сарафова. - Оставете ги зајадувањата, ами да поразмислиме за главите, оти ене и агите, веќе
наближуваат, - ги прекина пак Толе сред заострениот разговор. - Тие веќе знаат дека
сме вадева, но точното место ошче не им е јасно. Сега ќе требе голема тишина од наша
страна, да не не разберат оти сме на цуцката и да се соберат од сите страни, да го
зголемат обрачот та да не можеме да го скинеме. Вака како шо одат, разредени, лесно
ќе се издутниме. Според мене и мојот мариовски ум требе ние да слезиме малку под
цуцката. Да истуриме една чета од стотина момчиња; некој од нас да излезат напред, со
готови бумби за врлање. И кога обрачот ќе дојде до ниј да му и отпетлаат бомбите
одеднаш. Тие ќе се стаписаат лево и десно, останатите триста пушки ќе припукаат
одозгора и бумбашите ќе го претрчаат обрачот, ќе се распрснат во стрелци зад грбот на
потерата и ќе дадат оган со своите пушки. Дури да се приберат крилата одлево и
оддесно, ќе претрчаат и главните наши одреди и со бегање ќе му се издутниме. А зад
обрачот нема голема сила што би не задржала. Така ноќеска ќе а ватиме Маргара, како
шо ви реку, та ќе најдеме и некој комад лебец од Чанишча. Навистина, Маково е близу
и Бахтијар има резерва војска, ама не ќе може така лесно да разбере дека сме му отишле
на госје, - го заврши Толе својот план со извесен хумор на крајот. - Добар ти е планот, брат Толе, добар. Ти си стар мајстор за синџири кинење, - му
поласка Сарафов и ја даде наредбата да се постапи по него.
193
Манол Розов, Коле Пешковчето, и самиот Толе со неговите арамии доброволно
се јавија да ги предводат бомбашите. И дури се спремија, ги расподелија бомбите, ги
спремија багажите и навртеа под цуцката да го заземат положајот, денот веќе
попрекрши, а и потерите веќе наближија. Четниците, засолнати зад карпите можеа веќе
да ги забележат претстражите од потерата како се вовираат низ честарот, собрани во
групички по три четворица, но држејќи врски меѓу себе. Главниот обрач идеше со
пушките на готово по нив. Толе и тука даде наредба да го чекаат него за команда. Тој
излезе десетина метра напред со своите осум души и коњот и фати здрава пусија,
оставајќи го Ќосото со коњот на два метра зад себе.
Потерата наближи на домет. Четворицата војници и еден селанец како да
наслутија нешто и позастанаа. Почнаа да се ѕверат низ честарот, погледнувајќи ги
своите другари лево и десно, а селанецот го забележа Белчета во букашот, си ја поткаса
долната муцка и подзина да викне, но во тој момент Толевци изрипаја од карпите со
страшен натприроден вик и ги фрлија готовите бомби кон групите. He дочекаа ни да
експлодираат сите бомби, се назагнаа кон збунетите војници, кои препалени од
настанот летнаа еден преку друг надолу и се изгубија.
Се разнесе грмогласно „ураааа!" од четиристотини грла и залпови од пушки.
Гората екна од грмежите на бомбите, а доловите го презедоа татнежот и секој за себе го
повтори.
Јурнаа напред сите четиристотини востаници со еленска брзина, но во тој момент
сета гора загрме. Потерниот обрач се запали. Секој војник почна да стрела во правецот
откаде идеа гласовите и грмежот на бомбите. Обете крила се умножуваа, стрелаа
бесцелно само да се јават, да не удрат на нив комитите, та за некое задржување никој
не мислеше. А кога се собраа по стотина души на секое крило, разбраа дека обрачот е
скинат и дека бегаат комитите низ тој процеп. Сите почнаа во тој правец да стрелаат и
псујат.
Толе го јавна коњот на седлото, со Ќосето зад него, и му ги забоде мамузите во
ребрата. За'ржа и тој, врисна како пастув по кобила, носејќи ги двајцата низ стрмните
урвини. По него летаа бомбашите, по нив фрчеа куршумите од залегнатиот аскер, дури
еден од стотиците куршуми не го погоди Манола и тој на место остана да ја цеди крвта
што му штрекаше од двете слепоочници.
По бомбашите се извлекоа сите четници и војводи со исклучок на Лаќи од
Магарево, Тодор од Арматуш, кои во последниот момент паднаа малку подолу од
Розов.
По половина час, откако се поутишија пушките и викотниците низ планината, на
врвот од Соколот засвире аскерската бурија. Бимбашијата го собра аскерот и до самиот
мрак вршеше иследување и ги бараше виновниците за неуспехот. Тука и преноќуваа,
варејќи манџа во комитските казани и чудејќи се на остатоците од маскините глави.
А патот на востаниците веќе се знае: Маргара над Чаниште.
6. - Што стана, бре Иге, попе, Милане, Тоше? Што направивте овие дни овде? Имате
ли некои врски со Перета, Петрета? Кај фатија тие мажи? Ја ослободивте ли пуста
Македонија? - ги засипа со прашања Ѓорче Петров во еден од првите септемвриски дни
194
беловодичките раководители Игета, поп Пана, Милана и Тошета, кој со сто и триесет
момчиња и осум маски џебане се проби низ Кратовско Кумановскиот реон, го прејде
Вардар над самиот Велес и преку Азот ја фати Бабуна, да може некако да помогне, ако
е за помогнување. - Што направивме, Ѓорче брату, што направивме се виде! Од кука нога - од камен
глава, ете што направивме! Направивме тоа да не можеме, ете, цел месец да се
прибериме дома, им го дадовме оганот на нашите села; ги оставивме жените, децата и
старците да се тресат на пепелиштата, а луѓето ги фрливме по темниците да скапуваат.
Ете што направивме! Земи каменот - столчи ни та главите прво нам овде, па после оди
расправај се со Борисовци, Перевци, Петревци и Тренковци твои - му одговорија Иге и
поп Пано во еден глас и ги нурнаа главите ничкум, небарем тие беа главните виновници
за несреќата што ја постигна нивната Беловодица и сите други села во Македонија. - Пропадна, значи, секаде работата? - Пропадна! Пропадна ами не! Co гола рака се фаќала, аџаба, змија? Го фрлија
народот во нерамна борба, сега ќе ги плаќа нивните грешки, ќе страда до страдање. - А кај се сега нашите војводи, имате некоја врска или ве распердушија агите? - Кај се! Кој ги знае кај се! И ние ги бараме, ете! Се поврткаа некоја недела онаму
по Мариово и овдека по Ливада наша и кога им се поткажа Бахтијарпаша, рекоа дека ќе
ја фаќаат Бабуна на велешко, ако можат да се извлечкаат некако, може ќе ја фаќаат
Бугарија. Така им предлагаше Јордан, ама Пере и Петре не му дадоа збор, та кој ги знае,
таму ли преметнаа или пак ја прејдоа Црна, да го фаќаат Кожув и Пајак. - Е, ех! Што трици изедоа тие Тренковци, Сарафовци, Гарвановци никогаш
народот нема да им прости - длабоко се издиши Ѓорче и се замисли. - Значи, немате никакви врски со нив? - пак запраша. - Од еден абер дека се врткаат вадева Бабуна или старо Мариово друго не знаеме,
но ќе разбереме.
Бахтијар го претресе мало Мариово одоваде река и не се слушна да удрил на нив.
Значи, тука се на двете места, ако не се извлечкаа преку Кожув или Паек, ама не
верувам. Па кој ќе ни каже и нам? И ние како волци се криеме по овие наши ридишта.
He бараа потукум и нас, но не се прибравме, a не тргнавме тогаш ние со нив макар
Јордан да не канеше да одиме во Бугарија, да сме се одмориле. Каква срамота за нас,
Ѓорче, каква! Ја свршивме овде големата работа, та да одиме Бугарија да сме се
одмореле! Туку, ете, се стори грешката, нема што! Жив в земи не се влева! - се искажа
селскиот работник Тоше и тој отепан од судбината што го постигна после пропаѓањето
на бунтот. - Сакам да се ставам со нив, другари, и ќе ве молам да ми помогнете колку што
можете - ја упати Ѓорче својата молба кон овие свои стари познаници и организациони
луѓе. - Помошта наша мала ќе биде, но кога веќе си дошол, ќе ги бараме заедно.
Во тој момент Црна почна подмолно да јачи. По неа екот го прифатија и
долиштата.
Слушајте, слушајте! - му се испушти радосен извик на Ѓорчета.
195
- Уште вријат бомбите. Значи не се налегнати сите наши борци! - Сигурно ги нагази негде Бахтијар по Ниџе, Крвавица и Добро Поле - се
приближи поп Пано до вистината.
И кога ги начулија сите ушите, навистина татнежите идеа откон Добро Поле, во
чија близина се наоѓа Соколот, каде што нашите востаници навистина беа откриени од
потерите и уште даваа сопротиви, та дури и се извлечкаа од обрачот со незнатни жртви. - Ќе ги најдеме и ние нели ги најде Бахтијар, - му проговори Иге на Ѓорчета: - Тие што ќе останат живи знаат дека овдека поминаа потерите и ќе ја прејдат
Црна ноќеска, ќе не побараат нас. Кај ќе одат на друго место. Отсекаде врие аскер.
Ѓорче се замисли и долго ги слуша грмежите од бомбите. My се стори дури дека
го гледа и чадот од нив во гората под Добро Поле. Најпосле, се тргна од мислите и, како
да се присети нешто, им се обрна на беловодичани: - Знаете што, луѓе! Дури да ве бараат вам тие овде, јас велам ајде ние ноќеска да
ги побараме нив. Сигурно ќе прејдат ноќеска на Скаклевите воденици и ќе ја фаќаат
„Висока" ја „Смечот". Но ако знаат, а сигурно знаат дека е олабавена Селечка, сигурно
ќе гледаат да ја фатат неа, а оттука да се влечат кон исток. - Право ти е предвидувањето, брат Ѓорче! Ако немаш шубе да навлегуваш во
Бахтијаровата ордија, нека биде и така. Ние ќе те одведеме до Писокал, Висока, па ако
сакаш да ги видиш шаторите на Бахтијарпаша, можеме да те приближиме и до нив, да
ја фатиме Маргара и ќе ти дојде Бахтијар како на тепсија под тебе. Само да не е ризично,
оти сигурно тој не е останат сам. Секако држи околу себе барем три четири илјади души
аскер. - Ризикот е ризик, попче. Ние сме тргнале на ризик. Но главно е да се сретнам јас
со нив.
И навистина се сретна.
Уште истата вечер Ѓорче тргна со остатокот од својата чета и беловодичките
раководители по самиот срт на Селечка. Околу полноќ беше на Будимеш, откаде преку
ден во Прилеп се гледа и движењето на луѓето, но ноќта ги криеше и белите ѕидишта,
та Ѓорче само си претстави во умот дека тука, долу, негде во темницата, спие неговиот
Прилеп, та ни една светилка нема да светне. A тој чекаше баш од него - од Прилеп да
светне сонцето на слободата. Застана за минут наместо, замолча небарем одаваше
посмртен почит на паднат херој, а потоа си промрмори. - Ах, Прилеп, Прилеп! Оросписки град. Пред дваесет и пет години ти собра
потписи да се вратат Русите од Велес, сега со прст не мрдна да помогнеш. Спи во
смрдевата и никогаш не разбуди се! Збогум мој Прилеп, да би оган те изгорел со сите
твои Аџи Рамповци, Аџи Илиовци и сите христијански бегови и паши! Чудо, човече, ни
од таа голотијата не стана некој да помогне! Што се чудам пак? Кој ќе ја поведе
голотијата и против кого? На чорбаџиите им е арно, сиромаштијата спие и ете ти
бездејство.
Се наприкажува Ѓорче сам со себе и тргна пред четниците, за кое време тие се
собраа околу него.
196
Пред зори, кога Деницата веќе искочи над Перун неколку остени, стигнаа на
„Висока" и беловодичани предложија тука да се денува. Чешмата вода има, гората
засолниште, сигурно нема да бидат забележани.
• И остана Ѓорче со дружината - поп Пана и Игета -тука, а Тоше и Милан тргнаа
да ја фатат со ноќ Маргара и да видат ќе има ли однекаде некој абер или паднаа вчера в
раце - Ако никој друг, Толе сигурно им има побегнато на агите - го уверуваше Иге
Ѓорчета. - Тој маж досега на сто пусии паднал, ама ниедна го нема задржано.
И не се излага Иге.
Толе ја прегази прв Црна баш на Скаклевите воденици каде што претполагаше и
Ѓорче, и под самото Чаниште ги дочека четите. Ги испрати со Трајка да ја фатат
Маргара, а сам со другите свои другари влезе во селото и нарача десет брави, десет
фурни леб, тутун, ракија и се друго што им се „следуваше" во она време на четите кога
ќе бидат „на гости" во реонот на некое село. - Четите ќе бидат на „Студената вода", утре таму го сакам јадењето. Да не ве лаже
умот да чините абер во Маково оти змија лута ќе ве клукне! Ќе ве испеча сете како
глувци" - им се закануваше Толе на аазите и коџабашијата од кои го бараше јадењето. - Немој бре Толе, не пусти го селото, бре брату! He гледаш ли колкава сила не
налегнала па и ти сакаш да не дозапустиш! - молеа селските луѓе, но востаниците беа
гладни и истоштени, а Толе им вети дека ќе најде леб оттаде река. - Ами кога ќе разбере Бахтијарпаша, шо џуап ќе даваме, бре Толе? Оди во
Крушевица твоа; малку е подалечку од аскерот, белки не ќе се забележи толку колку
овде пред носот негов! - ја повторија и потретија селаните молбата, но Толе си остана
на своето и нареди преку ноќта да му се зготват пет шест кокошки и толку мазници за
неговите луѓе и остана да преноќува в село.
Го дочека изутрина лебот и бравите, ги натовари на пет коњи и нарача за другиот
ден пак толку. - Дури ќе бидат тука четите таинот го сакам навреме, - си ја даде наредбата кога
излезе од селото. - Е море, ќе проштаваш, Толе, за утре, туку излези денеска од село! - си помисли
коџабашијата во себе и отиде кај поп Ристета да се посоветува што да прави да се спаси
селото од очигледна пропаст. - А бре, што, Митре... Да чиниме абер ноќеска во Маково, та што сака нека праве
Толе најпосле. Еднаш се умира, стопанка му. Ако не не изгоре Толе - Паша ќе не изгоре
Бахтијарпаша. Толе е со осум души; нека има другари, според лебот што го нарача,
најмногу три, четири до петстотини, а Бахтијар има четириесет илјади. Од кого велиш
повеќе да се плашеме? Силата на четите им се зеде, Бахтијар ги брка како зајаци и ќе ги
отпаде откај нас сигурно. Затоа јас велам да чиниме абер еден во Маково, еден во
Старавина ноќеска и утре место леб и брави да им се поткаже аскерот откон Острилата...
ќе фатат горе „Висока" или „Смечот", ќе се истребат откај нас, ете не сите спасени од
бељата.
197
Додека вака се разговараа коџабашијата и поп Ристе четите лакомо јадаа на
„Студена" од донесените печени брави и топол леб, кога по ридот одоѕгора се зададоа
двајца селани. Тие го видоа караулот, а и тој ги виде и ги дочека да му се приближат: - Вила, другар, вила! - викна од десетина дваесет метра Тоше, што караулот го
умири и одговори: - „Вамо", другар „вамо", ајде, побргу влегувај во растот да не се парталиш на
пресопта.
Тоше и Милан влегоа во растот, се поздравија и со другиот четник што беше на
стража и побараа да ги одведат веднаш кај војводите.
Навртоа на чешмата „Студена" под самата тумба Маргара и ги најдоа
„распашани" сите војводи: одмараат по добриот ручек и заморен ноќешен пат.
Co два збора им кажаа дека ги бара Ѓорче, кој иде во помош со педесетина
четници и осум товари џебане. - Доцна, другар Ѓорче, доцна! Го испуштитвме пилето, избега! - му се испушти
на Толета, а другите се израдуваа. - Сега ќе разбериме ќе има ли некоја помош од Бугарија или ќе се прибираме сите
внатре. Сигурно Ѓорче ќе ни каже - промрмори Сарафов, иако знаеше дека никаква
помош нема да дадат неговите пријатели. - Ќе имаме еден маченик повеќе да ги делиме страданиите и ништо повеќе -
песимистички одговори Пере, - но ајде побргу, Тоше, и ти Милане, одете, доведете го;
барем да се видиме уште еднаш! - им се обрна на дојдените.
Тоше и Милан покаснаа од тоа што беше останало и бргу отрчаа до „Висока". Во
самата вечерна мугра се влечкаше Ѓорчевата чета по ридот кон југ и за неполни два часа
дојде до Маргара каде што се стави со главниот штаб и сите што беа со него. - Како сте, Пере, Петре, Луко, Митре? - им се обрна љубезно Ѓорче на своите
другари и единомисленици, па колку за адет ги поздрави и Борисовци: - Како сте и вие, господа војводи? Ја ослободивте ли, бре мажи, мајка
Македонија? - Кажувај, Ѓорче, кажувај какви новини носиш однатре. Се спремаат ли браќата
да удрат на агата или не? - Mope, пушка златна да ги удре и брадва да ти ги пресече, Борисе, тие твои браќа,
туку не парај ми го срцето со линџа! Какво спремање, какви тикви стамболки! Волкот
ако не си ја врше работата сам - тешко нему! И ние така. Нели сами си го истуривме
млекото, ќе сркаме киселина сега. Туку вие како сте, останавте ли живи, - па нарочно
разгледа горедолу, барајќи со очите некого во оние што го обиколија и сериозно
запраша: - Камо го Дамета, бре луѓе? Да не го испративте кај свети Петрета? Или отиде да
преговара со Хилмипаша во Солун? Зати тој е и е учен во Беас Куле, Адакале,
ДиарБекир, Шам, Ерзерум. - Mope, остана жив желен по Демирхисаријата, туку којзнае до кога. Го викавме
со нас, но Даме како Даме, се нарогуши и ја наметна: „Одете, - рече вие по вашиот пат,
198
јас по мојот. Еднаш ме вапцавте вие, уште еднаш ќе имате здравје" и остана; што
можевме да му правиме! - му одговори Гарванов. - Си има право човекот! Кој ќе се попари од млекото, ќе дува и на маштеницата,
потфрли Сугарев отстрана и разговорот се сврте за положбата што настана по
неуспехот.
Ѓорче им раскажа каква е положбата во Бугарија: - Народот со симпатии ја следи нашата борба и готов е да ни притекне во помош,
но правителството се изговара дека се најдува во тешка политичка положба и не
позволува никаква акција во наша полза. Турскиот конзул секој ден протестира против
исфрлањето на чети, та одвај и јас ја минав границата. Уште малку ќе бев вратен од
Ќустендил назад со целата чета. Ете каква е положбата! Таква!
Пере и Петре му ја изложија нему каква е положбата внатре, и Ѓорче ја удри
главата в земи, a пo малку продолжи: - Излез, другари? - Излезот го нема никаде - побрза да му одговори Борис. - Ние се спремаме да
одиме во Бугарија, да ја поразбистриме работата, но во тоа прашање не сме едногласни.
Некои од другариве сакаат да останат како Даме што направи - и покажа на Перета и
други нивни едномисленици, кои веќе беа определени во својот став по ова прашање,
та дури веќе и на една страна стоеја. - Значи, да ги оставиме сите наши дејци од народот на милост и немилост? - праша
Ѓорче. - Па, што можиме и да им помогнеме, бре Ѓорче? Нашето присуство само ќе ги
дразни Турците, та поголеми зулуми ќе прават. Ами вака: Ние ќе ја напуштиме земјава,
луѓето ќе се приберат. Co малку маки и страданија ќе помине и оваа бура како сите
вакви досега, и ајми со здравје - го поткрепи предавничкиот став и Тренков, додавајќи
дека „ете, Хилмипаша ветил амнестија, та ќе им биде полесно на луѓето без нас, отколку
со нас". - Убаво сте ја свршиле, џанум! Мошне убаво! Токму тоа и се бараше од вас да ја
растурите Организацијата. Мислите дека ја растуривте, но мене ми се чини дека не ќе
оди така лесно таа работа како вие што си ја претставувате, - па се обрна кон Перевци: - Другари! Јас дојдов да помогнам, не да го победиме Хилмипаша но да го
победиме Кобурга и неговите агенти и да не ја дадеме нашата Организација да пропадне
или да премине во туѓи издајнички раце. Кој сака, каде сака нека оди, нам местото ни е
меѓу нашиот народ. Тој треба да види и осети дека не е оставен од своите синови и да
црпи од нив сили за натамошна борба. Само така, помогнат во најтешките дни, ќе ја
задржи верата во себе и ќе ги сплоти сите свои сили за да може еден ден да си ја извојува
скапо платената своја слобода без ничија помош. Ако сега, во најтешките моменти, го
напуштиме, тој ќе ја изгуби таа вера во себе и ќе го вратиме делото за пет стотини
години назад. А за сето тоа проклетството ќе падне на нас. Кој е за оставање, другар
сум му до последно издишување. Кој е за бегање - патот му е прав - нека си оди со
здравје, - го заврши Ѓорче својот краток, но пламен говор сред дабовата корија и порача
на еден од неговите четници да му подаде вода.
199
Сарафовци се накиселија, но однапред го знаеја Ѓорчевиот став, та ништо не ги
изненади. Гарванов само промрмори колку да каже нешто: - Секој си е сајбија на својата глава, Ѓорче! Ние, штабов, такво решение зедовме
и по него ќе постапиме. Ако не му се бендисува на некого нека не се придржува, но и
последиците ќе бидат негови.
Најпосле се јави и Толе, којшто со внимание ја слушаше препирката: - Оставете и кавгите, џанум, токо гледајте, правете планот и како ќе се извлечкаме
одутре одовде, оти Бахтијар може да не намириса, та се пусти гаќи ќе останат. А ошче
утре ќе бидите мои госје. Ќе седите овде, a јас ќе отрчам до Орле да осигурам јадење,
оти виа пезевенци Чанивци како непара се за вера. Да не му текне да откажат, та да
трпиме цел ден. А сакам да ви пригода по некој сомун за пат, оти веќе време е да се
разделиме и секој да си а гледа работичката, кога веќе му се издутнаме на Бахтијара
вчера.
И си ги викна Толе своите арамии, си го јавна Белчета и околу полноќ му влезе
на Орле.
Останаа да се дечкаат до некое време Перевци и Борисовци, додека најпосле пред
зората не ги навали сонот да продремат.
Грижата за заштита му беше поверена на официрот од српската војска,
Црногорецот Јозо Ивановиќ, кој како искусен војник ја оцени месноста и со
заштитницата на знамето се оддели од главните сили и го поседна вечерта врвот
„Касматова Тумба", кој доминира над Маргара, а од исток на Острилата постави двојна
стража.
Така заштитени војводите и четниците ја дочекаа зората.
Таа ноќ во селото Чаништа, откаде Толе зеде брави и леб, и откаде требаше и за
утре да се однесе пак јадење на Маргара ни леб се месеше, ни брави се печеа. Само
двајца луѓе со пo една маска излегоа на мракот од селото и тргнаа во два разни правци.
Коџабашијата Митре, забраден со бела марама, небарем заб го боли, ја јавна
маската и ја бодна долу Скаклевите воденици, ја прејде Црна баш каде што прејдоа
четниците вчера вечер и за неполни два часа влезе во Старавина - никој да не го
забележи. Отиде право на караколот, го најде бимбашијата што га бркаше на „Соколот"
четите и му кажа дека нападнале вчера вечер кај него и утре ќе денуваат на високата
чука Маргара над нивното село.
Поп Ристе ја остави дома поповската шапка, тури црвен фес на главата, се наметна
со ќулката од сакмата; и тој ја јавна својата маска и го фати Топли Дол, та не оди ни
саат, дотрча до турските шатори под Маково во ливадите. Co два збора го побара и го
најде Бахтијар - паша, истегнат под својот „сарај" од платно, и му ги шепна истите
зборови што и коџабашијата во Старавина на бимбашијата. И работата се разбра!
Комитите утре ќе денуваат на Маргара! - Тоа се барат од вас, бре синко! Да кажите каде сет, а за фаќање имат царот луѓе.
Царска рака долга, ќе фатит батакчиите.
И уште пред зори двајцата предавници се вратија секој дома, ги врзаа маските на
јаслите и легнаа да мигнат, ако можат, без да ги забележи некој кај беа ноќеска.
200
Веднаш по кинисувањето на коџабашијата од Старавина, засвире аскерската
бурија на узбуна. Аскерот нарипа, но дури се спреми, построи и доби заповед за
тргнување, веќе и петлите пропејаа, а на Црна го забели и зората. Трчаше пред аскер
бимбашијата на својот арапски коњ, им даваше зорт на јузбашиите, мулазимите,
башчаушите, чаушите и онбашиите да го стегаат аскерот, што побргу да накачува на
нагорништето, за да дојде до целта незабележан уште неразденето убаво, но аскер како
аскер, се влечкаше тромо и, спротивно ка офицерските желби, не сакаше да влегува во
борба ноќно време, оти не можеше да види што ќе нагази и откаде да се пази. Затоа
сонцето го огреа баш во селото Чаништа, оттука до чуката Маргара имаше уште цел час
одење, та тие што беа на чуката слободно можеа да го видат неговото движење.
И Бахтијар нареди узбуна во маковските ливади та и тој тргна со своите две илјади
Анадолци кон Маргара, со таа разлика што тој беше поблиску, та уште в зори се најде
под самата чука. Но додека го правеше распоредот на трупите и планот за напад, и него
го фати сонцето и тој виде како се точка старавинската војска во правецот на чуката.
Бимбашијата ја виде оваа од Бахтијара и двајцата заповедници се ставија во „Липје" и
го утврдија планот.
Според тој план Бахтијаровиот одред ќе ја опсади чуката од југ и запад, а тој на
бимбашијата, од илјада војници, ќе ја опсади од север и исток и така, заградена од сите
четири страни, ќе се нападне на знак од Бахтијара. Обрачот ќе се стега додека не се
ликвидира и последниот бунтовник.
*
По препирките на Студена, војводите и четниците продремаа по некој половина
час, но веднаш ги изненади стражарот од „Боцкин Камен" со вест дека слушнал
аскерска бурија откон Маково.
Нарипаа сите, спремни за борба или бегање, а Пере прв проговори: - Има право Толе што не потсети дека луѓево од ова село не се за вера. Никакво
чудо не е да сме предадени, - и се заслушаа сите: ќе чујат ли и сами некаква бурија. И
не се излагаа. Тивката јасна и свежа есенска ноќ даваше можност да се слушнат и
петлите како пеат во Маково, Рапеш, Чаништа, та дури и тие од преку река во Бзовиќ и
Старавина и на големо нивно изненадување, сега се слушна аскерската бурија не од
Маково, туку од Старавина. - Се виде таа, џанум! - му се испушти и на Бориса; - предавство! И на двете војски
овие пци им сториле абер, но ајде да поразмислиме малку што да правиме, - предложи
тој. - Да се иставиме, туку каде ќе се задржиме кога ќе се раздени и кога ќе не поткачи
Бахтијар? - му упадна Митре Влавот.
Сите се замислија. Навистина во тешка положба се најдуваа. Можеби уште во
потешка отколку некни на „Соколот". Таму беа скриени во густата гора и аскерот не ги
знаеше каде се. А овдека чуката од двете страни е гола, а што е најглавно, ги знаат точно
каде се, та ќе го насочат нападот точно на нив, ќе ги опколат и сите живи ќе ги изловат.
А ако го напуштат овој положај, ќе ги фати денот, ќе ги стигне аскерот можеби на некој
незаштитен терен и сите ќи ги избие.
201
Дури така беа во недоумение, дотрча одозгора и Ивановиќ којшто исто ги слушна
буриите. Сите нему му се обрнаа како на воено лице. - Јасно, јасно ми е се, - рече тој. - Ние денеска мораме да примиме борба. Но што
ќе ја примиме неподготвени и незаштитени, ние ќе ја примиме подготвени овде.
Теренот ни дава изглед да можеме да ги одбиеме нападите и да се држиме некако
довечер. А падне ли мракот - ноќта е наш сојузник и заштитник. Ќе му се обидеме и
верувам ќе го скинеме обрачот, ќе се извлечкаме некако. Само добро да се распоредеме, - заврши Јово и им го соопшти планот за одбрана.
Според тој план четите требаше да се распоредат околу чуката и да ги фатат
големите карпи. Аскерот мора да напаѓа отворено, одоздола нагоре, и четниците ќе
можат од заклоните да стрелаат и одозгора бомби да фрлаат. А тој - Јово со Цилета и со
заштитата на знамето ќе остане на своето место, „Касаматова Тумба", и во случај таа да
остане надвор од обрачот, што прирадно и беше, бидејќи беше одделена неколку
стотини метра од Маргара, тој ќе даде оган в грб на аскерот и ќе го раскине обрачот.
Според планот и постапија. Добро им дојдоа бомбите и патроните што ги донесе
Ѓорче. Ги разделија по четниците и ги фатија определените места. - Ајде, боже, поможи! - се прекрстија сите и се разделија, договорувајќи се каде
ќе се собираат тие што ќе останат и ако останат живи. - „Висока", „Висока"! Правец на север, на онаа висока тумба! - им предложи
Ѓорче. Јас оттаму дојдов и згодно место е сртот. Секаде ќе бидеме одозгора ако случајно
не поткачат агите - беа последните зборови на Ѓорчета, чијшто предлог сите го
одобрија.
Одеднаш чуката оживе. Колку внимателно да ги фаќаа четниците метеризите,
аскерот ги забележи, а командантите со биноклите можеа да ги видат како се сместуваат
зад големите карпи. - Бак, бак, бак! - му се испушти на бимбашијата кога прв ги забележи и му ги
покажа на Бахтијара. - Значи, ќе не чекаат оние пезевенци на чукана, - рече пашата и се насмевна,
потценувајќи ја смелоста на востаниците. - Треба да се баеги - му одговори бимбашијата. - Според сведението што го донесе сношти попот тие зеле десет брави месо и
десет фурни леб. Од четири петстотини души не можат да бидат повеќе, - ја направи
точната сметка Бахтијар. - Значит, седумосум, наши на еден нивни; не ќе свршат
работа? - Ќe свршит како ништо! - одговори некако со недоверба бимбашијата кој веќе
имаше искуство со герилските борби на востаниците.
Дури се договараа, дури издадоа заповед за напад, сонцето веќе искочи и
часовниците покажуваа повеќе од осум.
Аскерот се разви во стрелци, толку густо, што ако се фатеше за рамо, можеше да
направи танец од оро, на чело со „танчарот" бимбашијата, а опашката би ја држал
Бахтијарпаша.
202
Co пристигањето на десниот фланг бимбашијата издаде заповед за напад. Од
север, исток и запад се слушна бука од илјадници човешки викотници. Сите Анадолци
подивеа и почнаа да се дерат, да псујат, да зборуваат неврзани и неразбирливи зборови.
Повеќе од нив се слушаше: „теслим, бре, кумитлар", и сите под команда почнаа да
стрелаат во чуката.
Од исток веќе накачи аскерот до врвот „Боцкин Камен". Претстражата од
Сугаревата чета мораше да се јави прва. Штом Рифатчауш излезе напред на својот коњ,
тргна караулот и тој падна од коњот.
Пукањето на првата четничка пушка и паѓањето на чаушот направи забуна во
блискиот до него аскер. Сите полегнаа на земја и почнаа да стрелаат. Комшиите лево и
десно позастанаа. Но бимбашијата дотрча и бргу ги дигна во напад. Овие накачија, - го
„презедоа" речениот камен и се запатија кон самата чешма „Студена", каде што денуваа
вчера четите. Од север, по долот „Света Петка", и од југ, преку „Пупулеги" и „Шопово
трло", аскерот го стегна обрачот и напна нагоре да накачува. Еден одред од две три
стотини души се растегна малку налево, да ја заобиколи чуката и од запад и се спремаше
што побргу да ја префрли преслапта зад чука и да фати врска со северниот одред од
бимбашијата. На тој начин Бахтијар сакаше да ги опколи востаниците и да ги држи
макар цела зима, за да ги принуди на предавање.
Но токму кота требаше да се врзе синџирот на преслопта; згрмеа пушките од
Ивановиќ и Цилета од „Касматоа Тумба", која по неговото предвидување остана надвор
од обрачот. Бахтијар и бимбашијата не го познаваа местото и не предвидоа дека може
некоја чета да ја опседне таа тумба и да ги бие одѕади.
Се заврза борба прво тука; аскерот се стаписа - кој лево, кој десно, без да успее да
го врзе обрачот. Но сега Бахтијар заповеда јуриш на Маргара додека не се извлечкани
преку слободниот простор. - Теслим бре, ќерата, оти сите ќе изгинете, - викаше секој Турчин и пукаше во
чуката зад која се криеја четниците со Ѓорчета, Перета и Митре Влавот начело. Кога
веќе аскерите наближија под самата чука, војводите дадоа знак за борба на „целиот
фронт". - На нас тргаат агите, Пере, на нас. Ми се чини тука е главната сила на Бахтијар, - му велеше Ѓорче на Перета, кој ја стискаше манлихерата цврсто и право „на месо"
стрелаше.
И навистина Бахтијар на овој дел ја фрли поголемата сила.
Аскерите трчаа нагоре, четниците стрелаа, потоа затрештеа бомбите и целата
чука се замагли.
Од „Студена" караулот што го отепа Рифатчауш се накачи да им се придружи на
другарите и да им помогне во борбата. Аскерите од Рифата го погодија смртно и тој
падна наместо.
Ивановиќ не им даде да го врзат обрачот на преслапта, но затоа плати со своето
десно око. Го погоди куршум преку носната 'рскавица и му излезе под десната веѓа, та
можеше со левото око да ја види својата зеница од десното.
203
- Брак, бре будали, бре, брак! Што загтањате како биволи на угорништето, - им
викаше Пере на аскерите, фрлајќи бомби и куражејќи ги своите четници да издржат
додека фати мракот за да се извлечкаат од обрачот.
Бахтијар ја осети сериозната положба и нареди можеби десетти јуриш, а порача и
појачање од Маково каде еден бимбашија остана со илјада души аскер.
He малку се испрепали аскерот од западната страна на чуката и не малку се
изненади Бехтијар кога околу пладнина почнаа од наспоред, од исто така високата чука
„Гарван", да грмат в грб на аскерот десетина манлихери. Аскерот се стаписа надолу и
сега немаше опасност од врзувањето на обрачот. Целата западна четвртина од Маргара
беше слободна. - Кој ќе бидат оние браќа што маваат од чукана? - се запрашаа војводите. - Може некој одред аскер ја има фатено таа чука да мава од високо на нас -
проговори Тренков. - А бре, како на нас, не гледаш оти ги распадија агите под нас? На нив маваат, а
не на нас, - му одговори Борис. - Само кој може да биде тој наш спасител? Ене, ги не,
фатија агите пустиња долу долот, - и покажа со рака на одредот војници што бегаа оти
оној од „Гарван" ги имаше наспоред на голото како на тепсија и скоро секој куршум на
место погодуваше, та пискотниците од ранетите им го забрзуваа бегањето на здравите. - Слушајте, слушајте! Манлихери пукаат, - ги позна Ѓорче грмежите на пушките. - Имате некоја чета само со манлихери наоружана? - Петре просто воскликна: - А бре, Толе наш е, со своите арамии, бре! Ех, господ здравје да му даде! Токму
навреме се намести на чукана! Е, е. He берете гајле, нели се замеша и Толе и тоа на
онакво место! Ќе го брани тој долот дури да падне мракот, а во темницата ќе се
извлечкаме. Имало господ и од оваа клопка да се издутниме, - заврши Петре со
утешителното и пријатно разјаснување на настанот и ги окуражи своите четници,
соопштувајки им ја и на другите војводи ново настанатата положоба во нивна корист
со Толевата појава на „Гарван".
7.
Во селото Орле кое се наоѓа токму зад онаа висока чука што се вика „Гарван"
Толе нарача, како во Чаништа, десет брави и десет фурни леб; за него со другарите пак
пет шест кокошки и две тепсии алва и реши да ја проведе оваа ноќ во една одаја со
Мише Ќосото, а утре да го однесе јадењето на Маргара и да се збогува со своите не
многу сакани гости.
Но кога се раздени убаво дотрча еден од аазите и му соопшти дека Бахтијар ја
кренал војската во правец на Маргара. - Нека оди кој кај сака; вие гответе го јадењето! - ладно му одговори Толе и ги
собра другарите да се напоручаат убаво „оти ќе имаме троа работа денеска" - им рече.
Во тоа време, кај осум саатот запукаа и првните пушки околу Маргара. Но Толе не
брзаше. - Ќе останат и за нас Турци, мајка му стара, ќе протепаме колку да сакате, не
брзајте многу! - Им рече на другарите.
204
И околу девет десет саатот стана, си го јавна Белчета и за час се најде на
спротивната чука.
Погледа сеир некој саат и друг и кога виде дека Бахтијар има намера да ги опколи
сосема четите, им запукаа в грб на аскерите и ги распади долу долот.
Кон ужина пристигна и засилувањето на Бахтијара и со него Велиага од Маково
со своите катили, кој од „Бучкур" почна да му вика на Толевиот четник и другар Петка
Кормакот од Маково: - Предај се Петко, брееееееј! Не гини лудо, бре, ќе простит царот, бре!
Но место предавање Петко му запна еден куршум и коњот падна под агата, а тој
старски побегна назад за Маково, оставајќи го Бахтијара сам да се расправа со
бунтовниците.
Започна и дваесеттиот јуриш, но силата на аскерот беше земена. Паднатите
трупови од нивните другари ги обесхрабрија, а Толе не им даваше да се појават на
западната страна на чуката, та го држеше слободен тој простор за повлекување.
Борбата се продолжи како што предвидуваше Ивановиќ - до самиот мрак, кога се
даде заповед за повлекување кон запад. Сите знаеја дека таа страна ја осигури Толе и
немаше што да се двоумат. Ја напуштија Маргара, оставајќи ги своите осум другари да
ја топат со својата топла крв и оваа чука, како Соколот што го натопија Манол Разов и
двата четника
Толе ги пречека војводите над самото селце Орле, на преслапта „Мал Гарван", со
сите останати четници. Орленци го разнесоа лебот и месото и Толе им го раздели. - Е, сега, другари, ајте ми со здравје кој за каде сте! Мојот домаќинлак толку беше.
Гледајте да не попадните пак во некоа клопка, оти Бахтијар ошче утре ќе ве запашка -
се збогува Толе со своите гости и си го јавна Белчета за Крушевица.
На разделување Борис љубезно го покани Толета: - Ајде, брат Толе, да те водиме во Бугарија, да се одмориш малку.
Толе се закикоте на коњот: - Голема работа свршивме, господин Борис, та ќе се одмориме, токо ајте ми со
здравје! - и го дупна коњот, ги остави.
Колку да не се мирисаа Ѓорче, Пере и Петре со Бориса, Гарванов и Тренков,
положбата во која се најдуваа им наложуваше да се помагаат. - Е, што велиш ти, Ѓорче? Кој правец да го фатиме сега одовде? - му се обрна
Борис на Ѓорчета. - Ете, ние веќе ти ја изложивме нашата намера оти сакаме да се
прибереме во Софија. Ти сега оттаму идеш, каква е положбата; ќе се пробиеме ли некако
до границата? - А бре, кога сте решиле, што да не се пробиете! Еве ви ги беловодичани, ќе ве
преметнат преку Дервен, ќе ја фатите Бабуна. Само преку Вардар ќе треба да бидете
претпазливи. Но ќе се нареди и таму. Нема таква сила по велешко како овде, - им го
кажа своето мислење Ѓорче и ги повика беловодичани што го доведоа него. - Е, попе, Иге, Милане, Тоше! Пак назад по трага откај што дојдовме. Ќе ви
бидеме некој ден и друг пак вам гости, кога Толе ни го откажа своето гостопримство...
205
- Мојот предлог е да одиме заедно до Ливада, та таму малку понараат ќе се
договориме кој каде ќе фати. Мораме да се делиме. Ошкава олелија не ќе можат селата
да кријат и хранат.
И беловодичани тргнаа назад по истиот пат по кој го доведоа Ѓорчета вчера вечер.
Бахтијар остана замајан од неуспехот. Ги испцу своите бимбашии, јузбашии,
милазими и други нему потчинети офицери, та место да тргне утредента да ги гони
востаниците, тој се зафати со пренесување на ранетите и закопувањето на истепаните
двесте души аскер.
Така слободно, ноќта, по сражението, се извлечкаа четите по сртот на Селечка и
останаа да денуваат на Ливада, на синорот Беловодица, - Плетвар - Лениште - Кокре,
токму крај она кладенче каде што пред година Шаќир му го доведе Толе Паша на
Петрета Ацев. - Е, сега кој за каде е? - запраша самиот Ацев во чијшто реон се сметаа. - Костурци - во костурско, - се провикна Циле Кономладски. - Леринци во леринско, битолчани во битолско! - загрмеа момчињата од сите
страни и се раздвоија на групички, предводени од своите месни војводи, кои не сакаа
веќе да му се покоруваат на штабот, бидејќи и луѓето од штабот, од една покана да одат
со нив во Бугарија, друго ништо не знаеја да им заповедаат.
И вечерта се разделија. Сарафов со своите луѓе и стотина четници месни
раководители што сакаа „да се одморат" се збогува со тие што не сакаа „да се одморат"
и предводен од Тошета и Игета од Беловодица, околу полноќ го пресече џадето Прилеп
Градско меѓу селата Плетвар и Лениште и до зора ја фати Бабуна и Никодинска планина
за да го продолжи својот пат преку Вардар. - Борис го помина благополучно џадето, не се слушна никаква пукотница, - им се
обрна Пере на Ѓорчета и Петрета. Ќе ја фаќа или веќе ја има фатено Бабуна. - Сигурно е поминат штом не се врати, - му одговори Ѓорче. - А ја фати ли Бабуна - ќе се свлечка; натаму нема големи потери, ќе се одвлечка, како јас што се довлечкав. - Арно ќе направиме и ние да се префрлиме на таа страна, - предложи Петре - ќе
го фатиме Ореовец мое и Крстец. Ако не спотераат агите, Баба нека е жива, Никодинска
планина. Како полабаво таму ми изгледа. Ова пустино Мариово зовре веќе од аскер. He
гледате? За три дена две сраженија имавме. - Арно, вие ќе ја фатите Баба и Никодинска, ами ние кај ќе кршиме глава? - се
јавија Лазар поп Трајков и другите костурци и леринци со Сугарев. - И јас тоа се мислам, луѓе! Да дојдете со нас, треба цела Бабуна, Мукус,
Крушевските планини и Пелистер да ги одите дури да ги фатите леринските планини.
Да се вратите откај што дојдовме, којзнае дали не ќе ве згашти пак Бахтијар! - почнаа
да се мислат Петре, Пере и Ѓорче. - Одавде, со нас, белким е послободно, но бестрага е далеку. Назад по Селечка и
Смечот, да го фаќате Скочивир и да и прејдете на Шемница, многу е блиску, ама многу
е ризично. Ич не знам што ќе правиме со вас - пак се мисли Петре. - Ризично не ризично, јас велам да се вратиме откај што дојдовме. Ако не начека
Бахтијар, најпосле и нека погинеме, неоти кај нас не чека свадба! Ние и таму ќе ги
206
крвавиме гаќите дури стојат главите, и тука. Барем од патот ќе скратиме, - предложи
Иван Попов и ги погледна своите другари. - Што велите вие другари? - им се обрна лично. - Согласни сме, Иване, зошто да не! Што ќе губиме недели, може и месеци по
оние ридишта, да му ги дадиме главите на Џавидпаша, да му ги однесиме на нашиот
Дургут паша, ако ги спасиме од Бехтијара, - одговори Циле за сите. - Тогаш и со вас да се делиме, макар со тага на душата, - проговори Ѓорче, a Петре
ги замоли поп Пана и Милана од Беловодица да им бидат на услуга уште некој ден и
друг на костурци и да ги испратат барем до Скочивир, да ја прејдат Црна, та понатаму
нека си водат сметка тие.
Така се разделија прилепчани од костурци. - Одете со здравје и гледајте, не оставајте го народот во очајание. Насрчувајте,
бодрете, убедувајте дека не е се пропаднато. Ќе светнат посветли дни, ќе се исправат
грешките и ќе дојдеме до слободата. Само трпение и цврстина препорачувајте. Да не се
распадне Организацијата и народот да се почувствува немоќен, та да ја изгуби верата
во себе и своето раководство. Ние пак ќе се собираме и понатака и ќе кроиме планови.
Ајте ми со здравје и вардете се! Вардете ги вашите глави баш за тоа народно дело! - беа
последните зборови на Ѓорчета. Се прегрна со сите, се избакна со солзи во очите и ги
остави, а тој тргна со прилепчани на север.
Костурци останаа на милост и немилост на судбината. - Да тргаме уште ноќеска дали не е ризично? - почна со предлогот Сугарев. - А бре, да одмориме уште утре овдека, убаво е местото, високо. Ене, Мариово
сето се гледа како на длан, белким ќе видиме некои знаци на движење војска, белким
ќе накачи некој селанец, барем малку од малку да знаеме кај одиме, да не му рипнеме
на волкот право в уста - проговори Попов. - Еве ги луѓево што ни ги оставија Ѓорче и
Пере; ќе потслезат до преслапна, ќе најдат некој овчар, ќе подразберат, - па им се обрна
на попот и Милана: - А, попче? Што велите вие? Ќе можеме утре да подразбереме нешто од некого?
Или да тргаме уште ноќеска? - А бре, браќа, по мое мислење ризично е да тргаме, ризично е и да останеме.
Бахтијар може да биде замајан еден два дена, на третиот чекајте го по цело Мариово и
Селечка. Ќе си имаме уште расправии со него. Туку, и да тргаме ноќеска, еве, ноќта
прекрши. Ќе стигнеме најмногу до „Висока". Токму ќе му појдеме на волкот в уста, што
рече еден пред малку. Да преденуваме, најпосле, уште утре овдека, па утревечер уште
совреме да му се обидеме; ако можеме да се извлечкаме некако! Но јас би рекол нешто
друго ако сакате да ме послушате. - Да чуеме! - Да се разделиме и ние ноќеска, за секој случај. He видовте некни на Маргара.
Ако не беше Циле со оној другар, Ивановиќ ли, како се викаше? - со знамето на другата
чука лошо ќе поминевме сите на едно место! Затоа, ако сте согласни, едниот од нас со
Милана да остане со половината од вас овде, а едниот и другата половина - да ја фати
онаа друга чука - Лигураса се вика - па ако, биде нападната и опколена едната група,
другата да може да и помогне, наоѓајќи се надвор од обрачот.
207
После: таму, зад Лигураса, има едно селце, Вепрчани се вика; ќе гледаме да се
добереме и некој сомун леб да пригодиме. Ако тргнеме по ридиштата без залак леб, ќе
позастанат момчињата, не ќе можеме да ги одведеме, - заврши поп Пано со својот
предлог. - Се прима, попче, се прима! Вие сте тукашни и верни луѓе. Како ќе речете, така
нека биде! - се изјасни за сите Лазар.
И се разделија. При тргањето го утврдија правецот на движењето: - Што да стане стане; зборно место ќе биде селцето Паралово зад Смечот, - им
рече Попов кој остана со Сугарев, Цилета и своите четници. А Смечот веќе сите го
знаеја, бидејќи оттаде дојдоа во Мариово. А ако не се случи нешто лошо, Милан
утревечер пак ќе ги врати сите и заедно ќе тргнат по сртот на Селечка.
Милан ги остави четниците на чуката и во утрешната мугра тргна за Вепрчани.
Но кога наврте на долот, на пет шест стотина метра од чуката, од растот испадна војник
со пушката на готовс и громко извика: - Теслим, бре ќерата! - и просто му ја допре цевката од пушката на Милана в
гради.
Милан ги крена рацете во знак на „теслим" и војникот го отера кај онбашијата.
Овој кај чаушот, та дојде и до јузбашијата. - Камо комитите, бре ќерата! - го запраша јузбашијата Милана, а Милан се прави
недоветен. - Воловите, ефенди, воловите ми побегнаа навака, ги барам. - Воловите, кравите, коњите, маските, тоа вие барате, анасени... ана! Сите вие
воловите барате, а криете и раните комитите. - My се овргали јузбашијата и нареди да
го кутнат и бијат.'
Списка Милан колку грло што го држеше, повеќе за да чујат четниците отколку
од болките, но беше веќе доцна. - Каде се комитите, бре пезевенк! Кажувај оти сега ќе одерам жив! - почна да го
тевтиши сега бимбашијата Милана, кога јузбашијата го извести за фатениот селанец. - Аир ефендум, какви комити барате од мене, мирна раја! - се правда Милан, но
ќотекот се продолжи, и по заповед на бимбашијата Милана го обесија на еден даб. Душа
испушти, но збор не испушти каде се комитите.
Ги слушнаа Милановите пискотници четниците на врвот на чуката и се вомјазија. - Било, речено, ќе ги оставаме главите овдека, - тажно проговори Железаров. - He правиме белким лошо да се иставиме дури е рано. Ете, од спротивната страна
ништо не се забележува, - предложи Златков. Се согласија Апостол и Пешковчето и
еден викна: - По нас, деца!
Четниците тргнаа по војводите на спротивната страна од Милана, назад кон
Ливада, со надеж да се искачат на тој највисок врв и да ги најдат своите другари Попов,
Сугарев, и Цилета и да ја поделат борбата и судбината, но на двесте триста метра под
208
чуката просто нагазија на залегнатиот аскер, кој ги дочека со плотун од десет метра
растојание. - Оооф, мајке мори! Me изеде! - писна Пешковчето и падна на место. Другите
залегнаа во растот и отворија оган, a пo кратко време затрештија и бомбите, но аскерот
не се раздвои. Напротив, на самата преслоп Лигураса засвире буријата и од сите
долишта се назагнаа војници во правецот на сражението, зацврстувајќи го обрачот. А
веќе почна да се разденува.
Педесетината момчиња, колку што дојдоа со овие војводи, почнаа да фаќаат
поудобни метеризи, но Турците ги опсипуваа со град куршуми, та уште несместени
паднаа пет шест од нив, меѓу кои и Коста Младенов од Дуње, којшто прво реши да оди
во Бугарија со Борисовци, но на Ливада се попишмани и тргна со Пешков, како вешт на
местото да ги доведе, а десетина беа тешко ранети и онеспособени за борба.
Нерамната борба се разврза откако се понаместија четниците и аскерот. Над
илјада души аскер ја опаша со неколку редици чуката и нарипуваше секој половина час
на јуриш. Бомбите ги одбиваа јуришите, но од пладнина почнаа поретко да грмат,
бидејќи беа на привршување.
Зад еден плочест камен фати метериз Димитрија Миндев од Карамани, четник на
Пешков, а на долниот крај се довлечкаа над педесет аскери. Дури дојдоа до плочата
Димитрија кутна шестина, но другите не се откажаа. Фрлија и тие бомба зад плочата и
Димитрија се запрпелка во правот, но остана сиот облеан во крв по лицето. Беше го
закачило парче во десниот образ. - Теслим, бре ќерата! - извика чаушот од зад плоча и рипна напред да го налегнува
Димитрија. - Имам уште за тебе, бре куче! - извикна Димитрија и тргна со берданката. Го
изарчи и последниот фишек што го чуваше за себе. My го „подари" на чаушот од кој
овој падна на плочата пред самите негови нозе.
Co пушката за цевка рипна трипати по плочата и се најде пред десетина штикови.
Замавна лево и десно со кундакот и кутна уште двајца, но рацете му се олабавија, a
забите почнаа да му чкртаат. Офна силно и се фати со двете раце за двете слабини во
кои веќе беа закачени два штика. И тој падна мртов, продавајќи ја својата глава за
десетина турски. Аскерот се насобра по педесет души на еден четник и нарипа живи да
ги фаќа, но овие се држеа зад стените и Турците секое нарипување го плаќаа со по еден
два убиени другари и пак залегнуваа и тие зад своите метеризи. Фати пладнина време.
„Кој ќе издржи до мрак?'се прашаше секој четник во себе, а бимбангијата се плашеше
да не се замрачи, та и оттука да му се извлечкаат комитите.
„Каде ли се Иван, Циле и Горѓи што ги нема да се јават? - се прашаа во себе Тодор,
Петре и сите живи четници, не можејќи да ги слушнат грмежите од пушките и бомбите
од Ливада, каде и нив Бахтијар ги нападна, но благодарение на честата гора овие лесно
се префрлија на Ленишко, кое не беше опседнато, та над самото селце го заметнаа
трагот и удрија кон југ, заблудувајќи го аскерот со сражението на Лигураса. Турците
помислија дека четите се движат кон исток каде на ЛиЃураса веќе беше започнато
сражението од Златков, Железаров и Пешковчето, та место да трчаат по овие што
побегнаа кон југ, тие се назагнаа на исток, убедени дека натаму бегаат. Затоа Попов,
209
Циле, Сугарев и другарите не им помогнаа на овие што беа сега овде опколени, но затоа
пак тие се извлечкаа без жртви и опасност од опколување.
„Ех! Камо сега некој Толе Паша да се јави однекаде в грб!" си помисли Златков и
длабоко издивна. „Не е секој ден Велигден, Тодоре, не е!" - почна да очајува, не гледајќи
излез од тешката положба.
8.
Кога се раздели Толе од војводите, со него, покрај неговите осум души арамии и
Мише Ќосото, останаа од прилепската чета сите четници што беа родум од Мариово,
меѓу кои и Стојо Којде од самото Орле и Петко Кормакот од Маково. - Е, деца, како шо гледате и ние останаме баеги на куп. Јас вела и ние да се
разделиме на две три чети, за да можеме полесно да се криеме и раниме! - им предложи
Толе на овие другари. - Добро, бацко Толе! Ка ќе речеш ти така нека биде, - одговори Стојо, - ама пак
ние тебе те сакаме да ни бидиш главабашија. - Лесна работа е за главабашија, џанум. Главно е сега да и довардиме главите, та
за главабашии, буљукбашии сете веќе сме печени, - му одговори Толе и ги раздели на
четири чети: - Еве ти, Стојо, земи и виа твојте орленци, марулчани, мојте крушевчани и
чанивци пет шест души, и држи а Маргара, до кај Будимеш. Петко нека и земе маковци,
бончани, рапешани, црничани - нека го држе „Смечот" ондеа; на Андона - ќе му и дајме
неговите дунчани, вепрчанци, пештанци, кокрчани и каленци - нека се вртка по Ливада
и Дренска планина, a јас со Трајка, Ќосото и други прекуреканци ќе прејда одонаде река
во старо Мариово, ако можеме да и поносиме главите ошче по некој ден и друг.
И уште истата ноќ и тој се раздели со Стоја и Петка и тргна со Андона кон
Крушевица, откаде го зеде со себе помалиот свој син Велјана да не падне и тој во рацете
на агите, како постариот Трајко кој веќе, заради татка си, беше затворен пред една
година.
Но претчувствувајќи дека Бахтијар ќе ги насочи потерите по побегнатите кон
север чети, тие не се задржаа во Крушевица; ниту Толе се раздели од Андона да прејде
во својот „пашалук" преку Црна, бидејќи пред два три дена таму го бркаа; но заедно со
Андона се истави до селцето Вепрчани, на границата меѓу мариовските и дренско
радобилските планини, та ако дојде некој зорт, да ги фаќаат нив, бидејќи тие не беа
уште газени од потери. И така, кога Сарафовци денуваа на „Ливада" и кога ноќта се
разделија, Толе почиваше крај своето Ќосе во Вепрчани, а Андон крај Андоница во
Дуње, за да дотрча околу полноќ во Вепрчани и да му јави на Толета, дека Бахтијар ја
испрати војската по нив по Селечка. - Нека добредојде сега и Бахтијарица, лели сме блиску до Дренска - му одговори
Толе и нарача јадење за тој ден.
Но уште убаво не беше разденето - почнаа грмежи од пушки и бомби на ЛиЃураса,
која беше на петшест километри од селото.
Нарипаа четниците од Толета и Андона, дојде и Толе со Андона и Ќосото и почна
да се чуди.
210
- My реку јас побрго да се влечкаат оти ќе и згашчи Бахтијар, а тиа како брливи
се заврткале тука! Тих; орман да ватат, пак сака да и откинуваш! Ќе не повлечат и нас
да влеваме в оган, бесот да и вате! - се замисли Толе и нареди на еден од четниците да
види што стана со ручекот - да го забрза. - Ќе причекаме, деца, да видиме белки сами ќе се ископелкаат некако. Ако и
сардисаат како на Маргара, ќе се влева во бој, нема чаре. Кога веќе се најдоме тука
греота и срамота е да и оставиме, макар тие да си го бараа сето воа. - Ти ка ќе речиш, башко Толе, ти. Ако е за влевање, ќе влеваме. Наши луѓе се сете
тиа. Ако а грешиле сега, белки ќе а погодат утре, шо е тоа лав непомагање - се искажа
за сите Ќосото како најблизок „четник" на Толета.
Ручекот втаса уште кај десет саатот. Се наручаа Толевци убаво и слушаат белким
ќе престанат грмежите, но тие уште се засилуваа. - Аха! Виа побратими пак заглибиа! - почна да се чуди и тревожи Толе. - Ќе се
оди, деца, ќе се оди, токо гледајте со ум. Гледајте во мене, јас шо ќе права - правите и
вие. А ако дојде нешчо да не распердушат и нас, ќе се бараме преку Црна во Врпско.
Кој каде ќе може нека а преоѓа Црна и нека a ваќа Становица златна - си ја даде Толе
командата и го јавна Белчета тргнувајќи на сред бел ден во заштита на опколените
Златковци и Железаровци на ЛиЃураса.
Турците, зафатени со сражението, не се сетија да погледнат назад и да видат што
иде зад нив. А тие што се завртуваа, иако забележуваа некакво движење на луѓе, мислеа
дека аскер од други табури им иде на помош, та Толевци слободно се приближија кон
ужина до самиот нивен грб, на стотина метра, и користејќи ја шумата и карпите низ неа,
како и доминантната положба на врвот (Толе секогаш гледаше да биде на повисоко од
потерите и тоа го спасуваше), отворија оган од своите дваесетина манлихери и берданки
пак в грб на аскерот.
Бимбашијата, којшто сето внимание беше го насочил кон сражението со Златков
и Железаров, кога ги чу овие залпови просто се избезуми. Веднаш нареди на буризанот
да засвири тревога. Ова ги узбуни сите војници и им го повлече назад вниманието.
Некои разбраа дека буријата свири отстапување, толку повеќе што Толевци почнаа да
фрлаат и бомби токму зад нив. Се направи во главите на офицерите и чаушите една
збрка,та први тие летнаа да бегаат надолу. По нив аскерот, a пo него се спуштија
четниците и уште со пo некоја запазена бомба го скинаа и овој кордон, како оној на
Маргара. - Вамо, бре едепц'зи ниедни, кај кршите глава по аскер, не гледате шо сила е! -
почна да вика Толе од својот коњ кога го виде обрачот скинат, а четниците надвор од
него.
Дадоа некако знак за повлекување на исток и се источкаа низ растот тие што
останаа живи; се ставија со Толевци, оставајќи го Пешковчето и десетина петнаесет
четници и на овој црн врв. Го прегрна Тодор Толета и го избакна. Се избакнаа и
неговите четници со Толевите и Толе ги поведе по мракот сите кон Вепрчани, откаде
уште истата ноќ ја прејдоа Црна и ја фатија жиовската Станоновица. Ги снабдоа
вепрчани дента со леб и Андон ги испрати по сртот Зелка, Ѓурѓишта, Трибор, Перун,
Козјак, Добро Поле, Соколот, го фатија Кајмакчалан и си отидоа на мушата: Леринско,
211
Воденско и Костурско, да се сретнат со Иванов, поп Трајков, Апостола, но без Цилета,
бидејќи и тој падна во ова време како Пешковчето на ЛиЃураса.
9
Прилепската чета, со која отидоа Пере и Ѓорче, закрстари по Баба, Никадинска
планина и Бабуна, но Бахтијар ги насочи потерите и на таа страна, та еден ден мораше
и таа да се растура. Пере слезе в град да се крие и да работи на подигање духот кај
старите работници, а Ѓорче намисли да отиде во Битола. Затоа го замоли Ацева да го
префрли пак во Мариово, толку повеќе што Бахтијар ги истегна војските од старо
Мариово и ги префрли по Селечка и Бабуна, та Толе пак остана слободно да „пашува"
во својот „пашалук". и му ја исполни Петре желбата на Ѓорчета. По познатиот канал
Беловодица - односно Ливада и Вепрчани, една ноќ ја прејде Црна и преку Врпско, по
ридот, каде што се извлечкаа Златков и Железаров, се најде уште утрото на Кравица,
откаде можеше да го види и Солун, не само Битола.
На бичкијата од Тошета најде селани од Градешница и разбра дека тие дни
потерите се тргнале од кај нив и дека Толе господари со овие села. - Ќе ме водите кај него - ги замоли Ѓорче и уште истата вечер тргна со двајцата
свои четници. Другите ги остави со прилепската чета. - О, добредојде, господин Ѓорче, добредојде! Пак кај мене на гости? - го поздрави
иронично Толе и се зачуди, зошто овој голем војвода не си отиде со другите во Бугарија. - Кај тебе, брат Толе, но не за долго. Ќе те молам за една услуга. Да ми најдиш
еден човек што ќе ме одведе во Битола, - му одговори Ѓорче. - Битола? Ти стиска сега да одиш во Битола? Ами Бахтијар не е кренат сосема од
Маково, а патот токмо преку него врви, - се зачуди Толе. - Таму сакам, Толе, таму да поминам. Но ќе ми треба човек што го знае патот, да
не одам без пат, оти поризично ќе биде. - Тамо - тамо! Кога ти зела главата ветер! Ете, утре ќе одат пазарџии со штици, ќе
тргнеш со ниј со едно магаре, оди ми со здравје, ама јас не одговарам за твоата глава, -
се искажа Толе и го викна Гулета. My го предаде Ѓорчета со два збора: - Човекот сака да биде мариовец и утре пазарџиа за Битола. Најди му алишча,
човек и едно магаре со штици.
Митре си ја зеде грижата. Толе ги беше научил луѓето од својот „пашалук" слепо
да ги исполнуваат неговите наредби. Го одведе Ѓорчета кај Чачовци, го облече во
Тодорова мариовска облека, (најискината и најизвалкана што беше); Ѓорче ги остави
своите комитски алишта, пушката, нагантот, биноколот и убавите јанински опинци;
заврза едни свински со сиџими и тури на глава еден калнав искинат фес. Co еден збор
се направи мариовец и половина. И чекаше да се осамне за да тргне со самиот домаќин
Тодора Чачев со двете маски и магарето.
Толе не можеше да дотрае, а да не види каков ќе изгледа Ѓорче како мариовец, та
в зори отиде кај него. Кога влезе во куќата, го виде Ѓорчета да седи на билото, замислен.
Погледна и ја опфати целата негова фигура, но веднаш се тргна нешто. My се приближи,
го поздрави и го праша: - Е, готов ли си, господин Ѓорче?
212
- Како што гледаш, брат Толе.
Толе се наведе пред него, го фати за големата црна брада и почна да му ја тресе
главата. - Ами, метлата, господин војводо! Мислиш не ќе познаат агите оти ваа работа не
е мариовска? Кој мариовец носи волкава брада? - и му се обрна на Тодора. - Дај и Тодоре ножиците да го направиме господинот токмо мариовец, да не си a
земите обата бељата по Маково.
Ѓорче се скамени наместо кога прецени дека една таква ситна работа можеше да
го издаде, и не мрдна од местото дури Толе со големо задоволство не му ја „искастри"
брадата. Кога се помазни по лицето и виде дека од убавата црна брада останале само
корењето, силно се натажи, та дури и обескуражи, небарем сета сила му се зеде. Но друг
излез немаше и тој тргаа во зората со Тодора; вечерта благополучно стигна во Битола,
врвејќи низ синџири аскер по Маково.
10.
Најпосле остана Толе сам да „пашува" по неговиот „пашалук" - старо Мариово,
со своите арамии.
Ги зареди слободно сите села. На Црна се стави со Андона и си ги даде своите
наредби, бидејќи тој остана и понатаму главабашија на сите четири чети што се
образуваа од неговата арамиска дружина. - Ете така, Андоне; ќе му пренесиш на Стоја и Петка. Времето веќе наближуа за
зимуање. Нека ваќаат меќани до пролет. A кога ќе закука кукавицата, ќе се најдиме пак
во мајката планина. - Co тие зборови се раздели Толе од Андона и прошета уште некоја
недела месец низ Мариово, барајќи од селата каде денуваше да го почитаат како
единствен господар.
Почна Толе и да суди на својата територија, а не само да ајдукува.
Полчивци и Дунчани се караа за синорот Раково и Рамништето и сто години цели
борби водеа чија стока да ја пасе тревата. Полчивци полагаа право на неа што ја купиле
старите од султанат, кога изгорело селото Лисиче. Долга и широка беше таа историја
со Лисиче, што ја кажуваа старците на своите внуци и правнуци.
Мариово, пред двесте триста години било етимско ничие; друга прикаска имаше:
како тоа било хасчифлик лично на султанот, кој го подарил на својата султанија Мара -
Кола Марија - и оваа ги ослободила мариовците од секакви даноци. Но едно беше
главно: тие села по Мариово во тоа старо време беа слободни, без бегови и господари,
та беа се поткренале и материјално.
И еден ден идат некакви Турци трговци од Битола во Лисиче и од осум куќи село,
купуваат седумдесет волови. Ги плаќаат Турците воловите, но при тргнувањето еден ја
завртел главата некако заканително. По одењето на Турците, селаните почнале да си го
толкуваат вртењето на главата од Турчинот. Коџабашијата тоа го одгатнал вака: - Турците видоа дека од осум куќи село купија седумдесет волови. Значи селово
е богато! И сега ќе си одат во Битола, ќе соберат свои луѓе и ќе дојдат да го опљачкаат
селото. - „Ами чаре?" - повикале селаните.
213
- Чарето тоа е. Да му се загнеме по нив и да ги оплескаме по Топли Дол, - им
советува коџабашијата.
И така направиле. Ги отепале Турците - трговците во Топли Дол зад Чаниште и
си ги вратиле назад продадените волови.
Власта ја иследила оваа работа, го изгорела Лисиче, ги истепала селаните, ги
преселила децата и жените, а за судските трошоци го продала целиот реон од Лисиче
(Раково и Рамништето) на Полчивци.
Подоцна тука блиску се заселило селото Дуње и почнало да ја пушта својата стока
во ова пасиште, кое Полчивци го чувале за зимовиште, бидејќи летна паша имале во
големата планина.
Ете, по тие причини полагаа право Полчивци на оваа земја, а на Дунчани им беше
двор, и стотина години се караа, та дури и жртви даваа. На Дунчани им беше пред нос,
на Полчивци пет шест сати далеку од селото, но си имаа тапија за него и не сакаа да му
го отстапат. Кадијата од Прилеп секоја година земаше по стотина двесте лири од секое
село и спорот не го решаваше.
Затоа Толе реши да и тури крај на таа кавга и пресуди местото да го користи Дуње. - Де ако смее некој од полчивци нека а погази ваа моа пресуда! - Им рече еден ден
на сретсело. - Ќе го обеса секого кој ќе наврти да и брка Дунчани од Раково.
И го направи. Го обеси на дабот пред неговата колиба Петка Ромков што отиде
во Раково, газејќи ја Толевата пресуда. Кога се разбра таа работа, ниеден полчишец таа
зима не прејде преку река да ги вознемирува Дунчани.
И не само за такви големи работи Толе судеше.
Се скарале во Градешница две жени на чешмата, која прва да лее вода.
Обесправената направи давија на бацка Толета и овој ја извиде работата на сретсело
пред сите селани. Се утврди дека чорбаџивката Милка Мачкарова ја нападнала
будаличката Стојна Мојанчева и и ја искршила стомната, та дури и една рака коса и
искорнала од главата, сакајќи преку ред да залее вода. - Дваесет и пет на Милка по голо месо! - му нареди Толе на Брниклијата кого го
одреди да ги извршува неговите пресуди. И овој пред сите ја грабна Милка за прцле и
ја кутна. И ја засука кошулата и и наброја дваесет и пет дренови по дебелото месо, на
очиглед на цело село. - Неќу кавга ни ѓурунтиа дури повелам јас овде! - викаше Толе во секое село кога
ги собираше селаните да ги расправа нивните меѓусебни препирки. И повелаше,
пашуваше, попуваше, та дури и владикуваше Толе. Се заинати поп Тодор во
Градешница и неќе да го венча сина му на сиромашецот Васил Ватралката оти немал да
му плати две лири, една за него, една за владиката. - Ќе венчаш, попче, како поп токо не мачи го Трајка. Јас су овде и владика и
патрика, - му нареди Толе и му се опули на Брниклијата, кој веднаш рипна и го грабна
попот. На молба од селаните не ги окрка дваесетипетте дреновци. - Јас немам апцани да ве затварам и да ве држа со месеци и години како Турците,
ами вака: вртомчето и стапот нека ми се живи. - Кој не слуша ќе го мрси вртомчето или
214
ќе го крка дреновакот - беше неговото разбирање за правосудието. И така постапуваше:
за поголеми грешки - бесилката, за помали - дваесет и пет по голо месо.
И дури пашуваше тој по Мариово, ниеден селанец не стапна во турски уќумат да
тужи некого. Се што имаше - им судеше Толе.
Но, времето си врвеше. Помина септември, октомври, та дојде и ноември со
неговиот Митровден. Според српската поговорка „Митров данак хајдучки растанак" и
Толе мораше да бара зимовиште, толку повеќе што востаниците ја напуштија борбата,
та и тие се прибраа да се издишат, некои по Бугарија други, ете, по градиштата, како
Пере и Ѓорче.
Бахтијарпаша отсекаде добиваше извештаи дека бунтот е смирен, само
витолишкиот јузбашија и мудур му се плачеа оти Толе уште врлува во нивниот реон и
оти тие не се во состојба да го смират него. - Толку поарно, - си рече еден ден Бахтијар. - Имам мана да ја прехранам војската
по овие села место да ја враќам назад по Анадол. А ќе можам да земам и уште некоја
стотица лири од овие ѓаури.
И така направи. Четири бимбашии со по илјада души војници остави да зимуваат
по селата во Мариово. - Тестир ќе дадете на оваа песја вера. Нека пцовисаат до еден зимоска од студ и
глад - им зборуваше Бахтијар на бимбашиите кога ги испраќаше на зимување. - Еден во Старавина, еден во Витолиште, еден во Дуње и еден во Маково ќе
бидете. Во секое село по петина аскери на куќа. Истерајте ги од дома и мачките нека
пцовисаат по племните и трлата. Јадење, пиење, зоб за коњите, огрев, облекло, обуш од
нив. Нека видат и осетат дека султанот повела овдека, а не некакви Толе Пашовци,
војводи и комити.
Co тие зборови се збогува Бахтијар и си отиде во Битола да ја проведе зимата,
заплашувајќи ги бимбашиите дека ќе ги посети да се убеди дали оваа негова наредба ќе
биде исполнета или не, што и го направи баш сред зимата, околу свети Атанас.
И токму настапија првите есенски дождови и лапавици, ги наполни аскер сите
мариовски села. - Ајде, коџабаши, конак за осумстотини души аскер и тројца забити, - му нареди
мудурот во Витолишта на копабашијата Трајка, а овој ги собра сите аази и одведе во
секоја куќа по пет души војници Анадолци од груби погруби, од гнасни погнасни,
погани, просто ѕверови. И првиот збор со затечените селани, жени, деца во куќите им
беше: - Сик дишери, бе анасени ана, ѓаурлар. Дишери, дишери, дишери, ) - и не чекајќи
овие да излезат, ги фаќаа за раменици и ги исфрлаа како партали во дворот на дождот
и снегот сред вириштата и калта до колена. - Племната, деца, ваќајте а племната; ако можите во сламата да се позатоплите,
друго чаре нема, - им советуваше дедот Бале на своите десеттина членови од
семејството. И овие го послушаа, ја отворија племната и се закопаа децата во сламата,
а возрасните ги скрстија рацете и ги удрија главите ничкум.
215
Дома останаа да господарат Анадолците. Ги растоварија раниците, го распалија
огнот и прва грижа им беше да се најадат, та почнаа да претураат по куќата. - Бурда, бурда вар екмек, (Онде, оиде има леб. ) - радосно се провикна еден,
отворајќи ги ноќвите и гледајќи ги топлите сомуни, што ги намеси денеска невестата на
дедот Балета.
Но со лебот требаше и нешто друго. A затоа тука беа двассеттината кокошки за
прва потреба, па после ќе дојдат на редот овците, козите, кравите, воловите, та не ќе
куртулат ни магарињата кога ќе се свршат копитарите со расцепени копита.
И така аскерите ги зазедоа куќите, a селаните ги преселија децата во племните.
Co стискаа, мрзнеа, боледуваа; изумреа сите деца под една година и старците,
додека пукна пролетта да се постоплат на сонцето тие што останаа живи.
Како за инат и времето им ги зголеми страданиите. Од Арангела, кога падна еден
снег, до стреи, одвај кај Мученици се распраи времето. - Така, чорбаџи Трајко, Димо, попе, даскале, така. Сакавте да бркате мене и
Сефедина со аскерот, еве уште осумстотини души ќе рагате, дури не се умирит овој пис
милет, - им зборуваше Арслан на коџабашијата и другите селани кога идеа да се плачат
од зулумите на дивите Анадолци. - Ќе раните, ќе трпите и ќе пукните кога не седите мадро - им одговараше Арслан.
А дали се трпеа зулумите од овој алабак табури? И дали тие зулуми беа малку па
да се истрпат?
Ретко ќе се најде перо и рака да ги опишат, но отприлика изгледаа вака: - Аман ага, аман пашум, аман султанум! - пиштеше и се виткаше од ударите дедот
Стојко Кусибоја налегнат во сред двор во тињата. - Аман - заман јок, нерде кумитлар анасени... ана! ) - викаше онбашијата и маваше
по старецот со една недокастрена суровица.
He беше работата за комитите, но дедот Стојко не донесе мед што му нарача вчера
Расим, та го окрка ќотекот.
Кај Батанџиовци една вечер станаа пискотници во племната. - Бабо, бабо, бабо! Нерде о невесталар? - почна да вика еден од чаушите што седеа
кај нив, а зад него стоеја уште десетина такви. Бабата Стаќа се направи да не разбра што
бараат, та тивко одговори: - He се тука машките, ефенди, не се тука, утре ќе си дојдат од колибата, - и сакаше
да ја затвори вратата од племната, - но еден што разбираше по нешто македонски ја
кладе ногата на прагот, ја задржа вратата и и се овргали на старата. - He требат нам машките, мори магарице. Камо невестите, сакаме да поправиме
малку муабет со нив, да поминит времето.
Двете невести, Јова и Петкана, и дванаесет годишното девојче Митра ја разбраа
работата и се закопаа во сламата како прасиња во буниште, но чаушите навлегоа во
племната, ги грабнаа вилите, ја избуричкаа сета слама и ги извлечкаа скриените жени и
девојчето, та им ги затнаа устите на трите со шамии.
216
Зимата продолжи. Амбарите почнаа да се празнат, овците, козите и говедата да се
намалуваат, но налет сермијата што отиде, ами другите зулуми не се поднесуваа. Секој
Турчин маваше на секој селанец, селанка па и на децата. - Нерде сагодина, бре ќопек! - ги дочекуваа аскерите селаните и маваа по очи - по
глава само затоа што некој заборавил да го поздрави со омилениот им поздрав: „да ти
се ногу години, ефенди".
Но најстрашно беше посегањето на жените. Откако дојдоа Анадолците ни една
млада жена не смееше да се појави надвор од племната. - Сак'н, мило чедо, не излевај да не си а земиш бељата, - беше првиот збор на
секоја мајка и свекрва што имаа млади ќерки или снаи.
И ако се наложуваше некоја да излезе, таа прво си го гаравеше лицето со саѓи, се
забрадуваше со црна искината и извалкана шамија, но и така ретко да беше спасена од
срамот и нападите на аскерите, кои гледаа да дојдат до жена, та убава лоша, млада стара,
немаше значење. За некое миење, преслекување и перење, ни збор не можеше да стане:
жените станаа чуми, мажите - вампири, дивјаци. Отунаа во коси и бради, зовреа вошки
во нечистотијата, а овие донесоа триста болести, та скоро половината население од
селата изумре, а пустите куќи од ден на ден се умножуваа.
Па и тие - куќите - не поминаа подобро од луѓето и стоката.
Околу средето на зимата се досвршија дрвата по двориштата и аскерот почна да
гори се она што беше од дрво направено.
Почна со јаслите од долни крај, продолжи со амбарите, каците, ноќвите, а кога и
овие се досвршија им се загнаа на кочините, говедарниците, та дојде редот и на
племните во кои живееја селаните. Co триста молби и придавачки нареди бимбашијата
да не се откриваат барем половината племни во кои живеат луѓе, но затоа дојдоа на ред
гредите, диреците, клештилата и желниците од самите куќи во кои живееја самите
аскери. Откривајќи ги куќите, студот се повеќе и повеќе навлегуваше во покриениот,
но одграден простор и огнот мораше да плапоти без престанок. А за тоа требаа дрва,
кои селаните со своите гладни и мршави магариња не беа во состојба да ги донесат ни
лебот да го испечат, та остави за греење.
Но времето си ја тераше својата работа. Околу Мученици се пораспарталија
облаците и се прозаби небото за да може да се пробие некој и друг зрак од пролетното
сонце. My се израдуваа тие што останаа живи и излегоа крај ѕидиштата да ги затоплат
измрзнатите коски и да ја поискашлаат кашлицата што ги нападна уште пред два три
месеци.
Тоа ги раздвижи и аскерите и овие почнаа да излегуваат од дома, а и бимбашијата
нареди обука, та така куќите се поиспразнија и децата се поиздишија на припекот по
двориштата.
Но селаните не и се радуваа сега на пролетта како порано. Колку да беше времето
убаво за работа, тие немаше со што да тргнат. Маските, коњите, магарињата токму сега
почнаа да пцовисуваат, воловите ги изеде аскерот, а овчарите останаа со стаповите в
раце и ѕвонците по мутлите нафрлани, бидејќи се се изеде и изумре од глад, која затропа
на сите селски врати. Но мајката природа секогаш притекнува во помош на своите
рожби. Сонцето ги извлечка од земјата копривите, штавеот печурките и други билки од
217
кои можеше да се свари зелјице и да се фаќа нова крв, та така децата по цел ден береа
зелје, полжави, копаа корење од диви кочани и со сем земја ги полнеа своите празни
стомачиња. He малку изумреа и од оваа лоша храна, но пак не се исполни желбата на
Арслана да се заличи и семето од овој пис милет. Колку за семе останаа и машки и
женски, макар половината; може и преку половината изумреа.
Нестанокот иа храна по селата ги загрижи бимбашиите, а и им се досади цела
зима по пустите мариовски села, та предложија сите четворица да ги прибере Бахтијар
во Битола, бидејќи и така немаа никаква работа. И навистина, преку зимата не се покажа
потреба да бркаат некој комита. И кој би бил тој толку будала зимно време да брка
комитлак? Кој можеше да се скрие од толку аскер во секое село кога земјата е посипана
со бело брашно"?
Затоа и Бахтијар се согласи со предлогот од бимбашиите и во крајот на марта и
почетокот на април ги прибра Анадолците во Битола.
„Ако се појави некаде некој трн, ќе ги пратам одовде", - си помисли тој во себе.
11.
Кога виде Толе дека селата се наполнија со аскер, а и времето заклучи, народот
војската го задржа во селата, јасно му стана дека не ќе може да презимува по меќанот -
по колиби трла - како што правеше минатите години. Затоа реши и тој да се прибере во
нефшлело од неговиот „пашалук", но сега не како паша, ами како обичен мариовец.
Стигна некако до чебренскиот манастир, ги соблече Ѓорчевите кумитски алишта
што ги зеде од Чачовци кога Ѓорче замина за Битола, ја наметна поповата антерија и
долама, ја кладе поповата шапка, а бидејќи пооди некој месец и друг небричен и
нестрижен се направи токму „папаз ефенди".
My побара на јагуменот поп Ристета еден такам женски алишта, го преслече
Ќосото и срцето му запрва од радост кога го виде по толку години пак невеста, како што
беше некогаш кога се запозна со неа кај Брлета. My ја остави пушката и седлото од
коњот на попот, а со нив заедно Брниклијата, Најда и сина си Велјана за „момци" на
манастирот до Ѓурѓовден. My кладе на Белчета негов еден самар од манастирските
коњи, и една сабота, тој јаваница, Митра по него, околу мракот му отиде на Бешот во
Полчишта, кој штотуку се беше вратил од затвор.
Поп Ристе го познаваше мошне убаво Толета и Трајка, но сега не посмеа ни да
помисли за некакво предавство. Едно, што го гризеше совеста за она што го направи
пред два три месеца кога ги предаде четите на Маргара; а друго: со ова сакаше да го
задолжи Толета и да ја ублажи својата одговорност ако излезе еден ден на видело
предавството. Затоа му услужи дури и со својата свештена облека и шапка и му вети
дека ќе ги држи Трајка, Најда и Велјана како момци на манастирот без да ги тера дури
и на работа.
Толе му стави до знаење што го чека во случај да го предаде и се раздели
пријателски, дури оставајќи на дизгот во црквата десет лири пари, што ги собра летоска
од црквите по селата.
Кога удри вечерта на караулот на крајот на Полчишта не се изненади. - Ќимс'н сен? - извика војникот, но гледајќи го попот на коњот и жената по него
си промрмори нешто за себе, во кое време Толе му одговори:
218
- Бенјим папас ефенди, - и не запирајќи го коњот помина крај војниците откои
едниот ја изгледа похлепно Митра и му ја покажа на другиот: - Бак, бак, кардаш, ѓузел ѓелин.(Види, види, брату, убава невеста.) Толе влезе во
селото, го најде Бешот кој се изненади на неговата смелост и дрскост, но познавајќи му
го убаво табиетот, ништо не му советува или препорача кога му рече Толе дека тука ќе
зимува зимава: - Сега ти си знајш, брат Толе! Јас веќе немам збор во селото. Лаже, мате, отио
напред. Некои ме слушаа, други со сила и натераме, ете, заедно со тебе, влегоа во огнот,
некои пострадаа, ене и по апцаните; другите, еве, ќе страдаат на своите огнишча, без да
можеме да им помогнеме ни јас, ни ти. Како те ваќа умот сега - така прави! Ич мене не
прашај ме за нишчо, па ниту со нешчо ќе можа да ти поможа, - си ја кажа Бешот својата
сегашна положба и го остави Толета сам да си ја реди работата. - He сакам да ми помагаш, море, токо да не те лаже ѓаволот да ме издадиш, та за
помагање нема што да ми помагаш ти мене, кога ни сам не можиш да се поможиш, - му
одговори остро Толе и пак го нападна што беше причина баш тој - Бешот - Толе да влезе
во Организацијата и да земе учество во борбата, која по трагичниот свршеток се
претвори во црни резилаци и срамови, од кои еден дел и Толета го притискаа.
Си го зеде коњот и си отиде кај старите јатаци Цуцуловци, што го хранеа и криеја
уште пред десетина петнаесет години. Митра стана снаа на Стоја Цуцулов, а Толе -
најстар негов син и продолжија да си живеат. Селаните се затресоа прво кога слушнаа
и кога го видоа дека Толе е тука, но од друга страна и се поослободија. Ако дојде
некаков зорт и прашање за разрешување ќе го разреши најарно тој и ќе ја понесе
одговорноста. - Вие само во мене гледајте, - им велеше Толе на сите што го прашаа што ќе биде
и како ќе биде. - Ќе се ранат за ранење, нема чаре, но гледајте баре од зулумите да
куртулите. А за да и избегнете ниј, честете го јузбашијата, мулазимот, башчаушот и
чаушите. Сучете мазници, зелници, алви и кокошки. Шо ќе а тураат сами они маста -
гответе му вие; шо ќе и тепаат они кокошките - пржите му и вие сами, ни и ватил камен
нозете, се стори тоа. He подлагаа Бешовци ваши овдеа, ќе се тргаат маки, токо само со
помин да бидат. И воа ќе помине'. Ќе си одат Турците, море, за одење, токо којзнае
какви ни се ружаат да не вјанат по ниј!
Така бујниот Толе, притеснет од положбата во која се најдуваше, ги советуваше
селаните да се спасуваат со гоштавање и придавачки, а сам во себе вркеше од гнев, сега
не само на Турците, што си ги бранеа своите петвековни државни права, ами повеќе на
Борисовци, Тренковци кои „дојдоа од џенемиите" - од Бугарија - да ја запалат земјата и
да го остават народот на милост и немилост на разјарениот душман".
И да видите, луѓе, фатија место Толевите совети. За среќа на полчивци, на самиот
јузбашија, а најповеќе за среќата на Толета и Митра, овој јузбашија се погоди некако
разбран и „кретен" човек.
Уште првата вечер го поканија десеттина домаќини на вечера и конак и тоа нему
му направи голем впечаток. Тој доаѓаше со мисија да ги тероризира, истизува, да прави
тевтиши и зулуми, како што им рече Бахтијар на бимбашиите, а овие наивни селани,
место да се плашат и кријат од него, го викаат на конак. Ја сместија војската со азите и
коџабашијата заедно и секаде виде како жените се растрчаа да готват за војниците; им
219
ги симињаа раниците; им подаваа столчиња да седнат им го валеа огнот да се разгреат.
Co еден збор, јузбашијата почувствува едно гостопримство, та неговата свест не му
позволи да ја пренесе Бахтијаровата наредба за терор на војниците, ами напротив, им
заповеда да се држат човечки додека и рајата така се држи. - Ако забележи некој од вас некој пезевенлак од нивна страна, ќе ми кажете мене,
јас ќе ви наредам што ќе правите после, - им стави до знаење на сите свои потчинети и
ја прифати поканата од чорбаџи Чешелка да му биде гостин вечерва, а другите чорбаџии
зедоа по еден мулазим, чауш или башчауш и сите вечерта добро го нагостија.
Овој марифет и Бешот им го препорача на селаните, но не зеде и не земаше веќе
учество во селските работи, сметајќи се за виновен и компромитиран и молејќи ги да го
остават малку понастрана и за нивно добро, бидејќи и Турците не ќе гледаат со добро
око на него. Го оставија селаните, но само од директното учество, а советите ги
прифатија и многу умно направија.
И сега, кога и Толе, како Бешот, им рече на азите и коџабашијата да ги честат
офицерите, овие со сета своја сила се фрлија на таа работа. Место сами аскерите да
фаќаат и тепаат кокошки - им вареа и пржеа самите домаќини; место сами да колат овци,
кози и говеда - коџабашијата нареди луѓе за таа работа, кладе казани на сретсело, одреди
фурни за леб, а јузбашијата лично им делеше таим на аскерите, со кое овие беа доволни
дури и предоволни, добивајќи два трипати повеќе јадење од она што го добиваа од
царот.
И слабо кој направи понекој мал истап, кои истапи јузбашијата уште во почетокот
ги ликвидираше разумно.
Навистина сермија: брашно, маст, сирење, овци, кози, па и понекое говедо отиде,
но главно од зулумот ова село се спаси.
На крајот се разбра работата од каде беше:
Мајка му на јузбашијата беше била каурка - Гркинка, но беше побегнала за некој
си бег во Солун, ама од голем мерак што имале обајцата еден спрема друг, таа успеала
да го кандиса да не ја потурчува, што значи тој беше од татко Турчин, а мајка
христијанка, која во неговото детинство беше повлијала на неговото воспитание и
разбирање за каурите.
Да го оттргне бегот сина си од ова влијание беше го испратил некоја и друга
година во Стамбул на училиште, а тој се запиша потоа во военото училиште и со една
група кадети отиде и проведе две години во Германија, та кога се врати, стана муљазим,
a пред една година и јузбашија! Сето ова беше направило од овој Турчин културен
човек, и тој како таков се покажа во Полчишта. - Ќе а истутнеме зимата со овој човек,- се тешеа сите полчивци кога слушаа што
се прави по другите мариовски села. А најмногу се тешеше Толе дека навистина без
никакви потреси и непријатности ќе ја помине оваа лоша зима, од која есеноска баеги
се уплаши.
И ја издутнаа полчивци сите здрави, сите живи.
Најпосле се крена аскерот и од Полчишта како и од другите села. Место
пљачкање, тепање, псуење, овој јузбашија го построи и се збогува со сите селани што
излегоа, та дури и Толе го стисна за рака и му ја подржа малку повеќе од другите селани.
220
- Ај ми со здравје, јузбаши ефенди. Господ да ти даде шо ти срце сака, убаво си
поминаме, бериќетверсан. Ете, вакви луѓе требе царот да има, та да не се буни рајата, -
му рече Толе и убаво го изгледа.
И јузбашијата го изгледа Толета и многу му поласкаа последните негови зборови.
Го дупна коњот, излезе пред војската, оставајќи еден од муљаземите одѕади да не се
врати некој војник да направи некој маскарлак. Излезе и се замисли длабоко. Како да
му ги откри Толе причините за оваа народна буна.
„Право рече овој прост селанец. Еве, четири пет месеци преседов во ова ѓаурско
село, едно влакно од косата не загина ни на еден војник, а камо ли мене. Од едно јадеше,
пиење, гоштавање и чест ништо друго не покажаа овие луѓе спрема нас. Зошто тогаш
се плачат нашите кајмаками, кадии, муфтии и разни спаии? Зошто најпосле се дигнаа
овие мирни селани против нас? - почна да се праша јузбашијата и го најде одговорот,
во својата личност, кој му го откри самиот Толе: „вакви луѓе требе царот да има, та да
не се буни рајата".
А какви беа царските луѓе против кои се бунеше рајата?
Јузбашијата ги знаеше многу убаво, тргнувајќи од својот татко - бег во Солун и
преку разните негови другари - бегови, спаии, кајмаками, кадии, м"_ртии, авалеџии,
беглиџии, идеше до сите заптии и колџии и нивните пљачкашки дела.
„Ете, тие се злото на царштината и тие ќе ја урнат, а не овие домаќини луѓе што
се креваат да си ги заштитат своите имоти и животи", - си заклучи тој и си отиде во
Битола да му рапортира на својот бимбашија, а преку него и на самиот Бахтијара дека
во неговото село зимоска убаво поминал без да имало причини за зулуми правење. - Како бре, јузбаши ефенди, како немало причини за зулуми? - се изненади
бимбашијата на ваквиот рапорт. - Ами знаеш ли дека Сефедин и мудурот во Витолишта најмногу пиштат од тоа
село? Таму е, велат, осарникот на сите пси што излегоа да ги бркаат нив од мудурлаќот
и кашлата. - Како за кого, бимбаши ефенди! И осите не касаат кој не ги нагази. Елбете,
нагазиле Сефедин и мудурот на осарникот, та ги искасале, - одговори иронично
јузбашијата и поздрави во знак ва сврешен доклад. - Ништо чудно, - промрмори бимбашијата и го ослободи овој јузбашија за да ги
прими рапортите од другите.
12.
Co кревањето на аскерот од Мариово и со разубавување на времето им се отворија
очите на сите селани, а особено на Толета. Селаните тргнаа по работа, та реши и Толе
да „излезе на работа". И еден убав априлски ден си го јавна својот Белче, си ја поведе
„невестата" Митра по него и му отиде на поп Ристета на манастирот. - Презимуа ли бре, брат Толе? - срдечно го дочека попот и му ги изнесе неговите
комитски алишта, пушката, пиштолот и дулбијата. - Mope, јас презимуа, токо ти како си со момците? - го праша Толе и ги побара
Трајка, Најда и Велјана кои, плашејќи се од аскерот што се точкаше тие дни по Црна,
221
беше ги испратил поп Ристе на колибата да се маткаат околу стоката, да не паднат в
очи. - Арно си поминаме и ние, бериќатверсан. Тука се, кај стоката на колибата - му
одговори попот задоволен што му услужи на Толета и со тоа го покаја оној грев од
Маргара.
И Митра ги соблече невестинските алишта, си ги облече четничките, си ја прибра
и таа пушката и од убава руса жена пак стана Толевиот четник Мише Ќосото.
Ги прибра Толе и другите четници и, речи си, уште неизмиени казаните во кои се
вареше манџа за аскерот, тој со сета своја арамиска тајфа се истресе една вечер во
Градешница. (Тука му беше повеќе врталиштето). - А бре ми, кај те носи матната, кај кршиш глава, в реката да појдиш да се удавиш,
бре, кај одиш вака јавно на бел ден? He гледаш не испекоа Турците за тебе, бре Толе? -
го засипа со клетви Гуле и почна да ги крши прстите. - Малку ли ни беа виа страданиа
и маки, ѓупците да ве мачат, шо го зете народот на душа, бре? Ошче ли сакате да не
истезаваат? Леле, мајко ти мила, шо сме имале да тргаме, орлите месата да ви и тргаат
на белото видело, да рече господ златен! - Де, де, де! Сами си го викате и си го довикате! Шо не тргате маки кога јас сам
си оде, токо кога нарипате вие со Бешот ондеа и ниа даскалите и офицерите шо ме
подмамите и мене! Ако е за лутење - јас требе да се лута на вас, а не вие на мене. Токо,
тоа помина ка помина, сега умот во главата ако сакате да не се врате! - му одговори и
Толе наострен како Гулета. - Ете, агите јадоа, пиа, тепаа, гореа и пак живи останаме. Сега да си а прод'жиме
нашата работа како есеноска. Никој да не стапне во Витолишча кај мудурот оти
вртомчето и дреновицата ми стоат и си и носа со мене. Се разбраме, лели? Јас дури су
жив - мојто ќе се слуша. Кога ќе а видите главата моа одделена од рамената, шо сакате
правите - им го повтори Толе својот закон на сите селани по сите села и си „запашува"
пак како лани. - Бре, аман, шо ќе направиш, ќе го вратиш пак аскерот да не дозапусти! - се
притапкаа сиромаси селаните, но Толе не се делеше од својот ум дека тој е паша на овој
пашалук.
Покрај јадењето, судењето, наложи и парични давачки - „за пашата" - од секое
село, покрај оние што и собра есеноска од црквите. My требаа на пашата бели меџудии
да ја подреси уздата на коњот; му требаа лири и половини лири за ќостези на саатите.
А беше учен и ќемерот да не го носи празен, за да дава бакшиши по разни посестримки. - Кога ми е празен ќемерот не можа да спиа - им велеше на селските раководители
кога им ги бараше и земаше наложените пари. - Ај, орман да фати да не се врати! - го колнеа селаните.
Го наполни ќемерот со жолти, ја нареси уздата од Белчета со киски и бели
меџудии, го опна ќостегот со бели череци и зашета од село в село.
Слушне ли во некое село кавга, веднаш се најдува во него да пресуди со
дреновицата; слушне ли да отишол некој селанец во Витолиште, макар по каква било
работа, Толе го подложува на судење како прекршител на неговите „свети закони" и
пак таа златната - дреновицата заигрува.
222
Се затресоа селаните повеќе од него отколку од сите Турци што ги имаше во
Витолиште. - He а бива ваа со Толета, луѓе, - почна неговиот пријател Гуле. - Да правиме
давии, да кажуаме на мудурот во Витолишча - ќе не избесе ако остане жив. А тој лесно
не се дава в раце, па не е ни право да го дадеме. Ами ајде да правиме абер на началството
во Битола, да му напишат некое писмо, да го поучат, понакараат, белки ќе се арниса од
виа работи, - предложи Гуле и сам отиде еден ден „ на пазар" и му ја изнесе на Лозанчев
и Дорев сета Толева работа. - Земи го писмово и однеси му го да видиш што ќе рече - му го подаде Дорев
писмото и го испрати.
Кога му го предаде писмото Гуле на Толета, овој ја заврте главата и му рече: - He зборуа со мене, побратиме. Дај му го на кого сакаш, а мене кажи ми со уста
да те слушна од кого е и шо бара тој шо ти го даде.
Гуле му рече дека бил во Битола, го нашле луѓе од окружниот комитет, кои
слушнале што прави он по Мариово и во писмото го советуваат да не го диви народот,
ами да гледа да се смири и да работи како што работеше во востанието, да ги прибира
и бодри луѓето оти пак ќе ни требаат. - Хахаха! - прсна Толе да се смее. - Да не мислат пак да го тераат Толета да го
брка Арслана и јузбашијата од Витолишча? Е, е, е! Се разбра таа, џанум! Сакаат да му
го наметнат на Толета пак јаремот од нивната организација, ама на! - изговори Толе
подругливо и го удри кундакот од манлихерката. - Еднаш Толе влезе во таа стапица,
ошче еднаш нека ми проштаваат! - Ми рекоа, брат Толе, ако не можиш да вирееш по селата тие би те испратиле во
Бугарија, да се зас'ниш и да се одмориш, - му ја пренесе Гуле поканата да го напушти
Толе Мариово и да оди во Бугарија. - Ногу арно ми е мене овде. Кому не му чини, ене му и патишчата на сете четири
страни, џенем ако сакаат нека ватат! - остро одговори Толе и си ја продолжи својата
арамиска работа.
13.
Мудурот и јузбашијата во Витолиште поседоа една две три недели откако се
крена аскерот, такаречи, без работа, чекајќи да дојдат луѓе на уќуматот од другите села
на мудурлакот, но за големо чудо никој не стапна. Распратија понекој од селаните со
задача да проверат што има - што нема по селата, но овие се враќаа со извештаи дека
ништо особено ни виделе, ни чуле, освен трагите од зимошните зулуми. - Значи, се истребија сите откај нас - задоволен констатира стариот мудур и се
спремаше да му предложи на јузбашијата да излезат некој ден да ги видат пепелиштата
и пустошот што го направија војските и да ги покараат и поучат селаните да си седат
мадро, да не се поврати злото пак. Но во тој момент му падна на памет есеношната
случка со Толета во Мечи Дол, та реши да ги испратат со мифтишот шесте мина колџии,
по двајца в село, и тие, како свои луѓе, да им донесат извештаи за положбата.
И ги испратија: двајца во Полчишта, двајца во Бешишта, а Асан Јајата и Џемаила
во Градешница. Овие ги нарамија пушките и пак ја запејаа омилената песна.
223
„Не седи Џемко слободен...
Кавурска пушка не дупи...
Макар и Арнаутите да се бунтуваа по тоа време, оние Арнаути што беа на служба
во државната администрација страшно ги мразеа каурите и жестоко постапуваа со нив
во време на востанието. А такви имаше во сите државни служби, особено заптии и разни
колџии. - Пука, бре, агачко, и дупи! Шо ве дупнал ѓаволот да идете на в'кот в уста? - им
се испречи Толе на патот во Крлигово на тие што одеа за Градешница и ги опколи со
своите арамии.
Ги тевтиши што му згазиле во неговата „света земја"; ги псува, ги галати, но
донесе пресуда даим удри Брниклијата по дваесет и пет дреновици и ги пушти да му
носат поздрав на Арслана, дека Толе се свампирил и не пушта никого во својата
територија. - Кој ќе сака да дојде вамо, да побара изим од Толе Паша. Така ќе му носите здраво
живо на мудурот, јузбашијата и вашиот мифетиш! - им рече, испраќајќи ги преку
Сатока. - He вар, не јок бре Асан, Џемаил? - се изненади мифетишот кога, уште истиот
ден зарана, се вратија претепаните колџии. - He вар - не јок, ич бише само тој арамија, Толе Паша, ни ги искрши коските! - Бре, што зборувате? Бре каков Толе, каков паша по толку потери? - се фати за
глава мифетишот и веднаш му ги одведе своите службеници на мудурот и тој да ја
слушне оваа работа од нивните усти. - Така беше, мудур ефенди, и така ни рече - ги потврдија колџиите зборовите од
мифетишот, којшто прв му раскажа на Арслана како поминале денеска неговите
колџии. - Ах, анасени! ах, авардини! - се изнапсува и начуди стариот мудур, изненаден од
дрската постапка на Толета. - Бити вајда, ќе пустит тој пезевенк овие села. Жал ми е, жими вера, имат добри
луѓе во нив; ама, ете, има и едепц'зи што го кријат тој арамија, и крај сувото - ќе горит
и суровото, - изусти Арслан и го викна јузбашијата да му ја сопшти „пријатната" новина - дека го поздравил Толе Паша и му нарачал да оди да се види со него.
Откако се советуваа двајцата со Сефедина, напишаа секој за себе по еден краток
извештај и ги известија своите старешини. - Ќе му одам уште утре, нели нарачал, та за видување - ала билер - му одговори
Сефедин на мудурот и нареди вечерта да се спреми целиот табур за потера.
Излезе Сефедин вечерта по темница никој да не го види и според кажувањето на
колџиите, ги насочи потерите по оние села каде што се врткаше Толе. - Како да е ќе го најдеме, ако не во Градешница - во Старавина; ако не Полчишта - Бешишта - им рече тој на своите чауши, башчауши и онбашии. - Само добро држите
да не ни куртули и овој сефер, оти сите ќе ве избесам на црниците пред кашлата! - им
се закани јузбашијата. - Зошто толку се плашите од него? Неоти тој не е од месо и
224
коски? Неоти него не го дупи куршум? - почна да ги насрчува кога ги виде замислени,
а во себе и сам се запраша:
„Зар може навистина да не го фаќа куршум како што се слуша?" И сам се утеши:
„Да не веруваш! Пак којзнае! Ѓаурска работа, може и тоа да биде; инаку како се доварди
од толку потери и пусии на кои падна овие десетина дваесет години арамилак!
Го распореди аскерот во три табури по педесетина души, а педесетина остави да
ја вардат кашлата и конакот, да не му текне пак на Толета да ги нападне и во самото
Витолиште, кога ќе разбере дека кашлата е празна.
„Не му тежи умот и тој магарштилак да го направи", - со право си рече во себе
Сефедин.
И навистина, на Толета не му тежеше умот за ништо. Што му паѓаше на ум - не
се враќаше назад. Но тој немаше наумено да го напаѓа сега сам мудурот и јузбашијата,
оти тоа сега не му требаше, но им порача по колџиите да не го вознемируваат и тие
него, како тој што ве ќе га вознемирува нив. Но кога разбрал дека Сефедин излегол да
го брка и - тој презеде една „дипломатска акција".
Уште на вториот ден по Сефединовото излегување, Толе се преметна од запад на
исток од Витолиште, и од Жиово му прати порака на мудурот: -' Еве сум во Жиово со сите мои арамии, и ако сакам вечер ќе ве испечам во
конакот и кашлата, бидејќи Сефедин со аскерот не в тука. Но јас од тоа не ќе имам
никаков аир, та неќу да си товарам на душата греови. Ами, разбери се еднаш и не праќај
го аскерот да лупа за бадијала. Ако пак мислаш оти ќе ме ватиш, на староси се лажиш!
А Жиово е на четири километра од Витолиште и дури да пристигне Сефедин од
другите села, Толе можеше навистина да му припука ноќта.
Се затресоа мудурот и чаушот што останаа со војниците и пак го фатија нокта
црквеното кале - да се бранат ако ги нападне Толе, како што направи лани на Илинден.
Но не се појави таа ноќ никој, та утредента Арслан го испрати селскиот протуѓер
Шиклата да го бара Сефедина, на кого му ја соопшти положбата, молејќи го веднаш да
се врати со аскерот.
Толе преку Врпско ја прејде Црна и во Гудјаково го најде распиштолен Андона
со своите четници. Заедно со него го прокрстари и овој реон - мало Мариово, ги најде
по Крушевица и Рапеш Стоја и Петка, си ги даде директивите како арамбаша на сите
четири чети и пак прејде на Скаклевите воденици да „пашува" по Бзовиќ, Груништа,
Старавина, Градешница, Полчиште и Бешиште. Мудурот и јузбашијата се затворија во
Витолиште и не посмејаа веќе да испраќаат потери.
Андон ги догоре чифличките кули и кошарки во Крушевица, што останаа лани
лето недогорени; Петко и Стојо - тие во Маково и Рапеш, такашто Мариово го очистија
од турчовина во сите села, освен Витолиште, та му удрија едно своеволие секој во својот
реон, а Толе во цело Мариово како врховен заповедник. Јадење, пиење, па и по некоја
пара вергија од чорбаџиите за алишта, опинци, саати, костези.
Толе, изгледа, му се насити на Ќосото и почна да пребира други мариовки. - Ти, Марије, си одиш со Мушона, а? Змија лута ќе те клукне, ќе те обеса на
сретсело, да знајш? - ја судеше еден ден Толе во Бзовиќ дваесеттодишната убава чупа
Марија Милетова од Старавина, за која разбра дека му се подала на Мушон Евреинот
225
што држеше дуќан во Старавина за некакви си прстенчиња, грлувчиња, мониста и други
ѕрнѕурки.
Оваа, уплашена од Толевото ортомче, мораше да бара средства да го спаси
животот, но знаејќи дека кај Толета нема аманзаман, прибегна кон тоа средство
најмногу што дејствува кај машките. - Е море, си ода, бацко Толе, си ода, бре, млада су, ми се сака да носа, да јада
локумчиња, шиќерчиња? - му одговори таа слободно и му намигна со левото око. - Зар
тебе не ти се каснуа пиленце? - И не дочека Толе да си ја каже вистината дека, му се
каснува и нему пиленце како што е таа, му се фрли на вратот и почна да го бакнува.
На Толета не му ни требаше повеќе. Женските бакнежи го разнежија и неговото
арамиско срце, и тој, место осуда, и ги врати бакнежите двојно и тројно и ја испрати да
си оди во Старавина, но со строга наредба да не му ги плаќа на Мушона прстењето и
локумите со својата младост, ами со петте лири што и ги даде тој.
Ho Толе не беше секогаш во Старавина за да биде крај Марија. Кога беше во друго
село, требаше некоја да ја замени и Марија и Ќосото, кого почна да го распоредува на
конак со другите четници, а не со него.
Затоа во Градешница Толе кондиса кај убавата Неда Романова, со која проведе
два три месеци, па како да се присети на својот случај со црното Кате пред дваесет
години кога му го наметна Адем, и тој намисли да ги смести своите Катиња, Нешиња,
Мариња, та еден ден ја викна Ѓурѓа Ватралкова, мајка на убавото момче Митрета
Ватралков и и нареди да ја земе Неда „негова" за сина си Митрета. - Mope, како така, бацко Толе, ами роднина сме! - почна да се брани Ѓурѓа, знаејќи
ја Неда како негова посестрима и расипана девојка. - Рода, не рода, јас повелам овде! - и се провикна Толе и му се опули на
Брниклијата, а овој ја налегна Ѓурѓа и замава со дреновицата. - Гроб, гроб за ваа кучка шо не сака да го слуша Толе Паша! - нареди Толе да се
копа гроб за Гурѓа.
Виде невиде се согласи Ѓурѓа, и Неда му стана невеста на Митрета, како Ката од
Стевана ковачот што стана Толева невеста под притисокот од Адема.
И така со ред по сите села си фати посестримки, а Ќосото сосема го забатали.
Дури почна и да ја тевтиши и навредува. - Ах, Толе, Толе, да би од куршум не куртулил, да рече господ златен, шо ми a
г'тна младоста! - почна и таа да го колне, леејќи порои солзи во темните ноќи, кога си
мислеше колку го сакаше и сака, и колку маки и страдании крај него истрга, решена да
умре со него заедно.
И кога Толе еден ден дојде во Полчиште, Митра му ја остави пушката и
четничките алишта на Бешот, се облече во женски алишта од ќерка му Петра, и отидо
кај браќа си во Витолиште, да си ја оплакуна горчливата и несреќна љубов по арамијата
Толета.
* * *
Бахтијарпаша страшно се разлути кога го доби извештајот од витолишкиот
јузбашија дека Мариовото ушто не е смирено. Валијата му го препрати писмото од
226
мудурот со извесна напомена дека ја истргал војската без да сврти работа. Затоа овој го
повика оној бимбашија што беше зимоска во Витолиште, му ги покажа двете писма и
строго го укори: - Се вративте, бимбаши ефенди, со несвршена работа, - и го погледна напорки.
Овој си ја поткасна муцката и омодре, но ништо не проговори. - Што мислите сега да преземете, ефенди, по овие писма? - го праша Бахтијар
место да му нареди нешто. - Што ќе заповедате, пашум тоа ќе преземам јас. - Јас заповедав есеноска да не се враќате дури не ги исчистиме тие трње, а вие
сите четворица со четири илјади души аскер не фативте еден арамија, та налет комитите
што ви избегаа. - Крив сум, паша ефенди, пред тебе и пред падишахот, ама кој се надевал дека
крај толкава сила ќе се осмелел некој и понатака да буричка и мати вода. Заповедај,
готов сум да ја исполнам секоја твоја наредба, - одговори натажено бимбашијата и
поздрави по војнички со удирање на топуците од чизмите. - Како знаеш да ја ликвидираш оваа работа до есен, да не мрзне и гладува аскерот
и на зима. - Евет, паша ефенди! - пак тропна бимбашијата со чизмите и направи налево круг
да излезе.
Бахтијар се поуспокои и го врати. - Ќе го земиш твојот табур и ќе отидеш таму во тоа пусто Мариово, да би се
опустело да рече алах! Води сметка што помалку жртви да дадеш и дури не ја видиш
главата пред тебе од тој разбојник да не ми излеваш пред очи. Води сметка што пишува
мудурот овдека. „Без помош од самите каури не ќе свршиш работа". Затоа сега, за
разлика од зимоска, помалку тевтиш и зулуми. Фати ја работата со добро, прибери некој
и друг селанец да ти помогнат, да го предадат, оти ако го кријат тие, никогаш не ќе го
фатиш или убиеш. Ете, мудурот пишува дека и селаните од него почнале да пиштат.
Толку поарно за нас. Ќе им се скисне и ним од неговите самоволија, та белким ќе го
предадат. Друго чаре нема, - му даде Бахтијар инструкции на бимбашијата и го испрати
некаде околу Петровден да го брка Толета по Мариово.
Како што носеше местото, почна прво со мало Мариово. За две три недели ги
нагази Стоја и Петка по Маргара и Смечот. Двајцата паднаа со по некој и друг четник,
а другите му се придружија на Андона. - He се издржуа, бацко Толе, шо не се издржуа, токо ајде да а ваќаме и ние
Бугарија како тиа лани! - му предложи еден ден Андон на Толета. - Џенем ваќајте! Кој кај сака - кршите вратот! А виду јас и таа нивна Бугарија шо
сермиа е. Дури ќе стое лејката, јас одовде не мрдам - му одговори Толе и се раздели од
него, испраќајќи го до Плетварски Дервен, да не го згаштат уште тука агите. Го
преметна преку џаде и се врати назад со тие што не сакаа да одат со Андона. Останаа
со Толета: Брниклијата, син му Велјан...
Дури бимбашијата го претресуваше мало Мариово, Толе се врткаше по старо
Мариово преку Црна. Кога овој прејде преку река, Толе прејде на другаот брег.
227
- Ќе го мотам ваха како лисицата шо го мота загарот со пашката! - задоволно Толе
им зборуваше на селаните кога преоѓаше од едното во другото Мариово.
И го мота навистина цело лето. Побарај го по десниот брег на Црна, тој јави се на
левиот; прејди му на левиот - тој кажи се на десниот. - Е, арамбашо, мрда, мрда, домрда - се провикна еден ден бимбашијата кога
наполно ја разбра Толевата тактика. - Значи, треба да го поделам табурот на два дела. Половината од едната страна,
половината од другата, - си заклучи бимбашијата и така направи.
Остави тројца јузбашии со петстотини војници по левиот брег, а сам тој со двајца
и толку аскер почна систематски да ги претресува селата и планините по десниот брег.
My се придружи и витолишкиот јузбашија со стотина војници и положбата на Толета
се влоши.
И не само со ова се влоши положбата на Толета.
Разбиената лани Организација почна да се созема. Останатите војводи јавија
глави понекаде и ја засилија будноста на Бахтијара и неговите сили, Но и друго нешто
му ја отежна положбата.
Битолскиот окружен револуционен комитет си ја присвои функцијата на бившиот
Централен комитет и во името негово, којзнае по каква штура идеа, им испрати на сите
организации едно окружно писмо, што јазастрани вистинската борба и ги расцепи и тие
малку останати сили во народот.
Писмото сега даваше директиви не за борба против заедничкиот непријател, ами
борба меѓу селаните. Имено: тоа писмо им наложуваше на раководствата да ги натераат
сите дотогашни патријаршисти, што се сметаа за Грци, да се откажат од патријаршијата
и да станат екзархисти или Бугари. - Ете, бугарските чети сакаат и верата да ни а менат, - им ја објаснуваше даскалот
Димо Гулушов еден ден на своите Старавинци содржината на писмото и ги викаше да
не признаваат отсега натаму никакви бугарски чети ни војводи, ниту пак да ги хранат и
кријат.
А бидејќи Толе лани дојде да ги вика селаните во борба заедно со четите чии
војводи Сарафов, Тренков, Гарванов, Чакаларов беа Бугари, тоа Димо им го објасни
дека и Толе е бугарски војвода, та ќе треба и него, не само што да не го слушаат, ами
дури и да го бркаат. - Така, брат Толе, така. Отсега потамо нема леб за бугарски војводи кај нас - му
се исправи еден ден Димо лично на Толета во Градешница. - За кого нема леб, бре пес, кај вас? - му се овргали Толе, а Брниклијата замава со
стапот по Дима, уште неналегнат.
Селаните се узбунија и вечерта влегоа кај Толета петшеест души, еден поеден, да
му стават до знаење, дека нема да го прибираат понатаму. За да го заплашат овие „Грци"
„Бугаринот" Толета, влегуваа оружани со една мартинка в раце, која на вратата ја
менуваа таа иста пушка, бидејќи само таа беше во селото, но на Толета му се стори дека
има најмалку педесетшеесет такви.
228
- Јас не признавам ни грнци, ни букари, и сакам мојот збор да се слуша! - провика
утрото пак Толе. Но пријателите Гуле, Гуце, Тодор, Марко и друга му дадоа да разбере
дека селаните се оружани и ако почне да прави некои лудории како што си имаше обичај
порано, ќе го врзат и ќе го предадат на бимбашијата, којшто толку пати ги советува, та
дури и замоли да му го предадат Толета: голем бакшиш ќе добиеле. - Аха! - се издиши Толе и се замисли. „Значи, близу ти е крајот и тебе, Толе!" - си
проговори за себе, но никако не можеше да помисли за некое спасување со бегање.
„Отепа толку Турци, па нека отепаат и они еден Толе, мајка му стара", - си рече
во умот и ја напушти Градешница со еден пророчки поздрав. - Е збогум за последно видување, пријатели, и браќа. Јас не сака да ве права ни
Бугари, ни Грци, како шо не су ни јас ни Бугарин, ни Грк, ами ваш брат Мариовец,
Маќедонец. Реку да ве куртулам и од едните и од другите, а најногу од Турците, токо
лели си и сакате вие - ќердосате си и сете. Само паметуате ми го лавот, дека сете ќе ве
псуат и вјаваат како добици, и тешко ќе и симнете од грбот. Нека ви го берат греот тиа
шо ве подлагаа и шо ќе ве лажат и натака! - се збогува Толе со својата „престолница" -
Градешница - и со своите „поданици" мариовци, та тргна со четата на север, за да ја
поварди главата уште некој и друг ден.
14.
Како што се очекуваше, бимбашијата му влезе во трагата на Толета уште утрото,
по неговото збогување со градевци. Се разбира, даскалот Димо не можеше да го
преболи срамот што му го нанесе Толе пред селаните, та испрати човек во Бешишта и
му соопшти на бимбашијата дека Толе е одавде река. Овој ги фати сите пристапни места
кон селата и Толе уште на втората вечер нагази на пусија крај бачилото Манчевско во
Бешишкото поле. - Ceгa по него, момчиња, - си ја даде бимбашијата наредбата на јузбашиите и
мулазимите и овие му се зашија за врат на Толета.
Кршка лево, кршка десно, ги подлажува дека се вратил кон Градешница, но сега
загарите не се подлажуваа со лисичината опашка, бидејќи и селаните правилно ги
известуваа за Толевото движење, та не го оставаа ни да се издише.
Навистина, при секое среќавање со него паѓаше понекој од аскерите, по некој се
рануваше, но тие беа толку многу што на секој Толев четник броеја по цела стотица, та
бимбашијата не се плашеше оти Толе ќе ги истепа сите. Тој лично раководеше со
гонењето и сакаше да го доведе до крај.
Толе ја осети сериозната опасност и сакаше пак да направи маневар со преоѓањето
преку Црна. Ги домами војските до Становица над Жиово, скршна на југ, небарем се
враќа назад кон Градешница и преку Врпско ја прејде Црна и кондиса во Гудјаково,
мислејќи дека ќе се поодмори дури да го побара бимбашијата на оваа страна од реката.
Но овој ред бимбашијата не се излага како порано и не се врати да го бара Толета
одавде река. - Нека кршка, нека кршка, Неговиот правец е преку река, - им рече тој на
јузбашиите и прати едно одделение да ги извести оние јузбашии, што беа по левиот брег
на реката за да се приберат кон селата Вепрчани и Гудјаково и да го чекаат арамбашата
Толета со неговата дружина.
229
Сметката излезе точна.
Уште ноќта бимбашијата полека ја прејде реката и во темницата го опколи од
трите страни селцето Гудјаково во кое Толе се одмараше. Го остави северниот крај
слободен, не за да го пушти Толета да избега, ами да му го поттера на оние јузбашии,
што исто така ноќта ја навртеа војската на дветри стотини метра до селцето и залегнаа
на пусија во густите смреки и грмушки од Никулица, Нежилово и Клен за да го дочекаат
скриени зад карпите.
Кога пукна зората, на 14 октомври 1904 година, кај Цоцовци дотрча селанец и на
Толета му рече: - Бацко Толе, аскер здола Црна!
Но Толе по својот обичај само нареди побргу да се готви јадењето. - Ако умра, баре сит да умра, - му рече на Цицот, како ништо лошо да не гледаше
во умирачката.
Бимбашијата јавно ја насочи војската кон селцето и Толе го виде обрачот од трите
страни, бидејќи веќе убаво се раздени, та дури и сонцето огреа.
Толе ги собра другарите, го јавна коњот и на очиглед на целата војска го бодна
преку страна над село, а бимбашијата сам прв тргна со една од пушките на војниците;
беше прилично оддалечен - не го погоди. Отворија оган и војниците, но Толе го
преметна ритчето и го фати Кленскиот дол, а Брниклијата фати еден камен за метериз
и почна да стрела во аскерот. Овој изналегна во гробиштата крај црквичето, а Толе
продолжи нагоре, горе долот, убеден дека и сега лесно му се слизна од раце па
бимбашијата. Го позастана малку коњот и виде дека Трајко ги задржа Турците, му ја
пушти уздата и го потера полека нагоре, дочекувајќи ги другарите по него, и како
секогаш што правеше, си ја викна својата мила песна:
He плачи, мајко, не жалај, мори,
Оти ќе станам ајдутин...
И таман што се заврте да му викне и на Трајка да се прибере, одеднаш од камењата
на пет метра пред него загрмеа педесетина пушки.
Co последниот стих од песната на устата Толе падна заедно со коњот и извика
така силно што долот одѕена: - Оооф! ме изедоа мене пците, токо не дај се баре ти, сине. - Во последното
издишување се сети дека и син му Велјан е во тие што одеа по него.
Но ниту Велјан, ниту пак друг од неговите другари мрдна погоре од Толета. Од
непосредна близина стрелаа Турците и сите четници паднаа наместо.
Брниклијата ја виде клопката и летна надолу низ аскерот. Овој пропука на него, a
повеќе се повлекоа лево и десно, та Трајко со еден куршум во десното рамено, но
плитко, се извлечка долу долот и куртули.
Се смирија пушките. Бимбашијата нареди и буријата засвире кај црквичето; го
повика аскерот на збор. По половина час навртеа оние тројца јузбашии што го отепаа
Толета. Еден чауш ја донесе главата од Толета и ја фрли пред нозете на бимбашијата, а
чарбаџи Стеван од Крушевица, кого Толе пред десетина петнаесет години го уцени со
230
сто лири пари што и беше престрамил на Ката, а кој цело лето оди со потерите да им
помогне да го фатат Толета, восхитено се провикна пред бимбашијата: - Еве а, ефенди, главата од вој арамиа! Вимбашијата се стресе од глетката, a
полчишкиот зимошен јузбашија чкртна со забито на Стевана и тивко му проговори:
Тој знае зошто умре, но ти не знаеш зошто живееш, ќерата ниеден!
Да се однесе главата кај трупот! - намуртеио нареди бимбашијата и се распраша
колку души паднаа; има ли паднато некој од аскерите, куртули ли некој од комитите...
Откако се извести за се, па и дека куртули еден, ги развлече устите и процеди
преку заби: - Нека остане некој за семе! - ја собра војската и замина за Дуње, наредувајќи му
на коџабашијата да ги закопа отепаните комити „да не се свампират" и да го напаѓаат
селото.
Во тој момент му пристапи на бимбашијата Суло, чаушот што ја донесе Толевата
глава, што го отепа лично Толета и го замоли: - Изим, бимбаши ефенди, да останам ноќеска овдека, оти нозете не ме крепат веќе.
Ќе си дојдам утре сам.
Бимбашијата ја заврте главата, но го остави со целата негова десетина и овој се
нагости дента и вечерта од оние кокошки и мазници што ги нарача Толе за себе и
другарите. - Само на селото никаков ќедер! - строго му заповеда бимбашијата и тргна пред
аскерот, разделувајќи се со витолишкиот јузбашија, кој по истиот пат се врати назад во
Витолиште и му ја соопшти пријатната новина на стариот мудур Арслан беј. - Ех, сега нека земит душата ала! - се провикна Арслан и го прегрна Сефедина, на
кого исто така му се симна еден голем товар од грбот.
Сулочауш стана утредента и го викна коџабашијата: - Ајде, коџабаши, да одиме да покажам каде сет арамиите, да видиш и да закопаш,
да не плашиш веќе од Толе Паша, - и тргнаа само двајцата.
Оти, мајката, чаушот не зе ни еден од аскерите - се запраша коџабашијата, но не
му рече ништо.
Уште на одењето чаушот си ја зеде пушката на готовс. - Еден, два, три, четири, пет, шест седум... - ги изброја Суло труповите и почна да
се чуди. - Ај анасени, бре коџабаши! Јас оставив осум вчера, каде побегнал едниот? - му
се обрна на коџабашијата и почнаа обајцата да се ѕверат низ смреките, затресени од
страв да не им скокне сега тој што го нема.
И уште така наеежен, коџабашијата се вџаши и ожолте како восок. Сакаше да се
врати назад, да му рече на чаушот дека ништо нема, ама овој ја забележа неговата
забуна, се стрчна со навртена пушка пред себе и го виде ранетото момче. И само што
требаше да оптегне за ногата, да пукне, му се сретнаа очите со паднатиот и Суло го
задржа прстот.
231
- Ставај, бре комито, ставај да носам жив кај бимбашијата, - почна да го скорива
Суло младото петнаесет шеснаесет годишно момче, кое ги вргалеше очите во небото и
случајно ги фрли во Суловите. Лицето му беше отунато во крв, десната рака скршена, а
на устата му вриеше шапка пења. Градите високо му се креваа и спуштаа, а од грлото
се слушаше потајно стенкање. - Па овој готов, зошто да арчам куршумот, бре коџабаши? - се провикна Суло, ја
наметна пушката преку рамо, и дигна еден камен од дваесет триесет оки, та му го фрли
на главата на момчето. Коџабашијата се фати за очи од глетката. - Вака требит за нив. Да столчиме главите како на змии! -
Се наведе и втор камен да земе, но Боше коџабашијата не му даде тоа да го стори.
Co светкавична брзина го јавна одѕади, го стисна со двете раце за врат и го удави како
волк јагне. Co ова братучедот Боше го освети својот братучед Велјана, помалиот Толев
син, на кого Суљочауш му ја столчи главата.
Си ја наметна мамзерката од чаушот и уште вечерта го најде Брниклијата во
Галишките колиби и му се придружи. Го „суредија" чорбаџијата Стевана од Крушевица
и поп Ристета од Чаништа, па потоа ги положија и своите глави.
Колку да беше суров Толе и колку самоволии да направи, народот пак запеа:
Жалајте го, браќа
Толета војвода
Којшто Толе падна
За нашата слобода...
По два дена од смртта на Толета, ја најдоа Митра обесена на една греда, долни
крај, во татковата и куќа. Таа си достоја на клетвата дека без него нема да живее.
232
}}
8jxnf4954p71gludpka7hqgmjppo289
22532
22531
2026-09-16T10:02:44Z

8cvhmhpi2yxmof2hrkpxfhjyf0lucjl
22533
22532
2026-09-16T10:05:42Z

mpoy9cxq44hna41qwpl25a6mk7ij8y4
Антица
0
10265
22535
2026-09-16T11:19:34Z
Natasa Stardelova
3192
Создадена страница со: 1 АНТИЦА Ристо Крле (1940 г.) ЛИЦА: АНТИЦА САВЕТКА, мајка нејзина РИСТАЌИ, вујко на Антица ИЛИЈА КРИСТАФИЛОВ ДАМЈАНОВСКИ, љубовник на Антица НИКОЛАЌИ СТЕФАНОВ ГЗАРКОВ ВАСИЛКА, мајка на Николаќија...
22535
wikitext
text/x-wiki
1
АНТИЦА
Ристо Крле
(1940 г.)
ЛИЦА:
АНТИЦА
САВЕТКА, мајка нејзина
РИСТАЌИ, вујко на Антица
ИЛИЈА КРИСТАФИЛОВ ДАМЈАНОВСКИ, љубовник на Антица
НИКОЛАЌИ СТЕФАНОВ ГЗАРКОВ
ВАСИЛКА, мајка на Николаќија
СЕЛМАН-АГА
БАБА АНЧА, стројница
ПОП ЈАНЧЕ
ФРОСА |
КАТЕ |
ПАРЕ \ другарки на Антица
КУМ
СТАРОСВАТ
ДЕВЕР
ЕДЕН АРНАУТИН
Арнаути, сватови, свирачи и други.
Дејството се одигрува кон крајот на првата половина од
деветнаесетиот век.
ЧИН ПРВИ
Се случува во куќата на Саветка. Одајата е наместена мошне
арно, старовремски: десно насреде огниште, горе јашмак под кој
оџакот е завиткан со завеса од шарена басма; од страните на
огништето камари, исто така покриени со завеси од истата басма;
назад два прозорци со завеси од истата басма, собрани до горе на
плисе и прикачени на една шајка на средината, така што имаат
изглед на плисиран полукруг. Лево, иапред, врата, а во дното
долап; меѓу прозорците огледало од горе малку спуштено и
украсено со крпа со домашен вез во форма прозорец со расечена
завеса и од горе на среде преврзан со корделка. Подот е послан со
2
килим, а покрај огништето има и кожа. Во дното под прозорците и
лево, до самата врата миндер, послан и подреден со перничиња.
Кога се крева завесата, Саветка седи покрај огништето,
позавртена кон светлото (прозорците), и плете чорапа, а Антица со
метла под левата мишка стои до левиот прозорец, кој што е
отворен, завртена со грб кон мајка си, ѕирка на лево и десно.
АНТИЦА: (неспокојна со себе си). За десетина минути што
поседав на пенџерево три пати препомина. Ами пред тоа? Може би
други три пати... А можеби и тринаесет пати! Не оти можам да
знам... (внимателно се обрнува кон мајка си).
САВЕТКА: (која скришно од време на време ја подига главта и
ја гледа што прави и се сретнува погледот со Антица). Антице,
ќерко, ајде излези малку, позамети ја куќава. Што се закопца тука
околу пенџерето?...
АНТИЦА: Еве, мамо, сега... (Во себе си). Уф! ќе пукнам од
мака... Еве го пак врви и гледа во пенџерево, а јас, од оваа што ми
се пули само во рацеве, не можам ни да му подмрднам со рака, а
камо ли да му подвикнам. А за да излезам да се сретнам и малку
да си позборуваме збор да не станува. Уф! Ќе пукнам под кожава!
(Пауза). Ќе излезам ѓоа ќе шетам пред куќи и ќе му кажам што е
работава... Зашто може да се случи и да ми се налути кога не знае.
(Кинисува и пак кај вратата подзастанува, се мисли).
САВЕТКА: (и ги прекинува мислите). Антице ќерко, ајде врши ја
таа работа, пак земи прави нешто друго.
АНТИЦА: (мошне љубезно). Мамо, вчера утро кога се сретнав
со другаркине, ме прашаа кога да дојдат кај нас на поседа со
работа (Имитира некоја). Пак Фроса: „Таа од некое време се држи
како понастрана од нас. Да не нешто мајка и да не ја остава да
дружи“. А пак Кате, додаде: „А пак кога појдеме дома и на поседа
мајка и никаде не мрднува, седи со нас како другарка да ни е“.
САВЕТКА: Зошто да не дојдат, јас не им бранам!
АНТИЦА: Им е мака зашто ги караш.
САВЕТКА: Јас не ги карам што идат, што зборувате што не е
за вас. За главите ваши, не за мојава! Млади сте, мислете дека се
што лета се јаде. Добро, ама не е така! Да се јадело се што лета...!
АНТИЦА: (улаѓа). Ами ти, мор’ мајко, кога си била млада?...
САВЕТКА: Кога бев млада?... (воздивнува). За младоста моја
не сакам да ми споменуваш! Не еднаш сум ти прикажувала, дека
3
црна ја поминав. Дедо ти и баба ти ме дадоа за татка ти што си го
сакав, како што и ти сега сигурно некого сакаш, и затоа толку
полоша и поцрна излезе среќата моја (Воздивнува). Буен и со
немирна природа тој никого не трпеше и бараше правда. Така, еден
ден ранет од некој Турчин, неколку прсти под срцето, ми го донесоа
со малку душа. Ноќта како мало дете ми умре во рацеве.
АНТИЦА: Кој ти бил крив што ти била среќата таква?
САВЕТКА: Никој не ми е крив. Тоа сакам да ти кажам, дека сум
си крива самата што го зедов со љубов, а не го зедов тој за кого
што ме даваа дедо ти и баба ти. Тој и сега е жив м здрав како волк.
А татко ти умре (издивнува). Та, да си го послушав ја татка ми и
мајка ми како мене ќе немаше. Иако постар каде — каде и грд. За
тоа велам: клето и проклето да биде тоа чедо кое не си слуша
татко и мајка! Старите треба да се слушаат зашто повеќе знаат!
АНТИЦА: За тоа ништо живо не се знае. Тоа никој не може да
го предвиди.
САВЕТКА: Така си е, ама сепак старите повеќе знаат. Пак за
тоа сега да ги слушаме старите за да не стане грешка и со тебе
како што стана со мене. Кој како што си знае нека си прави, ние на
други нема ум да продаваме, но тебе не ти требат такви работи —
Љубов! Никому не му е препоминато преку главата толку колку што
е препоминато на мајка ти. Во тие работи мајка ти е и „варена“ и
„печена“. За тоа, за маж, на мене остави да ти најдам, да ти
одберам. Тоа е мое гајле и од вујка ти. Ние ќе ти најдеме момче
како некое ѕвонче!
АНТИЦА: Ти сама си го одбрала и те боли, ами да го земеше
тој што ти го давале тие и да се случеше истото? За тоа, остави кој
кого што си сака да си го земе. Сам кога ќе се удри човек, некако,
како помалку да боли отколку друг кога ќе те удри.
САВЕТКА: Јас пак ќе речам: клето и проклето да е тоа девојче
кое само тргнува да си бара, со љубов, маж, а не си го зема тој што
родителите му го одбрале.
АНТИЦА: (одскокнува на страна). Па ти тоа, па тоа! (со себе
си). Уф, не можам веќе да издржам, ќе пукнам од мака. Се ми се
чини дека ќе ми се налути. Барем да не ме видеше подруго ќе
беше. Вака ќе си помисли: ме виде и не ми се јави, што значи
нешто треба да има... (Со молење кон мајка си). Мамо, ако, мор’, да
ги викнам другаркине да дојдат на поседа со работа.
4
САВЕТКА: Зашто, мор’, прашаш, јас не оти некогаш сум ти
забранувала да ги викнеш. Викни ги уште сега ако сакаш. Еве, и
така јас ќе одам до каде вујка ти, а вие работајте си и, место да
водите какви и да било разговори од љубов, пејте си. Реков: „за
љубов да не зборувате“! Тоа гајле ќе ви дојде на главите. Која
страчка останала без опашка, та и вие без маж? — Никој!
(Излегува).
АНТИЦА: (штом останува сама, ја зафрлува метлата). Молчи,
Антице, си имала среќа да ја испратиш. (Застанува на прозорецот).
Сега не мрднувам од овдека се додека не помине да му се јавам.
Уф, колку се радувам, како некое детенце кога ќе му дадат
шеќерчиња. (Сериозно). Вистина, кога бев малечка, пет пари
шеќерчиња можеа да ме насмеат кога бев лута или плачев како
некој да ме коле, а денеска не! Денеска само Илија може да ме
насмее, да ме распее, да ме облажи повеќе отколку што може една
вреќа шеќер да облажи. Ако помине, како што сум сама, ќе го
викнам да дојде и... ќе го бакнам. Пусти ми вујко е мераклија на
пари, а јас не. Јас сум мераклија на нешто убаво како што е Илија,
на љубов! (Пее):
Парите се, парите се,
Парите се отепвачка;
Љубовта е, љубовта е,
Љубовта е најмила!...
(Однадвор допираат стапки. Наслушнува). Да... иде некој. Оф,
господе, кој е сега што ми го расипува целиот план?! (Полека ја
отвора вратата и ѕирка. Пред неа се испречува Илија. Ненадејно).
О!... Кој ти рече да дојдеш овде?!
ИЛИЈА: Ако не ме сакаш, да си одам...
АНТИЦА: Е, да си одиш, туку... Ама кој ти рече да дојдеш?
ИЛИЈА: А мор’, ништо, ти реков: „Ако не ме сакаш ќе си одам“.
АНТИЦА: Е, да си одиш... Ќе си одиш, туку ќе ти ја затворам
вратава. (Заповеднички). Седи! Не ти беше шубе да не има некој?
ИЛИЈА: Не сум јас изветреан или пак кокошка ми го испила
мозоков, та да влезам неиспитано. Прво се осигурив, оти влегов.
АНТИЦА: Праша некого?
ИЛИЈА: Што ми требало да прашам, за да предизвикам
сомнение? Си се рашетував под пенџерињава, чекав да излезеш
да почистиш и...
5
АНТИЦА: (го прекинува; засрамено). Што, не е чисто...
ИЛИЈА: Чисто е, душо, чисто. Само, ете така, девојчето кое
што си сака да се види со момчето по десот пати во денот слегува
да чисти, дури и повеќе, се додека не се види.
АНТИЦА: Ооо!... Та ти не си овде па да слегувам да те чекам.
Јас те гледав каде што преврвуваше ама не можев да ти се јавам
од мама. Се закопцала околу огништето и само во рацеве ме гледа.
ИЛИЈА: Се сетив јас, душо. Сум си купил малку текнало за да
ми се најде во вакви случаи.
АНТИЦА: Ама, вистина, без шеги?
ИЛИЈА: Рашетувајќи се, ја видов мајка ти кај излегува и јас
полека по неа да видам кај ќе оди. Ако оди, си велам со умов, на кај
брата си, нема брзо да се врати, ќе претрчам до каде Антица да и
се јавам дека сум дојден. Во тоа време се сретнува со една жена
која ја праша: „На каде вака си кинисала, Саветке?“. Рече: „До каде
брата ми“. И јас, да не губам време, бргу назад, та...
АНТИЦА: (го пресекува и додава). Овде! Е тогаш добро си ми
дошол во куќава. (Се ракуваат и така држејќи се разговараат).
ИЛИЈА: И понатаму во разговорот и рече: „Ќе се повртам“...
АНТИЦА: (како горе му го пресекува зборот и додава). До
вечера!
ИЛИЈА: Та ти знаеш, што ми треба да ти расправам... А,
можеби ова да не го знаеш! Рече: „Прво ќе наминам кај другаркине
од Антица и ќе ги замолам да одат дома на поседа со работа.“
АНТИЦА: И ти побрзо да дојдеш додека сум сама?
ИЛИЈА: Се разбира. Ако ли дојдов?
АНТИЦА: Ах, злато мое, уште прашаш: „Ако лн дојдов?“. Се
разбира дека ако. Та кого јас имам другего освен тебе? Кој друг
љубам освен тебе? Та, најпосле, за кого живеам, ако не за тебе?
ИЛИЈА: (ја зема главата на Антица на градите свои и ја
бакнува во челото). Душо моја, премногу си добра и искрена. Ти, со
тие твои преблаги зборчиња, просто ме омајваш и јас никогаш не
можам, што се вели зборот, ни во сонот да помислам на друга. Ти
си прва во која што се заљубив и дај, боже, последна. Мислам дека
на овој свет не ќе се најде друга која што би ми го завладеала
срцево, како ти што ме го имаш завладеано. Ти си за мене анѓел.
6
Накусо речено: се! Секоја друга женска душа, со еден збор, за мене
претставува... ништо! Ти ќе бидеш моја до гроб!
АНТИЦА: Ти благодарам на Љубовта која ја искажуваш кон
мене. И јас се заколнувам дека ќе бидам твоја до гроб. (Му ја
подава устата да ја бакне). Кога дојде?
ИЛИЈА: Сношти, и штом дојдов веднаш излегов и се поврткав
под пенцерињава твои да те видам, но го чув гласот на мајка ти и
си отидов. Антице, дали знаеш, душо, зошто сум дојден?
АНТИЦА: По стока?
ИЛИЈА: Не.
АНТИЦА: Е, од каде да знам додека не ми кажеш!
ИЛИЈА: Да се вршам.
АНТИЦА: За мене?...
ИЛИЈА: Ами за која друга, ако не за тебе.
АНТИЦА: Тоа значи наполно си се решил да ме земеш за
жена.
ИЛИЈА: Така треба да се разбере. Само животот, младоста и
љубовта, душо, не треба да имаат крај, а вакви работи треба да
имаат крај. Сега ние љубов си водиме, но тајно, а јас сакам цел
свет да знае дека те љубам, затоа што искрено те љубам. А права
љубов, искрена љубов треба да се круниса со венец. Венец кој ќе
биде ставен од свештеничка рака, со оние убави негови зборчиња:
(изрекнува со пеење како поп при венчаваше). „Венчает сја раб
божји Илија и Антица...“ (Ја зема пред себе, ги клава рацете на
рамењата нејзини и како науше пее):
Си заљубив едно момеОд малечко до големо,Си го љубев
долго време,Долго време три години.Си го љубев долго
време,Дојде време да го земам...
АНТИЦА: Среќо моја, дај сега и јас да те бакнам. (Се
бакнуваат).
ИЛИЈА: Задоволна ли си?
АНТИЦА: Премногу. Само... како мислиш да направиш?
ИЛИЈА: Како што си е редно: ќе пратам стројница и ќе те
барам.
АНТИЦА: Види ваму: до мајка ми не стои работата толку колку
што стои до вујка ми. Мајка ми не може да даде збор се дотогаш
7
додека тој не одобри. Целата работа стои до него. Затоа ти гледај
пушти стројник направо дома му кај него. И тоа некој што има јака
уста за зборување. И што му е пријател за да има место
зборувањето. Зборот негов е печатот од валијата.
ИЛИЈА: Ааа, добро тоа што ми кажа.
АНТИЦА: Ти повторувам, некој со јаки вилици и негов близок.
ИЛИЈА: Некој иде... Каде да се сокријам?
АНТИЦА: По чекорине како туѓ човек да е, кој не идел во
куќава. Оди по мене, ќе те сокријам во одајана за гости. Ако е за да
се поврти, ќе дојдам да те испратам. (Излегуваат. После кратка
пауза Антица ја отвора вратата и и прави пат на Баба Анча прва да
влезе). Повелете. Повелете седнете на кожава..
БАБА АНЧА: Убаво е, секаде е убаво (Седнува).
АНТИЦА: Е, добре дојде сега (Ја дочекува и и ја бакнува
раката).
БАБА АНЧА: Добро ве најдов. За радост твоја и за убавина да
ви идеме.
АНТИЦА: Та како си ти, бабо, како си поминуваш?
БАБА АНЧА: Мошне арно. Ти арна ли си?
АНТИЦА: Арно сме и ние. (Се извинува). Проштевај, бабо, за
малку ќе те оставам сама, додека земам ѓезве за да ти сварам едно
кафе.
БАБА АНЧА: Остави, не трсба.
АНТИЦА: У, како било, едно кафе, не е голема работа
(кинисува).
БАБА АНЧА: Остави кога ти велам, не работата за кафе! Ако
имаш едно благо да ме почестиш добро, ако немаш остави. Кафе
не сакам!
АНТИЦА: Ако си од благо, благо да ти дам (кинисува и со себе
си): Ааа... ќе се рече стројница си дојдена, Е не ќе те измие.
БАБА АНЧА: Каде ти е мајка ти, што си сама?
АНТИЦА: Пред малку излезе до кај вујка ми Ристаќија.
БАБА АНЧА: Ќе се забави?
АНТИЦА: Ами, речи си, ќе се забави... до кун квечерина.
(Излегува).
8
БАБА АНЧА: (сама). Убаво девојче како капка. Ааа... што е
право, ова не е за Трајка прилега. Ама што да им правиш, многу ми
навалија: „Ти, бабо, знаеш да зборуваш; тебе, бабо Анчо, ти врѕи
зборот, ти вака — ти така, ти реков, ми рече, никому ништо... Кај е
за Трајка оваа куќа домаќинска и вакво ќибар девојче... Кога ќе ги
разобеси по ѕидоине кожине самарџиски...
АНТИЦА: (влегува со послужавникот на кој има тањирче со
слатко, лажиче и чаша со вода). Повеле те, бабо...
БАБА АНЧА: Да имаш, ќерко, со што да повелаш! Господ
некоја убавина, среќа да ми ти наврти! Пак за радост твоја да не
почестуваш.
АНТИЦА: Благодарам. (После почестувањето на баба Анча).
На здравје!
БАБА АНЧА: (и ја брише устата од ракавот). Здравје да ми
имаш и вековита да ми си, ќерко! (Се поднаместува со седењето). Е
сега да ти кажам, ќерко, што сум дојдена. Вистина, мајка ти не ти е
тука, ама ако, за тебе е, не е за неа. Ааа... види ваму, ќерко, јас сум
дојдена стројница, да те вршам за Трајчета Митрески. Што велмш?
Го сакаш? Те бендисува? Детето си е убаво, младо. право, здраво
како некој волк. Занаетот си го има и му работи убаво! Не е како по
некој: пијаница, пантоџија, пушт... Парата во сто крпчиња ја
завиткува! И работник: туку го гледаш само чука, глава не дига око
да фрли на девојчиља, како по некои што прават. Блазе на таа што
ќе го земе, блазе! На тебе голема севда фрлил. Така вели: „Таа,
бабо Анчо, или никоја друга!“. По некои стројници ќе ти фалат, ќе ти
фалат... А јас што е право, не можам тоа да го сторам. И зошто да
лажам? Што велиш, те бендисува? За тебе е, не е за мајка тм. Ти
ќе живееш век со него!
АНТИЦА: (без волја). Така си е, бабо, ама не е ни лично ни
прилегано јас да давам збор, бидејќи си имам мајка, која си го бере
тоа гајлс. Таа работа си е нејзина и ако рече бива — добро, ако не
бива пак — добро. Да ви кажам право јас ќе правам така, како што
ќе ми рече мајка ми.
БАБА АНЧА: Уф, мор’ лична, та што си била умна, та што си
била разбрана. Блазе си му на тој маж што ќе ми те земе, блазе!
Куќа ќе му отвориш... Каде те слушам кај што говориш, санким мед
ти тече низ устата. Блазе!... Така, ќерко, мајка да си слушаш. Кој си
слуша мајка и постари, блазе си му, блазе!
9
АНТИЦА: (весела од пофалбата). Да си жива и здрава, бабо,
многу ме испофали.
БАБА АНЧА: Ќерко, ми те фали работата! Те гледам дека си
умна, разбрана, затоа. (Станува да си оди и говори со себе си).
Блазе, блазе... Ами сега ќерко, немам повеќе што да зборувам, ми
го пресече зборот како со мед, со тоа што рече: „Лошо — арно како
што ќе рече мама“. Блазе... Јас сум остарела со стројниклак, дури,
кога не ќе бендисува, ќе те испрскаат со лоши зборови така што...
да не можеш да ја најдеш вратата од која си влегла за да излезеш.
Блазе...
Ајде, седи ми со здравје, кога е така. Пак кога ќе дојде мајка ти,
ќе навратам пак да поговорам. (Појдува да си оди).
АНТИЦА: Уф, мори бабо, што ти била ветва шамијата од
главата.
БАБА АНЧА: Сиромаштија, мори ќерко. Не само од пари, чедо
си немам! Господ даде — господ зеде! Така сум како што ме
гледаш, како некоја кукавица. Сама легни—сама стани! Труп легни
— труп стани! Куќа каде големо не запее, каде мало не заплаче —
таа пуста куќа е. Мојата е таква! Ни чедо имам да запее, ни внуче
имам да заплаче.
АНТИЦА: Јас ќе ти дадам една шамија од моите што сум си ги
приготвила за чеиз, да си ја подновиш главата.
БАБА АНЧА: Та барем-да направевме аирлија, да имаше за
што.
АНТИЦА: Ако, бабо, ако. (Излетува.)
БАБА АНЧА: (сама). Уф, уф, уф, блазе на тој што ќе ја земе.
Блазе и најблазе! Та што е била куќа намирена, чисто—паќна, што
се вели зборот: „цар да влезе да не се устрами да го дочекаш“. (Се
фаќа за долната усна и се мисли, а по тоа ја нишка главата). А—ка,
не ја бива... Ова девојче не е како за Трајка... За ова девојче, како
што си било ваков ќибар и маж му треба ќибар. За ова девојче само
комшијана мој—Илија. Тој, што се вели зборот: и лика и прилика.
АНТИЦА: (влегува со шамија во раката и и ја подава). Еве, со
здравје да си ја носиш, бабо.
БАБА АНЧА: Здрава да ми си, ќерко, весела. Господ да ми ти
даде што ми ти срце сака! Блазе си му на тој што ќе ми те земе,
блазе! (Се приближува до Аитица и тивко и поверливо): Ќе ти
речам еден збор, ама жив ти што ти е најмило да не се чуе. Трајче
10
си е убав, ама како за некоја друга, а за тебе не е, гнасен е и
нетертиплија. Како за тебе, вака како што си била чисто — паќна,
ќибар, едно дете друго ти прилега—Илија Кристафилов—
Дамјановски. Ваму некаде во арнаутскине села си држи дуќан—
трговец. Ама ќибар, како твоја иилост што си била. Ете него да
можеш да го заушиш, живот да тргнеш! Блазе му на тоа девојче
што ќе го земе, блазе! Да го видиш во оние алишта дебарски само
со гајтани, ќостег од срма до рамото, нож и пиштол од сребро, а
саат од злато, појас свилен, па на него шамивче свилено пред
себе. Млад, убав, убав како написан! Да го видиш, окото да ти
заигра! Само, жити Ристоса личен, да не нешто проговориш некому.
Зашто за кого дојдов, а кого го испофалив.
АНТИЦА: (заинтересирана). Ти се познаваш со него?
БАБА АНЧА: Не оти сме нешто свештина, да речеш—комшии.
АНТИЦА: Ти, ако сакаш, говори со него да видиш што ќе ти
рече, пак, ако сака, дојди говори со мајка ми. Ама треба и со вујка
ми, оти мајка ми без тој да одобри не дава збор. Зборот негов држа
печатот од валијата!
БАБА АНЧА: Господ за грев да не ми го пише, ама ќе говорам.
Детето е како китка за во чаша да се држи... Блазе на таа што ќе го
земе, блазе! (Излегува).
АНТИЦА: (ја испраќа и се враќа). Што жена со добра душа
била... Што е право, отпрво не ме бендиса, ама после, кога почна
да говори за Илија...
(Селман-ага пее под прозорецот на Антица):
Антице, мори бела кадано,Идеш ли ќа се посвршиш:Бела
ханума ќа бидеш,На меко диван ќа седиш,Жолти флорини ќа
нижеш,На твое бело грло ќа редиш?...
АНТИЦА: (штом ја заслушнува песната, излегува со главта низ
прозорецот да види кој е и веднаш се повлекува исплашена. За
времето додека Селман-ага пее тивко, сама со себе си): Турчин!...
Зар Турчин да ми пее под пенџере?! Господи, тргни ми го овој гад
одтука побргу... Што да правам сега вака како што сум сама?...
ГЛАСОТ НА СЕЛМАН-АГА: (по завршувањето на песната).
Излези на пенџерето, мори Антицо! Мори лична ѓаурко, љуби тебе
Селман-ага!
АНТИЦА:(со себе си). Нешто те нашло!... Ах, кај се сретна сега
да дојдеш кога сум сама?...
11
ГЛАСОТ НА СЕЛМАН-АГА: Отвори вратана, мори ѓаурко, ќа
дојде горе агана, ќа љуби тебе малку.
АНТИЦА: Ах, ах, ах... сега ме јаде врагот!... Ако ми се качи
горе, како што не е портана заклучена, не ми останува ништо друго
освен да се фрлам преку пенџерињава. (Ѕирка од прозорецот да
види дали е уште тука). Го нема. Да ли си е отиден, боже, или пак
се качува горе? (Наслушнува од вратата). Како да се качува... Се
качува некој... Леле, тој е... Што да правам, боже?!... (Си ги кубе
косите). Да скокнам преку пенџере, високо е, ќе се отепам; да
седам нема кој да ме одбрани, ќе ми ја земе честа... Леле, што да
правам, ќе ми ја земе честа!... Леле, јас будала зошто му реков на
Илија да си оди... Ќе скокнам... Подобро чесна в земја отколку
нечесна над земја. (Се качува на миндерот и ја става ногата на
прозорецот да скокне. Во моментот кога ја вовира главата под
горниот дел од прозорецот за да скокне, се слуша гласот исплашен
на Илија).
ГЛАСОТ НА ИЛИЈА: Антице, што правиш така?!...
АНТИЦА: Еден ага сака да ме срами.
ГЛАСОТ НА ИЛИЈА: Пушти се по пенџерето, ќе те поземам...
АНТИЦА: Добро... (Се пушта преку прозорецот).
СЕЛМАН-АГА: (влегува бесен со рацете раскрилени, готов за
да ја зграби, но кога не ја наоѓа-разочаран), Нерде качар бу
ѓаурка?!... (Куражно). Шинди ќа најде тебе Селман-ага... (Полетува
кон вратата, но на прагот му се испречува Илија). Од каде шинди
сен?...
ИЛИЈА: (го турнува Селман-ага за три-четири чекори од себе
си) Што си барал ти овде, Бре куче?... Ако си ага и имаш пари,
имаш власт-сила, можеш да заграбуваш ниви, лозја... та треба ли и
се што е убаво да биде твое—и девојките?! (Го фаќа за гуша и го
оборува на подот, потоа го вади пиштолот). Тука ќе ти ги турам
черевата!...
СЕЛМАН-АГА: Аман, ефенди!...
ИЛИЈА: Аман, а? А ти знаеш ли за аман?
(Му ги зема пиштолот и ножот од појасот, го обезоружува, а
потоа му удира неколку клоци и за нозе го извлекува надвор од
каде се слуша офкање. После подолга пауза се враќа носејќи ја
Антица на раце и ја спушта среде соба).
12
АНТИЦА: Среќо моја, за малку да не те донесеше на време
ангелот, умрена ќе ме најдеше под пенџерињава. (Го прегрнува.
Влегува Саветка и ги затекнува во таа положба-загрнати).
САВЕТКА: (избезумена). Што е оваа работа?!... Надвор лежи
Турчин, а внатре те љуби...
АНТИЦА: (се пушта од Илија и ја загрнува мајка си). Мајчице
слатка, си имала среќа да ти останам жива...
САВЕТКА: (држејќи ја на градите и со озверен поглед кон
Илија). Што е, што кабает си сторила?!...
АНТИЦА: Тој—агата, што лежи надвор, ми се качуваше горе да
ми ја земе честа и јас не знаејќи што да правам од страв, се решив
да скокнам преку пенџерињава само и само да си останам чесна, та
макар и умрела...
САВЕТКА: А овој што сака овде?
АНТИЦА: Во тоа време човеков си врвел по улицава наша и
како што ме чул кај што пиштам, застанал под пенџерињава наши
да чуе што станува. И како порачан, кога скокнав, ме дочека на
раце. И така, благодарение на него останав жива.
САВЕТКА: Му благодарам. (На Илија) Кој беше ти, како познат
да си ми?...
ИЛИЈА: Илија Кристафилов... Дамјановски.
САВЕТКА: (недоволна). Бре... ти си Илија Кристафилов?...
Нека си жив...
ИЛИЈА: Така, тетко, како што и сама чу од устено нејзино, ова
пиле јас го спасив од сигураа смрт.
САВЕТКА: Нека си жив. Господ нека ми ти даде што ми ти срце
сака.
ИЛИЈА: Благодарам. Срцево, тетко, ми го сака да си го земам
за жена ова пиле што си го спасив. Јас требаше како што си го
пречекав в раце, и право дома да си го однесам, но ајде си реков,
ќе го однесам кај мајка му, пак како што е редно, ќе го барам. Јас се
надевам дека ти си паметна жена и нема да ми откажеш. Најпосле,
тоа е адет наш кога некој спаси некоја девојка од некаква несреќа,
тој има право да си ја земе за жена, ако ја сака. Се разбира, ако е
беќар и... ако и таа се согласува...
АНТИЦА: (со себе си). Ама и го најде!.
13
САВЕТКА: За тоа, ако гледаме на ред и адет, така си е, ама до
мене не стои толку работата колку што стои до брата ми Ристаќија.
Таа татко нема, затоа ем како вујко, ем како на местото од татко
што нема; редно е тој да си го даде зборот.
ИЛИЈА: Ако е тој умен човек, нема да пречи. Никој умен човек
не би попречил!... Но, до колку тој би бил против, се надевам дека
ти ќе му натежниш да се согласи. А, богами, ти си мајка, таа од
срцето твое се откинала и зборот твој е посилен.
САВЕТКА: После, што рече, треба и таа да се праша, дали те
сака, не е крава да ја дадеме кому што сакаме ние.
АНТИЦА: Јас не можам, мамо, да му откажам на ова добро тој
што ми го стори. Јас сум согласна, ако тој сака, и вака како што сум
сега да тргнам по него. (Влегува Ристаќи бесен и уште од врата).
РИСТАЌИ: Што е ова?!... Што е ова, сестро?!... Надвор лежи
ага, а внатре се пиштоли...
САВЕТКА: За тоа вроме што поседав дома ти за малку, што не
станало чудо. Тој, агата, што лежи надвор дошол да ја срами
Антица. Таа, пак, немајќи каде да бега, се фрлила преку пенџере.
Во тоа време ангелот го навртува човеков да препомине под
пенџерињава и како што чул плачење, застанал да чуе што станува
и ако е потребно да помогне. Та, кога скокнала Антица, тој се
нашол како нарачан и ја дочекал на раце, та ја спасил. И така на
раце ја донесол горе.
РИСТАЌИ: Што му требало пак на раце да ја носи дури горе?
Што не ја пуштил да си дојде сама? Али... (Кон Илија) Ааа!...
САВЕТКА: А пак агата го избил и како партал го фрлил надвор!
РИСТАЌИ: Чудо големо што сторил!... Ајде, да кажеме добро
направил тоа што ја спасил, ама што му требало на раце да ја носи
дури горе, кога ја дочекал жива. Тоа не го разбирам!
ИЛИЈА: Таа толку беше уплашена да не беше во сознание! А
пак на улица да лежи, нема да ја оставам!
САВЕТКА: Сега ни ја сака да му ја дадеме да му биде невеста.
РИСТАЌИ: Ајде, да кажеме дека и тоа добро сторил што ја
донесол горе кога била во несвест, не ја оставил на улица да се
бере светот, околу неа како на исфрлена, ама не разбирам со какво
право се осудил да ја бара за невеста!
САВЕТКА: Је бендисувал. А вели: „Тоа е и адет...“
14
ИЛИЈА: Адет...
РИСТАЌИ:: (му го пресекува зборот). Ајде, бре!... (Кон
Саветка). А што вели таа, го сака?
АНТИЦА: (скокнува). Аха, го сакам!...
САВЕТКА: Сега ти како ќе кажеш...
РИСТАЌИ: (гордо). Не сака ни велење оти како ќе речам јас
(Се чука по гради). Јас сум и вујко! А како што нема татко и татко!
ИЛИЈА: Така си е.
РИСТАЌИ: Се разбира дека е така. Јас имам право да ја дадам
кому што сакам. И кај е тој што би могол да се противи?!
ИЛИЈА: И тоа право не ти го поречуваме, само...
РИСТАКИ:: Што „Само“? Не можете! А не е ни роден човек што
би могол да ми го земе тоа право!
ИЛИЈА: Така си е, само...
РИСТАЌИ: Тоа ме радува што признаваш. А мори улава
сестро, добро тие се деца и не знаат, ами ти? Заборави ли дека
ние со татка му сме први непријатели? Го заборави ли ти тоа кога
ме викна владиката грчки, ме благослови и ме нарече кир Ристаќи
за тоа што се определив за грчката партија? И кога татко му го
наврти цел град да ми вика „уа!“, да не можам да препоминам по
улица? (Гордо). Но јас си останав кир Ристаќи, а на него му најдов
пат по кој да го пратам под ледина! И сега на сина му ќе му дадам
внука за жена. На непријателот да му легнам здола! Тоа не! Само
тоа не може да биде!
САВЕТКА: Сега, тука како ќе речеш ти.
РИСТАЌИ: Јас можам да попуштам, ама ако и господинов
попушти.
(Антица со молба гледа во очите од Илија).
ИЛИЈА: Да чујам што сакаш.
РИСТАЌИ: Да дојдеш во мојата партија и да се наречеш кир
Илија.
ИЛИЈА: Што ли сакаш, да се погрчам, да си ја менам
народноста моја?! Та јас не се срамам од народноста моја. Дури се
гордеам што сум Македонец, син на еден измачен народ, кој
преживеал толку вековни робства и пак не се поддал на
15
непријателот, да го претопи, ами жилаво се држал и се борел за
својата национална слобода.
РИСТАКИ:: Е, само така можеш да ми бидеш зет.
ИЛИЈА: Не! Јас сум свесен и од народноста не правам партии.
РИСТАЌИ: А јас сум горд што се викам кир Ристаќи. Кога одам
при владиката грчки...
ИЛИЈА: (го прекинува). А ако ја однесев право дома, тогаш што
ќе правеше?
РИСТАЌИ: Таква несреќа да ме снајдеше, ќе ее изедев сам
себе си!
ИЛИЈА: А ти ако имаш нешто со татка ми, ете ти го, расправај
се!
РИСТАЌИ: Значи, каде него ме праќаш, под ледина? Е нема
синко мајчин, да ја земеш на сила! Само ако се покориш!
АНТИЦА: (со молба). Ама, вујче, тој ме спаси...
РИСТАКИ:: Псас!... Псас, кучко една! За тебе имало збор за да
проговориш! Е, не те давам! Ако не те боли, еве ти го пенџерево,
пак фрли се!
ИЛИЈА: Не е право ова што го правиш.
РИСТАЌИ: Право е! За мене е право!
ИЛИЈА: Засрами се малку, што правиш! За пусти пари и
народноста си ја менуваш. Уште малку и неа ќе ја мениш. Турчин ќе
станеш...
РИСТАЌИ: Тебе ти е мака? Нека ме направат кајмакам и
Турчин ќе станам.
ИЛИЈА: Со разбира дека ми е мака, кога моите сонародници си
ја менуваат народноста, но пак ме теши тоа што не само меѓу
народот македонски има такви, туку насекаде ги има такви како
тебе — расипани души.
РИСТАЌИ: А тебе штом ти е мака, земи си ги нозете и бегај
одове.
ИЛИЈА: Што, на тоа добро што ви го сторив, место да ме
поканиш да седнам, ме тераш?
РИСТАЌИ: Има една поговорка; „Него в село не го оставаат да
влезе, а тој се смушнал кај попот дома и ја бара поповата ќерка“.
Ха, ха, ха... чека господинов да му речам-повели, седни...
16
ИЛИЈА: На тоа добро што ви го сторив да немам чест да
седнам?
РИСТАКИ:: Но не само тоа што немаш чест да седнеш, туку
еве ти велам: земи си ги нозете и бегај додека не сум зел дрво да
те истерам.
АНТИЦА: (плаче и се штипе за лицето). Леле, леле, та што
овој срам...
ИЛИЈА: Што, ти да дигнеш дрво и да удриш на мене? Ела бре,
куче продадено, да ти ја видам колкава ти е јунаштината!
(Антица се испречува пред Илија).
РИСТАЌИ: Мислиш дека не можам колку за тебе?! {Го слекува
ќуркот). Сега ќе те зобнам!...
САВЕТКА: (се испречува пред Ристаќија). Аман, брату, што ќе
направиш?!...
РИСТАКИ:: Не можам да го гледам во куќава!
ИЛИЈА: Како сакаш, да се бориме, да се тепаме или да се
колеме? Јас секако пристанувам. Само пред да почнеме уште
однаш те поканувам да размислиш. Ако не сакаш да загинеш како
куче бесно.
АНТИЦА: Аман, вујче...
РИСТАЌИ: Псас!... збор да не се чуе од тебе!
АНТИЦА: (си го штипе лицето). Леле, што е овој срам, ќе се
фрлам низ пенџере!
РИСТАЌИ: (се шегува). А-ха, ве заплашувам: „Ќе се фрлам низ
пенџере! Не давајте ме... држ’-те ме!“
ИЛИЈА: Готов ли си?
РИСТАЌИ: Готов.
ИЛИЈА: Како сакаш, со нож или со пиштол?
АНТИЦА: (си ги кубе косите). Леле, леле, леле...
САВЕТКА: Аман, брату, што е ова чудо, што сакаш во куќава
да направиш?!
РИСТАЌИ: (му покажува бокс со раката на Илија). Еве вака, да
ти стегнам неколку тупаници. (Со очите им дава знак на Саветка и
Антица да се нафрлаат со тупаницм на Илија, а самиот се
нафрлува).
17
ИЛИЈА: (му ги фаќа обете раце како што ги дигна да мава).
Стој! Прво треба да се разбереме.
РИСТАЌИ: Ама какво разбирање!...
ИЛИЈА: (кој здраво му ги држи рацете во своите, мирно).
Добро, ајде прави да те видам што можеш.
РИСТАЌИ: (се обидува да си ги ослободи рацете, потоа со
очите им дава знак на Саветка и Антица да го нападнат Илија). Ајде
сега!... фаќајте го за нозете да го фрлиме преку пенцерињава!
ИЛИЈА: (како и погоре спокоен), Јас те поканувам да се
спогодиме: ако ме победиш, ќе се откажам да ја барам Антица, а
ако те победам да ми ја дадеш без да разбере народот што
станало меѓу нас.
РИСТАЌИ: А бре, ако те победам, како партал ќе те фрлам
преку пенџере, туку е работата и, случајно, ако ме победиш да не ја
земеш. Го прима ли кир Ристаќи тој срам? Не! Само тоа не може да
биде, Антица да ја земеш! Тебе зет не те правам, не те трпам!
Преку пенџере тебе! (Кон Саветка и Антица и со очи и со уста):
Ајдете сега!...
ИЛИЈА: Кога така, ножот нека заигра! (Саветка и Антица
инстиктивно спискуваат. Му ги ослободува на Ристаќи рацете и,
отстапувајки чекор назад, го вади пиштолот од појасот, му го дава
на Ристаќија). На, земи го да не си со голи раце-да имаш со што да
се браниш. Инаку, ми е срам да си ги валкам рацеве.
(Антица застанува пред Илија да го спречи, обзрната кон
Ристаќија и со гримаси на очите, устата и лицето го моли. Саветка
исто така се пушта да го задржи Ристаќија и со тоа го спречи
проливањето на крв. Но додека Саветка застанува пред него,
Ристаќи успева веднаш при земањето на пиштолот да стрела, така
што не му дава време на Илија ни да го извади ножот. Од истрелот
Саветка и Антица се исплашуваат и инстиктивно ги затвораат
ушите. Илија, ослободен од рацете на Антица, го вади ножот од
појасот, се тргнува два чекори назад, зема сила и му се нафрлува
на Ристаќија, го оборува на подот, му го зема пиштолот од рацете и
му го става кожот под грлото).
ИЛИЈА: Што велиш сега, се покоруваш или да ти ја земам
душата? Како јагне ќе те заколам!
18
(Во овој момент Селман-ага ја подава главата од вратата,
ѕирка и кога ја гледа ужасната слика со Ристаќија се стреснува и
молкум се повлекува).
РИСТАЌИ: (стенкајќи под коленото на Илија, кое му го има
ставено на стомакот): Ах, куче едно, навистина успеа да ме
зобнеш... Си ја зеде крвта од татка ти...
(Саветка и Антица, кои за ова време си ги кубат косите, се
обидуваат да го оттргнат Илија и да го ослободат Ристаќија. Но,
Илија со едно замавнување со десната рака, во која го држи ножот,
ги одстранува обете и тие продолжуваат да си ги кубат косите).
ИЛИЈА: Говори, пристануваш ли да ми ја дадеш Антица?
РИСТАЌИ: (стенка) Ах,... ах...
АНТИЦА: (клекнува пред Илија) Аман, Илија, прости му за
љубов моја!
ИЛИЈА: За љубов твоја од еден казан со злато со откажувам...
Преку пенџере скокнувам, ако побараш... А камо ли на едно куче
животот да му го подарам! (го ослободува).
РИСТАЌИ: (станувајќи). Куче едно, не ми даде време ни да го
фатам пиштолот со раце како треба...
ИЛИЈА: (се фаќа за пиштолот). Еве ти го. Ела ушто еднаш ако
ти држи да се пробаме. Само тогаш ни молбата на Антица не ќе
помогне.
РИСТАКИ:: Не ми треба...
АНТИЦА: (застанува пред Илија). Уште една молба имам, ако
сакаш да ми ја исполниш. Ако ме љубиш, да си одиш.
ИЛИЈА: Ти реков: „за љубов твоја се што ќе речеш (ја
прегрнува и ја бакнува в уста) До гледање! Нема да си одам додека
пак не се видиме. (излегува
горд, весел и насмеан, но пред да излезе од кај вратата се
обѕирнува, и дава бакнеж со рака и тогаш излегува).
РИСТАЌИ: Леле, леле, леле:... пред очиве мои ја баци! (се чука
по главата) Умри, кир Ристаќи!... Куче едно, ќе му ја скинав главата
да видеше тој кој е кир Ристаќи! Море да бев помлад...
АНТИЦА: Ами и ти како зборуваш како Трајчета од приказната
„си бил некој, си одел на нива. За побрзо да стигне, како ти сега
што не чека Илија да се приготви, ами зимање пиштолот и стрела,
— зел да оди преку трупа-преку ниви, а не право по патот. И така
19
дошол пред некој ендек многу широк. Не му останувало ништо
друго освен или да го скокне или да се врати и отпрвин да киниса
по правиот пат. Не му се мислел многу“, како ти сега, „скокнал, но
среде ендек. Мислејќи оти некој го гледа, за да се направи важен,
викнал: — Ех, каде сто пусти млади години кога скокав два како
овој. А потоа се разгледал наоколу и кога се уверил дека никој не го
гледа, си рекол сам со себе си: — Трај, Трајче, не се фали многу,
оти и на млади години ваков торлак си беше“. И ти со себе си така
ќе си речеш. А пред нас, за да се пофалиш како Трајчета од
приказната, викна: — Ах, да бев помлад“. Трај тука како Трајче што
затрајал, оти никогаш не си бил појунак.
РИСТАКИ:: (и се заканува). Ти помалку да мудруваш!
САВЕТКА: На доброто што ни го стори не требаше така да
постапиш. Не сакаш да му ја даваш... тоа е нешто друго...
РИСТАЌИ: За жена не е многу мудрување. Вие сте долго-коси
кусо-умни!
САВЕТКА: Видиш, тој добро знаел оти за пари се погрчи. И
што направи? — Секој те замрази и со прст те покажува.
РИСТАКИ:: (гордо) Еден е кир Ристаќија. Кој како него!
САВЕТКА: Чудо големо! Со никого добро утро. Ни оти некој те
сака да му појдеш дома му, ни оти пак ти влегува. Држи се ти за
полата од грчките владици. Со народот да си добар, тоа ќе ти
остане. Да му појдеш на радост, да ти дојде...
РИСТАЌИ: Женски мудрувања.
САВЕТКА: Така де. Јас сум една жена проста, никаде
неизлозена, и што се вели зборот: сестра сум ти, и пак не ти го
бендисувам табиетот твој запеслија. Живеј си со народот во мир и
љубов. Од земја сме и пак земја ќе станеме! Поминот е најдобрата
работа, тоа ќе ни остане. Држ си се како што се држи целиот народ.
Држи си го името Макодонец како што си го држи и целиот народ.
Зашто, какво име лошо носи македонскиот народ, та се срамиш да
се наречеш Македонец ами Грк? Јас не знам кому мислиш да му го
даваш момичево. Покажи го кој е тој друг, освен детево што го
испади, што сака со тебе да се сроди. Него ангелот ни го наврти, и
ако му ја дадевме, ќе се ставеше капак на се, бидејќи е од
Кристафила.
РИСТАЌИ: Ти се чудам што береш гајле ти! Тоа гајле е мое, не
е твое. Јас ќе и најдам на Антица маж богат и, онака, зрел човек во
20
години, а не што лапа муви како оној копук. Да го обесиш со нозене
угоре пет пари скршени не ќе паднат од џеповине негови. (благо)
Еве, на пример, што би било лошо да можеме да ја нагласиме
работата да ја земе Никола Стефанов?
САВЕТКА: На кого, бре, на Гзарка?
РИСТАЌИ: Е. Зошто, лошо е?
САВЕТКА: (во недоумица). Ууу!... брату, што зборуваш? (го
потурнува) Помести се од местото! Зар на оној постар од мене,
подгрбавен, подискривен, сипаничав...
РИСТАКИ:: Будалаштиње женски! Многу умеете вие да
прецените што е убаво. (убедливо) Ништо не е оти ќе е повозрасен
од неа. Ќесето да му тропа, тоа се бара! Еве јас сум постар од
Никола, ама денеска да намислам да се преженам, девојче од
дваесет и пет години би ми дале. (го ваде ќесето и го чука). Тропа
ли ова-млад си. А на Никола му тропа! Подобро од моево му тропа!
(ја поттргнува Саветка настрана од Антица и поверливо) Јас веќе
говорев со него и ми вети, ако му ја дам да помине и тој во грчката
партија. Се согласи владиката грчки да го венчава. (весел) И
сигурно кога ќе дојде кај мене, ќе одседне на конак. Разбираш?
САВЕТКА: Не ќе одседне, туку ќе се сокрие кај тебе, оти со
тенеќиња ќе тропа народов по него. А друг не го прибира, ќе го
плука.
РИСТАЌИ: (разјарен) Ууу!... јас како што велам оти обете
пепел ќе ве направам! Ќе ве заклучам обете, ќе ја попрскам куќава
со газија и ќе ве запалам! Кога вие не ми го уважавате зборот, што
остана за други.. -Ух, сам себе ќе се изедам!
САВЕТКА: И ова... си лош, си силен.
АНТИЦА: У, силен... Каде му беше силата кога лежеше под
коленото од Илија?...
РИСТАЌИ: (се нафрлува на Антица да ја удри, но се наместува
посреде Саветка). Ух, со заби ќе те изедам како сум силен!
АНТИЦА: (со иронија) Пред послаби. А пред Илија? Ааа...
РИСТАЌИ: Пушти ме, мор, да и го скинам гркланот! (повторно
налетува на Антица, но Саветка го спречува).
САВЕТКА: Убава работа, само неа ја имам и без неа да
останам.
21
РИСТАЌИ: (на Антица) Тоа име да не си ме го спомнала уште
еднаш.
АНТИЦА: Јааа... Ако тебе ти е крвав, мене ми е мил. Ако не
беше тој или ќе бев сега умрена не закопана, или пак посрамена.
САВЕТКА: Добро ти вика девојчето, ти си крив. Таа си има
право да си го сака.
РИСТАЌИ: Таа многу знае што сака. Го гледа онака: личен,
бричен, накитен како некоја кукла, знае да зборува, јунак е — може
вујка и да го заколе и за неа е арно! А не оти гледа понатака од
носот! А јас сум обелел од гајлиња. Мене многу ми е препоминато
преку глава и за тоа, друго знам јас, а друго знае таа. Јас умеам да
познавам и да ценам што е лошо, а што е арно. Ова е лошо-фрли
го! Ова е арно-дај го ваму! А не само замижи со очите и што ќе ти
падне, грабни го. Треба денеска многу да знаеш да цениш, та да
можеш да проживееш како треба.
САВЕТКА: Е, како се фалиш оти знаеш да цениш, кога велиш
да сме му ја дале на Никола Гзарков?
РИСТАЌИ: Преубав е кога ти велам. Ај ти, знам јас!
АНТИЦА: (одлучно) Ама што, јас да земам казна божја? Ба, ба,
ба!!!. Тоа само не може да биде! Еве, да ми го паметуваш зборов:
ако ме дадете за него, на самата свадба, на самата веселба, дома
му кај него, ќе се отрујам. И ќе кажам зошто секој да те плука.
РИСТАЌИ: (како бесен) Доста!... Доста!... Зар ти пред вујка ти
да отвориш уста, да се противиш? Ти само има да слушаш и да се
покоруваш на тоа што ќе речам јас! Ме разбра ли?! (излегува)
САВЕТКА: Ууу!... Каков лош ден... Од една страна со пустиот
ага; од друга страна со детето што се закопца да те сака; од трета
страна пак овој се зајаде.
Ах, пуста Саветке, што немаш превидено и кој знае уште што
ќе дочекаш... (си ги брише очите од солзите кои и протекуваат).
РИСТАЌИ: (полека ја отвора вратата и прислушкува, а кога
Антица ја свртува главата натаму, со силен глас): Тоа куче, агата си
отишол!
САВЕТКА: (се стреснува од изненадните зборови на
Ристаќија). Уф!... Та добро направил... Уште тоа ми беше кусо да
ми го оставите овде.
22
РИСТАЌИ: Море, да не беше отишол и јас ќе му стегнев некоја
клоца и како партал ќе го исфрлев! Да видеше тој како се осудува
да му стапне на честа од кир Ристаќија!... (излегува).
АНТИЦА: (кон него) Уф, што се исфрлени од тебе!
РИСТАЌИ: (се враќа). Уф, каква глупост би направил да го
избиев! Их, како не се најде сега овде, туку си отишол! Сестро,
знаеш ли што ми падна на ум?
САВЕТКА: Од кај пак јас да знам?!
РИСТАЌИ: Сега ќе ти кажам! (се рашетува со долги чекори)
Чудо!... Чудо работа! Ех, кир Ристаќија, по малку, по малку
стануваш итар како прав Грк. Знаете, Грците се многу итар народ!
Ама сето тоа се должи на благословот од деда владиката. Туку,
што сакав да ти кажам... (се мисли) А, ах! Да. Кога веќе си отишол
Селман-ага, ќе го побарам и ќе го наговорам: тоа куче, што сакаше
да ме заколе, да го отепа! (кинисува) А... и јас ќе му спомогнам!
(Кинисува со брзи чекори да си оди, но се задржува на вратата да
ги чуе зборовите на Антица).
АНТИЦА: Да му можеше тој уште овде ќе го отепаше немаше
да чека ти да му продадеш ум.
РИСТАЌИ: Ааа... ах!... (излегува).
САВЕТКА: Многу е силен.
АНТИЦА: Тоа не се вика силен ами фалбаџија. Силен е Илија
што му даде пиштол и пак го обори под нозе. (го имитира Ристаќија)
„Да лежеше Селман-ага уште надвор и јас ќе му удрев некоја
клоца“. Кога лежеше надвор ти можеше да му удриш, и јас. Да беше
овде кога ми дојде мене, дали можеше да му удри и да ме
одбрани?
САВЕТКА: Пустана лакомштина што ја има за пари и пустине
фалби, тие не му чинат...
АНТИЦА: И се не му чини! Зар му чини што сака мене да ме
даде за Никола Гзарков?
САВЕТКА: Не му ли отиде по неговото како ќе рече тој, ни
сестра признава, ниту господа. Таков си е од секогаш. А тој е,
другего поблизок немаме, и сакале-не, ќе го слушаме.
АНТИЦА: Гзарка да го земам?!
23
САВЕТКА: Ако можеме некако со арно да го фатиме добро, ако
не, богами, и ќе го земеш! Само него го имаме и со него да се
расипиме?
АНТИЦА: За онаков каков што е подобро и него да го немаме!
Барем, ќе си правам како што си сакам.
САВЕТКА: Ќе го помолиме пак, белки ќе попушти. Еве ќе
појдам пак до дома му, белки ќе го начекам на друг ум. А ти
подпојди до каде Паре, да не си дома сама. (појдува да излезе).
АНТИЦА: А ти, согласна ли си да појдам за Илија?
САВЕТКА: Ама согласна не согласна, јас не можам да да ти
дадам збор додека тој не се согласи. Што сакаш живи како глувци
да не изгори?! Ти го знаеш него каков е кога нешто ќе намисли. Ќе
не изгоре обете со се куќа, мори еј! Од двете лоша да го одбереме
подоброто. А тоа е да појдеш за Никола.
АНТИЦА: (се фрла пред нозете на мајка си). Мајчице, да ти
умрам ако ме дадеш за него!
САВЕТКА: (на која и потекуваат солзи на очите, ја милува по
косата). Молчи, ќерко, ти да беше среќна не остануваше уште дете
малечко без татко. За тоа се рекол зборот-сирак! (Ја зима главата
на Антица во рацете, а својата ја става на нејзината) А ти си ми
сирак од татка!
(3АВЕСА)
ЧИН ВТОРИ
слика прва
Во дворот на баба Анча. Во дното десно, како настрана, мала
куќичка од една приземна соба со однапред врата, а лево
прозорец. Започнувајќи од лево па се преку дното до самата
куќичка — ограда од стари и различни по широчина и должина
штици. Лево некаде кон дното, на оградата врата од ист материјал,
која води на улица. На околу, позади оградата високи куќи. Десно
од вратата на куќичката камен за седење, а уште понасреде, негде
околу средината, голема и дебела црница. На самиот камен стои
фурка, а покрај него табла полна со пластови. Време квечерина.
24
При кревањето на завесата од оџакот излегува густ чад кој
брзо престанува, а потоа се појавува на вратата баба Анча, која се
обѕирнува зад себе си.
БАБА АНЧА: Зашто ги имам многу пустинските требаше и тие
да догорат... Ете така, а сега да немам ни дрвце да си сварам уште
едно грне грав. (се чука по главата) Ами, будаличко, го тргна
грнето, тури им веднаш вода-изгасни ги. Божем некој друг ти
печали та ајде, бабо Анчо, удри гори што повеќе. (ја зима фурката и
седнува на каменот) Да ти се невиди и среќата твоја вака... Чувај,
од овие две раце чекаш... дури и тие некој ден не се исушат...
(преде на фурката. Пауза).
(влегува поп Јанче и оди кон баба Анча полека играјќи се со
бројниците).
БАБА АНЧА: (ја поткрева главата и го забележува поп Јанчета
уште при влегувањето во вратата. Оставајќи ја фурката на
каменот): Аирлија да биде, поп Јанче во куќава моја! (оди и го
дочекува бакнувајќи му рака) Како така ти во куќава моја без себап?
ПОП ЈАНЧЕ: Народно гајле, Анчо. Ако умре некој-попот треба
да му мисли да го закопа. Ама врнело, ама грмело-попот треба да
го испрати до дупка. Ако му се родило некому-попот треба да му
мисли за крштевање. Пак ако се роди со пченицата в уста, од
постела ќе те дигнат да го крстиш, да не умрело ѓаволче, Ако некој
се разболи-попот треба да му направи молитва да оздрави. Ако
некој треба да се жени-попот треба да го венчава. Ако некому не му
даваат жена, ако некоја девојка не ја бараат беќарите-заостанале,
и тука попот треба да му мисли. Ако некои се скарале попот треба
да ги мири. Ако се заљубат двајца млади и родителите им пречат
попот треба да ја нагласи работата. Кога гледаш, сите гајлина од
светот врз главата од попот паѓаат. А младите, говорат како
поповите живеат на грбот од народот. А тој, божем, само си ги
мафта бројниците.
БАБА АНЧА: Народ, како народ... Ни сите прсти се еднакво
долги, ни оти сиот народ е едкакво умен. Пушти го нека си зборува,
гледај си го ти олтарот. Еве, јас мислам сосем поинаку: дека попот
е господово лице и не го личи да работи.
ПОП ЈАНЧЕ: Ама ти?... А, младите?!
БАБА АНЧА: Нека ги. Проколни ги да остарат како тебе, за како
тебе да мислат. (влегува во куќичето и изнесува едно столче)
Повели, седни. (седат еден спроти друг).
25
ПОП ЈАНЧЕ: Ааа... Ристаќија гркоманот го познаваш?
БАБА АНЧА: Е де, шкрет кир Ристаќија. Што му викаат уааа!
ПОП ЈАНЧЕ: Така, така... Тој има една внука од сестра си
Саветка...
БАБА АНЧА: (додава) Антица! Блазе кој ќе си ја земе. Блазе!
ПОП ЈАНЧЕ: А така. Се прскаат лафови, оти како му ја давал
на Никола Гзарков под услов и тој да се погркомани.
БАБА АНЧА: Да се множат гркоманите...
ПОП ЈАНЧЕ: А така. Црквата пак донесе решение да ја спречи
таа работа. Како? — Да и навртиме на Антица некое друго дете,
така, младо, убаво, во кое би се заљубила и така да му ја изматиме
водата на кир Ристаќија. За таа работа, како што реков, треба да и
навртиме некое младо беќарче, лично како што знаеме младите за
какво се лажат. И ние сношти, од името на црквата, донесовме
решение за таа работа да и го навртиме на Антица — Илија
Кристафилов.
БАБА АНЧА: Дамјановски?
ПОП ЈАНЧЕ: А така. Дека како што е тој онака млад, убав,
убаво облечен, ќе може да ја привлече. А ние ќе спомогнеме. И за
него не ќе биде лошо: лично девојче, умно, со стока, со пари... А и
политикант: нема да се размножуваат гркоманите! (ја чука по
коленото) Разбираш ли?
БАБА АНЧА: Ами баба Анча е проста, ама дотолку се разбира
дека не треба да се множат гркоманите.
ПОП ЈАНЧЕ: А така. И со тоа ние треба да ги отвориме очиве
четиринаесет и да не позволуваме лесните да се лажат, ами да им
го покажиме правиот пат. Никола се најде со триста маани: стар,
подгрбавен, подискривен, сипаничав... никоја не го земаше и сега
за да се ожени и црн ѓавол би станал...
БАБА АНЧА: (се крсти). Да е скраја од куќава моја!
ПОП ЈАНЧЕ: А така. А девојчето пак е... (покажува со раката
љубезно) Разбираш?
БАБА АНЧА: Е, како да не!...
ПОП ЈАНЧЕ: А така де. После, Никола си е парашар како
Ристаќија. Та кога ќе ги додадеш и пустите пари и етока од Антица,
како што ти реков: „ништо не го запира да стане и црн ѓавол“!
26
БАБА АНЧА: И јас такво нешто потчув.
ПОП ЈАНЧЕ: А и ти си потчула?
БАБА АНЧА: Се може ли нешто да помириса, та баба Анча да
не го намириса?
ПОП ЈАНЧЕ: Е, господ да те благослови, мори Анчо. Сега ќе
треба ти да го најдеш Илија и да го наговориш... Разбираш?
БАБА АНЧА: Е, како да не, и баба Анча јаде солено.
ПОП ЈАНЧЕ: Господ да ми те поживее и здравјето да ми ти го
крепи, толку.
БАБА АНЧА: Амин. Да ти ја имам молитвата.
ПОП ЈАНЧЕ: Уште сега ќе треба да го најдеш, додека не си
отишол. Оти тој не се врти многу овде, во селава арнаутски си држи
дуќан—Мокрава.
БАБА АНЧА: А порано Долни Дебар.
ПОП ЈАНЧЕ: Та ти, ми се гледа, тефтерите ги водиш за светов
кој што прави.
БАБА АНЧА: Е тоа знае баба Анча. Да ме прашаш кава е
златна пара — не знам.
ПОП ЈАНЧЕ: Ништо за тоа. Господ е богат. Та ќе треба да
говориш со него... Или пак ако можеш да го најдеш, да дојде овде,
јас да разговарам со него, ќе биде уште поарно.
БАБА АНЧА: Јас говорев со Илија за таа работа... и...
ПОП ЈАНЧЕ: Како?!...
БАБА АНЧА: Сум говорела.
ПОП ЈАНЧЕ: За оваа работа?
БАБА АНЧА: Од некое врѕме Трајче Митревски само ми
зборува да му одам стројница за Антица. Ама јас не верувам оти
може нешто да биде и не му одев. Приквечер ме викна дома му и
„ќе одиш та ќе одиш...“ И така јас се забрав и отидов. Му зборувам
на девојчето, го фалам детето, како што е редно стројница да
фали. Девојчето рече: „Таа работа, бабо, не стои до мене, ами до
мајка ми и до вујка ми. За кого ќе сакаат тие да појдам, него ќе го
земам. Јас нив ќе си ги слушам...“
ПОП ЈАНЧЕ: Значи, ако тие речат за Гзарка...
27
БАБА АНЧА: Ама и слушај ме да ти кажам. Се познава дека не
ја интересира. И јас ни пет, ни шест... Ама живти господа златен,
овде зборуваме, овде да остане! И реков така и така: „како за тебе
тоа дете ти прилега“.
ПОП ЈАНЧЕ: За Илија?
БАБА АНЧА: Е де. А пак јас ја имав намирисано работата и си
реков со умов „ако не можеш за ваму, нека биде за таму“.
ПОП ЈАНЧЕ: (збунет). Како, „ако не може за ваму, за таму“?
БАБА АНЧА: Ако не може за Трајчета, нека биде за Илија!
ПОП ЈАНЧЕ: (се поместува со седењето). Аха, и после?...
БАБА АНЧА: И кога видов дека не сака за Трајчета, ја завртев
колата за Илија.
ПОП ЈАНЧЕ: И?...
БАБА АНЧА: И да видиш, и се поднасмеа лицето. Ме праша
дали се познавам и натаму ми рече да говорам со него. И ако ја
сака да одам стројница направо кај пусти и вујко.
ПОП ЈАНЧЕ: Ааа... значи го сака? Па добра е тогаш работата.
А штом таа го сака, за вујка и не не интересира. Дури уште поарно
ако не ја дава. Ќе му ја грабиме, и со тоа ќе го срамиме!
БАБА АНЧА: А девојчето се гледа дека многу го сака. Кога и
рсков дека ќе го побарам и ќе говорам со него таа од радост ми
подари и нова шамија за глава.
ПОП ЈАНЧЕ: (си ги жули рацете). Штом е така подвикни го
Илија, јас да говорам со него. Знаеш, да му прочитам јас една
молитва, оти може би да не сака заради онаа работа од татка му со
Ристаќија.
БАБА АНЧА: Баба Анча веќе говореше м со него...
ПОП ЈАНЧЕ: Аха... И што ти рече?
БАБА АНЧА: Немало потреба...
ПОП ЈАНЧЕ: (вознемирен). Ја нејќе?!
БАБА АНЧА: Немало потреба да се говори со кир Ристаќија.
„Тој, рече, нема да се согласи, а мене не ми е потребно неговото
согласие.
ПОП ЈАНЧЕ: Ништо не те разбирам!... Тој ја сака ли?
БАБА АНЧА: Се разбира.
28
ПОП ЈАНЧЕ: Па веднаш што не кажеш така! Е, сега претрчај
до каде Антица и кажи и дека и тој ја сака.
БАБА АНЧА: Му реков, рече „нема потреба“.
ПОП ЈАНЧЕ: Нема потреба ова, нема потреба она... А ваму
народните интереси имаат потреба. Оди кажи му дека јас го викам
и да дојде веднаш. Ајде мрдни! Овде Ќе чекам. {станува).
БАБА АНЧА: Нема потреба.
ПОП ЈАНЧЕ: (се крста). Ами ти ли знаеш повеќе дали има
потреба или јас?!
БАБА АНЧА: Тој самиот ми рече, дека квечерум, штом се
заноќи ќе дојде кај мене.
ПОП ЈАНЧЕ: Ту да ти се невиди и жената проста! Па тоа беше
доста, ако го кажеше отпрвин! (се рашетува и си ги брои
бројниците).
БАБА АНЧА: (оди по него). Не се лути, сакав да те запознаат
со целата работа како стои. (Оди накај вратата од дворот).
ПОП ЈАНЧЕ: Добро, добро!... (влегува во куќарчето).
БАБА АНЧА: Еве го иде... (продолжува да иде во средба од
Илија, го дочекува и нешто му говори).
ИЛИЈА: Аха...
БАБА АНЧА: (избрзува пред Илија). Еве ти го... У, кај отиде
попот?... {на Илија). Сега беше овде!...
ПОП ЈАНЧЕ: (излегува од кукарчето играјќи си со бројниците
со себе си). Голема сиромаштија... (баба Анча и Илија му се
испречуваат пред него). О! дојде ли?... (се поздравуваат, а Илија му
бакнува рака). Седи. (двајцата седнуваат еден спротм друг и
говорат тивко и поверливо). Ми требеше и дојде, како нарачан.
Имам нешто да говорам со тебе.
ИЛИЈА: Кажи.
ПОП ЈАНЧЕ: (говори како ништо да не разбрал од Анча). Ама
сакам машки да мм одговориш и умно, како што говореше, бог да го
прости, татко ти. А јас сум поп човек, исповедувам секого, и нема
зошто да се плашиш да ми се исповедаш што си сторил и што
мислиш да правиш.
ИЛИЈА: Се разбира.
ПОП ЈАНЧЕ: Ристаќија гркоманот го познаваш?
29
ИЛИЈА: Мошне арно.
ПОП ЈАНЧЕ: Тој има убава внука од сестра му Саветка. Ја
познаваш?
ИЛИЈА: Како да не.
БАБА АНЧА: Блазе кој ќе ја земе. Блазе!
ПОП ЈАНЧЕ: А што ќе речеш, те бендисува?
ИЛИЈА: (издишува).
ПОП ЈАНЧЕ: Што, да не имаш мерак по неа?
ИЛИЈА: Голем мерак, оче.
БАБА АНЧА: Е, хе, хе... Кој не сака што е пусто убаво...
ПОП ЈАНЧЕ: (го чука по коленото). Ако, на годините си. И
убаво, и со стока, и со пари. Види ваму, Илија, се шират гласови,
дека кир Ристаќија сака да му ја даде Антица на Никола Гзарков
под услов ако појде и тој по патот негов да стане гркоман.
БАБА АНЧА: Да се множат гркоманите.
ПОП ЈАНЧЕ: Овдека црквата е заинтересирана. Таа не може
молчејќи да помине преку тоа, уште еден граѓанин да се откаже од
црквата и народноста наша и да дозволи да се множат гркоманите.
Ако ние дозволиме — денес ти, утре други да се погрчуваат, тие ќе
се намножат и, кога гледаш, еден ден, со помошта на
правителството турско, тоа кое им оди на рака, ќе ни ја земат
црквата и ќе останеме без црква. А со тоа и без нанародност!
ИЛИЈА: Така е.
ПОП ЈАНЧЕ: И, затоа црквата донесе решение да го спречи
погрчувањето на Никола. Како? — Да ја земеш ти Антица, а тој да
остане измамен од кир Ристаќија и да нема зошто да се грчи. Ако
пак е без тоа се погрчи, нема да ни биде од голема штета, бидејќи
никој не му дава жена и нема да остави гркоманчиња. Јасно ли ти
е? Што ќе речеш ти?
ИЛИЈА: Јас ја сакам...
ПОП ЈАНЧЕ: (му го прекинува зборот). Значи, половината
работа е свршена. Останува уште таа да се согласи...
ИЛИЈА: И таа е согласна.
ПОП ЈАНЧЕ: А, велиш, и таа тебе те сака?!
30
ИЛИЈА: Ја сакам од малечок, а еве три години кај се
милуваме.
ПОП ЈАНЧЕ: (изненаден подскокнува од радост). Аман бре!...
(го чука по коленото). Како што треба!
ИЛИЈА: Сето тоа е убаѕо, оче, само кир Ристаќија не ми ја
дава!
ПОП ЈАНЧЕ: Тоа и без да ни го кажеш го знам. Тој никогаш
нема да се согласи да му ја даде внука му на син од најголемиот
негов непријател. А точно за тоа ние донесовме решение — ти да ја
земеш, за да доживее уште еден шамар. А не што сме знаеле оти
сте се се сакале.
ИЛИЈА: Знаеш ли ти дека вприквечерина се сретнав со него кај
Антица, по еден случај, и се скаравме заради тоа што не ми ја
даваше?
ПОП ЈАНЧЕ: Како, бре?
ИЛИЈА: Згоден случај за барање. И што ќе ти ми рече: „Земи
си ги нозете и бегај од куќава, додека не сум зел дрво да те
избијам... и така натаму. Кога сум ти го грабнал под нозе, како јагне
ќе го заколев ако не ме замолеше Антица. Како што му го имав
ставено ножот под грло, за едеп секунд главата ќе му ја пресечев и
ќе му ја однесев на татка ми на гроб.
ПОП ЈАНЧЕ: (едвај успева да се прибере). Ништо за тоа. Само
ако таа те сака.
ИЛИЈА: И како му било, таа натаму си останува мене да ме
сака. (Издивнува). А јас неа.
ПОП ЈАНЧЕ: Тоа е добро. Тогаш да направиме вака: да не ја
матиме многу водата, да ја викнеме да си дојде дома ти и тука в
куќи ќе те венчавам на брза рака.
БАБА АНЧА: Можам ли јас ношто да кажам?
ПОП ЈАНЧЕ: Ајде кажи, само нешто умно.
БАБА АНЧА: Кај Илија за да стане таа работа, треба да се
исчисти куќата, бидејќи никој не седи, а тоа можеби некому ќе му
падне в очи и... Како би било уште сега да појдам јас каде Антица
да ја викнам и уште оваа вечер да ги венчаваш овдека кај мене. И
овде нека си спијат.
ПОП ЈАНЧЕ: Тајно.
БАБА АНЧА: Само кумот и старосватот.
31
ПОП ЈАНЧЕ: Може. Без церемонија и врева. Гозбата друг пат
ќе ја направи Илија. Сега колку девојчето да го ставиме в рака...
(кон баба Анча). Така ли мислиш?
БАБА АНЧА: Е де. Јас ќе им го пуштам одајчево мое... Лето е,
баба Анча може и овде под црницава да спие. Вистина, немам
нешто убаво да им постелам за спиење, аиа да се сврши работа.
ПОП ЈАНЧЕ: Вистина ќе биде срамота, ама ќе свршиме голема
работа. Ќе му ги помешаме сите планови на кир Ристаќија. Што
велиш ти Илија?
ИЛИЈА: Штом говорите за доброто мое, оставам на вас како ќе
решите. Само да се изјасниме, вие рековте тајно, во тој случај ќе
треба јас сабајле да си заминам, а Антица да си се врати при мајка
си. Така ли?
БАБА АНЧА: Јас мислам вака: вие венецот да си го ставите
оваа вечер овдо и да си спиете за да се осигури работата од нешто
кое ние не можеме сега да го предвидиме. Утре сабајле ти да си
одиш на село, а Антица дома си. Нешто што и понатака ќе биде
така се додека ти дуќанот не го затвориш таму и си се преселиш
овде. Оти јас мислам дека и така ти не би могол да ја оставиш
Антица дома сама. А после веќе ќе биде друго, дали Антица при
мајка ѝ; или мајка ѝ дома ти, некако тие ќе си прават како што ќе им
е згодно.
ИЛИЈА: Може.
БАБА АНЧА: Оти ти да ја земеш сега кај би ја однесол вака на
брза рака? А така е друго, таа ќе ти биде веќе жена и ти можеш да
си одиш кај што си сакаш. Остави ми го клучот од дома да ви
поисчистам и некој ден, кога ќе ти е згодно, ќе дојдеш и таа ќе си
дојде дома сама, како жена при маж. Ако сака Антица да и каже на
мајка си добро, ако не подоцна, кога ќе си дојде дома ти, нека
разбере. Тоа да го оставиме на неа, таа како што сака.
ИЛИЈА: Добро е така.
ПОП ЈАНЧЕ: Има еден збор: „сложни калуѓери и в сабота и в
недела мрсат“. Та, така и ние, ако сме сложни ќе постигнеме се она
кое мислиме да го направиме.
БАБА АНЧА: А, не така, попе, „сложни калуѓери и среда и петок
мрсат“. А за сабота и недела сите ние јадеме.
ИЛИЈА: Ама на попов му е зборот за во пости, дека сложни
калуѓери и сабота и недела мрсат.
32
БАБА АНЧА: Така може.
ПОП ЈАНЧЕ: Така нека биде; како што велите вие. Ајде, Анчо,
кинисувај по Антица оти времето си бега!
БАБА АНЧА: Јас сум готова и чекам само на зборот ваш.
(кинисува и оди до портата каде се појавува Антица).
АНТИЦА: (забележувајќи го поп Јанчета отстапува од вратата
и сака да се врати. Говорат преку врата).
БАБА АНЧА: Не се срами, влегувај...
АНТИЦА: Ами попо?...
БАБА АНЧА: Ако си е. Влегувај кога ти велам. Сите сме наши и
сите ти го мислиме доброто (Антица влегува).
ПОП ЈАНЧЕ: (кој за ова време говори нешто со Илија, ја
забележува Антица и станува, оди на кај неа). Влегувај, ќерко, не се
срами. Како порачена идеш. Ангелот ми те донесе.
АНТИЦА: (оди со главата наведната и застанува пред поп
Јанчета, му ја бакнува раката).
ПОП ЈАНЧЕ: Зошто со Илија не се поздравиш? Не се
познавате?
АНТИЦА: (поцрвенета од срам и, гледајќи во ноктите). Како да
не...
ПОП ЈАНЧЕ: Е, ајде штом е така, поздрави се и со него. Така е
редно.
АНТИЦА: (се приближува и од пооддалеку ја пушта раката,
така што само прстите му ги подава и пак продолжува да си гледа
во ноктите).
ПОП ЈАНЧЕ: Антице...
АНТИЦА: (подигнувајќи ја малку главата). Повелете оче!
ПОП ЈАНЧЕ: Не се срами. Јас ја знам целата ваша историја и
сега ќе зборуваме отворено. Јас работам за да ве зближам вас
двајца. Види ваму. Мене ми е потребно да чујам од твојата уста оти
го сакаш Илија. Зборувај слободно! Од твојот збор, кој ќе го кажеш
сега, зависи дали ќе се земите. Говори! Ништо тука нема што би
било за срамење. Венец не може да се стави туку-така!
БАБА АНЧА: Речи... Ако е поп, та не е господ!
АНТИЦА: (полека). Го сакам.
33
ПОП ЈАНЧЕ: (го понавртува ушето). Не те дочув. Како рече?
АНТИЦА: Го сакам.
ПОП ЈАНЧЕ: Ете така! Така те сакам! Што ти лежи на
душичката право да си кажеш. На поп човек и греовите му се
кажуваат, а што остана за маките и желбите (им честита). Е, среќно
нека ви биде.
БАБА АНЧА: (исто така им честита на двајцата). Ај, да се
кердосате, еднаш за животот да ви биде. Господ љубов и напредија
да ви даде!
ИЛИЈА: (весел, завртен со главата кон Антица). Ви
благодариме.
ПОП ЈАНЧЕ: Антице, види ваму, чедо, што ќе ти кажам. Ние
тројца долго говоривме за вашата работа, се како боли и како се
свило... и најпосле, бидејќи вујко ти не те дава за Илија, не знаеме
мајка ти што мисли...
АНТИЦА: (упаѓа). Таа вели како ќе рече вујко ти.
ПОП ЈАНЧЕ: И ние донесовме решение да избегаш по Илија.
Се согласуваш ли?
АНТИЦА: Се согласувам.
ПОП ЈАНЧЕ: Ние донесовме решение да те викнеме и ако си
согласна уште оваа вечер да ве венчавам овде, при баба ти Анча,
без церемонии и да си останете овде да си спиете. Инаку може да
се случи вујко ти да попречи и сите планови да ни се изјаловат. Јас
мислам ништо подобро од тоа една минута побрзо да си се
венчате. Знаеш како е, кога ќе се стави венец се е свршено. Што
мислиш, согласна ли си?
АНТИЦА: Јас оставам како ќе каже Илија.
ИЛИЈА: Јас сум согласен, душо, само ако ти немаш нешто
против зашто на ваков начин.
АНТИЦА: Јас сум согласна со тебе и на врвон од планинана
ако сакаш и кога сакаш.
ИЛИЈА: Ние оваа вечер овде ќе ставиме венец за да се
осигураме од секаква пречка која би могол вујко ти да ја измисли и
направи.
АНТИЦА: Добро. Јас оставам на тебе, ти како ќе речеш.
34
ПОП ЈАНЧЕ: (скокнува). Ех, сега сите на работа: јас ќе одам по
вангелието и венците, Илија по кумот и старосватот, вие две
подредете го одајчето (го зема Илија под рака и кинисуваат) само
со внимание, тајно! Жени, деца не! Само кумот и старосватот!
(кинисуваат полека со разговор).
БАБА АНЧА: (ја зима Антица за рака). Ајде ние додека дојдат
да позачистиме и поднаредиме. Вие ќе си спиете внатре, а баба
Анча овде, под црницава да ве чува. Блазе ви! Блазе!
(ЗАВЕСА)
слика втора
Истата постановка од првата слика.
При кревањето на завесата баба Анча спие под црницата на
гола рогузина, само на една перница, не соблечена и непокриена.
Зора е прсд изгрев на сонцето. Петли пеат. После подолга пауза
сонцето високо изгрева и по степено слегува во двориштото. Илија
се појавува на вратата кога сонцето е слезено до ќерамидите на
куќарчето и првите зраци го затекнуваат на вратата.
ИЛИЈА: (завртен со главата кон внатрешноста на одајчето
пее):
Зора се зори, мила моја, сонцето изгрева,Петлите пеат, мила
моја, мене ме разбудуват.Петлите пеат, мила моја, мене ме
разбудуват.Коњ да си спремам, мила моја, на пат да си одам.
БАБА АНЧА: (подстанува). Уф, сонцето изгреало! (станува и
оди на кај Илија). Сте станале, а баба Анча спие како заклана!
ИЛИЈА: Добро утро бабо Анчо! Та, ако си спиеш...
БАБА АНЧА: Место баба Анча да не спие, да се радува што и
спијат младенци во одајчето и на постелата, таа се раззаспала!...
ИЛИЈА: Ништо, бабо Анчо, сигурно од што си весела си се
раззаспала. Сигурно кога си сама помалку спиеш од страв да не ти
ги украде некој парите.
АНТИЦА: (се појавува на вратата). Добро утро, бабо Анчо!
(слегува од прагот и приоаѓа и им бакнува рака).
БАБА АНЧА: Господ што е добро, невесто, да ми ти наврти!
Среќа и љубов со момчето! Се полно и рамно! Господ со едно
машко да ве радува!
35
ИЛИЈА: Ти благодариме, бабо Анчо. Да си жива и здрава!
БАБА АНЧА: Како, весели ли сте си?
ИЛИЈА: Многу, бабо Анчо. Големо добро ни стори. Да ме беше
ти кој знае до кога ќе се влечеше нашава работа и на кој крај ќе
излезеше. Јас ни татко, ни мајка имам, ти ќе ми бидеш отсега и
татко и мајка. Еве кај сме, комшии, ти знаеш од како умре мајка ми
куќата моја само заклучена стои и само кога ќе дојдам од село се
отвора колку коњот да го врзам. И јас си сакам куќа да си отворам,
та кога ќе си дојдам дома да има кој да ме дочека.
БАБА АНЧА: Еве сега си имаш невеста, куќата ќе ти биде
отворена и ќе бидеш дочекан.
ИЛИЈА: Бабо Анчо, имам една молба кон тебе, кога ќе дојдам
за да си ја земам Антица дома, сакам и ти да ни дојдеш кај нас.
Мајка да ни бидеш, да не покараш кога ќе грешиме и да не поучиш.
{со умилна гестикулација). Ќе дојдеш ли?
БАБА АНЧА: Ќе дојдам синко... Само да сте ми здрави и
весели вие. Баба Анча немаше среќа да си ш изгледа децата свои
и да си ги жени, да се зарадува, но затоа пак, господ од друга
страна и наврти радост во куќата. И за тоа на баба Анча срцето и е
полно со радост. Ќе дојдам, синко, штом ме сакате. Кај што стана
радоста во куќава моја, мислам дека деца мои ми сте. Како од
срцево да ми сте откинати.
ИЛИЈА: (и дава клуч). Еве ти го клучот од куќата моја, земи го,
кај тсбе нека стои. Куката моја — твоја. А кога ќе имаш време
позачисти, поспастри и понареди за кога ќе дојдам да си ја земам
Антица да биде се во ред. И дома како мајка моја да ја дочекаш. (и
дава пари). Еѕе ти и пари, нека ти се најдат кај тебе, да си купиш
што ти треба за јадење. Купи и за дома некое товарче дрва, од
шеќер и кафе и кога ќе одиш и таму сварувај си по некое кафе. И
оди почесто, особено да се напивуваш таму кафе за да ми е куката
отворена.
БАБА АНЧА: Само гледај, синко, што побрзо да си дојдеш, да
не ти венее невевчево.
ИЛИЈА: Ако е до мене, јас не 6и мрднал едеи чекор од
местово, да го оставам овој ангел... Штом ми пишете да си дојдам
крилја ќе си ставам и веднаш ќе се најдам овде кај вас. За секое
нешто ќе се советувате со поп Јанчста. Се разбира, се пред тебе,
али ништо без попот! Врската помеѓу нас ќе бидеш ти.
36
БАБА АНЧА: Арно, синко. Баба Анча се ќе стори како за чедо
свое.
ИЛИЈА: Така, бабо Анчо. И јас веќе како права мајка ќе те
сметам. А сега веќе вроме е да си одам. Дури е и поминато,
требаше порано, пред сонце да излезам од кај тебе. Ама, ете така,
со со млада кога се спиело и од кочанки да била постелата, пак не
би ти се станувало, а камо ли што од баба Анча поетелата е полна
со слама и паперка.
БАБА АНЧА: Сиромаштија, бре синко.
ИЛИЈА: Ништо, бабо Анчо, се беше убаво. Кога ќе си одиме
дома ќе ја запалиме со се болвите, а тебе ќе те ставиме да спиеш
на волнена постела.
БАБА АНЧА: Нека сте вие само здрави и живи и работава
ваша побрзо да се расчисти, да можете да си се приберете заедно,
та за тоа, баба Анча кај поминала досега и отсега. А пак покрај вас,
се разбира дека уште ќе ми биде поарно.
ИЛИЈА: Така е. Ајде јас да си бегам оти ќе треба и коњот да си
го спремам.
АНТИЦА: (преку песна).
Ти си спремаш брзата коња да врвиш
Мене, лудо, кому ќе ме оставиш?
ИЛИЈА: (удирајќи ја баба Анча по рамото исто така и одговара
преку песна).
Оставам те на мојата мајка и твоја.
АНТИЦА: (преку песна).
Тешко мене на двете мајки без тебе!
ИЛИЈА: (зема збогум со Антица и сака да ја бакне, кон баба
Анча). Проштевај, бабо Анчо, да не влегуваме внатре...
БАБА АНЧА: Ајде тука, бакнете се, не се срамите. Тоа се
разбира оти ќе си се љубите уште кога сте си младенци. Господ со
љубов да ви го исполни целиот живот.
ИЛИЈА и АНТИЦА: Благодариме:
БАБА АНЧА: Баба Анча не можеше друго добро да ви стори
освен тоа — одајчето раскапано да ви го пушти и постелата од
слама и паперка.
37
ИЛИЈА: По некоја дакика така носи пет пари скршени да
свршуваат поголеша работа отколку една бела меџидија подоцна.
Та, сакам да кажам, дека при овој момент куќава твоа сврши
поголема работа отколку подоцна што ќе свршува куќата моја и од
Антица. Да не беше ти и ова куќарче твое, кој знае уште колку вода
ќе истечеше по Дримон додека ставевме венец. И кога ќе ставевме!
А сега вака што и да направи Ристаќија, кога ќе му се каже до каде
стигнала работата, бога ми, ќе си ја понаведе главата. Та ти ни
стори големо добро, кое... не би ни било простено од бога, кога би
те заборавиле.
БАБА АНЧА: Блазе на тој што може да направи добро. Блазе!
ИЛИЈА: (ја загрнува Антица и ја бакнува). Ајде, за брзо да си се
видиме. Ќе чекам што побрзо да ми пишеш да си дојдам, било за
секогаш или да те земам
на село. Во секој случај прва помош ќе чекаш од баба Анча.
Врската со неа никако да не ја прекинуваш.
БАБА АНЧА: Ич ти да немаш мерак, јас ќе се грижам за неа
повеќе отколку мајка своја.
ИЛИЈА: Благодарам, бабо Анчо. Догледање... (и ја бакнува
раката).
БАБА АНЧА: Јас ќе одам прва до каде вратничето, да видам
некој да не има на улица да те види кај што ќе излезеш за да ти
кажам, а ти по мене. Штом ќе ти дадам знак значи дека нема никој и
излегувај. (кинисуваат баба Анча прва, а Илија по неа).
(3АВЕСА)
ЧИН ТРЕТИ
слика прва
Истата постановка од првата слика.
Кога се крева завесата, Антица стон на миндер налактена на
прозорецот и плаче, а мајка и стои покрај неа ја милува по косата.
САВЕТКА: Доста, мори ќерко, со тоа плачење. Престани веќе.
АНТИЦА: Не само што да плачам туку да пукнам од плачење е
мојава работа. Откако спав при баба Анча само под клуч ме држиш,
38
како да сум ти некоја робинка, а не ќерка. Да знаеш оти ќе ти
направам некое чудо!
САВЕТКА: Аман, мори ќерко, што да правам јас сирота? Меѓу
два огна се наоѓам, ти си запнала за едно, а тој за друго. Ни тој како
постар да се покаже поумен да попушти, ни отм пак ти како помала
попушташ. Јас те молам попушти, оти самата чу со ушите твои кога
кажа, дека ќе ја попрска куќава со гасие и ќе ја запали сосе нас. А
ти многу добро знаеш дека тоа што тој ќе го намисли и ќе го стори.
И јас не знам кој крај да го фатам, нагоре — високо, надолу —
длабоко! А ние сме помали и треба да попуштиме. Така е редно —
помалиот да попушти пред постариот. Ти не си ни прва ни
последна што те даваат на сила за кого не го сакаш. Јас те
советувам да си ја навалиш главата и да се покориш. Само така ќе
му ја запазиме честа, која и така ја нема во народот со пустото
погрчување што го направи.
АНТИЦА: Тој е стар и кус му е животот, а јас сум млада, пред
мене стои век за живеење. Зошто да се зацрнам? Одклучи ми ја
вратана, јас си знам кај да си одам.
САВЕТКА: По Илија да бегаш, а? Срам да му донесеш на вујка
ти?
АНТИЦА: Кај баба Анча ќе одам. Таа и ако не ми е мајка, но
подобро ме разбира од тебе.
САВЕТКА: Ааа... за тоа ли ти спа кај неа, за врска да ти
послужи со Илија? Да те продаде! Ете ти кај си нашла оддивка! Кој
ти го ранел зборот — баба Анча! Такви ти ќе слушаш, а не вујка ти
што го боли за тебе!
АНТИЦА: (без својата трпеливост). Уф! се познава дека му
изгоре папокот за мене. За тоа ме дава за негови врсници. Ете за
него може да се посомнева дека ме продава, а не за баба Анча.
САВЕТКА: Вујко ти нема потреба од пари.
АНТИЦА: А зошто кога се погрчи зеде триесет лири?
САВЕТКА: Владиката сам му ги даде како бакшиш. Му стори
чест.
АНТИЦА: (со иронија). За тоа има многучест. Јас не сум го
знаела. Значи чест му прават што му викаат „уа!“ и што му тропаат
со тенекиња?
САВЕТКА: А кога да појде при владиката како го дочекува?
Што вели тој: „Како претставител на градов“.
39
АНТИЦА: У, боло, на говедана претставител!
(Надвор се слуша врева. Потоа малку Ристаќи ја отвора
вратата и му прави пат на Николаќија да влезе. Овој пак, Николаќи,
не влегува ами го поканува Ристаќија прв да влезе. Така Ристаќи го
турка внатре Николаќија и влегува по него).
РИСТАЌИ: Што се срамиш, ти си веќе в куќи! Повели седи!
НИКОЛАЌИ: Седи прво ти...
РИСТАЌИ: (го турка назад — назад до миндерот и му стежнува
на рамењата да седне). Ете така!... (седнува до него).
САВЕТКА: (го дочекува Николаќија). Добре си дошол...
НИКОЛАЌИ: Добре ве најдов...
САВЕТКА: Здраво-живо сте?
НИКОЛАЌИ: Како поарно.
САВЕТКА: Дома како сте?...
НИКОЛАЌИ: Се убаво...
САВЕТКА: Убаво господ да ви даде.
(Антица се повлекува кон вратата да излезе, но Ристаќи ја
забележува и со груб тон).
РИСТАЌИ: Ела ваму!... Кај бегаш?... Ајде дочекај го
Николаќија! Тој ќе ти биде маж!!!
АНТИЦА: (го дочекува Николаќија без да му проговори).
НИКОЛАЌИ: (збунет). Добре... ве најдов... (крадешкум ја
погледнува).
РИСТАЌИ: (на Саветка и Антица). Излезете вие две! Со
Николаќија имам нешто насамо да поговорам.
САВЕТКА: Така нека биде. Ние нема да се мешаме во вашите
машки разговори. (ја зема Антица за рака и излегуваат).
РИСТАЌИ: Молчи си ти, не бери гајле, ќе ја свиткам јас неа. Со
поглед ќе ја свиткам, а камо ли кога ќе и подвикнам! Само... ете
така... те донесов колку да поднавикне да те гледа во куќава. Што
мислиш, мајка и согласна беше? И таа си врти на кај чедото свое.
„Плачела“... ама кога и свирнав!... Ете виде сега како мило те
дочека. Таа... молчи си ти, и неа јас ќе ја свиткам.
НИКОЛАЌИ: Ајде да те видам...
40
РИСТАЌИ: Откако заодев кај владиката сите итроштиње грчки
сум ги научил како Грк да сум роден. (го чука по коленото). Покрај
мене и ти ќе станеш итар!
НИКОЛАЌИ: За тоа така си е, кој поѓавол од тебе!... Ела некој
нека излезе да си го мери...
РИСТАЌИ: За никого не се давам! Само на владикана му
правам пардон! Туку... чекај што мислев да те прашам... Ха! Си
стоиш ли на зборот да дојдеш во партијава моја? Да станеш Грк
кир Николаќи!
НИКОЛАЌИ: Зборот да си остане — збор! Јас ќе се префрлам
во партијата твоја, но како што ти реков: „да ми ја дадеш Антица“.
РИСТАЌИ: А ти си стоиш ли на зборот што ми го рече кога ми
ја побара Антица, дека не ти е до стоката и парите, туку до жена?
НИКОЛАЌИ: Се разбира. Ти знаеш дека јас за жена сум
страден, а за стока и пари дал господ!...
РИСТАЌИ: Бога ми, ти вака како што си богат, оти облечен во
френски алишта, уште да не беше... Ваков де каков што си... На
времето ќе се тепаа девојчињата по тебе. Но пак со помошта на
кир Ристаќија кој како тебе!... Која девојка е полична од Антица? —
Никоја! А да беше ти некој убав... досега ќе ти имаа закачено некоја
питулица! Тааа!... речи, благодарение кај сум вака, што не се
оженив на време, та сега да ја земам Антица.
НИКОЛАЌИ: Што е право...
РИСТАЌИ: Твоја среќа била! Се рекол зборот: „Добрите круши
свињите ги јадат“! Ги јале и ќе ги јадат!... Ама богатите свињи!...
Аааа... што мислиш ти за стокава од девојчево, а?
НИКОЛАЌИ: Стоката мене не ми треба. Стоката нека си остане
на неа. А, ба, ба... мене не ми е потребна да ми ја препишува.
РИСТАЌИ: (станува и нервозен се прошетува. Со себе си):
Види го ти него копил, и јас Грк, ама и тој погрк! (седнува прилепен
до Николакија и со смеење): Бре, само што те нареков кир
Николаќи и стана итар како мене. Ама ти бана да ололо!...
НИКОЛАЌИ: (ги бере рамењата). Не ми текнува што сакаш да
кажеш!... Бога ми...
РИСТАЌИ: Е добро, еве јас ќе ти напомнам. За мене некој
бакшиш не ќе има на ова добро што ти го правам?
41
НИКОЛАЌИ: (со сила се смее). Ама за тоа ли ти бил зборот?!
Речи ти колку сакаш... Пет... десет!...
РИСТАЌИ: (навреден). За пет и за десет мислам дека е
срамота и да ги земам!
НИКОЛАЌИ: Пак ти, мајката, речи!... Петнаесет... дваесет...
РИСТАЌИ: Јас не сум те познавал дека си бил толку итар!...
Ами ај ти ја препишала, ај не ти ја препишала... и така твоја, и така
твоја... Ти ќе ја располагаш!...
НИКОЛАЌИ: Ти пак кажи си што мислиш...
РИСТАЌИ: Јас мислам вака: Ти ја земаш Антица со
тричетиристотини наполеони стока, а и суви пари... Е сега, нека не
се сите за мене ами за колку што чини половината стока — двесте
наполеони да не ми дадеш! Така... еден убав бакшиш!... Јас мислам
сам ти требаше да се сетиш... Од твоја чест! Каде е ова добро што
ти го правам!... Пак, како тој што рекол: „своештина ќе бидеме, да
имаме лице пак да се видиме“.! Утре на една софра ќе седнеме,
пак... лично би било да си поделиме. Вака де, својски да си се
погодиме. Ти ќе ми дадеш двесте наполеони, а јас ќе ти ја одстапам
тебе целата стока, парите суви што ги има и девојчето. Да ми е
мило и на гости да ти дојдам, да си ја видам Антица. Пак, инаку,
право да ти кажам: не ми се дава девојчето.
НИКОЛАЌИ: Добро бре, кир Ристаќи, така нека биде. Што
рекол некој: „главата ти кршам-кефот не ти го кршам“!
РИСТАЌИ: Така речи да те личи за маж, а не за џамбаз! Ех,
што е така, сега можам да ти честитам свршувачката. Ајде,нека ти
е со среќа! Твој касмет била. Само... уште еден услов имам... (се
преправа оти му е жал, вади шамивче и ги брише очите). Сакам
Антица да ми ја чуваш како очите, оти таа е уште дете
недораснато...
НИКОЛАЌИ: Јас мислам оти за тоа ич не треба да речеш...
РИСТАЌИ: Така си е, ама јас сум и вујко, мене ме боли... Ти
утре можеш да се прежениш, а мене сестра ми не ми раѓа веќе
друга. А другото што го зборувавме пред малку, за парите де, на
никого ни половина збор. Меѓу нас да остане!
НИКОЛАЌИ: За тоа ти накриви ја капата. Николаќи е каков што
е, ама за тоа знае!
42
РИСТАЌИ: Си имал касмет да земеш девојче како летница.
Сам ќе се пофалам: е патриот сум ти бре, кир Николаќи, не ја дадов
на друг освен тебе што идеш во партијата моја.
НИКОЛАЌИ: (понизно). За тоа ти благодарам. (со себе си). Ако
не се покажа патриот, сигурно се покажа идиот!
РИСТАЌИ: (ја отвора вратата и вика): Саветке... Антице...
елате ваму!
(влегуваат Саветка и Антица).
САВЕТКА: Повелете!...
РИСТАЌИ: Ние направивме аирлија-дадовме збор.
САВЕТКА: (му честита на Ииколаќија). Со живот нека ви е!
Еднаш за век, господи!...
НИКОЛАЌИ: (и ја бакнува раката). Амин! и ја пушта раката и на
Антица, но останува измамен таа побегнува низ врата). Не чини
така...
САВЕТКА: Не се лути. Таа е уште мала, не е дорастена и не е
чудно, се срами...
РИСТАЌИ: (го зииа Николаќија под рака). Ајде сега ние да си
одиме.
САВЕТКА: Ами седнете де, невестава по едно слатко да
донесе. Така е адет збор кога ќе се даде.
РИСТАЌИ: Не треба! Сега кир Николаќи нека го порача
прстенот, в недела ќе си направиме строј и тогаш: и благо ќе
лапнеме, и винце ќе се напиеме... (го чука Николаќија по рамото).
Вака ли, кир Николаќи?
НИКОЛАЌИ: (на Саветка). Остави ги тие работи, слатко...
(Ристаќи и Николаќи излегуваат).
САВЕТКА: (на излегување на Николаќија). Ајте со здравје.
Поздрави ја сваќата.
АНТИЦА: (влегува). Не му е срам, го донесол овде!
САВЕТКА: Ако, мор ќерко, го донесол, го донесол... Уште кога
му дал збор и ќе го донесе. Не ти мисли тој тебе лошо!
АНТИЦА: Не ми мисли лошо? — Не ми мисли ни арно!...
САВЕТКА: Вујко ти е, не ти личи да му стапиш на честа!
43
АНТИЦА: Море и на вратот ќе му стапнам, кога сака да ми ја
зацрни среќата и животов!
САВЕТКА: (се штипе за образите) Леле, ќерко што зборуваш?!
Да те чуе некој од некоја страна ќе помисли дека си мрдната од
умот.
АНТИЦА: Ами кога ќе чуе? А кога ќе му кажам, ќе рече: Леле,
на старите им го зел господ умот!
(на вратата се појавува Василка).
САВЕТКА: Повелете, де...
ВАСИЛКА: (влегува). Ме сакате?...
САВЕТКА: Добри луѓе не се сакале... (се ракува). Добре си
дошла...
ВАСИЛКА: Добро ве најдов (оди кај Антица која стои
понастрана и и пушта рака). Ти, Антице, како си?...
САВЕТКА: Еве се расправаме... Не те слушаат сега, сестро,
младиве.
ВАСИЛКА: Не, не... Не куди се на Антица, прочуена ти е за
умна.
САВЕТКА: Што ќе се пофалиш ти?
ВАСИЛКА: (при секое говорење има обичај да ја фаќа долната
усна). Се убаво. Бев подизлезена, пак реков да навратам. Оти како
е работава наша? До каде остана? Се помисливте?
САВЕТКА: Ако сака господ ќе биде.
ВАСИЛКА: И јас така мислам, ако сака господ, ама и вие ако
сакате.
САВЕТКА: Ами сега, ако сака господ и ние ќе сакаме. Тој ќе ни
даде дух светен да сакаме. Антице донеси едно слатко...
АНТИЦА: (излегува).
ВАСИЛКА: Како стана де работава наша?
САВЕТКА: Незнам, ништо не можам да ти речам. Многу ќе не
измачи...
ВАСИЛКА: Ами сега, ќе не измачи, ќе не измачи... само нека
биде, та и ако не поизмачи.
АНТИЦА: (влегува со прибор за слатко и ја почестува
Василка). Повели...
44
ВАСИЛКА: Да имаш што да повелаш, ќерко. Ај пак, господ ум и
разум да даде!
САВЕТКА: Амин!
АНТИЦА: (по зимањето слатко на Василка): На здравје!
(излегува со послужавникот).
ВАСИЛКА: Си ја прашала ли од тога?
САВЕТКА: Ама ти не знаеш? Ристаќи го донесе Николаќија
овде.
ВАСИЛКА: (во чудо). Вистина?!... Та после?
САВЕТКА: Си дадоа збор, се... Аирлија си рекоа. Мене
Николаќи ми бакна рака!
ВАСИЛКА: (си ги плеснува рацете). Аман, мори?!!
САВЕТКА: За прстен остана Николаќи да си го порача и в
недела да си направиме строј.
ВАСИЛКА: Ами, кога е така, ние сме си воќе сваќи! (се
бакнуваат). Ај, аирлија нека им биде! Нека ни се кердосаат!
САВЕТКА: (замислена). Само Антица уште ни крцка, не и се
прави ќефот.
ВАСИЛКА: Викни ја нека дојде, јас да ја попеам со некој благ
збор. Да ја закротиме!
САВЕТКА: (ја отвора вратата и вика). Антице... Антице!
АНТИЦА: (влегува). Повели...
САВЕТКА: Ами што побегна де таму? Фалена невеста си,
окутро го, не бегај од сваќава. (кон Василка). Та така, си дадовме
збор преубаву. Аирлија си направивме. За в недела остана за
прстенот и строј да си направиме. На Антица не толку и се прави
ќејфот, ами што да прави кога вујко и си сака.
ВАСИЛКА: Ами сега, кога вујко и си сака и си дал збор пак таа
не е будала да му гази на честа. Тој и е вујко и татко.
АНТИЦА: Вие можете сто пати да си дадете збор не еднаш, и
пак ништо од тоа нема да биде. Јас кога ќе дам, тога. И сум го дала,
само не на Никола, туку на тој што ме спаси од смрт.
ВАСИЛКА: Антице, невесто, види ваму, јас не можам никого да
го сторам лош и будала, ами ти на вујка ти не треба да му го
расипуваш. А пак што се однесува до сина ми, како што и сама
знаеш, померачен е по тебе. Така вели: „таа или никоја друга!“
45
АНТИЦА: Јас ви кажав „или тој што ме спаси ќе го земам или
никој друг“.
ВАСИЛКА: (со смеење ја потурнува). Не зборувај така, помести
се од местото!
АНТИЦА: Колку години има Никола?
ВАСИЛКА: (збунета). Ами, има... од сега треба да има... бога
ми... Не знам пак колку ги има...
АНТИЦА: Педесет?...
ВАСИЛКА: У! не ги има наполнето, жими господа златен...
АНТИЦА: Никола уште не ги има наполнето педесет, мајка ми
уште не ги има наполнето четириесет, а јас уште не ги имам
наполнето дваесет. И личи ли јас да го земам кога е постар од мене
со триесет години? Тој може мене да ми биде само татко, а не маж!
Да речете за мајка ми, како што е постар од неа само десет години,
да ве личи. Ами за мене!
САВЕТКА: (поразена). Леле, ќерко!... Леле, што те стиоса!...
АНТИЦА: Спроти годините, убав е за тебе!
ВАСИЛКА: (избезумена). Не е тоа збор! Досега таа не се
омажила, одсега ќе се мажи! (убедливо). Ништо не е тоа, мор ќорко,
санким ти ќе му го вариш месото, та не ќе се вари. Се бара да се
има полно-рамно во куќата. Кога е сиромав, треба да е млад за да
може да работи да те рани, а кога му тропа ќесето не се гледа на
тоа оти бил стар.
АНТИЦА: Тој за мене не е. Ви кажав, дека на тој, јас што го
сакам, си му имам дадено збор. (излегува).
ВАСИЛКА: (загрижена). Ааа... не знам ами мене девојчево не
ме бендисува со зборовине негови...
САВЕТКА: (убедливо). Море, кога ќе и свирне вујко и и оро ќе
игра!
ВАСИЛКА: Не знам... не знам... Ај збогум!...
САВЕТКА: Со здравје, сваќе! Ќе ја нагласи вујко и работата, ти
ич не бери гајле.
ВАСИЛКА: Е господ златен веќе ако сака, во рацете негови да
оставиме.
(Василка излегува, а Саветка исто така, излегува да ја
испрати. Мала пауза, потоа влегува Антица).
46
АНТИЦА: (сама). Никако не можам да се решам да им кажам
оти сум жена. А кога би знаеле дека, еве, цел месец, од првиот час,
сум и мајка, сето тоа би се попрскало со луга. Но се плашам од
другото кое би го направил пусти ми вујко. За тоа најарно да дојде
Илија и да ме земе на село. Вистина се што живее в планина е
дивно, но за тоа пак има друга добра страна: се е слободно. Ќе
помине извесно време и сама мајка ми ќе ме моли да си се вратам
со Илија дома. Ах, пусти ми вујко, не ми дава да си се радувам што
сум си мајка!
САВЕТКА: (влегува). За срамота што ме направи пред сваќана!
АНТИЦА: Ич не е срамота. Како за тебе може да се каже дека
е згодна прилика. Секој ќе каже: се истркалало поклопчето, си го
нашло грнчето.
САВЕТКА: Остави се веќе, ме посрамоти пред сваќана.
Слушај, оди донеси ми една понова шамија, сакам да подпојдам до
каде вујка ти.
АНТИЦА: Оди, земи му го муштулукот. Туку и нему в очи ќе му
речам. И не заборавај да ја заклучиш долу вратата, да не избега
затворницава. (излегува).
САВЕТКА: (сама), Ама како се погодив на време да му го
земам. (вади писмо од пазувата). Пак, зар така научено, ништо
живо не сакаше да го даде. (чита). „Драга Актице, писмото твое го
зедов и се научив дека си била на голема мака — заклучена те
држеле. За тоа дојден сум со десетина Пријатели —арнаути за да
те земам. Имај предвид за оваа работа и биди готова секој момент.
Оваа вечер, подоцна, ќе ти тропнам со камче на пенџерето, или ќе
ти свирнам, да знаеш оти сум јас да слезеш. Со мил поздрав твој
Илија“... Види ги ти нив, тие си ја имале погодено работата и за
бегање! А ние ваму дадовме збор. Мрдни — Саветке, да би не
мрднала од местото, оти еве се стемни. Треба да му се каже на
брата ми оти инаку ќе пукне срам. Ајде, кој ти пули тоа, човекот е
нетокму — ќе не изгори! Што да правам, господе, научи ме ти!...
Ништо, ќе одам. Не е толку големо лошото да го земе Николаќија
отколку да не изгори!
АНТИЦА: (влегува и подава шамија на Саветка, а потоа ја
запалува ламбата). Си се ујдисала со умот негов што го има колку
една кокошка.
САВЕТКА: (која ја сменува шамијата). Ама, мори ќерко!...
47
АНТИЦА: Ти кажав „ти земи го Никола, а јас ќе го земам Илија
и ќе си живееме заедно.
САВЕТКА: (со себе си). И момичево не ми е токму на умот!
(излегува).
АНТИЦА: (сама). Што нема, боже, одговор од Илија на писмото
мое!... Што мисли тој, уште да седам овде затворена! Се му
изнапишав: „како ми е страв да
и кажам на мајка; дека ме држат затворена како затвореница;
како секој ден ме навиткуваат да се согласам за Никола и оти едеи
ден ќе го сторат тоа и без мојата согласност. И што чека сега, што
се врти! (се насмевнува). Што сум јас будала и се замислувам за
работи кои сигурно Илија во најскоро време ќе ги реши? Зарем тој
ќе ме остави мене на мака! — Никогаш! А Никола нека си бара
некоја што му е прилика и што има повеќе пари. Јас на пари не сум
мераклија, туку на човекот да е убав, како што е Илија, и на
љубовта која си ја имаме (пее):
Парите се, парите се,Парите се отепувачка;Љубовта е,
љубовта е,Љубовта е иајмила!
Ах, пусти ми вујко, за пари се погрчи, за пари сака да ме
продаде и мене. Му ја знам јас болката! А мене ако ме зацрни.
Љубов, љубов! Ако немаш љубов со мажот, парите не те топлат.
Парите не донесуваат љубов — само несреќа! (пее):
Бог да ја убие моја мајкаИ мој пусти вујко крвопиецШто тој не
ме дава за Илија,Тук од мене прави црна робиња.Јас ќе си бегам
овие денаСо Илија во пуста планина,А мојата мајка црна
вдовицаЌе остане сама како кукавица!
Како кукавица се додека се помири со судбината и да ме
прими заедно со Илија. А вујко ми ќе се најде пред свршен чин и ќе
си стави едно локумче в уста.
(Николаќи пее под прозорецот).
Антице мори лична Антице,Што туку везеш на ѓерѓефот?Да н’
ти е ѓерѓеф, мори, расипан?Да н’ ти е иглата скршена?
АНТИЦА: (му одговара исто така со пеење)
Не ми е ѓерѓеф, море расипан,Не ми е иглата скршена.Тук’ ми
е момчето на печалбаНи книга праќа, ни сам иде!
(со себе си). Како си го бараше, така му одговорив. Гробник
еден!... за него личело да се забере и да пее под пенџере.
48
(Николаќи повторно пее под прозорецот):
Сечи, моме руса коса,Сплети скала да се качам,Да ти влезам,
море’ море, в одајчето,В одајчето шарено.Да те видам каде
везеш,Слатки песни каде пееш,Слатки песни, море моме, каде
пеешЕм лично кај ми се смееш.
(По завршувањето на песната). Антице, излези мори, на
пенџере да те видам. Не ме ли познаваш, јас сум — Николаќи твој!
АНТИЦА: (на Николаќија) Да проштаваш, будали си се ти колку
што си сакаш, многу ти фрлам слама!
ГЛАСОТ НА НИКОЛАКИЈА: Аман, мори, излези! Ах, мори
Антице, ме изгоре! Ај... добра ноќ...
АНТИЦА: Ај скрши си вратот, не губи време! (се слуша шум и
чекори зад вратата) Кој да е, боже сега? Како мнозина да се... Да не
мислат строј да прават оваа вечер?... Не верувам, да беше така
немаше овој сега да пее под пенџерево.
(Влегува Фроса, Кате и Паре).
СИТЕ: Добра вечер, Антице.
АНТИЦА: Добра вочер и добре сте дошле. (ги дочекува).
Седите. Мајка ми ли ве прати да ме чувате да не избегам? Ако!
ФРОСА: Не да не избегаш, туку да не си сама! Некој ден ти
дошол некој ага, ти си се исплашила. (Седнува, а Антица ја зимаат
в среде).
АНТИЦА: Та, како сте вие, што правите?
СИТЕ: Убаво да речеме.
АНТИЦА: Што работите? Ти, Фросо, што работиш?
ФРОСА: Јас на ѓерѓев везам. А ти?
АНТИЦА: И јас на ѓергев. Вие, ти, Кате, и ти, Паре?
КАТЕ: Јас плетам бедени за чаршав.
ПАРЕ: А јас бедени за ципи.
АНТИЦА: Што ќе кажете нешто?
СИТЕ: Ништо не знаеме.
АНТИЦА: Се можело ли ништо да не знаете!
ПАРЕ: Ете, незнаеме. Кажи ти нешто.
49
АНТИЦА: Од мене што барате да ви кажам, ете видовте и
сами, ме држат заклучена.
СИТЕ: Што да ти прават!... Од пустиот ага! (Селман-ага се
кашла под прозорецот. Сите освен Антица излегуваат на
прозорецот и веднаш се сокриваат. Уплашено — тивко):
СИТЕ: (на Антица) Пустиот ага на зборот дојде!
АНТИЦА: (спокојна) Ако, сега не сум сама, вие ќе ме чувате.
(сите освен Антица ги фаќа треска од страв).
ГЛАСОТ НА СЕЛМАН-АГА: (пее под прозорците):
Сите врати затворени, ај аман!Сите врвти
затворениПенџерите отворени.Чик, бабо, мегдана,К’злари вер
бана,Љубит к’злар агата,Ќе ја напрат кадана,Јау, јау, Антице,Јау,
пекмез, за тебе!Аман, не можам да живам без тебе!!!
(пауза), Антице!... Антице!... Мори лична ѓаурко’ зошто не
излезеш љубит тебе Селман-ага! Чик пенџерејлен! Ааа... ах, ме
умре!... (пауза).
КАТЕ: Треба да е отиден...
ФРОСА: Можеби си скршил вратот?
ПАРЕ: Да даде бог и нозете да си ги скрши!
АНТИЦА: Море, ако ни се искачи горе!... Зашто еднаш друг пат
така ми направи. Јас мислев оти си е отиден, а тој се качувал по
скала.
КАТЕ: Та ние ја заклучивме портата. (и го покажува клучот).
Така ни порача мајка ти.
(Се слуша чукање на портата. Антица ги затвора прозорците,
ги спушта завесите и го намалува светлото до минимум. Настанува
гробна тишина. Пауза. Повторно чукање на портата).
АНТИЦА: Види го ѕвер, се закопца!
ПАРЕ: Леле, да не сме ја заклучиле портана тешко си го нас.
ФРОСА: Така, зар не натера ангелот!
КАТЕ: Ми пората мајка и!
ПАРЕ: Така, касмет, зарем за да не ни излезе некој лош збор.
(Пак чукаље на портата).
ФРОСА: Ами да му текне да ни се искачи од пенџерсво, што
правиме?!
50
АНТИЦА: Високи се пенџерињава не може.
ПАРЕ: Зашто да не дотолку прост да не му текнува да земе
скала?
КАТЕ: Речете господи чувај! Сешто бива!
АНТИЦА: Што се забави, боже, пак, мајка ми до ова доба?
ФРОСА: А мор, вистина, да не тропа мајка ти?
АНТИЦА: Не е таа. Да е таа еднаш ќе тропне и после ќе викне
од под пенџерињава.
(Глас од под прозорците).
ЕДЕН ГЛАС: Антице, слези малку долу!
ФРОСА: Оној не е агата.
АНТИЦА: (отвора прозорец). Кој вмка?
ЕДЕН ГЛАС: Слези долу, едно писмо имам да ти дадам од
еден човек.
АНТИЦА: Од кој човек, бре дете? Кое си ти?
ЕДЕН ГЛАС: Слези долу ќе ме видиш.
АНТИЦА: (го затвора прозорецот а потоа го зима клучот од
Кате и излегува).
ФРОСА: Каква е работава од ова, сте чуле ли нешто? Се
слуша дека вујко и му дал збор на Никола Гзарксв. А пак таа си
имала љубовник. Ете такви ти работи!
ПАРЕ: Прашај ја кога ќе дојде!
ФРОСА: Прашај ја ти.
КАТЕ: Што се онегвите, мори? Јас ќе ја прашам ако ви е вас
мака!
ПАРЕ: Да е така белки ќе кажеше.
АНТИЦА: (влегува радосна, со себе си), Од Илија рече! (го
пушта силно светлото, го бакнува писмото како настрана од
другарките и го чита за себе си, поправо го прелетува со очите).
Добро што не се најде овде мајка ми да можем да го прочитам
инаку цела ноќ не ќе можев да заспијам се доде-не се најде овде
мајка ми да можам да го прочитам, ва писмото). Душо моја, со
колкава радост го чекав ова писмо.
ФРОСА: Што е тоа писмо, мори Антице?
51
КАТЕ: Аирлија, мори Антице, од кога писмо?
ПАРЕ: Треба да е од љубовникот, не гледате колку е весела?
КАТЕ: Зарем има Антица љубовник?
ПАРЕ: Ами, што знам, можеби да си има!
ФРОСА: Кажи, мор Антице, имаш љубовник?
АНТИЦА: (целата возбудена од радост само го прелетува
пмсмото со очите, но не може да го чита)... Седете ќе ви кажам.
(Фроса, Кате и Паре испоседнуваат околу неа и со особено
интересирање чекаат од Антица да каже).
АНТИЦА: Ах, срцево ми игра, снагава ми трепери од радост и
ете, не можам ни да читам. Душо моја, каде си побрзо да те видам?
(чита во себе си).
ПАРЕ: (на другарките). Молчете не зборувајте, да може, да го
разбере.
ФРОСА: Ти ете зборуваш, не зборувај!
ПАРЕ: Замолчи се, мор!
КАТЕ: Се познава дека е од љубовник штом се радува толку
многу. (пауза).
КАТЕ: Се познава дока е од љубовник штом Што?!... си нашол
друга?!... А јас да си барам други?!... Ами на... што ќо му правам?!...
Зарем толку беше, само за?... (немоќно се спушта на столот,
другарките исплашени ја исправуваат). Ах, мајчице, зошто ме
роди?!... Проклета да бидеш што кога си ме родила по вода не си
ме фрлила!... (заклучени рацете ги крши прстите).
ФРОСА: Што е мори?!...
КАТЕ: Што ти е, мори?!...
ПАРЕ: Што те најде сега, добро си бешо весела!
ФРОСА: Антице, кажи ни нас белки ние ќе можеме да ти
помогнеме.
АНТИЦА: (мафта со рацете). Никој не може да ми поиогнс! Ах,
мајчице, мајчице!...
ФРОСА: (намигнувајќи им на другарките на Антлца). Може би
не е работата за мајка ти. Ние сме си друго, од една болест
страдаме. Слободно кажи ни на нас, не се срами.
52
АНТИЦА: Што да ви кажам, се е од пуста ми мајка. Една ме
има, ами од што не е свесна работи да ме нема.
КАТЕ: Што зборуваш така? Што била таа работа?
АНТИЦА: Ах, пуста ми мајка, не ме дава за младо момче, што
ме сака и што го сакам, јас да лудувам, туку ме дава за старо-аро
да бидам робинка на животот! (паѓа немоќно на миндерот и го
испушта писмото од рацете).
ФРОСА: (го зима писмото и чита гласно). „Антице, измина еден
месец откако ти, за да ја спасиш твојата чест, од силеџиство на
Солман-ага, се фрли од пенџере на улица“... Господе кога станала
ова работа ништо но сме чуле! (сите се запрепастуваат, чита
натака). Случајот сакаше во тоа време јас да поминам и да те
дочекам на раце за да те спасам“...
ФРОСА, КАТЕ и ПАРЕ: Господе боже!... што е ова?!...
ФРОСА: (чита натаму). „Како што и сама знаеш јас се заљубив
во тебе, а исто и ти ме засака, но тоа беше непремислено од мене.
Јас кога размислив подлабоко, дека вујко ти е причина за смртта на
татка ми, длабоко се потресов и се покајав што така непремислено
ти предложив. Навистина, за мене би било многу понизно да земам
жена и се сродам со еден мој крвни душман. Секако би бил исмеан
од народот што, наместо да ја отплатам крвта од татка ми, земам
внука негова од сестра за жена“...
ПАРЕ: Прв пат слушам за оваа работа...
КАТЕ: Уште ли има?
ФРОСА: Молчете де! (чита натаму)... „А да би могол да ја
заборавам една навистина ретко убава девојка, каква што си ти,
решив веднаш да се оженам за друга. И тоа го направив во
неделата. Проштевај што со тебе, која не си ни најмалку крива,
постапив вака. Ако си заљубена и имаш мерак по мене, најди си
друг и заборави ме за да ти биде полесно, како што и јас си најдов
друга и веќе те заборавив. Илија“.
ПАРЕ: Ама за ова ли е толкаво плачење? Будалечка... Ами ова
не е ништо!
КАТЕ: Иии... за никому ништо си се заплакала! Така е љубов,
ден те сака, ќе ти прави веѓи, ќе те љуби, а утре во друга ќе се
заљуби и нејзе ќе и се колне и ќе
53
и прави метании, а тебе не ќе те погледнува. Си нашол
друга!... Чудно ми чудо!... Санким тој е прв или последен што си
нашол друга! Ти најди си друг!
ФРОСА: Види ја ти неа будалечка зошто се заплакала. Седни
ти и напиши му едно писмо вака: ти речи, пријателе, си се оженил
пред една недела, а јас побрзо те разбирав колку ум имаш и еве
еден месец откако сум омажена. Напукај го, мори будалечка!
КАТЕ: Убаво ти вели Фроса, напиши му така да плаче тој, а не
ти!
ПАРЕ: А кога ќе разбере дека не си мажена да рече: копил
женско што ми направи! И нека знае едно женско што може да му
направи на машко, за уште еднаш да не си игра и да се чува од
женски како кокошка од лисица.
ФРОСА: Море, јас нему би му напишала, ааа... да фрла солзи
како петлици! (на Антица). Ајде стани, доста си плакала. Не
заслужува.
ПАРЕ: Така де, преубаво девојче за тоа да плачеш! Санким
малку беќари ги има, та не ќе си најдеш друг да те засака. Ами ако
ние толку многу плачиме за лубовниците, тогаш што остана да
прават за мажите си кога ќе си најдат друга, ами за нас девојките
не е оправдано ни солза да пуштиме.
АНТИЦА: (која во последно време стои замислена, издивнува).
Ах, вие не ми ја знасте маката, за тоа така зборувате.
СИТЕ: (со голомо интересирање). Кажи ни на нас...
АНТИЦА: Ви кажав, мајка ми една ме има и гледа како да ме
нема.
ФРОСА: Немој, Антице, не зборувај така. Ние сите знаеме дека
мајка ти повеќе гледа на тебе отколку на свои очи.
КАТЕ: Така е. (на Антица). Ќе те фати некој грев.
АНТИЦА: Јас знам дека ме сака, но каква корист од тоа кога го
слуша брата см? А тој... Се уплашила од него дека...
ПАРЕ: Па добро, еве овој што го сакаш си нашол друга.
АНТИЦА: Не е вистина. Јас ги прочитав само првите зборови и
се збркав... А кога го слушав до крај писмото кое што го читавте вие
видов дека не е негово. Не е негово оти ништо не е така како што
пишува во него. Тоа е пишано од вујка ми.
СИТЕ: (се гледаат вчудоневидени една во друга). А...
54
АНТИЦА: Вујко ми го има пишувано за да се согласам да го
земам Гзарка оти не го сакам. Но тој не анае дека јас веќе сум...
САВЕТКА: (влегува сосема спокојна и наеднаш). Што е?!... Што
е?!... Аирлија плачење наврапито? Кажи срце на мајка, лек да ми ти
бара.
АНТИЦА: Ах, мајко проклета да си што си ме родила кога не
умееш да ме чуваш, ами одиш по умот на брата ти! Зошто кога си
ме родила без татко — не си ме фрлила?!
САВЕТКА: Немој ми ќерко... Немој ми, душо... Немој ми срце
на мајка! (на девојчињата). Ајде запејте една песна да ми се смири
девојчево. Фросо, Кате, Паре, запејте, (пауза). Ами кој е тој што ми
те расплакал?...
ФРОСА: Писмо зеде од љубовникот и и кажува оти си се
оженил за друга!
САВЕТКА: Ми нема Антица моја љубовник. Таа ми е умно
девојче кое си слуша мајка. Вујко си ја сврши за Николаќија, на
пари да лежк!
АНТИЦА: Ти кажав: „3а тебе да си го земеш“! Тебе ти е
прилика!
САВЕТКА: (да би ги избегнала натамошнитѕ напади на Антица,
сега со молбена мимика кон девојчињата). Залејте нешто!
(Фроса, Кате и Паре пеат)
„Антица на стол седеше, оф аман!
Антица на стол седеше
Љубовно писмо читаше, оф аман!
Љубовно писмо читаше.
Дробни си солзи ронеше, оф аман!
Дробни си солзи ронеше,
Танки си прстм кршеше, оф аман!
Танки си прсти кршеше.Мајка и нејзе думаше, оф аман!
Мајка и нејзе думаше:„Антице, ќерко Антице, оф аман!
Антице ќерко Антице.
Кажи на мајка, Антице, оф аман!
Кажи на мајка, Антице,Мајка чаре да ти барат, оф аман!
Мајка чаре да ти барат“.
САВЕТКА: (на Антица) Ете ги направи другаркиве песна да ти
извадат. Ајде, посмеј се и ти, запеј им некоја за нив да видат како
боли.
55
АНТИЦА: Кому му е до пеење нека си пее. Мене не ми дошло
ниту до пеење, ниту до смеење. А јас ќе си плачам што си имам
неразбрана мајка.
КАТЕ: До утре ќе заборавиш, мори златна!
ФРОСА: Тоа се знае, само што остава спомени за да и се
смееме.
АНТИЦА: (кршејќи си ги прстите). Само ова што не се
заборава. А, ах, пуста ми мајка!... Пусти ми вујко!.
ФРОСА: Јас да сум на местото твое би го исколнала и со тоа
би се истушила.
АНТИЦА: Кого?
ФРОСА: Па љубовникот!
АНТИЦА: (умилено кон другарките). Мене никој не ме разбира.
Јас немам љубовник, ами имам...
(Фроса, Кате и Паре ја прекаднуваат со песна)
Запеале три девојки една не пеи.
Ја прашале другарките: „Зошто не пеиш?“
Одговори ружунчица тајно жалосно:
„Мене мајка ми една ме има, как’ да ме нема!Не ме дава за
младо момче јас да лудувам,Тук ме дава за старо-аро јас да
робувам!“
АНТИЦА: Ах, мајко, мајко јас да робувам!
САВЕТКА: Доста, ќерко, ме колна... (настрана ги упива со
прсти солзите кои и доаѓаа на очите. (Со себе си). Ах, срце мајчино
ќе пукне. Помеѓу два огна се навоѓам. (молејќи кон Антица). Ајде
ми, злато, развесели ми се малку.
АНТИЦА: Тргни ми се да не те гледам! Крв ми се гледаш пред
очиве!
САВЕТКА: (сеќавајќи бол во душата за себе си). Ах, пусти ми
брат!... Кон кого да се определам јас сирота? (се слуша чукање на
портата за кое излегува).
ФРОСА: (на другарките). Се задоцнивме ние.
ПАРЕ: Ќе не мислат доша.
КАТЕ: Ајде ние да си одиме.
(Фроса, Кате и Паре говорат нешто настрана од Антица).
56
САВЕТКА: (влегува избезумена). Ангице!... Ќерко... станувај! (ја
фаќа за рака и ја трга). Брзо станувај да бегаме!... Пустиот Селман
ага имал собрано арнаути за да те грабне. И дебрани, и мокрани!
Човек дојде кажа, мори ееееј!... Станувај да одиме кај вујка ти!
(Антица ладно го прима и не мрднува. Фроса поведува песна
Кате и Паре ја придружуваат)
Ќе те граби, џанам,
ќе те граби со дебрани,
аман, со дебрани
Со дебрани, ќерко,
Со дебрани и мокрани!
Стан да ојме, ќерко,
Стан да ојме кај вујка ти, аман,
кај вујка ти!
Кај вујка ти, ќерко,
Кај вујка ти Ристаќија!
САВЕТКА: (ја дрпа да стане). Мрдни, мори, станувај!...
АНТИЦА: (студено се однесува). Кој сака нека дојде јас одовде
не мрднувам. Ќе види — невиди ќе извади нож, ќе ме исече. Нека
ме исече, не сакам да живеам!
САВЕТКА: (еднакво ја дрпа да стане). Леле, ќерко што те
стијоса да правиш вака?!... Аман, мори станувај, оти на идење се.
Ќе ги земеш на душа и девојчињава...
(Фроса, Кате и Паре треска ги фаќа од страв и почнуваат да
плачат па глас).
АНТИЦА: Ако, мори, нека дојдат, со радост ќе им ја дадам
душава. За со ваква мајка, каква што си ти, што да живеам! Да не
видам некаква радост во животот! Еве, се гледа!
САВЕТКА: Та не ти ја сакаат душата, туку тебе те сакаат!
АНТИЦА: Кога ќе видат дека не ќе им одам, и со душа ќе се
задоволат.
САВЕТКА: Леле, леле, леле... што ќе направиш, приказанија!
(ја дрпа да стане). Мрдни мори од местото, да би не мрднала... Кога
ме правиш да те колнам. Ќе те грабит мори еј!... со...
АНТИЦА: Ако, мор.
ФРОСА: Аман, мори Антице, и нас ќе не земеш на душа.
57
АНТИЦА: Што да ви правам јас? Кој ве викна, нека ве испрати.
Во овој момент се решава судбината моја, да појдам за еден кој не
ми е прилика и живеам црн живот или да умрам.
КАТЕ: А тебе сама ли да те остави мајка ти за да не испрати
нас? Ами, ако дојде во тоа време Селман-ага?
АНТИЦА: Јас би сакала мајка ми да го види злото со свои очи,
но ако е потребно за вие да се спасите, нека останам сама. А за да
може таа да ме спаси од рацете нивни, тоа не може ни да се
помисли!
ПАРЕ: Аман, мори Антице, стани да бегаме оти сите ќе не
срамат.
(Фроса, Кате и Паре плачат и со крпи си ги бришат очите).
ФРОСА: (на Саветка). Ајде, тетко, испрати не нас барем ние да
се спасиме.
КАТЕ:(гледа крвнички кон Антица и ги одобрува зборовите на
Фроса). Така си е, зашто пак и ние да страдаме заради неа! (ја дрпа
Паре). Ајде ние да бегаме!...
ПАРЕ: (се противи). Одите вие ако сакате, јас не кинисувам
без Антица. Или сите да се спасиме или заедно да умреме, кога
веќе се најдовме овде. (ја прегрнува Антица). Антице, ако не сакаш
да одиш кај вујка ти, ела кај мене дома. Ако не јас никаде не
мрднувам од местово без тебе. Ако е речено од бога да умрам,
заедно со тебе.
(Антица и Паре прегрнати плачат).
АНТИЦА: (на другарките Фроса и Паре). Сокрите се вие на
таван, тој нема потреба за да се качува горе.
ПАРЕ: Ни чекор одовде без тебе не кинисувам. Со тебе заедно
ќе умрам!... (се замислува. Пауза). Само јас мислам тој не иде со
намера да те отепа. Ако е за тоа, тој има толку сила за тебе да те
загуби и би дошол сам. Но иде за да те граби, да те одвлече жива
одовде за да те земе за жена, да те потурчи оти си убава. Ете за
тоа тој иде со Арнаути, за да те одвлече жива дома му.
САВЕТКА: (ја трга на сила за да стане). Свести се, мори, ќе те
турчи!
СИТЕ: (Ја фаќаат, кој за раце, кој за рамења и ја дигаат од
местото). Турчин, мори еееј!... Ќе те турчи!... Верата ќе ти ја мени!...
Во харем ќе те затвори и ќе те забули!... Каде полошо од тоа!...
58
АНТИЦА: (од последниве зборови чувствува страв и почнува
да се тресе). За тоа ли мислите?!..
ПАРЕ: Ами будала ли е вакво убаво девојче да заколи? Тој
сака да ужива со тебе во харемот!...
АНТИЦА: Се само во харем и фереџе не! (потрчува сама кон
вратата, а останатите сите по неа и излегуваат).
(На сцената нема никој. После подолга пауза од под
прозорците се слуша свиркање со уста давање знак, а потоа
чукање со камчиња по прозорците).
ГЛАСОТ НА ИЛИЈА: (прво тивко а потоа посилно). Антице...
Антице... (посилно). Антице!... Антице!... (по куса пауза се слуша
кршење на вратата, потоа многубројни чекори).
(Илија влегува пратен од десетина Арнаути — дебрани и
мокрани).
ИЛИЈА: Нема ја!... (се мисли). Што може да биде? Ако го имат
фатено писмото и вујко и ја има одвлечено дома му! А?...
ЕДЕН АРНАУТИН: Зотни Илија, го има зедено кир Ристаќија на
куЈшта бефте!
ИЛИЈА: Поо!... Ашту ашт, пар зоне, вртет! Та иким на штапи
кир Ристаќи!...
СИТЕ: Пооо... (излегуваат).
(3АВЕСА)
слика втора
Во двориштето пред куќата на кир Ристаќија. Двориштето е
оградено со високи и широки штици изгорени од штици како и
оградата, а лево јасики. Во дното голема и убава куќа се до катот
ѕидана од камен, а самиот кат од убаво изработена дрвена
конструкција. На првиот кат, во должина од целата куќа, балкон
напред ограден со железа извиени во форма па шарои. Насреде, за
излегување на балканот, двокрилна врата со стакла. Долу над
балконот за влегување во самата куќа, насреде двокрилна врата.
При кревањето на завесата е длабока ноќ и мртва тишина.
Само месечината осветлува како ден, како да сака со тоа да ги
открие пред светот злобните намери кои ги крои Ристаќи. Во
моментот кога се крева завесата на сцената нема никој. Подоцна се
59
појавува на балконот Ристаќи во антерија и тука се рашетува, тука
се накрепува на вратата или балконот занесен во мисли.
РИСТАЌИ: Што ги нема, боже, уште да дојдат! Така, како
скрежец ќе си пукнам. (пауза). Е ова е право чудо!... Не можам да го
пресметам што е ова задоцнување. (се тресе). Еве и треска почна
да ме тресе од нетрпение. (прави како при голем студ). Ууу!... И ако
му притекне на тоа куче, како што е силен, од тука да ја граби, не ќе
можам ни еден куршум да му закачам. На место него сигурно некоја
ѕвезда ќе оборам. (се повлекува од балконот и, подоцна, се
појавува во двориштето). Бога ми, ете сестра ми е за отепување!...
Но е чудо да е премислена, солзите на Антица да ја имаат
превртено... и да е согласена да ја земе тоа куче. „Да не ми жали
девојчето...“ Ами... А ти, кир Ристаќи, можеш, ако си сакаш, и да си
пукнеш од плачење за двестете наполеони. Тоа не е ништо!... „На
девојчето да не му се скрши ќефот...“ Е гиди ум женски, де!... „Бил
стар“!... Божем, што рече Василка „месото ќе му го вари“. Е уште ги
нема!... Е, се разбира дека само со писмото ништо немаше да
стане, ја фатија солзите од Антица како убиец од крвта на
отепаните. Пак за тоа кир Ристаќија не спие, ами и прати човек да
ја излаже дека Селман-ага собрал Арнаути да ја граби. Тоа сигурко
ќе фати место, ќе ги исплаши и сами ќе си дојдат овде како рибине
во коцине од даљанон. Да не се сетев тоа да го направам, како што
се гледа, сигурно ќе ми пропаднеа печени двесте наполончиња. Е
голем мерак ти имам по пусти пари. Откако се знам само пусти
пари, пари, ила пари! А и чест! За чест кој ми прави душа си давам.
(се замислува и после се чука по главата). А здравје? Зошто ти се
пари без здравје, а? Со парите и здравје ќе најдеш, ами младост,
младост, таа не се купува!... Мене ми треба здравје, младост и
пари: И пари!!! (се слуша биење на градскиот часовник, брои
гласно). Еден... два... три... четири... пет... шест... Шест часот! Аре,
полноќ стана и уште ги нема! Сам со себе ќе се изедам! (се слуша
јако и непрекинато чукање на портата. Со себе си): Е, сполај му на
бога оти еднаш веќе ве донесе! Чекај, кир Ристаќија, не брзај за
отворање, да не се сети Антица оти е дубарлак и фрц назад! А
полноќ е и сигурно сега и тоа куче ќе стигне дома и за да ја граби...
Да и отиде на умот: од каде накаде вујко ми ова доба во дворот?
Ова треба да е некоја дубара! И таа е копил, кој и е вујко! Подобро
од балкон ќе се јавам. (оди и се појавува од балконот). Кој е ова
доба, на полноќ, што ме прави беузур?!
САВЕТКА: Јас сум, брату, со Антица. Побрзај отвори!
60
РИСТАЌИ: (слегува и додека стигнува до портата од
двориштето со себе си). Аааа!... (отпотпирајќи ја портата): Полека,
што била таа работа што дошло
толку на брзина?! Голем зорт ми дадовте! (Саветка и Антица
влегуваат и пак ја потпира вратата). Што е ова, што е ова, сестро,
на полноќ правење беусур?! Човек си се расположил, си легнал да
спие, а вие сте се се растропале, божем!... Али видовте некој зорт и
ајде по полноќ „кај вујка ми кир Ристаќија“!
АНТИЦА: (влегува во куќата).
САВЕТКА: Еден пријател дојде и ни кажа, оти како Селман-ага
собрал фома си арнаути и се готвел да дојде Антица да ја граби.
РИСТАЌИ: И јас така си помислив, зорт! (се обѕрнува околу
себе се). Отишла горе. Ајде брзо кажувај што се задоцнавте!
Душава ми искочи, не е шега... А има и зошто!...
САВЕТКА: Никако не кинисуваше... Но после, како што ти
кажав, дојде еден човек и кажа, дека, Селман-ага имал собрано
дома си Арнаути да ја граби... И пак не кинисуваше!...и зборувам „а
мори ќе те заколи, ако не одиш...“ Ни око да и трепне! Ако, вика,
нека ме заколи, зошто сум жива. При мајка-без мајка; при вујко-без
вујко! Вие, рече, животов сакате да ми го зацрните, а црн не ми
треба! Нека ме заколи, не се жалам!“ А со писмото ништо...
РИСТАЌИ: Оти после?
САВЕТКА: Што рекол некој, „едни коли други дери“ со
девојчињата и не мрднува!
РИСТАЌИ: Онака на кусо кажи како киниса...
САВЕТКА: По едно време и текна на Паре и и рече: „А мор,
Антице, зарем ти мислиш за тоа ли иде Селман-ага со Арнаути, за
ако не му одиш да те заколи! Зар тој не може колку за тебе... Иде со
Арнаути за, ако не му одиш да те дигнат на раце, да те потурчи, да
те стави во харем... а не да те заколи“. И сама летна низ врата да
бега, та дури до портава едвај ја стигнав!
РИСТАЌИ: Ааа... таа ете ја свршила целата работа. Да сум
галантен, како што не сум, и нејзе ете да и тапосам еден жолт в
раце. Е... колку пари ќе ни чинеше кожава да ја потурчеа! Колкаво
леќе за вујка е кир Ристаќија! (со себе си). Значи ако не го измислев
тоа и пратев човек да им каже оти Селман-ага ќе ја граби ништо не
свршував работа, ќе си ја земеше тоа куче.
61
САВЕТКА: Ме одмачи, море, ме одмачи! Што маки и што
страои претрпев да знаеш!
РИСТАЌИ: Вака-така ја одвлековме од рацете на тоа куче да
не ја земе. Свршивме голема работа. Сега не ја оставам да извади
нога од вратава патнасе под клуч ќе ја држам! И овде строј, овде
свадба праење! Од овде невеста ќе ја извадам! Да и го ставам јас
нејзе јарам Николаќија, та нека мрда после ако може. Ајде сега да
си лсгнуваме, утре ќе ги продолжиме овие разговори. (кинисува).
САВЕТКА: (кинисува и подзастанува). Како врева на улица не
ти се слуша ли?...
РИСТАЌИ: (подзастанува и прислушкува). Така некако... Не е
за чудо тие да се да сакаат од овде да ја грабат. А, не поминува тој
кај мене арно! (ја покажува на балконот). Ене каде ги чека полна
мартинкана!
САВЕТКА: Портава убаво ли е затворена?
РИСТАЌИ: Не се плаши ти, овде кај мене тие не папаат!...
САВЕТКА: Со повеќе од десет Арнаути! Ем — мокрани ем —
дебрани!
РИСТАЌИ: Колку сакат нека се, кога ќе залегнам пред вратана
од балконон, сите еден по еден ќе ги зобнам. Не им давам ни аман
да речат! (се слушаат чекори).
САВЕТКА: Блиску се. Ајде да побрзаме! (брзо се повлекуваат
во куќата).
(Пред портата шум и неразбирливи зборови. Подоцна кршење
на портата и влегување на Арнаутите во дворот на чело со Илија.
При влегувањето Арнаутите го заобиколуваат Илија, но тој се
одвојува од нив и кинисува прв кон куќната порта. Ристаќи се
појавува на балконот и точно кога Илија се издвојува од другарите
стрела на него и го погаѓа тешко кој се срушува со зборовите:
ИЛИЈА: Оф, Антице, ме отепа тоа куче, вујко ти!
АНТИЦА: (се појавува на балконот). Еве сум, Илија, по тебе,
заедно во гроб!
(Антица се обидува да се фрли од балконот по Илија, но
Ристаќи и Саветка ја задржуваат и на раце ја внесуваат в куќи. Во
истото време двајца Арнаути го дигаат Илија и го изнесуваат, а
останатите ги навртуваат пушките да стрелаат по Ристаќија, но ги
спречува излегувањето на Антица и за тоа пукаат нагоре)..
62
ЕДЕН АРНАУТИН: Гене ќе дојдиме ние, ќе ја земиме крвта на
зоти Иљо!
(3АВЕСА)
ЧИН ЧЕТВРТИ
слика прва
Во дното мала приземна куќичка, соѕидана од камен и
покриена со камени плочи со напред врата и мал прозорец
затворен со капак. Напред, пред дуќанчето — (куќарчето), трева,
десно пак кој води во вратата од дуќанчето. Назад-зад куќарчето
планина на која се гледа село со растурени куќи овде-онде е ретка
шума.
При кревањето па завесата време зора да пукне. Илија спие
на тревата и ја сонува Антица застаната на патчето кое води во
дуќанчето, облечена во невестински алишта и клекната кај го моли
да ја спаси. Започнува да дува силен ветер одошто се откинува
една гранка и му паѓа на главата, та го пробудува, но никако не го
тргнува погледот од она место кај што ја сонува застаната Антица.
ИЛИЈА: Сон било... Што може да значи?... Ми дошла облечена
во руво невестинско и ме моли да ја спасувам... Рече: „Каде си бре,
Илија, да се оживиш и ме спасиш? Види, невеста веќе ме
направија, утре ќе ме венчаваат за Гзарка...“ (станува). Кого, бре, ќе
венчаваат!... Жена моја ли ќе венчаваат!... При жив маж ли жената
му со друг ќе ја венчаваат! Жив ли е поп Јанче и баба Анча да
скокнат!... (се смирува). А, да... можеби тие мислат дека јас погинав
онаа вечер. Но, може ли да се случи навистина утре да биде
невеста што ми се претскажа во руво невестинско? (застанува на
местото кај што ја сонува и си ја претставува). Овде беше,
клекната, облечена во невестинско руво и намирена со телои и
сите зунзулиња што им ги редат на невестите (се мисли). Што ден
сме денеска?... Ха, сабота! Денеска треба да дојде човекот и да ми
донесе одговор. Секако денес ќе разберам како стои работата. Кога
ми го прати писмото за да ја земам, а тој пес ја одвлекол дома си и
таму ме рани, ми пиша дека ја држеле под клуч... (се бара во
пазувата и вади писмо). Чекај уште еднаш да го прочитам... (чита).
„Драги Илија, измина еден месец откако се венчавме и си отиде, но
за мене како да измина цела година. А и пусто наше венчавање
63
никому да не го даде господ. Ако сакаш да разбереш за мене, јас
сум здрава но сум затворена како затвореник. Секој ден ме
насилуваат да дадам збор за Гзарка. Пусти ми вујко за да се
покаже патриот — стана голем идиот! Разбери, дека јас не можам
да се решам за да им кажам оти се венчавме и за тоа треба
бездруго да дојдеш и да ме земеш. Како што ти кажав погоре ме
држат заклучена и од онаа вечер не можам да се видам ниту со
баба Анча. Разбери и ова: ќе ти купам нешто — малечко! Твоја
Антица“. (Го бакнува писмото. Пауза. Наеднаш се исправа). И ние
сме ти некакви младенци!... Најубавото време го поминавме црно.
Црно јас, а уште поцрно Антица! Да, но ќе дојде ден кога ќе светне
среќата наша како убав сончев ден и тога ние ќе бидеме
најсреќните на оваа земја. Чекај... (чита од писмото).... „Ќе ти купам
нешто — малечко“. Значи да сум веќе татко?... Ура!... Додека светот
ни крои зло, среќата наша расте кај Антица и после пет месеци таа
ќе излезе и ќе викне: тате, мамо...
ЕДЕН АРНАУТИН: (влегува наоружан). Мир мигес, зотни Иљо.
ИЛИЈА: Добро утро и дал ти бог добро, пријателе (се
поздравува).
ЕДЕН АРНАУТИН: (вади писмо од појасот и му го дава на
Илија). Еве ти писмо од пријатели твој.
ИЛИЈА: Фалимендрес, ор вла. Кога дојде?
ЕДЕН АРНАУТИН: Сношти... кон полноќ... Малку спав и...
станав рано да ти го донесам писмово (седнува на тревата).
ИЛИЈА: Добро си направил (му дава кутија со тутун да направи
цигара и потоа го чита писмото). „Драги Илија, писмото твое што си
ми го испратил по човеков ми го донесе и многу се зарадвав кога
научив дека си бил жив. Овде се растурија гласови, оти како
наместо те отепал Ристаќија. Ме прашаш за Антица, таа е жива но
со малку душа (го фаќаат нерви и немирно чита). Уште утредента
Ристаќи ја сврши Антица за Николаќија, а друг ден — внедела, ќе
се венчаваат. Се шират гласови оти како му рекла на вујка си „на
самата свадба кај Николаќија ќе скокнам од пенџере или ќе се
отрујам за да те срамам“. Никој не сме знаеле дека си останал жив,
па не верувам ни Антица да се надева. Како што ти пишувам, таа е
затворена и со никого не и позволуваат да се види и зборува. Ако
можам ќе и пратам абер по баба Анча, но не верувам. Мислам да
разгласаш дека си жив и дека ти е жена за да ја спречам
64
венчавката, но не можам да се решам да не би да згрешам. Твој
кум — Спасе!“ Види го ѕвер!... Види го ти него патриот — идиот!...
ЕДЕН ТУРЧИН: Не лути се, зотни Иљо. Не лути се оти уште не
си оздравен како што треба, ќе ти падне тешко... Ќе му го донесам
јас умот на тој катил... Ќе му ја земам главата и ќе ја платам крвта
твоја што истече.
ИЛИЈА: Да те пуштев поминатата недела да одиш, од дома и,
полесно ќе можевме да ја земеме...
ЕДЕН АРНАУТИН: Ми рече пријателот твој „Не е Антица дома
ја има Ристаќи затворено на куќата вефте“.
ИЛИЈА: Така?...
ЕДЕН АРНАУТИН: Поооо!...
ИЛИЈА: Е, ќе те молам, сега ти да ги собереш другарите и да
тргнеме.
ЕДЕН АРНАУТИН: Не си сакалдиси, ор вла!
ИЛИЈА: Јас мислам што побрзо да излеземе. Секоја измината
минута може да ни попречи!
ЕДЕН АРНАУТИН: Само речи ти, неве јеми азар!
ИЛИЈА: Проштевај, но те молам, побрзај собери ги другарите.
ЕДЕН АРНАУТИН: Собрани се!
ИЛИЈА: Каде се?!
ЕДЕН АРНАУТИН: (му ја става на рамото од Илија раката и го
поведува кон зад куќарчето каде му покажува со рака). Ја куашт!...
Ги гледаш?... (се слуша песна која што ја пеат Арнаутите). Ги
слушаш ли кај што пеат?
ИЛИЈА: (го чука по рамото). Рофш, ор вла! Жими господа
златен ние сме браќа!
(Јасно се подразбираат зборовите од песната која што ја пеат
Арнаутите).
Ах мој ти ме сју ти зи,Ки’ ке бузен си ќерши,Е, еја, еја те лој,Се
ти зембрен ма мори!...
(По завршувањето па песната, која Илија ја прати со големо
интересирање, му ја изкривува капата на Арнаутикот над око и кон
останатите Арнаути од каде што доаѓа гласот):
ИЛИЈА: Рофш!... Рофш!...
65
ЕДЕН АРНАУТИН: (ставува во устата два прста и свири, а по
тоа и вика): Ор бур, еја!... еја!...
(Арнаутите се приближуваат со пеење на истата пеепа. и
после подолга пауза влегуваат и се поздравуваат со Илија. За
време паузата Илија влегува во дуќанот си ги зима: ножот,
пиштолот, пушката... и излегува на сцената каде ги дочекува
другарите Арнаути).
ИЛИЈА: Пошкоим, ор вла? (сонце изгрева на сцената).
СИТЕ АРНАУТИ: По сиии... ор вла... (кинисуваат со пеење)
Неве дохикам, ве до шкојм и Струг,Нусе преј Иљо тамарим
вртет...
(Сите излегуваат продолжувајќи да ја пеат песната).
(3АВЕСА)
слика втора
Во куќата на Николаќија. Салон лево и десно врата. Назад
десно, двокрилна врата, а лево соба подигната во која се влегува
по неколку скали. Во дното од собата два прозорци со завеси, меѓу
нив огледало украсепо со свилена шамија; лево огниште, а горе
наоколу завеса, а десно е подреден чеизот од невестата: ковчег со
над него поредени килим, постела, јорган и најзгоре перници.
Испод прозорците миндер послан со сеџаде (по возможност
црвено) и подрен со бели перници. Во салонот, покрај левиот ѕид,
маса покриена со чаршав на која се ставенм три леба, подредени
еден на друг; две нови шарено водени стомни со вода; чаша со
мед; авланка со вино и здиплена шамија. В среде салонот виси
голема ламба. Десно голем ѕиден часовник со испуштени синџири,
а наоколу се подредени портрети. Во дното од салонот, лево од
вратата голем портрет од руските императори, наоколу домашни
портрети. Празните места на салонот се пополнети наоколу со
столови со плетени седишта.
При кревањето иа завесата на сцената нема никој. Подоцна
влегува Василка заздишана од замор.
ВАСИЛКА: Ах... прекапав, ама се сакаше (седнува). Не беше
работа, требаше да се целиваат венците. Сега веќе си го
настаменив детето, и да умрам — не жалам. Има кој да ми чува,
ништо нема да ми се испусти. Се слуша биење на камбана од
66
далеку). Ете бие камбаната, излегуваат од црква. Нека дојдат,
малце си починав.
ДЕВЕРОТ: (влегува). Идат, бабо Василке, со невестата.
ВАСИЛКА: Добро, срце... (му ја врзува околу вратот шамијата
која стоји на масата, а потоа му ја дава авланката со вино). На
кумот ќе му ја дадеш: а тој ќе ја пушти понатаму. Ај пак, и за тебе
вака да даде господ...
ДЕВЕРОТ: Сполај ти, бабо Василке (излегува).
ВАСИЛКА: (сама). Чекај јас да си ја земам шамијава од глава,
да си ставам некоја ветва, оти ќе ми ја изгорат деверите (кинисува
лево и застанува пред вратата). Та окутра е, ако ја изгорат — нека
ја изгорат! Како на секоја свекрва и мене. Сполај му на бога што си
исчекав радост во куќава... Си го удомив детето. Та за шамија... Пак
невестата ќе ми даде поубава. Е, сега веќе ќе ми заличи куќава со
невевчето.
(Од далеку, а постепено се поблиску се слуша свирење иа
чалгија и пеење на песната):
Затропале тапаните
Да ми одат по невестата,
Румба, румба, румба,
Рефрен
Лиду, лиду, лиду, ду.
Да ми одат по невестата
По невестата преку Вардар...
Ми дотече силен Вардар
Ја понесе невестата...
Викна зетот да ми плаче:
„Си останав без невеста“
...„Молчи, зету, не ни плачи
Ќе ти најдеме поубаво...
(Последните зборави ги изпеваат пред да пристигнат пред
самата врата и тога еден машки глас, подоцна прифатен од другите
пее):
Ја излези, јунакова мајко,
Син ти иде како сиви сокол.
Снаа носи како еребица.
Слез’, невесто, од брзата коња.
— Ни слегувам, ни в куќи влегувам,
67
Дури с очи свекрва не видам.
(Пред да заврши песната, младенците држејќи се под рака и
со запалени големи бели свеќи во десните раце застануваат пред
вратата. Позади нив е кумата со сито под левата мишка покриено
со шарена свилена шамија, вади од него овес помешан со бонбони
и фрла над главите од младенците. По нив се сватовите. Откако
завршува песната, Василка оди и застанува пред младенците).
ВАСИЛКА: Да ми се ќердосате... (ги бакнува во челата). Со
живот да даде бог!...
(Василка ја зима чашата со мед и и ја поднесува на Антица,
која зима од медот со показалецот од десната рака и три пати
прави крст озгора над вратата, од надвор, поткачена на едно столе
кое и го наместуваат. По тоа Василка и ги подава на Антица
стомните, во обете раце по една, а под обете мишки и на главата и
става по едек леб. Лебот кој и го става на глава еден од присутните
го придржува. После извршените обичаи влегуваат во салонот.
Поголемиот број од жените одат заедно со младенците во брачната
соба, а другите поседнуваат во салонто. При влегувањето на
младенците во брачната соба и ги зимаат лебовите на Антица, како
и свеќите на обајцата — Антица и Николаќија, ги забиваат во
средината од лебовите и така ги оставаат на јашмакот од оџакот.
По тоа Антица ги остава стомните на огништето. Жените го
разгледуваат чеизот).
ВАСИЛКА: (кон децата). Деца, да не ми ги угасните свеќиве!...
{ја зима главата на Антица со обете раце и полека ја чукнува три
пати од оцакот со зборовите): Да ми си домаќинка — куќница, колку
оџаков што мрднува од местото толку ти од куќава. Овде да ми
седиш, да не си ми покуќешка. Домаќинките не одат по комшии, си
ја чуваат куќата своја и си ги гледат своите работи. (Една од
жените и подава на Аитица стол да седне, потоа и става на скутот
одно машко дете и и подава чорапчиња).
АНТИЦА: (ги зима чорапчињата и му ги дава на детето, а по
тоа го бакнува). Со здравје да си ги носиш!
(Детето штом ги зима чорапчињата рипнува и оди, се фали по
другите деца. Една од жените и подава на Антица женска шамија за
глава).
АНТИЦА: (и бакнува рака на Василка и по тоа и дава шамија).
Со здравје да си ја носиш.
68
ДЕВЕРОТ: (и ја зима на Василка старата шамија од главата).
Сега имаш понова, ова е стара и треба да се изгори. (излегува
надвор од салонот).
ВАСИЛКА: Чудо не ве нашло, море деца!... (си ја става новата
шамија на главата).
(Некои од помладите жени и ја поднаместуваат подобро
шамијата на Василка. По завршувањето на обичаите килерџиите
почнуваат да ги служат гостите со вино, ракија и мезиња: бомбони,
леблебии и суво грозје.Василка им дава на децата по полна рака
бомбони, леблебии и суво грозје. Килерџиите прво го почестуваат
кумот, старосватот, оти потоа преминуваат на другите. Секој
почестен изговара по некој благослов).
КУМОТ: Василке, ај, да ти се ќердоса синчето! Еднаш во
животот да им биде!... Ај пак, на деветте месеци да ме каниш да ти
крштевам! (пие).
ВАСИЛКА: Пи на здравје, куме!
КУМОТ: (откако се напива). Здрава да ми си и весела. Децата
мои пак внучиња да ти венчаваат!
ВАСИЛКА: Амин, господи! Од устата твоја во божјите уши!
КУМОТ: (на свирачите). Што сте ми задремале бре вие? Ајде
речете некоја ага! Речете ми ја: „Русе седи на мостето, Банџе се
вози во чунчето“. Ајде!... (се наместува нога на нога и горд се
извалува на столот да ужива).
(Свирачите прво исвируваат арија оти пеат еден стих...
Песната ја прифаќаат и присутните).
Русе седи па мостето,
На мостето искршено,
Банџе се вози во чунчето,
Во чунчето на предница:(арија)
Сам си весла, сам си прави,
Песна пеи, лудо, се за тебе,
Песна пеи, лудо, се за тебе
Како да те, мори, граби!(арија)
Бог да бие, Русе, твоја мајка,
Твоја мајка, Русе, Ангелина,
Што не те дава, Русе, кај што сакаш,
Тук’ те дава, Русе, кај што нејќеш...
69
(Додека Антица, потресена од песната, силно плаче, кумот
расположен гордо го отресува ќесето и фрла бакшиш во дајрето).
СТАРОСВАТОТ: Каде е најде бре, куме, оваа песна? Да ти
цути устата што ја порача! Оваа песна одамна не бев ја слушал.
Така благо ми дојде да заспијам! Ејгиди песни наши што ги пееја
старите... (покажува кон младите). А не овие што ми пеат сега:
„тралала, ла, ли, ли!...“ Песни се овие срцето што ти го корнат! (кон
младите). Зарем овие песни, бре, да ги заборавите?!... (плука кон
нив). Пу!...
КУМОТ: Песна ја признавам онаа што кога ќе ја чуеш, дури и
срцето ако ти е заспано да ти се пробуди. Ете тоа е песна!
СТАРОСВАТОТ: Така де... Ами овие што ми дрнкаат!...
КУМОТ: Остави ги, леба ти!... Право да ти кажам мене ми се
повраќа кога да ги слушам... Ама што се прави?...
ДЕВЕРОТ: (му поднесува на кумот и старосватот вино и
ракија). Ајде, куме... ајде, старосвате, напите се и помолитвите
малку и за нас. Нека се чуе од устите ваши некој збор убав за
младите, а не само кудење. И ако чиниме, и ако не чиниме — на
вас си личиме: крушата под круша си паѓа!
СТАРОСВАТОТ: Види го ти него, знае и да навредува.
КУМОТ: Касаат младите, старосвате, не даваат со збор да ги
покараш.
СТАРОСВАТОТ: Тие се знаат!...
ДЕВЕРОТ: И какви да сме, на вас си личиме, сигурно не на
Суља ковачон.
КУМОТ: Имаш право, девере... Е, за овој збор што го погоди ќе
ти се напијам едно винце (зема чаша со вино). Ај, и за тебе да се
веселиме вака! (пие).
ДЕВЕРОТ: Ајде, старосвате... Али се налути?
СТАРОСВАТОТ: Нема зошто да се лутам, куќава нема да ни ја
даде кир Николаќи да ја делиме, та да се караме и да се лутиме.
ДЕВЕРОТ: Тогаш ајде земи едно винце од мене за радоста од
внука ти.
СТАРОСВАТОТ: (зима чаша со вино). Ај, како е арно! Секаде,
каде е потребно, вака да даде бог! И за твоја радост! (пие).
70
КУМОТ: (на свирачите). Ајде, вие тамо, речете уште една!
Овде не сме дојдени ниту за работа, ниту за политика, туку за
веселба, да се најадеме, да се напијеме, да си поиграме, да си
попееме и да се посмееме. А не да се караме со младиве. И себе
си добро и на Василка да ја развеселиме куќава. Ете, тоа не чека!
Вака — Василке, али не?
ВАСИЛКА: Така е, куме. Ти си кум, ти како ќе наредиш така.
КУМОТ: (на свирачите). „Антице мори Антице, голема жалба
ми падна...“ да ми ја речите. (Свирачите прво ја свират аријата,
потоа пеат прифатена од присутните. Кумот пали цигара, пуши и
ужива на песната).
Антице, мори Антице,Голема жалба ми паднаЗа твојата
убавинаИ за твојата прокопсија.Жалосно, мори, ти ќе ме
умриш,Никој пат не ќе се стопиш!...(арија).
(Кумот и старосввтот уживаат па песната, но при
завршувањето на аријата кумот забележува, дека Антица силно
плаче и забранува понатаму да се пее).
КУМОТ: Доста!... Доста!... Друга! „Ти си опремаш брзата коња
да врвиш...“ Али сакам за мерак!
(Како и погоре, прво свират арија, а потоа пеат прифатени од
присутните).
— Ти си спремаш брзата коња да врвишМене, лудо, на кому ќе
ме оставиш?— Оставам те на моја мајка и твоја,Оставам те на моја
мајка и твоја.— Тешко мене на двете мајки без тебе,Тешко мене на
двете мајки без тебе!...
(Антмца и при оваа песна силно плачо и кумот како и погоре
забранува понатаму да се пее).
КУМОТ: (на старосватот). Јас мислам не може понатака да се
пее, а со која да почнеш се, изгледа, на нешто ја потсетува
невестава, што така силно плаче. Најарно ќе биде ако почнеме со
ора.
СТАРОСВАТОТ: Може, може... (станува и кон свирачите):
Тешкото!...
КУМОТ: (им дава знак со раката на свирачите да не свират и
на старосватот). Јас мислам прво едно оро со пеење (го зима за
рака одлево и одат, ја зимаат Василка од десно). Сакам прво
домаќинката да го отвори орото.
71
(Василка поведува оро со пеење, а по нив се фаќаат и други).
Делми ви роков: „добре сте дошле“,Да сте ми живи што сте ми
дошле.А два младенци да се ќердосат!
КУМОТ: (со појак глас).
Де, мори Анѓо, де, пуста Анѓо,Твојата снага танка селфија,А јас
за неа ваќа се вијам!
ВАСИЛКА: (со појак глас).
До море, Митре, бре пусти, Митре,Кога си по мен’ севда
имало.Што не ми кажа кога бев младо!
ВАСИЛКА: (се сеќава презаморена од играњето и се пушта од
орото). Ај... да ни се ќердосаат. И во ваши куќи...
КУМОТ: Ама толку ли ти?
ВАСИЛКА: И тоа е многу за мене. Жалев ал ќе ми поможе
господ да си го удомам Николаќија, пак еве ми помогна, та дури и
му поиграв на свадбата.
КУМОТ: Е, ние сме помлади, срамота е со толку да ја
предадеме калата.
ВАСИЛКА: Играјте си, веселете се, само не заборавајте и да
се поднапивувате. Винцето не е лошо!
КУМОТ: Се разбира, тоа и ни споможува некое оро повеќе од
тебе да изиграме. Но сепак, ќе треба и ти уште едно оро да
изиграш. Невестата ќе треба да ја заиграме...
ВАСИЛКА: Штом е за невестата да ми заигра во куќава — тука
сум јас!
(Кумот оди во брачната соба, ги зима Аитица и Николаќија и ги
донесува во салонот каде подредува оро: тој прв оти Антаца,
Николаќи, Василка, старосватот, деверот... Кога се веќе подредени
застанува пред Антица и теловите кои и го покриваат лицето и ги
подвојува на два дела и така и ги фрла преку рамењата на грбот, а
по тоа се фаќа прв на орото. Таман што кумот ја крева ногата да
заигра и зинува да запее Антица се пушта од орото и почнувајќи од
кумот та до кумата и старосватицата им бацува рака и потоа се
фаќа на орото. После овие извршени обичаи кумот започнува на
игра со пеење пратен од чалгијата).
Отишла Милка на вода
Со две стомниња шарени,
По неа овчар будала:
72
„Дај, Милке, да те целивам!
Дај, Милке, да те целивам
Челото меѓу веѓите“.
А море, овчар будала,
Каде се чуло видело,
Каде се чуло видело
Мома на пат да љубиш?
Товари си го магаренцето,
Слези си долу во село,Слези си долу во село
Там’ Милка да ја целиваш“.
Ете го овчар кај иде
Пред себе тера магаре,
Пред себе тера магаре
Т’ варено со суви дрва.
Тропна — кључа на вратата,
Слезе Милка му отвори.
„Еве ти, Милке, суви дрва
Тури — потпечи направи,
Тури — потпечи налрави
И мене си ме покани“.
КУМОТ: (се пушта од орото). Сега веќе доста е за нас старите.
Ние ќе си се поднапивнуваме, а младиве нека си продолжат.
(Старите испоседнуваат, а младите продолжуваат со ново оро,
со пеење без чалгијата).
Си појдов Горна Белица, де,
Си најдов грутка снегова, де,
И си ја ставив в пазува, де,
И си ја ја рачав порачав, де:
Топи се, грутке снегова, де,
Како што се топи
(машките) млада мома, де,
(женските) млад беќар, де,
(се повторува).
(Машките) За јуначе беќарче, де,
(Женските) За девојче ергенче, де.
Си појдов село Подгорици, де,
Си најдов сено косено, де
И си го ставив на глава, де
И си му рачав порачав, де:
Веи се, сено косено, де,
73
Како што се веи
(машките) млада мома, де
(женските) млад беќар, де,
(се повторува).
(Машките) За јуначе беќарче, де,
(Женските) За девојче ергенче, де.
КУМОТ: Ете што направија младиве — се испокараа (кон
младите). А златно ние, до утре сабајле да играме се сложно!
Ништо младите, ништо! Ако не се измешани меѓу нив старите —
ништо! (фаќа оро на кое навлегуваат и стари и млади, али таман
зинува да запее младите го претекнуваат со песна):
Едно девојче малечко
На училиште одеше
И на бога се молеше:
Да ни даде слобода
Уродби да се донесат,
Старите со старите,
Младите со младите.
КУМОТ: Јас сум рекол и пак велам; со деца матеница не се
срка, оти ќе те испрскаат!
(Гласови од младите: Аааа... не ги бендисува — старите со
старите, сакаат помешани со младите).
СТАРОСВАТОТ: Е нека проштеваат!
КУМОТ: Штом не ги бендисува нема повеќе да се игра! Уште
зетот и невестата да ни речат по една песна и ќе си бегаме
(седнува и ја вика Василка). Василке, зетот и невестата сакам да
дојдат овде и да ми речат по една песна.
ВАСИЛКА: У, како било... нека ти испеат и по две! И јас како
невеста сум пеала. Чест на кумот.
КУМОТ: Ајде, штом било за чест, нека ми се направи и таа
чест!
ВАСИЛКА: (оди во брачната соба, ги извикува Антица и
Николаќија и ги донесува пред кумот). Еве ти се, куме. Дај си
команда која што си сакаш и како што си сакаш.
КУМОТ: Овде насреде сакам да застанат сите да ги слушаат
убаво. А за песната кој која што си сака. За тоа нема да се мешам и
да им наредувам која. Само, се разбира, нешто убаво! Ај пак ќе
треба да си одиме да си отпочиниме.
74
Оваа ноќ се знае, до сабајле ќе ви цепиме штици! (и прави
место на Василка да седне до него). Седи. (Кон невестата). Ајде,
невесто...
СТАРОСВАТОТ: Проштевај, куме, но јас мислам дека би било
редно прво зетов да запее, да ја поослободи невестата.
КУМОТ: Се сложувам. Ајде, зете, стори си ја честа. Зини да ти
го чуеме гласчето.
НИКОЛАЌИ: Добро, бре куме, не ти го кршам јас тебе ќефот.
(пее).
Мејанџи море, мејанџи,
Донеси вино, ракија,
Да пијам да се опијам
На бели гради да заспијам
Стамено, Стамено,
Де гиди, пиле шарено
КУМОТ: (му прави забелешка). Не „Стамено“, ами „Антице“! Не
греши!
НИКОЛАЌИ: (продолжува).
Антице, Антице,
Де ѓиди, црвен трендафил!
Ој, девојче, војче, црвено јаболче,
Круша шербетлија-мезе за ракија,
Ракија да пијам со тебе да спијам.
Изгорев, јагне, за тебе
Дури си се ставив со тебе!
КУМОТ: Е, сум чул мажи каде пеат, ами вакво убаво пеење
ваков глас не бев чул! Да не ти е криво, Николаќи, половина човек
си ами си имал голема дарба за пеење! Се надевам, дека
невестава уште поарно ќе ни испее. Ајде, невесто, се издума ли
која да ја речеш? Од тебе сакам таква пеена, не како од Николаќија
само јас да се почудам, ами сите да ги почудиш!
АНТИЦА: (во раката држи крпа за нос при бришешето на
очите, кое го прави понабрзо и се забележува сокриено мало
шишенце со отров. Колку повеќе се приближува до крајот на
песната која што ќе ја пее, толку повеќе и се очите во шишето.
Пее).
75
Се ујдисале двајца старциНовопогрчени фанатици,Ме
одделија од Илија,Од мој Илија — златен делија.И со тоа што
спечалија? —Трудна вдовица жена зедоа!
(При изговорувањето на последниов ред од песната Антица му
ја вади тапата на шишенцето. Сите присутни се згранати од
зборовите па песната и кој каде што е најден стои како скаменет со
отворена уста. Николаќи пак, кој што стои до Антаца, целиот се
тресе од поразот кој што го доживува и, барајќи го погледот на
Антица, целиот се искривува така што во последниот момент
изгубува равнотежа и паѓа пред нозете нејзини, но се дочекува на
рацете и пак погледот му продолжува во очите од Антица. Василка
пак ја фаќа несвестица и паѓа со горната половина на скутот од
кумот. Во последниот момент, кога Антица ја вади тапата од
шишенцето и ја фрла, на вратата се појавува Илија горд и силен.
Никој не го забележува. Однадвор се слушаат неколку плотуни од
пушки, што пукаат Арнаутите пред да влезат со цел да створат
збрка, и кои уште повеќе го зисилуваат ужасот).
ИЛИЈА: Антице, не си вдовица додека сум јас жив...
АНТИЦА: (кога го чу гласот на Илија, се позавртува несигурно
и кога го согледува, му се фрла на гради). Илија!... жив ли си
бил?!...
ИЛИЈА: Жив за среќата на малечкото да не е сироче, а за
поразот од кир Ристаќија!
(Арнаутите навлегуваат и ги навртуваат кундаците од пушките
кон присутните).
АНТИЦА: И дојде да ме спасиш во последниот час?
ИЛИЈА: Во последен час, но не и во свршен час!
(ЗАВЕСА)
76
7v62aywul48r3b7432qeh74ip6derrl
22536
22535
2026-09-16T11:19:55Z

c6myogpu2w8gqv5a5fsejk6fmxj58r4
Автор:Рајко Жинзифов/ Молитва
102
10266
22537
2026-09-16T11:23:02Z
Natasa Stardelova
3192
Создадена страница со: Молитва Ја, мајко божија, днес сос молитви пред твој образ колена свивам, соснеми уста, но сос мисли живи мое срце пред теб откривам. Ангел смртоносец в ношти безгласни лиши нас в една полгодина от три добродетелни души прехрани, твоја ли волја и...
22537
wikitext
text/x-wiki
Молитва
Ја, мајко божија, днес сос молитви
пред твој образ колена свивам,
соснеми уста, но сос мисли живи
мое срце пред теб откривам.
Ангел смртоносец в ношти безгласни
лиши нас в една полгодина
от три добродетелни души прехрани,
твоја ли волја ил сâдбина?
Сечит заштитници сâдба смртоносна.
Зашто? За народни ли грешки?...
Дај нам помош с дни чрни, с дни тежки,
таква сâдбина нам несносна.
Вижд, мајко божија, мое страдање,
живот и помин, мое трпење...
Чиста, пречиста, прости ми роптање,
обколи душа ми с мирно трпење.
Заступницо тепла, чеј ми молитва,
молитва горештина, сâлзлива:
земи три жертви во свети прегршки,
прости им неволни погрешки.
5vvzwlq4cp707fseun2c0g89ehsl5z1
Абер дојде од овчаро
0
10267
22539
2026-09-16T11:36:45Z
Natasa Stardelova
3192
Создадена страница со: Абер дојде од овчаро Абер дојде од овчаро, Маро мори, Маро, овците се објагниле, Маро мори, Маро, двечки бели, две шарени, Маро мори, Маро, Маро мори, Маро. Абер дојде од козаро, Маро мори, Маро, козите се окозиле, Маро мори, Маро, едно бело, друго црно, Ма...
22539
wikitext
text/x-wiki
Абер дојде од овчаро
Абер дојде од овчаро, Маро мори, Маро,
овците се објагниле, Маро мори, Маро,
двечки бели, две шарени, Маро мори, Маро,
Маро мори, Маро.
Абер дојде од козаро, Маро мори, Маро,
козите се окозиле, Маро мори, Маро,
едно бело, друго црно, Маро мори, Маро,
Маро мори, Маро.
Абер дојде од говедаро, Маро мори, Маро,
кравата се отелила, Маро мори, Маро,
две теленца, близначета, Маро мори, Маро,
Маро мори, Маро.
rzwdugv1jzhdgdlkocbt5yfukusfdhe
22540
22539
2026-09-16T11:40:06Z
Natasa Stardelova
3192
22540
wikitext
text/x-wiki
Абер дојде од овчаро
Абер дојде од овчаро, Маро мори, Маро,
овците се објагниле, Маро мори, Маро,
двечки бели, две шарени, Маро мори, Маро,
Маро мори, Маро.
Абер дојде од козаро, Маро мори, Маро,
козите се окозиле, Маро мори, Маро,
едно бело, друго црно, Маро мори, Маро,
Маро мори, Маро.
Абер дојде од говедаро, Маро мори, Маро,
кравата се отелила, Маро мори, Маро,
две теленца, близначета, Маро мори, Маро,
Маро мори, Маро.
{{ЈС-непознат}}
==Поврзано==
* [[Македонски народни песни]]
== Надворешна врска ==
[https://pesna.org/song/821]
[[Категорија:Македонски народни песни]]
gj9sla3ca088a9aehth7ey319p6k8gi
Ти се армаса
0
10268
22542
2026-09-16T11:46:53Z
Natasa Stardelova
3192
Создадена страница со: Ти се армаса Ти се армаса, јас се разболив, ти се армаса, јас се разболив, лежав што лежав, до три години, виду, не виду, пак сам си станав. Пак сам си станав, коња си вјанав, пак сам си станав, коња си вјанав, коња си вјанав, дојду в' Котори дојду в' Котори,...
22542
wikitext
text/x-wiki
Ти се армаса
Ти се армаса, јас се разболив,
ти се армаса, јас се разболив,
лежав што лежав, до три години,
виду, не виду, пак сам си станав.
Пак сам си станав, коња си вјанав,
пак сам си станав, коња си вјанав,
коња си вјанав, дојду в' Котори
дојду в' Котори, Долно Котори.
Таму те најду, фурна да гориш,
таму те најду, фурна да гориш,
фурна да гориш, та леб да печиш,
фурна да гориш, та леб да печиш.
Ти ка ме виде, просту се најде,
ти ка ме виде, просту се најде,
коња ми фати, рака ми баци,
коња ми фати, рака ми баци.
Рака ми баци, солзи зарона,
рака ми баци, солзи зарона,
с'лзи зарона за наш'та љубов,
нашата љубов - жална разделба,
с'лзи зарона за наш'та љубов,
нашата љубов - жална разделба.
Забелешки:
Долно Котори е село во Егејска Македонија
5ua29ddqspuvs1eybf2a3kmi48vz54y
22543
22542
2026-09-16T11:48:20Z

== Надворешни врски ==
[https://pesna.org/song/1059]
[[Категорија:Македонски народни песни]]
dlkxtl553t8hsib7i5l43kgad2icv20
Чорбаџи Теодос
0
10269
22545
2026-09-16T11:54:53Z
Natasa Stardelova
3192
Создадена страница со: Васил Иљоски – „ Чорбаџи Теодос “ Драма во три чина ЛИЦА: ТЕОДОС, богат трговец и лихвар КЕВА, негова жена ТОМЧЕ, син на Теодос СПИРО, слуга на Теодос НАЦА, слугинка, жена на Спиро СТОЈАНКА, сиромашна девојка ЕФКА, нејзина тетка АРСО, бакал ПОЦКО, хри...
22545
wikitext
text/x-wiki
Васил Иљоски – „ Чорбаџи Теодос “
Драма во три чина
ЛИЦА:
ТЕОДОС, богат трговец и лихвар
КЕВА, негова жена
ТОМЧЕ, син на Теодос
СПИРО, слуга на Теодос
НАЦА, слугинка, жена на Спиро
СТОЈАНКА, сиромашна девојка
ЕФКА, нејзина тетка
АРСО, бакал
ПОЦКО, христијански Циганин
ПЕТРИЈА, негова жена
АМПО |
ЃОРГО |
РИСТЕ |
КОЛЕ нивни синови
ЦОНКА, нивна баба
СЕЛАНЕЦ
ПАНКО, коџабашија
СВИРАЧИ
Дејството се случува во Скопје, во турско време, еден есенски ден пред пладне.
ПРВ ЧИН
Претсобје на вториот кат на куќата на Теодос. Покуќнината полустаровремска. Се е во строг ред и
чистота. Во дното двокрилна врата и два прозорци, низ кои се гледа дворот сиот во зеленило.
Лево врата за соба, десно два прозорци, кои гледаат на улица. На левиот ѕид голем ѕиден сат во
ореовина, на десниот огледало во широка рамка и неколку фотографии од серијата Геновева.
Рано изутрина пред да изгрее сонцето.
ПРВА ПОЈАВА
КЕВА
КЕВА: (Предвреме острена и свената од тешки напори се да му угоди на својот маж со маченичка
ревност која оди, до ропска покорност, сметајќи дека тоа е нејзина должност и нејзина судба.
Облечена е сета во сив тон. Влегува веднаш по дигањето на завесата, бришејќи го грижливо со четка
фесот на чорбаџи Теодос, оди полека на прсти, збарува тихо плашејќи се од својот сопствен глас.)
Само да не го разбудам предвреме. Чувај боже, и брани! (Застанува пред ѕидниот саат и, го гледа
уплашено.) Леле, застанал! Тешко мене! А, бог те убил ѓаволска направо, а, парче и бурмиче не
останало од тебе, вртешко лажлива! Што ќе правам сега? Да го разбудам, белќим е уште рано. А ако
е доцна? Леле, не дај боже, кој би му излегол пред очи! Поарно да го разбудам. (Доаѓа до вратата и
внимателно ослушнува.) Грчи ли, грчи! (Ја спружува раката, но се тргнува преплашена назад.) Не!
Ако е рано? Што да чинам, боже! (Доаѓа до другата врата и тивко вика.) Нацо, Нацо!
НАЦА: (Однадвор.) Слушам, чорбаџике!
КЕВА: (Преплашена.) Не викај толку, црна Нацо, не знаеш дека спие?
ВТОРА ПОЈАВА
НАЦА И КЕВА
НАЦА: (Помлада и покрупна од својата чорбаџика, облечена во нејзин износен фустан, кој на неа,
оптегнат, пука, со ракавите засукани над лактите, со завиткани плетенки преку тулбенот на главата.
Многу е брза и подвижна. Нејзе уште од мала и е всадено чувство на стравопочит спрема
чорбаџијата, повеќе на страв, отколку на почит, и тоа чувство и преминало некако во навика, така
што нејзиниот страв не е силен но затоа е постојан. Влегува на прсти со метла в рака.) Што има,
чорбаџике?
КЕВА: Си заборавила, треба да го разбудиме.
НАЦА: Е време?
КЕВА: Е, да знам дали е време, не би те викала тебе.
НАЦА: (Гледа во саатот) Што му би, господ да го убие!
КЕВА: Остави го, го убил веќе. Туку ајде разбуди го…
НАЦА: Јас? А, не! Господ да чува! {Прави гест како да се брани со метлата.) Знаеш, чорбаџике,
тогаш како ни заповеда: „Тури на ум, глупава Анастасијо, ако ме разбудиш уште еднаш порано или
подоцна отколку што сум рекол, бегај од мојава куќа и повеќе да не се вратиш!“ Не смеам, срцево ми
се тресе како глувче во фак. Туку да го викнам Спиро, знаеш, машко срце…
КЕВА: Викни го.
НАЦА: (Од вратата.) Спиро, Спиро, Спиро!
СПИРО: (Однадвор.) Што си се раскрекала како кокошка од темни зори, мори!
НАЦА: Не викај, не викај, попови ти викале над глава! Не знаеш дека чорбаџијата спие? Бргу,
чорбаџиката те вика. Иј, полека, полека!
ТРЕТА ПОЈАВА
КЕВА, НАЦА И СПИРО
СПИРО: (Во доста износени алишта и чевли на својот чорбаџија, од кого е поситен, поради што се
му стои некако ненаместо и смешно, влегува полека, дури настојува на прсти да гази, но нозете,
отежнати од умор, сами тешко му се спуштаат на старите даски од подот, кои се повиваат и
предавнички закрцкуваат: и за него чорбаџи Теодос, не помалку отколку за другите домашни, е
страшен, но нему тој исто толку му е и смешен. Затоа, скриено, со лукаво притворство и в очи му се
смее, а зад грб нескриено го исмева и го карикира, наоѓајќи во тоа особено задоволство, некаква
одмазда за се што трпи од него.) Е, жено, ем бргу, ем полека!
НАЦА: Пополека стапнувај, немој како амал со двесте оки товар на грб.
СПИРО: Што заповедуваш, чорбаџике?
КЕВА: Не знаеш, Спиро, дека треба да го разбудиме чорбаџијата за на лозје?
СПИРО: Како не знам, чорбаџике? Кога чорбацијата нешто ќе заповеда, тоа го знае се живо во
куќава.
КЕВА: Е, кога знаеш, влези разбуди го.
СПИРО: Ама јас баш да го разбудам? Е време? Да видиме првин што вели саатов: (Гледа во саатот.)
НАЦА: Поарно да си погледаш во ноктот, отколку во сатот.
СПИРО: Море бре, застанал! Што му би? Беше курдисан. Тје, така и човек понекогаш, сит, наранет,
ама ќе зине и не мрднува повеќе. Баш така како овој саат. Саатот е како човек… Ќе работи, работи,
ќе се изаби и…
НАЦА: Доста го тажи како мртовец.
СПИРО: Што велиш, токму мртовец…
КЕВА: Доста, Спиро, жити бога! Саатот стои, ама времето си оди. Што да правиме?…
СПИРО: Што, де?
НАЦА: Да прашаме кај комшиите.
СПИРО: А! Саглам саатови имаат. И, како многу не сакаат… Да одам кај Сотир, што му го зедовме
дуќанот, или кај Трајан, или кај Тодор, или…
КЕВА: Остави, остави…
СПИРО: Секој ќе те излаже: некој ќе ти каже половина саат напред, некој саат и пол назад…
КЕВА: Ќе го разбудиме на среќа.
СПИРО: На среќа, чорбаџике, туку тоа ти е готова несреќа: ако биде порано, — лошо, ако биде
подоцна — уште полошо…
НАЦА: У, староаро, додека ти нагаѓаш, јас би го разбудила сто пати!
СПИРО: Вистина! Разбуди го само еднаш, па доста ќе биде!
НАЦА: Иј, шпото шпотосана! Ами, ти си машко. Ајде, не биди страшлив, разбуди го. Јас имам
триста работи. (Излегува.)
ЧЕТВРТА ПОЈАВА
КЕВА И СПИРО
СПИРО: Што рече, страшлив? Не сум јас страшлив, чорбаџике, ама нејќам ни да се правам овде
некој Марко Крале. Нејќам јас да чепкам мечка со сламка. А и јас работата си ја оставив несвршена.
(Излегува.)
ПЕТТА ПОЈАВА
КЕВА
КЕВА: Ете така, ме оставија на цедило! Господе боже, што да правам?
ШЕСТА ПОЈАВА
КЕВА И ЕФКА
ЕФКА: (Ведра, слободна, шумна, зборува така гласпо, што Кева се наоѓа во неприлика, срамувајки се
што е принудена да ја стивнува, а Ефка и сама ја сфаќа положбата и го спушта тонот, туку на
моменти се заборава. Вика однадвор.) Кево, Кево! (Влегува.) Добро утро, Кево.
КЕВА: Дал ти бог добро, Ефке. Повели седни.
ЕФКА: Не сум за седење сестро, а и не е време. Туку мака ме натера да дојдам, сестро мила. Синоќа
дојдоа стројници за Стојанка од кај Мицковци, за Иле.
КЕВА: Стројници! Леле, кога ќе чуе Томче!
ЕФКА: За тоа ти велам, сестро, ми е жал и за Стојанка, и за Томчега. Што мака видов да ја расипам
работата! Ама не сосем, само за еден ден уште. Зет ми многу го бендиса Иле, и да не бев јас, веднаш
ќе дадеше збор. И уште денес ако не направиме ништо… тешко и на син ти и на внука ми. Ќе се
зацрнат за цел век. Тој со друга, таа со друг. (Воздивнува.) Оф, сестро слатка, ти знаеш каква мака е
тоа…
КЕВА: (Низ воздишка.) Знам…
ЕФКА: Другачки сме, сестро. се знаеме уште од малечки, можеме да си ги искажеме баре маките…
Не омажија за невидени и нечуени… А тие што си ги сакавме, ги оженија за други… Ете, толку
години поминале, а меракот трае и тлее како запретан жар во срцето… И само пече и боли.
КЕВА: Боли…
ЕФКА: А тој, мажот го знае тоа, а и сам си ја има на срце друга што не му ја дале, па затоа, ти си му
крива, затоа удри на тебе, викај на сиротата жена!
КЕВА: А ти трај, трпи, свети му, свивај се и топи се како свеќа пред него… Туку, што ќе правиш,
домаќин ти е… И тоа ти го нарекле наречниците.
ЕФКА: Друго е кога е со сакање. Нека е и најлошо, сама си го сакала… Уф, сестро Кево, се
зазборувавме, а не е време. Оваа работа треба денес да ја свршиме.
КЕВА: Да ја свршиме, ама како?
ЕФКА: Вие ќе одите на лозје?
КЕВА: Ќе одиме.
ЕФКА: Токму згодно. И јас ќе одам со Стојанка. Да гледаме да го ставиме чорбаџи Теодос со неа, да
ја види, да позборува, па може да ја бендиса и да му омили.
КЕВА: Право да ти кажам Ефке, не верувам. Тој има една мисла за неа…
ЕФКА: Јас верувам, Кево, знам колку пари имам в ќесе. Девојката е умна, мила. Еден збор да ти рече,
за срце ти се лепи. После, и јас ќе зборувам со него. Јас знам што ќе му речам и за кал под ноктите и
за се… (Станува и тргнува.) Така, сестро Кево, како што ти реков.
КЕВА: Арно, Ефке.
ЕФКА: Слатка сестро Кево, ако ја направиме таа работа, манастир ќе направиме! (Си оди.)
Манастир!
СЕДМА ПОЈАВА
КЕВА
КЕВА: (Ја испраќа.) Манастир, сестро, манастир! (Се враќа.) Завали Томче, како да му се претскажа
нешто. Цела ноќ не спал. Од темни зори излегол… Јас сирота, ми ископни, ми се истопи детето! Ни
јаде, ни спие. Чувај, боже, ќе фати и да пие! (Се тргнува.) Ама кое време ли е, боже?
ОСМА ПОЈАВА
КЕВА И СПИРО
СПИРО: (Веќе влегол.) Ама не можеш да му фатиш кое време е, ич, без саат, и толку! Саат па саат! И
ѓаволот сам да го направил, пак е благословена направа.
КЕВА: Проклета, како благословена! Еве што ни направи тој саат.
СПИРО: Е, ама пак тој ќе не куртули. Еве го.
ДЕВЕТТА ПОЈАВА
КЕВА, НАЦА И СПИРО
НАЦА: (Влегувајќи.) Кој?
СПИРО:Саатот. Еве го иде.
НАЦА: Јас сирота, овој се мрдна од умот! Кој видел саат да оди?
СПИРО: Јас го гледам. Еве кај оди, и тоа на две нозе. А ти, жено, ако имаш очи и ум, ела да видиш.
КЕВА: (Погледнува низ прозорецот.) Томче.
НАЦА: (Исто така гледа низ другиот прозорец.) Чорбаџи Томче. Тоа ли е саат на две нозе?
СПИРО: Не ти текнува: чорбаџи Томче има саат.
КЕВА: Право имаш, Спиро.
СПИРО: Сега ќе видиме кое време е.
КЕВА: Е, колку полека оди! (Излегува.)
ДЕСЕТТА ПОЈАВА
НАЦА И СПИРО
НАЦА: Како ѓемии да му пропаднале.
СПИРО: Како ѓемии по суво да влече, така оди.
НАЦА: Таа девојка умот му го однесе.
СПИРО: (Со тонот на чорбаџи Теодос.) Лесно се носи лесен ум.
НАЦА: Не е лесен ум, туку голем мерак. Е, ќе те прашав што ќе правеше ти, да нејќеше чорбаџијата
да ме даде за тебе.
СПИРО: А, колај работа за тоа. Ќе земев некоја друга.
НАЦА: (Благо потсмевливо.) Така. Која не ќе појдеше за убавината твоја и за богатството. (Сериозно
и со сочувство.) А таа, сиромашката, ако ја остави, откако ја изнесе на глас… Ќе си остане за век
неомажена…
СПИРО: Море, јас нему ќе му дадам еден ум како да си ја земе.
ЕДИНАЕСЕТТА ПОЈАВА
НАЦА, СПИРО И КЕВА
КЕВА: (Влегува и гледа низ прозорецот.) Уште не стасал куќата му онемилела. Дома не му се
влегува.
СПИРО: Е, да е во куќата Стојанка. од куќа не ќе излегува, со стапови да го бркаш.
НАЦА: Е, да е Стојанка во куќава, и за нас би било арно. Уште две раце за работа.
СПИРО: (Пак со тон на чорбаџи Теодос.) А, ни се требни такви раце со кал под нокти!
КЕВА: Еве го, Томче сине, побргу!
ДВАНАЕСЕТТА ПОЈАВА
НАЦА, СПИРО, КЕВА И ТОМЧЕ
ТОМЧЕ: (Убав младич, со танки мустачиња и густа кадрава коса, убаво, но негрижливо облечен,
блед, потиштен, огорчен, и инаетлив, чекорејќи полека, влегува.) Што, мајко?
КЕВА: Дај го саатот, Томче.
ТОМЧЕ: (Бара каде што му стои саатот) Го нема.
КЕВА: Леле.
НАЦА: Ете ти сега.
СПИРО: Си го загубил?
ТОМЧЕ: Не.
СПИРО: Си го заборавил?
ТОМЧЕ: Не.
СПИРО: Та, не си го, безбели, да простиш, чорбаџи Томче, не си го голтнал наместо локум.
ТОМЧЕ: Го заборавив елекот.
НАЦА: Одам да го донесам. (Излегува.)
СПИРО: Тоа ти е сеедно: да не си го заборавил елекот, би го зел и саатот, а да си се сетил да го
земеш саатот, би го зел и елекот. Тоа ти оди едното со другото како умот со главата. Кога ќе
заборавиш каде ти е главата, ќе го загубиш и умот.
НАЦА: (Влегува со елекот.) Еве ти го елекот, чорбаџи Томче.
ТОМЧЕ: (Го вади од џебот саатот и го клава на уво.) Не работи. Не сум го… (Го навива.)
НАЦА: Пак ништо.
КЕВА: И овој…
СПИРО: Ова ти е: удрила чума во сатовите! Саатот на чорбаџијата на поправка, оној застанал, овој
не работи…
КЕВА: Што ќе правиме? Знаеш, Томче сине, дека татко ти заповеда да го разбудиме за на лозје. А
еве не знаеме кое време е.
ТОМЧЕ: Нејќам да знам за тоа! Јас знам само едно: уште еднаш ќе го прашам. Ако рече пак не, ќе се
отепам!
КЕВА: Леле, леле, сине!
ТОМЧЕ: И него ќе го отепам! Сега ќе го отепам! (Појдува кон вратата.)
КЕВА: Леле, држи го, Спиро!
СПИРО: Пушти го, чорбаџике, токму да го разбуди чорбаџијата!
ТОМЧЕ: (Се враќа.) Да го разбудам? А, тоа нејќам!
СПИРО: Бош работа, и нему му е страв!
ТОМЧЕ: За инает нејќам! Нека задоцни, па жив да се изеде! Толку се фали дека се на време стасува,
па сега нека задоцни! (Седнува на миндерот и инаетливо запалува цигара.) Сите да му се смеат!
СПИРО: Ама некој ќе плаче за тоа. Туку јас да смислам нешто. (Кратко молчење.) А! Ми текна! Ќе
одам кај брат Арсо, ако не кинисал на лозје арно ќе биде, ќе му речам да почека. (Излегува.)
НАЦА: Ајде да видиме и тоа… (Излегува.)
ТРИНАЕСЕТТА ПОЈАВА
КЕВА И ТОМЧЕ
ТОМЧЕ: (Пали цигара по цигара.) Е, многу ми е ќев што ќе задоцни!
КЕВА: А јас сине, — што ќе вика на мене? Не ти е жал за мајка, Томче? Наместо да ми помогнеш…
ТОМЧЕ: Да ти помогнам! А ти мене што не ми помогнеш?
КЕВА: Кога не можам. Ја нејќе тој неа и — свршено.
ТОМЧЕ: Ја нејќе! А зошто? Каква мана и најде? Кал под нокти! Чудно ми чудо и да е кал, а пак тоа
била боја, вапцувала девојката предено за чорапи.
КЕВА: Знам, џанам, ама оди ти кажи му и докажи му нему!
ТОМЧЕ: Будалалаци, ситници, трици!
КЕВА: Е, синко, за такви ситници тој чуда прави! Две свршеници оставил. Првата му донесла в кафе
мува, паднала во филџанот, а не видела. А тој: „Не ми го испила чавка мозокот, да земам таква, па да
ме рани со муви.“ И ја оставил. На другата свршеница и видел жолто во увото. „Кога таа така ги
чисти своите уши, така ќе ја чисти и мојата куќа“ — рекол и ја оставил и неа. Мене тогаш не ми најде
ни една мана, ама затоа сега ми наоѓа по сто секој ден. Таков е тој, за него се да е чисто, се на свое
место и се на време. За Стојанка вели: „Таа да ми подаде слатко со тие нејзини нокти, јас да јадам!“
ТОМЧЕ: А мене ми се слатки и нејзкните нокти!
КЕВА: Леле, Томче! Ти не знаеш што зборуваш! И на мајка тоа да го речеш! Ти си нагазил, сине, на
маѓија!
ТОМЧЕ: Од љубовта нема поголема маѓија и мака… Оф, мајко, зошто ме роди да тргам вакви маки!
КЕВА: Ќе поминат тие маки, сине, ќе поминат.
ТОМЧЕ: Без неа — не!
КЕВА: Па и без неа. Не е само таа девојка…
ТОМЧЕ: А, не тоа што мислиш, и што сака тој, не! Јас сум почесен од него: тој менувал свршеници,
јас не менувам ни љубовници. Не сум јас како него.
КЕВА: Со тврдата глава, асли како него си, неговата глава ја имаш.
ТОМЧЕ: Си ја сакам, и ќе си ја земам!
ЧЕТИРИНАЕСЕТТА ПОЈАВА
КЕВА, ТОМЧЕ И НАЦА
НАЦА: (Влегува.) Се сум исчистила, ни мравка трошичка не може да најде.
КЕВА: Ама што мравка не може да најде, тој ќе најде, црна Нацо! Што го нема уште Спиро?
НАЦА: Се свратил, безбели, в меана, да тргне една-две чашки.
КЕВА: Сега да пие, кога ни виси токмак над главата.
НАЦА: Токму затоа. Од саклет, чорбаџике, од мака, од страв… Еве го.
ПЕТНАЕСЕТТА ПОЈАВА
КЕВА, ТОМЧЕ, НАЦА И СПИРО
СПИРО: (Влегува.) Сме задоцниле!
КЕВА: Леле! Што ќе правиме сега? Кажи Спиро!
СПИРО: Не е најлошото, за среќа, го сретнав брат Арсо баш кога киниса на лозје. Рече да го
разбудиме чорбаџијата, а тој ќе го причека на патот.
КЕВА: Арно што ќе го чека.
НАЦА: Ама не чини што треба ние да го разбудиме.
СПИРО: Не ние, туку да ги викниме комшиите! Најпосле, јас… (Оди кои вратата.) Ајде, мечка страв,
мене не страв! (Ја фаќа вратата и веднаш ја тргнува раката како ожежена.) А-а! Не бива….
НАЦА: Леле, не ти е срам да се засрамиш!
КЕВА: Ама, Спиро…
СПИРО: Не, чорбаџике, натерај ме да влезам во мечкина дупка, полесно ќе ми е.. Туку друг ум ми
дојде, чорбаџике (Клекнува до ѕидот.)
КЕВА: Е?
СПИРО: Мислам најарно… (Пауза.) И ние да чекаме.
КЕВА: Што?
СПИРО: Сам да се разбуди, чорбаџике.
КЕВА: Ако се успие многу?
СПИРО: Па каде е доцна, нека биде и подоцна.
НАЦА: Е, што си умен: каде е лошо, нека биде и полошо?
СПИРО: Кога си поумна, разбуди го!
КЕВА: Овде треба јунаштина, Спиро.
СПИРО: Знам, чорбаџике. Мусака мас сака. Каде да најдеме јунаштина, кога ја нема. Јунаштина на
заем не се зема, а ни со пари се купува.
НАЦА: (Слуша.) Псст, ми се чини креветот крцна!
КЕВА: Крцна?
НАЦА: Се протегнува!
КЕВА: Се протегнува?
НАЦА: Се прозева!
КЕВА: Се прозева?
НАЦА: Се разбудил!
КЕВА: Се разбудил?
СПИРО: Е, јас сега овде немам повеќе работа! (Излегува на прсти.)
НАЦА: И јас. (Излегува по него.)
ТОМЧЕ: А јас ќе дојдам попосле, додека… (Излегува.)
ШЕСНАЕСЕТТА ПОЈАВА
КЕВА
КЕВА: А јас? На мене се да падне? Пак ме оставија на цедило! О, боже, што да чинам, поарно и јас
малку да се иставам дури да се расони, оти што се вели: сонит — манит, полош и од пијан
(Излегува.)
СЕДУМНАЕСЕТТА ПОЈАВА
ТЕОДОС
ТЕОДОС: (Влегува во ноќна, долга кошула, со мазно од вечерта избричено, а мрачно лице, на кое
никогаш, ни за миг не светнува осмевка и ведрина, со густи, накуштравани веѓи кои го оцртуваат
намуртеното чело и го засенуваат, правејќи го уште постуден студениот поглед; со остар, отсечен
говор, кој скоро никогаш не е разговор со луѓето, ни со најблиските, туку карање, викање на нив, на
најблиските најмногу, со потценување дури и презирање преку волја, како и да не заслужуваат со
нив да се разговара. Веќе разлутен што не го разбудиле, видувајќи дека нема никој, како што редовно
бива при станувањето, да го пречека и да го служи, избувнува.) Што е ова! Никој жив нема! Тоа ли е
ред! Сите се успале! А јас… (Погледнува на саатот.) Не работи. Тоа ли е ред! Ако сум задоцнил?…
Оној шерет Арсен може пак да ми измрда со лозјето. (Вика.) Параскево, Параскево! Параскево,
парчиња да се сториш! Параскево!
ОСУМНАЕСЕТТА ПОЈАВА
ТЕОДОС И КЕВА
КЕВА: (Однадвор.) Слушам, Теодосе! Еве идам веднаш! (Влегува.)
ТЕОДОС: Што е тоа денес?
КЕВА: Па… па…
ТЕОДОС: Паднала, па не станала! Зошто не ме разбудивте?
КЕВА: Па… па… ова.., (Погледнува на саатот.) Саатот запрел, па…
ТЕОДОС: Зошто да запре? Тоа ли е ред? Ако сум задоцнил? Ако оној Арсен…
КЕВА: Тој.. ки… кинисал…
ТЕОДОС: Кинисал! Уф, сум задоцнил! Уф, бегај ми од пред очи ти, кукумјавко, зашто ќе те здробам
како сува пиперка!
КЕВА: (Тргнува.) Леле, леле, леле!
ТЕОДОС: Чекај, стој, лелекало! Кажи од каде знаеш дека Арсен кинисал?
КЕВА: Беше Спиро кај него.
ТЕОДОС: Каде е тој! Дај ми го ваму! Спиридоне, Спиридоне!
ДЕВЕТНАЕСЕТТА ПОЈАВА
ТЕОДОС, КЕВА И СПИРО
СПИРО: (Однадвор.) Еве сум, чорбаџи! (Влегува.) Што заповедуваш, чорбаџи…
ТЕОДОС: Какви ти се тие мустаќи бре мурдар!
СПИРО: Па. па…
ТЕОДОС: Пареа ти ги попарила! Зошто ти се излепени и извалкани, како биволешка опашка? Тоа ли
е чистота, бре пис милет, а?
СПИРО: Па пив малку матеница, чорбаџи…
ТЕОДОС: Матеница! Мижи да те лажам! Пак си локал ракија. Тфу, смрдиш како бочва! Потаму од
мене, ќе ме задушиш. Уште еднаш само ако ти ги видам такви мустаќите, ќе ти ги истрижам со
ножици, штрак, штрак!
СПИРО: Аман, чорбаџи, само тоа не, каде се видело тоа чудо, ѓавол без рогови, човек без мустаќи!
Поарно пресечи ми ја главата отколку мустаќите!
ТЕОДОС: А човек ли е кој пие смрдлива ракија и не гледа на чистота и личота човечка? Вечер да
одиш на амам, да се истриеш.
СПИРО: Ќе одам на амам, чорбаџи… А ти… ќе одиш на лозје?…
ТЕОДОС: Молк, бре дибек! Уште смееш да ме прашаш! Како да одам кога сум задоцнил со вас
шашардисани и сплеткани! Да ми се смеат… И тој… мајтапчија.. Оди кажи му дека ме заболе
главата и…
СПИРО: Јас веќе му кажав дека…
ТЕОДОС: Дека сум се успал! Аааа!
СПИРО: (Брза да поправи.) Тој — ништо, луѓе сме, ќе го чекам кај врбјакот.
ТЕОДОС: Ќе ме чека… Па што не ми кажеш веднаш, казан ти на глава! Уште да ме чека! Тоа ли е
ред! Ама што сте се здибечиле овде! Бргу да се облечам, бргу! (Вика.) Анастасијо! Бргу најди ја
Анастасија!
СПИРО: Веднаш, чорбаџи! Нацо! Нацо мори… Не и се слуша, лисица! (Излегува.)
ДВАЕСЕТТА ПОЈАВА
ТЕОДОС И КЕВА
ТЕОДОС: Се ќутуци, околу мене, глуви, глупави! Да ме остават да се успијам. да задоцнам! И ти,
Параскево, ти баре да бидеш посвесна и поакикатна…. ама ништо и од тебе… јазак!
КЕВА: Па… јас…
ТЕОДОС: Нејќе овде па, па, туку треба ум и очи отворени!
ДВАЕСЕТ И ПРВА ПОЈАВА
ТЕОДОС КЕВА И НАЦА
НАЦА: (Влегува.) Проштевај, чорбаџи, саатот е крив…
ТЕОДОС: Ќе ве искривам јас сите, туку сега немам време! Бргу да ми ги исчистиш чевлите!
НАЦА: Сум ги исчистила, чорбаџи, еве ги.
ТЕОДОС: Дај да видам. Си ги исчистила, красно си ги исчистила! Како мачка со опашка да мавнала
преку нив! Види види, овие запци, полни со кал, види!
НАЦА: Па, чорбаџи, само два-три.
ТЕОДОС: Два-три! Море би нашол јас и дваесет-триесет, туку немам време. Ајде исчиси ги уште
еднаш! НАЦА! (Ги зема чевлите.) Арно, чорбаџи!
ТЕОДОС: Запците арно да ги истребиш со тресчиче!
НАЦА: Разбрав, чорбаџи!
ТЕОДОС: Арно да ги истриеш со кадифе, да светнат како зифт!
НАЦА: Арно (поаѓа.)
ДВАЕСЕТ И ВТОРА ПОЈАВА
ТЕОДОС И КЕВА
ТЕОДОС: (Вика по Наца.) И побргу, поитај!
НАЦА: (Однадвор.) Арно, чорбаџи!
ТЕОДОС: А ти. Параскево, приготви да се облечам, да се измијам
КЕВА: (Стои, 6и сакала нешто да му рече.)
ТЕОДОС: (Ја пресечува.) Ајде, што стоиш, што си се стуткала, стутканице! Побрзај!
КЕВА: Еве… Веднаш… (Излегува со насолзени очи.)
ДВАЕСЕТ И ТРЕТА ПОЈАВА
ТЕОДОС И ТОМЧЕ
ТОМЧЕ: (Влегува, губејќи ја се повеќе храброста што беше ја прибрал.) Татко…
ТЕОДОС: (Тргнал по Кева, се загледува во подот, се наведнува и дигнува мала сламка од метла.) Ете
како чистат! Со метлата прават ѓубре, наместо да метат! (Од сламката од лутина, не може, и не сака
да го види Томче, кој веќе стои близу до него уплашено и молбено свиткан и одвај се осмелува пак
да го ослови.)
ТОМЧЕ: Татко…
ТЕОДОС: (Кратко и суво.) Што!
ТОМЧЕ: Сакам да зборувам со тебе…
ТЕОДОС: Пак за тоа?
ТОМЧЕ: За тоа…
ТЕОДОС: Нема повеќе зборување за тоа!
ТОМЧЕ: Уште сега, татко, последен пат!
ТЕОДОС: Сто пати си ми рекол последен пат.
ТОМЧЕ: Ти се молам, татко, кандисај да ја земам… Стојанка… живот немам без неа, толку што ја
сакам!
ТЕОДОС: Молкни бре, засрами се! Јас пред татко ми не можев ни да го помислам, а камо ли да го
речам: ја сакам, ова, она…
ТОМЧЕ: Зошто да се срамам? Не лажам, не крадам, што имам во срцето, кажувам…
ТЕОДОС: Во срцето! Будалалаци! Треба да имаш повеќе овде, синко мајчин, овде! (Се чукнува по
челото.) Доста! Имам јас поумна работа! (Поаѓа.)
ТОМЧЕ: Татко, јас ќе… ја земам!
ТЕОДОС: Не! Дури сум јас жив! Неа да ја земеш! Таква јас нејќам ни на сокак да ја сретнам, таа
ѓупка! (Излегува.)
ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТА ПОЈАВА
ТОМЧЕ
ТОМЧЕ: (Скоро солзи во очите.) Ѓупка! Мојата Стојанка, мојата прекрасна, убава Стојанка, ѓупка!
Тоа да го рече! Тој очи нема, кога може тоа да го рече! Ѓупка!
ДВАЕСЕТ И ПЕТТА ПОЈАВА
ТОМЧЕ И СПИРО
СПИРО: (Веќе влегол.) Па, што е малку црна и за тоа црно под ноктите.
ТОМЧЕ: И ти ли тоа! Уште еден лош збор ако речеш за неа, ќе те отепам на место!
СПИРО: Е, чорбаџи Томче, подека, не е право: не можеш на коњот, туку удри на самарот… Јас
девојката не ја кудам, само реков што чув од чорбаџијата
ТОМЧЕ: И него ќе го отепам, ако рече уште еднаш… А, чекај инаку јас ќе свртам со него. Уште
еднаш ќе зборувам, ама не како досега.
СПИРО: Јас да ми ти кажам, чорбаџи Томче, тоа не ти го бива, а златен. Не можеш, не си кадар, од
сенката му се плашиш. Само што ќе застанеш пред него, колената ти се тресат, рацете ќе ти се земат.
Грлото ќе ти се стегне. Прашај ме мене за тоа, зашто паталец, гаталец. Туку има еден лек.
ТОМЧЕ: Каков лек?
СПИРО: Ако сакаш инаку да зборуваш со него, треба да се опијаниш, златен.
ТОМЧЕ: Да се опијанам!
СПИРО: Убаво да се опијаниш. Крила ќе добиеш, сила колку сакаш.
ТОМЧЕ: Сила од пиење?
СПИРО: Не веруваш? Ако си Тома, не биди неверен Тома. Кој беше најголем јунак на светот и
векот? Марко Крале. А зошто беше Марко Крале најголем јунак? Пак јас ќе ти кажам. Зашто пиеше
вино со леген од дванаесет оки. Пиј па биј, пиј па биј. Ете така правеше Марко Крале. Биење без
пиење не бива, ништо не бива без пиење.
ТОМЧЕ: Море, Спиро ти ми прикажуваш за Маркови кули а јас си мислам за мојата Стојанка…
СПИРО: Има и за кого да мислиш, чорбаџи Томче, девојката ти е лична убава, како оваа што ја
имаме на кадро: Ге… Ге…
ТОМЧЕ: Геновева.
СПИРО: А, Генавева,..
ТОМЧЕ: Ге-но-ве-ва! Кажи, Спиро, има ли во нашиов град поубава од мојата Стојанка?
СПИРО: А, нити имало, нити има, нити ќе има! Една е Стојанка, лична Скопјанка!
ТОМЧЕ: (За себе.) Време е за на лозје, да си ја видам Стојанка. А со него уште еднаш ќе зборувам. И
инаку. (Излегува.)
ДВАЕСЕТ И ШЕСТА ПОЈАВА
СПИРО
СПИРО: Така! — Направи им ќеф. Тече ли Вардар нагоре? — Тече. Лета ли магарето? — Лета. Сосе
товар? — Сосе товар. Пијан е од мерак. Ама ќеф ми е да го видам пијан и од пиење…
ДВАЕСЕТ И СЕДМА ПОЈАВА
СПИРО И НАЦА
НАЦА: (Влегува.) Зошто?
СПИРО: Зашто вака ништо не прави: ќе клекне пред татко му и ќе ја остави сиромашката Стојанка
лагана и излагана.
НАЦА: Вистина. За грев, сиромашката. А што девојката е убава, работна, умна.
СПИРО: Е, за умна… Да била умна, да не фрла мерак на богаташки син.
НАЦА: Е, ама срцето, пусто, не знае ни за богатство ни за сиромаштво.
СПИРО: Не знае, затоа после страда.
НАЦА: Шшт! Нешто вика! (Се слуша гласот па Теодос.)
СПИРО: Нека вика, само на мене да не вика.
НАЦА: На сиромашката чорбаџика. (Почнува да ги брише стаклата на прозорците.)
СПИРО: (Со тонот на Теодос.) Сапунот извалкан, налепени влакна на него! Водата — мраз! Сега пак
жешка! Ме попари! А, Параскево, парчиња да се сториш! (По мала пауза.) Ај да си прилегнам малце
да си ги одморам коските. (Легнува на миндер.)
НАЦА: Ако те види, ќе ти ги искрши коските. Кога ќе ти викне: „А, дембел ниеден, арам ми го јадеш
лебот“.
СПИРО: Така е, легач. Градината сама се вади; тешката бунарска кофа има крила, сама лета нагоре;
дрвата сами се цепат; ѓубрето само се исфрла на буниште… Уште рано изутрина, веќе капнат
уморен… А до вечер, уште колку работи… се на нозе… Само вака што ќе украдам — да се одморам
малце, да здивнам… Зашто не сум будала само да р’мбам… Сега ќе имам време и да преспијам:
првин трипати ќе се истрие со сапун, потоа со саати се облекува.
НАЦА: Да речеш, ние го облекуваме, а тој само: на рака, на нога, на шија! Ни владиката, сполај му,
така не го облекуваат.
СПИРО: Никому толку не му се прави чапрасдиван. Се надул како мисирок.
НАЦА: Таков е човекот, таков табиет, ќибарлија и самбендисан. Не го гледаш? Кога оди по
калдарма, како мачка од камен на камен стапнува. Ако сретне Ѓупци или сиромав, селанин, носот го
затнува, дишењето го запира…
СПИРО: Не би бил тој мајчин син, таков нагизден и надуен, да нема толку пари, зашто пара чисти и
пара се кара… Во неа е силата и чистотата.
НАЦА: Чистотата стои до човекот.
СПИРО: Бреј, што знаеш! Дај ми го ти него да го пратам јас да прави ќумур, јали ќерпич и ќерамиди,
па да ја видиме неговата чистота! Каква работа таква чистота.
НАЦА: (Слуша.) Пак вика. Ќе оди само до лозјето, а како да патува во Стамбол.
СПИРО: Ќе му го земе на сиромав Арсо лозјето. А толку ги има расеани, сегде по Водно.
НАЦА: Е, око човечко ненаситно.
СПИРО: Каков човек, такво око, такво срце. Мене срцето не би ми дало никому нешто да му
грабнам.
НАЦА: Затоа ништо и немаш. Туку, галиба, доста е бришењето, се истанчија џамовите како книги
цигарски.
СПИРО: Уф, Анастасијо, тоа ли е чистота? Така ли се чистат пенџериња? Погледај, отвори очи, види
колкава дамка си оставила на левиот џам!
НАЦА: Дамка?
СПИРО: А, Анастасијо, Анастасијо, нека ти е алал лебот што го јадеш во оваа куќа и ушге од
малечка името што го носиш: измеќарка на чорбаџи Теодос! Аферим, ашколсун! Цел век ве учам на
ред и чистота, туку буки и тикви учам!
НАЦА: Доста, бре, папагал! Доста тоа од него го слушаш. Кажи ми каде е таа дамка, не можам да ја
видам.
СПИРО: Ама не ја гледам ни јас, туку сакав да ти кажам како би ја видел тој и како би се лутел и
рикал..
НАЦА: Секој си прави измет на својот табиет. Стани, еве го иде.
СПИРО: (Станува, скоро скокнува и бргу ги навлекува чевлите, при што прво го обува левиот на
десната нога, па поправува.) Бре, бргу се стори азар денеска. Му се брза за лозјето…
ДВАЕСЕТ И ОСМА ПОЈАВА
СПИРО, НАЦА И ТЕОДОС
ТЕОДОС: (Во панталони, со палто в раце, уште однадвор.) Анастасијо, Анастасијо, браво,
Анастасијо, ашколсун! Нека ти е алал лебот што го јадеш во оваа куќа! Алал да ти е името што го
носиш, измеќарка на чорбаџи Теодос! Со години ве учам на ред и чистота — ништо! Како да учам
ќутуци! Вака ли се чистат алишта, глупава Анастасијо? Ова ли е чистота, а? Погледај само овде,
погледај (Покажува на палтото.)
НАЦА: Проштавај, чорбаџи, не сум видела, една мала дамка.
ТЕОДОС: Мала! Мала работа, голема срамота.
НАЦА: Од восок е…
ТЕОДОС: Да ја извадиш како знаеш. Со крпа, со фрча, со јутија.
НАЦА: Знам, чорбаџи. (Го зема палтото и излегува.)
ДВАЕСЕТ И ДЕВЕТТА ПОЈАВА
ТЕОДОС И СПИРО
ТЕОДОС: А ти мустаќите арно да ги исчистиш, Спиридоне. Уште ти се извалкани. Да ги исчистиш
со фрча, со метла, со гребло, како знаеш.
СПИРО: Знам, чорбаџи.
ТЕОДОС: (Пред огледало ги чисти мустаќите со четкиче.) Тји, бре мурдарлак! Ништо чисто не може
да види човек. И ова фрчиче: наместо со него да ги чистам мустаќиве, треба него да го чистам од
мустаќиве. (Му го фрла на Спиро.) Земи го, Спиридоне, за твоите колчишта е арно, а јас треба ново
да купам. (Наместува крагна и машна.)
СПИРО: (Го зема.) Арно, чорбаџи. (Излегува мазнејќи ги мустаќите со фрчичето.)
ТРИЕСЕТТА ПОЈАВА
ТЕОДОС И КЕВА
ТЕОДОС: (Вика.) Параскево, Параскево! Ела да ме фрчосаш уште еднаш… дури го чекам палтото…
КЕВА: (Доаѓа со четката.) Еве, Теодосе! (Му ги брише панталоните, елекот.)
ТЕОДОС: (За тоа време и сам гледа насекаде по нив и каде ќе најде влакно или прашинка, чисти со
подувнување или, почесто со изопнување и исфрлање средниот прст закачен на палецот, што кај нега
е постојана навика и автоматизиран гест.) Влакненце да не оставиш!
КЕВА: Арно.
ТЕОДОС: Кој знае колку време ќе се матка онаа фатена во рацете со таа дамка.
КЕВА: Тешко излегува: од восок е.
ТЕОДОС: Ме покапале в црква со свеќа… Си прават ќеф… Гледај, Параскево, влакненце… Се
туркаат како овци в трло, се тријат од тебе како говеда од плот… извалкани, ќирливи, смрдливи…
Ни в црква повеќе не одам.
КЕВА: Дотаму, Теодосе! Од верата надвор да излезеш!
ТЕОДОС: Ќе си направам дома параклис… Икони, кандила…
КЕВА: Уште?
ТЕОДОС: Ај доста: ме чека таква работа. (Вика.) Спиридоне, Спиридоне! Бргу да ме обуеш!
ТРИЕСЕТ И ПРВА ПОЈАВА
ТЕОДОС, КЕВА И СПИРО
СПИРО: (Влегува.) Еве, чорбаци! (Му ги обува чевлите.)
ТЕОДОС: Е, гледај, гледај, говедо! Сето лустро им го извади со тие твои лопати! Види, се прсти по
нив се познаваат. Ама сто пати сум ти рекол, отворај очи кога ми обуваш чевли, фати ги убаво, со
дикат, за топуци, а ти, трап, одозгора! Тоа ли е ред? Море ќутуци учам, ќутуци и цепаници. Каде ти е
кадифето?
СПИРО: (Го вади кадифето од џеб и му ги брише чевлите.) Еве, чорбаџи.
ТЕОДОС: Убаво, не само отепреди. И топуците.
СПИРО: Еве, чорбаџи. Доста?
ТЕОДОС: Не е доста додека не си го видиш носот во нив. Туку ајде, немам време. Земи го дикелот и
појди на крајното лозје, кај карпата да покопаш. Ама убаво, подлабоко. Што, не ти се оди?
СПИРО: А, ми се оди, како не, чорбаџи.
ТЕОДОС: Е, така. На Арсен кажи му дека сум азар и сега кинисувам.
СПИРО: Арно, чорбаци. (Излегува.)
ТЕОДОС: Анастасијо, Анастасијо!
ТРИЕСЕТ И ВТОРА ПОЈАВА
ТЕОДОС, КЕВА И НАЦА
НАЦА: (Доаѓа со палтато в раце.) Еве, ме, чорбаџи. Се излезе, (Сака да му придржи да го облече.)
ТЕОДОС: (Загледува каде што беше дамката. Согледува влакненце, го фаќа полека со два прста, го
крева високо да го видат Наца и Кева, стрелајќи ги со поглед, па го одувнува влакното како да плука
на нив.) Среќа ваша што брзам! Ајде! (Ги испружува рацете назад.)
КЕВА и НАЦА: (Му навлекуваат по еден ракав.)
НАЦА: (Веднаш потоа нечујно излегува.)
ТРИЕСЕТ И ТРЕТА ПОЈАВА
ТЕОДОС И КЕВА
ТЕОДОС: Помини со фрчата уште еднаш, Параскево!
КЕВА: Еве. (Му го брише палтото.) Теодосе… сакав…
ТЕОДОС: (Ја пресечува.) Гледај побргу да стаса ручекот, по ладот да го донесете, зашто ако биде
доцна, сонцето ќе го испече зелникот, кремен ќе го стори.
КЕВА: Арно, Теодосе, туку сакав нешто…
ТЕОДОС: Знам што. Ама нејќам да знам.
КЕВА: Ти се молам, Теодосе! Девојката мана си нема! Туку од инает очите не ти ги гледаат.
ТЕОДОС: Нема една мана, туку триста. Прво и прво, името — Стојанка, селско име. Најди де в
календар име Стојанка!
КЕВА: Името е од кумот… Се гледа умот.
ТЕОДОС: После, црна…
КЕВА: Малку е смургава, ама многу е лична, а белило на лице не клава.
ТЕОДОС: А и каква може да биде девојка од таква куќа? Татко и самарџија. Со него ли да се
засватам? Поарно самар на грбот да си ставам. Таа да ми влезе во куќава! Каков ред, каква чистота ќе
биде? Не врткај ми повеќе, работа ме чека, не е ред!
КЕВА: Теодосе…
ТЕОДОС: Ни збор повеќе за тоа!
КЕВА: Друго нешто… Дојде Арсовица…
ТЕОДОС: Немам јас никаква работа со Арсовица…
КЕВА: За лозјето…
ТЕОДОС: За лозјето… Тоа не е женска работа. Колку пати сум ти рекол да не се мешаш во моите
работи.
КЕВА: Ме заколна жената: „Жити еден Томче… децата ми се превргнаа од плачење… Оној мој
лесен и занесен, вели, се на вересија дава“…
ТЕОДОС: Тоа си е негова работа.
КЕВА: „Туку јас вели ќе го стегнам да ја собере вересијата…“
ТЕОДОС: Тоа си е нејзина работа.
КЕВА: „Само чорбаџи Теодос, вели уште малце да почека“..
ТЕОДОС: А тоа си е моја работа. Чекањето си има ред и крај. Не сум јас задушна баба!
КЕВА: Арно, Теодосе, за таа работа, навистина твоја си е… Ама за Томче… Како господ те молам…
Мајка сум…
ТЕОДОС: Пак! Не! Ако сте ти и син ти за самар, јас не сум! Ако вам ви се јаде леб со кал од под
нокти, мене ми се гнаси! Да не чујам повеќе! (Излегува.) Ручекот на време!
ТРИЕСЕТ И ЧЕТВРТА ПОЈАВА
КЕВА
КЕВА: Душовадник, живојадник! Душава ми ја извади! Жива ме изеде! Жива сум а живот немам!
Сега и Томче ќе ми… Оф!… (Воздишката и преминува во здржано, тихо липање)
(ЗАВЕСА)
(ВТОР ЧИН)

(ТРЕТ ЧИН)
Во Арсовото лозје, во позадината падина на Водно благо наклонета, начичкана со мали лозја,
понекои оградени со ниски плотови. На, предниот дел колиба од пратови. Пред неа разгранет орев.
Напред десно плот, до плотот плиток бунар со камена ограда.
ПРВА ПОЈАВА
АРСО
АРСО: (Седи под оревот, пуши, гледа десно загрижен и огорчен.) Не можам да го гледам како
заѕиркува во секоја прачка… Ми го лапна лозјето, ламња ненаситна: го бендиса… Како не ќе го
бендиса: лозје чувано, работено. А за бунаров, збор нема: водата бистра, студена — шарпланинска!
(Се шета нервозно и се погледнува лево, нестрпливо.) Како да си го куртулам лозјето?…
ВТОРА ПОЈАВА
АРСО И ЕФКА
ЕФКА: (Доаѓа брзајќи.) Добро утро, брат Арсо.
АРСО: Дал ти бог добро, Ефке, повели, седни.
ЕФКА: Не сум за седење, брат Арсо. Ќе ти се молам нешто. Ти си пријател со Теодос.
АРСО: Голем пријател. Се спријателиле волкот и јагнето. Блазе му на јагнето…
ЕФКА: Ти си вистина кроток како јагне, туку и итар си како лисица. Знаеш илјада марифетлаци. Ќе
ја изитриш и ќе ја ујдисаш некако работата. Ќе ми поможеш и мене. Знаеш, за Стојанка и за Томче.
Алот не им се гледа.
АРСО: Знам, комшике, ама, Теодос нејќе да знае за Стојанка.
ЕФКА: Не ја познава, затоа. Еве го иде. Ќе ја пратам на вода, а ти, брат Арсо, зазбори ја, ти се молам,
со него, како знаеш. Манастир ќе направиш! (Отидува.)
АРСО: Манастир? Море да можам Теодос во манастир да го пратам! Цигански кум, уште —
самарџиски сват, и сосем од умот да се мрдне! Да ми остане лозјето!… А, на баба и се сонило што и
е мило…
ТРЕТА ПОЈАВА
АРСО И ТЕОДОС
ТЕОДОС: (Доаѓа пресметано, намерно навреден, и незадоволен.) Ама ти, Арсене, со мене ли имаш
работа, или со жени муабети ќе си правиш?
АРСО: Јас… ова… со жени… Комшика, лозје до лозје, плот не дели, што се вели, а плотот не е
планина… И токму — за плотот нешто разговаравме: изгнил сиот па…
ТЕОДОС: И плотот и… (Ги разгледува прачките на сцената.) Атер да не ти остане, Арсене, ами
лозјето ич не ти чини. Батал!
АРСО: Е, вистина, батал е…
ТЕОДОС: Зрното, ситно, тврдо, змијско грозје, па кисело.
АРСО: Вистина, кисело е.
ТЕОДОС: Забите трнат. Отрувачка, јагурида!
АРСО: Вистина, јагурида!
ТЕОДОС: Пари со грсти треба да закопаш во него, па да биде нешто.
АРСО: Така е, чорбаџи Теодосе, што ќе закопаш, тоа ќе ископаш. Се за тие пусти пари е маката. Без
пари ништо. И манџата се соли со пари. А лозјето нејќе молитва, туку сака мотика.
ТЕОДОС: Тји, да не видов, не верував дека толку ти било батал лозјето.
АРСО: (Израдуван.) Демек, го нејќеш, чорбаџи Теодосе! Ти велам јас дека не е тоа лозје за тебе…
ТЕОДОС: А, не, ќе го земам.
АРСО: Ама зошто да го земеш, чорбаџи Теодосе, не ти се бендисува, кога за ништо не чини! Зошто
ти е такво батал, јагурида…
ТЕОДОС: Е, сега пак ти, Арсене, како Итар Петар со кравата што си ја кудел, кога ја продавал, како
не дава млеко.
АРСО: Ти сам велиш…
ТЕОДОС: Така, туку сторив ниет, реков еднаш и — ќе го земам.
АРСО: За мене е арно, какво да е, зашто мое ми е, не ми се дава…
ТЕОДОС: Тје, ти си го дал уште кога си го заборчил, кога имаш за давање, а пари немаш да вратиш.
АРСО: Ќе спечалам, ќе ја соберам вересијата и ќе ти ги вратам парите, а лозјето остави ми го, ти се
молам, чорбаџи Теодосе, ми е спомен од татко и од дедо. Ми плачат децата. Лозјето е за нив радост:
грозје, грозјебрање, благо вино…
ТЕОДОС: Е, е, Арсене, за машки работи машки зборувај, не детински. Уште малку ќе се расплачеш.
АРСО: Па, кога ќе те заболи нешто… И ти преѓе ќе се расплачеше за кумството.
ТЕОДОС: А тоа е друго. Сосем друго. Тоа е страшно. Тоа не е за плачење туку за во Вардар давење.
Еве, за лозјето зборуваме, а се за тоа мислам. Умот се тамо ми оди, како јазик на болен заб. Туку,
помина како облак, како лош сон…
АРСО: Помина?
ТЕОДОС: Па, видоа дека јас нејќам, толку се умни да кренат раце…
АРСО: А, кој знае,тврдоглави се тие. Уште кога е за адет. Циганите најмногу ги држат адетите, и
нивните, и нашите.
ЧЕТВРТА ПОЈАВА
АРСО, ТЕОДОС, И СТОЈАНКА
СТОЈАНКА: (Доаѓа со стомна на бунар. Поздравува срамежливо, но убаво.) Добро утро.
АРСО: Добро ти бог дал, Стојанке.
ТЕОДОС: Хм, хм… (Ја свртува главата на другата страна.)
АРСО: (Кон Теодос.) Не е утро, туку зора! Не е девојка, туку китка цвеќе пролетно! Светна лозјево
од неа како од сонце! Ех, младина — убавина! А види колку е чиста: трипати ја исплакна стомната.
ТЕОДОС: Тје, малку е трипати.
АРСО: Стојанке, ќе ни дадеш по една водичка, да се напиеме?
СТОЈАНКА: Како не, чичо Арсо! Туку ќе ве молам да ме почекате малку, дури да донесам чаша.
(Отрчува.)
ПЕТТА ПОЈАВА
АРСО И ТЕОДОС
АРСО: Е, ајде, жити младост! Виде ли, чорбаџи Теодосе? Видра девојка! Брза, итра, досетлива!
Чаша. Друга би ти ја тупосала стомната, на! од неа да се напиеш!
ТЕОДОС: Од стомна да се напијам! Од главата ќе и ја скршам!
АРСО: Ама ја виде оваа? Знае ред и чест. Брза е како срна. Ти ја мислиш натаму, таа е наваму. По
одот се познава девојка. Не како некои, што ги има, влечивлечки, тие се мрзливи, тронтави, а оваа на
земја не гази!
ШЕСТА ПОЈАВА
АРСО, ТЕОДОС И СТОЈАНКА
СТОЈАНКА: Еве, уште малце, да ја исплакнам чашава…
АРСО: Бре! Спастрена, девојка! (На Теодос.) Гледај плакнење и триење! Рацете и летаат како крила
од гулаби! (На Стојанка.) Како теткиното грозје, Стојанке?
СТОЈАНКА: Многу арно, чичо Арсо. За мила убавина! Зрното слатко како мед.
АРСО: (Тивко.) Како гласот твој…
СТОЈАНКА: А белото — зрното како ќилибар.
АРСО: Како ноктите твои. (Посилно.) Е, никога не сум бил волку жеден!
СТОЈАНКА: (Му ја подава чашата.) Повели, чичо Арсо!
АРСО: Да си ми жива и здрава, Стојанке! Господ да ти даде момче какво што си сакаш! На свадба да
ти играм! Со решето вода да ти носам! (Пие и и ја дава чашата.)
СТОЈАНКА: На здравје! (Ја исплакнува чашата неколку пати и пак налева.)
АРСО: (На Теодос.) Ја познаваш оваа девојка?
ТЕОДОС: (Одговарајќи преку волја.) Ја знам, сум ја видел.
СТОЈАНКА: (Му подава вода на Теодос.) Повели, чорбаџи…
ТЕОДОС: (Студено.) Благодарам, не ми се пие.
АРСО: (Бргу да поправи.) Не е жеден чорбаџи Теодос… Дај, Стојанке, јас ќе ја испијам и таа…
СТОЈАНКА: (Поцрвенета од срам.) Повели! (Ги голта солзите.)
АРСО: (Ја испива со мака криејќи го тоа од Стојанка. И ја враќа чашата.) Е, ми се разлади душата!
СТОЈАНКА: (Липајќи.) Збогум… (Отидува.)
СЕДМА ПОЈАВА
АРСО И ТЕОДОС
АРСО: Со здравје и со добро, Стојанке! Е, бре чорбаџи Теодос, ја расплака сиромашката! Требаше за
атер да испиеш една чаша вода!
ТЕОДОС: Ами, не турам јас за атер во мојата уста од секаква рака!
АРСО: Ама чиста е девојката. Виде сам.
ТЕОДОС: А, смугра. Црна како циганка.
АРСО: Е, чорбаци Теодосе, ако те викаат џимрија, има зошто: и на сонцето сенка ќе му најдеш.
Вистина, малку е црна, ама знаеш како се вели: црното грозје е послатко. Не сакам во туѓо тенџере
сол да турам, ама ќе ти речам, еден збор, чорбаџи Теодосе: оваа девојка е токму за твој Томче.
ТЕОДОС: Држи си го зборот за добро утро, Арсене! Самарот е за магаре, а за ат треба седло
шиклосано.
АРСО: Вистина, татко и е самарџија, ама што се вели зборот, не гледај го коренчето, гледај го
цвеќенцето.
ТЕОДОС: Остави тоа што не бива. Да ја свршиме работата со лозјето.
АРСО: (Не знае што да прави, станува, гледа кон градот.) Па… ќе ја свршиме, чорбаци Теодосе. Тука
сакав да ти го раскажам сонот… Токму за лозјето… Гледам, се завил над него еден облак… Голем,
голем, темен, градобитен… А јас, а да се престорам во змев, да летнам, да го растурам…
ТЕОДОС: (Го прекинува.) Е, Арсене, сега соништа ќе раскажуваш! Остави! Еве вака: знаеш колку
имаш да ми даваш. Еве го сенетот. (Вади од џеб хартија.) Да видиме колку ти чини лозјето, па да
направиме нов сенет уште колку ќе ми останеш борчлија и да ја свршиме работата…
АРСО: Уште борч… (Пак станува, гледа.) Ќе ја свршиме, не е лозјето зајак да избега… (Се слушаат
свирки од далеку.) А, ете ги Ѓорѓовци. Еве ги кумашинците, чорбаци Теодосе!
ТЕОДОС: Кумашинците! Кој ѓавол бараат?
АРСО: Па тебе: идат со свирки, да те веселат, галиба. Леле, колку се! Сурија! Цела Топана!
ТЕОДОС: (Гледа.) Леле, леле! Циганија! Цел буљук! Како да се куртулам од нив! (Се крсти. и гледа
нагоре.) Господе, господе, господе, ти се молам, господе, избави ме од лукавите! Аман, Арсене,
пријателе, поможи ми! Кажи ми што да правам!
АРСО: (Божем се мачи да најде спас.) Што да ти кажам, чорбаџи Теодосе… А, ми текна! Скриј се во
колибава.
ТЕОДОС: Во колибата! Криенка-миженка ли ќе играме овде? Чиста ли е колибата?
АРСО: Па, чиста. Има малку слама, за лежење. Ајде воври се, дури не те виделе! Бргу!
ТЕОДОС: Море, најпосле, и в пекол да влезам, само од тие фараони да се куртулам! А, ти, Арсене,
испрати ги како знаеш! (Крстејќи се.) Оф, господе, господе! (Како да прави „метапии“ — длабоки
поклони при молитва, по колена влегува во колибата, која е ниска.)
АРСО: (Се смее силно без глас, се превиткува од смев покрај колибата.)
ТЕОДОС: (Од колибата.) Пју, ама било чисто! Ама било слама! Плева! Не можам да дишам од прав!
(Кашла.) А, Арсене, Арсене! Што ми направи! Ова ли е чистота? Не е ред!
АРСО: (Одвај се запира од смеење.) Јас сакам добрина да ти направам, Теодосе!
ТЕОДОС: Бррр! Болви, како биволици! Скокаат на мене, жив ќе ме изедат! Господе, господе,
господе, што ме најде!
АРСО: Молчи, Теодосе, и трпи малку, еве ги стасаа! Ќе те чујат… (Доаѓаат: Поцко, Петрија, Цонка,
Ампо, Ѓорго, Ристе и други.)
ОСМА ПОЈАВА
АРСО И ЦИГАНИТЕ
ПОЦКО: Каде е кум Давадос, брат Арсо?
АРСО: Си отиде.
ПОЦКО: Иј, јазик!
ЃОРГО: Иј, работа сме си оставиле…
РИСТЕ: Само кумот да го развеселиме…
ПЕТРИЈА: Да го гостиме. Донесовме џигери, шкембиња, црева…
АМПО: (На главата држи тава, под мишки праз и погача…) И погача…
ЃОРГО: (Со шише вино.) И вино.
ПОЦКО: (Го крева шишето.) И ракија… Се што имавме, донесовме, само кумот да го гостиме и
развеселиме.
ПЕТРИЈА: Се сторивме од големото добро утро! Чорбаџи Давадос — наш кум! Чорбаџика
Праскарева — кума! Има цело Скопје да види и да се чуди…
ПОЦКО: Ере, бреј, Петријо!
ПЕТРИЈА: Ќе одиме в црква да крстиме дете. Стои чорбаџика Праскарева, стојам и јас до неа. Јас:
кума Праскарево, а таа мене кумице Петријо, кумице Петријо! А после, туку ќе ми текне, ај кај кума
Праскарева! А таму, бре, ракија, бре туршија, бре татлија, бре нешто ветво, бре нешто ново, се што
ти душа сака!
ПОЦКО: Така, Петријо, од кума два ујма!
ПЕТРИЈА: Леле, мајко моја, ќелепир! Рај божји, рај!
АМПО: Е, татко, и ти мајко, рибата во водата, а тиганот на оган. Каде ви е кумот?
ПОЦКО: Трај бре, абдал! Каде да е, наш е! Ако не го најдеме денеска, ќе го најдеме утре. Иј, бре
брат Арсо, да го направевме џумбушот како што…
АРСО: (Бргу го прекинува.) Како што сакавте… Не излегува се како што сакаме…
ПОЦКО: Што го пушти да си оди…
АРСО: Ами што ќе му правев… Со сила…
ПОЦКО: Море, да го врзеше за ова дрво како…
АРСО: (Пак го прекинува.) Е, е, е! Човек само со збор се врзува…
ПОЦКО: Е, ама кој е човек… (На своите покажувајќи на Арсо.) Еве — човек! Ајде да седнеме да си
го гостиме и честиме брат Арсо!
СИТЕ: Така, така!
АРСО: Не! Ви благодарам, ама треба да одам по една работа…
ПОЦКО: Е па, тогаш и ние да си одиме дома.
СИТЕ: Ајде, ајде! (Тргнуваат.)
АРСО: (Го запира Поцко и му шепнува нешто на уво покажувајќи му на колибата.)
ПОЦКО: (Смеејќи се безгласно, се плеснува со дланката по вратот и потскокнува.) Чекајте, друго ми
текна! Одовде ќе одиме право кај кумот дома! Ајде!
СИТЕ: Ајде! Ајде! Кај кумот!
ТЕОДОС: (Од колибата.) Не-е-е-е!
АРСО: Иј, бре Теодосе, молчи!
СИТЕ: А! Овде бил кум Давадос! (Се враќаат сите.)
ДЕВЕТТА ПОЈАВА
АРСО, ЦИГАНИТЕ И ТЕОДОС
ТЕОДОС: (Излегува сиот извалкан со слама.) Дома да одите! Куќата да ми ја испоганите! Не!
ПЕТРИЈА: Немој така, куме, ти целивам десница, не лути се, куме! Нека ни е аирлија кумството! Да
се бакнеме, куме! (Го бацува бргу.)
ТЕОДОС: (Се брише со гнасење.) Ме изеде, ламја! Леле, леле, јас сиромав! Циганка да ме целива!
Господе, господе, господе! Што ме најде!
ПЕТРИЈА: Адет е, куме, не лути се, жити господ!
СИТЕ: Адет, куме, адет!
ТЕОДОС: Леле, леле, каде си, Параскево, да видиш! Готви три оки сапун, Параскево! — За дома да
не помислите, чувте?
ПОЦКО: Чувме, куме! Ние сакавме да ти дојдеме само за еден адет и за еден чест, жими Ристос!
ТЕОДОС: Вие знаете за чест, укубети ниедни! Море, вие сте за бесење! (Се чисти од сламата.)
ПЕТРИЈА: Да ти поможеме, куме, имаш на грбот слама. (На синовите.) Ајде, бре, чистете го кумот!
ЃОРГО И РИСТЕ: (Го чистат.) Еве, — еве!
ТЕОДОС: Оставете! Оставете! Вие ќе ме чистите, и чист ќе бидам!
ПОЦКО: Ајде бре, прљаци, целивајте рака на кумот, зашто тој ќе ве венча! Овој е Ѓорго, кумот го
крсти Ѓоргија. А овој е Ристе.
ЦОНКА: (Се крсти.) Бог да го прости, кумот!
РИСТО: (Му целива рака на Теодос.) Да ни си жив куме!
ТЕОДОС: Се чешити, чешити…
АРСО: Сите стасале за венчање…
ПОЦКО: А овој Никола, го викаме Коле.
ТЕОДОС: Леле, види го овој каков нос има…
КОЛЕ: (Му приоѓа и му цедива рака.) Да си ни жив куме!
ТЕОДОС: (Си ја брише раката.) Господе, господе, господе! Ѓупци да си ги бришат носовите од
раката моја! Поарно да ја немам, да ја пресечам, кога е испоганета вака! Ама како да се куртулам од
овие фараони?
АРСО: Сега, тоа ти е, кога не сакаше да се стрпиш и да помолчиш.
ТЕОДОС: А, па да ми отидат дома! Што да правам сега Арсене?
АРСО: Па, сега нема што друго, ќе поседиш малку со нив, после тие сами ќе си одат.
ТЕОДОС: Да седам со Ѓупци!
АРСО: Се нема каде! Тешко е, туку да те чува господ од полошо: дома да ти дојдат, што рече…
ТЕОДОС: Море, крена рака господ денес од мене, и ме остави на ѓаволите…
АРСО: Да гледаме, чорбаџи Теодосе, со арно со нив, па побргу да ги испратиме. Зашто тие се голи и
боси, туку и зли се како оси, ако ги разлутиш… Ајде да кондисаме на овој теферич. Ајде сите да
седнеме!
ТЕОДОС: Па… Да седнеме… Ама… (На Поцко.) За дома збор повеќе да нема!
ПОЦКО: Арно, куме! (За себе.) Ќе видиме за тоа…
ТЕОДОС: На земја ли да седам?
ПЕТРИЈА: (Постелува бовча.) Еве, повели, куме седни!
ПОЦКО: (Налева ракија во чаша со скршено столче и му ја подава.) Повели, куме!
ТЕОДОС: А, јас не пијам.
АРСО: Малку де, отрувачка не е, пиењето е за луѓе. Си видел ли некое говедо, коњ, магаре или друг
ајван да пие? Само човек пие.
ПОЦКО: Рековме, куме, кумство на суво не бива, жими Ристос!
ТЕОДОС: Не, не можам.
ЦОНКА: Не бива ништо кумот да врати, оти ќе му се одбие касметот на кумашинчето, греота е,
чорбаџи Теодосе.
ПЕТРИЈА: Греота е, куме, греота е, жими Ристос!
ПОЦКО: Ајде, куме, пиј и благослови!
ТЕОДОС: Е, па кога е така, нека е со касмет! (Пие.)
ПОЦКО: Тргни повеќе, куме, тргни, испразни ја!
ТЕОДОС: Не можам, попосле. (Се тресе од гнасење.)
АРСО: (Како да го сожалува.) Е, ама ќе ја држиш чашката дури не се испразни, зашто таа сирота, си
нема столче, и се окршило.
ТЕОДОС: (Ја испива и се стресуаа.) Брррр!
ПОЦКО: На здравје, куме, на здравје! (Му ја полни чашата пак со ракија.)
АРСО: А ти, па кума Петрија, па кумашинциве.
ПОЦКО: Ние можеме и од шише.
АРСО: Така, можеме сите, дај го шишето да не се играме вака: пиј, Апостоле! (На Теодос.) Побргу
нека се свршат редовите.
ПОЦКО: Е, ај, како пиле, така здрави и живи биле, а најмногу да си здрав и жив ти, куме Давадосе!
(Пие, и дава на Петрија.)
ПЕТРИЈА: Да си ми жив, куме, да ни крштаваш, да ни венчаваш! Да ти е жива кума Праскарева и
кум Томче! Господ снаа да ти даде! (Пие, на Арсо.) Повели!
АРСО: (Го зема шишето.) Како благословивте, така бог да даде! Од ваши усти, во моја уста! (Му го
дава шишето на Поцко, упатувајќи го со скриена мимика на Теодос.)
ПОЦКО: (Отпива, му дава на Теодос.) Повели, куме…
ТЕОДОС: (Згрозен.) Ама од шише, од едно шише…
АРСО: (Како за утеха.) Па, најпосле, едно сонце не грее. Сите пиеме со уста, безбели.
ПОЦКО: Ајде, куме, тргни, тргни!
ТЕОДОС: (Бришејќи го грлото од шишето скришно со шамивчето, прави лице како да треба да испие
најодвратен лек. Отпива малце.)
ПОЦКО: На здравје, куме!
ПЕТРИЈА: (Зела од тавата и му дава парче цревце.) На, куме!
ТЕОДОС: Не, не треба толку мастрав…
ПЕТРИЈА: Ај море, куме што збориш! Ако не можеме да ти испржиме една гуска, та за цигери, црева
и шкембиња ли било мастрав? Проштавај, куме! Што дал господ! (Вади од пазува раскречена
виљушка, набодува една дробенка и му дава ка кумот.) На, куме, мезе! Декшавај!
ТЕОДОС: Немам иштав, не ми се јаде…
ПОЦКО: Касни малце, па ќе се разјадеш.
ЦОНКА: Касни, куме, за адет.
ПОЦКО: И за атер…
АРСО: Јас на човека главата му ја кршам, атерот не му го кршам.
ТЕОДОС: (Замижува и каснува.) Тјии, со прсти јадат. Со црно под нокти…
АРСО: Ние вака со таткови вилушки. (Покажува на прстите.) Иј, што е манџа, сите да ги истепаш,
сам да јадеш!
ПЕТРИЈА: (Кон Теодос.) Касни куме, земи си!
ПОЦКО: Боцни, куме, боцни си!
ТЕОДОС: (Да не ги гледа како јадат со прсти, замижува и одеднаш зема две парчиња.) Ќе земам…
АРСО: Види го кум Теодос како му се усладило! Почна и по две дробенки да зема!
ПЕТРИЈА: Ако, ако, и по три!
ТЕОДОС: Ми се усладило, душава ми знае…
АРСО: Јади, чорбаџи Теодосе! Јал, не јал — три и пол!
ПОЦКО: Така те сакам, куме! Да јадеме и да пиеме! Рани душа да те слуша!
ЦОНКА: (Скришно го штипнува бебето, и тоа заплачува, На Петрија.) На, мори куч… (Погледува во
Теодос се прекинува.) Ова… кутре… И тоа сака да руча со кумот.
ПЕТРИЈА: (Го зема бебето, се посвртува назад и го дои.) Сонце на мајка!
ЦОНКА: (Ослободена, лапа лакомо и бргу да навакса.) Гла-а-дно…
АРСО: Така, бабо Цонке, дури детето не заплаче, — бабата гладна.
ПОЦКО: (Се смее.) Е, бре брат Арсо, ти на се капак! (Сипува вино.) Ајде сега вино црвено, да биде
уште повесело! Повели, куме!
ТЕОДОС: И вино… (Пивнува малку и го истура скришно остатокот на раката што му ја бацуваат
Циганите, па ја брише скришно.)
ПОЦКО: На здравје! (На Арсо.) Повели, брат Арсо, вино.
АРСО: (Пивнува.) А, без гајле пиј, чорбаџи Теодосе, крстено — водичка. Право да ти кажам, кум
Поцко, виното ти е слабо. (Му намигнува.)
ПОЦКО: И јас да ти кажам, брат Арсо, појакото е поскапо. Толку стасала рака. Знаеш, фукаралак,
маскаралак. Толку бог дал, жими вера ти велам!
АРСО: Е, така е. Туку кај кумот ќе имаме и појако вино, и се поубаво: и пилиња, и јагниња, и
прасиња. Од тоа повеќе не бараме, а кум Поцко? (Му намигнува на Поцко.) Ние сме ситни луѓе, па
ситнеж сакаме да јадеме. А чорбаџиите, големите, нека јадат големи работи, крмаци, волови, биволи.
ПОЦКО: Е, не бива така!
АРСО: Тоа така се вели зборот само, инаку чорбаџиите ги јадат пилињата и прасињата, а сиромасите
— опинците.
ПЕТРИЈА: (Со цигара во устата, витка друга.) Сите тргаат тутун само кумот нема цигара. (Ја клава
во устата, ја запалува со својата и му ја подава на Теодос.) Еве, ти куме, завиткана и запалена!
ТЕОДОС: Не можам, кашлам…
АРСО: Ајде де, и да кашлаш, се рече сто пати: не е ред да се враќа.
ТЕОДОС: И отрувачка да ми дадат, да земам! (Ја зема цигарата, скришум го кине врвот и повлекува,
се накашлува.) Тхи, тхи, тутун. Ѓубре, труе!
ПЕТРИЈА: Малку е серт, куме.
АРСО: И тутунот е како човекот: некој помек, некој полут…
ТЕОДОС: А, нозеве ми се здрвија како да не се мои. (Сака да стане, а несигурно стои.) Не држат…
Се тресат. (Седнува но накриво така, што паднува на земја.)
ПЕТРИЈА: Леле, се ничкоса! Леле мајко, ни се отепа кумот!
ПОЦКО: Иј, куме! Таксират!
АРСО: Иј, мајчица земја, што рече селанецот, кога ќе паднеш, таа ќе те дочека!
ТЕОДОС: (Очајно.) Вистина ли, Арсене, кога ќе се опие човек, ќе заборави се.
АРСО: Вистина.
ТЕОДОС: И му се чини дека не е тој, ами некој друг?
АРСО: Токму така.
ТЕОДОС: Тогаш ќе пијам да се опијам! Дајте го тоа шише! (Пие.)
АРСО: Теслим, теслим се стори кум Доцко, се предаде!
ПОЦКО: Така де, така те сакам, кум Доцко!
АРСО: Е, Поцко, сега дури имаш кум! Ајде сега да удриме на пиење и на свирење!
ПОЦКО: Ајде, која сакаш, кум Доцко?
ТЕОДОС: Која било, како што е адетот…
ПЕТРИЈА: Е, кум Доцко, јас ќе ти речам една. (Пее.)
Милувам, куме у вас да дојдам,
у вас да дојдам, куме,
на стол да седнам,
рам-там-тарараам, рам-там-тарарам!
На стол да седнам, вино да пијам,
вино да пијам, куме,
вино ракија,
рам-там-тарараам, рам-там-тарарам!
Тебе да бакнам, куме, в бело лице!
рамтам-тарараам, рам-там-тарарам!
АРСО: Па, па, па, јампала Гостивар! А така кума Петрио!
ТЕОДОС: Оф, главата! Ќе ми пукне главата… Дамла ќе ме удри! Оф, отидов од рака, Арсене!
АРСО: Ништо, те удрило виното в глава.
ПЕТРИЈА: А, да му врзам една мокра крпа на кумот на главата (Ја кваси крпата од кофата од
бунарот.)
ПОЦКО: Бог да го убије виното, што ми го опи нункото!
ПЕТРИЈА: (Му ја врзува крпата околу глава.) Така. Сега ќе ти помине, куме.
ТЕОДОС: (Сиот се стресува.) Бррр… Оф, оф, оф… (Очите широко му се отвараат. Согледува зад
плотовите луѓе од околните лозја, кои сеират, уживајќи, во реткиот призор, некои отворено а некои
скриено, меѓу овие Ефка и Стојанка.) Што се собрале овие… како на мечка?… Ќе умрам од срам…
АРСО: Нека си свират, чорбаџи Теодосе. Нема што да криеме: ни пари броиме, ни жена тепаме,
веселба правиме, како што е адетот и редот.
ТЕОДОС: Јас на овој ред! Јас ова да го дочекам, во мојот живот… (Со длабока воздивка.) Е, што бил
животот. Лажовен, лизгав: одиш, одиш, исправен, силен, чист и — одеднаш паднат во кал, извалкан,
смачкан… Живот!…
АРСО: Во жкивотот, Теодосе, има многу пострашни работи. А најстрашни се: лошо срце, лакомо око
и граблива рака.
ТЕОДОС: (Одејќи по својата мисла.) Живот…
АРСО: Море, Теодосе, пушти го малку срцето! Животот ти е донегде како огледало: насмеј се, ќе ти
се насмее, намурти се, ќе ти се намурти. Поарно да се смееме и да се веселиме!…
ТЕОДОС: Јас ли сум за веселба! Јас сум за жалење и плачење! (Се удира очајнички со тупаници по
главата.)
АРСО: (Трогнат од неговите солзи за малку и сам да просолзи.) Песна! Песната е и за веселба и
радост и за жал и болка! Со песната и се пее, и се плаче! (Почнува да пее, сите го придружуваат.)
Болен лежи, млад Стојан,
болен лежи, ќе умре,
над глава му младата невеста
с’машко дете на раце, солзи рони,
солзите и капат на Стојаново лице…
ТЕОДОС: (Ги брише солзите и воздивнува тешко.) Оф, јас сиромав!
ЃОРГО: Коџабашијата Панко со заптии! (Сите уплашени.)
ПОЦКО: (Преплашен како и другите) Леле, коџабаши Панко! Заптии! Што правиме сега? Што има
пизма на нас Циганите!
АРСО: Не плаши се, бре кумашин Поцко, кога ти е чорбаџи Теодос кум! Знаеш како се вели: кога ти
е вујко владика…
ПОЦКО: И владиката е сила, ама и коџабашијата…
ДЕСЕТТА ПОЈАВА
ДОСЕГАШНИТЕ И ПАНКО
ПАНКО: (Нешто поитар од Теодос, со очила и со дебел бастун, доаѓа крстејќи се со широки
движења.) Господе Исусе Христе! Чув, не верував, гледам пак не верувам!
АРСО: Тогаш, коџабаши, земи уште едни очила, или пријди поблиску да видиш поарно.
ПАНКО: За тебе не се чудам. Ти би се ујдисал со секого, со Цигани и со ѓаволи. Ама чорбаџи
Теодос, тој со Ѓупци!
ТЕОДОС: Не ти се гледа арно, пријателе мој! Не сум јас чорбаџи Теодос. Јас сум Доцко, кум Доцко,
кум Давадос, цигански кум…
ПАНКО: Аферим, чорбаџи Теодосе! Аферим, ти велам!
ТЕОДОС: Речи што сакаш!
ПАНКО: Само толку ти велам! Аферим! Кога ти, прочуен чорбаџија вака со Ѓупци, тогаш сите ние
домаќини, чорбаџии и еснаф луѓе треба да скокнеме во Вардар и да се удавиме.
АРСО: Ене ви го Вардар, скокајте, давете се, а Теодос и јас не се давиме… Ние ќе си живееме и ќе си
тераме ќеф со Циганите. (Го бацува Поцко.) Оф, душо!
ПАНКО: (Пламнува и вика на Циганите.) Море нив ќе ги натерам во Вардар, поганци! Како можевте
бре фараони, ова да го сторите.
ПОЦКО: Аман, коџабаши, не лути се на нас, ништо не сме криви, жими вера!
ПАНКО: Вие бре фукари и гурбети, да се мешате со чорбаџија.
АРСО: Па и тие се луѓе, коџабаши! И рисјани.
ПАНКО: Тие рисјани? Тие немат вера, а имаат само фара. Море, тој што ги пушти во рисјанска вера,
немал ни драм ум во главата.
АРСО: Имал тој тежок ум и широко срце. Зашто и сам Ристос учеше дека сите луѓе се браќа.
ПАНКО: Мајката божја ги проколна Циганите да се скитаат по светот и да просат…
АРСО: Тоа е приказна за дечиња, коџабаши, прикажувај ја ти на внучињата твои, а нам ако сакаш
една песна да ни испееш, ама весела, бујрум!
ПАНКО: Со тебе сотоњак човек не може човечки да зборува. Туку со нив ќе се расправам. Каде ви
беше умот бре, анатемњаци, кога го сторивте ова! Не ја знаете ли пословицата: „Пушти си ја ногата
колку што ти е чергата“, чергари парталави! А вие сте се истегнале па дури до чорбаџи Теодос.
Море, ќе ве испружам на земја па секому пет по дваесет и пет! (Го дига бастумот.)
ПЕТРИЈА: Леле, мајко! (Се стуткува зад бунарот.)
ПОЦКО: Аман, коџабаши, немој!
АРСО: Е, коџабаши, не можеш на атот — па удри на самарот.
ПАНКО: Што! Не можам! И нему се в очи ќе му речам! И ти си кабает, чорбаџи Теодосе!
ТЕОДОС: (Бесно.) Бре, уште јас кабает! Адет е овде! Јас ли сум го измислил тој адет? А ти,
коџабаши, ако си некоја.сила и власт, удри по адетот, стори го јасак!
ПАНКО: Ама не може тоа така… Адетите треба да ги чуваме и слагаме… Само понекогаш и адетот
може да се… Сакам да кажам.., Ама зошто, бре брате, ти не дојде до мене, туку буп! кандиса! Ти не
кабули ни син ми да го венчаш, а се стори кум на Ѓупците!
АРСО: И тоа те боли, коџабаши!
ТЕОДОС: Така сакав, така сторив!
ПАНКО: Се стори резил и маскара и уште одозгора се опи.
ТЕОДОС: Уште ќе пијам! (Пие.) Еве, гледаш, јас го слагам адетот! Адет е да се пие. Сакаш ли да
пиеш, коџабаши?
ПАНКО: Да ме чува господ и да ме брани!
ТЕОДОС: Тогаш, патот под нозе! Немој повеќе да ми стоиш над главата како свети Аранѓел со
сабјата! Ајде, остави не!
ПАНКО: Ама…
ТЕОДОС: Ајде, кога ти велам, дим да те нема, зашто… (Го крева шишето и замавнува.)
ПАНКО: Она. што се рекло, и улавиот бега од пијаниот. (Отидува.)
ЕДИНАЕСЕТТА ПОЈАВА
ДОСЕГАШНИТЕ БЕЗ ПАНКО
АРСО: Виде ли како те клоцна атот, коџабаши?
ПОЦКО: Бре, куме, ама го измаскари, да ти се позлати устата! Алал да ти е, куме!
ПЕТРИЈА: Еве што ти е чорбаџија човек!
ПОЦКО: Еве што ти е кум, Петријо! Бреј, бреј!
АРСО: Да си ја допееме песната! (Пее, сите го придружуваат.)
Стојан се подразбуди,
на невеста говори:
„Стојанице, ти млада невесто,
што ми лади лицето,
дали ситна роса поросува
или силни дождови?…
(Додека песната продолжува, го прегрнува Поцко.) Аферим, бре, кум Поцко! Бре, дарба имаат
Циганите за пеење и веселба! Бре, Циганин и студен камен ќе стопли и ќе го развесели! Дури
чорбаџи Теодос се пушти малку! Пушти се сосем, човек си, бре, разведри се! Си видел говедо, коњ,
магаре или некој друг ајван да се насмее? Таа дарба ја има само човекот. Само човекот може да се
смее и весели. Ако сакаш арен живот, биди арен. Туѓа мака не јади, себе и друг не мачи. Тоа ти е:
широко срце. И весело. Ајде да се веселиме! Ајде да удриме на играње!
ПЕТРИЈА: (Го вика Теодос.) Ајде, куме.
ТЕОДОС: Не знам да играм…
АРСО: Како ќе ги свират свирките, така ќе ги мрдаш нозете. (Го фаќа за другата рака и му шепнува.)
Ајде, орото е — крајот…
ТЕОДОС: Се фатила баба на оро, ќе игра. (Несигурно игра и подоцна Петрија му дава да го води,
орото.)
СИТЕ: (Играат, пеејќи.)
Јовано, Јованке,
крај Вардара седиш,
бело платно белиш,
се нагоре гледаш,
јагне, мое Јовано.
Јовано, Јованке,
јас те тебе чекам,
ти ми не доаѓаш,
ти ми не доаѓаш,
јагне мое Јовано.
ПЕТРИЈА: Еј, де куме, деее!
АРСО: Ама џумбуш, ама тарапана! Ваква веселба во Скопје ниту имало, ниту ќе има! (Му шепнува
нешто на Поцко.)
ПОЦКО: Е, сега, кум Давадос, се вака со играње и пеење дома, сакаш кај мене, сакаш кај тебе!
ТЕОДОС: (Се стреснува.) Не! (Седнува.) Одете си вие дома… А јас овде си имам работа… со
Арсен… за лозјето…
АРСО: (Го обзема разочарување и тага.) Лозјето… Уште не го заборави!… Стори го волкот аџија, тој
пак наместо вангелија, ќе рече јагнелија… „Ој лозје, лозје… (Одеднаш преминува во отворена
зајадливост спрема Теодос.) Песна за чорбаџи Теодос! Нова, на стар глас. (Прв пее тој еден стих, па
сите повторуваат, стоејќи над Теодос кој сам седи погоден од песната, се удира со тупаници по глава
и ја удира главата во дрвото, во врвна очаеност.)
Каде се чуло, море видело
Доцко, за лозје да ми задоцни, еј,
Доцко за лозје да ми задоцни!
Бре, бре-бре, бре, бре-бре,
Доцко за лозје да ми задоцни!
Каде се чуло видело
Теодос кум да биде цигански, еј,
Теодос кум да биде цигански!
Бре, бре-бре, бре, бре-бре,
Теодос кум да биде цигански!
Каде се чуло видело
Теодос мртов пијан да биде!
Теодос мртов пијан да биде!
Бре, бре-бре, бре, бре-бре,
Теодос мртов пијан да биде!
ПОЦКО: Ама бре, брат Арсо, што бесна песна измисли!
ТЕОДОС: А ти мене во песна ме кладе…
АРСО: Само тоа можам, чорбаџи Земадос!
ГЛАСОВИ: (Низ смеење.) чорбаџи — Земадос…
АРСО: Така, не Давадос, туку Земадос…
ТЕОДОС: Јас сиромав, што дочекав! (Се удира со тупаници по глава.)
АРСО: Така! Удирај се сам! Те стигнаа клетвите сиромашки! (На свирачите.) Свирете ја сега со
мекам, полека… за играње! (Игра старо оро, Поцко го следи во чекор, се пред Теодос, околу него.)
ДВАНАЕСЕТТА ПОЈАВА
ДОСЕГАШНИТЕ, НАЦА И КЕВА
НАЦА: (Доаѓа, застанува зад плотот и зинува, за малку да ја испушти тепсијата со зелникот.) А, леле
мајко, што е ова чудо!
КЕВА:(По неа.) Леле, леле тој така!… (Сака да побегне назад.)
АРСО: (Прв ја забележува.) А, кума Параскево, повели на веселба! Ваму зелникот, Нацо!
ПЕТРИЈА: Златна кума Праскарево! (Ја прегрнува и ја бацува.)
КЕВА: (Погледнувајќи го Теодос, прв пат во животот без стравопочит, дури со остар упрек и
презир.) Ама…
ПЕТРИЈА: (Сака да и објасии.) Кум Давадос…
ТЕОДОС: (Присуствато на домашните го стреснува, го истрезнува скоро сосем, се напрега да стане,
да се исправи, да се истопори, и да загосподари.) Не! Доста беше, што — беше! И — како ништо да
не беше! Не сум јас кум Давадос, туку чорбаџи Теодос! Разбравте?
ЦИГАНИТЕ: А! Пишман! Пишман се стори!
ПОЦКО: Ама не бива така, чорбаци Давадосе, да се пишманиш! Срамота е!
АРСО: (Го поткрепува.) Не бива!
ТЕОДОС: Море, сто пати ќе се пишманам за ова, и ич не ми е срам!
АРСО: Ама ти го заборави, чорбаџи Теодосе, она со Настрадин-оџа…
ТЕОДОС: Што сака нека биде. Цигански кум не можам да бидам.
ПОЦКО: Ама, чорбаџи Давадосе…
ТЕОДОС: Што сакате правете ми! Пречекајте ме пак како денеска, пресечете ми нос, јазик, уши,
глава… оберете ми ги парите, запалете ми го дуќанот, куќата…
ПОЦКО: У-ууу! Што е тоа што зборуваш, чорбаџи Давадосе, не сме ние арамии и паликуќи!
ТЕОДОС: А, вас дури и кучињата ве знаат, та најмногу ве лаат. Оставете ме! Ај одете си!
ПОЦКО: Ама како да си одиме! При кум, без кум…
ТЕОДОС: Крлежи, крлежи, пијавици! Крвта ми ја испивте! Како да ве искорнам! Како да се
куртулам од вас! Господе, господе! (Се крсти.) Спаси ме ти, спасителе Исусе ХРИСТЕ!
ГЛАСОВИ: Чорбаџи Томче!
ТРИНАЕСЕТТА ПОЈАВА
ДОСЕГАШНИТЕ И ТОМЧЕ
ТОМЧЕ: (Доаѓа, по него се слуша кларинет, виолина, труба, напиен, со голема кама в рака, како
последеп адут, во бесна состојба.) Каде е тој…
АРСО: А сега, де!
КЕВА: Леле и тој пијан!
АРСО: Каква врба, таков клин, каков татко, таков син.
ПОЦКО: (Исплашен.) Аман, чорбаџи Томче, ние не сме кабает, жими Ристос! Адетот е таков…
ТОМЧЕ: (Нејќе ни да ги слуша Циганите. Го гледа без да трепне татко му. Сака да види каков
впечаток оставил на него.) Татко!
ТЕОДОС: Што бре, и ти си пијан!
ТОМЧЕ: А ти?
ТЕОДОС: Јас од мака! Ме натераа со сила…
ТОМЧЕ: А јас? Од ќеф ли сум се опил? Ти ме натера! Затоа последен пат те молам, кандисај! Дај ми
изин! Чекаат мој збор, јас чекам твој… Ако речеш пак не, ме немаш веќе! Ножов во градиве!
(Покажува како ќе се удри.)
КЕВА: (Дури сега го согледува ножот и премира од страв.) Леле, нож! Томче! Теодосе!
НАЦА: (Ја придржува.) Леле, чорбаџике…
АРСО: (Му приоѓа на Томче, му шепнува нешто и му го зема ножот.) Така… Со ножови и пиштоли
да немаме работа, братче!
ПОЦКО И СИТЕ ЦИГАНИ: (Ослободени од стравот.) Ау бре, што била работата!
ТОМЧЕ: (Со помирлив тон.) Татко, јас…
ТЕОДОС: (Го прекинува.) Пак ти твоето! А ова? (Покажува на Циганите.) Не гледаш? Татко ти
посрамен, поруган… Цигански кум… слушаш ли, еј, цигански кум! А ти, само таа твоја… женидба…
Село гори, баба се чешла! Кога си го зел тој нож в рака, боди и коли ги овие поганци! Не гледаш ли
како рипнале на мене како црни сотони од пеколот? Разбркај ги!
ТОМЧЕ: Ти велам, чекам само твој збор…
КЕВА: Теодосе…
ТЕОДОС: (Се крши, брише пот.) Господе, овие се маки Ристосови! Ме распнале и ме мачат како
Ристос на крстот! Од една страна цигански кум, а од друга страна самарџиски сват! Многу е тоа за
мене, господе!
АРСО: (Со повеќе глумено но и искрено сожалување.) Вистина, од едка коза две кожи не бива.
Сакаш ли да ти помогнам, Теодосе?
ТЕОДОС: Аман поможи, Арсене, чини чаре! Стори себап!
АРСО: Арно, ама — стори ми да ти сторам: ако ми го оставиш лозјето.
ТЕОДОС: Лозјето?… Тоа си е башка работа…
АРСО: Е, тогаш и кумството е — свршена работа: в недела на крштавање „Кажи, куме, име“. (Му
покажува со движење како ќе го носи и држи на раце бебето.) А после: „Куме, одврзи го ќесето.“ Ќе
ги венчаш сите овие Амповци и Ѓорговци…
ТЕОДОС: Не! Само тоа не, па макар уште едно мое лозје да дадам! Од се да се откажам, од се да
побегнам, во манастир да се затворам!
АРСО: Е, дотаму! Не си улав?
ТЕОДОС: Полошо од улав… Улавиот прави што сака, а јас не знам што да правам… Лозјето…
Ѓаволот ме намами во него…
СПИРО: Ѓаволот, ами кој…
ТЕОДОС: Ѓаволот нека ти то носи: ќе те чекам…
АРСО: (Озарен од радост воздивнува со олеснување.) Е, така, Теодосе! Е сега слушај! Барем од една
лошотија да се куртулиш. Томче нека ја земе Стојанка, ама да го земе и кумството: тој нека крштава,
тој нека венчава, ти да немаш ништо со Циганите, дури можеш и сам да го одделиш, имаш куќа за
него. Среќа твоја што имаш син инаку… само уште тој ако сака…
ТОМЧЕ: Јас…
ТЕОДОС: (Го прекинува.) Ти сакаш да ја земеш таа… Стојанка…
ТОМЧЕ: Знаеш, татко…
ТЕОДОС: А сакаш да бидеш цигански кум?
ТОМЧЕ: И ѓаволски, само да ја земам Стојанка!
ТЕОДОС: Си каил да крштаваш и да венчаваш амали… (Покажува на Циганите.)
ТОМЧЕ: Ќе венчавам и црни арапи, само да се венчам со Стојанка.
ТЕОДОС: Па кога си толку улав и лесен, тогаш…
ТОМЧЕ: Татко… (Притрчува да му баци рака.)
ТЕОДОС: Чекај, чекај, да свршиме прво со овие. Чувте ли, син ми ќе ви биде кум.
ПОЦКО: А-а, а-а, ќе ни биде, да ни е жив, ама по твојата умирачка.
ТЕОДОС: Не, сега!
ПОЦКО: Ама…
ТЕОДОС: Што, и тоа ви е малку!
ТОМЧЕ: Што, бре, не кандисуваш? Ме нејќеш за кум? Сега ќе ве исечам сите како Марко Крале
црни арапини!
АМПО: (Му се испречува.) Де, да видиме!
АРСО: (Му шепнува на Поцко, да кандиса.)
ПОЦКО: Ајде, чорбаџи Томче, нека е аирлија! Ти си ми кум, да си ми жив!
ТОМЧЕ: Така! Ете, татко, тоа го зедов на мене и го свршив, а сега…
ТЕОДОС: Па сега… Каков ти грб, таков ти самар. Земи ја…
ТОМЧЕ: (Луд од среќа, му бацува рака.) Татко…
АРСО: Ете така, Томче, а ти — нож!
ТОМЧЕ: Ти благодарам, брат Арсо!
КЕВА: Сине Томче! (Го бакнува.) Нека ти е со среќа!
ТОМЧЕ: Мајко! (И бацува рака.)
СИТЕ: Аирлија! Аирлија!
ТОМЧЕ: Стојанка! Да одам да ја израдувам! (Отрчува.)
ЧЕТИРИНАЕСЕТТА ПОЈАВА
ДОСЕГАШНИТЕ БЕЗ ТОМЧЕ
ТЕОДОС: Се битиса и се батиса се… Многу сум балдисал, нешто ми се скршило овде. (Покажува на
градите.)
АРСО: Тоа ти е: старо дрво се крши, не се витка.
ПОЦКО: Море, стар сум, ама како обрач се виткам. А чорбаџи Давадос — челик човек!
АРСО: Беше челик, сега се стори стар бакар. Е, мој чорбаџи, нејќеше малце да се свиткаш, сега се
скрши сосем, чорбо кисела!
ПЕТНАЕСЕТТА ПОЈАВА
ДОСЕГДШНИТЕ, ТОМЧЕ, СТОЈАНКА И ЕФКА
ТОМЧЕ: (Доаѓа со Стојанка и Ефка.) Ајде, Стојанке.
СТОЈАНКА: (По него.) Ми е срам…
ЕФКА: (По неа, ја турка напред.) Ајде, ајде, нема овде срам!
СИТЕ: Аирлија, аирлија!
ЕФКА: Амин! Ајде, баци им рака на свекорот и свекрвата.
АРСО: (На Ефка.) Виде ли, Ефке, како ја ујдисавме работата?
ЕФКА: А-а, за мила убавина!
АРСО: Направивме ли манастир?
ЕФКА: Манастир, манастир!
СТОЈАНКА: (Му бацува рака на Теодос.)
ТЕОДОС: (Одвај изговорува.) Да си жива…
СТОЈАНКА: (И бацува рака на Кева.) Мајко…
КЕВА: (Ја бацува в чело.) Да си ми жива и здрава ќерко, да се ќердосаш!
ПЕТРИЈА: (Ја бацува Стојанка.) Нека ти е аирлија, слатка кумо!
АРСО: Ајде сега за кум Томче и кума Стојанка едно оро! Весело, дури и лозјата да заиграат! Моево
лозје танец да води!
ЕФКА: Ајде, свате, поведи оро!
ТЕОДОС: (Одмавнува со раката, гест помеѓу извинување и: „оди по ѓаволите.“
АРСО: Ајде свирка, песна, оро! Ајде цело Скопје да чуе! (Се фаќаат на оро сите.)
Јас те пратив на лозје, Калино!
ти на лозје одиш,
бело грозје береш,
на ергени даваш, мори Калино!
ЕФКА: Ајде сега и моето лозје да го развеселиме! (Играјќи отидуваат, последна баба Цонка со
бебето.)
ШЕСНАЕСЕТТА ПОЈАВА
ТЕОДОС
ТЕОДОС: (Како да ги истуркува со раце.) Ајде, џенем фатете сите!… Јас да кршам глава одовде, да
се извлечам, да побегнам!… (Станува.)
СЕДУМНАЕСЕТТА ПОЈАВА
ТЕОДОС И СПИРО
СПИРО: (Доаѓа од лево и кога го согледува Теодос, го надувува неодолив смев. Се мачи да се
задржи, но не може, смевот избувнува експлозивно. Се искашлува силно да го прекине.)
ТЕОДОС: Што се дуеш како сурлаџија, бре едепсас!
СПИРО: (Гласот му се кине.) Не се… сме… еме… ам… чо… чо… чорба… џи… Ме да… да… ви
ка… а… шлица…
ТЕОДОС: Море, јас тебе ќе те удавам во бунаров! Леле, јас сиромав, што дочекав! Измеќарот мој
што го ранам со леб, да ми се смее в лице! Тоа ли е ред! Не смеј се бре, како улав пред прст!
СПИРО: Му… му…
ТЕОДОС: Му… Му… — бивол! Што е!
СПИРО: Му… мустаќите… исчисти си ги… ги… (Му го дава четкичето што беше му го фрлил.)
ТЕОДОС: Мустаќите… Бетер ќе се од твоите… (Го свива погледот надолу, а ја крева горната усна
нагоре, да ги види.) Бетер! (Поминува неколку пати по нив со четкичето, па го зафрлува далеку. Се
гледа од глава до петици..) Како ќе поминам низ град ваков… Море, право во Вардар, да се удавам!
(Ја опипува главата, ја тргнува крпата со која му е врзана, ја фрла тресејќи се од гнасење.) Еј,
Теодосе! Умри, Теодосе, Теодосе!… (Отидува.)
СПИРО: (Гледа по него превиткувајќи се од смеење.) Е, умри де! (Се позамислува.) Без такви веков
би бил поарен! (Пак се засмејува, но сега не потсмешливо и зајадливо, туку чисто и радосно: го
привлекува веселбата во соседното лозје, која достигнува врв и орото, кое се враќа, водено од Арсо.)
АРСО: (Го прегрнува со слободната рака.) Ајде, Спирооо!
СПИРО: (Се фаќа на крајот.) Ајде, брат, Арсооо! Така да си ми жив и радосен!
(ЗАВЕСА)
lqpupnk8dr9hwqyvtz0oxjpq1qbmsn1